Последни 50 колумни од +Инфо http://www.plusinfo.mk/style/images/logo.jpg +Инфо http://www.plusinfo.mk http://www.plusinfo.mk RSS колумни од +Инфо 2014-10-15 14:30:00 en-us <![CDATA[Ненад Живановски]]>: <![CDATA[За патриотизмот и лојалноста (2) ]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1830/Za-patriotizmot-i-lojalnosta-2--- http://www.plusinfo.mk/mislenje/1830/Za-patriotizmot-i-lojalnosta-2--- 2014-10-15 14:30:00  Пред неколку дена, мал број медиуми незабележително објавија вест со наслов: „Граѓанин збеснал во УЈП и фрлил два компјутера низ прозорец“. Во написот се објаснува како изнервиран граѓанин влегол во УЈП и почнал да се расправа со вработените, бидејќи, според него, му била направена неправда, по што излегол од контрола и фрлил два компјутера низ прозорец. Вработените изјавиле дека многу често граѓаните незадоволството и револтот од институцијата го истресувале врз нив, но ова било првпат некој да им ги фрли компјутерите. Според нив, најголеми проблеми граѓаните имале околу присилната наплата на радиодифузна такса бидејќи директно без опомена им се земале пари од сметките, иако тоа било незаконски.
Овој настан е само еден од многуте примери за проблемот кој Македонија го има во континуитет, но кој е особено изразен последниве години, а тоа е недовербата, па и анимозитетот на граѓаните кон државните институции. Примерот од УЈП е и илустративен за тоа колку е краток фитиљот на граѓаните во однос на институциите, при што долготрајното незадоволството од државните институции неповратно води кон создавање револт и нелојално население како и деградација на кохезионите фактори на државата. Еден од клучните проблеми што ги има Македонија од својата независност до денес е како да се хармонизира декларативниот патриотизам со доверба кон институционалните репрезенти на државата. Во ова продолжение ќе бидат претставени неколку модели кои можат да ни послужат како примери за успешно воспоставен однос помеѓу државата и граѓанинот.
Првиот пример е Израел, држава чии граѓани уште од раѓање живеат со сознание дека земјата им е во перманентна војна со 400 милиони Арапи во опкружувањето, кои не сакаат нивната држава да постои. Сепак, оваа реалност не е пречка Евреите од целиот свет постојано да се доселуваат во Израел, свесни дека во секој момент може да загинат ако бидат мобилизирани за да учествуваат во војна (за Израел не е никаков проблем во рок од 24 часа да активира 50.000 резервисти како што се случи за време на последната интервенција во Газа). И во цивилниот живот во Изреал владее психологија детерминирана од милитантноста и воената психоза, што во секојдневието се манифестира во општо прифатениот код на однесување според кој два родители никогаш не се движат заедно со своите деца, туку секогаш со по едно дете одат на различни страни од улицата за во случај на бомбаш-самоубиец барем половина од семејството преживее. Сепак, и во вакви воени околности, Израел успева да обезбеди стабилна демократија во која најголемиот дел од населението има доверба и ги прифаќа институциите како гарант за опстанок на државата и нивна благосостојба.
САД се успешен пример за мултиетничка држава во која лојалноста кон институциите е искажана од повеќе од 150 нации доселени од целиот свет. Концептот на „мелтинг пот“, односно котелот за претопување во кој влегуваат различни етникуми, а излегува само една нација – американската, е специфичен по тоа што на секој лојален Американец, без разлика на потеклото и религијата, му дава еднаква шанса да го оствари „американскиот сон“ за економска благосостојба. На американските граѓани им е јасно дека само како резултат на нивната лојалност кон институциите им е гарантирана благосостојба зашто непочитување на институциите значи и крај на можноста да се живее во просперитет. Оттука и долговечноста на Уставот на САД повеќе од 200 години и генерално непроменливоста на еднаш воспоставените односи во општеството од тогаш до денес.
Јапонскиот пример, заснован на т.н. патерналистички однос, во својата основа ја има строгата хиерархиска поставеност, која се огледа во односот кон царот, како највисока институција (тој, иако нема реална власт, сепак, според уставот, е симбол на државата и народното единство), преку политичарите, сопствениците и главните менаџери во компаниите, до семејните старатели. Лојалноста на сите нивоа или, условно кажано, потчинетоста, е доброволна и неспорна бидејќи во ниеден момент не се доведуваат во сомнеж добрите намери и посветеноста на авторитетите кон потчинетите. Лојалноста изразена како фанатичен однос кон „господарот“ е присутна и во јапонскиот концепт на современ менаџмент и корпоративно управување, што се гледа од начинот како со децении се управува со големите компании како Сони, Тојота, Хонда и други индустриски гиганти. Практика во јапонските компании е од едно семејство да работат повеќе генерации, а работникот уште на почеток од вработувањето знае дека и неговите деца и внуци ќе работат во истата компанија и затоа неговата лојалност, освен економска, има и емоционална врска - тој никогаш нема да купи автомобил или технички апарат произведен во Европа, САД или во Јужна Кореја.
Малку Македонци би се саможртвувале, заради интересот на државата. Нашето удирање во гради и парадниот патриотизам, присутни од прогласувањето на независност до денес, се покажаа дека се без супстанца која дава гаранција за одбрана на државата во критични историски моменти (за време на конфликтот во 2001 година, одѕивот за мобилизација на резервниот воен состав беше помалку од 20 отсто, иако во исто време градските плоштади беа преполни со воинствена маса подготвена да се пресмета со „клетите Шиптари“).
Наша тажна реалност е дека односот на граѓаните кон институциите генерално е нездрав, но и обратно: голем процент од населението е лојално само поради тоа што партијата која тие ја поддржуваат, управува со институциите. Кај нив доброволната лојалност е резултат само на поклопувањето на партиската со државната лојалност. Во обратни околности не е тешко да се претпостави каков би бил нивниот однос. Друг голем процент од населението, токму поради оваа испреплетеност на владеачката партија со институциите на државата (апострофирано и во последниот Извештај на ЕК), својата лојалност ја доживува како принудна, а институциите воопшто не ги чувствува за свои, туку за наметнато нужно зло, кое мора да се прифати за да се избегне репресијата. Третиот голем процент од населението се припадниците на најмногубројното етничко малцинство во државата, кои својата лојалност приоритетно ја ориентираат кон етникумот на кој му припаѓаат или етничката партија, а не кон државните институции.
По четврт век независност, дали има излез од оваа поразителна состојба во која се наоѓа нашето општество? Можното решение би било некој нов модел на релација граѓанин - држава, кој се спроведува во земјите од транзиција, а кои се членки на ЕУ. Примерот со Бугарија би ни бил најблизок. По приемот на Бугарија во ЕУ, Брисел има превземено силна контрола на бугарската држава и нејзините институции, што е гаранција дека државата нема да ја злоупотреби својата моќ за да се изживува врз граѓаните, туку се формира како пристојна функционална правна држава (она што на нас очајно ни треба). Од своја страна, таквата држава има право и механизми, во чија објективност малку кој се сомнева, да ги контролира граѓаните за да не се обидат да ги избегнат своите законски обврски кон државата. Значи, постои една подредена, субординирана поставеност, во која Брисел ја контролира државата, а таа го контролира граѓанинот, а кај граѓаните нема доминантно чувство за постоење на привилегирани и дискриминирани односно селективна правда и политички затвореници.
Македонија (контролирана) во ЕУ - тоа е решението за нашиот проблем. Сѐ друго би значело продолжување на оваа институционална и граѓанска агонија и постепена атрофија и трулеж на државните институции по принципот на „мирна бара“, која е мирна само до првиот ветер, кој кога ќе дувне ќе ја разбрани и од дното ќе го придвижи сиот наталожен талог и фекалии. Туѓото искуство нека ни послужи како предупредување дека недовербата кон институциите значи и недоверба кон државата, а револуции во мултиетнички држави многу често завршуваат со дисолуции. Има ли умни глави во државава да го видат тоа? 

