Вести од рубриката: АРТ КУЈНА http://www.plusinfo.mk/style/images/logo.jpg +Инфо http://www.plusinfo.mk http://www.plusinfo.mk RSS вести од рубриката: АРТ КУЈНА 2013-11-12 09:23:59 en-us <![CDATA[Колач со брусница и со портокал]]> http://www.plusinfo.mk/vest/113916/Kolach-so-brusnica-i-so-portokal http://www.plusinfo.mk/vest/113916/Kolach-so-brusnica-i-so-portokal 2013-11-12 09:23:59  

 

¼ шолја путер, стопен

2 шолји сенаменско брашно

½ шолја кафен шеќер

¼ шолја бел шеќер

1 ½ лажичка пециво

½ лажичка сода бикарбона

1 лажичка сол

1 јајце, изматено

¾ шолја сок од портокал

½ шолја мармалад од портокал

340 г брусница

 

 

Приготвување:

1. Измешајте ги брашното, шеќерот, пецивото, содата и солта.

2. Во друг сад измешајте ги путерот, јајцето, сокот од портокал и мармаладот. Потоа додадете ги во садот со сувите состојки. Измешајте и на крајот додадете ги брусниците.

3. Сипете во тава, која е набрашнета. Печете на 175 степени, 55-65 минути. Откако ќе се излади, пресечете го колачот.

 

 

 

 

Подготви: Б.И.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Салата од кускус ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/113809/Salata-od-kuskus--- http://www.plusinfo.mk/vest/113809/Salata-od-kuskus--- 2013-11-11 12:21:12  

1 ½ шолја кускус

1 лажица маслиново масло

1 кромид, сечкан

1морач, сечкан

2 ½ шолји тиква сечкана

3 лажици свежа жалфија, сечкана

¾ шолја сува брусница

½ шолја суво грозје

1 ½ шолја сок од јаболко, оставете ¼ на страна

¼ масло

3 лажици црвен вински оцет

сол, црн пипер

1 лажица магдонос, сечкан

 

Приготвување:

1. Зовријте вода и во неа сипете го кускусот, оставете го да се вари 8 минути. Исцедете го и тргнете го на страна.

2. Загрејте маслиново масло на средно силен оган, испржете го кромидот 1 минута, со често мешање. Додадете го морачот и пржете уште 5 минути или додека омекне. Додадете ги тиквата, жалфијата, брусницата, сувото грозје и сокот од јаболко и варете 15 минути. Наросете сол и црн пипер. Префрлете ја смесата во кускусот.

3. Во мал сад измешајте ¼ од сокот од јаболко, масло, оцет и сол и црн пипер, па сипете ги во кускусот. Додадете магдонос и измешајте.

 

Подготви: Б.И.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Браунис]]> http://www.plusinfo.mk/vest/113211/Braunis http://www.plusinfo.mk/vest/113211/Braunis 2013-11-07 09:23:29  

 

Состојки:

2 ½ шолји сенаменско брашно

½ лажичка пециво

1 лажичка сол

1 шолја путер

2 шолји чоколаден чипс

1 ½ шолји кафеав шеќер

2 јајца

½ шолја + 2 лажици ликер од кафе

 

Прелив

¼ шолја путер

2 лажици ликер од лафе

1 лажица слатка течна павлака

2 ¼ шолји шеќер во прав

 

Приготвување:

1. Измешајте ги брашното, пецивото и солта.

2. Стопете ги путерот и чоколадниот чипс на пареа, па оставете ги да се оладат.

3. Со миксер измешајте ги шеќерот, јајцата и ликерот. Потоа во нив додадете ги сувите состојки и изматете.

4. Ставете ја смесата во тава во која сте ставиле хартија за печење и печете ги 40-45 минути на 175 степени.  

5. Кога ќе ја извадите тавата веднаш посипете ја со 2 лажици ликер од кафе, па оставете целосно да се излади.

6. За преливот: Стопете го путерот, тргнете го од огнот, па во него додадете ги ликерот и течната павлака. Измешајте го шеќерот и потоа сипете врз колачот и повторно оставете го да се лади. На крај исечете го на коцки.

 

 

 

Подготви: Б.И.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Колач со рум]]> http://www.plusinfo.mk/vest/82335/Kolach-so-rum http://www.plusinfo.mk/vest/82335/Kolach-so-rum 2013-02-28 11:44:22 Состојки: 

 

1 шолја путер на собна температура

1 шолја шеќер

6 јајца, одвоени од белките

2 ½ шолји сенаменско брашно

4 лажички печиво

¼ лажичка сол

1 лажичка екстракт од ванила

¾ шолја сок од портокал

½ шолја темен рум

1 шолја суво грозје потопено во топла вода

 

 Приготвување:

1. Ставете го путерот во голем сад и изматете го кремасто. Полека додавајте го шеќерот. Додавајте ги жолчките една по една. Потоа додадете ги брашното, печивото, солта, заедно со ванилата, сокот и румот. Исцедете го сувото грозје и ставете го во тестото.
2. Изматете ги белките во цврст снег во посебен сад. Потоа додадете ги во тестото.
3. Печете 1 час на 175 степени. За сервирање украсете со шеќер во прав и тропско овошје.

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Дански колач]]> http://www.plusinfo.mk/vest/71783/Danski-kolach http://www.plusinfo.mk/vest/71783/Danski-kolach 2012-12-17 14:11:50 Состојки:

½ шолја бадеми

½ шолја кафен шеќер

1 ½ лажица сенаменско брашно

1 лажица путер

1 лажица цимет

 

За колачот

¾ шолја шеќер

¼ кокосово масло

1 јајце

1 1/2 шолја сенаменско брашно

½ лажичка сода бикарбона

1/8 лажичка сол

¾ шолја млеко

½ лажица екстракт од ванила

 Приготвување:

1. За преливот: Измешајте ги бадемите, шеќерот, брашното, путерот и циметот.

2. За колачот: Измешајте ги шеќерот, кокосовото масло и јајцето. Додадете го брашното, содата и печивото и солта. Полека додадете ги млекото и ванилата.

3. Сипете го тестото во тава и наросете со преливот. Печете на 175 степени, околу 40 минути.

 

 

]]>
true
<![CDATA[Урми полнети со чоколадо и банана]]> http://www.plusinfo.mk/vest/71282/Urmi-polneti-so-chokolado-i-banana http://www.plusinfo.mk/vest/71282/Urmi-polneti-so-chokolado-i-banana 2012-12-14 11:24:49 Состојки:

8 средни урми

2 лажици фстаци, сечкани

2 лажички чоколадо

2 лажички масло од ореви

2 лажички сок од портокал

½ шолја павлака

2 средни банани

Приготвување:

1. Извадете ги семките од урмите. Измешајте ги фстаците и чоколадото, додадете ги маслото и 1 лажичка сок од портокал.

2. Со смесата наполнете ги урмите. Измешајте ги остатокот од сокот и павлаката во друг сад.

3. На стапчиња наредете ги парчињата банана и полнетите урми. Ставете ги на скара на среден оган и пржете ги по 2 минути од двете страни. На крајот прелијте ги со сосот од павлаката.

