Вести од рубриката: КЛИК http://www.plusinfo.mk/style/images/logo.jpg +Инфо http://www.plusinfo.mk http://www.plusinfo.mk RSS вести од рубриката: КЛИК 2014-10-15 13:54:51 en-us <![CDATA[Гугл ги брише непожелните лични податоци на Eвропјаните]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154506/Gugl-gi-brishe-nepozhelnite-lichni-podatoci-na-Evropjanite http://www.plusinfo.mk/vest/154506/Gugl-gi-brishe-nepozhelnite-lichni-podatoci-na-Evropjanite 2014-10-15 13:54:51 Компанијата Гугл ја објави својата статистика за бришењето на податоците од пребарувачот како дел од нивната обврска наметната со новите регулативи на Европската унија.

 

Во склоп на најновиот извештај за нивната транспарентност, Гугл ги објави податоците за опцијата „Право на заборав“, со која секој жител на ЕУ има право да побара да му се избришат лични или компромитирачки податоци од резултатите на пребарувачите. Ако барањата за бришење се оправдани и лични поднесени, Гугл е обврзан да ги отстрани од својата дата база, како и од својот кеш-систем кој што чува податоци и откако тие  ќе бидат избришани од оригиналниот сајт на кој што биле поставени.

 

Во извештајот стои дека од започнувањето на проектот „Право на заборав“ на 29 мај оваа година, компанијата примила 150.000 барања за отстранување на преку половина милион линкови од својот пребарувач.

 

Од барањата досега се прифатени 41,8 отсто и избришани се повеќе од 170.000 непожелни линкови.

Подготви: В.С.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Фејсбук во офанзива за превенција на болести и за поддршка на пациенти]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154396/Fejsbuk-vo-ofanziva-za-prevencija-na-bolesti-i-za-poddrshka-na-pacienti http://www.plusinfo.mk/vest/154396/Fejsbuk-vo-ofanziva-za-prevencija-na-bolesti-i-za-poddrshka-na-pacienti 2014-10-14 15:46:59 Фејсбук вчера објави дека ќе се приклучи на се поголемиот број на технолошки компании кои вложуваат во пазарот на софтвер и социјално вмрежување наменети за заштита на здравјето и за вмрежување на пациенти.

 

Според Ројтерс, после сличните апликации на Епл, Apple's Healthkit и на Гугл, Google Fit , Фејсбук размислува за создавање „Заедници на поддршка“ на интернет, кои ќе ги поврзуваат корисниците на социјалната мрежа кои боледуваат од различни болести. Исто така се размислува и за создавање апликации кои ќе овозможат превенција на болести и подобрување на животниот стил на луѓето.

 

Во изминатите  неколку месеци, компанијата Фејсбук имала голем број состаноци со медицински лица и доктори специјалисти. По разговорите отвориле посебен оддел за истражување и развој на медицински апликации.


Фитнес уредите и апликациите за здравствени услуги се пазар којшто расте со огромна брзина, но бројот на целосно оперативни и тестирани апликации е се уште многу мал.

 

Подготви: В.С.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Нокиа ја затвора последната фабрика за мобилни во нејзина сопственост]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153955/Nokia-ja-zatvora-poslednata-fabrika-za-mobilni-vo-nejzina-sopstvenost http://www.plusinfo.mk/vest/153955/Nokia-ja-zatvora-poslednata-fabrika-za-mobilni-vo-nejzina-sopstvenost 2014-10-10 13:28:39
Компанијата Нокиа на 1 ноември 2014 ќе ја затвори последната фабрика која не беше купена од Микрософт. Фабриката се наоѓа во градот Шенаиу, четврт град по големина во Индија.


Фабриката, позната под името Сриперумбудур не беше опфатена со договорот помеѓу Нокиа и Микрософт со кој северно-американскиот гигант го презема мобилниот оддел од финската Нокиа.


Причината поради која оваа фабрика не стана дел од Микрософт беа проблемите на Нокиа со индиските власти околу плаќање на даноците, па поради тоа Нокиа не можеше да ја стави оваа подружница во договорот. Место продажба, беше потпишан договор со кој Микрософт можеше привремено да го ја користи фабриката за свои потреби. 


Микрософт неодамна прати соопштение во кое се вели дека веќе нема потреба од овие погони, па Нокиа се одлучи за целосно затворање на одделот во Индија.


Компанијата Нокиа на 3 септември 2013 година, го продаде својот оддел за мобилни телефони на Микрософт за 5 милијарди евра.



 

Подготви: В.С.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[ХТЦ денеска во нов поход со моќна камера, нова серија телефони и нов софтвер за фотографии]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153855/HTC-deneska-vo-nov-pohod-so-mokjna-kamera-nova-serija-telefoni-i-nov-softver-za-fotografii http://www.plusinfo.mk/vest/153855/HTC-deneska-vo-nov-pohod-so-mokjna-kamera-nova-serija-telefoni-i-nov-softver-za-fotografii 2014-10-09 16:53:51 ХТЦ, еден од глобалните лидер во технолошките иновации и дизајн, денеска ќе навести нова ера на иновации и возбудлива нова насока за индустријата, со претставување пакет на иновативни производи за фотографирање. Менувајќи го изгледот на мобилната фотографија, HTC ќе ги лансира извонредната мала камера RE, целосно новата категорија на телефони HTC Desire Eye, унапредениот софтвер за фотографирање HTC EYE Experience и колаборативната видео едитинг заедница Zoe.

 

- HTC уште еднаш го менува начинот на кој луѓето размислуваат за технологијата. Во 1997 година им овозможивме на луѓето да ги остават дома своите лаптопи и да ги користат моќните смартфони со џебна големина. Денес правиме сличен скок нанапред. Правејќи комбинација меѓу извонреден хардвер и ненадминат софтвер, HTC одново го креира начинот на кој размислуваме за фотографирањето. Ве извлекуваме од местото зад визирот и ве носиме онаму каде што припаѓате, во срцето на активноста - вели Питер Чоу, главен извршен директор на корпорацијата ХТЦ.

 

Одново креирајќи го автоматското фотографирање, RE претставува мала рачна камера којашто ви овозможува природно да го снимите и целосно да го искусите моментот, преку видео и фотографија, без ништо да ви го попречи патот. Со извонреден и единствен цилиндричен дизајн, направен така што удобно да лежи в рака, RE има вграден сензор за фаќање (grip sensor) којшто моментално ја активира камерата при земање в раце и со тоа ја елиминира потребата од копче за вклучување. Со единственото копче за затворање на блендата се овозможува со еден допир да се направат фотографиите, а со подолго притискање да се снима видео, така што нема да го испуштите моментот со пребарување по режимите.

 

Со висока резолуција, сензор со 16 мегапиксели целосно HD (1080p) видео снимање, леќи со агол од 146 степени и можност за правење забавени снимки и time lapse снимки, RE ќе ги фати моментите онака како што досега не сте ги виделе. RE апликацијата има далечински визир којшто ви овозможува да направите извонредна снимка и да ја гледате активноста во живо на екранот на вашиот мобилен уред, или да преминете на албумот и приказот за репродуцирање (playback) за да се движите меѓу снимките и видеата коишто веќе се зачувани на камерата.

 

Апликацијата автоматски сè ќе зачува на телефонот или во „облакот“ така што нема да треба да се грижите дека ќе ви снема место и дека ќе испуштите некоја снимка. Покрај тоа, во иднина, RE ќе нуди видео репродуцирање во реално време на Јутјуб. RE апликацијата ќе биде достапна и на Android и на iOS, односно на верзиите Android 4.3 и нагоре и iOS 7 и 8.

 

Продолжувајќи го наследството на HTC за напредни иновации кај смартфоните, денеска корпорацијата ќе го презентира новиот врвен модел во класата на HTC Desire, HTC Desire EYE. Со една од најдобрите камери поставени на предниот дел од телефонот достапни денес на пазарот, и со софтвер којшто ве сместува во фокусот и во вашето најдобро издание, HTC Desire EYE ги фаќа големите и малите моменти од животот со совршена јасност. Со предна и задна камера со 13MP коишто се водечки на пазарот и коишто овозможуваат детален квалитет на фотографиите, со можности за зумирање, сечење и печатење, HTC Desire EYE е целосно опремен за оние коишто сакаат да прават извонредни фотографии, видеа и selfie. BSI сензорите фаќаат јасни фотографии, дури и во услови на слаба осветленост, а интелигентните двојни-LED блицеви на двете камери обезбедуваат извонредни, природни тонови при уште поголемо намалување на амбиенталната светлина.

 

Трите наменски микрофони го носат препознатливиот аудио квалитет на HTC на уште повисоко ниво, и обезбедуваат кристално јасен глас и видео повици без оглед на она што се случува околу вас. Комбинацијата на HTC BoomSound™ и извонредниот 5.2” Full HD дисплеј го прави HTC Desire EYE врвен мултимедијален придружник и совршен начин за гледање на вашите фотографии и видеа.

 

Впечатливиот, сјаен, двобоен, водоотпорен (до 30 минути на длабочина од еден метар), овој смартфон не е само елегантен, туку со него сигурно ќе го снимите вашето најдобро издание на наједноставен можен начин, со наменскиот клуч за фокус во два чекора, и снимањето со комфорен и моментален пристап до извонредни снимки, дури и само со една рака.

 

Со новите HTC EYE Experience и Zoe на HTC, со процесорот Qualcomm Snapdragon 801 и брзата 4G поврзаност, уредувањето и споделувањето на вашите најдобри снимки ќе биде лесно и едноставно, каде и да се наоѓате.  

 

Меѓутоа не е во прашање само хардверот. HTC EYE Experience го носи софтверот за мобилно фотографирање на ново ниво, со единствените карактеристики коишто ќе направат да бидете во вашето најубаво светло . Носејќи ги опциите video chat и conference call на сосема ново ниво на квалитет и на перформанси, функцијата следење на ликот на HTC EYE Experience ве чува совршено во фокусот во секој момент. Може да се следат и до четворица присутни во иста просторија, при што секој лик се сече и позиционира на екранот заради максимална јасност.  Уживајте во слободата и флексибилноста на сервисите како Skype без да се грижите за тоа каде точно се наоѓате вие или вашите пријатели, зашто камерата ќе ве следи сите. 

 

HTC EYE Experience отвора нов свет на креативни можности, благодарејќи на новата функција Split Capture. Комбинирајќи ги истовремено фотографиите и видеата сликани со предната и задната камера во една фотографија или видео на поделен екран, креира ново selfie искуство, овозможувајќи ви да го документирате вашето патување и вашата реакција без да треба да се потпирате на thumbnail views. Crop-Me-In ги исекува фотографијата или видеото сликани со предната камера и ги вметнува во сцената сликана со главната камера, отворајќи можност за поекстремни и повозбудливи selfie и видеа. Оваа опција засега достапна само во  HTC Desire EYЕ.

 

Voice Selfie ја елиминира потребата од непријатни свиткувања на раката на тој начин што ви овозможува да сликате со едноставна команда. Едноставно насмејте се веднаш штом сте ја зазеле идеалната поза и вклучете го снимањето на видеото со командите „action” или „rolling”.

 

Во HTC EYE Experience исто така се вклучени и популарните функции на HTC Desire 820 како што се фузијата на лик, којашто ви овозможува соединување на вашиот лик со ликот на некој ваш пријател или славна личност за комплетно оригинален изглед, и функцијата Live Makeup, со помош на која можете да го изберете посакуваното ниво на измазнување на кожата и да го погледнете резултатот во реално време пред да биде сликана фотографијата.

 

Со новата апликација за видео едитирање Zoe сега можете лесно да направите ремикс од вашите фотографии и видеа, создавајќи извонредни клипови од најзначајните моменти со прекрасни теми и музика, коишто можат да се споделуваат. Овозможувајќи им на пријателите да прават ремикс на нивните содржини со вашите, Zoe создава привлечни видеа од најзначајните моменти во кои сите можат да уживаат и да ги споделуваат преку омилените социјални мрежи.

 

Zoe 1.0 внесува флексибилност, овозможувајќи куси, средни и долги Zoe-и коишто можат да се состојат само од неколку фотографии, или пак од цели серии видео клипови, благодарејќи на новиот софтвер за содржини којшто овозможува лесно прикажување на мал број клипови, па дури и поединечни клипови, на интересен, визуелно впечатлив начин.

 

Целосно интегрирајќи се со RE, Zoe видеата од највпечатливите моменти автоматски се генерираат и се подготвени за споделување. Нема потреба од едитирање ниту синхронизирање со вашето PC, едноставно подигнете ги со еден допир. 

