Вести од рубриката: БИЗНИС http://www.plusinfo.mk/style/images/logo.jpg +Инфо http://www.plusinfo.mk http://www.plusinfo.mk RSS вести од рубриката: БИЗНИС 2014-10-15 20:38:38 en-us <![CDATA[Изаири: Загадувачите „Макстил“ и „Југохром“ ќе бидат затворени ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154566/Izairi-Zagaduvachite-Makstil-i-Jugohrom-kje-bidat-zatvoreni- http://www.plusinfo.mk/vest/154566/Izairi-Zagaduvachite-Makstil-i-Jugohrom-kje-bidat-zatvoreni- 2014-10-15 20:38:38 Компаниите „Југохром“ и „Макстил“ ќе бидат затворени, оти нема да успеат да извадат - А еколошка дозвола до 31 октомври, датум кој го одреди Владата за поставување на филтри на фабриките, изјави министерот за животна средина Нурхан Изаири за време на посетата на Тетово. 

 

- Макстил веќе е при крај на извршување на своите еколошки задачи, но сепак оваа фабрика нема да успее да постави филтри до 31 октомври. Според нашите информации и мојата посета на терен тие својата фабрика ќе ја затворат на 31 октомври и таа нема да работи се додека не ги исполнат еколошките стандарди за работа - рече министерот Изаири.

 

Изаири соопшти дека  „Југохром“ започнала никакви активности околу добивање на еколошка дозвола.

 

- Што се однесува до „Југохром“, тие воопшто не започнале со постапката за поставување на филтри на фабриката. Ги повикувам да бидат солидарни и сами да ја затворат фабриката, во спротивно ќе мора Министерството да постапи според законот - рече Изаири.

 


Со оглед на зголеменото загадување на Скопје, Тетово и Кичево во кои е регистрирано големо загадување деновиве, министерот за животна средина ги повика граѓаните да се вклучат во намалувањето на загадувањето.

 

Според податоците на Министерството за животна средина, околу 25 отсто од загадувањето на воздухот со ПМ- 10 честички доаѓа поради сообраќајот и несоодветниот начин на затоплување.


Подготви: Р.И.М   

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

]]>
true
<![CDATA[Индексот на Атинската берза се намали за над шест проценти]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154556/Indeksot-na-Atinskata-berza-se-namali-za-nad-shest-procenti http://www.plusinfo.mk/vest/154556/Indeksot-na-Atinskata-berza-se-namali-za-nad-shest-procenti 2014-10-15 19:06:38 Водечкиот индекс на Атинската берза Атхекс го заврши денешниот ден со загуба од 6,25 проценти и се намали до 888,93 поени. Тоа е рекорден пад на овoј индекс од јули 2012 година.

 

Вредноста на индексот паѓа втор ден по ред. На 90 минути пред затворањето на берзата тој се намали за 10,05 проценти.

 

Намалувањето на индексот се случува поради притисокот и големите загуби на европските пазари.

 

Во исто време, приходот грчки обврзници со рок на доспевање од 10 година забележа пораст од 7,77 проценти, што е највисоко ниво од мај 2012 година, кога беше најтешкиот период на грчката криза.

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Општина Крива Паланка: Приватниот партнер не си ги дозаврши обврските, проектот ќе се реализира]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154553/Opshtina-Kriva-Palanka-Privatniot-partner-ne-si-gi-dozavrshi-obvrskite-proektot-kje-se-realizira http://www.plusinfo.mk/vest/154553/Opshtina-Kriva-Palanka-Privatniot-partner-ne-si-gi-dozavrshi-obvrskite-proektot-kje-se-realizira 2014-10-15 18:52:03 После обвинувањата од Општинската организација (ОО) на СДСМ од Крива Паланка дека локалната самоуправа и власта на Груевски избркале приватен инвеститор, Општина Крива Паланка се огласи со демант на тврдењата, велејќи дека проектот не е до крај реализиран оти инвеститорот мора да доврши некои обврски, и оти потоа проектот ќе се реализира според планот.

 

„Општина Крива Паланка во својство на јавен партнер во досегашниот период во целост го има испочитувано договорот за ЈПП и нема извршено било какви активности со кои би го кочела приватниот партнер при остварувањето на правата и обврските кои ги имаат двете договорни страни.

 

Согласно на чл.21 од Договорот за ЈПП е предвидено - административно деловниот објект ќе се стави во употреба по издавањето на одобрението за употреба, кое заедно со проектот за изведена состојба ќе претставува основ за запишувањето на објектот во јавните книги (катастар). Согласно на Член 87 од Законот за градење е предвидено (1) Градбата ќе се стави во употреба по издавање на одобрение за употреба за градбите од прва категорија од членот 57 на овој закон, по изготвување на извештај за извршен технички преглед од надзорен инженер во кој е констатирано дека градбата може да се стави во употреба за градбите од втора категорија, а градбите наменети за индивидуaлно домување со бруто развиена површина до 300 м2 ќе се стават во употреба по давање на изјава заверена кај нотар под полна материјална и кривична одговорност од изведувачот со која ќе потврди дека објектот е изграден во согласност со одбрението за градење и основниот проект или проектот на изведена состојба.

 

Во врска со цитираните членови за да надзорниот инженер го даде завршниот извештај потребно е да се извршат сите обврски предвидени со договорот во целост, како и да бидат отстранети сите недостатоци констатирани од страна на надзорниот инженер во текот на градбата. До денешен ден ниту до општината ниту пак до приватниот партнер не е доставен завршен извештај бидејќи приватниот партнер во целост ги нема извршено своите обврски. Самиот завршен извештај е еден од документите потребни за запишување на објектот во катастарот, а со тоа и издавање на имотен лист“, се вели во соопштението од Општина Крива Паланка.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Меѓународна конференција за посебните пратки во железницата]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154543/Megjunarodna-konferencija-za-posebnite-pratki-vo-zheleznicata http://www.plusinfo.mk/vest/154543/Megjunarodna-konferencija-za-posebnite-pratki-vo-zheleznicata 2014-10-15 15:57:42 Новите правила за превозот на посебни пратки, кои по обем го надминуваат стандардниот габарит во железничкиот транспорт, беа тема на дискусија на денешната меѓународна конференција која се одржа во Скопје. Конференцијата ја организира Меѓународната унија на железниците (УИЦ).

 

- Безбедноста, е приоритет во нашето работење. Во таа насока е организиран и превозот на посебните пратки кој е резултат на координирано делување на повеќе организациски делови на претпријатието. Потврда за нашата успешна организираност и работење е фактот што досега на територијата на мрежата на ЈП МЖ Инфраструктура не се случил ниту еден инцидент од аспект на безбедноста при превозот на посебните пратки - рече директорот на „МЖ Инфраструктура“, Ирфан Асани.

 

Директорот на „МЖ Транспорт“ Оливер Деркоски, посочи дека станува збор за динамична материја, па железничките компании мора постојано да воведуваат нови правила за тој превоз.

 

- Како транспортна компанија сме должни да ги почитуваме сите правила кои ги пропишува УИЦ во случајот прописите за превоз на посебни пратки кои го надминуваат вообичаениот габарит. На конференцијата ќе се утврдуваат и измени на правила кои треба да важат во иднина, кои ќе ги почитуваме и на нашите клиенти ќе им пружиме превоз на посебни пратки -рече Деркоски.

 


Подготви: Р.И.М  

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

]]>
true
<![CDATA[Владата се задолжи со уште 50 милиони евра ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154529/Vladata-se-zadolzhi-so-ushte-50-milioni-evra- http://www.plusinfo.mk/vest/154529/Vladata-se-zadolzhi-so-ushte-50-milioni-evra- 2014-10-15 15:16:19 Владата од домашните кредитори позајми уште 50 милиони евра. На вчерашната аукција за продажба на едногодишни записи, но и на обрзници со рок на доспевање од 2,5 и 10 години, Владата планираше да позајми 28 милиони евра, но по завршувањето на аукциите позајмени 22 милиони евра повеќе.

 

Според податоците, повеќе од десет пати бил повисок интересот за едногодишнаите хартии од вредност, додека за купување на обврзниците со рок на доспевање од 2, 5 и 10 години интересот е налително помал.

 

Најголем дел од парите Владата ги собра преку продажба на обврзници со рок на доспевање од пет години, или на ваков начин во државната каса обезбеди прилив на 44 милиони евра.

 

Владата веќе најави дека во задолжувањето на домашен терен ќе доминираат долгорочните хартии од вредност.



Подготви: Р.И.М  

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Узунов: Нашата економија не може да издржи Буџет од три милијарди евра]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154526/VIDEO-Uzunov-Nashata-ekonomija-ne-mozhe-da-izdrzhi-Bugzet-od-tri-milijardi-evra http://www.plusinfo.mk/vest/154526/VIDEO-Uzunov-Nashata-ekonomija-ne-mozhe-da-izdrzhi-Bugzet-od-tri-milijardi-evra 2014-10-15 15:11:01 Буџетот за 2015 година што го предлага Владата нема да направи ниту мал чекор во насока на стопирање на растечката сиромаштија во земјава. Она што сигурно ќе расте и догодина е само задолженоста. Целата проекција на Буџетот е направена врз неиздржани претпоставки и предвидувања, со големи нелогичности. Македонската економија не може да издржи Буџет од три милијарди евра. Тоа го докажуваат претходните години. Оваа власт нема капацитет за реални и издржани капитални проекти што ќе ја придвижат економијата, за да има поместување и во стандардот на граѓаните, вели потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов.
 
Тој нагласува дека соочена со лоши економски показатели, Владата повторно се враќа на практиката за предвидување релативно висока стапка на раст на БДП , што потоа не може да ја оствари. Така, за в година е предвиден пораст на БДП од 4 проценти, при инфлација од 2 проценти, што во суштина значи номинален раст од 6 проценти.

- Кога тоа нема да се оствари, што е за очекување? Кој ќе биде виновникот? Власта? Или ЕУ? Во Буџетот на Владата нема разумно образложение за предвидувањето врз која основа буџетските приходи ќе пораснат за 5 проценти во 2015 година. А ако тоа не се случи, од каде владата ќе земе повеќе пари од оваа година? Како генератор на предвидениот раст за 2015 година Владата ги смета бруто инвестициите, за коишто очекува да растат со стапка од 8 отсто, што го оправдува со капитални и приватните странски инвестиции. Но, како власта го предвидува тоа со зголемување на капиталните расходи за следната година за само 0,6 проценти? Со ребалансот оваа година Владата покажа дека ниту планираните приходи за тековната година не може да ги обезбеди вели универзитетскиот професор.

Узунов денеска јавно праша со кое издржано образложение власта за догодина предвидува пораст на јавните инвестиции, кога за оваа година, до крајот на месец август, се извршени само 49 проценти од планираните?