 

]]>
true
<![CDATA[Аспарагус со поширани јајца]]> http://www.plusinfo.mk/vest/69615/Asparagus-so-poshirani-jajca http://www.plusinfo.mk/vest/69615/Asparagus-so-poshirani-jajca 2012-12-05 09:55:19 Состојки:

4 лажици маслиново масло

13 парчиња багет

1 чешне лук, пресечен

625 г аспарагус

2 лажици бел вински оцет

1 лажичка сол

1 лажица власец

Приготвување:

1. Ставете 2 лажици масло врз хартија за печење. Наредете го багетот и притиснете го врз маслото. Печете 8-10 минути на 200 степени. Истријте ги лепчињата со лукот.

2. Зовријте вода со сол, додадете го аспарагусот и варете го 3-5 минути. Исцедете го и чувајте го топол.

3. Ставете две четвртини вода, оцет и сол во лонец. Скршете 1 јајце и ставете го во лонецот. Повторете и со останатите јајца. Поширајте ги јајцата 3 минути.

4. Поделете го аспарагусот во 4 чинии, врз секое ставете по 1 поширано јајце. Наросете со 2 лажици масло, сол и пипер, власец и потпечен багет.

]]>
true
<![CDATA[Палачинки со какао]]> http://www.plusinfo.mk/vest/53020/Palachinki-so-kakao http://www.plusinfo.mk/vest/53020/Palachinki-so-kakao 2012-08-12 10:56:14 Состојки:

1 ½ шолји брашно

½ шолја какао

2 лажици шеќер

1 лажичка печиво

½ лажичка сода бикарбона

½ лажичка сол

2 шолји чоколадно млеко

1 лажица масло

1 ½ лажичка екстракт од ванила

½ шолја чоколаден чипс

 Приготвување:

1. Измешајте ги брашното, какаото, печивото, содата и солта во еден сад. 

2. Сипете ги млекото и маслото и мешајте додека се направи еднолична смеса. Сипете ја ванилата и оставете тестото да отстои 5 минути.

3. Ставете масло во тавата, ставете од тестото и испечете ги палачинките. 

]]>
true
<![CDATA[Пире со власец]]> http://www.plusinfo.mk/vest/51981/Pire-so-vlasec http://www.plusinfo.mk/vest/51981/Pire-so-vlasec 2012-08-03 12:53:14 Состојки:

450 г жолти компири, излупени и сечкани на коцки

¾ шолја млеко

1 ½ лажица путер

3 лажици ситно сечкан власец

¼ лажичка морско оревче

Приготвување:

1. Ставете ги компирите во среден сад да бидат покриени со вода. Нека се варат прво на силен оган, а потоа намалете ги варете ги на среден оган 8-10 минути или додека омекнат. Потоа исцедете ги и испасирајте ги.

2. Загрејте ги млекото и путерот додека путерот не се стопи. Додадете ги компирите заедно со власецот и со морското оревче. Наросете сол и црн пипер.

]]>
true
<![CDATA[Рижото со шафран и со брокули]]> http://www.plusinfo.mk/vest/51035/Rizhoto-so-shafran-i-so-brokuli http://www.plusinfo.mk/vest/51035/Rizhoto-so-shafran-i-so-brokuli 2012-07-27 11:26:59 Состојки:

3 шолји зеленчукова супа

4 шолји брокули

¼ лажичка шафран

1 лажица маслиново масло

1 страк праз

¾ шолја ориз арборио

Приготвување:

1. Ставете ја супата да зоврие. Додадете ги брокулите и варете 2-3 минути. Потоа извадете ги.

2. Измешајте 1/8 лажичка во жешка супа, додадете го празот и пржете 3-5 минути или додека омекне. Додадете го оризот и пржете уште 3-5 минути.

3. Сипете 1 шолја супа и намалете го огнот. Варете го огнот додека повеќето од течноста се впие. Продолжете да додавате по половина шолја супа, мешајќи и додавајќи, околу 10 минути. Додадете го шафранот.

4. Тргнете го од огнот и додадете ги брокулите. Покријте го рижотото и нека отстои 2-3 минути. Наросете сол и пипер, по желба.

 

 

]]>
true
<![CDATA[Брокули со домати и козјо сирење]]> http://www.plusinfo.mk/vest/50873/Brokuli-so-domati-i-kozjo-sirenje http://www.plusinfo.mk/vest/50873/Brokuli-so-domati-i-kozjo-sirenje 2012-07-26 10:20:30 Состојки:

2 лажици пињоли

1 ½ лажица масло

2 големи брокули, сечкани на парчиња

¼ шолја козјо сирење

¼ шолја домати во масло, сечкани

2 лажици балсамиран оцет

Приготвување:

1. Потпечете ги пињолите на среден оган 3-4 минути, со често мешање.

2. Загрејте масло на среден оган, ставете ги брокулите и пржете 2минути, додека брокулата омекне, со често мешање.

3. Полека додадете 1/3 шолја вода, обарете ги брокулите 4 минути или додека водата испари.

4. Префрлете ги брокулите во садот со потпечени пињоли и наросете сол и црн пипер. Ставете ги козјото сирење и доматите. Капнете од балсамираниот оцет и служете топло.

]]>
true
<![CDATA[Тава со лозов лист]]> http://www.plusinfo.mk/vest/50665/Tava-so-lozov-list http://www.plusinfo.mk/vest/50665/Tava-so-lozov-list 2012-07-24 15:59:19  

Состојки:

30 листови од лоза

2 лажици маслиново масло

1 голем кромид, ситно сечкан

1 шолја интегрален ориз

2 шолји зеленчуков или сок од домати

1 шолја несолени фстаци, сечкани

1 шолја магдонос, сечкан

1 шолја свежо нане

1 шолја суво грозје

¼ шолја сок од лимон

1 лимон, за украс

 Приготвување:

1. Потопете ги листовите од лоза во зовриена вода 2 минути. Исцедете ги и тргнете ги на страна.

2. Загрејте масло на среден оган, додајте го кромидот и пржете 7-10 минути. Додадете го оризот и две ипол шолји вода и нека зоврие. Покријте и нека се вари 30-40 минути или додека течноста се впие. Тргнете го од огнот и додадете ги сокот од домати, фстаците, магдоносот, нането, сувото грозје и сокот од лимон. Наросете сол и црн пипер по желба.

3. На дното од тавата ставете листови лоза и сипете ја половината од смесата со оризот. На врвот од оризот ставете листови од лоза а врз нив повторно сипете од оризот. Печете на 30-40 минути на 175 степени. Покријте со листови од лоза. Украсете со парчиња лимон.

 

 

]]>
true
<![CDATA[Штрудла со печурки]]> http://www.plusinfo.mk/vest/50511/Shtrudla-so-pechurki http://www.plusinfo.mk/vest/50511/Shtrudla-so-pechurki 2012-07-23 14:38:19 Состојки:

12-18 тенки кори

¼ до ½ шолја путер, стопен

1 јајце изматено

450 г мешани печурки, сечкани

1 среден кромид, сечкан

3 лажици путер

морско оревче

1 лажица шери

1 лажица сенаменско брашно

мајоран или мајчина душичка

4-6 лажици пармезан

сол

црн пипер

Приготвување:

1.За филот: Испржете го кромидот на путер и додајте ги печурките и морското оревче. Пржете 5-7 минути. Додадете го шерито и пржете додека испари течноста, 2-3 минути. Додадете ги брашното, билките, сол и пипер и нека се излади.

2. Намачкајте ги корите од двете страни со путер. Наредете три кори една врз друга и во нив ставете од филот и 1 лажица пармезан. Затворете ги корите и намачкајте ги со јајце. Повторете додека го потрошите материјалот.