 

Zoe 1.0 е предводник на новата генерација креативни социјална вмрежувања; сега е бесплатно достапен за Android, а подоцна годинава доаѓа за iOS.

 

(Комерцијален текст)

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Леново смартфоните официјално на македонскиот пазар]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153751/Lenovo-smartfonite-oficijalno-na-makedonskiot-pazar http://www.plusinfo.mk/vest/153751/Lenovo-smartfonite-oficijalno-na-makedonskiot-pazar 2014-10-08 21:09:51 Гигантот Леново официјално ги презентираше своите смартфони пред македонските корисници. Беа претставени сите осум модели кои ќе се продаваат на македонскиот пазар на ексклузивен настан кој помина под знакот на најновиот ексклузивен Lenovo Vibe Z2 Pro – премиум смартфон кој ги комбинира најсовремените мобилни технологии со импресивен дизајн. 

Македонија е една од првите земји во Европа на чијшто пазар ќе може да се најдат паметните телефони Lenovo. Експанзија на компанијата се случува во последните неколку години - доказ за тоа е дека Lenovo паметните телефони во светот направија голем раст и заедно со брендот Моторола се трети според пазарно учество, кое на глобалниот пазар изнесува осум отсто.

Водител на настанот беше популарниот ТВ и радио водител Димитар Атанасовски, кој заедно со екипата од Леново ги претстави паметните телефони пред македонската публика. Владимир Остојиќ, одговорен за Адриатик регионот, ги презентираше моделите Vibe Z2 Pro, Vibe X, S860, S850, S580, A536, A328 и A369i – широк спектар на модели со разновидни цени, наменети за сите корисници на мобилни телефони.Македонија е меѓу првите земји каде што Lenovo смартфоните официјално се претставени. Еден од факторите кој влијаеше на тоа е одличната професионална соработка со компанијата ТДК Компјутери. Во Македонија има добро развиен пазар за интернет технологијата и таа е и меѓу првите земји што работи со 4Г технологија. Од  друга страна, портфолиото на Lenovo за 4Г технологија е многу добро и затоа одлучивме да влеземе на овој пазар - изјави Владислав Иванов кој е претставник на Lenovo таблети и смартфони за Југоисточна Европа.

Смартфоните Lenovo ќе бидат достапни за граѓаните во салоните на мобилните оператори Вип и Оне, како и во сите доброопремени ИТ продавници на територијата на Македонија.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Кои се алтернативите на Фејсбук?]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153578/Koi-se-alternativite-na-Fejsbuk http://www.plusinfo.mk/vest/153578/Koi-se-alternativite-na-Fejsbuk 2014-10-07 15:30:00
Фејсбук и неговите инвазивни апликации многу често знаат да бидат кошмар за работењето на компаниите.
Таму, во денешно време, скоро и да не постои вработен во канцеларија кој не ја користи социјалната мрежа, а со експанзијата на смарт-телефоните, вкупниот број на корисници кој споделуваат слики, текстови, документи, песни и разноразни „сподели“ и „лајк“ спамови се мултиплицира во недоглед.

 
Со Фејсбук, приватноста на деловното работење е многу често нарушена, а тој ризик може да донесе загуба на важни информации или деловни тајни чие што јавно објавување нанесува штети кои многу често се ненадоместливи за компаниите и нивното реноме.


Некои од тие документи кои се споделуваат многу често содржат скапи бизнис информации, детали за фирмите и некои лични податоци кои би требало да останат во рамките на интерната мрежа, т.е. Интранетот. 


Постојат многу алтернативни интранет социјални мрежи, кои се исклучиво изработени за деловни корисници, со акцент на сигурноста и вклучени апликативни решениа кои ги штитат компаниите од несакан излив на информации во надворешниот свет на интернетот.


Овие алтернативи обезбедуваат неколку сигурносни решенија како на пример двојниот фактор (two-factor authentication) на проверка пред размена на податоци меѓу корисниците што е многу корисна практика за заштита на документи, како не би паднале во погрешни раце. Овие софтвери се инсталираат само на внатрешната мрежа во компаниите или на заштитена „cloud“ платформа. За уште поголема ефективност се иплементирани и алатки за пребарување на целосните компаниски архиви на податоци и вести. Со тоа се подобрува продуктивноста на вработените и се креираат групи за работа. Овие групи и алатки за пребарување ги користат како извор сервисите Box.net или Outlook кои ги прават сите информации од компанијата достапни од само еден главен портал. Со самото тоа, не е потребна посебна техничка поддршка за користење, како ни специјално веб програмирање, скратувајќи ги во многу нешта трошоците на фирмата.


Едни од најдокажаните интранет алтернативи за Фејсбук досега се „Jive” на Јivesoftware.com, „Yammer” на Yammer.com, „VMware SocialCast“ на Socialcast.com и „Tibbr“ на Tibbr.com.


Подготви: В.С.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо





]]>
true
<![CDATA[ Десетка со Виндоус]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153083/-Desetka-so-Vindous http://www.plusinfo.mk/vest/153083/-Desetka-so-Vindous 2014-10-03 12:38:48
Пред неколку дена, Мајкрософт, неочекувано, го прескокна бројот 9 и ја најави новата, 10. верзија од својот камен темелник, оперативниот систем Виндоус.


Никој не објасни зошто не се продолжи со бројот девет, земајќи предвид дека претходните верзии беа означени со 7 и 8, но можеби едноставно, Бил Гејтс ја смета деветката за баксузен број.


Виндоус 10 ќе биде универзален оперативен систем и ќе работи на широк спектар од уреди, почнувајќи од мобилни телефони, па се до масивни мултимедијални и корпоративни серверски решенија. Исто така, за новиот оперативен систем ќе постои единствена продавница за апликации, нешто како пресликана верзија на андроид апликацијата „Play Store“ од Гугл.


Според визуелниот изглед, Виндоус 10 изгледа како потентна мешавина од Виндоус 7 и 8, каде што Мајкрософт, слушајќи ги желбите на луѓето, се осврна кон своите корени и конечно го врати назад препознатливото копче „Старт“ на десктопот. Ова копче беше тргнато во Виндоус 8 кога во Мајкрософт се соочија со големо незадоволство од своите муштерии, па овој потег сигурно ќе им донесе поени кај нивните верни корисници кои што тогаш, поради Старт-от и многу други непопуларни новини, им го свртеа грбот и почнаа да користат други оперативни системи.

 

Пребарувачот што се појавуваше во Старт менито и користеше за локално пребарување на податоци, сега ќе пребарува и на интернет, како и на сите други мрежи со кои е поврзан уредот.


Корисниците на Виндоус 10 кои користат десктоп компјутери, ќе можат од продавницата за апликации да ги користат сите верзии на софтвер кои што не се направени за компјутер.


Сите апликации за другите уреди ќе бидат универзални за било која верзија на новиот Оперативен систем и корисниците ќе можат да ги користат во за нив, препознатливиот десктоп на Виндоус.
Новиот оперативен ситем е се уште во својата рана развојна фаза и е достапен за тестирање преку новиот систем Windows Insider Program преку кој се очекува да се вклучат огромен број на програмери.
Новиот Виндоус 10 ќе се појави во април 2015 година.



Подготви: В.С.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо




 

]]>
true
<![CDATA[Паметните табли стасаа и во Македонија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/152942/Pametnite-tabli-stasaa-i-vo-Makedonija http://www.plusinfo.mk/vest/152942/Pametnite-tabli-stasaa-i-vo-Makedonija 2014-10-02 12:47:11
Од неодамна и на македонскиот пазар за прв пат се понудени светски познатите паметни табли Smart Boards. Тоа е канадски производ кој го освои светот поради мултифункционалноста што ја нуди. Увозник и застапник за Македонија е компанијата „Унет“, која има долгогодишно искуство во интерактивни веб комуникации.  


Анета Антова Пешева, генерална директорка на „Унет“, објаснува дека Smart Board е иновација која веќе ги придвижува образованието, организациите и компаниите од целиот свет напред -  правец во кој треба да се движи и Македонија. 


- Олеснувањето на образованиот процес и корпоративните комуникации се клучни за развој и напредок, а овој продукт токму тоа го овозможува. Во сите видови на едукација и во секоја компанија, дијалогот и интеракцијата се основа за ефикасност и токму затоа сме убедени дека Smart Board е извонреден производ и за македонскиот пазар – истакна Пешева.



Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо




 

]]>
true
<![CDATA[Во Македонија 1,28 милиони интернет корисници и околу милион Фејсбук профили]]> http://www.plusinfo.mk/vest/152784/Vo-Makedonija-128-milioni-internet-korisnici-i-okolu-milion-Fejsbuk-profili http://www.plusinfo.mk/vest/152784/Vo-Makedonija-128-milioni-internet-korisnici-i-okolu-milion-Fejsbuk-profili 2014-10-01 12:27:18 Во Македонија интернет користат 1.281.000 лица или 61,2 отсто од вкупното население, покажуваат податоците на специјализираниот статистички веб-сајт Интернет ворлд стат.

 

Профил на социјалната мрежа Фејсбук имаат 963.000 македонски граѓани.

 

Во Европа интернет користат 566 милиони луѓе, фејсбук профили имаат 251 милион. Во светот, пак, има 2,81 милијарда интернет корисници, а 980 милиони регистрирани Фејсбук профили.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Фејсбук+IBM+Интел = Alibaba.com]]> http://www.plusinfo.mk/vest/152453/FejsbukIBMIntel--Alibabacom http://www.plusinfo.mk/vest/152453/FejsbukIBMIntel--Alibabacom 2014-09-29 08:50:00
Вредноста на кинескиот е-комерцијален гигант Алибаба од претходната недела достигна неверојатни 139 милијарди евра што е повеќе од вредноста на Амазон, Фејсбук, IBM и Интел заедно.


Компанијата, откако претходниот петок почна јавно да тргува на њујоршката берза, доживеа пораст на нејзините акции за 1/3 од нивната почетна цена со што ја надмина вредноста на неколкуте северноамерикански гиганти.


Алибаба нема измислено никаква нова и револуционерна технологија, ниту пак го креираа смартфонот или го кодираа пребарувачот на Гугл. Не направија ниту најдобар оперативен систем или пак имаат нешто со почетокот на онлајн продавниците. Но во светот на технологиите, иновациите не се случуваат само кај програмерите и развивачи на софтвери и апликации. Иновациите исто така се случуваат и кога сите тие технологии ќе ги споите во едно и ќе ги понудите на користење на што е можно поголем број луѓе.


Алибаба нема намера да застане тука, туку ќе продолжи да се развива бидејќи успехот на компанијата зависи исклучиво, од како што вели сопственикот и основач Џек Ма, нивната флексибилност и истрајност  во работата и секако среќата да се биде во центарот на најголемиот пазар во светот како кинескиот, кој што брои потенцијални 1,3 милијарди потрошувачи. 


- Кога имате 1 милион долари, тогаш можете да се сметате за среќен човек. Кога од тие 1 милион долари ќе направите 10 милиони тогаш веќе ви почнуваат проблемите. Но кога ќе имате 1 милијарда долари и повеќе тогаш веќе морате да почнете да бидете најодговорен што некогаш сте биле во животот – рече Џек Ма, на финансискиот форум во Њујорк, организиран од групата „Clinton Global Initiative“.


Алибаба стана мајстор за кинеската економија и никој не може веќе да каже дека со нивните 14 таканаречени експозитури кои се дел од Алибаба Групацијата, нема да го освои целиот свет како лидер во онлајн трговијата. Една експозитура која што е добро позната кај нас е секако „АлиЕкспрес“ (aliexpress.com), веб продавница која што по многу поволни цени врши испорака на целокупната понуда во Македонија.


Во многу области како телефонијата и пребарувачите во кои што гиганти како Гугл, Микрософт и Епл не успеаја на кинескиот пазар или се уште се обидуваат да го најдат клучот до пазарот со една милијарда потенцијални потрошувачи, Алибаба бележи незапирлив раст со своите ограноци. Секако, тука не смее да се заборави и поддршката која што ја добива Алибаба од кинеската влада со поедноставување на комплицираните административни процедури за своите фирми, со што Алибаба добива огромна предност за разлика од странците. Затоа, сите светски фирми кои што сакаат онлајн да работат со кинескиот пазар, прво се обраќаат до Алибаба групацијата, бидејќи знаат дека ќе заштедат многу пари ако ги прескокнат неколкуте административни пречки за онлајн бизнис кои што ги имаат странските фирми што се обидуваат да се наметнат како бизнис фактор во Кина.