- Нелогично е и очекувањето за пораст на индустриското производство за 4,4 проценти, во услови кога нема пораст на странската побарувачка и нема пораст на домашната побарувачка поради нискиот стандард на граѓаните. Која од овие две проекции е погрешна? Или и двете? Градежништвото догодина, според Владата, треба да има најголем раст од 7,5 проценти, во услови кога нема договори за извоз на градежни услуги во странство и опаѓа платежната моќ на граѓаните. Конечно, владата за догодина предвидува пораст на БДП (за 4 проценти), во апсолутен износ помал буџетски дефицит, но исто учество (од 3,5 проценти) на дефицитот во БДП како за оваа година? Дали е тоа само ненамерна грешка, или тука се крие нешто друго? Владата треба да одговори на поставените прашања. СДСМ предупреди што носат огромните задолжувања на граѓаните. Огромни камати, заспано стопанство и сиромаштија. За жал, власта веќе нема механизам ниту да го скрие, ниту да го смени. Погрешните политики почнаа да го земаат данокот, на грбот на граѓаните - оценува потпретседателот на СДСМ.


Подготви: Г.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Намален прометот во трговијата на мало]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154519/Namalen-prometot-vo-trgovijata-na-malo http://www.plusinfo.mk/vest/154519/Namalen-prometot-vo-trgovijata-na-malo 2014-10-15 14:39:25 Пад на прометот за 4,6 отсто забележа трговијата на мало во август годинава споредено со истиот месец лани.

 

Според податоците на Државниот завод за статистика реален пад на промет е забележан во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун за 8,5 отсто, во трговијата на мало, освен трговија со гориво за 3,7 отсто и во трговијата на мало со автомобилски горива за 2,5 отсто.

 

Во истиот период е забележан пораст на проеметот во трговијата на големо, освен трговија со моторни возила и мотоцикли од 33, 2 отсто, додека во трговија на големо и на мало со моторни возила и мотоцикли, делови и прибор и нивно одржување и поправка порастот е од 6,7 отсто.

 


Подготви: Р.И.М  

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Богов: Не го менуваме курсот на денерот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154510/Bogov-Ne-go-menuvame-kursot-na-denerot http://www.plusinfo.mk/vest/154510/Bogov-Ne-go-menuvame-kursot-na-denerot 2014-10-15 14:18:54 Народната банка (НБРМ) нема да ја менува политиката во однос на курсот на денарот бидејќи таа дава резултати кои се гледаат од растот на депозитите во денари и довербата кон домашната валута, изјави гувенерот на НБРМ, Димитар Богов.

 

- Полтиката на фиксен курс на денарот од воведувањето покажува дека е соодветна за мала економија како што сме ние и дава резултати. Нема економија која може да води политика на флуктуирачки курс на домашната валута освен Америка и ЕУ кои се големи. Има некои примери и во регионот кои имаат флуктуирачки курс на домашните валути, но прават многу повеќе интервенции на девизниот пазар- рече Богов на седницата на Комисијата за финансирање и буџет која расправаше по Извештајот за работата на НБРМ во 2013 година.

 

Според него, најдобар показател за спроведувањето на оваа политика е растот на штедењето во домашна валута што покажува и довербата на граѓаните во денарот и во банкарскиот систем.

 

Депозитите забележаа раст од 8,1 отсто, од кои кај претпријатијата е 10,5 отсто, а кај населението 7,8 проценти, а значајно е и тоа што 50,8 проценти се депозит во денари и што поголемиот дел се долгорочни. Раст е забележан и кај кредитирањето при што кај кредитите е 6,4 проценти, а кај населението 12 проценти. Нефункционалните кредити се движат околу 11 проценти.

 

Според него, банкарскиот сектор треба да преземе мерки за зголемено кредитирање на малите фирми, бидејќи најголемиот дел од издадените кредитите се кај големите компании.

 

- Да се поддржат добри проекти кои можат да ги вратат кредитите, а хипотеката да се земе предвид како последен инструмент за обезбедување- рече Богов.

 

Оцени дека банкарскиот сектор во Македонија е стабилен и дека таа стабилност се очекува да се задрши, како и дека банките се одлични и одлично капитализирани.

 

За девизните резерви информира дека се одржуваат на адекватно ниво и дека според последните бројки тие изнесуваат 2,444 милијрди евра што според гувернерот Богов  се доволни да се намират обврските што стасуваат оваа и наредната година.



Подготви: Р.И.М  

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

]]>
true
<![CDATA[ЕВН е подготвена за зимската сезона]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154507/EVN-e-podgotvena-za-zimskata-sezona http://www.plusinfo.mk/vest/154507/EVN-e-podgotvena-za-zimskata-sezona 2014-10-15 14:00:25 ЕВН Македонија соопшти дека ги заврши подготовките за претстојната грејна сезона и е подготвена за предизвиците кои ги носи зимата.

 

Од компанијата информриаат дека севкупната техника и човечки ресурси се ставени на располагање за евентуални реакции и целосно се опремени и подготвени тимовите за интервенција. За полесно справување со проблемите направени се стратегии и договори за заедничко делување со општините и поголемите зимски центри во земјава. 

 

„Од почетокот на годината досега направена е инспекција на 13.000 км дистрибутивна мрежа на сите напонски нивоа, како и анализа на подготвеноста на 7.000  трафостаници во земјава. Направена е интервенција на сите забележани критични точки, при што е исчистена вегетацијата на 120 км среднонапонска и на 110 км нисконапонска мрежа. Заменети се над 1.500 столба на средно и ниско напонско ниво, а санирани се над 1.700 делумно оштетени столбови.Коригирано е заземјувањето на 170 столбa од среднонапонската мрежа и на 30 трафостаници ТС 10(20)/0,4 кВ, а направени се и сите други интервенции на утврдените недостатоци по инспекција на мрежата на сите напонски нивоа. Годинава е изградена нова надземна и подземна мрежа на ниско и средно напонско ниво во вкупна должина од 140 км.“, информираат од Компанијата. 

 

ЕВН, како што соопшти, ги стави на располагање и специјализираните возила за зимски услови и возилата за специфични интервенции, мерните коли за лоцирање дефекти и друга опрема кои ќе бидат распоредени низ сите поголеми центри во земјава.

 

Околу 50 електромонтери се ангажирани во тимовите за брзи интервенции по работното време, а уште 650 може дополнително да се ангажираат. 




Подготви: Р.И.М  

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

]]>
true
<![CDATA[Турци најбројни туристи во земјава]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154503/Turci-najbrojni-turisti-vo-zemjava http://www.plusinfo.mk/vest/154503/Turci-najbrojni-turisti-vo-zemjava 2014-10-15 13:40:03 Земјава во август годинава ја посетиле  57.373 странски туристи. Најголем број од нив 9.694 дошле од Турција, Србија (5.900) Холандија( 4 820), Полска (4.118) и Грција (3.577), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

 

Странците најмногу престојувале во туристичките локалитети и во Скопје. Тие главно претстојувале во хотелски капацитети каде што оствариле 140 605 ноќевања. 

 

За разлика од странците домашните туристи се одмарале во туристичките места надвор од Скопје, а престојувале главно во куќи, станови за одмор и соби за издавање каде што оствариле  386 179 ноќевања.

 

Државниот завод за статистика, објави дека во август вкупно се регистрирани 145 445 туристи, а бројот на ноќевањата изнесувал 630 230. 

 

Споредбата на бројот на туристите во август годинава со истиот месец лани покажува зголемување од 14 отсто, додека  бројот на ноќевањата пораснал за  7,4  отсто. 

 

Во периодот јануари- август 2014 година, во однос на истиот период лани, пак,  бројот на туристите е зголемен за 5,9 отсто додека бројот на ноќевања се зголемил за 2,1 отсто.



Подготви: Р.И.М  

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

]]>
true
<![CDATA[СДСМ Крива Паланка: Власта избрка инвеститор и остави 50 луѓе без работа]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154496/SDSM-Kriva-Palanka-Vlasta-izbrka-investitor-i-ostavi-50-lugje-bez-rabota http://www.plusinfo.mk/vest/154496/SDSM-Kriva-Palanka-Vlasta-izbrka-investitor-i-ostavi-50-lugje-bez-rabota 2014-10-15 13:11:33 Наместо да ги привлекува инвеститорите, Општина Крива Паланка експресно ги брка, порача денеска Општинската организација (ОО) на СДСМ во Крива Паланка, обвинувајќи дека според нивните информации, општината не испочитувала договор за Јавно приватно партнерство и намерно го кочела во работата приватниот партнер, поради што 50 вработени се отпуштени од работа.

 

„Долго најавуваниот проект за изградбата на деловно-административна зграда со површина од околу 1.100 квадратни метри во централното градско подрачје на Крива Паланка, доживеа фијаско на самиот старт. Официјалното отворање на зградата се случи на 25 август, а јавноста нестрпливо ги очекуваше најавуваните нови 50 работни места преку линијата на супермаркети на фирма од Куманово. Само четириесетина дена по свеченото отворање, закупецот на деловните простории, деновиве ги отпушти вработените и почна да ја пакува опремата. Дали вака ВМРО-ДПМНЕ гради партнерски односи со бизнис секторот?“, стои во соопштението од ОО на СДСМ - Крива Паланка.

 

Партиската организација прашува чии интереси штитат првите луѓе на општината и кој ќе ги плаќа пеналите на приватниот партнер, за кој велат дека инвестирал 550.000 евра.

 

„Каква порака испраќа ВМРО-ДПМНЕ до следните инвеститори кои евентуално би ја посетиле општината? Чии интереси штитат првите луѓе на општината, своите лични или општите интереси на локалната заедница? Кој ќе ги плаќа трошоците и пеналите на приватниот партнер поради неработењето во следниот период, а со тоа и не неможноста да си ја поврати инвестицијата од околу 550.000 илјади евра? Чија е вината што бројка на невработени во општината е за 50 лица поголема?“, прашува ОО на СДСМ во Крива Паланка.

 

Потсетуваат на друг сличен случај и прашуваат дали кампањата на Груевски и ВМРО- ДПМНЕ „Инвестирајте во Македонија“ всушност треба да се вика „Избркај ги инвеститорите“.

 

„Oва не е прв ваков случај, бидејки пред неколку години чевларски погон кој имаше над 300 вработени мораше да се пресели во Скопје. Во најава е дека уште еден чевларски погон  наскоро планира својата инвестиција да ја премести во Врање, соседна Србија. Го прашуваме премиерот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, дали суштината на кампањата „Инвестирајте во Македонија“ е „Избркај ги инвеститорите“?, се вели во соопштението од ОО на СДСМ - Крива Паланка..        


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Студија: Швајцарците најбогати во светот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154495/Studija-Shvajcarcite-najbogati-vo-svetot http://www.plusinfo.mk/vest/154495/Studija-Shvajcarcite-najbogati-vo-svetot 2014-10-15 13:05:46 Глобалното богатство на домаќинствата во 2013 година е зголемено на годишно ниво за 8,3 отсто достигнувајќи вредност од 263.000 милијарди долари.

Швајцарците со просечно богатство од 581.000 долари и раст од 10,5 отсто на годишно ниво остануваат светски лидери во тој поглед, наведува во студија Глобал Велт 2014 изработена за потребите на Креди Суис.