3. Печете на 200 степени, околу 15 минути. Служете топло.

]]>
true
<![CDATA[Палачинки со банана]]> http://www.plusinfo.mk/vest/48369/Palachinki-so-banana http://www.plusinfo.mk/vest/48369/Palachinki-so-banana 2012-07-04 14:53:17 Состојки:

4 лажици путер, стопен и изладен

1 голема банана

1 шолја млеко

¾ шолја сенаменско брашно

4 јајца

2 лажици лесен кафен шеќер

½ лажичка екстракт од ванила

½ лажичка цимет

¼ лажичка морско оревче

малку каранфилче

Фил

250 г крем сирење

1 ½ шолја грчки јогурт

1/3 шолја шеќер

½ лажичка екстракт од ванила

 

Прелив

½ шолја течна павлака

¼ шолја кафен шеќер

1 лажица путер

½ шолја ореви, сечкани, потпечени

½ лажичка екстракт од ванила

¼ лажичка морска сол

 

1.Изблендирајте ја бананата, додадете го путерот и повторно блендирајте. Додадете ги останатите состојки и добро измешајте. Покријте го тестото и нека отстои 1 час во фрижидер.

2. Испржете ги палачинките.

3. За филот: Изматете го крем сирењето со јогуртот, а на крајот додадете ги шеќерот и ванилата.

4. Наредете една палачинка и врз неа ставете од филот и така наредете ги сите палачинки.

5. За преливот: Изматете го павлаката, шеќерот и путерот и ставете ги да зовријат. Намалете го огнот и нека се вари 10 минути. Додадете ги ванилата, солта и оревите. Прелијте врз палачинките. Служете веднаш.

]]>
true
<![CDATA[Колач од јаболки]]> http://www.plusinfo.mk/vest/48242/Kolach-od-jabolki http://www.plusinfo.mk/vest/48242/Kolach-od-jabolki 2012-07-03 12:41:40 Состојки:

За колачот

250 г сенаменско брашно

2 лажички печиво

½ лажичка сода бикарбона

½ лажичка сол

¾ лажичка цимет

½ лажичка ѓумбир

1/8 лажичка каранфилче, мелено

113 г путер

195 г лесен кафеав шеќер

1 лажичка екстракт од ванила

2 јајца

365 г сос од јаболки

50 г ореви, сечкани

 

За прелив:

142 г крем сирење

3 лажици путер

¼ лажичка екстракт од ванила

120 г шеќер

1 лажичка цимет

 Приготвување:

1.Измешајте ги брашното, печивото, содата, солта и зачините. Додајте го путерот, кафеавиот шеќер и ванилата и изматете добро.

2. Додајте ги јајцата едно по едно, па додајте го сосот од јаболки. На крајот сипете ги и оревите.

3. Ставете ја смесата во тава, печете на 180 степени, 35-40 минути.

4. За преливот: изматете ги крем сирењето, путерот, ванилата, па додајте ги шеќерот и циметот. Потоа намачкајте врз колачот.

]]>
true
<![CDATA[Макало со кашкавал]]> http://www.plusinfo.mk/vest/48127/Makalo-so-kashkaval http://www.plusinfo.mk/vest/48127/Makalo-so-kashkaval 2012-07-02 12:37:43 Состојки:

250 г кашкавал фонтина, сечкан

250 мл млеко

15 г путер

2 јајца, изматени

црн пипер

леб

 

Приготвување:

1. Ставете го кашкавалот во сад со млекото и оставете така да отстојат 2-3 часа. Потоа префрлете ги во лонец кој ќе го ставите врз друг лонец на пареа.

2. Додадете ги путерот и јајцата и варете полека, со често мешање додека кашкавалот не се стопи. Потоа тргнете го од огнот  и наросете црн пипер. Префрелете во сад за послужување и служете со леб.

]]>
true
<![CDATA[Колач со печурки]]> http://www.plusinfo.mk/vest/47809/Kolach-so-pechurki http://www.plusinfo.mk/vest/47809/Kolach-so-pechurki 2012-06-29 11:43:14  

Состојки:

За кростата

250 г сенаменско брашно

1 лажичка сол

225 г путер, на коцки

60 мл ладна вода

масло

 

Фил

1 лажица маслиново масло

905 г печурки

сол

црн пипер

1 лажица путер

2 кромида, сечкани

1 лажица свежа мајчина душичка

70 г кашкавал ементал или грејер, рендан

475 мл млеко

475 мл течна павлака

6 големи јајца

морско оревче

Приготвување:

1.За кростатата: Измешајте една шолја брашно со солта, потоа додадете го путерот и изматете добро. Додајте го остатокот од брашното, ладната вода и добро измесете. Ставете го тестото во фрижидер да отсто најмалку 1 час. 

2. Во висока тава или тава со прстен што се вади, ставете го тестото што претходно сте го развлекле со сукало. Намачкајте го со масло и потпечете го тестото покриено со хартија за печење околу 10-15 минути. Потоа извадете го од рерна и додајте го филот.

3. За филот: Загрејте масло во тава и испржете ги печурките со сол и црн пипер, 5 минути. Намалете го огнот и пржете уште 12 минути. Ставете четвртина од кашкавалот и половина од печурките на дното на тестото. Изматете ги млекото, павлаката и јајцата со 1 ½ лажичка сол, малку црн пипер и морско оревче. Потоа сипете половина од смесата врз печурките. Одозгора ставете го остатокот од кашкавалот и печурките, а врз нив остатокот од смесата со млекото.  

4. Печете на 180 степени час и половина, откако ќе се излади служете.

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Француска супа на лепче]]> http://www.plusinfo.mk/vest/47600/Francuska-supa-na-lepche http://www.plusinfo.mk/vest/47600/Francuska-supa-na-lepche 2012-06-27 13:50:58 Состојки:

2 лажици маслиново масло

1 благ кромид, на четвртинки исечкан

1 црвен кромид, на четвртинки

3 мали жолти кромида, на осминки

2 лажици суво бело вино

2 шолји зеленчукова супа

½ лажичка мед

1 китка мајчина душичка

4 филии леб

60 г кашкавал еменатал или грејер, рендан

Приготвување:

1. Загрејте една лажица масло и додадете ги благиот и црвениот кромид. Покријте и нека се крчка 15-20 минути, додека кромидот добие кафена боја.

2. Загрејте 1 лажица масло и додадете го жолтиот кромид и пржете 5 минути. Тргнете на страна 12 парчиња од кромидот и исечкајте го остатокот од кромидот.

3. Додадете го жолтиот кромид на благиот и црвениот кромид. Пржете откриено, 5 минути или додека добие кафена боја. Додадете го виното, пржете 1-2 минути или додека најголемиот дел од течноста испари.

4. Сипете ги супата, медот и мајчината душичка, ставете сол и пипер, полуоткриено нека се вари 10-20 минути, додека поголемиот дел од течноста испари.

5. Потпечете ги филиите леб во рерна. Врз нив наредете ¼ шолја од смесата со кромидот, а врз тоа ставете кашкавал. Ставете 3 крукчиња од кромидот што го оставивте на страна. Нека се пече 2-3 минути, додека се стопи кашкавалот.