 

Објавено во Слободен печат“

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


 

 

]]>
true
<![CDATA[Бранко Героски]]>: <![CDATA[Балкански дронови ]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1828/Balkanski-dronovi--- http://www.plusinfo.mk/mislenje/1828/Balkanski-dronovi--- 2014-10-15 13:15:00 Славеничката еуфорија во Тирана, Приштина, Тетово и во другите албански градови, после инцидентот на стадионот на Партизан во Белград, кога албанско знаме носено на беспилотно летало направи вистински хаос, ќе стивне. Ќе се заборават и неодговорниот триумфализам на албанскиот премиер Еди Рама и паниката во Белград, каде утре треба да допатува рускиот претседател Путин. Зад овој настан, сепак, ќе остане едно сериозно прашање – што сè може да се направи со едно вакво чудо на модерната технологија?



До неодамна, за дроновите мислевме дека се бескрајно скапи беспилотни летала, со кои располагаат само големите сили и ги користат за супертајни снимања и убивање на терористи. Потоа прочитавме дека мали и евтини дронови се користат за сигурносно набљудување и за аматерско снимање од височина. Сега, од технолошки најнапредните воини на Балканот, Албанците, кои во периодот 1999-2001 година „војуваа“ многу повеќе со подарените сателитски телефони одошто со калашникови, научивме дека со една таква играчка, која чини не повеќе од 600 евра (конкретниот модел), мотивиран и фанатизиран човек може голема беља да направи и преку ноќ да го запали ионака лесно запаливиот Балкан. Нема да биде чудо ако следната војна на Балканот биде војна на дронови – малото летало управувано со далечински управувач вчера носеше знаме, но утре може да носи и бомби.



Можностите за (зло)употреба на овие летала и во мирнодопски услови се бескрајни. Треба да само да се има само многу фантазија и малку пари. Дроновите и сега можат легално и лесно да се набават на интернет, а не е далеку денот кога секој ќе може да си купи ваква играчка на Бит пазар. Им предлагам на другарите од Бихаќка веднаш да си набават неколку вакви летала. Нека ги вклучат малку текнувалата, за да им текне како да ги користат. Еве им само една бесплатна идеја за евтин, но ефикасен перформанс – едно такво летало може да понесе црвена боја што ќе се истури врз главата на Ќосето пред Судска палата, на пример. Во секој случај, многу попаметно е некој денар да се потроши за тоа, одошто да се плаќаат оние дронови на социјалните мрежи, кои ионака не вршат никаква паметна работа, освен што прават непотребни кавги.



Слушам дека во Скопје веќе има дронови со кои се вршат фотографски снимања. Предлагам ЗНМ да ги пронајде и да ги ангажира на 24 октомври да летаат транспарент со напис „Слобода за Кежо“, пред прозорците на салата во која скопскиот Апелациски суд ќе решава дали да го фрли нашиот колега во зандана или да го ослободи.  

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


 

]]>
true
<![CDATA[Драган Милосављевиќ]]>: <![CDATA[Срамот наречен Кобане ]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1827/Sramot-narechen-Kobane--- http://www.plusinfo.mk/mislenje/1827/Sramot-narechen-Kobane--- 2014-10-14 13:30:00  

 

Во последниов месец уште едно мало, безначајно, забаталено гратче на сириско-турската граница си го избори своето место, ако не во историјата, тогаш во свеста на нашата генерација. Кобане или Кобани постои, тврди Википедија, одвај стотина години, го населуваат главно Курди, има и Арапи, кои го викаат Аун Ал-Араб, а во популацијата од околу 45.000 жители се наоѓа и понекој Туркмен или Ерменец. Никој што не е роден во него или нема големи причини за такво нешто, не би си дозволил луксуз таму да помине повеќе од 24 часа. Но, Кобане има лоша среќа. Им стои на патот на џихадистите од „Исламската држава“ во обидот да остварат стратешка контрола врз северните погранични области на Сирија каде што освен Курдите немаат, барем засега, ниту еден сериозен противник.
Кобане нема среќа и затоа што Турција, чија моќна армија од границата буквално со голо око ги гледа борбите меѓу џихадистите и курдските доброволци, не покажува никаква намера да го спречи паѓањето на градот, и потоа, сосем извесниот масакр врз цивилите. Курдските борци, со застарено оружје, храбро им се спротивставуваат на професионалните убијци, верски фанатици и белосветски лудаци, кои далеку помногубројни и опремени со првокласно американско вооружување од три страни навлегуваат во градот. Во оној нималку патетичен очај, свесни за судбината што ги очекува ако Кобане падне, Курдите се борат жилаво, напрегајќи ги силите до крајни граници, при што индивидуалните чинови на храброст просто вчудовидуваат, како да не му припаѓаат на ова докажано кукавичко време.
Одлучноста на една 19-годишна девојка, курдски доброволец, со експлозив на своето тело да се втурне во редовите на џихадистите и да го заврши животот носејќи со себе триесетина непријатели, сигурно е една од најблескавите, но и најтрагичните во хорор-приказната што светските агенции ја пренесуваат од сириската пустина. Некој цинично би можел да забележи дека самоубиствените акции се типични токму за џихадистите, но причините не се и не можат да им бидат исти.
Додека тие се одлучуваат на таков чекор заслепени од омраза и залудени со приказни за некакви ветени благосостојби на другиот свет, нежната курдска девојка морала да реши да го уништи својот живот гледајќи во тоа дело единствен начин, макар и на кратко, да ги запре оние што сакаат да ја уништат не само неа, туку и нејзиното семејство, нејзиниот град и најпосле, нејзиниот народ. Девојчинската жртва и воопшто жртвата на сите бранители на Кобане е уште потрогателна кога ќе се стави во иста реченица со борбата на САД и на нивните арапски сојузници против „Исламската држава“, организација што постои и денес толку е моќна само затоа што нејзините тазе непријатели тоа ѝ го овозможија.
Секој нормален човек, секој што поседува макар просечна моќ за логично расудување би морал да се запраша, што тоа им се случува на американските воздушни сили во последно време, односно од моментот кога американскиот претседател Барак Обама одлучи тие да бидат ударната тупаница во походот против терористите од „Исламска држава“. Во последните седумдесетина години американското оружје ги доби сите можни војни пред и над сѐ благодарејќи на воздушната надмоќ, а еве против „Исламска држава“ работата некако запнува. Се чини дека со секој нов американски напад „Исламска држава“ станува сѐ посилна и освојува уште повеќе територија во Ирак и во Сирија, а тоа, би требало да се сложат дури и најголемите поборници на американската безгрешност, не е она што светот го очекува. Кога е во прашање битката за Кобане, работите стојат уште полошо, како за курдските борци така и за американскиот интегритет и веродостојност како водечка сила во судирот со лошите момци на Ал Багдади. Од Пентагон велат дека авионите сами не можат да ја завршат работата и дека е потребна сериозна сила долу на терен за да ги запре исламските милитанти во налетот кон изморениот град. Тврдат и дека конфигурацијата на теренот е таква што пилотите не можат докрај да ги искористат потенцијалите на своите ултранапредни летала, а веројатно и џихадистите се некои опасни мајстори за маскирање на позиции во пустински услови. Повторно, секој може да им се потпише и на таа констатација. Ама сепак нешто не е како што треба во приказната.
Велат дека градот го сардисуваат околу 9.000 војници на ИД. Нападите се одвиваат од три страни, а во нив учествуваат бројни моторни возила и најмалку дваесетина тенкови. Курдите пукаат со сите расположливи средства кон непријателите и затоа битката се протегнува на речиси еден месец, а можеби ќе трае и подолго. Од снимките што ги гледаме секојдневно, може да се види дека околу опсадениот град нема шуми, нема планини (едно суво ритче се наѕира во далечина), теренот е рамен и пустински, нема никаква природна заштита за џихадистите што настапуваат кон Кобане. Токму затоа секој има право да се сомнева дека авијацијата што во такви услови ја сомле своевремено третата најголема армија во светот, ирачката, сега не може да излезе на крај со неколку илјади џихадисти наместени во пустината како на тацна. Не може да се справи или не сака, тоа е вистинското прашање. Исто како што турската влада доби од парламентот одобрение за војна против ИД на сириска територија, ама одговорните министри велат дека вмешувањето во Кобане не било реална опција. Па, кога ќе стане реална опција? Кога фанатиците дефинитивно ќе го освојат градот и кога ќе им ги исечат главите на сите што не го фатиле последниот автобус кон Турција?
Можеби американските пилоти на некој волшебен начин ќе си ги повратат вештините и знаењата, можеби и турската војска ќе се осмели да ја премине границата, но не за да го нападне Дамаск туку за да го спаси Кобане, можеби некое друго чудо ќе ги спаси Курдите од масакрот што им се подготвува. Но, што и да се случи, срамот наречен Кобане ќе остане како тежок товар на изморениот грб на цивилизацијата. Колку да нѐ потсетува дека 21 век технолошки е најсупериорен откако постои човештвото, но дека морално не сме мрднале од глупавата пештера на нашите влакнести предци.

