Info+

Зошто не треба облеката да ја сушите на радијатор

08:50 | 15.10.2014

Доаѓа зима, а облеката најлесно се суши на радијатор. Меѓутоа, веројатно на голем број луѓе им е познато дека тоа не е добра идеа. Откријте зошто?

Доаѓа зима, а облеката најлесно се суши на радијатор. Меѓутоа, веројатно на голем број луѓе им е познато дека тоа не е добра идеа. Откријте зошто?


 


Шкотски истражувачи од Архитектонскиот факултет во Шкотска заклучиле дека во многу домови има премногу влага, а тоа е поради сушењето на облеката во становите. Токму ова сушење е одговорно за дури 30 отсто од таа влага. Три четвртини од стотина испитани домови имале влага, грини и зголемена концентрација на мувла.Секако дека ваквиот воздух ќе предизвика појава на астма и слични алергии, особено кај децата.


 


Вкупно 87 отсто домови во Глазгов, во кој студијата е спроведена, ја сушат гардеробата во куќата на студено време, од кои две третини од нив облеката ја сушат на радијатор.Тоа ја зголемува количината на влага, а подоцна и до проблеми со дишните патишта.


 


- Луѓето гледаат како да искористат што повеќе можни радијатори и останати грејни тела во текот на зимата, а не размислуваат дека е неопходно и проветрување во тие студени денови - објаснил Колин Портеоус, водач на студијата.


 


Неговиот тим решението го пронашол во воведувањето на заеднички простории за сушење во зградите се со цел да се ублажи овој проблем.


 


Истражувачите предупредиле и дека честото вдишување неквалитетен воздух и мувла доведуваат до воспаление и алергиски реакции, особено астма.


 


Симптомите на инфекција на дишните органи со мувла и загадениот воздух вклучуваат кашлица, константен замор, иритација на очите, грлото и кожата, глаболката или мачнина.


 


Подготви: К. А.

© infoplus.mk | Сите права се задржани.