Алибаба во овој момент има регистирано 302 милиони корисници на своите онлајн сервиси, што е на пример многу близу до вкупната бројка на население во САД, но само еден минијатурен дел од потенцијалниот кинески пазар.


Единствените технологиски и дигитални компании во светот кои вредат повеќе од кинеската Алибаба се добропознатите американски перјаници како Епл со вредност од 373 милијарди евра, Гугл кој што тежи 245 милијарди евра и Микрософт со вредност од 237 милијарди евра.

 


Подготви: В.С.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо




 

]]>
true
<![CDATA[Мартин Петровски направи најдобро селфи за Вип]]> http://www.plusinfo.mk/vest/152218/Martin-Petrovski-napravi-najdobro-selfi-za-Vip http://www.plusinfo.mk/vest/152218/Martin-Petrovski-napravi-najdobro-selfi-za-Vip 2014-09-26 14:04:12



Мартин Петровски е победник на изборот за најдобра летна селфи фотографија снимена со мобилен телефон за фановите на Фејсбук на операторот „Вип“, што се одржа во рамките на летната кампања „Like“ за бесплатен Фејсбук, соопшти компанијата. Победничката фотографија е поставена на три билборди во Скопје, а беше избрана од стручно жири меѓу вкупно 292 селфи фотографии.



- Среќен сум што мојата омилена селфи фотографија се наоѓа на билборд. Фотографијата е сликана во Ница, додека бев на апсолвентска екскурзија. Во фотографијата се стотина мои колеги и пријатели и како што може да се забележи е полна со позитивна енергија, нешто што за мене е основа за добра селфи фотографија, нешто поинакво од стандардното. Ги сакам оние фотографии кои кажуваат некоја приказна, пренесуваат чувство, или пак се сликани во вистинскиот момент и со вистинско друштво - изјави Мартин Петровски.


Во рамките на летниот Вип селфи натпревар беа доделени 4 паметни телефони SONY Xperia Z Ultra – за секоја од прво рангираните фотографии од  четирите циклуси и пригодни подароци за второ и треторангираните од сите 4 циклуси.Во исто време, поради големиот интерес и придобивките за припејд 
корисниците, Вип го продолжи времетраењето на промотивната понуда за бесплатен Фејсбук за своите припејд корисници, со што им овозможува  бесплатен Фејсбук на својот мобилен телефон во секое време, каде и да се наоѓаат во Македонија. 



Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Инспекција ќе ги штити македонските купувачи при интернет шопинг]]> http://www.plusinfo.mk/vest/152065/Inspekcija-kje-gi-shtiti-makedonskite-kupuvachi-pri-internet-shoping http://www.plusinfo.mk/vest/152065/Inspekcija-kje-gi-shtiti-makedonskite-kupuvachi-pri-internet-shoping 2014-09-25 14:24:15



Македонија за неколку години ќе биде лидер во он лајн заштитата на личните податоци на граѓаните, рече Арно Реијо, експерт за заштита на лични податоци, на денешната прес конференција во Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП).

 


Реијо, кое е и омбудсман за заштита на личните податоци на Финска, е од 23 септември во тродневна посета на Македонија, каде разменува искуства и практични примери со ДЗЛП. 


- Зголемување на ефикасноста во заштитата на личните податоци преку вршењето инспекциски надзор на ДЗЛП е главната цел на оваа експертска мисија, како и воспоставувањето правен однос за спроведување на оваа законска легислатива – појаснува директорот на ДЗЛП, Димитар Ѓеоргиевски, 
кој се надева дека нивната добра подготовка за донесувањето на Закон за он лајн инспекција, ќе овозможи без никаков застој, законот да биде изгласан во Парламентот.

 


Со учењето на лекциите од експертската мисија, ДЗЛП ќе биде прв орган од инспекциски надзор во Македонија која ќе може далечински или он лајн да врши инспекциска работа со што ќе се направат огромни заштеди на пари, заштеда во луѓе и време.

 


- Една од подолгорочните цели на овој проект ќе биде да се обезбеди доверба од европските и домашните потрошувачи во интернет продавниците. Ова секако подразбира многу ефективна инспекција и контролори, како и супервизиски надзор врз инспекцијата од независни тела и невладини организации, што ќе биде можеби и најголемиот показател на сигурност за парите на граѓаните при онлајн трансакциите – вели експертот Реијо.

 


ДЗЛП се надева дека со оваа иницијатива ќе се придонесе во афирмацијата на нивната заложба за стратешко зајакнување на гаранцијата за правото за заштита на личните податоци и правото на приватност гарантирано со Уставот на РМ во член 25.

 


Експертска мисија во ДЗЛП е финансирана од инструментот за предпристапна помош на Европската комисија, TAIEX. Овој инструмент, освен финскиот, го има применето и Францускиот орган за заштита на личните податоци CNIL, по промената на нивниот закон во март 2014 година. До сега тие имаат обезбедено услови за 200 он лајн инспекции.

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо





]]>
true
<![CDATA[„За“ и „против“ новиот Ајфон 6]]> http://www.plusinfo.mk/vest/151910/Za-i-protiv-noviot-Ajfon-6 http://www.plusinfo.mk/vest/151910/Za-i-protiv-noviot-Ajfon-6 2014-09-24 13:19:37
Ако веќе го користите Ајфон 5с од пред само една година и тоа задоволство ве чинеше окулу 45.000 денари (а ако сте го земале со договор сигурно сè уште го исплаќате) најверојатно би било паметно да почекате барем уште една година додека не се појави Ајфон 6с, кога се очекува, Епл да поправи барем половина од недостатоците, како на пример 8 мегапикселенниот фотоапарат (13 мегапиксели е веќе стандард кај конкурентите) кој и така веќе го имате на вашиот „стар“ Ајфон 5с. 


Големината на екраните кај новите уреди е нелогична, бидејќи смарт-телефоните првенствено беа создадени да се користат само со една рака, поточно да можете да го користите телефонот додека се држите за држачите во автобус, додека пешачите или пак било што и да правите додека го користите телефонот, едната рака требаше секогаш да ви биде слободна. Со големината на новиот екран кај новиот Ајфон 6, едноставно, за човек со нормална должина на палец е невозможно телефонот да го користи со една рака. А поголемиот Ајфон 6 плус ќе треба да го носите во посебна торбичка или да најдете облека со специфична големина на џебови во кој што ќе можете да го сместите овој прв фаблет на Епл.

 


Кај овој производ не постои 4К снимање на видеа што е сигурно голем пропуст за смарт-телефон од високата класа.

 

Полната батерија кај Ајфон серијата од почетокот има големи проблеми со трајноста и многу е ретко да успеете да истерате цел ден со нормално користење, а да не ви треба дополна. Со тек на годините, корисниците се навикнаа на ова, па многу често овој проблем е заборавен. Ајфон 5с не направи многу да го смени овој лош тренд, а за Ајфон 6 велат дека ќе има големи подобрувања во таа област. Телефоните на некој од врвните производители имаат батерија која што трае два дена. 





Подготви: В.С.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо



]]>
true
<![CDATA[„Оне“ од утре подарува телевизор со пакетот FIX/NET/TV SMART L ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/151779/One-od-utre-podaruva-televizor-so-paketot-FIXNETTV-SMART-L- http://www.plusinfo.mk/vest/151779/One-od-utre-podaruva-televizor-so-paketot-FIXNETTV-SMART-L- 2014-09-23 13:31:51 Телекомуникацискиот оператот „Оне“ од утре пушта нова понуда за граѓаните. Оние кои ќе потпишат договор со компанијата за тарифниот модел FIX/NET/TV SMART L кој  чини 1.799 денари добиваат подарок „Samsung LED“ телевизор.

 

Тарифниот модел FIX/NET/TV SMART L, содржи фиксна линија со неограничени разговори кон цела „Оне“ мрежа, неограничен интернет со брзина до 10Mbps  бесплатен wi-fi рутер, два Boom TV уреда или CAM модул со бесплатно вклучени сите канали на SportKlub и HBO. Корисниците  ќе можат да ги гледаат една година бесплатно ТВ каналите: SportKlub 1, SportKlub 2, SportKlub 3,  HBO, HBO Comedy и две години, колку што трае договорот. каналите  Fox, Fox Movies, Fox Life, Fox Crime .

 

- Идејата беше да понудиме пакет услуги за домаќинства по пристапна цена и верувам дека нашето SMART портфолио има барем еден пакет кој би му одговарал на секој дом - изјави главниот маркетинг директор на „Оне“, Виктор Доневски.

 

Пакетот FIX/NET/TV SMART L е само еден во низата SMART пакети со две и три услуги наменети за нови и постоечки корисници со договор на 24 месеци во резидентниот и во бизнис сегментот.

 


Понудата на телевизор за 0 денари е достапна со сите SMART пакети со 2 или 3 услуги, како и за BoomTV во пакет од 2 или 3 BoomTV уреди, со соодветна дополнителна месечна претплата.




Подготви: Р.И.М.                          

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

]]>
true
<![CDATA[Автомобилите на Гугл ќе ја снимаат Македонија за Street View]]> http://www.plusinfo.mk/vest/151657/Avtomobilite-na-Gugl-kje-ja-snimaat-Makedonija-za-Street-View http://www.plusinfo.mk/vest/151657/Avtomobilite-na-Gugl-kje-ja-snimaat-Makedonija-za-Street-View 2014-09-22 13:43:50 Гугл денеска најави дека ќе започне со фотографирање и видеоснимање по улиците и патиштата на Македонија, со цел да го подобри квалитетот на Google Maps и да собере слики за популарната опција Street View.

 

Од 29 септември, автомобили на Гугл ќе возат и ќе собираат фотографии од 360 степени во Скопје и Битола, како и во другите поголеми македонски градови - Куманово, Прилеп, Тетово, Охрид. Потоа возењето ќе продолжи со покривање на помалите градови и села, во текот на наредната година, за што јавноста ќе биде навремено известена.

 

Street View е многу популарна опција на Google Maps која беше лансирана во мај 2007 година и е веќе достапна низ 59 земји. Таа им овозможува на корисниците виртуелно да истражат и да се движат низ одредено окружување, населба или град. Опцијата е можна и во Google Earth и на мобилната верзија на Google Maps.

 

Автомобилите на Гугл ќе почнат со снимање во Скопје, по што ќе бидат опфатени и други градови и села, најинтересните места во Македонија, како и крстосници на патишта и некои патишта. Повеќе информации за зафатот може да се видат на веб страницата http://www.google.mk/maps/about/behind-the-scenes/streetview веднаш штом започне возењето.

 

Собраните фотографии ќе бидат обработени и внимателно споени, што е технолошки процес кој може да одземе неколку месеци. Потоа тиа ќе бидат објавени на Street View на Google Maps.

 

- Слушаме од многу наши корисници во Македонија дека би биле навистина возбудени да имаат Street View и во Македонија. Затоа денес сме особено среќни да го најавиме почетокот на возењето и да ги направиме убавите улици и градови на прекрасната Македонија отворени за корисниците низ целиот свет. Македонските бизниси и корисници исто така ќе уживаат во многуте бенефити на услугата - вели Амита Катри, програмски менаџер за Street View во Гугл.

 

Гугл исто така се обрати и до Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Господин Димитар Ѓеоргиевски, кој вели дека ќе даваат насоки за да се заштити приватноста.

 

- Дозволете ми да кажам дека на Google Street View услугата гледаме како на интересна можност за секој граѓанин во нашата земја да „шета” наоколу, сепак, ние како надлежни власти за заштита на личните податоци сме обврзани постојано да даваме насоки кои треба да се следат со цел да се осигура приватноста на луѓето. Веруваме дека заедничката блиска соработка и кореспонденција што ја имаме со Гугл во изминатиот период ќе резултира со помал упад на приватните работи на нашите граѓани. Ја користам оваа прилика како директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци да ја забрзам афирмативната имплементација на приватноста и регулациите за заштита на личните податоци и им посакувам на Гугл најдобар позитивен исход - вели Ѓеоргиевски.

 

Гугл е максимално посветен на одржување на приватноста во обидот на своите корисници да им овозможи различни бесплатни услуги. На сите фотографии наменети за Street View, пред да бидат објавени, ќе има замаглување на лицата и регистарските таблички. Кога фотографиитее ќе бидат достапни, луѓето ќе имаат можност да пријават слики за дополнително замаглување со кликање на опцијата „report a problem” на долниот лев агол на сликата, по што пополнуваат краток формулар каде наведуваат прецизно која слика треба да се замагли.