Иако глобалните економски околности и понатаму се тешки, вкупното богатство на домаќинствата во светот регистрирало раст лани и тоа е двојно повеќе отколку во 2000 година.


Годишниот раст на богатството на домаќинствата на глобално ниво во просек од 2000 година растело по 11,4 отсто, а најголемо зголемување е регистрирано во севрна Америка - 91.000 милијарди долари.

Богатството на европските домаќинства е зголемено за 10,6 отсто на 85.200 милијарди долари.


Бројот на ултрабогаташи во светот со нето богатство поголемо од 50 милиони долари зголемен е на 128,200, а најголем број ултра богати живеат во САД - 62.000.

Според таа студија, бројот на милионери глобално ќе се зголеми до 2019 година за 53 отсто на 53 милиони. Очекувањата се дека во следните пет години богатството на домаќинствата во светот ќе порасне за 40 отсто на 368.000 милијарди долари.

 

Извор:МИА

 

]]>
true
<![CDATA[Повеќе од 35.000 граѓани го посетија првиот Саем за вработување]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154481/Povekje-od-35000-gragjani-go-posetija-prviot-Saem-za-vrabotuvanje http://www.plusinfo.mk/vest/154481/Povekje-od-35000-gragjani-go-posetija-prviot-Saem-za-vrabotuvanje 2014-10-15 12:03:37  

Повеќе од 35.000 граѓани го посетиле првиот Саем за вработување, кој вчера се одржа во СЦ „Борис Трајковски“.
На саемот пред граѓаните се претставија над 80 компании, кои нудеа слободни работни позиции на пазарот на труд. 
Настанот го организираше Агенцијата за вработување на Република Македонија. 

 

 

- Целта на првиот Саем за вработување беше доближување на понудата на работа и понудата на работна сила. Како организатор на настанот, Агенцијата за вработување на Република Македонија е задоволна од одзивот на граѓаните, и одзивот на компаниите, за кои беше овозможена регрутација на кадар преку директен контакт со потенцијалните вработени лица. Резултатите од овој Саем, ќе може да ги очекуваме за еден месец, кога ќе може да се направи пресек на тоа, колку лица, преку првиот Саем за вработување, успеале да пронајдат работно место - изјави Влатко Поповски, Директор на Агенција за вработување на Република Македонија.

 

Подготви: Ј.А.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

 



 

 

]]>
true
<![CDATA[Хрватски „Краш“ започна извоз во Јужна Кореја]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154478/Hrvatski-Krash-zapochna-izvoz-vo-Juzhna-Koreja http://www.plusinfo.mk/vest/154478/Hrvatski-Krash-zapochna-izvoz-vo-Juzhna-Koreja 2014-10-15 11:52:46 Хрватскиот кондиторски производител „Краш“ во почетокот на октомври почна извоз на колачи во Јужна Кореја, а во подготовка е и втора пратка за Јапонија. 

 

Како што е соопштено од таа загрепска компанија, на полиците на корејските продавници ќе се најдат и „Кики“ гумени бонбони, додека за Јапонија се подготвува веќе втора пратка наполитанки. 

 

Отворањето на новите пазари е резултат на долгорочните преговори и соработката со корејските и јапонските претприемачи, по воспоставувањето на контакти на светските саеми, истакнаа во Краш.


Извор: МИА 

]]>
true
<![CDATA[„Јужен тек“ ќе биде поскап од планираното]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154472/Juzhen-tek-kje-bide-poskap-od-planiranoto http://www.plusinfo.mk/vest/154472/Juzhen-tek-kje-bide-poskap-od-planiranoto 2014-10-15 11:42:00 Изградбата на „Јужен тек“ значително ќе поскапе. Дел од цевководот под Црно море ќе чини 14 милијарди евра, а копнениот дел преку Европа 9,5 милијарди, пишуваат српски „Новости“. 

 

Цената  ја потврди Александар Иваников, еден од директорите на финансиското одделение на „Гаспром“. Порано во „Гаспром“ се зборуваше дека морската делница на гасоводот ќе чини околу 10 милијарди евра, а копнената 6,6 милијарди евра.

 

Со новите пресметки оваа делница од „Јужниот тек“ ќе биде поскапа 41,6 отсто од претходно планираната цена.

Извор: МИА 

]]>
true
<![CDATA[Груевски ја поддржува ЕБОР да го кредитира приватниот сектор ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154471/Gruevski-ja-poddrzhuva-EBOR-da-go-kreditira-privatniot-sektor-- http://www.plusinfo.mk/vest/154471/Gruevski-ja-poddrzhuva-EBOR-da-go-kreditira-privatniot-sektor-- 2014-10-15 11:28:45 Повеќе пари за кредитирање на приватниот сектор од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) договараа синоќа премиерот Никола Груевски и регионалниот директор на ЕБОР, Муант Холгер на средбата во Лондон.

 

- Имаат намера да го засилат своето учество со повеќе средства и поволни можности за кредитирање во приватниот сектор. Ги охрабрувам ваквите нивни чекори и намери на поддршка на приватниот сектор. Во однос на јавниот сектор веќе се во тек неколку значајни проекти и разговаравме за повеќе нови проекти. Некои поминаа на Бордот на директори или треба да се усвојат, а некои се уште се во фаза на договарање. Ние ќе продолжиме со разговорите со цел исполнување на плановите - изјави Груевски.

 

Регионалниот директор на ЕБОР, Муант Холгер, изрази задоволство од досегашниот развој на односите и соработката со Република Македонија.

 

- Разговаравме за повеќе проекти кои се од заедничко значење. Главниот фокус беше поддршка на приватниот сектор и компаниите, разменувајќи идеи и информации за тоа како може дополнително да го засилиме. Во наредните неколку недели ќе ја посетам државата со цел да ги продолжиме разговорите со владините претставници за реализацијата на повеќе значајни проекти -рече Холгер.

 

Премиерот Груевски во Лондон е придружуван од министерот за финансии Зоран Ставрески, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Горан Мицковски и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо. Планирано е премиерот да се обрати на бизнис форум во Лондон каде ќе ги престави инвестициските можности на земјава пред повеќе потенцијални инвеститори.

 

Подготви: Р.И.М  

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

]]>
true
<![CDATA[Германија ја намали прогнозата за раст на економијата]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154449/Germanija-ja-namali-prognozata-za-rast-na-ekonomijata http://www.plusinfo.mk/vest/154449/Germanija-ja-namali-prognozata-za-rast-na-ekonomijata 2014-10-15 09:53:56 Германската влада ја намали прогнозата за економски раст годинава од 1,8 на 1,2 отсто. Министерот за економија и енергетика Сигмунд Габриел соопшти дека министерството очекува и раст на економијата во 2015 година од 1,3 отсто, наместо како што беше прогнозирано на почетокот на гофдинава 2 отсто.

 

Габриел изјави дека уште моментов Владата нема намера да ја менува својата економска и фискална политика.

 

Неговиот коментар е поврзан со ставовите на некои земји-членки и меѓународни организации дека Германија треба да ги зголеми јавните трошоци, за да стимулира економски раст.

 

Германија е најголемата економија во Еврозоната и се смета за главен мотор на економскиот раст во зоната.



Подготви: Р.И.М  

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

]]>
true
<![CDATA[„Дуна“ слави 20 години ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154439/Duna-slavi-20-godini- http://www.plusinfo.mk/vest/154439/Duna-slavi-20-godini- 2014-10-15 09:23:48


Компанијата „Дуна“, денеска одбележува 20 години од основањето, јубилеј кој е придружен од долгорочната ориентираност на компанијата кон врвни IT производи, решенија и услуги. 
Основана во 1994 година, уште од самите почетоци компанијата имаше визија да понуди врвни информатички технологии во земјата, но и на интернационалните пазари.  
Во изминатите две децении, „Дуна“ има зад себе многу достигнувања и се вбројува меѓу најуспешните компании во земјата. Застапник е за повеќе светски брендови: Apple, RICOH, OKI, Psion, Motorola, Clasus, Brahler ICS, Tentnology и Garmin, производител е на фискални уреди и препознатлива е меѓу бизнис заедницата по своите софтверски решенија ULTIMA® кои им овозможуваат целосна трансформација, раст и развој на компаниите. 
„Дуна“ работи на повеќе од 10 странски пазари и опслужува повеќе од 10.000 компании и физички лица. Главниот фокус на компанијата е да обезбеди целосни решенија, интеграција и одржување во компаниите, апликативен софтвер и управување со документи, преку постојани иновации, единствена понуда на пазарот и извонредна услуга од високо-стручниот кадар.
Токму затоа, од 2001 година „Дуна“ постојано вложува во подобрување на квалитетот и вклучува нови стандарди во своето работење меѓу кои денес ги вбројуваме ISO 9001:2008, ISO 14001:2004, ISO 27001:2005 и ISO 20000-1:2011. 
Како предводник на полето на корпоративната општествена одговорност во Македонија, „Дуна“ има добиено 8 награди, од кои и едно јубилејно признание за континуирано спроведување на општествено одговорни практики во период од 2007 - 2011 година. 
Оваа година, „Дуна“ повторно ја доби Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2013 година во категорија Вложување во заедницата, која ја доделува Министерството за економија на Република Македонија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата. „Дуна“ стана национален шампион на European Business Awards 2014/15 со Наградата за животна средина и корпоративна одржливост, што претставува силна потврда на активностите на компанијата во текот на годините. 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ цитира погрешен член на законот за да се извлече]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154404/SDSM-VMRO-DPMNE-citira-pogreshen-chlen-na-zakonot-za-da-se-izvleche http://www.plusinfo.mk/vest/154404/SDSM-VMRO-DPMNE-citira-pogreshen-chlen-na-zakonot-za-da-se-izvleche 2014-10-14 18:41:44 ВМРО-ДПМНЕ не негира дека најголем дел од фирмите сами ќе треба да си ја платат новата задолжителна ГПРС каса, иако власта најавуваше дека касата ќе биде на државен трошок, одговара СДСМ на реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на пратеникот од СДСМ, Јован Митревски.

 

„Најголемиот товар ќе падне на малите и средни претпријатија што едвај работат, за да преживеат. Власта на ВМРО-ДПМНЕ, со реакцијата, се обидува да се оправда, безобразно извртувајки дури и закон. Членот што го цитираат од Законот за персонален данок се однесува на самостојните вршители на дејност, занаетчиите, кои воопшто немаат фискални каси и данокот го плаќаат според паушално утврдена основица“, одговара СДСМ.

 

Најголемата опозициска партија порачува дека се залага за плаќање на даноците и за ГПРС каси за сите, но тие да бидат бесплатни.


„Сметаме дека фирмите треба да имаат ГПРС каси, но СДСМ бара, замената на касите со нови ГПРС каси да биде бесплатна, посебно за малите претпријатија“, се вели во реакцијата од СДСМ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

 

]]>
true
<![CDATA[ВМРО-ДПМНЕ: И на малите фирми ќе им биде компензирано за фискалните каси]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154402/VMRO-DPMNE-I-na-malite-firmi-kje-im-bide-kompenzirano-za-fiskalnite-kasi http://www.plusinfo.mk/vest/154402/VMRO-DPMNE-I-na-malite-firmi-kje-im-bide-kompenzirano-za-fiskalnite-kasi 2014-10-14 17:57:25 На малите трговци, трговците поединци, занаетчиите ќе им биде одбиена сумата за фискалната каса преку намалување на обврската за плаќање на персонален данок на доход по годишна сметка, порачува ВМРО-ДПМНЕ во својата реакција на денешната прес-конференција на пратеникот од СДСМ, Јован Митревски.