 

 

Објавено во „Слободен печат“

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

 

 

]]>
true
<![CDATA[Мирослав Грчев]]>: <![CDATA[Црвената октомвриска зора]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1826/Crvenata-oktomvriska-zora http://www.plusinfo.mk/mislenje/1826/Crvenata-oktomvriska-zora 2014-10-14 13:15:00 Деновиве, кога светот повторно заличува на еден обесхрабрувачки растроен и насилен век, бегло ги одгледавме и харковските фашисти како еуфорично го уриваат дваесетметарскиот споменик на Ленин. Веќе одамна никој не пушта солза за Ленин, а многумина со мозоци испрани со антикомунистичка пропаганда што не знаат ништо за историската улога на неговата комунистичка револуција, гледам, им се радуваат на неговите урнатини. Ред е затоа, по повеќе од 25 години интензивен, напати хистеричен историски ревизионизам во кој се потрошени трилиони зборови за да се озлогласат комунизмот и ленинизмот како најголемите светски зла, да ја искористам оваа пригода за потсетување на значењето на оној вистинскиот, црвениот октомври 1917 година.
Иако денес во Македонија се одбегнува и спомнувањето на руската Октомвриска револуција предводена од Ленин, сепак, ниту еден образован човек не би требало да се двоуми околу фактот дека се работи за револуција над револуциите, која произведе најголеми глобални последици и влијание во модерната историја на светот. Глобалната експанзија на оваа комунистичка социјална револуција, според пишувањето на Хобсбаум, нема историски паралели уште од исламските освојувања пред 12 века. Неполни четириесет години по Лениновото доаѓање на финската станица во Петроград, третина од човештвото живееше во општествени системи што директно произлегуваа од „Десетте дена што го потресоа светот“. А, само петнаесетина години подоцна и втората третина од човештвото во своите земји ја унапредуваше социјалната правда низ социјалистички модели од друг тип, но од истото идејно извориште. Рускиот црвен октомври ги потпали практично сите комунистички, ослободителни и социјални револуции на 20 век. Тоа е така, зашто Октомвриската револуција беше замислена како екуменско случување, а не како борба за власт во расцарената Русија или како ослободител и доносител на социјализмот само во таа земја. Таа беше замислена и водена од Ленин, Троцки и другарите единствено во функција на иницијатор и спроведувач на светската пролетерска револуција, како универзален ослободител на работниците, селаните и угнетените од целиот свет.
Вистината за неговите родители би требало да му е важна на секое самосвесно суштество, па во оваа пригода морам да потсетам дека раѓањето на модерната македонска држава е една од многуте рожби на Лениновата револуција, една од екуменските креации на најголемата од сите револуции. Зашто, борбата за создавањето на ОВАА Македонија беше инспирирана, организирана, започната, водена, во крв платена и, конечно, добиена од темпларите на марксистичко-ленинската вера, од Комунистичката партија на Југославија и од македонските комунисти. Македонскиот 11 Октомври, кога пукнаа првите истрели во слава на зачнувањето на современата македонска држава, беше исто толку црвен како и рускиот 24 години порано, затоа што беше негова директна историска последица. Колку и фашизоидната пропаганда на ДПМНЕ да го маргинализира значењето на комунизмот за раѓањето на современата македонска држава и за еманципацијата на посебната македонска националност, оваа рожба е за среќа премногу добро документирана.
Историска вистина е дека во оловните времиња на експанзивниот фашизам, во мрачните триесетти години од минатиот век, Советскиот сојуз и комунистичката интернационала (и ниту една земја на либералниот капитализам, зошто тие со својата попустливост го обезбедија Хитлеровиот подем!) беа единствените одлучни и ефикасни поборници за обединување на нациите во антифашистички фронт. Факт е и дека сите воено ефикасни и масовни вооружени ослободителни движења во поробена Европа од 1941 до 1945 година, беа водени од комунистичките партии на своите земји, ќерките на рускиот црвен октомври.
Да, почитувани читатели, би требало сите да паметиме, во крвавата 1941 година, кога фашистичките сили и нивните сателити ја окупираа и распарчија првата Југославија, а поголемиот дел од денешната Македонија влезе во составот на фашистичката Обединета Б`лгарија, само југословенските комунисти беа решителни и бескомпромисни антифашисти и само во програмата на КПЈ беше беспоговорно вградена националната еманципација и државотворноста на македонскиот народ. Веќе во месец мај Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија издаде проглас до сите комунисти да се дигнат на борба против фашизмот: „Гответе се сите за последниот решителен бој (...) Застанете на чело на работниците и национално угнетените маси и водете ги во борба против фашистичките поробувачи!“. Во септември 1941 беа извршени организациските подготовки за вооружено востание во Македонија од страна на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија и беше формиран Покраинскиот штаб. Само затоа и само така почна, со првата воена акција во Прилеп, на 11 октомври, вооруженото востание со кое се зачна и од кое, неколку крвави години подоцна, се роди првата народна македонска република во историјата, со македонска национална конститутивност и со слободарски и демократски устав. Раѓањето на македонската држава во воено-стратешка смисла беше овозможено - како впрочем и светската победа над фашизмот - во најголема и пресудна мерка од Црвената армија на Советскиот Сојуз, од таа клучна победоносна рожба на Црвениот октомври.
Поради (овој пат) внатрешната фашистичка окупација на институциите на државата, врз Македонците е спуштена црната завеса на заборавот преку сеќавањата за прескапата цена што со своите животи ја платија најзаслужните херои за постоењето на Република Македонија – нашите витези на Црвениот октомври, македонските комунисти, воините кои најмногу заслужија да им креваме споменици. Живееме со мрачно перде преку нашата совест, кое ни овозможува да не пропаднеме во земја од срам додека новите окупатори - наместо на вистинските македонски херои, апостолите и светците на македонскиот комунизам и народноослободителната борба - им градат споменици на цареви, василевси и фараони, архиубијци, провинциски кољачи и други крвопијци од некое за нас ирелевантно минато. Ако некому воопшто треба да му кренеме споменик на скопскиот плоштад, тоа би требало да биде како планина високата колона на македонските херои на црвената октомвриска зора – комунистите кои ја поведоа вооружената борба против фашизмот, кои ја зачнаа и ја породија современата македонска држава. Нека ни е честит 11 Октомври!

 

Објавено во „Слободен печат“

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

 

]]>
true
<![CDATA[Бранко Героски]]>: <![CDATA[Та не сме саде ние, та не сме саде тука]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1825/Ta-ne-sme-sade-nie-ta-ne-sme-sade-tuka http://www.plusinfo.mk/mislenje/1825/Ta-ne-sme-sade-nie-ta-ne-sme-sade-tuka 2014-10-14 12:30:00

Ете, баш така како што пее Рацин во „Копачите“ - та не сме саде ние, та не сме саде тука...

Не им е лесно на „копачите“ по информации во Македонија, но не им е лесно и на други места. Од вчера, нашата земја не е единствената во регионот во која на новинар му заканува затворска казна. Она што му се случи на колегата Томислав Кежаровски, сега може да ѝ се случи на новинарка во Словенија, земја за која верувавме дека по демократските перформанси за неколку копја го надвишува овој наш темен вилает.


Станува збор за Анушка Делиќ, истражувачка новинарка на „Дело“, која е обвинета дека објавила доверливи државни информации и поради тоа се соочува со казна затвор од три години. Европската федерација на новинари веќе крена тревога и побара словенечкото обвинителство итно да ја отфрли кривичната пријава против новинарката, чија единствена „вина“ е што објавила информации за поврзаност помеѓу словенечка неонацистичка група и една политичка партија, информации за кои тамошната тајна полиција тврди дека потекнуваат од нејзината документација.