 

На локациите каде Street View е достапно, фотографиите може да се видат така што ќе зумирате на најниското ниво на Google Maps и ќе кликнете на Street View под табот за пребарување или пак преку влечење на портокаловото „Pegman” човече на мапата, за да се пренесе на street level. Ќе може да проверите ресторан пред да пристигнете, да направите планови за патување, да договорите локации за средби, или пак да добиете помош за домашната работа по географија. Исто така пред да заминете на одмор можете да ја проверите точната дестинација и да го пронајдете хотелот и местата околу него, како и да „извозите“ некој релација, за подоцна кога ќе управувате со автомобилот, полесно да се снајдете при возењето.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[„Оне“ повторно го лансира пакетот „За 100 денари, добиваш 300 денари“ ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/151351/One-povtorno-go-lansira-paketot-Za-100-denari-dobivash-300-denari- http://www.plusinfo.mk/vest/151351/One-povtorno-go-lansira-paketot-Za-100-denari-dobivash-300-denari- 2014-09-19 13:39:22

Телекомуникацискиот оператор „Оне“ од денеска повторно им нуди на сите припејд корисници за 100 денари да добијат 300 денари, односно три пати повеќе кредит.

Со промоцијата секој при-пејд корисник на „Оне“ и ЏаБест, кој има најмалку 100 денари на својата сметка, може да ја активира оваа понуда и за своите 100 да добие 300 денари кредит. 


Доделениот кредит од 300 денари корисникот може да го користи во период од 10 дена за речиси сите  услуги што „Оне“ ги нуди на своите при-пејд корисници:  разговори кон сите мрежи, SMS, MMS, интернет, услуги со додадена вредност и одредени неделни и месечни пакети за разговори и интернет од актуелната понуда на „Оне“. 


Понудата е достапна за сите при-пејд корисници на мобилната телефонија на „Оне“ и ЏаБест и може да се активира на секои 10 дена, со јавување на бесплатниот број 1450, испраќање SMS на бесплатниот број 181 со текст „300 START“ или во сите продажни места на „Оне“. 


Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[Стаса и паметниот часовник на Ејпл]]> http://www.plusinfo.mk/vest/150399/Stasa-i-pametniot-chasovnik-na-Ejpl http://www.plusinfo.mk/vest/150399/Stasa-i-pametniot-chasovnik-na-Ejpl 2014-09-11 14:21:43

После едногодишно чекање, на истиот настан на кој го претставија Ајфон 6, Ејпл ја промовираше и конечната верзија на рачниот паметен часовник. 



- Ејпл беше прв кој што ги претстави на светот своите неколку производи кој што го дефинираа почетокот на нов бран технологија во светот. Првиот беше Мак компјутерот, па Ајподот, Ајфонот и како најново Ајпадот. Денес сме повторно спремни да го привлечеме вниманието на светот и да воведеме револуционерен производ кој што ќе го збогати секојдневниот живот на човекот – рече Тим Кук, генералниот менаџер на Ејпл.


Ејпл часовникот, најавен како најперсонален производ, кој што е изработен од компанијата, е дизајниран од гуруто на Ејпловиот дизајн, Џони Ајви, кој објаснува дека неговата нова „играчка“ содржи неколку нови технологии и потполно нов кориснички интерфејс што, според него, можеби ќе биде мало изненадување за фановите на Ејпл производите, но сепак не треба да се заборави дека интерфејсот е направен специјално за уред кој што се носи на зглобот.


Часовникот ги спојува границите помеѓу физичките објеки и корисничкиот интерфејс, бидејќи овој производ со себе носи досега невидена персонализација на паметен уред со огромен број на апликации само за таа намена.



Ејпл часовникот ќе ве чини 400 американски долари.

 


Подготви: В.С.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо









]]>
true
<![CDATA[Ајфон 6, сега поголем и помоќен од кога било ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/150299/Ajfon-6-sega-pogolem-i-pomokjen-od-koga-bilo- http://www.plusinfo.mk/vest/150299/Ajfon-6-sega-pogolem-i-pomokjen-od-koga-bilo- 2014-09-10 14:48:08


Ејпл го задржа вниманието на целиот свет додека вчера, од Купертино, Калифорнија, со жив стриминг пренос, ја промовираше најновата надградба на својот најпопуларен производ под името Ајфон 6. Освен основниот модел пристигна и еден поголем кој што се вика Ајфон 6 плус. 


- Денес го промовираме најголемиот технолошки напредок во историјата на Ајфон франшизата – рече Тим Кук, генерален менаџер на Ејпл.


Ајфон 6, според очекуваното доби поголем екран од претходниците и сега ќе гледате на 4.7 инчен (12 см) Ретина HD прегледувач, додека Ајфон 6 Плус има екран од 5.5 инчи (14 см) со што се приближува до фаблет стандардите. (phablet - кованица од зборовите Phone и Tablet бидејќи тие производи се спој на двата уреда. Samsung Galaxy Note од 2011 е првиот фаблет во светот. 


Екранот кај помалиот модел има повеќе од 1 милион пиксели, а кај поголемиот повеќе од 2 милиона.
Фотоапаратот на задниот дел, зачудувачки е испапчен над површината на телефонот, што беше непријатно изненадување во дизајнот, бидејќи како таква ќе биде подложна на оштетувања. Сензорот за слики е нов, но фотоапаратот е се уште како кај Ајфон 5 и има само 8 мегапиксели. Никој не го објасни ова останување во минатото, но секако Ејпл, некако успеа да го покрие овој недостаток со далеку подоброто фацијално препознавање во полни сцени и многу подобриот фокус, посебно во ситуации кога нема доволно светло за добра фотографија. Исто така, со Ајфон 6 добивате и дигитална стабилизација на сликата, додека кај Ајфон 6 плус ја имате подобрата оптичка стабилизација на слика.


Камерата за клипови е исто така подобрена, а една од новите функции е правењето slow motion видеа на 120 или 240 фрејма во секунда.


Хардверот е многу подобрен, па има побрз WI-FI чипсет и нов А8 процесор со кој што графиката е за 84 пати побрза од првиот Ајфон.


Ајфон 6 сега ќе троши 50 отсто помалку енергија, но траењето на батеријата е исто како и кај Ајфон 5. Кај Ајфон 6 плус батеријата ќе трае подолго бидејќи едноставно е поголема.


Времето за зборување со целосно полна батерија е зголемено за разлика од Ајфон 5 каде можеше без проблем да се зборува до 10 часа, а кај новиот уред до 14 часа. Кај Ајфон 6 плус ќе ви бидат потребни неверојатни 24 часа разговор за да ја испразните батеријата. 


На крајот можеме да заклулиме дека сепак ова е најмоќниот Ајфон до сега, првенствено благодарејќи на новиот А8 процесор со кој што има 25% подобрување во чистата процесорка сила и 50% побрза графика.


Исто така да не испуштиме да додадеме дека ако немате доволно добра мрежа на вашиот телефон, вашите повици ќе можете да ги остварувате преку WI-FI мрежа.


Новиот Ајфон ќе се појави во продавниците на 19 септември и ќе се продава од 199 до 399 долари, додека Ајфон плус ќе можете да го купите од 299 до 499 долари.
Ќе биде достапен во златна, сребрена и сива боја.


Подготви: В.С.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо









]]>
true
<![CDATA[Најмалиот и најлесниот принтер на светот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/150135/Najmaliot-i-najlesniot-printer-na-svetot http://www.plusinfo.mk/vest/150135/Najmaliot-i-najlesniot-printer-na-svetot 2014-09-09 11:39:54
Јапонскиот производител „Епсон“, деновиве го прикажа, според нив, најмалиот и најлесниот А-4 принтер на светот со име Workforce WF-100W.  


Овој принтер е наменет за мобилни работници кои што им е потребно печатење на различни локации, односно за луѓе кои не работат во канцеларии.

Со неговата тежина од само 1,6 килограми и напојување со интегрирана литиум-јонска батерија која што може да се наполни преку усб приклучок, може да биде сместен во било која поголема модерна торбичка за таблет или лаптоп.

Сандачето за листови може да се наполни со максимум 50 парчиња од А-4 форматот, а содржи две касети за мастило и резервоарче за пигмент мастило.

Се поврзува директно преку бежична конекција или како мрежен принтер и со него добивате и бесплатна принт апликација од „Епсон“.

Исто така, Workforce WF-100W ги поддржува и интернет принт сервисите на Гугл (Google Cloud Print) и на Ејпл (Apple AirPrint).


Цената ќе му биде 299 евра.




Подготви: В.С.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо









]]>
true
<![CDATA[Заоблени рабови на екранот од новиот самсунг фаблет „Edge“ ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/149838/Zaobleni-rabovi-na-ekranot-od-noviot-samsung-fablet-Edge- http://www.plusinfo.mk/vest/149838/Zaobleni-rabovi-na-ekranot-od-noviot-samsung-fablet-Edge- 2014-09-05 14:35:45
На официјалното претставување на новата линиja и хардвер за „Galaxy Note 4“, Самсунг без најава изненади со сосема нов производ како додаток при постојната презентација наречен „Galaxy Note Edge“.


Ова парче од корејската мобилна технологија го донесува единствениот екран со додаток во облик на заоблен лев раб кој сам по себе делува како посебен дел од екранот кој може да се користи како нотификациски панел, аларм за будење, генерален управувачки интерфејс или како управувачки дел за фотоапаратот.

Идејата за овој додаток е да се додаде мултитаскиннг на веќе функционалниот начин на оперирање на постојното Самсунг смартфон опкружување, а и секако изгледот на новиот фаблет е пријатен за око и можеби не толку нов како идеја, но секако за прв пат функционален според потребите на денешните Андроид корисници.


Фаблетот го содржи истиот хардвер како и „Galaxy Note 4“, а екранот оперира на резолуција опишана од Самсунг како 2560×1440 + 160 и од вас зависи како ќе ги користите деловите од вашите две поделени работни површини.


Самсунг, пред една година веќе се обиде со моделот Samsung Nexus S да го започне овој тренд со заоблени екрани, но тогаш идејата беше недоволно разработена и нефункционална. 


Подготви: В.С.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Фејсбук ќе рекламира според брзината на интернетот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/149537/Fejsbuk-kje-reklamira-spored-brzinata-na-internetot http://www.plusinfo.mk/vest/149537/Fejsbuk-kje-reklamira-spored-brzinata-na-internetot 2014-09-03 10:17:32 Фејсбук објави дека ќе ја активира својата нова технологија на широкопојасно мрежно таргетирање. Ако имате мобилен со 2Г, 3Г, 4Г или побрза конекција, рекламите кои што ќе ви се појавуваат на вашиот телефон додека сте на Фејсбук, ќе бидат одбрани според брзината на проток на информации. 

 

Фејсбук вложува големи напори и средства во подобрување на мобилната поддршка, бидејќи според последниот извештај за заработка заклучно со јуни оваа година, секој месец најголемиот број корисници се вклучувале токму од мобилните мрежи. Се очекува овој тренд трикратно да се зголеми до средината на 2015 година. 

 

Подготви: В.С.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Со овој калауз не ви се потребни брави ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/149536/So-ovoj-kalauz-ne-vi-se-potrebni-bravi- http://www.plusinfo.mk/vest/149536/So-ovoj-kalauz-ne-vi-se-potrebni-bravi- 2014-09-03 10:16:23 Попознат во нашиот народ како Калауз, универзалниот клуч е секојдневна алатка во рацете на браварските занаетчии при отворање врати и уреди. Благодарение на 3-Д принтинг технологијата, Американците Џос Вејерс и Кристијан Холер, успеаја да направат пластичен клуч со кој што можат да ја отворат речиси секој брава.

 

Сè што им било потребно е фотоапарат, 3-Д принтер и чеканче за довршување на работата.Со фотоапаратот се слика дупката на бравата и според сликата се изработува клучот на 3-Д принтерот.

Тука можете да го видите целиот процес на изработка.

 

Овој проект секако не е направен со цел да им се помогне на крадците, туку да се покаже како новата 3-Д принтер технологија ја анулира потребата од стандардните практики или народски кажано: Ако секој со 3-Д принтер и фотопарат може да изработи клуч, тогаш зошто ни се потребни брави?

 

Подготви: В.С.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

 

]]>
true
<![CDATA[Промотивно од „Близу“ - комплетен Премиум пакет за 1.099 денари месечно ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/149333/Promotivno-od-Blizu---kompleten-Premium-paket-za-1099-denari-mesechno- http://www.plusinfo.mk/vest/149333/Promotivno-od-Blizu---kompleten-Premium-paket-za-1099-denari-mesechno- 2014-09-01 12:45:33

Телекомуникацискиот оператор „Близу“ денеска ја промовира новата ексклузивна понуда со која корисниците кои ќе потпишат договор за пакетите Екстра или Премиум, добиваат специјална промотивна цена за користење на пакетите во првите 6 месеци, како и бесплатен модем со вграден WiFi рутер. Корисниците кои ќе потпишат договор за пакетот Премиум, ќе го користат пакетот по специјална промотивна цена од 1.099 денари во првите 6 месеци. 