 

Владејачката партија вели дека во член 30-к од Законот за персонален данок на доход стои дека „Обврзникот кој е должен согласно член 2 од Законот за регистрирање на готовински плаќања, да воведе и да користи одобрен систем за регистрирање на готовинските плаќања, му се намалува пресметаниот данок за набавени до десет фискални апарати, во висина на нивната вредност“.

 

„Значи и на малите фирми ќе им бидат рефундирани парите со одбиток од персоналниот данок. Што се однесува на многу ситните трговци пак, тие немаат обврска да водат книги и да воведат фискална сметка. Фискалните каси со ГПРС значат значително намалување на трошоците во поглед на административните работи на самите фирми, но и на Управата за јавни приходи. Воедно тие се уште една алатка за борба против сивата економија“, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

 

]]>
true
<![CDATA[МЦМС: Корупцијата петти најголем проблем за граѓаните]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154397/MCMS-Korupcijata-petti-najgolem-problem-za-gragjanite http://www.plusinfo.mk/vest/154397/MCMS-Korupcijata-petti-najgolem-problem-za-gragjanite 2014-10-14 15:50:25 Корупцијата во земјава е петти најголем птоблем на граѓаните, по невработеноста, сиромаштијата, ниските примања и високите цени, покажува извештајот подготвен од Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) реализиран во рамки на Програмата на УСАИД за борба против корупцијата, презентиран денеска. Во истражувањето се констатира дека дел од политиките за борба кои се спроведуваат не се соодветни на реалните потреби. 

 

Во извештајот се посочува дека граѓаните препознаваат различни облици на корупција, не само поткупот како основен облик на корупција. Голем дел од нив сметаат дека државните службеници се корумпирани, но како најкорумпирани ги наведуваат цариниците и судиите, а кога станува збор за директна вклученост во корупција, тоа се лекарите.

 

Споредбено со 2001 година кога е направено слично истражување пред корупцијата се нашле и политичката нестабилност и меѓуетничките односи. 

 

Според направената симулација, дадена од бизнис заедниците, годишната „цена“ за поткуп изнесува 64 милиони евра, или 0,85 отсто од домашниот бруто производ (БДП) остварен во 2012 година за кога се однесуваат податоците. 

 

Од МЦМС велат дека индексите кои се однесуваат на перцепцијата на граѓаните, се далеку повисоки од индексите кои се однесуваат за реалната корупација. 

 



Подготви: Р.И.М 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

 

]]>
true
<![CDATA[ГАЛЕРИЈА Никој не најде работа на првиот Саем за вработување ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154389/GALERIJA-Nikoj-ne-najde-rabota-na-prviot-Saem-za-vrabotuvanje- http://www.plusinfo.mk/vest/154389/GALERIJA-Nikoj-ne-najde-rabota-na-prviot-Saem-za-vrabotuvanje- 2014-10-14 15:20:27
Со СМС пораки испратени вчера преку мобилен телефон, во кои е нагласено задолжително присуство, Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) ги покани невработените скопјани на денешниот Саем за вработување, кој се одржа во спортската сала „Борис Трајковски“.


Денеска дојдоа околу 5.000 невработени да се информираат, пред се, но без големи очекувања дека ќе најдат работа. Тие оставаа свои ЦВ-ја и податоци на штандовите на присутните 86 компании, но остануваа само 
со надежи дека ќе најдат работа. 


- Ова ми е втор пат како поднесувам пријава и се надевам дека сега ќе го добијам работното место како сервисер на клима уреди - вели Фехми Селмани, кој поднесуваше свое резиме во турската компанија Џеваир 
Холдинг.


На овој саем беа поканети само активните баратели на работа од Скопје, а наскоро вакви саеми ќе се организираат и во другите градови во земјата. 


- При самото пополнување на пријавата за активен барател на работа, невработените се обврзуваат да присуствуваат на сите настани кои ги организира АВРМ. Но секако, ако некој не може да дојде, нема да има 
никаква промена во неговиот статус на невработен - вели Билјана Живковска, раководител на одделот за комуникации во АВРМ. 


Работодавците, пак, најмногу нудеа занаетчиски работни места, како што се заварувачи, гипсари, пекари, монтери за клима уреди, ѕидари, но и продавачи за големите синџири на маркети во Македонија.

 

- Со овој прв саем се надевам дека ќе ја поттикнеме комуникацијата помеѓу невработените и компаниите и воедно се надевам дека младите преку овој настан ќе научат како да ги одбираат вистинките професии, 
како не би биле без работа по завршување на школото – рече директорот на АВРМ Влатко Поповски.


 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Митревски: Власта сега удри по 50.000 фирми во Македонија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154386/VIDEO-Mitrevski-Vlasta-sega-udri-po-50000-firmi-vo-Makedonija http://www.plusinfo.mk/vest/154386/VIDEO-Mitrevski-Vlasta-sega-udri-po-50000-firmi-vo-Makedonija 2014-10-14 15:11:01 Пеесет илјади фирми во Македонија се под нов финансиски притисок. Треба да набават нови фискални ГПРС каси што ги бара власта, а чинат до 500 евра. Најголем дел од фирмите, треба сами да си ги купат. Тоа се најранливите, мали и средни претпријатија како дуќаните за леб, берберниците, продавнички за облека, авто пералните, фирми што имаат мал промет. Нив, најголемиот стрес ги чека за два ипол месеци кога им истекува крајниот рок. Не е точно тврдењето на власта, дека трошокот за новите фискални ГПРС каси нема да падне врз фирмите, бидејки ќе им бил овозможен даночен кредит, вели пратеникот од СДСМ Јован Митревски.

- Право на даночен кредит имаат фирмите што имаат промет повисок од шест милиони денари на годишно ниво. Малите бизниси не користат даночен кредит, а тој даночен кредит не значи бесплатна фискална каса. Даночниот кредит, според Законот за данок на добивка, ќе врати на фирмата само 10 проценти од вредноста на фискалниот апарат. До крајот на октомври, под притисок да купат нови каси се 8.900 фирми. На 15 дена до истекот на рокот, само 20 отсто од фирмите навабиле ГПРС каси. Власта не ја интересира дека со своите политики ги исцеди бизнисот и стопанството. Затоа тресе од нивните каси сè што може. Според груба пресметка, новите фискални апарати, на некого во државава ќе му донесе до 40 милиони милиони евра. СДСМ смета дека фирмите треба да имаат ГРПС каси. Но СДСМ бара, замената на касите со нови ГПРС каси да биде бесплатна, посебно за малите претпријатија - нагласува Митревски.
      
 
Подготви: Г.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Еврозоната сака решение за излез на Грција од финансискиот пакет помош]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154332/Evrozonata-saka-reshenie-za-izlez-na-Grcija-od-finansiskiot-paket-pomosh http://www.plusinfo.mk/vest/154332/Evrozonata-saka-reshenie-za-izlez-na-Grcija-od-finansiskiot-paket-pomosh 2014-10-14 10:08:21 Еврозоната ќе почне од ноември да анализира како да продолжи со планот за помош на Грција чиј рок за европско финансирање изминува во крајот на годината. Министрите за финансии на 18-те држави од еврозоната синиќа се собраа во Луксембург на средба на која ќе почне да се бара решение. Кон нив денеска ќе се приклучат и министрите за финансии од останатите членки на ЕУ.


- Постои силен консензус  сите да работат за излез од планот за помош, изјави Јерун Дејселблум, шеф на Еврогрупата. - Треба да се изнајде внимателно решение бидејќи тоа го бараат грчките власти, и јас сум согласен за тоа, додаде тој.


Според него, дискусиите за тоа прашање ќе продолжат во ноември и декември.

Еврозоната треба да додели уште 1,8 милијарди евра на Атина пред да измине рокот за планот. ММФ има финансиски ангажирања во Грција до 2016 година. Атина сака тој рок да се намали.

По шест години рецесија во Грција, не се исклучува Атина да побара превентивна кредитна линија од Европејците.

- Ја разгледуваме таа варијанта, изјави во петокот грчкиот премиер Андонис Самарас.

 

 

Извор:МИА

]]>
true
<![CDATA[Кешот е минато во Шведска]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154331/Keshot-e-minato-vo-Shvedska http://www.plusinfo.mk/vest/154331/Keshot-e-minato-vo-Shvedska 2014-10-14 10:07:40 Швеѓаните се чини не знаат за плаќање во кеш. Тоа го покажуваа последното истражување направено во оваа земја според кое секое четврто од пет купувања е извршено по електронски пат или со картичка.

 


Според истражувањето, секој Швеѓанец користи услуги за електронско плаќање во просек 260 пати годишно. Благодарение на електронскиот систем на плаќање, како Swish,  надмината е потребата за користење на банкомати за готовина.

 

Ваквата состојба, според наводите на Здружението на светските банкари, вооружените ограбувачи остануваат „без работа“. Така во 2012 година во Шведска пријавени се само пет грабежи на банка, што е најниска стапка во последните 30 години.

 

Но, не сите Швеѓани мислат дека плаќањето во кеш треба да изумре. Две третини од Швеѓаните веруваат дека готовината во раце е основно човечко право, а според мислењето на експертите, потполно исчезнување на парите од шведскиот систем би можело да се случи веќе во 2030 година.

 

Истражувањето исто така покажало дека трендот на напуштење на кешот во плаќањето не се зголемува во останатите држави од Европската унија. Италијаните на пример, повеќе сакаат да плаќаат во кеш отколку со картичка или електронски.  Во оваа земја три четвртини од вкупната трговија се врши со готови пари.



Подготви: Р.И.М 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

 

]]>
true
<![CDATA[Штрајкуваат британските здравствени работници]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154321/Shtrajkuvaat-britanskite-zdravstveni-rabotnici http://www.plusinfo.mk/vest/154321/Shtrajkuvaat-britanskite-zdravstveni-rabotnici 2014-10-14 09:43:22 Неколку десетици илјади вработени во јавното здравство во Англија, штрајкуваа во Лондон, за прв пат за 32 години.

 

Вработените во јавното здравство, вклучувајќи медицински сестри, акушерки и работници на Итна помош, ја прекинаа работата на четири часа, бидејќи владата го одбила барањето за зголемување на платите за 1 отсто.

 

Синдикатите сакаат зголемување на платите за 1 отсто за сите вработени во здравството, но во владата велат дека тоа би донело преголеми трошоци. Вработените сакаат со овој штрајк да извршат притисок на министерот за здравство Џереми Хант.