]]>
true
<![CDATA[Овошна салата со пилешко]]> http://www.plusinfo.mk/vest/47506/Ovoshna-salata-so-pileshko http://www.plusinfo.mk/vest/47506/Ovoshna-salata-so-pileshko 2012-06-26 16:00:39 Состојки:

1 конзерва мандарини, исцедени

1 конзерва ананас, исцеден

4 шолји сварено пилешко

2 шолји црвено или зелено грозје, пресечено

1 шолја целер, сечкан

листови зелена салата

бадеми, сечкани

 

За прелив:

1 ½ шолји мајонез

1 лажица сос од соја

1 лажица сок од лимон

1 ½ лажичка кари

 

Приготвување:

1.Во голем сад измешајте ги портокалите, ананасот, пилешкото, грозјето и целерот.

2. Во мал сад измешајте ги сите состојки за преливот. Прелијте врз салатата и измешајте добро. Нека се лади 1 час. Служете врз листови салата, наросете со сечкани бадеми.

]]>
true
<![CDATA[Виножито со бабури]]> http://www.plusinfo.mk/vest/46795/Vinozhito-so-baburi http://www.plusinfo.mk/vest/46795/Vinozhito-so-baburi 2012-06-20 12:28:13 Состојки:

1 голема црвена бабура, сечкана
1 голема жолта бабура, сечкана
1 голема зелена бабура, сечкана
1 голема портокалова бабура, сечкана
1 црвен кромид, сечкан
½ шолја сенф
½ шолја јаболков оцет
½ шолја маслиново масло
1/2 лажичка сол
¼ лажичка црн пипер

Приготвување:
1.Измешајте ги бабурите и кромидот.
2. Ставете ги сенфот, оцетот, маслото, ½ шолја вода, солта и пиперот во еден лонец и нека зовријат. Потоа тргнете ги од огнот.
3.Прелијте го сосот врз пиперките и измешајте. Нека се лади 4 часа или преку ноќ пред да послужите. Сервирајте врз лист од зелена салата.

]]>
true
<![CDATA[Вафли]]> http://www.plusinfo.mk/vest/46248/Vafli http://www.plusinfo.mk/vest/46248/Vafli 2012-06-15 11:41:37 Состојки:

1 шолја јогурт со ванила

½ шолја млеко

2 јајца, одвоени

1 лажица масло

1 лажичка екстракт од лимон

½ шолја овесни снегулки

3 лажици шеќер

1 шолја сенаменско брашно

1 лажичка печиво

малку сол

90 г боровинки

Приготвување:

1. Загрејте ја тавата за вафли и намачкајте ја со масло.
2. Измешајте ги заедно јогуртот, млекото, жолчките, маслото и лимонот. Додадете ги овесните снегулки, брашното, шеќерот, печивото и солта.
3. Во друг сад изматете ги белките во цврст шлаг. Измешајте ги белките со смесата од јогурт и брашно и на крајот ставете ги боровинките.
4. Ставете по малку од тестото на жешката тава за вафли. Печете ги според упатството за користење на тавата. Служете ги топли со свежи боровинки.

]]>
true
<![CDATA[Тост со праз и со сино сирење]]> http://www.plusinfo.mk/vest/44521/Tost-so-praz-i-so-sino-sirenje http://www.plusinfo.mk/vest/44521/Tost-so-praz-i-so-sino-sirenje 2012-06-01 09:54:07 Состојки:

3 страка праз, сечкани на крукчиња
2 лажици путер
1 лажица маслиново масло
сол
црн пипер
12 филии леб багет
60 г сино сирење
неколку капки сок од лимон

Приготвување:

1.Загрејте ги путерот и маслото и додадете го празот, влажен од претходното миење. Додајте ½ лажичка сол и малку црн пипер. Намалете го огнот, покријте и варете 25 минути, со повремено мешање.
2. Намачкајте ги филиите со маслиново масло и сол. Тостирајте ги лесно. Ставете го сирењето додека филиите се топли. Врз нив ставете од празот или пак ставете го празот одоздола а сирењето врз него. Додајте неколку капки сок од лимон.

 

]]>
true
<![CDATA[Салата од печурки со лешници и пекорино]]> http://www.plusinfo.mk/vest/43900/Salata-od-pechurki-so-leshnici-i-pekorino http://www.plusinfo.mk/vest/43900/Salata-od-pechurki-so-leshnici-i-pekorino 2012-05-25 11:58:00 Состојки:

½ шолја лешници
2 лажици кромид, сечкан
3 лажици шери или бел вински оцет
9 лажици маслиново масло
900 г печурки
2 лажици путер
180 г рукола и друга зелена салата
1 шолја мешани билки, власец, магдонос
1 лажичка свежа мајчина душичка
115 г пекорино

Приготвување:

1. Потпечете ги лешниците 8-10 минути, потоа исечкајте ги.

2. Измешајте ги кромидот, оцетот, ½ лажичка сол и нека отстојат 5 минути, пред да додадете 5 лажици масло.
3. На два пати по 5 минути испржете ги печурките на 2 лажици маслиново масло и 1 лажица путер со мајчина душичка, сол и црн пипер. Во едната половина додајте го кромидот и пржете уште 2 минути.
4. Наредете ја зелената салата во чинија и печурките врз неа. Сипете го сосот со оцетот.

]]>
true
<![CDATA[Јагоди со чоколадо]]> http://www.plusinfo.mk/vest/42353/Jagodi-so-chokolado http://www.plusinfo.mk/vest/42353/Jagodi-so-chokolado 2012-05-08 16:10:32 Состојки:

480 г чоколадо

2 лажици путер

450 г јагоди со зелени ливчиња

 

Приготвување:

1. Ставете чепкалка на врвот од јагодите.

2. Стопете ги чоколадото и путерот. Држејќи ги јагодите за стапчето натопете ги во чоколадата. Свртете ги јагодите и оставете чоколадото да се стврдне.

 

]]>
true
<![CDATA[Палачинки со банана]]> http://www.plusinfo.mk/vest/41522/Palachinki-so-banana http://www.plusinfo.mk/vest/41522/Palachinki-so-banana 2012-04-29 15:25:37 Состојки:

4 лажици путер, стопен и изладен

1 голема банана

1 шолја млеко

¾ шолја сенаменско брашно

4 јајца

2 лажици лесен кафен шеќер

½ лажичка екстракт од ванила

½ лажичка цимет

¼ лажичка морско оревче

малку каранфилче

 

Фил

250 г крем сирење

1 ½ шолја грчки јогурт

1/3 шолја шеќер

½ лажичка екстракт од ванила

 

Прелив

½ шолја течна павлака

¼ шолја кафен шеќер

1 лажица путер

½ шолја ореви, сечкани, потпечени

½ лажичка екстракт од ванила

¼ лажичка морска сол

Приготвување:

1.Изблендирајте ја бананата, додадете го путерот и повторно блендирајте. Додадете ги останатите состојки и добро измешајте. Покријте го тестото и нека отстои 1 час во фрижидер.

2. Испржете ги палачинките.

3. За филот: Изматете го крем сирењето со јогуртот, а на крајот додадете ги шеќерот и ванилата.

4. Наредете една палачинка и врз неа ставете од филот и така наредете ги сите палачинки.

5. За преливот: Изматете го павлаката, шеќерот и путерот и ставете ги да зовријат. Намалете го огнот и нека се вари 10 минути. Додадете ги ванилата, солта и оревите. Прелијте врз палачинките. Служете веднаш.