Пакетот Премиум вклучува дигитална телевизија со до 140 дигитални канали од кои 16 се HD, неограничен интернет со брзина од 100 Mbps и фиксна телефонија со вклучени 600 бесплатни минути кон сите фиксни оператори, а неограничени разговори во мрежата на „Близу“. 


- Еден од најголемите предизвици на „Близу“ е овозможување врвна услуга и користење пакети со сите услуги на сите наши потенцијални корисници. Со оваа последна промоција, сите можат да го користат комплетниот Премиум пакет, во кој се вклучени сите бенефити кои еден корисник може да ги добие најголем број дигитални и HD канали, неограничен интернет, фиксна телефонија со најмногу поволности - изјави Искра Секуловска, маркетинг директор во „Близу“. 


Близу ДООЕЛ Скопје е телекомуникациски оператор кој од јуни 2014 година е во сопствеништво на Телеком Австрија Групација. Операторот на своите корисници им нуди комплетни телекомуникациски услуги: супер-брз неограничен интернет со брзина до 100 Mbps, дигитална телевизија со најголем избор на HD канали и фиксна телефонија без месечна претплата, по цени достапни за сите.



Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

]]>
true
<![CDATA[И ОНЕ ја стартуваше 4Г услугата]]> http://www.plusinfo.mk/vest/149080/I-ONE-ja-startuvashe-4G-uslugata http://www.plusinfo.mk/vest/149080/I-ONE-ja-startuvashe-4G-uslugata 2014-08-29 11:59:44 Од денеска корисниците на ОНЕ имаат можност да ги користат придобивките на новата 4G LTE технологија, која овозможува супербрз пренос на податоци, односно брзо сурфање на интернет на мобилен.

 

Својата 4G LTE мрежа ОНЕ ја лансира со понуда од три нови тарифни модели - Mobile Net 4G S, Mobile Net 4G M и Mobile Net 4G L, достапни за нови активации и обнови во мобилниот постпејд резидентен и бизнис сегмент на 24 месеци. За да можат корисниците да користат некој од новите тарифни модели задолжително треба да поседуваат uSIM картичка, но и 4G USB модем.

 

Со Mobile Net 4G S, за месечна претплата од 599 денари, корисниците добиваат вклучени 10GB супербрз интернет.

 

Mobile Net 4G M, за месечна претплата од 999 денари, нуди 20 гигабајти супербрз 4G интернет, а пак со Mobile Net 4G L, за месечна претплата од 1.599 денари, корисниците добиваат вклучени 40 GB (гигабајти) интернет со 4Г брзина.

 

Со овие тарифни модели се добива и бесплатен 4G USB модем (stick).

 

4G LTE е всушност четврта генерација на безжична мобилна технологија која овозможува големи брзини при трансфер на податоци и мултимедијални содржини преку мобилна мрежа, а истата функционира на комплетно нова телекомуникациска инфраструктура.

 

ОНЕ од Агенцијата за електронски комуникации го доби одобрението за 4Г во август 2013 година, а почна со услугата во утврдениот рок.
 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[ Во октомври во Охрид најголемо ИТ дружење на Балканот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/149053/-Vo-oktomvri-vo-Ohrid-najgolemo-IT-druzhenje-na-Balkanot http://www.plusinfo.mk/vest/149053/-Vo-oktomvri-vo-Ohrid-najgolemo-IT-druzhenje-na-Balkanot 2014-08-29 10:02:01 Од 8 до 12 октомври градот Охрид ќе биде центар на ИТ случувањата во Македонија, но и на Балканот, поради петдневното интернационално ИТ дружење - Информатијада 2014, во организација на Студентскиот парламент при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

 

Со целосна поддршка од универзитите во Македонија, но и од факултетите на Балканот, повеќе од 400 студенти - информатичари ќе имаат можност да присуствуваат на предавања и работилници на познати ИТ експерти од регионот, но во исто време да се натпреваруваат и забавуваат.

 

- Освен формалниот дел во областа на предавањата на разни експерти од ИТ индустријата, студентите ќе можат да ги покажат своите вештини во креирање на софтверски производ, но исто така и да го развијат натпреварувачкиот дух во разни компјутерски, но и спортски натпревари. Во никој случај не ја потценуваме и забавната страна, па така ќе бидат организирани и разни забави за запознавање на учесниците - порачуваат организаторите.

 

Од Студентскиот парламент при Факулетот за информатички науки и компјутерско инженерство велат дека Информатијада првично ќе придонесе кон размена на искуства и контакти помеѓу студентите, како и отворање на нови можности за понатамошна соработка и уште многу проекти на интернационално ниво.

 

Домаќин на петдневното ИТ дружење ќе биде хотелот Десарет во Охрид, а за сите останатите информации и начинот како можете да бидете дел од Информатијада 2014, може да прочитате на веб локацијата www.informatijada.mk.



Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[ „Мојот Вип“ - нова мобилна апликација за корисничка поддршка]]> http://www.plusinfo.mk/vest/148935/-Mojot-Vip---nova-mobilna-aplikacija-za-korisnichka-poddrshka http://www.plusinfo.mk/vest/148935/-Mojot-Vip---nova-mobilna-aplikacija-za-korisnichka-poddrshka 2014-08-27 15:51:53 Вип оператор претстави нова мобилна апликација „Мојот Вип“ со која на сите припејд и поспејд корисници ќе им овозможи преглед на сите информации за нивната корисничка сметка од нивниот паметен телефон на брз и едноставен начин.

 

„Мојот Вип” им нуди на корисниците бројни привилегии за нивната корисничка сметка, како на пример, преглед на моменталната состојба (остварен сообраќај, искористеност на пакети); преглед на сметките (листа на детални повици и остварен сообраќај, плаќање на сметки преку мобилната апликација со кредитна картичка), како и други останати корисни опции, а наскоро и можност за активирање и деактивирање на услуги.

 

- Нашите заложби за одржување на високо ниво на корисничко задоволство уште еднаш се потврдуваат со воведувањето на оваа мобилна апликација. Придобивките се бројни - освен тоа што корисникот брзо и едноставно пристапува или спроведува одредени активности за неговата корисничка сметка каде и да е, заштедувајќи го своето време, со оваа апликација корисникот има увид во сите содржини од интерес и можност однапред да ги добие известувањата за новините кои следат во понудата на Вип. Секогаш повеќе за нашите корисници - вели Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип.

 

Една од позначајните карактеристики на оваа мобилна апликација е и опцијата „Понуди за Вас” која на корисниците ќе им прикаже специјалните понуди кои се релевантни за нив како и ексклузивни информации, односно можност да ги дознаат сите новости во однос на понуди.

 

Мобилната апликација „Мојот Вип“ е достапна за бесплатно симнување за Android корисници на Vip Store како и на Google play, а наскоро ќе следи и верзија за корисниците на iOS. За да ја користат оваа апликација, корисниците треба да имаат кориснички профил, а тоа можат да го направат со едноставно следење на упатствата во апликацијата, или пак да се логираат со постечкиот профил на веб апликацијата „Мојот Вип”.

 

Користењето на апликацијата, како и сите податоци се безбедносно заштитени, велат од Вип.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Бесплатен ТВ пакет Max Sport со нов телевизор Самсунг или Сони]]> http://www.plusinfo.mk/vest/148784/Besplaten-TV-paket-Max-Sport-so-nov-televizor-Samsung-ili-Soni http://www.plusinfo.mk/vest/148784/Besplaten-TV-paket-Max-Sport-so-nov-televizor-Samsung-ili-Soni 2014-08-26 12:27:14 Сите корисници на MaxTV кои ќе купат одреден тип на Самсунг или Сони телевизор, ќе можат бесплатно да го следат најдобриот спортски ТВ пакет MaxSport+ во наредните 6 месеци, велат од Т-Хоум.

 

Оваа промоција можат да ја искористат сите нови или постојни корисници на MaxTV кои ќе купат телевизор и ќе потпишат или обноват договор на 2 години. Промоцијата ќе трае до 31 октомври и важи за телевизорите Sony KDL42W705B и Samsung UE40H5500, со можност за плаќање на 48 месечни рати.

 

Спортскиот ТВ пакет MaxSport+ ги вклучува ексклузивните канали Arena Sport 2, Arena Sport 3 и Arena Sport 4, достапни во SD и HD резолуција, како и каналите Sport Klub 1, Sport Klub 2, Sport Klub 3, Motors TV и Extreme Sports.

 

Повеќе информации може да се добијат на веб-сајтот на Т-Хоум.

 

(Промотивен текст)

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Македонски гејмери постигнаа рекордна гледаност во „Каунтер Страјк“ натпревар]]> http://www.plusinfo.mk/vest/148134/Makedonski-gejmeri-postignaa-rekordna-gledanost-vo-Kaunter-Strajk-natprevar http://www.plusinfo.mk/vest/148134/Makedonski-gejmeri-postignaa-rekordna-gledanost-vo-Kaunter-Strajk-natprevar 2014-08-20 10:02:21 Гејминг-тимот ENTiTY како репрезентативци на Македонија вчера одиграа натпревар во квалификациите за Европското првенство во Counter-Strike: Global Offensive против репрезентацијата на Грција. Во неизвесен натпревар до самиот крај, македонскиот тим ги победи Грците со резултат од 2:1.

 

Поради лутото ривалство, во текот на натпреварот се вклучија повеќе од 22.000 гледачи што е рекорд на европско првенство досега, како и рекорд за сервисот за стримање Hitbox кој овозможи пренос во живо со двајца професионални коментатори.

 

Counter-Strike:Global Offensive (Каунтер Страјк: Глобална офанзива“, продолжението на старата „Каунтер 1.6“, зема огромен замав. Моментално е втора најиграна игра на Steam со просек од 100.000 играчи во секој момент, а изминатиов викенд беше одржан еден од големите годишни турнири, ESL One во Келн, каде беа поделени награди во вредност од 250.000 долари. Во финалето на тој натпревар на преносот во живо се уклучија 400,000 гледачи.

 

ENTiTY веќе 6 години редат големи успеси и се единствени сериозни и посветени претставници на Македонија во видео игрите. Иако имаат постигнато супер резултати на неколку големи интернационални турнири, тие велат дека недоволната подршка од институциите кај нас не им овозможува доволно натпревари и искуство за да бидат секогаш помеѓу најдобрите екипи.

 

Тимот што играше против Грција беше во следниот состав: Jovan kalaN Kalanoski, Aleksandar helius Kiselinov, Dzoko ALM1GHTY Laboski, Semih OSAMA Kamil и Anel NENO Cekovic.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[„Близу“ ги активира ексклузивните пакети за студенти]]> http://www.plusinfo.mk/vest/147633/Blizu-gi-aktivira-ekskluzivnite-paketi-za-studenti http://www.plusinfo.mk/vest/147633/Blizu-gi-aktivira-ekskluzivnite-paketi-za-studenti 2014-08-15 14:38:00 Пред почетокот на новата академска, телекомуникацискиот оператор „Близу“ ги реактивира студентските пакети наменети исклучиво за студентската популација во Македонија.

 

Сите студенти, кои уредно  имаат заверено семестар на својот универзитет, ќе можат да станат корисници на супербрз интернет со брзина до 10 Mbps/ 200 GB трансфер за само 599 денари месечно.

 

Оние студенти, пак, коишто сакаат да ја додадат услугата аналогна телевизија на овој пакет, дополнително треба да доплатат само 100 денари. Исто така, со овие пакети, во одредени реони може да се добие и бесплатна фиксна телефонија, со вклучени неограничени разговори во мрежата на Близу и со локални, национални и меѓународни разговори по најниска цена.

 

Договорите за студентските пакети се на 10 месеци - соодветни на времетраењето на студентската година во Република Македонија.  Овие пакети се достапни за сите студенти на државните универзитети, како и од сите приватни универзитети во градовите каде „Близу“ има мрежна покриеност.