 


Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[СДСМ: Министерството за транспорт и врски призна дека посегнува по личниот имот на граѓаните]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154275/SDSM-Ministerstvoto-za-transport-i-vrski-prizna-deka-posegnuva-po-lichniot-imot-na-gragjanite http://www.plusinfo.mk/vest/154275/SDSM-Ministerstvoto-za-transport-i-vrski-prizna-deka-posegnuva-po-lichniot-imot-na-gragjanite 2014-10-13 17:58:41 Министерството за транспорт и врски призна дека власта посегна по личниот имот на граѓаните, реагира СДСМ на соопштението на Министерството за транспорт и врски во врска со прес-конференцијата на Благој Бочварски.

 

„Во реакцијата, Министерството за транспорт и врски теши дека откако власта ќе искористи нечиј имот, без решени имотно – правни односи, приватните сопственици ќе биле обештетени. Преку кои институции и кое судство, граѓаните во спор со државата ќе дојдат до своето право, е друго прашање. Измените на Занокот за градење се скадалозен упад во уставно загарантираното право на сопственост!“, реагира СДСМ.

 

Најголемата опозициска партија порачува дека после вакво признание, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и премиерот Никола Груевски веднаш треба да ги повлечат спорните измени.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

 

]]>
true
<![CDATA[Одлагањето на слободниот енергетски пазар тече и покрај реакциите од ЕУ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154271/Odlaganjeto-na-slobodniot-energetski-pazar-teche-i-pokraj-reakciite-od-EU http://www.plusinfo.mk/vest/154271/Odlaganjeto-na-slobodniot-energetski-pazar-teche-i-pokraj-reakciite-od-EU 2014-10-13 16:01:39 Измените на Законот за енергетика со кои се пролонгира либерализацијата на пазарот на електрична енергија за пет години, и покрај реакциите на европската комисија за енергетика, го поминаа првиот собраниски филтер, Комисијата за економски прашања.

 

Со измените се предлага  одложување на целосната либерализација на пазарот за енергетика до 1 јули 2016 година, и потоа етапно спроведување во пет фази заклучно со 1 јули 2020 кога пазарот целосно ќе се либерализира со вклучување и на домаќинствата.

 

- Целта на измените на Законот е заштита на потрошувачите. Предлог мерките се многу внимателно направени врз основа на нашите анализи и пресметки кои покажаа дека доколку се спроведе предвидената целосна либерализација на пазарот на електрична енергија на 1 јануари 2015 година, цената на електричната енергија ќе се зголеми за најмалку 20 отсто - рече заменик министерот за економија, Кристијан Делев во образложението на измените. 

 

Либерализацијата на пазаорт на електрична енергија ќе продолжи на 1 јули 2016 година за корисниците со потрошувачка од над 1.000 мегават часови годишно, на 1 јули 2017 за оние со потрошувачка од над 500 мегават часови, на 1 јули 2018 за потрошувачите со потрошувачка од над 100 мегаватчасови, на 1 јули 2019 со над 25 мегават часови годишно и на 1 јули 2020 година за сите останати потрошувачи и за над 600.000 домаќинства. 

 

Првиот човек на Европската енергетска заедница, Јанез Копач  реагираше веднаш по најавата за одлагање на  либерализацијата на пазарот на електрична енергија во земјава. Во писмо упатено до министерот за економија Беким Незири,тој предупреди на последиците со кои ќе се соочи земјава. 

 

„Ако овој предлог-закон се усвои, Секретаријатот на Енергетската заедница ќе покрене постапка против Македонија за прекршување на процедурата веднаш штом ќе помине крајниот рок за целосна либерализација на пазарот на 1 јануари 2015 година. Шокиран сум од оваа одлука, затоа што ние воопшто не бевме информирани, и покрај партнерството кое го потпишавме со Министерството за економија и со Регулаторната комисија за енергетика во 2011 година. Објавата на одлуката беше направена на истиот ден кога Европската комисија го објави извештајот за напредокот за земјата-кандидат за членство во ЕУ. Верувам дека ова не е случајност. Ако овој предлог-закон се објавеше порано, верувам дека оценката во извештајот за Македонија во делот за енергетика ќе беше сосема поинаква“, пишува  Копач во писмото.

 


Подготви: Р.И.М

 
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

]]>
true
<![CDATA[Транспорт: Не се чепка во сопственоста]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154269/Transport-Ne-se-chepka-vo-sopstvenosta http://www.plusinfo.mk/vest/154269/Transport-Ne-se-chepka-vo-sopstvenosta 2014-10-13 15:53:04
Министерството за транспорт и врски реагира на прес-конференцијата на СДСМ во врска со измените и дополнувањата на Законот за градење.

 

„Ја информираме јавноста дека измените во Законот за градење се однесуваат пред сé на инфраструктурни градби и истите се предложени со цел забрзување постапката за нивно реализирање за доброто на граѓаните. Со овие измени се олеснува постапката за добивање одобрение за градење за градби од јавен интерес, за кои често се чекаше со години да се решат имотно-правните односи и тие остануваа нереализирани“, пишува во реакцијата на Транспорт. 

 

Оттаму велат дека не е точно дека се одзема сопственоста доколку дел од земјиштето е во приватна сопственост.


„Сопственоста е загарантирана со Устав, а за проекти од јавен интерес се спроведува постапка за експропријација согласно законската регулатива во Република Македонија и предвидено е дека доколку има приватни сопственици истите да бидат обештетени“, додаваат од Министерството.


Оттаму додаваат дека овие измени не се однесуваат на изградба на споменици за кое има дефинирано посебна постапка. 

 



Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[Оранжериите бараат пониска цена за геотермалните води]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154262/Oranzheriite-baraat-poniska-cena-za-geotermalnite-vodi http://www.plusinfo.mk/vest/154262/Oranzheriite-baraat-poniska-cena-za-geotermalnite-vodi 2014-10-13 15:29:37 Пониска цена за користење на геотермална вода, повисоки субвенциии и нивна навремена исплата, како и регулирање на статусот на земјиштето каде што се изградени оранжериите, бараат од Групацијата за оранжериско производство при Стопанската комора.

 

- Бараме да не се изедначува цената на користење геотермални води со онаа на мазутот. Мазутот се обезбедува од увоз и неговата цена се формира врз основа на берзанската. Геотермалните води како домашен производ треба да имаат поинаква цена, која се формира врз основа на локални услови и по други критериуми. Тоа ќе придонесе да се создадат услови за замена на мазутот со домашен ресурс кој ќе биде и поевтин за оранжериите - вели претседателот на Групацијата за оранжериско производство при Стопанската комора, Бранко Балтовски.

 

Според податоците на групацијата, од 2008 година до 2013 година цената на мазутот се зголемила за 249 отсто.

 

Греењето, вели Балтовски, е причина што замре оранжериското производство и сега функционира како пластеничко. Производите веќе не се извезуваат, а домашниот пазар во зимските месеци и рано напролет се снабдува со увезени раноградинарски производи.

 

- За производство на еден килограм домати, во зимските месеци, оранжериите трошат еден килограм мазут и еден кубик термална вода од 78 степени. Цената на доматите просечно е 40 денари. Иста е цената и на мазутот и геотермалната вода, што значи дека од продадените количини на домати, оранжериите во сегашни услови обезбедуваат пари само за покривање на трошокот за греење. Ништо не останува за семенски материјал, ѓубрива, заштитни средства и друг репроматеријали - вели Балтовски.

 

Од Групацијата за оранжериско производство се жалат дека висината на субвенциите кои ги добиваат од државата покрива само четири дена греење во зимските месеци.

 

- Почнувајќи од декември до февруари, оранжериите трошат по 250 илјади денари дневно. Оранжериите добиваат субвенции од еден милион денари што покрива само греење за четири дена - појаснува Балтовски.

 

Сопствениците на оранжериите тврдат дека со години не можат да ги легализираат објектите оти не е регулираното земјиште на кое се подигнати објектите.

 

- Оранжериите се изградени со сите дозволи, но се третираат како дивоградби кои тешко можат да се легализираат поради неможноста да се регулира земјиштето на кое, се подигнати. Затоа е и нашето барање министерството за транспорт и врски да се заложи за измени на законите со кои ќе се овозможи легализирање на објектите и земјиштето - појаснува Балтоски.





Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

]]>
true
<![CDATA[Технома, Транспорт и логистика и Макинова од утре на Скопски саем]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154256/Tehnoma-Transport-i-logistika-i-Makinova-od-utre-na-Skopski-saem http://www.plusinfo.mk/vest/154256/Tehnoma-Transport-i-logistika-i-Makinova-od-utre-na-Skopski-saem 2014-10-13 15:06:31 Околу 400 домашни и странски компании ќе се претстават на 40. издание на Меѓународниот саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита – Технома 2014, што ќе се одржува од утре до 18 октомври на Скопски саем. Истовремено ќе бидат отворени и специјализираната саемска манифестација Транспорт и логистика, 15. Меѓународен саем на занаетчиство и мало стопанство и 35. Меѓународна изложба на иновации – Макинова.

 

Во фокусот на Технома 2014 година ќе биде енергетиката, а ќе бидат претставени најновите достигнувања во областа на технологијата и меѓународната размена. Најавени се организирани национални претставувања. На свои штандови ќе се претстават 15 компании од Унгарија и девет од Австрија.

 

Третото издание на Саемот за транспорт и логистика, пак, ќе обедини дваесетина големи домашни и странски компании, пристаништа, железници, транспортни асоцијации, логистички центри, терминали и царински складишта, производители на транспортни возила и системи. На внатрешен изложбен простор од 1.500 метри квадратни во Метрополис арената на Скопски саем ќе се претстават транспортни и логистички компании и асоцијации од Македонија, Германија, Австрија, Швајцарија, Шведска, Словенија, Грција и Албанија. На надворешниот изложбен простор на површина од 700 метри квадратни е најавено претставување на импортерите на товарни возила Cargomax-Iveco, ДМ Транс, MAN Импортер Македонија и Олимпија Моторс.

 

На изложбата на пронајдоци, според најавите од Скопски саем, македонските иноватори ќе се претстават со 76 иновативни решенија од различни области. Ќе бидат претставени и 20 иновативни решенија на автори од асоцијации од БиХ, Србија, Хрватска и Бугарија. Организатор е Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија. Ќе се одржат и работилници со едукативен и информативен карактер за начините за заштита на идустриската сопственост, но и за можоста за финансирање на пронајдоците и иновациите на македонските иноватори од домашни фондови и за можностите за аплицирање на проекти во меѓународните фондови.

 

Комората на занаетчии од Скопје ќе ги претстави компаниите кои се занимават со проблемите на обновливи извори на енергија, особено во делот за искористување соларна енергија.

 

Отворањето на саемот е најавено за утре во 11 часот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Бочварски: Власта прави упад и во правото на сопственост]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154254/VIDEO-Bochvarski-Vlasta-pravi-upad-i-vo-pravoto-na-sopstvenost http://www.plusinfo.mk/vest/154254/VIDEO-Bochvarski-Vlasta-pravi-upad-i-vo-pravoto-na-sopstvenost 2014-10-13 15:01:05


Со измените во Законот за градба, што набрзина ги усвои пред само неколку дена, власта го загрозува уставно загарантираното право на сопственост на граѓаните и прави уште еден упад во ингеренциите на локалната власт, изјави Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски во СДСМ.