 

 

]]>
true
<![CDATA[Крцкав појадок од кајсии]]> http://www.plusinfo.mk/vest/39006/Krckav-pojadok-od-kajsii http://www.plusinfo.mk/vest/39006/Krckav-pojadok-od-kajsii 2012-04-04 12:11:22 Состојки:

450 г кајсии

3 лажици шеќер

1 лажица брашно

морско оревче

 

Прелив

4 лажици путер, стопен

6 лажици шеќер

½ шолја овес

½ шолја сенаменско брашно

малку сол

2 лажици бадеми, сечкани

 

Приготвување:

1.Извадете ги семките од кајсиите, пресечете ги на четвртинки и наредете ги во тава. Додајте ги шеќерот, брашното и морско оревче.

2. За преливот: Стопете го путерот и додајте ги шеќерот, овесот, брашното, солта и бадемите. Измешајте добро и сипете ја смесата врз овошјето. Печете 30-40 минути и служете топло.

 

]]>
true
<![CDATA[Колач со карфиол и пармезан]]> http://www.plusinfo.mk/vest/38246/Kolach-so-karfiol-i-parmezan http://www.plusinfo.mk/vest/38246/Kolach-so-karfiol-i-parmezan 2012-03-28 08:55:28 Состојки:

1 среден карфиол

1 црвен кромид

7 ½ лажици маслиново масло

½ лажичка рузмарин, ситно сечкан

8-10 јајца

20 г босилок

180 г брашно

2 ½ лажички пециво

½ лажичка куркума

200 г пармезан

сол, црн пипер

путер

2 лажици црн сусам

Приготвување:

1. Обарете го карфиолот 15-20 минути во вода со сол, па исцедете го.

2. Дел од кромидот исечкајте го на кругови, а дел ситно. Испржете го на маслото заедно со рузмаринот, околу 8 минути.

3. Изматете ги јајцата, маслото и кромидот, па додајте го босилокот. Посебно измешајте ги брашното, пецивото, куркумата, пармезанот, 1 ½ лажичка сол и црниот пипер, па измешајте ги со јајцата и со карфиолот.

4. Намачкајте ја тавата со путер и ставете го сусамот. Одозгора сипете ја смесата, а врз неа наредете ги круговите кромид. Печете 45 минути на 180 степени. 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Палачинки со сливи ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/38054/Palachinki-so-slivi- http://www.plusinfo.mk/vest/38054/Palachinki-so-slivi- 2012-03-26 13:04:58 Состојки:

За палачинките

2 лажици путер, стопен

½ шолја млеко

2 јајца

½ шолја сенаменско брашно

сол

морско оревче

2 лажици мед

 

За сливите

450 г сливи

1 лажица путер

1 лажица мед

цимет

сок од пола лимон

 

Фил

1 шолја рикота

3 лажици свежо нане

фстаци или бадеми, сечкани

мед по желба

Приготвување:

1. За палачинките: Измешајте ги сите состојки и оставете ја смесата во фрижидер да отстои 1 час. Потоа испржете ги палачинките.

2. За филот: Стопете го путерот, па додајте ги сливите и пржете ги две минути. Додајте ги медот и циметот и пржете уште 1 минута. На крајот сипете го сокот од лимон.

3. Врз секоја палачинка ставете по една лажица од топлиот фил со сливи, малку рикота, фстаци и нане. Додајте уште мед по желба.

 

]]>
true
<![CDATA[Печен модар патлиџан со салса капоната]]> http://www.plusinfo.mk/vest/36918/Pechen-modar-patligzan-so-salsa-kaponata http://www.plusinfo.mk/vest/36918/Pechen-modar-patligzan-so-salsa-kaponata 2012-03-16 10:10:36 Состојки:

300 г шери домати

2 страка целер, сечкани

½ шолја кромид, сечкан

5 зелени маслинки, сечкани

2 лажици оригано

1 лажица капари

1 чешне лук

црвен пипер

3 лажици црвен вински оцет

1 лажица маслиново масло

1 голем модар патлиџан

Приготвување:

1. Измешајте ги доматите, целерот, кромидот, маслинките, ориганото, капарите, лукчето и црвениот пипер.

2. Измешајте ги оцетот и 1 лажица масло во мал сад. Сипете ги врз смесата од домати. Салсата капоната може да се приготви два часа однапред и да стои на собна температура.

3. Излупете ги модрите патлиџани и пресечете ги на дебели кругови. Намачкајте ги со масло и наросете ги со сол и црн пипер. Испечете ги за да омекната, по околу 8 минути на секоја страна.

4. Ставете по едно парче од модриот патлиџан во чинија и одозгора украсете со салсата.

 

]]>
true
<![CDATA[Ќофтиња од јаболки]]> http://www.plusinfo.mk/vest/36706/Kjoftinja-od-jabolki http://www.plusinfo.mk/vest/36706/Kjoftinja-od-jabolki 2012-03-14 11:12:48 Состојки:

450 г цврсти јаболка, изрендани

1 лажица сок од лимон

6 лажици сенаменско брашно

1 лажица шеќер

¼ лажичка цимет

1 лажичка пециво

2 јајца

путер

павлака или крем

Приготвување:

1. Исцедете ги јаболката откако ќе ги изрендате. Потоа измешајте ги со сокот од лимон.

2. Измешајте ги брашното, шеќерот, циметот и пецивото со јаболките.

3. Загрејте го путерот во тава, направете ќофтиња од јаболките и испржете ги, 3-5 минути.

4. За карамел сос од јаболки: Водата што се исцедила од јаболката оставете ја да врие додека не се намали на половина. Во неа додајте 3 лажици шеќер и варете додека добие златна боја. Потоа додајте 1 лажица путер, ¼ лажица течна павлака и малку сол. Варете уште 1 минута и тргнете го на страна. Служете го пржените ќофтиња од јаболки.  

 

 

]]>
true
<![CDATA[Сос од леб]]> http://www.plusinfo.mk/vest/36587/Sos-od-leb http://www.plusinfo.mk/vest/36587/Sos-od-leb 2012-03-13 10:49:46 Состојки:

½ леб, стар еден ден

½ л млеко

1 кромид, на четвртинки

4 каранфилчиња

2 лавора

1 лажичка бел пипер

1 лажичка сол

30 г путер

2 лажици кисела павлака

морско оревче

Приготвување:

 

1. Извадете ја кората од лебот. Ставете го млекото во сад. Притиснете по едно каранфилче во секое парче од кромидот. Ставете го кромидот, лаворот, пиперот и солта во млекото и загрејте ги додека дојде пред вриење. Потоа тргнете го на страна.

2. Покријте го садот и нека отстои половина час.

3. Вратете го садот на оган, извадете ги кромидот, пиперот, каранфилчињата и лаворот.

4. Ставете го лебот во лонецот и варете 15 минути, мешајќи повремено, додека сосот се згусне. Додајте путер, а по желба сол и павлака.