(Промотивен текст) 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[ОНЕ повторно најдобра компанија на социјалните медиуми во Македонија според „Соушлбејкерс“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/146537/ONE-povtorno-najdobra-kompanija-na-socijalnite-mediumi-vo-Makedonija-spored-Soushlbejkers http://www.plusinfo.mk/vest/146537/ONE-povtorno-najdobra-kompanija-na-socijalnite-mediumi-vo-Makedonija-spored-Soushlbejkers 2014-08-06 12:11:45 Петти пат по ред ОНЕ ја доби наградата за социјално посветена компанија од „Соушлбејкерс“ (Socialbakers), светски најпознатиот сервис за Фејсбук - аналитика.

 

Наградата на ОНЕ се доделува за исклучителен перформанс во делот комуникација со корисници на Фејсбук фан страницата на компанијата (www.facebook.com/ONE.mk). ОНЕ за вториот квартал од 2014-та година во рекордно време одговорил на 90 отсто од сите поставени прашања, коментари и објави на Фејсбук, соопшти ОНЕ.

 

Првата награда за социјално посветена компанија од Соушлбејкерс ОНЕ ја доби уште во 2012 година година како дотогаш прва компанија од Македонија која добила награда од светски најпознатиот сервис за Фејсбук -аналитика.

 

Оваа година и други компании од Македонија успеаа да станат „Socially Devoted Company”, што само покажува колку оваа метрика е неопходен стандард во корпоративната комуникација на компаниите на социјалните медиуми.

 

Профилите на ОНЕ и Џабест имаат најголем број следбеници, односно 238.000, што е дополнителен мотив за компанијата да ја продолжи комуникацијата со своите фанови според највисоките стандарди на социјалните медиуми, велат од ОНЕ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Т-Мобиле воведе мобилна апликација за припејд-корисниците за проверка на сметка и активирање пакети]]> http://www.plusinfo.mk/vest/146283/T-Mobile-vovede-mobilna-aplikacija-za-pripejd-korisnicite-za-proverka-na-smetka-i-aktiviranje-paketi http://www.plusinfo.mk/vest/146283/T-Mobile-vovede-mobilna-aplikacija-za-pripejd-korisnicite-za-proverka-na-smetka-i-aktiviranje-paketi 2014-08-04 13:36:13 Т-Мобиле воведе мобилна апликација „Телеком МК“, која засега им е достапна на припејд корисниците, а овозможува активирање и користење на многу услуги и поволности. Апликацијата засега ја има само за оперативниот систем Android, а наскоро ќе биде достапна и за а iOS и Windows.

 

Припејд-корисниците може да пристапат во апликацијата со корисничкото име и лозинката за My T-Mobile профилот, односно со внесување на мобилниот број и лозинката од профилот. Потоа во секое време ќе можат да ја проверат сметката и статусот на нивните активни пакети, да активираат дневни, неделни и месечни пакети за разговори, СМС, интернет, како и бесплатен бонус. Можат едноставно да го променат тарифниот модел, да споделат минути, интернет или кредит со друг припејд корисник.

 

Преку оваа апликација, има можност и да се поканат пријатели за да се приклучат кон COOL екипата. Достапен e и преглед на поени од Мој Клуб програмата за лојалност, како и локациите на Телеком продавниците.

 

Интернет сообраќајот за Телеком МК е бесплатен преку мрежата на Т-Мобиле. Доколку корисникот нема активирано My T-Mobile прифил, може лесно да го креира преку самата апликација.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[На порталот „Отворени податоци“ ќе најдете податоци од 11 државни институции]]> http://www.plusinfo.mk/vest/145646/Na-portalot-Otvoreni-podatoci-kje-najdete-podatoci-od-11-drzhavni-institucii http://www.plusinfo.mk/vest/145646/Na-portalot-Otvoreni-podatoci-kje-najdete-podatoci-od-11-drzhavni-institucii 2014-07-30 11:20:21



Слободен и бесплатен пристап до податоците од јавен карактер без технички или законски ограничувања, нуди новиот портал на концептот „Отворени податоци“, кој денес беше промовиран во Министерството за информатичко општество и администрација. Податоците од институциите се достапни за сите заинтересирани физички и правни лица. 


Со овој проект се опфатени вкупно 82 податочни сетови од 11 институции: Агенција за катастар на недвижности, Агенција за електронски комуникации, Министерство за животна средина и просторно планирање, Државен инспекторат за труд, Министерство за финансии, Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за земјоделство, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Државен управен инспекторат и Министерство за економија.



Порталот www.opendata.gov.mk сега мигрира на www.otvorenipodatoci.gov.mk, каде институциите кои претходно ги имале отворено податоците во отворен формат и биле линкувани до централниот сајт за отворени податоци исто така ќе бидат мигрирани на новата платформа. 



Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плуинфо

]]>
true
<![CDATA[Нов вирус се шири меѓу македонските корисници на Фејсбук]]> http://www.plusinfo.mk/vest/145516/Nov-virus-se-shiri-megju-makedonskite-korisnici-na-Fejsbuk http://www.plusinfo.mk/vest/145516/Nov-virus-se-shiri-megju-makedonskite-korisnici-na-Fejsbuk 2014-07-29 12:04:55 Нов вирус низ социјалните мрежи, преку порака во Инбоксот, а има две варијанти.

 

Во првиот случај, наводно ви испраќаат видео, во пораката над линкот ја има фотографијата која сте ја ставиле, како и „известување“ дека станува збор за приватно видео направено од некого од вашите пријатели.

 

Втората варијанта на пораките преку кои се шири вирусот е со „известување“ од ваш пријател во кое ве поканува да кликнете на линкот и да го видите видеото. Над линкот е поставена фотографијата од корисникот кој „ви го испраќа“ линкот.

Многу корисници на Фејсбук во земјава кликнале на линкот и го заразиле својот профил. Ваквиот профил потоа ја препраќа пораката на луѓе во вашиот список пријатели.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Фејсбук воведе нова опција „Сочувај“ за оние што брзаат]]> http://www.plusinfo.mk/vest/144828/Fejsbuk-vovede-nova-opcija-Sochuvaj-za-onie-shto-brzaat http://www.plusinfo.mk/vest/144828/Fejsbuk-vovede-nova-opcija-Sochuvaj-za-onie-shto-brzaat 2014-07-23 08:49:14 Администраторите на социјалната мрежа Фејсбук во понеделникот направија нова опција која им овозможува на корисниците да го сочуваат она што ги интересира.

Новата функција едноставно наречена „Save“(Сочувај), овозможува да ги погледнете омилените постови, линкови, места и музика кога ќе имате повеќе време. Сочуваните ставки се лични што значи дека вашите пријатели не ќе може да ги видат, освен ако не ги споделите со нив.

Оваа ставка ќе може да ја сочувате во „News feed“ (Ѕидот со новости) со кликнување на горниот десен агол. Доколку корисникот бара одредено место или музичка страница, новата опција „Save“ само ќе се појави на таа страница.корисниците потоа ќе може повторно да ги  посетат своите сочувани ставки користејќи ја опцијата „More“ на својот мобилен телефон, или со еден клик на линкот „saved“ на левата лента на екранот.

Оваа нова функција му носи потребен елемент на Фејсбук кој направи чекор да стане место за консумирање  вести со додаток на актуелните теми.

Сочуваните артикли ќе бидат обновени, на Фејсбук ќе ви се прикаже потсетник на вашиот „News feed“ за да ги проверите врските и местата кои сте ги означиле. Опцијата „сочувај“ ќе биде достапна на сите корисници на ИОС и Андроид, како и на веб- корисниците во текот на следните денови.

 

Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[Мајкрософт ќе укине 18.000 работни места]]> http://www.plusinfo.mk/vest/144236/Majkrosoft-kje-ukine-18000-rabotni-mesta http://www.plusinfo.mk/vest/144236/Majkrosoft-kje-ukine-18000-rabotni-mesta 2014-07-17 17:33:32 Мајкрософт ќе укине 18.000 работни места, што значи дека ќе следи најдлабокиот рез на работна сила во 39-годишната историја на оваа технолошка компанија.

 

Поголемиот дел од отпуштањата работници, околу 12.500, ќе се случат во „Нокиа“, која Мајкрософт ја купи во април, соопшти компанијата.

 

Мајкрософт вети дека во следните 18 месеци по купувањето на „Нокиа“ ќе ги намали годишните трошоци за 600 милиони долари. Резовите се многу посериозни од укинувањето на 6.000 работни места, колку што првично се очекуваа.

 

Извршниот директор на компанијата, Сатjа Надела, кој на оваа позиција дојде во февруари, сака компанијата да го сврти вниманието од софтверите на онлајн услугите, апликациите и апаратите. Резовите на работни места имаат за цел на Мајкрософт да му се помогне да стане поконкурентен со соперниците, меѓу кои се Гугл и Епл.

 

Последното посериозно укинување работни места се случи на почетокот на 2009 година кога претходниот директор Стив Балмер отпушти 5.800 лица.

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Вип ќе ги обештети корисниците за вчерашниот прекин на сообраќајот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/143171/Vip-kje-gi-obeshteti-korisnicite-za-vcherashniot-prekin-na-soobrakjajot http://www.plusinfo.mk/vest/143171/Vip-kje-gi-obeshteti-korisnicite-za-vcherashniot-prekin-na-soobrakjajot 2014-07-08 14:42:58 Еден ден бесплатно користење на услугите, ќе им овозможи телекомуникацискиот оператор Вип на своите припејд и постпејд корисници, поради штетите кои ги имале од прекинот на сообраќајот во мрeжата кој се случи вчера во период од 15 часот до 16 часот и 50 минути.

 

„На постпејд корисниците ќе им биде доделен попуст во нивната сметка за месец јули во износ од 1/30 од месечната сметка (еквивалентно со еднодневна бесплатна употреба на услугите од Вип, имајќи ја предвид и широката употреба на пакети со неограничени услуги), додека на припејд корисниците ќе им бидат доделени неограничени национални разговори и СМС пораки со важност од еден ден по добивање на известување од Вип кое ќе биде испратено во текот на наредните неколку недели“, соопшти Вип.

 

Вип ги зема предвид и потешкотиите при надополнување на припејд сметките на корисниците кои можеле да настанат за време на ситуацијата и затоа сите надополнувања кои се случувале во овие два часа веќе им се доделени на корисниците. 

 

Компанијата ќе ги одземе од корисничката сметка трошоците настанати од сообраќај во овие два часа во пограничните региони, каде што постои можност корисниците да биле преземени од оператор од соседните земји. 

 

„Со цел да се избегнат дополнителни трошоци за корисниците, Вип ќе ги кредитира сите корисници за трошоците поврзани со роаминг од соседни земји настанати во овие два часа“, стoи во соопштението.

 

Од компанијата додаваат и дека во периодот од околу два часа вчера имале проблем во позадинските процеси во сообраќајот. Во тој период корисниците почувствувале потешкотии при воспоставувањето на комуникација, како и намалени капацитети на мрежата, односно биле делумно оневозможени да ги употребуваат гласовните, податочните, СМС и ММС услугите од Вип.

 


Подготви: Р.И.М.         

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

]]>
true
<![CDATA[Летна пoнуда за Џабест корисниците на Оне ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/142561/Letna-ponuda-za-Gzabest-korisnicite-na-One---------------------------------- http://www.plusinfo.mk/vest/142561/Letna-ponuda-za-Gzabest-korisnicite-na-One---------------------------------- 2014-07-03 12:46:20 Телекомуникацискиот оператор Оне од денеска воведува нова, летна промоција во ЏаБест пакетот. За секоја купена ЏаБест СИМ картичка по цена од само 99 денар, Оне подарува уште една.

 

Двете СИМ картички нудат бесплатни разговори со сите ЏаБестери, единствена тарифа за повици кон сите национални мрежи од 2,9 денари за минута и единствена тарифа од 2,9 денари за СМС и ММС. Дополнително, сите ЏаБестери можат да активираат некој од актуелните интернет пакети: дневен, неделен или месечен. 

 

Летово, во рамките на промотивната при-пејд понуда, сите Џабестери можат да го активираат  и неделниот пакет кој ќе им овозможи да зборуваат неограничено кон сите национални мрежи, но и да користат 2GB бесплатен мобилен интернет, по цена од само 79 денари, неделно. 

 



Подготви: Р.И.М.       

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо 

]]>
true
<![CDATA[Вип стартуваше со 4Г услугата - засега опфатени 40 отсто од населението]]> http://www.plusinfo.mk/vest/142452/Vip-startuvashe-so-4G-uslugata---zasega-opfateni-40-otsto-od-naselenieto http://www.plusinfo.mk/vest/142452/Vip-startuvashe-so-4G-uslugata---zasega-opfateni-40-otsto-od-naselenieto 2014-07-02 14:22:07 Денеска Вип оператор ја претстави и лансираше својата нова 4G LTE мрежа, која им нуди на корисниците на мобилни уреди на Вип брзини кои се 10 пати поголеми од оние кај 3G мрежата.