Можеби ние, колегите на Анушка Делиќ од Македонија, не можеме многу да ѝ помогнеме, но чинам дека е ред да изразиме солидарност и да се придружиме кон апелите на нашите пријатели од Европа. Властите во Македонија и во Словенија мора да сфатат дека правото на јавноста да знае и должноста на новинарите да известуваат за прашања од јавен интерес се еден од најважните стандарди на модерното демократско општество.

]]>
true
<![CDATA[Бранко Героски]]>: <![CDATA[Војна со роденденски честитки]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1824/Vojna-so-rodendenski-chestitki http://www.plusinfo.mk/mislenje/1824/Vojna-so-rodendenski-chestitki 2014-10-13 12:45:00  

Роденденот е ексклузивна прилика на човек да му се честита и да му се посака здравје, успеси и лична среќа. Тоа е пријатен и интимен чин, со кој се демонстрира љубовта и почитта меѓу блиските. Освен во автократските режими, каде што од родендените на водачите се прават големи фешти, за да се потврди култот на личноста и вербата во нивното премудро водство, она што важи за обичните смртници, важи и за политичарите – празнувањето и честитањето губи секаква смисла надвор од рамката на пријателството, па дури и тогаш кога социјалните мрежи го шират значењето на тој поим.



Меѓу многуте недостатоци за кои го критикуваме Никола Груевски, кои се толку фатални што со право човекот го нарекуваме деспот, сепак треба да се издвои и една ситница што се препознава како доблест – човекот секогаш скромно го прославува својот роденден. Од друга страна, меѓу многуте доблести што им ги припишуваме на нашите опозициски лидери, неизбежно мора да се издвои и една многу непријатна маана - желбата нивните родендени да прераснат во јавни настани, од кои ќе се упатат пораки колку народот ги обожува.



Дополнителен проблем во нашиов случај е што родендените на актуелниот и на поранешниот лидер на СДСМ се со разлика од само два дена. Во нормални околности, тој факт би бил безначаен, но во ситуација кога нивните фанови упорно ги ставаат своите објекти на обожување во конкурентски однос, настанува конфликт, а потоа и фарса. И лани, а особено годинава, на социјалните мрежи, приврзаниците на Заев и на Црвенковски водеа дегутантна меѓусебна војна со роденденски честитки, во еден трагикомичен обид да покажат чиј роденден треба да биде „најсреќен“ и кој лидер е „најобожуван“.



Ги читав тие постови и коментари на Фејсбук и да бидам искрен, се почувствував баш бедно. Си помислив, дали ако еден ден овие двајцава дојдат на власт, нивните огнени обожаватели ќе бараат да се обнови и штафетата на младоста? Во поттекстот на тие пораки јасно се препозна едно недругарско ривалство и неединство, погубно за СДСМ. Немој само некој да ме убедува дека сето тоа не било важно оти се случило на Фејсбук – ако беше оваа социјална мрежа толку неважна, тогаш немаше лавовскиот дел од ресурсите за кампањата за последните избори СДСМ да ги насочи токму таму.



Знам дека Заев и Црвенковски не се директно виновни за овој невкус и за овој хаос меѓу нивните фанови на Фејсбук. Сепак, мислам дека е крајно време и двајцата да пронајдат начин да им се обратат на своите приврзаници и да им објаснат дека она што тие го прават за „доброто“ на својот фаворит, всушност, не е добро за никого – ниту за едниот, ниту за другиот, а најмалку за најголемата опозициска партија. Тешко на оној кому роденденот му служи ласкавците да му ја нахранат суетата.

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Зоран Бојаровски]]>: <![CDATA[ТВ Дневник: Извештајот од Брисел и фрустрациите на еврокомесарите]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1823/TV-Dnevnik-Izveshtajot-od-Brisel-i-frustraciite-na-evrokomesarite http://www.plusinfo.mk/mislenje/1823/TV-Dnevnik-Izveshtajot-od-Brisel-i-frustraciite-na-evrokomesarite 2014-10-13 12:00:00



Осми октомври беше денот во кој се очекуваше официјалната прес конференција во Брисел на кој требаше да се соопштат поентите од последниот извештај за напредокот на нашата земја во евроинтеграциските процеси. Подготовките за настанот стартуваа дваесетина дена порано кога медиумите кои имаат причина да ги поддржуваат политиките на актуелната власт, започнаа да го билдаат релативизирањето на овој извештај. Веќе е познато дека се тоа вообичаени активности на спин махерите и креаторите на јавното мислење блиски до владата и тука нема ништо нелегитимно, иако има многу прашалници кога е во прашање етиката. Но, кому му е гајле за етиката. Она што остана да се очекува беше кои ќе бидат постапките на власта на дена два пред соопштувањето на извештајот и на самиот ден, и како ќе се однесуваат медиумите во врска со тоа.


Оваа лекција е, всушност, студија на случај на тема централниот дневник на една македонска национална телевизија и нејзината уредувачка концепција на 8 октомври, кога беа соопштени мислењата за напредокот на нашата земја на патот кон Брисел. Телевизијата е селектирана по случаен избор.


На стартот веднаш да кажеме дека новинарските редакции се автономни во креирањето и изборот на принципите за својата уредувачка политика, но некои елементи во журналистиката се стандарди одредени од вредноста на вестите, како и од приоритетите на заедницата.


Се разбира, кога е во прашање динамиката на приливот на вести, тогаш ја имаме варијабилата „неочекувано“, која секогаш си го бара своето место во елекцијата на вестите што редакциите ги „пакуваат“ за еден вечерен ТВ дневник.


Не дневникот на Канал 5 на 8 октомври му се случија повеќе од претходно наведените фактори што го одредија профилот на спакуваните вести.

 


ИСКУСТВО ЗА ДОБРА ПРАКТИКА

 

Мора да се каже дека при уредувањето на вестите во нивната објективизација и логична подреденост, е внесен и личен белег. Во уредувањето на дневникот, кој ни послужи како студија на случај за оваа лекција, многу вешто е направена разликата меѓу природно произлезените вести и оние кои произлегоа од контролирани настани. Тој ден „природни“ топ вести беа сообраќајната несреќа во близина на селото Велешта, струшко, кога минибус полн со патници имал директен судир со камион и сосема несекојдневната хируршка интервенција на Гинеколошката клиника на Универзитетските клиники во Скопје, кога на една пациентка и бил отстранета циста со 50 литри течност.


Овие два настани, кои генерираат информации вредни да бидат вест, со право се најдоа во првите минути на дневникот. Од една страна,  тоа било од помош да се оправда уредничката постапка комплексната информација за оценките за Република Македонија во извештајот на Европската комисија да ја стави како трета тема во дневникот, а, од друга страна, да се избегне стапицата што ја носеше „големата вест на денот“ – апсењето на 25 судии и судски службеници на прекршочниот суд на скопска единица, која беше временски темпирана да ги покрие сите негативни реакции на извештајот. Тоа им беше јасно и на најнаивните од медиумската публика.
Таа информација, за судиите, е ставена дури како петта вест, откако на извештајот од Брисел е залепена информацијата дека Демократската партија на Албанците, чиј претседател е Мендух Тачи, се враќа во парламентарните клупи, што беше сосема логична постапка заради настојувањето на Брисел политичкиот дијалог во Македонија да се врати во институциите.


 
ИЗВЕШТАЈОТ ОД БРИСЕЛ И ФРУСТРАЦИИТЕ НА ЕВРОКОМЕСАРИТЕ

 


Ќе се задржиме малку на сегментот во дневникот кој се однесуваше на извештајот за Македонија од Брисел. Во конципирањето на овој сегмент, искуството и знаењето на уредниците на дневникот се повлекло пред интересите на уредувачката политика на медиумот. А, во овој случај, интересите на медиумот се видоа ептен под превезот на површноста и тенденциозноста со кои беше спакуван овој сегмент – новинарскиот пакет за извештајот.


Наместо објективен и сеопфатен  новинарски извештај за сите забелешки на еврокомесарите во кои доминира зборот „назадува“, иако препораката останува, добивме медиумска содржина во која за најсериозните обвинувања за политичкиот дијалог, за назадувањето во сферата на медиумските слободи и реформите во судството, меѓуетничките односи, како и дека Македонија има сериозни законодавни и процедурални проблеми во изборите, имаше само една полуреченица.