 

 

]]>
true
<![CDATA[Тарт со лешници и со сливи]]> http://www.plusinfo.mk/vest/36483/Tart-so-leshnici-i-so-slivi http://www.plusinfo.mk/vest/36483/Tart-so-leshnici-i-so-slivi 2012-03-12 12:32:39 Состојки:

За кростата

¾ шолја путер

1/3 шолја лешници, мелени

1 ½ шолја сенаменско брашно

½ шолја шеќер

1/3 шолја лесен кафеав шеќер

½ лажичка цимет

½ лажичка сол

 

Фил

450 г сливи

1 лажица сенаменско брашно

¼ шолја, плус 2 лажици шеќер

1 јајце

1 жолчка

1/3 шолја слатка павлака

¼ шолја млеко

¼ лажичка сол

¼ лажичка цимет

морско оревче, по желба

Приготвување:

1.Измешајте ги сите суви состојки за кростатата и додадете го путерот. Притиснете половина од тестото на дното од тавата, а другата половина оставете ја на страна. Печете 15-20 минути на 180 степени, па извадете ја од рерна.

2.Наредете ги сливите врз кростатата. Направете го филот, мешајќи ги брашното, шеќерот, јајцето, жолчката, павлаката, млекото, циметот, солта и морското оревче. Сипете го врз сливите и затворете го тартот со остатокот од тестото. Печете 45-50 минути.

 

 

]]>
true
<![CDATA[Брускети со модар патлиџан]]> http://www.plusinfo.mk/vest/36132/Brusketi-so-modar-patligzan http://www.plusinfo.mk/vest/36132/Brusketi-so-modar-patligzan 2012-03-09 09:40:08 Состојки:

 1 модар патлиџан, сечкан

2 лажици маслиново масло

¼ лажичка сол

црн пипер

1 лажичка црвен вински оцет

¼ шолја фета сирење

1 млад кромид, сечкан

8 филии леб

1 чешне лук, сечкано

Приготвување:

1. Потпечете го модриот патлиџан со маслиново масло, сол и црн пипер, 25 минути, на 200 степени. Можете да го сервирате топло или ладно. За ладна варијанта, оставете го патлиџанот прво да се излади малку, па потоа измешајте го со другите состојки.

2. Измешајте го патлиџанот со фетата, кромидот и оцетот. Ставете ги врз филиите леб со лукчето.

 

]]>
true
<![CDATA[Бело чоколадо]]> http://www.plusinfo.mk/vest/36050/Belo-chokolado http://www.plusinfo.mk/vest/36050/Belo-chokolado 2012-03-08 12:27:24 Состојки:

2 шолји бело чоколадо

350 г сладолед од ванила

½ лажичка пеперминт екстракт

1 рака бонбони со пеперминт

капка црвена боја

 

Приготвување:

1. Стопете го белото чоколадо на пареа. Додајте го сладоледот. Измешајте добро.

2. Додајте го екстрактот од пеперминт и измешајте.

3. Загрејте повторно  десеттина секунди. Сипете ја смесата во пластиѝен сад. Капнете од црвената боја на површината на смесата, земете чепкалка за заби или нож и направате кружни движења со бојата.

4. Расфрлајте ги сечканите бонбони низ смесата. Ставете во фрижидер да замрзне.

 

 

]]>
true
<![CDATA[Зимска панзанела]]> http://www.plusinfo.mk/vest/35748/Zimska-panzanela http://www.plusinfo.mk/vest/35748/Zimska-panzanela 2012-03-06 09:40:26 Состојки:

За крутоните

¼ шолја путер

2 лажички лук, сечкан

2 лажички мајчина душичка, сечкана

6 шолји вчерашен леб, на коцки, без кора

6 лажици пармезан, рендан

сол

бибер

 

За салатата

1 мал црвен кромид, на крукчиња

3 лажици оцет

сол

4 шолји тиква, сечкана на коцки

½ шолја, плус 1 ½ лажица маслиново масло

бибер

225 г прокељ, на четвртинки

½ шолја свеж магдонос

Приготвување:

1. Стопете го путерот, додајте ги лукот и мајчината душичка и коцките леб. Додајте го најголемиот дел од пармезанот и измешајте добро.

2. Префрлете ги коцките леб врз хартија за печење и додадете го остатокот од сирењето, сол и бибер. Измешајте нежно додека се стопи сирењето. Печете 10-15 минути на 180 степени, промешувајќи еднаш или два пати додека крутоните станат крцкави и лесно обоени, но меки внатре. Оставете ги да се оладат.

3. Потопете го кромидот во оцетот со малку сол, 15 минути. Потопете ја тиквата со 1 ½ лажица масло, сол и бибер. Испечете ги 15 минути.

4. Зовријте вода со сол и во неа сварете го прокељот. Во кромидот сипете ½ шолја масло, додајте бибер.

5. Во голем сад измешајте ги сите состојки и додадете магдонос.

 

]]>
true
<![CDATA[Брза паелја]]> http://www.plusinfo.mk/vest/35346/Brza-paelja http://www.plusinfo.mk/vest/35346/Brza-paelja 2012-03-02 11:50:26 Состојки:

600 мл ориз со кратко зрно
1,3 л пилешка супа
½ лажичка шафран
3 листа лавор
150 мл маслиново масло
1 голем кромид, сечкан
3 лажички лук, сечкан
1 лажичка мајчина душичка
½ лажичка чили
1 црвена пиперка, сечкана
225 гр лосос
115 гр грашок
3 лажички црвена пиперка
18 мали школки, исчистени
1 лажица сок од лимон
125 мл бело вино
5 лажици магдонос, сечкан
4 домати, сечкани
55 гр путер
кора од 1 лимон
сол, бибер
12 ракчиња
450 гр лигни, сечкани

Приготвување:


1.    Сварете го оризот во пилешката супа со шафранот и лаворот.
2.    Пропржете го маслиновото масло со кромид, 1 лажичка лук, мајчина душичка, чили и црвената пиперка, неколку минути.
3.    Додајте ги лососот, грашокот и црвената пиперка и продолжете да пржите 6-7 минути, со често мешање.
4.    За школките: Испржете ги со масло и лук, потоа додадете сок од лимон, бело вино и магдонос. Покријте ги и оставете ги додека се отворат. Тие што нема да се отворат тргнете ги.
5.    Измешајте ги оризот, рибата и школките со доматите, путерот и кората од лимон, зачинете и покријте.
6.    Испржете ги ракчињата со лук и масло, потоа додајте ги врз оризот. Служете веднаш.

]]>
true
<![CDATA[Едноставна Валдорф салата ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/35279/Ednostavna-Valdorf-salata- http://www.plusinfo.mk/vest/35279/Ednostavna-Valdorf-salata- 2012-03-01 14:40:40 Состојки:

½ шолја мајонез
2 ½ лажици бел оцет
1 јаболко, излупено и сечкано
1 страк целер, сечкан
½ шолја суво грозје
½ шолја ореви, сечкани
сол
црн пипер

Приготвување:
1. Измешајте ги мајонезот и оцетот.
2. Додајте ги јаболките, сувото грозје и оревите. Потоа и сол и црн пипер. Измешајте сѐ и добро изладете пред да ја послужите салатата.

]]>
true
<![CDATA[Старомодна чоколадна торта]]> http://www.plusinfo.mk/vest/34940/Staromodna-chokoladna-torta http://www.plusinfo.mk/vest/34940/Staromodna-chokoladna-torta 2012-02-28 10:45:23 Состојки:

¾ шолја сенаменско брашно
½ шолја шеќер
½ лажичка пециво
¼ лажичка сода бикарбона
3 лажици какао
30 г путер
1 јајце
1 лажичка екстракт од ванила
1 шолја кисела павлака

Приготвување:
1. Измешајте ги сите состојки: брашното, шеќерот, пецивото, содата, какаото, путерот, јајцата, ванилата и павлаката.
2. Печете на 180 степени, околу 35 минути, но почнете да проверувате веќе од 25 минути.