 

Во овој момент, Вип има најголема покриеност на 4G LTE во земјата, покривајќи 40% од населението во 7 градови во Македонија.

 

- За помалку од две години по лансирањето на 3G+ услугите, Вип денеска ја претставува својата најнова инвестиција во 4G LTE со која ќе понуди супер брзи мобилни податочни услуги од најновата генерација. Овозможувањето на 4G LTE услугите е уште едно достигнување на Вип во трката по постојани иновации и супериорно корисничко искуство. Се работи за значајна инвестиција во можностите на нашата мрежа што ќе овозможи придобивки за нашите корисници и ќе ја унапреди конкурентноста на  компанијата. Ние сме исклучително горди со она што го постигнавме во релативно краток временски рок. За само 7 месеци од почетокот на важноста на лиценцата, успеавме да обезбедиме покриеност на 40% од населението, иако обврските според Лиценцата предвидуваа двојно помалку за првите две години - изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип.

 

За да можат да ги користат 4G LTE услугите, корисниците мора да поседуваат соодветни уреди за 4G LTE кои работат на 800 MHz или 1800 MHz,  uSIM картичка што можат да ја добијат бесплатно во сите Вип салони, како замена на претходната, и да бидат во област со 4G LTE покривање. Во својата тековна понуда Вип има повеќе од 20 паметни телефони кои можат да работат на 4G LTE мрежа.

 

Уште од моментот на лансирањето, Вип им овозможува на своите постпејд корисници кои имаат соодветни уреди и uSIM картички, користење на 4G LTE интернет, со различни брзини, во зависност од тарифниот модел.

 

Максимална 4G LTE брзина е вклучена во Vip Free+ XL и Vip Free+ XL+ тарифните модели, како и кај Vip Free+ NoLimit и Vip Free+ NoLimit+, што вклучуваат интернет од 5GB и 15GB соодветно, каде брзината се намалува по надминување на лимитот. Овие понуди се однесуваат за новите постпејд корисници, оние корисници кои ќе го обноват договорот или корисниците кои ќе мигрираат на овие тарифи.

 

За постпејд корисниците на Вип достапен е и специјален 4G LTE пакет – Vip 4G LTE Surf Speed со 3GB интернет сообраќај и максимална 4G LTE брзина за само 299 денари месечно.

 

- Среќни сме што на постпејд корисниците на Вип им ја направивме достапна најсовремената 4G LTE мобилна комуникациска технологија. Барањата на корисниците за брз интернет се зголемуваат. Ние сме тука да ги исполниме тие потреби и да донесеме повеќе за македонските корисници – побрз интернет, подобро искуство, најголемa 4G LTE покриеност. Ние нудиме повеќе можности за љубителите на големите брзини, одлична понуда на паметни телефони и ќе понудиме многу повеќе во периодот што претстои - изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип.

 

4G LTE е идеална технологија која обезбедува големи брзини при користење на мултимедијални содржини и брз трансфер на податоци преку мобилна мрежа (4G LTE мрежата на Вип овозможува симнување на содржини од интернет со брзина до 100 Mbps). Брзината која секој индивидуален корисник ќе ја добие зависи од повеќе фактори, како што се: тарифната опција, карактеристиките на хардверот и реалната оптовареност на 4G LTE мрежата. При сурфањето на интернет, освен одличната брзина, 4G LTE мрежата овозможува искуство во реално време, што е дополнителна придобивка во споредба со претходните мобилни технологии.

 

За сега, Вип 4G LTE мрежата може да се користи за пренос на податоци од страна на постпејд корисниците на Вип. Говорниот сообраќај автоматски се префрла на 3G/2G мрежата.

 

Вип оператор е четвртиот оператор во Телеком Австрија Групацијата кој ја престави најновата 4G LTE технологија. По повод успешното претставување на 4G LTE технологијата во Македонија од страна на Вип оператор, Гунтер Отендорфер, Главен технички директор на Телеком Австрија Групацијата, истакна дека амбицијата е ТАГ да стане лидер.

 

- 4G LTE претставува ‘свет на можности’ и има улога на главен катализатор на идниот развој на апликациите и растот на податочниот сообраќај, истовремено заземајќи ја централната улога во телекомуникациската индустрија во целина. Врз основа на тоа и во согласност со нашата технолошка стратегија, Телеком Австрија Групацијата се стреми да стане лидер во оваа област. Всушност, претставувањето на 4G LTE технологијата преставува важен чекор за понатамошен развој на пазарите на кои делуваме, обезбедувајќи им на нашите корисници пристап до последната технологија, како и пресретнување на нивните барања за мултимедијални содржини - рече Отендорфер.

 

Во август 2013, Вип доби одобрение од Агенцијата за електронски комуникации за фреквентен спектар 2x10MHz@DD 800 MHz и 2x15MHz@DSC 1800 MHz со што беа овозможени 4G LTE услугите. Одобрението вредно 10,3 милиони евра има важност од 20 години, со обврска Вип да обезбеди 70% покриеност на населението во Република Македонија во период од 6 години од датумот на неговото стапување на сила.

 

Подетални информации во однос на оваа понуда корисниците можат да добијат со јавување на контакт центарот на Вип на 077 1234 или на www.vip.mk

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

]]>
true
<![CDATA[ОНЕ организира Инстаграм фото-колаж конкурс]]> http://www.plusinfo.mk/vest/142355/ONE-organizira-Instagram-foto-kolazh-konkurs http://www.plusinfo.mk/vest/142355/ONE-organizira-Instagram-foto-kolazh-konkurs 2014-07-01 15:11:26 Телекомуникацискиот оператор ОНЕ започнува награден Инстаграм фото-колаж конкурс. Ова вчера, претставници на ОНЕ го најавија пред учесниците на „Денот на социјални медиуми” кој со поддршка на ЏаБест, трета година по ред се одржува во земјава.

 

Темата на годинашниот конкурс е „Секаде заедно” а право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија. Почнувајќи од денес сè до 10 август, во три циклуси, македонските инстаграмџии ќе имаат можност да ги споделуваат своите Инстаграм фото-колажи направени исклучиво со мобилен телефон, притоа задолжително користејќи го #секадезаедно, и на тој начин да учествуваат во третиот по ред во земјава, но прв Инстаграм фото-колаж конкурс на ОНЕ.

 

Сите фотографии кои ќе бидат колаж од најмалку две слики ќе влезат во потесниот избор за награда по циклуси и главна награда.

 

За најдобра колаж фотографија по циклуси ќе одлучува тричлено жири во состав Небојша Гелевски (@banekoma) - победник на #zimogram, Мила Атковска (@temjanika) - фотограф и Душан Марковиќ (@onemkd) - претставник на ОНЕ. Жирито во истиот состав ќе ги одбере и најдобрите 20 фотографии на конкурсот од кои, по гласањето на ФБ страницата на ОНЕ, ќе биде избрана најдобрата Инста колаж фотографија.

 

Авторите на најдобрите фотографи по циклуси ќе бидат наградени со таблет SAMSUNG T210 7", а авторот на најдобриот Инстаграм фото-колаж на целиот конкурс ќе биде награден со мобилен телефон SAMSUNG Galaxy S5.

Повеќе информации за наградниот конкурс на линкот http://one.mk/sekadezaedno/


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Денот на социјалните медиуми се одбележува во ергелата „Стара круша“ во Волково]]> http://www.plusinfo.mk/vest/142182/Denot-na-socijalnite-mediumi-se-odbelezhuva-vo-ergelata-Stara-krusha-vo-Volkovo http://www.plusinfo.mk/vest/142182/Denot-na-socijalnite-mediumi-se-odbelezhuva-vo-ergelata-Stara-krusha-vo-Volkovo 2014-06-30 12:13:42 Најголемиот светски настан посветен на дигиталната револуција, Денот на социјалните медиуми (Social Media Day) по трет пат се обележува и во Македонија под мотото „Ставете вистинска насмевка на аватарите кои ги следите секој ден“.

 

Со почеток во 17.30 часот во ергелата „Стара круша“ во скопското село Волково, ќе почне македонскиот дел од светското одбележување на Денот на социјалните медиуми, кој годинава го има петтото издание. Ќе учествуваат петнаесетина говорници - познати твитерџии, граѓански активисти и успешни претприемачи, кои со учесниците ќе ги споделат своите знаења, искуство и позитивни кампањи.

 

- Денот на социјалните медиуми е настан којшто го организираме секоја година, пред сѐ бидејќи заедницата го очекува тоа од нас. Целта ни e на едно место да се соберат професионалци, компании, ентузијасти и „зависници“ од социјални медиуми, да разменат искуство и да се дружат - – вели Наталија Трајчевска од агенцијата Њу медиа, организатор на настанот трета година по ред.

 

За да им се овозможи на што поголем број учесници да бидат дел од настанот, локацијата се менува секоја година. Во претходните години караванот прошета низ Прилеп, Тетово, Куманово, минатата година беше на Велешко Езеро, а годинава местото на настанот е ергелата Стара круша во Волково. Деталната програма и сите останати детали поврзани со настанот се објавени на http://newmedia.mk/smday.

 

- Од година во година, заинтересираност за учество на настанот се повеќе се зголемува, што особено не радува. Започнавме како неформална дружба за денес да имаме настан со богата програма и голем број поддржувачи -  изјави Дарко Булдиоски, еден од организаторите на настанот“ .

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Оне ја најавува драмската серија „Преостанати“ на Боом ТВ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/141926/One-ja-najavuva-dramskata-serija-Preostanati-na-Boom-TV http://www.plusinfo.mk/vest/141926/One-ja-najavuva-dramskata-serija-Preostanati-na-Boom-TV 2014-06-27 14:50:08 Телекомуникацискиот оператор Оне денеска соопшти дека во соработка со филмскиот канал HBO, на корисниците на Боом ТВ ќе им овозможи бесплатно да ја гледаат првата епизода од новото продолжение на драмската серија ,„Преостанати“.

 

Премиерата ќе биде емитувана на 30 јуни, понеделник, од 21,05 часот еден ден по одржувањето на премиерата во САД.

 

„Корисници кои ќе сакаат да ги следат продолженијата на серијата и кои не го активирале HBO пакетот треба само да испратат ЅМЅ порака на бројот 141-181 (од сите оператори) HBO START 3223xxxxxxx каде што 3223xxxxxxx е серискиот број на BoomTV програмската картичка“, соопшти Оне.

 

 Месечната претплата за  HBO пакетот  е 299 денари.  

 

Драмската серија „Преостанати“, во режија на Питер Берг, на оригинален начин води во светот на мистериозни исчезнувања, а особено ја следи една група на луѓе кои се оставени во њујоршкото предградие Мејплтон. Тие мораат одново да почнат да ги градат своите животи по губитокот на повеќе од 100 луѓе...

 

Три години подоцна, новата HBO драмска серија „Преостанати“ раскажува за луѓето кои не го поминаа тестот и не беа во групата на одбрани.

 

Подготви: Р.И.М.    

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо 

 

]]>
true
<![CDATA[Автомобилите на „Шкода“ ќе се поврзуваат со уреди со Андроид]]> http://www.plusinfo.mk/vest/141822/Avtomobilite-na-Shkoda-kje-se-povrzuvaat-so-uredi-so-Android http://www.plusinfo.mk/vest/141822/Avtomobilite-na-Shkoda-kje-se-povrzuvaat-so-uredi-so-Android 2014-06-26 16:57:03 Чешката автомобилска индустрија „Шкода Ауто" во иднина ќе овозможи поврзување на мобилни уреди со оперативниот систем Андроид со електрониката на своите автомобили.

 

Како што соопшти компанијата, новата услуга ќе стане достапна поради членството во „Отворената автомобилска алијанса“ (ОАА), која ги здружува светските производители на автомобили, интернет компанијата „Гугл“ и производителите на електроника.

 

Андроид е најпопуларниот оперативен систем за мобилни уреди како што се паметните телефони или таблети. Целта на Алијансата е атрактивна и безбедна интеграција на уредите со Андроид со автомобилот.

 

„Партнерството со ОАА ќе ни овозможи во нашите автомобили да понудиме атрактивни интернет апликации базирани на Андроид оперативниот систем, со што автомобилското поврзување го ставаме на повисоко ниво“, соопшти „Шкода“.

 

Поврзувањето на паметните телефони и таблети со систем за инфомации и забава на автомобилот овозможува брзо и едноставно гледање на содржините од телефонот.