- Во членовите 5 и 6 од Законот, власта предвидува за објекти на државни органи, агенции или фондови основани од Владата, одобрение за градење да се издава без решени имотно - правни односи. Овие објекти ќе може да добијат одобрениe за градба со давање изјава дека имотно - правните односи ќе се решат во иднина. Со оваа одредба во Законот власта го загрозува уставно загарантираното право на сопственост. Сопственикот, граѓанинот, власта го става во подредена положба. На мала врата посега по неговиот личен имот - вели Бочварски.



Тој посочува дека во членот 4 се дава можност министерот за транспорт и врски да може да издаде одобрение за градење за сите објекти што се финансирани со средства од Буџетот на РМ.


- Со зголемувањето на ингеренциите на министерот се врши повторна централизација во Република Македонија. Потсетуваме дека една од клучните забелешки во Извештајот на Европската комисија беше контролата на власта врз институциите на централно и на локално ниво - додава Бочварски.

 

Тој открива дека со членот 9 се врши директен упад на власта во локалните самоуправи, односно општините на територијата на Град Скопје. 

 

- За изведување на градбите, односно поставување на опремата, а овде меѓу другото спаѓаат споменици и спомен обележја, инвеститорот сега ќе треба да поднесува барање  и до градот Скопје, а не како досега само до општината на чија територија се наоѓа. Измените и дополнувања во Законот за Градба се чекор назад за правата на граѓаните - додава Бочварски. 





Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[Агенцијата McCann најуспешна на фестивалот „Golden Drum“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154234/Agencijata-McCann-najuspeshna-na-festivalot-Golden-Drum http://www.plusinfo.mk/vest/154234/Agencijata-McCann-najuspeshna-na-festivalot-Golden-Drum 2014-10-13 13:30:03
На фестивалот „Golden Drum“ агенциската мрежа McCann за централна и источна Европа, во чии рамки работат и агенциите во составот на I&F McCann Grupa, е прогласена за најдобар комуникациски систем во овој дел на Европа. За освојувањето на ова значајно признание придонеле и агенциите McCann Белград и McCann Тирана кои работат во рамките на I&F McCann Grupa освојувајќи една златна (Golden Drum) и две сребрени награди (Silver Drum).


- Наградата која McCann ја доби за најдобра агенциска мрежа во централна и источна Европа е само потврда за квалитетот на работата на сите McCann агенции. Горд сум што кон тој успех придонесоа и 
агенциите McCann Белград и McCann Тирана освојувајќи награди на „Golden Drum“ фестивалот. Нашата визија е да бидеме најпосакуваниот комуникациски партнер и покрај најдобрата услуга да бидеме агенција чии кампањи се препознатливи по својата креативност - рече по повод овој успех Срѓан Шапер, основач на I&F McCann Grupa.



Кампањата „Драма во такси“ која агенцијата McCann Белград ја направи за Југословенскиот драмски театар освои златна награда (Golden Drum) во категоријата филм (ТВ, кино и онлајн) и сребрена награда (Silver Drum) во категоријата на директни кампањи.


Агенцијата McCann Тирана, која исто така работи во рамките на I&F McCann Grupа, освои сребрена награда (Silver Drum) во категоријата настани, за кампањата „Ги почитуваме и живите“ посветена на подигнување свесност за безбедност во сообраќајот и е прва агенција од Албанија која добива награда на “Golden Drum”.


Фестивалот „Golden Drum“ во Порторож е еден од најважните фестивали за рекламирање во овој регион на кој традиционално учествуваат најдобри светски агенции. Оваа година се одржа јубилејното дваесет и 
прво издание во организација на Словенечката огласувачка комора. На фестивалот учествуваа 30 агенциски мрежи  и 291 агенции од 24 држави кои вкупно пријавија 1220 трудови.


„I&F McCann Grupа“ е една од водечките комуникациски мрежи во југоистична Европа која успешно работи во осум земји: Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска, Словенија и Бугарија. На меѓународните, регионалните и локалните клиенти им обезбедува најквалитетни стратешки и креативни решенија за развој на нивните брендови, преку сите канали на комуникација. 


Агенциите кои работат во рамките на „I&F McCann Grupа” се дел „McCann Worldgroup“ (www.mccannworldgroup.com), една од најголемите меѓународни мрежи која денес работи со повеќе од 120 земји во светот, со традиција долга 111 години и која работи во рамките на „Interpublic Group (IPG)“ (www.interpublic.com), најстарата американска мултинационална комуникациска корпорација со седиште во Њујорк.



Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо



]]>
true
<![CDATA[Фискални со ГПРС уред вовеле само 1600 фирми]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154230/Fiskalni-so-GPRS-ured-vovele-samo-1600-firmi http://www.plusinfo.mk/vest/154230/Fiskalni-so-GPRS-ured-vovele-samo-1600-firmi 2014-10-13 13:17:46 Само 1.653 мали фирми, бензиски пумпи и угостителски објекти досега вовеле фискални каси со ГПРС уред, обврска што им се наметна со последните измени на Законот за  готовинско плаќање, соопшти денеска Управата за јавни приходи (УЈП).

 

- Преостанатите 7.000 даночни обврзници имаат уште 15 дена да ја завршат обврската. До крајот на октомври фискални каси со ГПРС уред  треба да воведатвкупно  8.900 даночни обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзниците кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи)- изјави портпаролот на УЈП , Весна Новаковиќ.

 

До крајот на месецов, според Новковиќ, преку системот на УЈП на дневна основа треба да се регистрираат над 450 фискални апарати.

 

Доколку фирмите кои се обврзани да воведат фискални каси со ГПРС уред, не го сторат тоа до крајниот рок 31.10.2014 година, ќе се сооќат со парична казна и  времена мерка затворање на фирмата.  

 

Преостанатите фирми имаат рок до 31 јануари 2015 година да воведат фискални каси со ГПРС уред. 



 Подготви: Р.И.М

 
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

]]>
true
<![CDATA[Прв саем за вработување утре во СЦ „Борис Трајковски“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154219/Prv-saem-za-vrabotuvanje-utre-vo-SC-Boris-Trajkovski http://www.plusinfo.mk/vest/154219/Prv-saem-za-vrabotuvanje-utre-vo-SC-Boris-Trajkovski 2014-10-13 11:55:19 Саем за Вработување од утре за прв пат, од 10 до 17 часот, ќе се одржи во Македонија.

 

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе бидат присутни над 80 компании, кои ќе имаат свое претставување пред граѓаните.

 

Саемот го организира Агенција за Вработување на Република Македонија, која соошти дека верува дека на овој начин ќе се помогне при доближувањето на компаниите до граѓаните, и преглед на  побарувачката и понудата на пазарот на труд.

 

Организаторот информира дека заинтересираните треба со себе да понесат CV во печатена форм, кое ќе го оставаат во поставените кутии за резимеа.

 

 

Подготви Ј.А.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Вултепси: Грција е на пат да излезе од договорот за штедење]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154210/Vultepsi-Grcija-e-na-pat-da-izleze-od-dogovorot-za-shtedenje http://www.plusinfo.mk/vest/154210/Vultepsi-Grcija-e-na-pat-da-izleze-od-dogovorot-za-shtedenje 2014-10-13 11:16:34 Грција е на пат да излезете од меморандуми без влијание на фискалните бројки или зголемување на долгот и дефицитот, изјави денеска портпаролката на грчката Влада во Софија Вултепси.

Во врска со преговорите со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), таа беше воздржана.

- Мораме да продолжиме со нашата сопствена програма, која нема да биде програма за внимателно следење на она што сме го направиле до сега, рече Вултепси.


Според неа, Грција треба да испрати порака во светот и на пазарите дека се враќа во претходната состојба, и не смее да се одолговлекува со тоа.

 

ИЗвор:МИА

]]>
true
<![CDATA[Русија ги зголемува златните резерви]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154198/Rusija-gi-zgolemuva-zlatnite-rezervi http://www.plusinfo.mk/vest/154198/Rusija-gi-zgolemuva-zlatnite-rezervi 2014-10-13 10:28:40 Русија последните пет месеци го зголеми откупот на злато на светскиот пазар и ги пополни златните резерви, пишуваат руските медиуми.

 

Вкупната количина на златни резерви во Русија на крајот на август, според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, изнесувала 1112,5 тони, што е за 77 тони повеќе отколку во јануари, со што ги надмина Кина и Швајцарија.

 

Повеќе златни резерви од Русија имаат само САД (8,100 тони), Германија (3,300 тони), Италија (2,450 тони) и Франција (2,435 тони).

 

Русија со откуп на злато се занимава веќе неколку години, започнувајќи од кризата во 2008 година, и сето тоа го прави без многу публицитет.

 

Според медиумите, 70 отсто од резервите на Русија се во долари и евра.

 

Според мислењето на експертите, со зголемувањето на уделот на златото во вкупните резерви, Банката на Русија го намалува уделот на американскиот долар и еврото. 

 

Подготви:Р.И.М

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо 

]]>
true
<![CDATA[Денеска истекува рокот за пријавување за отпис на долгови]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154194/Deneska-istekuva-rokot-za-prijavuvanje-za-otpis-na-dolgovi http://www.plusinfo.mk/vest/154194/Deneska-istekuva-rokot-za-prijavuvanje-za-otpis-na-dolgovi 2014-10-13 10:12:46 Крајниот рок за граѓаните да се пријават за искористување на мерката за отпис на долгови истекува денеска во 16.30 часот. Апликациите треба да се предадат во Центрите за социјална работа низ Македонија.

 

Право на отпис надолговите имаат лицата кои припаѓаат на социјално ранливи категории за долгови направени до 31 декември 2013 година, кои се однесуваат на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити, како и долгови за радиодифузна такса.

 

Постапката за пријавување на граѓаните започна на 18 август. Досега се поднесени над 36.000 барања. 

 

Подготви:Р.И.М

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

]]>
true
<![CDATA[Грција преговара со ММФ за прекин на финансиската помош]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154188/Grcija-pregovara-so-MMF-za-prekin-na-finansiskata-pomosh http://www.plusinfo.mk/vest/154188/Grcija-pregovara-so-MMF-za-prekin-na-finansiskata-pomosh 2014-10-13 09:39:52 Грција почна преговори за прекин на програмата за помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), но ММФ ќе продолжи да ги извршува редовните контроли и по завршување на програмата, изјави неименуван претставник на грчкото Министерство за финансии.

 

- Се е на маса. преговорите почнаа. ММФ е позитивно расположен, бидејќи верува дека придонел за напредокот на Грција - истакна грчкиот извор.

 

Тој по средбата со шефицата на ММФ, Кристин Лагард наведе дека ММФ ќе продолжи со контролата.

 

 
Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Почна обесштетувањето на штедачите на ТАТ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154185/Pochna-obesshtetuvanjeto-na-shtedachite-na-TAT http://www.plusinfo.mk/vest/154185/Pochna-obesshtetuvanjeto-na-shtedachite-na-TAT 2014-10-13 09:30:30

Повеќе од 6.000 штедачи во наредните неколку дена ќе добијат по 1 отсто од своите признати штедни заштеди, кои ги изгубија по пропаѓањето на штедилницата и менувачницата ТАТ Битола, која банкротира пред 17 години, во 1997 година.

