Info+

За селење во новиот барокен објект Финансии ќе потроши 30.000 евра

11:20 | 15.10.2014

Тендерот вклучува услуги за копнен транспорт и транспорт со блиндирани возила од поранешните простории кои се оддалечени околу 500 метри, а договорот е склучен на времетраење од 12 месеци.

Министерството за финансии веќе почна да го користи канцеларискиот простор во новата зграда кај поранешена „Југобанка“, а за селењето од поранешните простории во „НИП Нова Македонија“ Министерството е во план да потроши 1,8 милиони денари. Зградата доби барокна фасада, но и ново име „Палата 23-ти Октомври“.


 


Според склучениот договор со скопска фирма за транспорт и шпедиција, триесетте илјади евра треба да бидат потрошени за транспорт на опремата и на документите.



„Транспорт и селидба на опрема и документација за потребите на Министерството, која ќе се врши заради потребата од преселба во новиот објек“, стои во описот за набавката.

Тендерот вклучува услуги за копнен транспорт и транспорт со блиндирани возила од поранешните простории кои се оддалечени околу 500 метри, а договорот е склучен на времетраење од 12 месеци.

Палатата на Финансии беше официјално отворена на крајот од август. Во неа освен Министерството, деловен простор ќе добие и Управата за имотно правни работи, како и Бирото за јавни набвки. Инвестицијата за доградба на карабината на поранешна „Југобанка“ ја чинеше државата околу 15,5 милиони евра. 


 




Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

© infoplus.mk | Сите права се задржани.