]]>
true
<![CDATA[Коцки со лимон]]> http://www.plusinfo.mk/vest/34865/Kocki-so-limon http://www.plusinfo.mk/vest/34865/Kocki-so-limon 2012-02-27 13:59:22 Состојки:

Кростата
225 гр путер
½ шолја шеќер
2 шолји брашно
1/8 лажичка сол

Фил
6 јајца
2 ½ шолји шеќер
2 лажици кора од лимон
1 шолја сок од лимон
1 шолја брашно
шеќер во прав

 

За потенок фил
4 јајца
1 2/3 шеќер
1 лажица + 1 лажичка кора од лимон
2/3 шолја сок од лимон
2/3 шолја брашно

Приготвување:

1. Измешајте ги путерот и шеќерот со миксер. Додајте ги брашното и солта. Од смесата направете топка, измесете ја со раце и притиснете ја врз дното на тавата. Ставете ја во фрижидер да се олади.
2. Печете 15-20 минути на 190 степени. Потоа оставете да се олади.
3. За филот: измешајте ги јајцата, шеќерот, кората од лимон, сокот од кората и сокот од лимон и брашното. Сипете ги врз кростатата и печете уште 30-35 минути.
4. Оставете да се олади, па исечете на коцки и посипете со шеќер во прав.







]]>
true
<![CDATA[Пита од домати и пченка]]> http://www.plusinfo.mk/vest/34274/Pita-od-domati-i-pchenka http://www.plusinfo.mk/vest/34274/Pita-od-domati-i-pchenka 2012-02-22 11:01:42 Состојки:
2 шолји сенаменско брашно
1 лажица пециво
1 ¾ лажичка сол
90 г путер
¾ шолја млеко
1/3 шолја мајонез
2 лажици сок од лимон
600 г домати
1 ½ шолја пченка
2 лажици босилок
1 лажица власец
¼ лажичка црн пипер
210 г чедар кашкавал

Приготвување:
1.Измешајте ги брашното, пецивото и ¾ лажичка сол и изматете ги со путерот. Додајте го млекото и направете тесто. Поделете го тестото на два дела, едниот притиснете го на дното од тавата, а другиот оставете го на страна.  
2. Обарете ги доматите, пресечени на четири, 10 секунди за полесно да ги излупите.
3. Наредете ги доматите врз тестото, врз нив ставете половина од пченката, една лажица босилок, ½ лажица власец, ½ лажичка сол, 1/8 лажичка црн пипер и 1 шолја кашкавал. Повторете со уште еден ред од сето тоа. А одозгора ставете го мајонезот измешан со сокот од лимон.
4. Одозгора затворете ја питата со другиот дел од тестото. Печете на 200 степени, 30-35 минути.

]]>
true
<![CDATA[Спанаќ со наут]]> http://www.plusinfo.mk/vest/34148/Spanakj-so-naut http://www.plusinfo.mk/vest/34148/Spanakj-so-naut 2012-02-21 10:21:49 Состојки:

230 г наут, сварен
6 лажици маслиново масло
450 г спанаќ
2 филии леб на коцки без кора
120 г сос од домати
3 чешниња лук
½ лажичка мелен ким
зрна црвен пипер
1 ½ лажица црвен вински оцет
½ лажичка црвена пиперка
сол
црн пипер
сок од лимон

Приготвување:
1. Загрејте маслиново масло, па додајте го спанаќот со малку сол. Кога ќе омекнат листовите тргнете го од огнот.
2. Загрејте уште две лажици масло и испржете го лебот околу 5 минути, па додајте го остатокот од маслото и лукот, кимот и пиперот. Пржете една минута. Префрлете во процесор заедно со оцетот и измешајте.
3. Сипете ја смесата во лонец и измешајте ја со наутот и сосот. Додајте го спанаќот и пропржете малку. На крајот додадете мелена црвена пиперка.



]]>
true
<![CDATA[Лазањи болоњезе]]> http://www.plusinfo.mk/vest/34091/Lazanji-bolonjeze http://www.plusinfo.mk/vest/34091/Lazanji-bolonjeze 2012-02-20 15:25:44 Состојки:

За сосот болоњезе
1 среден кромид, сечкан
1 голем или 2 тенки моркова, сечкани
2 страка целер, сечкан
3 чешниња лук
2-3 лажици маслиново масло
сол
црн пипер
900 г мелено месо
1 ¼ шолја сос од домати
2 шолји црвено вино
вода по потреба
2 листа лавор
мајчина душичка

За лазањите
1 ½ шолји сенаменско брашно
2 јајца
½ лажичка сол
1-2 лажици вода, по потреба

За бешамел сос
8 лажици путер
½ шолја сенаменско брашно
4 шолји млеко
1 лажичка сол
1 чешне лук
морско оревче
црн пипер

Пармезан

Приготвување
1. За сосот: Во процесор измешајте ги кромидот, морковите, целерот и лукот. Па испржете ги на 2-3 лажици масло. Пржете ги околу 15 минути и додајте сол и црн пипер.
2. Додајте го месото и пржете уште 15 минути. Потоа додајте го сосот и пржете 3-4 минути, па сипете го виното и пржете уште 5 минути. Сипете ја и водата, лаворот и мајчината душичка и оставете да крчка. Кога ќе биде готово извадете ги лаворот и мајчината душичка.
3. За лазањите: Измешајте ги сите состојки и направете тесто. Оставете го да отстои 1 час. Ако имате машина за лазањи поминете го тестото низ неа. По желба можете да користите и готови лазањи.  
4. Сварете ги лазањите во зовриена вода.
5. За бешамелот: Стопете го путерот, па додајте го брашното и пржете околу една минута. Потоа сипете го млекото малку по малку и често мешајте. Откако ќе го сипете целото млеко, додајте ги морското оревче, лукот и црниот пипер. Пржете околу 10 минути.  
6. Загрејте ја рерната на 200 степени. Наредете еден ред лазањи во тавата, па врз нив ставете од смесата со месото, од бешамелот и од пармезанот. Редете така додека ги потрошите лазањите. Треба да направите 5 слоја. Завршете одозгора со ред лазањи.  
7. Печете 30-45 минути.


]]>
true
<![CDATA[Колач со мандарини]]> http://www.plusinfo.mk/vest/33648/Kolach-so-mandarini http://www.plusinfo.mk/vest/33648/Kolach-so-mandarini 2012-02-16 13:18:39 Состојки:

4-5 мандарини

6 јајца

1 шолја плус

2 лажици шеќер

250 гр мелени бадеми

1 лажичка пециво

Приготвување:

1.Ставете ги мандарините во сад со ладна вода и варете ги 2 часа. Исцедете ги и кога ќе се изладат пресечете ги на половина и извадете ги семките. Потоа фино испасирајте ги во блендер.

2. Изматете ги јајцата, додајте го шеќерот, бадемите и пецивото. Измешајте добро додавајќи ги пасираните мандарини.

3. Ставете ја смесата во тава и печете 30-50 минути на 190 степени. Кога ќе се олади колачот можете да го наросите со шеќер во прав.