 

Работењето со апликацијата е прилагодено со потребите на возачот, а целта е меѓусебно поврзување без да се одвлекува вниманието на возачот од патот.

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Вип со поволен роаминг за сите корисници ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/141780/Vip-so-povolen-roaming-za-site-korisnici- http://www.plusinfo.mk/vest/141780/Vip-so-povolen-roaming-za-site-korisnici- 2014-06-26 13:56:45 За да им овозможи на своите корисници безгрижни летни одмори и опуштена комуникација со најблиските во Македонија, Вип оператор нуди нови поволности за разговори и мобилен интернет во роаминг, кои придонесуваат за значително намалување на трошоците во сезоната на патувања во странство.

 

Со првата поволност, минута разговор од странство кон сите мрежи во Македонија чини 9,9 денари. За да зборуваат по оваа цена, единствено што треба да направат корисниците е да го внесат кодот *123* пред телефонскиот број што го повикуваат и знакот # на крајот (пример *123*389XXXXXXXX#). Оваа поволност е автоматски достапна за сите припејд и постпејд корисници на Вип, без дополнителни трошоци за активација. Можноста за ваков вид разговори со т.н. USSD код е достапна преку оператори во над 160 земји во светот.

 

Втората поволност која Вип ја воведува за првпат ова лето, е понуда на интернет роаминг пакети со вклучен сообраќај до 500MB преку партнерските оператори, членки на Телеком Австрија Групацијата во Австрија, Словенија, Србија, Хрватска, Бугарија, Белорусија и Лихтенштајн. Овие пакети може да се активираат од сите постпејд корисници со испраќање СМС порака на 140 999 со текст START SURF 200 за пакет од 200 MB и само 399 денари или СМС порака на истиот број со текст START SURF 500 за пакет од 500 MB и само 699 денари.  

 

Дополнително, ова лето Вип постпејд корисниците можат безгрижно да сурфаат при престојот во која било земја во Европа. Со активирање на Vip Roam Surf S пакетот, за 399 денари, корисниците добиваат 20МB мобилен интернет во странство, а со Vip Roam Surf M пакетот, добиваат 50МB за 699 денари, кои можат да ги користат во текот на 30 дена од моментот на активација. По искористување на интернетот вклучен во секој од пакетите, корисниците можат да продолжат да сурфаат по значително намалени цени или да извршат повторно активирање на еден од понудените пакети.

Тие можат да се активираат од земјава или странство, преку СМС на бројот 140 999, со текст START SURF M или START SURF S во зависност од избраниот пакет.

 

Повеќе информации и детали за овие новитети, како и за целокупната понуда на Вип, корисниците можат да добијат на бројот 077 1234 или на веб-сајтот www.vip.mк

(Промотивен текст)

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[ВИП организира избор на најдобра летна селфи фотографија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/141096/VIP-organizira-izbor-na-najdobra-letna-selfi-fotografija http://www.plusinfo.mk/vest/141096/VIP-organizira-izbor-na-najdobra-letna-selfi-fotografija 2014-06-20 11:57:07 Мобилниот оператор Вип организира избор за најдобра летна селфи фотографија. За најдобрите се предвидени награди, меѓу кои четири Sony Xperia Z Ultra паметни телефони и главна награда – поставување на билборд на најдобрата „selfie” фотографија. 

 

Сите заинтересирани можат да учествуваат со неограничен број на различни креативни селфи фотографии, снимени и пратени од мобилен телефон, кои треба да бидат испратени на vipselfie@vipoperator.mk. Деталите за правилата на учество се достапни на www.facebook.com/VipMK.

 

- Летото е период кој изобилува со забава, безгрижност и многу дружење. Оваа нова интерактивна содржина ја воведуваме за љубителите на „selfie” фотографиите и авантурите со цел да ја поттикнеме нивната креативност, да ја потенцираме индивидуалноста, слободниот дух и убавината во секој од нив. Сигурни сме дека нашите корисници ќе ја препознаат дополнителната вредност во оваа активност, бидејќи нашето “Повеќе за вас” e нешто кое со големо внимание го негуваме - изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип оператор.

 

Изборот за најдобра летна селфи фотографија почна завчера а ќе трае до 3 август и ќе биде поделен во четири циклуси. Заинтересираните може да учествуваат во кој било од циклусите со различни фотографии, а победничката селфи фотографија која има најмногу “лајкови” во секој од циклусите ќе биде наградена со Sony Xperia Z Ultra и припејд СИМ картичка. Дополнително, за главната награда – поставување на фотографијата на билборд која ќе биде одбрана од страна на жири, во конкуренција влегуваат  селфи фотографиите од сите четири циклуси. Второ и трето пласираните фотографии ќе бидат исто така наградени со пригодни подароци.

 

За потсетување, неодамна Вип претстави одлична можност за бесплатен Facebook за своите припејд корисници која им овозможува бесплатен Facebook каде и да се.

 

(Промотивен текст)



Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Бројот на претплатници на мобилни во 2015 ќе биде поголем од светското население]]> http://www.plusinfo.mk/vest/141067/Brojot-na-pretplatnici-na-mobilni-vo-2015-kje-bide-pogolem-od-svetskoto-naselenie http://www.plusinfo.mk/vest/141067/Brojot-na-pretplatnici-na-mobilni-vo-2015-kje-bide-pogolem-od-svetskoto-naselenie 2014-06-20 09:55:49 Бројот на претплатничките договори за мобилната телефонија до 2015 година ќе биде поголем од вкупниот број на светската популација, се наведува во новата студија Мобилити Репорт на „Ериксон“.

 

Бројот на претплатничките договори расте за седум проценти секоја година, а само во првиот квартал од 2014 се забележани 120 милиони нови договори, се наведува во соопштението на шведската компанија.


Исто така, ќе продолжи да расте и бројот на т.н. броадбанд мобилни претплатнички договори и се очекува до крајот на 2019 година да има 7,6 милијарди договори.

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Твитер се соочува со финансиски загуби и со одлив на кадар]]> http://www.plusinfo.mk/vest/140814/Tviter-se-soochuva-so-finansiski-zagubi-i-so-odliv-na-kadar http://www.plusinfo.mk/vest/140814/Tviter-se-soochuva-so-finansiski-zagubi-i-so-odliv-na-kadar 2014-06-18 10:03:59 Компанијата „Твитер“, која се бори за привлекувањето на нови корисници и со финансиски загуби, остана и без двајца луѓе на раководните позиции.

 

Кон крајот на минатата недела од „Твитер“ си заминаа двајца менаџери од самиот врв на компанијата Ал Роуган и Клое Слејд.

 

Зад оваа куса објава од компанијата веројатно се крие многу подлабок судир и негативна атмосфера која владее во „Твитер“ кој се бори за опстанок на пазарот. Освен драматично успорениот раст на бројот на корисници, финансиските резултати никако не му одат во прилог на „Твитер“, па тоа е главна причина за разидување на ставовите на водечките луѓе на компанијата. 

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Вип воведе веб-корисничка поддршка за корисници ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/140734/Vip-vovede-veb-korisnichka-poddrshka-za-korisnici-- http://www.plusinfo.mk/vest/140734/Vip-vovede-veb-korisnichka-poddrshka-za-korisnici-- 2014-06-17 12:14:12 Почнувајќи од денеска, први на пазарот во Македонија, корисниците на Вип и другите посетители на веб страницата на Вип, ќе имаат можност да пребаруваат и на едноставен начин да ги најдат одговорите на нивните прашања преку веб корисничката поддршка на http://www.vip.mk/poddrska. За корисниците отворен е посебен дел за веб корисничка поддршка наречен “Поддршка”, каде што содржините се поделени на неколку главни теми врз основа на барањата на корисниците.

 

Со ова, корисниците на лесен и едноставен начин добиваат информации и одговори за услугите на Вип кои се од нивни интерес преку веб база на знаење и дел на прашања и одговори. Веб-услугата има интегриран пребарувач со опција за предлог резултат, при што корисниците можат да ги рангираат одговорите на прифатливи и неприфатливи, со што интерактивно се вклучуваат во креирањето на оваа база на знаење. Во рамки на веб корисничката поддршка, корисниците ќе можат онлајн да пополнат Контакт форма која понатаму автоматски се проследува до одделот за корисничка грижа на компанијата.

 

Содржината во овој дел постојано ќе се ажурира со нови информации, видео материјали во зависност од она што го бараат корисниците.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Пејпал пристигнува во Македонија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/140714/Pejpal-pristignuva-vo-Makedonija http://www.plusinfo.mk/vest/140714/Pejpal-pristignuva-vo-Makedonija 2014-06-17 10:42:34 Познатиот сервис за плаќања преку интернет PayPal (Пејпал) вчера во посебна објава на својот веб-сајт, соопшти дека десет нови земји, меѓу кои и Македонија, од денеска се вклучуваат во земјите со кои работи Paypal, со што вкупниот број на вакви држави надмина 200 (203). Заедно со Македонија, во „семејството“ на Пејпал влегуваат и: Монако, Белорусија, Камерун, Молдавија, Брегот на слоновата коска, Црна Гора, Нигерија, Парагвај и Зимбабве.

 

Сепак, според изјавата на директорот на Пејпал, Руперт Кили, која ја пренесува Ројтерс, сервисот во овие земји  во прво време ќе нуди само испраќање пари, односно плаќање за стоки купени на интернет, додека корисниците во новите пазари, вклучително и во Македонија, нема да можат да примаат пари преку Пејпал. Услугата за плаќање е бесплатна за корисниците и се покрива со надоместоци кои Пејпал им ги наплаќа на трговците.

 

Ова значи дека секој македонски граѓанин кој сака да купува на интернет, ќе може да создаде налог на сајтот и да го користи безбедниот систем на Пејпал, без да мора да го приложува бројот на кредитната или дебитната картичка при секоја трансакција на интернет.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[ Турските власти го блокираа пристапот до „Гугл плус“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/140216/-Turskite-vlasti-go-blokiraa-pristapot-do-Gugl-plus http://www.plusinfo.mk/vest/140216/-Turskite-vlasti-go-blokiraa-pristapot-do-Gugl-plus 2014-06-12 12:28:40 Турските власти денеска го блокираа пристапот до социјалната мрежа „Гугл плус“, јави ДПА.

 

Засега не е посочена конкретна причина за забраната, која беше наложена една седмица, откако беше обновен пристапот до сајтот за споделување видео содржини „Јутјуб“, што исто така е сопственост на Гугл.

 

Во март за околу две седмици, пред локалните избори во Турција, беше блокиран и пристапот на Твитер.

 

- Тоа изгледа апсурдно и чудно, но е тажно и заканувачко за слободата на изразување - истакна Мурат Чекич, директор за Турција на организацијата за заштита на човековите права Амнести интернешенел.

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[MobiPay – мобилно плаќање, отсега и преку постпејд сметка]]> http://www.plusinfo.mk/vest/139993/MobiPay--mobilno-plakjanje-otsega-i-preku-postpejd-smetka http://www.plusinfo.mk/vest/139993/MobiPay--mobilno-plakjanje-otsega-i-preku-postpejd-smetka 2014-06-10 14:00:05


Корисниците на Т-Моbile од денеска ќе можат да го користат мобилниот телефон како паричник и преку нивната постпејд сметка. Со MobiPay може безготовински да се плаќа во такси, ресторани, кафулиња, продавници и во голем број други продажни места во Македонија, а мрежата континуирано се проширува. 


Услугата е достапна преку сите модели на мобилни телефони, без дополнителни трошоци, а користи и врвна заштитна технологија за сигурно и безбедно купување.

 

- MobiPay е модерен и едноставен, брз и сигурен начин на плаќање, од денеска достапен и преку постпејд сметката на нашите корисници. Мобилниот телефон веќе не служи само за разговор, туку станува мултифункционална алатка, сé во едно, што го прави животот поедноставен, а во крајна линија тоа е и целта на модерните технологии. Со MobiPay мобилниот телефон добива уште една улога, станува виртуелен паричник, достапен за сите наши корисници, преку сите модели на мобилни телефони. Со Mobi Pay корисниците добиваат вредност повеќе, можност повеќе без никаков надомест – изјави Жарко Луковски, главен извршен директор на T-Mobile Македонија. 


Сумата за направената трансакција се додава на телефонската сметка, а месечниот лимит се одредува во зависност од кредитниот рејтинг на корисникот. Во зависност од потребите корисниците можат да изберат MobiPay Easy до 300 денари по трансакција или MobiPay Standard до 1.000 денари по трансакција. 

 

Корисниците ќе можат да користат мобилно плаќање преку постпејд сметката до 6.000 денари без да одат во банка. 






  

Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо






]]>
true