 

Она што го добивме во сегментот на дневникот за годишниот извештај на Брисел беа избор од две небитни парчиња од излагањата на Штефан Филе и на Аиво Орав и еден екстензивен прилог за економските успеси на владата. Проблем е што дури и тој прилог беше селективен во пристапот и ги изостави и сериозните забелешки на еврокомесарите кои се однесуваат на волунтаризмот на владата во донесувањето на буџетот, како и критиките за фискалната политика.


Тоа не е објективен и избалансиран новинарски пристап, Напротив. Дури и вклучувањето на репортерот од пред зградата на владата во Скопје, во вака спакуван медиумски пакет, изгледаше без никаква смисла. Без соговорник, тој даваше свои оценки за, наводната, незаинтересираност на македонската јавност за оценките од Брисел, а најинтересна поента на репортерот беше дека од настапот на Филе се чувствувало дека во Брисел се фрустрирани што Македонија е толку добра, а не можат да ѝ дадат датум за преговори. Среќа што овој пат, којзнае зошто, немаше од „сосема очекуваните“ експерти да ја прифатат оваа теза и да ја образложуваат надолго и нашироко.

 


КОНЧИТА НАМЕСТО КОБАНИ

 

Потоа дневникот влезе во една рутинирана и здодевна фаза со една предолга и со ништо непредизвикана, но „вечна“ тема – користењето на антибиотиците без контрола на лекар.


За завршница на дневникот донесена е одлука за пренесување на еден занимлив настан, повторно од Брисел – за настапот на Кончита Вурст, победничката на годинешното издание на Евросонг на некој форум за права на ЛГБТ заедницата. Овој настан и Кончита, колку и да се работи за медиумска атрактивна личност, не може никако да се спореди со големите и крвави протести во неколку турски градови покрај границата со Сирија заради рамнодушноста на Турција кон злосторствата што ги прават припадниците на така наречената Исламска држава, претежно кон тамошното курдско население во градот Кобани. Тој ден, во судирот со турската полиција, загинаа 17 демонстранти. Тоа беше вест за крај на дневникот кога веќе мораше да се избере само една вест за настаните од светот.

 


Оваа новинарска лекција е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Новинарската лекција e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на новинарската лекција е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

]]>
true
<![CDATA[Зоран Димитровски]]>: <![CDATA[ Политичка пропаганда во пикантен програмски сендвич]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1822/-Politichka-propaganda-vo-pikanten-programski-sendvich http://www.plusinfo.mk/mislenje/1822/-Politichka-propaganda-vo-pikanten-programski-sendvich 2014-10-13 11:45:00
 
Ако ТВ Сител не објави некоја вест, како да не се случила. Ако, пак, во главните вести се обнароди политички спин од дувлото на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, тој лесно станува доминантно јавно мислење. Можеби звучи претерано, но така некако функционира медиумската пропаганда во Македонија и така се создава јавното мислење во корист на власта, на штета на јавноста и опозицијата.


Иако расте процентот на граѓани кои се информираат од интернет порталите – според анализата на пазарот на Агенцијата за аудиовизуелни уметности за 2013 година тој изнесувал 44 отсто – за светските и домашните настани граѓаните главно се информираат од телевизиите – 80 отсто. Ако, пак, се има предвид дека дури 84 од стоте најгледани програмски содржини во Македонија лани биле од понудата на ТВ Сител, тогаш е јасно зошто власта истура финансиски средства токму во оваа телевизија.


ИЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОЛИТИЧКИ ДИСКУРС

 


Но, на што се должи „магијата“ на ТВ Сител, освен се разбира на дотурот на буџетски и други средства и зошто оваа телевизија успева преку своите информативни емисии толку драматично да го изобличува јавниот политички дискурс во Македонија?


Не треба да бидете експерт за програмски содржини за да знаете оти политичкиот спин, штапските вести, нарачаните медиумски атентати против опозицијата и слободно мислечките луѓе, може да доминираат во ТВ етерот само ако имате висока гледаност на информативните емисии. За тоа, пак, освен врвна ТВ техника и опрема, современо студио, сугестивни комуникатори, симпатични водители – презентери и новинари, клучот е да ги сместите вашите политички пораки во добар програмски сендвич.


Со други зборови, за народот да ги гледа вашите вести, без оглед дали се независни, професионално одработени или партиско-политички и пропагандно штелувани, треба „да го врзете“ за телевизорот. А, просечниот македонски гледач во 2013 година гледал 4 часа и 27 минути ТВ програма дневно! За да му земете дел од тоа време, треба да имате предвид оти демографијата на ТВ публиката во Македонија има прозаични карактеристики: жени – 53 отсто, гледачи со основно – 27 отсто и средно образование – 42 отсто, публика над 65 години – 17 проценти! И полека ќе разберете зошто по шоуата на Доктор ОЗ, квизот на Лила Филиповска и народните ТВ приказни, без оглед дали сте гласач на власта или на опозицијата, од вестите на ТВ Сител во 19 часот не можете никако да избегате. Ако, пак, потоа сте се „навлекле“ на турските серии – Сила, Мирниот сокак, Имитација на животот, Карадај (меѓу најгледаните 10 програми лани била Судбината на Фатмаѓул), ќе ги фатите и вечерните политички тиради на последните вести. Од нив никако нема да куртулите ако во доцните ноќни часови ги следите забавните шоуа увезени од нашиот северен сосед, како Икс Фактор лани или Твоето лице звучи познато годинава.


Ако сте спортски фан и ако ги следите Лигата на шампионите, кошаркарското првенство на АБА Лигата, ракометните натпревари (најгледани ТВ програмски содржини лани биле мечевите на македонската ракометна репрезентација), трките на Формула 1, тогаш може да ви се случи да се закачите и на вестите на МТВ или на тазе преродбеничката ТВ Алфа. На МТВ, пак, може да ве маѓепса и македонската верзија на забавниот хит на Би-би-си – Танц со ѕвездите, американските крими серии Ци-Ес-Ај инвестигејшн, па да се заборавите и да се фатите како ги голтате вечерните дезинформации од партискиот штаб на ДПМНЕ. Се разбира, ако сте верен гледач на Величествениот ќе фатите малку и од истиот тој преродбенички колач на Канал 5, итн. итн.

 


Но, зошто, навистина зошто би ги следеле политички непристрасните вести на ТВ Телма или единствените информативно-политички дебати во државава (покрај неделното политичко шоу на ТВ Алсат) на кои може да се чуе различно мислење – на 24Вести? Дали убавите ТВ фаци, технолошки совршените студија или можеби поновите холивудски филмови, странски забавни емисии, врвни спортски возбудувања или топ – ТВ серии?

 


СТРАВОТ ЈА ЧУВА ВЛАСТА НА ДПМНЕ

 


Се разбира, на овој аргумент може да му се спротивстават два легитимни става: прво, оти следењето на вкусот на публиката може да ги одведе програмските содржини во ТВ кич, евтин популизам, турбо-фолк програма, што не одговара, да речеме на уметничкиот и софистициран имиџ на ТВ Телма, која сака и да ја едуцира публиката, а не да ѝ се повинува. Второ, на овие телевизии нема државни реклами, ниту оддалеку како на МТВ, ТВ Алфа и ТВ Канал 5, што значи дека се финансиски хендикепирани во однос на провладино-пропагандистичките.
И тоа навистина може да ви изгледа разбирливо, но само ако немате предвид оти сопствениците на двете телевизии се прилично богати и доходовни фирми – „Макпетрол“ и кабловскиот оператор „Телекабел“, кои минатите години остварувале приходи од повеќе милиони евра. Згора на тоа и двете фирми се дел од еден прилично монополизиран пазар со ограничена конкуренција – снабдувањето со нафтени деривати и кабловска телевизиска програма – и ги користат тие погодности за да заработуваат. И зошто тогаш нивните сопственици не сакаат да вложат во атрактивни програмски содржини за да привлечат публика барем колку МТВ и Канал 5, ако веќе не можат како ТВ Сител?


На пример, ако телевизијата 24Вести сака да биде мал македонски Си-ен-ен, зошто тогаш нема дописништва и директни јавувања од настаните во сите македонски градови, зошто нема сопствена атрактивна документаристичка програма, истражувачки серијали итн, итн? Зошто новинарите во оваа телевизија се жалат на ниски плати? Или зошто на Телма нема ТВ серии, филмови и забавни шоуа од повисок квалитет, барем како оние на МТВ?