]]>
true
<![CDATA[Пица со црвени и жолти пиперки]]> http://www.plusinfo.mk/vest/33486/Pica-so-crveni-i-zholti-piperki http://www.plusinfo.mk/vest/33486/Pica-so-crveni-i-zholti-piperki 2012-02-15 11:46:27 Состојки:

3 пиперки, 1 црвена, 1 портокалова и 1 црвена
½ мал црвен кромид
¼ шолја магдонос
¼ шолја босилок
3 лажици маслиново масло
1 лажичка црвен вински оцет
сол
црн пипер
60 г моцарела сирење
1 чешне лук

Приготвување:

1. Направете тесто за пица или купете смрзнато. Исечкајте ги пиперките и кромидот, па измешајте ги со магдоносот, босилокот, 2 лажици масло, оцет, сол и црн пипер.
2. Исечкајте ја моцарелата. Лукчето измешајте го со 1 лажица масло.
3. Тестото прво намачкајте го со маслото со лук. Врз него ставете ја моцарелата, а одозгора пиперките. Печете 4-6 минути на 220 степени.

]]>
true
<![CDATA[Чоколадни колачиња срциња]]> http://www.plusinfo.mk/vest/33241/Chokoladni-kolachinja-srcinja http://www.plusinfo.mk/vest/33241/Chokoladni-kolachinja-srcinja 2012-02-13 13:36:43 Состојки:
12 лажици путер, на собна температура
1 шолја кафеав шеќер
½ шолја шеќер
1 шолја јогурт
1 јајце
1 лажичка екстракт од ванила
1 ½ шолји сенаменско брашно
¾ шолја какао
½ лажичка пециво
¼ лажичка сода бикарбона
¼ лажичка сол

Приготвување:
1. Измешајте ги брашното, какаото, пецивото, содата и солта. Изматете ги путерот и шеќерот. Додајте го јајцето, па јогуртот и ванилата.  
2. Ставете од тестото во секое калапче во форма на срце. Печете 30 минути на 180 степени. Од тестото ќе ви излезат 24 колачиња.
3. Нека се излади десетина минути, па наросете ги со шеќер во прав.



]]>
true
<![CDATA[Карамелизиран кромид]]> http://www.plusinfo.mk/vest/32757/Karameliziran-kromid http://www.plusinfo.mk/vest/32757/Karameliziran-kromid 2012-02-09 12:12:54 Состојки:

6 лажици путер
900 г кромид
3 лажици шеќер
3 лажици црвен вински оцет
½ лажичка сол
¼ лажичка мелен црн пипер
2 лажици магдонос

Приготвување:

1. Стопете го путерот и во него ставете ги кромидот и шеќерот. Нека се динстаат десетина минути, па додајте ги оцетот, солта и биберот.  
2. Префрлете ги во тава и печете 15-30 минути. Украсете со магдонос. Служете топло.

]]>
true
<![CDATA[Шпагети со песто од грашок]]> http://www.plusinfo.mk/vest/32636/Shpageti-so-pesto-od-grashok http://www.plusinfo.mk/vest/32636/Shpageti-so-pesto-od-grashok 2012-02-08 12:09:07 Состојки:

1 ½ шолји грашок
1 мал лук
2 лажици пињоли
½ шолја пармезан
¼ лажичка сол
1/3 шолја маслиново масло
босилок или нане за украс
400 г шпагети

Приготвување:

1. Сварете го грашокот две минути и исцедете го. Оставете на страна ½ шолја зрна од грашокот.
2. Изблендирајте го остатокот од грашокот со пињолите, лукот, 1/3 шолја од пармезанот и солта. Додавајте маслиново масло додека блендирате.
3. Сварете ги шпагетите според упатството. Измешајте ги шпагетите со пестото и со зрната грашок. Додајте сол и црн пипер по вкус. Украсете со нане или со босилок и послужете топло.


]]>
true
<![CDATA[Тарт со сливи и со бадеми]]> http://www.plusinfo.mk/vest/32502/Tart-so-slivi-i-so-bademi http://www.plusinfo.mk/vest/32502/Tart-so-slivi-i-so-bademi 2012-02-07 13:03:54 Состојки:
За кростата
1 шолја сенаменско брашно
1 лажица шеќер
1/8 лажичка сол
½ шолја путер
2 лажици вода
¼ лажичка екстракт од ванила

За фил
1/3 шолја бадеми
1/3 шолја шеќер
1 јајце
3 лажици путер на собна температура
4 лажици бренди
300 г сливи, сечкани
¼ шолја желе од рибизли
шлаг

Приготвување:
1.За кростатата: Измешајте ги брашното, шеќерот и солта, додајте го путерот. Измешајте две лажици вода и ванила и додајте ги во тестото. Направете топка од тестото, па наместете го во тава. Со виљушка притиснете го тестото и ставете го во фрижидер 15 минути. Печете на 180 степени, околу 30 минути.
2. За филот: Измешајте ги бадемите со шеќер. Додајте го јајцето, путерот и две лажици  бренди. Сипете ја смесата во кростатата и додајте ги сливите. Печете околу 50 минути, додека омекнат сливите.
3. Измешајте го желето и сипете го врз сливите. Служете со шлаг.


]]>
true
<![CDATA[Вегетаријанска чорба]]> http://www.plusinfo.mk/vest/32370/Vegetarijanska-chorba http://www.plusinfo.mk/vest/32370/Vegetarijanska-chorba 2012-02-06 12:27:27 Состојки:

За чорбата
3 страка праз
4 средни моркова
3 страка целер
4 чешниња лук
¼ шолја маслиново масло
4 гранчиња мајчина душичка
2 гранчиња магдонос
1 лавор
1 конзерва грав
1 конзерва домати
3 лажици паста од домати
250 мл супа

За трошките со лук
4 шолји лебни трошки
1/3 шолја маслиново масло
1 лажица лук
¼ шолја магдонос

Приготвување:
1.Испржете ги празот, морковот, целерот и лукот заедно со зачините, околу 15 минути. Додајте ги гравот, доматите и супата и нека се вари полуоткриено, околу 30 минути.
2. За трошките: Измешајте ги трошките со масло, лук, сол и бибер и сипете ги во тава. Печете ги 12-15 минути. Сипете ги во друг сад и додајте го магдоносот.
3. За крај: Извадете ги гранчињата од мајчината душичка и лаворот. Испасирајте еден дел од гравот и вратете го во чорбата за да се згусне. Пред да послужите, наросете со трошките со лук.



]]>
true
<![CDATA[Поширани јајца во сос од домати ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/32034/Poshirani-jajca-vo-sos-od-domati- http://www.plusinfo.mk/vest/32034/Poshirani-jajca-vo-sos-od-domati- 2012-02-03 09:15:53 Состојки:
1 конзерва пире од домати
1 лажица маслиново масло
1 чешне лук
шеќер
зрна од црвен бибер
сол
бибер
малку црвено вино
4 јајца
4 филии леб, потпечени
пармезан, рендан

Приготвување:
1. Загрејте го маслото и во него испржете ги лукот и зрната црвен бибер, околу 1 минута. Додајте го сосот од домати и оставете да зоврие. Додајте шеќер, сол и бибер. Намалете го огнот и варете 10-20 минути. Неколку минути пред да биде готово, додајте малку црвено вино.  
2. Нежно скршете ги јајцата во сосот од домати и оставете ги да се варат 5 минути. Откако ќе се сварат, нека отстојат 2-3 минути.
3. Префрлете го секое јајце врз парче леб. Врз него ставете од сосот, кашкавал, сол и бибер, и служете веднаш.

]]>
true