 

По продажбата на златото и златниот накит на Соња Никoловска, кој со правосилна судска пресуда  им беше доделен на штедачите, за нешто повеќе од 150.000 евра и со средствата од продажбата на хипотеките стечајниот управник на ТАТ, Душко Јанкуловски и стечајниот судски совет  донесоа одлука да им  исплатат на „татовци“ по 1 отсто од штедните влогови.

 

Иако ваквото обештетување е минимално, сепак ги израдува штедачите на ТАТ, а посебно штедачите со повисоки штедни влогови.

 

За обештетување на штедачите ќе бидат издвоени над 15 милиони денари, а со ова обештетување ќе бидат опфатени над 6.000 штедачи.

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Прентовиќ: Власта им должи субвенции на земјоделците за 2012 и 2013 година!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154151/VIDEO-Prentovikj-Vlasta-im-dolzhi-subvencii-na-zemjodelcite-za-2012-i-2013-godina http://www.plusinfo.mk/vest/154151/VIDEO-Prentovikj-Vlasta-im-dolzhi-subvencii-na-zemjodelcite-za-2012-i-2013-godina 2014-10-12 14:47:01 Претседателката на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, Татјана Прентовиќ денеска на прес конференција посочи дека  поради погрешните аграрни политики на владата на премиерот Никола Груевски, земјоделството во Македонија е во криза, а земјоделците се на големи маки.

 

- Владата на Груевски се обврзa дека субвенциите ќе ги исплаќа според „календарот на субвенции“. Но, на голем дел од земјоделците власта се уште ги нема исплатено субвенциите за 2012 и 2013 година иако законскиот рок за исплата одамна е поминат. Во која година застана времето во Министерството за земјоделство? Или се чека некој нов заем за задолжување на идните генерации? Тутунарите не само што ги немаат добиено ланските субвенции туку Власта нема решение ниту за проблемот што токму таа го создаде, а тоа е вишокот тутун.   И сточарите се оставени сами на себе. Болеста „Син јазик“ зафати околу 30.000 животни од кои 7.000 угинаа. Токму поради неагилноста на институциите сточарите се уште претрпуваат штета во своите стада. Мерките на Владата се задоцнети а не се исплатени ниту обврските кон сточарите за изминатите 2 години. Дополнително, во предлог Буџетот за 2015 година Владата ја намалува сумата за субвенции за над 2 милиони евра - вели таа.

Прентовиќ додаде дека стандардот на земјоделците опаѓа а огромен  број  села се уште немаат пристапен пат по кој може нормално да се стигне, нема обезбедена чиста и безбедна вода за пиење, нема канализиација.

- Насушна потреба на македонското земјоделство се и системите за наводнување. Но владата наместо да гради акумулации и системи за наводнување, таа гради споменици и милионски тркала во Скопје. 
Водостопанството на Република Македонија е во потполн хаос. Најголем дел од мрежата на водостопански субјекти не постојат, се изгаснати, а објектите и хидросистемите се оставени на милост и немилост. 
Ова Влада не смогна сили да обезбеди минимална одржливост на постојните хидросистеми. Најавеното формирање на Акционерско друштво за управување со водите за наводнување нема да ги реши проблемите. Дополнително што не соодветствува со фактот дека водите се природен ресурс, кој според Уставот се добро од општ-јавен интерес и им припаѓа на сите граѓани. Давањето на дивечот под концесија е апсурден и го нема во ниедна друга земја во Европа. Прво се избира најдобар понудувач, a потоа во рок од 60 дена се разгледуваат материјално-техничките можности за вршење на дејноста ловство. Нелогично е прво да се донесе одлука без претходно да се разгледаат овие параметри. На тој начин, концесијата ја добиваат само лица што имаат пари а немаат стручност и ловостопански објекти - објасни таа.

Прентовиќ предупреди дека проблемите во земјоделството допрва ќе се зголемуваат.

- Цените на ѓубривата, семенскиот материјал и нафтата се значително зголемени а животниот стандард на земјоделците е во постојан пад. Речиси кај сите земјоделски гранки е забележливо намалување на посеаните површини што ќе значи и пад на произвдството. Како резултат на погрешната аграрна политика годишно се намалуваат над 7.500 хектари земјоделска површина а наводнуваните површини се намалени за 36%. Иселувањето од руралните средини продолжува. СДСМ ја дели загриженоста со земјоделците. Повикуваме Владата на Никола Груевски: Навремено да ги исплаќа субвенциите, согласно законскиот рок.  За остантите неисплатени субвенции за 2012 и 2013 година да предложи сериозен финансиски план за исплата во наредните 3 месеци. Откако тоa ќе го направи, потоа да почне да ги исплаќа субвенциите според „календарот на субвенции“ односно со динамика, кога им се најмногу потребни на земјоделците – мерка што СДСМ ја предложи во последната изборна програма - рече таа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[Јанакиески: Или Љубчо Георгиевски ќе го гради хотелот во барок, или го раскинуваме договорот!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154134/Janakieski-Ili-Ljubcho-Georgievski-kje-go-gradi-hotelot-vo-barok-ili-go-raskinuvame-dogovorot http://www.plusinfo.mk/vest/154134/Janakieski-Ili-Ljubcho-Georgievski-kje-go-gradi-hotelot-vo-barok-ili-go-raskinuvame-dogovorot 2014-10-12 12:24:19 Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во интервју за МИА вели дека од медиумите дознал дека купувачот на една од локациите за изградба на барок-хотел под Кале е поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.
- Кај нас, на јавно наддавање лице со тоа име и презиме не учествувало, а за локацијата за која станува збор најповолен понудувач беше фирма со назив ГМ „Инвест Груп“ од Струмица, а според податоците од Централен регистар основач на оваа фирма е фирмата „Едилха“ од Струмица, каде како управител се јавува лицето Ѓорѓи Мицковски. Станува збор за локација во центарот на Скопје, предвидена за изградба на хотел и досега уште не се уплатени средствата согласно постигнатата крајна цена од електронското јавно наддавање, но во тек е рокот од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да се уплатат - вели Јанакиески во интервју за МИА.


Георгиевски за „Слободен печат“ изјави дека има намера да го започне хотелот во барок, но да го заврши во модерен стил пред истекот на крајниот рок за градба. Јанакиески, пак, е категоричен – условите предвидени во идејното решение кое е составен дел од конкурсот се задолжителни и промена не може да има.


- Инвеститорот со самото пријавување за учество во јавното наддавање ги прифаќа условите и ако не се придржува до истите следува раскинување на договорот. Според условите, хотелот треба да биде изграден во еден од стиловите на барок или класицизам. Пред издавање одобрение за градење, потребно е Комисија од Министерството за транспорт и врски да ја одобри фазата архитектура од основниот проект. Со оглед на тоа што станува збор за централно градско подрачје, целта ни е објектот да се вклопува во целината на објектите кои се градат или се предвидени за изградба на тој потег покрај кејот на Вардар. Единствен начин да се избегне обврската хотелот да се гради во тој стил е доколку не се потпише договор или истиот се раскине за што на горенаведената компанија ќе и се активира гаранцијата или ќе плаќа пенали, и има нова јавна објава без таа обврска, па да има повторно електронско јавно наддавање друг начин не постои - вели министерот за транспорт и врски.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

]]>
true
<![CDATA[Лукоил отвори бензинска пумпа во Кочани]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154095/Lukoil-otvori-benzinska-pumpa-vo-Kochani http://www.plusinfo.mk/vest/154095/Lukoil-otvori-benzinska-pumpa-vo-Kochani 2014-10-11 20:00:42 Руската компанија Лукоил отвори уште еден повеќенаменски комплекс со бензинска станица, маркет и паркинг за лесни моторни возила на западниот влез на Кочани, објави 24 Вести

Тоа е втора ваква инвестиција во брегалничкиот регион што ја реализираат Русите, а овој пат со домашната компанија „Бензински пумпи“ ДООЕЛ Кочани. 

На свеченоста по повод пуштањето во употреба на новата бензинска станица присуствуваа високи владини преставници на Руската Федерација и на Република Македонија, деловни соработници и претставници од бизнис секторот од државата и регионот. Присутните ги поздрави амбасадорот Олег Шечербак кој искажа задоволство од  унапредувањето на трговските, економските и други врски меѓу двете земји.

- Исклучително значајна улога во зачувувањето на соработката во оваа сфера игра една од водечките руски енергетски компании “Лукоил“ која на македонскиот пазар утврдува највисоки стандарди на квалитет, сигурност и на екологија, рече Олег Шчербак, амбасадор на Рудката Федерација во Македонија.

Директорот на претставништово на „Лукоил“ во Македонија рече дека со новата бензинска станица ќе се подобри снабдувањето на граѓаните со висококвалитетни горива.

Новата бензинска станица на „Лукоил“ во Кочани се простир ана површина од 2400 метри квадратни и овозможи вработување на петнаесетина млади луѓе од општината.


Фото: 24 Вести

Подготви: Г.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Директорот на „Србијагас“ под истрага]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154056/Direktorot-na-Srbijagas-pod-istraga http://www.plusinfo.mk/vest/154056/Direktorot-na-Srbijagas-pod-istraga 2014-10-11 13:13:54
Српското Обвинителство за организиран кримонал започна истрага против генералниот директор на претпријатието „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, врз основа на анонимна кривична пријава со која е обвинет за злоупотреба на службената положба, јави Танјуг.

Обвинителството му издало налог на српското Министерство за внатрешни работи да прибере информации и докази во врска со наводите од пријавата, со кои би се утврило дали постои основа за сомнеж за извршно кривично дело.

Бајатовиќ е потпретседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС) на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ и претседател на Покраинскиот одбор на СПС за Војводина. Тој е генерален директор на „Србијагас“ од 2008 година.

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[ЛП: Евтин владин трик е одложената либерализацијата на цената на струјата ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154040/LP-Evtin-vladin-trik-e-odlozhenata-liberalizacijata-na-cenata-na-strujata- http://www.plusinfo.mk/vest/154040/LP-Evtin-vladin-trik-e-odlozhenata-liberalizacijata-na-cenata-na-strujata- 2014-10-11 11:52:17 Либералната партија оценува дека одложувањето на либерализацијата на цената на струјата е последен во низата трикови со кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ се труди да одржи контролата врз економијата и да создава привид на политичко милосрдие кон граѓаните.


„Со одлагањето на либерализацијата цената на струјата за производството ќе остане висока, Владата продолжува да го поскапува македонското производство и да ја намалува конкурентноста на македонските компании. Со тоа, Владата на ВМРО-ДПМНЕ го спречува развојот на домашното производство и, последично, го дестимулира вработувањето во реалниот сектор. Одложувањето на либерализацијата на цената на струјата е спротивно и на одредбите од Атинскиот меморандум со чие потпишување државата ја презема таквата обврска.
Со сето ова во вид, одлагањето на либерализацијата на цената на струјата од Владата на ВМРО-ДПМНЕ го кочи економскиот развој и експлицитно го поништува владеењето на правото и правната сигурност на фирмите“, се вели во партиската реакција.