Дали газдите на овие телевизии го пресметале само економскиот и финансискиот или можеби и политичкиот ризик од вложување во квалитетна програмска содржина? Којзнае, веројатно во Македонија стравот ја чува власта на ДПМНЕ многу повеќе, отколку парите, силата и пропагандата заедно.

 


Оваа колумна е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Колумната e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на колумната е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

]]>
true
<![CDATA[Жарко Трајаноски]]>: <![CDATA[ Како Адолф Хитлер стана „ослободител на Македонија“]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1821/-Kako-Adolf-Hitler-stana-osloboditel-na-Makedonija http://www.plusinfo.mk/mislenje/1821/-Kako-Adolf-Hitler-stana-osloboditel-na-Makedonija 2014-10-13 11:15:00
 

 
Политичката пропаганда повторно ги прави вестите во Европа (Propaganda on the March: Political Control of Journalism and the Threat to Ethics, AIDAN WHITE, 30 May 2014)

 


Која е разликата помеѓу политичката пропаганда и етичкото новинарство? Што е пропаганда, а што е етичко новинарство? Старите прашања повторно стануваат актуелни. И тоа не само во контекст на новинарските известувања од и за кризните жаришта (Украина, Газа, Сирија, Ирак, Авганистан…), каде што политички контролираната медиумска пропаганда маршира напоредно со војничките чизми.


Како се препознава пропагандата, наспроти етичкото новинарство? Да потсетиме што укажуваше Аидан Вајт за етичкото новинарство, кога пред неколку години предупреди дека и некои европски медиуми се претвориле во „пропагандни мегафони“ на луѓето од власта.

 

„Етичкото новинарство оди со едноставна порака: новинарството не е пропаганда и медиумските производи не се само економски, тие додаваат вредност на човечките животи и верноста на кодексот е значаен начин за определување кој е, а кој не е новинар.“ (Аидан Вајт, ETHICAL JOURNALISM AND HUMAN RIGHTS)

 

ЕТИЧКО НОВИНАРСТВО НАСПРОТИ ПОЛИТИЧКА ПРОПАГАНДА

 


Како да разликуваме етички новинар од политички пропагандист? Споредбата помеѓу Џорџ Орвел (Ерик Артур Блер) и Адолф Хитлер може да ни биде од помош.


Џорџ Орвел беше новинар кој даде оставка од BBC затоа што сакаше поскоро да се занимава со новинарство, отколку со пропаганда:


„Мислам дека во сегашнава политичка ситуација, емитувањето британска пропаганда во Индија е речиси безнадежна задача. На други е да одлучат дали овие емитувања воопшто треба да продолжат, но јас не претпочитам да го трошам моето време на нив, кога можам да бидам преокупиран со новинарство, кое навистина произведува некаков мерлив учинок.“ (Оставката на Орвел во 1943, во архивите на BBC)

 

Адолф Хитлер, пак, ја започна својата политичка кариера како партиски пропагандист кој во печатот не гледаше ништо друго освен орудие за „пропаганда“.  Наспроти Орвел, кој со својот етички чин застанува во одбрана на слободата и независноста на печатот и новинарот, Хитлер во Мојата борба ги карикира новинарите како „виртуози во уметноста на извртување на фактите“. Тој најавува безмилосна државна контрола и суспендирање на „таканаречената слобода на печатот“, за овој „инструмент за обликување на јавното мислење“ да не биде оставен повеќе „во рацете на туѓинци и непријатели на државата“. Една од првите работи што ги прави Хитлер откако станува канцелар во 1933 е „Министерството за јавно просветување и пропаганда“, формирано веднаш по стапување на сила на декретот „за заштита на луѓето и државата“, кој му овозможува суспендирање на слободата на изразување и слободата на печатот.

 


Орвеловата критика (1940) на пропагандниот памфлет Мојата борба ја признава пропагандната умешност на „мономанијакот“ Хитлер: „…If  he were killing a mouse he would know how to make it seem like a dragon“ („…ако убие глушец, ќе направи да личи како да убил змеј“).


 
КАКО МАРШИРА ХИТЛЕРОВСКАТА ПРОПАГАНДА ВО „СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА“

 


Има доста литература за тоа како бил претставуван Хитлер во нацистичките пропагандни постери и филмови, како што е Триумфот на волјата (1935).


Но, речиси и да нема написи како бил претставуван Хитлер во печатот, откако нацистите влегуваат во Скопје на почетокот на април 1941. Интересен пример е априлскиот број на списанието Илустрација Илинден, посветен на „Царот на Бугарите“ (Борис III) и на Адолф Хитлер, кој е претставен како „ослободител на Македонија“.
Насловната страница на Илустрација Илинден со фотографија на цар Борис. Сите изданија на весникот од 1928-43 можат да се најдат на сајтот на  НУБСК.


Во еулогијата посветена на Адолф Хитлер, уредникот на списанието Кирил Христов Совичанов (родум од Битола), го претставува фирерот како „недостигнат до сега државник“, како „пратеник божји, маж праведен и чесен“ кој поставува нови светски принципи: „…секој еднакво да се радува на Божјото сонце, секој да се развива согласно способностите, и дарбите подарени од провидението“.


Хитлер е претставен како ослободител и спасител на Македонија на кого му симнуваат шапка сите илинденци: „Илинденците… со симнати шапки се поклонуваат пред величината на спасителот на светата им родна земја, Адолф Хитлер“.


Под текстот е испечатена стихотворба „На фирерот Адолф Хитлер“, опишан како „смелиот борец за правдини“, илустрирана со селанки од с. Кривогаштани, како ги дочекуваат првите бугарски офицери и гости од Софија. Потоа е испечатена уште една стихотворба „Слободна Македонија“, во која се опева „моќната десница на Хитлера велик“ и славата на бугарскиот цар која се разнесува од Солун до Шар. Потоа следуваат текстови (повторно потпишани од главниот уредник) во кои се слави „ослободувањето“ и „големиот ден“, од име на Илинденците: „…мнозина илинденци не ќе можат да стигнат до ослободените им родни места, но славенички и смирено, ќе можат да кажат: „Сега можам спокојно да си умрам, зашто очите ми го видоа спасението на мојот народ“.

 


И во рубриката во која се известува за состојбите на фронтовите и меѓународните односи („Положението“) како главен историски факт се потенцира ослободувањето на Македонија од страна на германските војски кои за кусо време ги разбиле војските на Југославија и Грција – „двете угнетителки на  Бугарите во Македонија“. Во народниот број списанието се обраќа „Кон новоослободените бугарски граѓани“ да ги остават Царот и „правителството“ да ја управуваат државата, а „ние… смирено да се препуштиме на нашите занати и со труд да се стремиме да придонесеме за доизградувањето на севкупното величие на Голема Бугарија“.


Веќе во септемврискиот број на Илустрација Илинден се пропагира како општоприфатен факт дека Македонија е населена првенствено од Бугари, дека „Македонија е чисто бугарска земја“: „Во Македонија немало, нема, и нема да има Македонци“.


Во април 1942, под огромните нацистички знамиња, „ослободителите“ извршиле ритуално „симболично обединување на бугарскиот народ“ на плоштадот „Цар Борис Трети“ во Скопје. Девојки со „китни носии“ носеле земја од „новоослободените територии“, а владиката ја мешал со бугарската земја. Благословената земја била „торжествено“ донесена во скопската црква „Св. Богородица“ за да остане за „вечни времена“. По урнек на нацистичкиот слоган „Еден народ, еден рајх, еден фирер“,  пропаганден слоган на „ослободителите“ бил „Еден цар, еден народ, една држава“, како што соопштува спикерот во пропагандниот филм за „бугарското обединување“.


Големобугарската пропаганда во Македонија била несомнено инспирирана од рецептите на Хитлер.


КАДЕ СЕ СЛЕДБЕНИЦИТЕ НА ОРВЕЛ ВО МАКЕДОНИЈА?

 


„…слободата на печатот, ако воопшто нешто значи, значи слобода да се критикува и спротиставува“ (Џорџ Орвел)
Како контрапункт на Адолф Хитлер (симболот на тоталитаристичката пропаганда), можеме да го поставиме Џорџ Орвел (како симбол на слободата на новинарството). Орвел ги афирмираше слободата на интелектот како „слобода да се известува она што се гледа, што се слуша, што се чувствува, без обврска да се фабрикуваат имагинарни факти и чувства“. Орвел го застапуваше „правото да се известува за современите настани вистинито, или онолку вистинито колку што е конзистентно со незнаењето, пристрасноста и себе-залажувањето од кои нужно страда секој набљудувач“. Токму Орвел посведочи, веројатно и од личното искуство (пред да даде оставка во BBC), дека „новинарот е неслободен, и е свесен за неслободата, кога е принуден да пишува лаги или да го потиснува она што му се чини дека е значајна вест“.


Денес, македонското новинарство е потиснато од политичката пропаганда. Најблаго речено, многу од новинар(к)ите се економски или на друг начин принудени да пишуваат лаги, да фабрикуваат имагинарни факти и чувства, но и да ги потиснуваат значајните вести – како што се политичките судења (и драконските казни, вклучително и против нивни колеги). Јавното мислење, барем на ТВ екраните, е речиси комплетно окупирано од пропагандисти кои ги следат насоките на „Центарот за комуникации“ (кој дејствува како неформално „Министерство за јавно просветување и пропаганда“).


Сепак, дури и во најразочарувачките моменти од ова медиумско мракобесие, не ме напушта прашањето: Дали меѓу македонските новинар(к)и, па дури и оние кои сѐ уште работат во јавниот сервис, има и следбеници на Орвел, кои храбро ќе се спротивстават на „организираното лажење практикувано од тоталитарната држава“, а во одбрана на слободата да се критикува и спротивставува?

 


Оваа анализа е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Анализата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на анализата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

]]>
true
<![CDATA[Бранко Героски]]>: <![CDATA[Љубчо, не биди Шарло на денешната опозиција!]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1820/Ljubcho-ne-bidi-Sharlo-na-deneshnata-opozicija http://www.plusinfo.mk/mislenje/1820/Ljubcho-ne-bidi-Sharlo-na-deneshnata-opozicija 2014-10-12 11:45:00 Вклучувајќи се во полемиката на „Фокус“ за „партизанските работи“, помеѓу Стојан Андов и генералот Тодор Атанасовски, Љубчо Георгиевски го задева Атанасовски, прашувајќи го зошто раководството на Комунистичката партија на Македонија во 1941 година донело одлука да се приклучи кон Бугарската комунистичка партија и дали тоа било само приватна одлука на тогашниот генерален секретар Методија Шаторов - Шарло. Љубчо допрашува зошто партизанското движење во Македонија било најслабо во споредба со другите краишта на Југославија и зошто КПЈ морала кај нас да испраќа инструктори на чело со Темпо.

 

Историјата, се разбира, одамна има одговори на овие прашања. Колебливоста на „пробугарските македонски комунисти“, како што ги нарекува Љубчо, е последица на Сталиновите игри и на влијанието на БКП. Тие игри кусо време го пасивизираат антифашистичкиот отпор во Македонија, но трајно го убиваат во Бугарија. КПМ, приклучувајќи се кон отпорот на КПЈ, ќе стане дел од антифашистичката епопеја во Југославија и во Европа, додека бугарските комунисти дефинитивно ќе се маргинализираат, а Бугарија од фашистите, како што е познато, ќе ја ослободува Црвената армија. Да останеше Македонија во тоа квинслишко друштво, нема дилеми дека и таа ќе беше ослободена од Сталин и ќе останеше под неговата чизма уште половина век, како и Бугарија, а Македонците веројатно ќе беа претопени во Бугари.


Не знам дали сум во право, но имам впечаток дека зборувајќи за Шарло и за шарловизмот, на еден чуден начин, Љубчо Георгиевски ја проектира сопствената ролја на македонската политичка сцена денес. Да се потсетиме. Во неколку последователни изборни циклуси, гласовите на неговата ВМРО-Народна на речиси необјаснив начин завршуваат на контото на ВМРО-ДПМНЕ. Да помисли човек дека КМП пак тајно се приклучила кон БКП! А сите ние сме убедени дека Љубчовата партија тежи барем 60.000 гласови. Сега, пак, во екот на политичката криза, Георгиевски се труди да биде „конструктивен“ и да предложи „компромис“ што не е тоа – тримесечно учество на опозицијата во извршната власт и потоа избори. Простете, но мене ова ми личи на Шарловска колебливост што води во ќорсокак. Ако СДСМ прифати било каков аранжман со ВМРО-ДПМНЕ, без цврст договор за промена на политичкиот амбиент, на изборите ќе помине слично како што поминува ВМРО - Народна. Тоа е идејата?

 

Признавам дека Љубчо е еден од најотворените собеседници со кои сум разговарал и дека го доживувам како демократ и личен пријател. Од таа позиција, се чувствувам слободен јавно да му се обратам и да му кажам некои работи што ми се чинат важни. 

 

Љубчо пријателе, од историјата, на која често се повикуваш, треба да научиме дека колебливоста и компромисерството не се секогаш добар избор, а особено ако не се поткрепени со принципи и визионерство. Ова ти го кажувам јас, кој постојано се залагам за компромиси и тврдам дека и сегашната политичка криза меѓу СДСМ мора да се оконча со компромис. Ти, пак, многу подобро од мене би требало да знаеш да направиш разлика меѓу плоден и гнил компромис. Твојата уникатна и бескомпромисна политичка позиција во 1990-1991 година, Македонија да стане независна држава, беше од пресудно значење тогашното државно раководство да се ослободи од својот страв од Белград. Кризата во односите меѓу Скопје и Белград се реши со неизбежниот компромис, но на принципиелни основи – не се правеше пазар со цврстата определба Македонија да стане самостојна држава. Гнил компромис ќе беше да влеземе во некаква скратена федерација, а имаше и такви идеи. Здрав компромис потем ќе беше ти да решеше да ја делиш власта со Албанци, за да станеш премиер, како што мораше да биде според изборниот резултат на првите избори.


Денес, драг мој Љубчо, кога зборуваме за компромис со кој треба да се реши политичката криза, ние не можеме да се согласиме со половични и неплодни решенија, какви што се тримесечната или шестмесечната променада на неколку сдсмовски министри или директори во барокните лавиринти на извршната власт, со крајната цел СДСМ да се одоброволи повторно да дојде на уште една изборна кланица. Ти можеби и можеш тоа да си го дозволиш, но СДСМ не може и не смее. Во градежништвото можеби и може хотел да се започне во барок и да се заврши во модернистички стил (иако, да бидам искрен, се сомневам во тоа), но во политиката така не оди - што е криво насадено, криво и ќе израсне. Има многу подобри идеи и начини како да дојдеме до компромис што ќе значи напредок на Македонија.


Љубчо пријателе, никој не ја прашува ВМРО-Народна колку од барањата на СДСМ поддржува. Изградете си вие сопствени барања, сопствена политичка позиција. Време е твојата партија да има сопствен идентитет, со кој ќе конкурира на политичкиот пазар. Мене лично ми недостасуваат енергијата, харизмата и визионерството на Љубчо Георгиевски од почетокот на деведесеттите, кои беа сржта на славното ВМРО-ДПМНЕ. Сами ти можеш да ни ги вратиш. Не биди сега Шарло на денешната опозиција! Немој ВМРО-Народна да ја приклучуваш на ова ВМРО-ДПМНЕ, како што Шарло ја приклучи КПМ кон БКП. И не нЉубчо пријателе, немој ВМРО-Народна да ја приклучуваш на ова ВМРО-ДПМНЕ, како што Шарло ја приклучи КПМ на БКП. И не нè убедувај сите да тргнеме по патот на поразот, ако веќе самиот невнимателно си кинисал по него.

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Љубомир Д. Фрчкоски]]>: <![CDATA[Македонија FOREVER ]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1819/Makedonija--FOREVER---- http://www.plusinfo.mk/mislenje/1819/Makedonija--FOREVER---- 2014-10-11 12:15:00 Стана срам да кажеш дека Македонецот е Словен или дека е со словенски јазик и култура!? Ова поради една лунатичка политичка кампања на власта за историско обескоренување на Македонците, за лупење на нивните автентични историски слоеви, преку идеолошкиот проект наречен антиквизација.