Подготви: Г.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Ставрески: Нашата економија е најдобра во регионот ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154025/Stavreski-Nashata-ekonomija-e-najdobra-vo-regionot- http://www.plusinfo.mk/vest/154025/Stavreski-Nashata-ekonomija-e-najdobra-vo-regionot- 2014-10-11 10:05:05 И по оценките на ММФ и по оценките на Светска банка, македонската економија е оценета како најдобра во регионот со највисок раст и годинава и за следната година. И тоа охрабрува бидејќи покажува дека политиките се добро поставени, пред се тоа се однесува на политиката на привлекување странски инвестиции и користење на тие инвестиции за креирање нови работни места и за зголемување на извозот на стоки од Република Македонија кон Европа и кон светот. Ова го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој учествува на редовните Годишни средби на ММФ и на СБ во Вашингтон, заедно со гувернерот на Народна банка на Македонија Димитар Богов.

Годишното заседание на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и на Светска банка (СБ), нагласи тој, е одлична можност да се сретнеме со раководството на овие две институции, со луѓето коишто ја гледаат состојбата со економијата во Македонија, да видиме како тие гледаат на нашата економија и да добиеме нивно видување за општите состојби во регионот, во Европа и во светот, што ќе ни биде корисно при правењето на идните проекции.

– И советот на овие институции кон сите земји е таму кадешто има простор, а Македонија е таква земја, со буџетот со буџетската политика да се поддржат капитални инвестиции што ќе креираат краток рок повисока економска активност, а на долг рок ќе овозможат да се зголеми конкурентноста на економијата преку изградбата на патиштата, како што ние го правиме во земјата, со изградбата на трите нови автопати, на пругата кон Бугарија, енергетски проекти, и комунални проекти и друга инфраструктура, рече вицепремиерот Ставрески.



Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Манчевски: Одложувањето на либерализацијата за струјата скапо ќе ги чини граѓаните]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153981/VIDEO-Manchevski-Odlozhuvanjeto-na-liberalizacijata-za-strujata-skapo-kje-gi-chini-gragjanite http://www.plusinfo.mk/vest/153981/VIDEO-Manchevski-Odlozhuvanjeto-na-liberalizacijata-za-strujata-skapo-kje-gi-chini-gragjanite 2014-10-10 15:44:39 Средните и малите фирми сега ќе плаќаат поскапа струја отколку големите фирми, што ќе повлече серија поскапувања, па на крајот товарот на поништувањето на либерализацијата на пазарот на електричната енергија ќе го платат граѓаните. Наместо да се градат скапи споменици, музеи и панорамски тркала, можеа да се прават енергетски објекти, со што ќе имаше поевтина струја за граѓаните, порача денеска Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

 

Тој рече дека поништувањето на либерализација на пазарот на струјата за малите и средните претпријатија не само што е прекршување на меѓународен договор, туку и ќе значи многу поголеми трошоци за бизнисите и ќе повлече зголемувања на цените на основните производи.

 

- Само ден по европскиот извештај, Владата на Груевски најави чекор што крши меѓународен договор чиишто потписнички се Македонија и  Европската Комисија. Одложена е либерализацијата на пазарот на електрична енергија за најмалку 5 години. Што значи ова? Голема е веројатноста да се качи цената на струјата што ја користат над 70.000 мали и средни претпријатија. Токму овие претпријатија, со либерализацијата требаше да добијат можност за поевтина струја. Одложувањето на либерализацијата ќе повлече и зголемувања на цените на основните производи. Фирмите, со либерализацијата ќе добиеја поевтина струја од 20 до 40 проценти. Тие сега плаќаат цена од 96,5 евра за мегават час. А големите компании што се веќе на слободниот пазар плаќаат за 20 евра пониска цена од малите и средни претпријатија, кои сега немаат избор. Од намалувањето на цената на струјата на малите и средни претпријатија корист ќе имаа токму граѓаните кои ги користат нивните услуги и производи - рече Манчевски.

 

Тој нагласи и дека власта се пофалила оти либерализацијата ќе донесе пониски цени, а во осумгодишното владеење цената на струјата на домаќинствата ја зголемила за 75 отсто.

 

Бидејќи знаеме дека ВМРО-ДПМНЕ се правда за одложувањето на либерализацијата со стравот од поскапување на струјата, ќе ги потсетиме: Еве изјава од пред два месеца од Регулаторната комисија за енергетика „Со либерализацијата не се очекува зголемување на цената на струјата!“. Еве изјава на директорот на Операторот на пазар на електрична енергија при МЕПСО од пред три дена „Новите учесници на пазарот, со реформата што се спроведува со целосна поддршка од Владата, ќе добијат можност да ги намалат своите трошоци за струја“. Како токму сега, кога завршува рокот за либерализација на енергетскиот пазар, власта се сети за наводно покачување на цената на струјата за 20 проценти? Власта на Груевски во осумгодишното владеење без либерализиран пазар им ја зголеми цената на струјата на домаќинствата за цели 75 проценти - рече Манчевски.

 

Тој ги повтори предлозите на СДСМ кои би ја намалиле цената на струјата.

 

- Да се врати евтината струја во текот на денот за домаќинствата, Владата да инвестира во енергетски објекти, наместо да гради споменици ,музеи и панорамски тркала,
Владата со закон да гарантира поголеми субвенции за домаќинствата кои нема да можат да ги подмират сметките за струја - потсети потпретседателот на СДСМ, обвинувајќи дека владата на Груевски нема издржана и реална енергетска политика.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Тевдовски: За малите и средни фирми во Буџетот да се издвојат милијарда денари]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153976/VIDEO-Tevdovski-Za-malite-i-sredni-firmi-vo-Bugzetot-da-se-izdvojat-milijarda-denari http://www.plusinfo.mk/vest/153976/VIDEO-Tevdovski-Za-malite-i-sredni-firmi-vo-Bugzetot-da-se-izdvojat-milijarda-denari 2014-10-10 15:34:06

Во Буџетот за 2015 година за поддршка на малите и средни претпријатија треба да се издвојат 1 милијарда денари, или 114 пати повеќе средства од она што го планира актуелната власт. Оваа сума може да се добие ако за 17 проценти се намалат буџетските ставки за патни и дневни расходи, договорни услуги, други тековни расходи, купување мебел, и изградба и реконструкции на згради за државните органи, изјави Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија денеска на прес конференција.



- Малите и средни претпријатија во Македонија не се во агендата на актуелната власт. Во предлог Буџетот на Република Македонија за 2015 година се предвидуваaт само 9 милиони денари или 146 илјади евра за поддршка на развојот на малите и средни претпријатија во земјава. Има ли некој што верува дека 146.000 евра ќе го придвижат развојот на овие фирми? Или домашните мали и средни претпријатија се единствено за полнење на државната каса преку даноци и казни? Додека странските фирми се привилегирани, од даночни ослободувања, па се до директна финансиска поддршка - прашува тој.



Во Македонија активно работат 70.859 мали и средни претпријатија, вклучително и микро претпријатија. 
За СДСМ, домашните мали и средни претпријатија се основата на развој на земјава. Тие, според нивната Програма, ќе бидат еден од столбовите на новата развојна стратегија на економијата.


Тевдовски наведе дека постојат многу региони во Европа (како на пример, Баден Витенберг) што успеале да постигнат значаен економски раст, преку развојот на малите и средни претпријатија. 


- Дополнително, последната економска криза покажа дека во земјите од ЕУ, малите и средни претпријатија се важен стабилизатор на ефектите од рецесијата, во споредба со големите претпријатија, бидејќи кај нив во време на криза бројот на отпуштените вработени е значително помал од оној на големите претпријатија - додаде тој.




Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[Француско-шпански конзорциум ќе ја дизијнира пругата кон Албанија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153969/Francusko-shpanski-konzorcium-kje-ja-dizijnira-prugata-kon-Albanija http://www.plusinfo.mk/vest/153969/Francusko-shpanski-konzorcium-kje-ja-dizijnira-prugata-kon-Albanija 2014-10-10 14:51:17 Француско-шпански конзорциум ( шпанска „Типса“ и француска „Луи Берже“) ќе го прави проект и дизајнот за изградба на пругата Кичево - Лин, поврзување со Албанија. Договорот за проектот со конзорциумот е потпишан, а неговата изработка треба да заврши за 22 месеци по што ќе почне постапката за избор на фирма која ќе ја гради пругата.

 

За изградбата на пругата Кичево – Лин, во должина од околу 60 километри, според првичните проценки на надлежните институции, се потребни околу 350 милиони евра, а изработката на проектите, треба да даде точен износ на инвестицијата.

 

Кичево-Лин е неизградениот дел од западната железничка траса  на Коридорот 8 кој ги поврзува Црното Море, Бугарија, Македонија, Албанија и Италија. На источниот дел од Коридорот 8 во тек се градежни активности за обнова и изградба на пругата  Куманово – Белјаковце. За комплетирање на тој дел е потребна изградба и на делниците Белјаковце – Крива Паланка и Крива Паланка – граница со Бугарија. Плановите се железничкиот дел од Коридорот 8 да биде завршен до 2022 година.


Подготви: Р.И.М.  

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

 

]]>
true
<![CDATA[Скопската железничка станица со нов изглед во мај идната година ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153967/Skopskata-zheleznichka-stanica-so-nov-izgled-vo-maj-idnata-godina- http://www.plusinfo.mk/vest/153967/Skopskata-zheleznichka-stanica-so-nov-izgled-vo-maj-idnata-godina- 2014-10-10 14:32:17 Градежните работи за рехабилитација и надоградување на Железничката станица во Скопје ќе завршат во мај идната година, соопшти денеска директорот на „МЖ Инфраструктура“ Ирфан Асани, за време на увидот на градежните активности.

 

- Станицата низ која дневно поминуваа по 70 воза и околу 7.000 патници со својот специфичен изглед и градба претставуваше врв на архитектурата за времето во кое е изградена. Од тогаш немало ниту еден поголем инвестициски зафат, а сегашните активности ќе придонесат за враќање на нејзиниот сјај - рече Асани.

 

Проектот, за реновирање на железничката станица, како што рече, го изготви германската фирма „Гронтмеј“, а реализацијата ќе чини 2,9 милиони евра, обезбедени од ЕУ преку ИПА фондовите.

 

Предвидена изградба на два нови лифта за качување на патниците на пероните, нов лифт платформа за лица со инвалидитет и за патници со поголем багаж, подигнување на нивото на постоечките перони за 55 сантиметри, односно на ниво на платформата на вагонот.

 

Ќе има нов информациски систем и систем за разглас, електронски систем за влез во станицата, приспособување на паркинг просторот, подобрување на осветлувањето и  климатизацијара, изработка на специјални ребрасти патеки за слепите лица, како и звучни сигнали.

Подготви: Р.И.М.  

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

 

]]>
true