Неа власта ја разви за потребите на политичка мобилизација и контрола на Македонското гласачко тело. Тело кое е ставено во постојан стрес од кризата, економска, безбедносна и сега дополнително квази-идентитетска. Криза која оваа власт во Македонија ја создава и раководи, а за чие апстракно решавање самата се нуди.Проектот на идентитетско обескоренување, антиквизацијата,  се реализира во јавниот простор на државава (Скопје 2014 – та), преку медиумите и нивната образовна програма и преку една хохштаплерска група полит-историчари во јавниот дебатен дискурс. Последниве заработуваат од терање политика и иделогија во историската наука и се најгласни и најкомични. За нив стои дека се реплика на бугарските историчари од времето кога таму беа поврзани со тајната полиција и служеа на бугарската историска пропаганда кон Македонија. Сега го имаме домашниот вид на истите провокатори и никако да се ослободиме, а „историјата навистина да ја оставиме на историчарите“!

Проектот е со намера да го обесмисли идентитетот на Македонците како македонски и словенски и да го замени со античко-македонски. При тоа се служи со создавање произволен политички, национален мит.  Власта смета дека идентитетот вака променет и „вкоренет“ во антиката со античките Македонци на Александар Трети Македонски – е подостоинствен, постабилен, погорд, посилен и поотпорен на напади и негирање!

Власта, со својот авантуристички и искучително краток памет, во оваа операција и очекувањата од неа се лаже и произведува голема (може да се покаже) ненадоместива штета за угледот на Македонците и нивната држава.Прво, затоа што таква операција е научно и политички невозможна за реална изведба, а потоа затоа што е контрапродуктивна за веќе стабилизираниот македонски национален идентитет и држава. Овој проект е базиран на хтонско, гигантско незнаење за историјата на создавањето на националните идентитети и нивните национални држави.

Старо македонскиот „идентитет“ не е идентитет на кој може да се накалеми идентитет на современа нација со нејзините димензии на државотворност (а посебно не само една, па и таа да се нарекувала македонска). А во културолошка смисла, тој идентитет  е доминантно Хеленски. Имено, Александар Македонски (како подоцна се нарекува овој синдром) јаничарски, субмисивно ја презема хеленската култура како доминантна и „своја“ и неа ја шири на своите копја и штитови низ светот, повеќе од самите Хелени! Неговите етнички корени кои се различни од хеленските стануваат потполно небитни за неговиот идентитет. Имено, тој со хеленската култура го „глобализира“ тогашниот свет.

Тоа е нерешлив проблем за нашите алхемичари на антиквизацијата и ќе остане нерешлив.

Второ, современите национални идентитети за кои разумно може да се разговара (баналност е да се каже дека настанувааат во 19-тиот век) настануваат врз  калеидоскопот на етнички групи, традиционални култури  и „култури во фрагменти“ – со големите потези на кодификација на јазикот на народот и кодови како ќе се чита неговата историја. Потези кои ги прави елитната, граѓанска интелигенција на некој народ во потенција. Тој народ – население врз своите традиционални културни пракси може да преживува, но не е народ во современа смисла на зборот. Тој е „флотантна маса“ која може да биде суровина за создавање и припојување кон друга нација и нејзината елитна култура. Затоа е бесмислена „потрагата по корени“ пред создавањето на елитната, граѓанска култура на некој народ која го создава неговиот идентитет.

Такви корени, антички или праисториски, не се гаранција дека некое население ќе стане – народ, нација и ќе создаде држава. Тоа е како кога на еден корен на дрво накалемите друг плод. Во крошната и плодовите на новото дрво ќе го имате новиот плод. Корените не се гаранција за нација. Тие се само потенција, традиционална култура, која може различно, мошне различно да се развие или воопшто да не се развие во нација.

Ние сме имале среќа и сила македонската граѓанска интелигенција, после сите премрежија и сотирачки убиства, со задоцнување, но сепак да ги изврши двете клучни национално-создавачки операции (според Макс Вебер): да го кодифицира јазикот и да одлучи што и каква ќе биде историјата за Македонците, како таа ќе се чита  Тоа се конститутивните операции за создавањето народ во идентитетска смисла. Макс Вебер на ова додава дека во јазикот треба да се издвои и слој кој тој го нарекува: „бирократски јазик “ или јазик кој создава држава.  На тоа се додава потоа или паралелно – секогаш некоја крвава борба за таа држава. 
За нас Македонците овој  чин на идентитетско конституирање е направен во словенски културен код. Ние денеска сме Македонци со словенски јазик и словенска култура (не Славо-Македонци, што е нов конструкт, туку Македонци со словенски јазик и култура).

Јазичното кодифицирање оди од Кирил и Методиј, преку Мисирков до Блаже Конески( „Јазикот е нашата татковина“). Државотворната борба оди преку редот државотворни востанија и кулминира во антифашистичката борба (која ја создава државата), на трагите и желбите на дел од ВМРО движењето.

Сето ова врз историскиот процес на доминантното поклопување на словенската култура, втопување во себе на парчињата, фрагментите на традиционални култури и делови од мегакултурите (византиската на пример) на домородното население, во историски тек од петнаесеттина  века наназад.  Словенската култура (која се создавала и пресоздавала) и јазик се покажува доминантно силен да интегрира, преобрати и втемели свои словенски идентитети (на пример Бугарите кои имаат несловенско етничко потекло преку јазикот и културата се себедефинираат како словенски идентитет).

Тие и такви идентитески корени се исклучително цврсти и доволни, затоа што се засновани, издражале борби и калења. Развиле внатрешна плурализација, но останале словенски! Барање дополнителни корени, уште постари и „повечни“ не се засилување на вкоренетоста, туку реално обескоренување. Не е засилување на идентитетот, туку негово негирање (а освен тоа се научна алхемија и шарлатанство).Во простиот ум на антиквизаторите на ДПМНЕ е возможно дополнување на словенскиот со античкиот идентитет на Македонците во т.н. абартиран идентитет , или турбо-идентитет. Но „шта зна дете шта је триста кила“.

Тие всушност само ја пуштаат Македонија и Македонците како гемија низ идентитетските води на Балканот и светот.

Ваквиот антиквизаторски проект, поради својата ненаучност и фантазми – мора да се користи со насилство,  патернализам и лаги, имено со „лажно сеќавање“ за нашите корени во античкото минато. Од друга страна, ступидноста да се истрае во таа однапред изгубена битка ја зголемува до небо цената која ја плаќаме за  глупоста. Се судираме секојдневно со разумната дефиниција што сме, кои сме во очите на другите и за нашето место во меѓународните односи. Оваа политика, дури и како краток лунатички проблесок,  ни нанесе голема штета на угледот и ја подели по којзнае кој пат Македонија.
ДПМНЕ ја завршува својата кратка, траорна и обезличувачка (јебозовна) мисија. Сепак, серијата бесмислици кои ни ги наметна со употреба на беспризорна сила сведочат за нашиот национален срам.

]]>
true
<![CDATA[Драган Милосављевиќ]]>: <![CDATA[Срамот наречен Кобане]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1818/Sramot-narechen-Kobane http://www.plusinfo.mk/mislenje/1818/Sramot-narechen-Kobane 2014-10-10 09:45:00 Обичните градови, особено оние во далечните или глобално небитни земји ја имаат таа судбина да останат непознати за повеќето луѓе под капата небесна. Најчесто животарат како малечки точки на географската карта, нацртани таму само колку хартијата да не стои празна и можеби за да им овозможат на исто толку малите луѓе да го поминат својот дел од животот заштитени во тоталната анонимност на која не ѝ е пишано, со какво било случување да го возбудува светеот.

 

Ако пак станат познати и славни, тоа речиси сигурно ќе се случи поради некоја природна катастрофа, некој необичен светско историски настан или најчесто поради одвратен, безвременски брутален чин извршен од луѓе, или подобро кажано од монструми кои привремено успеале да го сокријат својот демонски идентитет навлекувајќи си маска на достојни човечките суштества.

 

Денес веројатно има малкумина со елементарни гимназиски знаења кои не би можеле да погодат што се случило со Помпеја седумдесетина години по Христовото раѓање, зошто средновековната француска хероина Јованка се нарекува Орлеанска, од каде заминал и кон кој пустински град се упатил пророкот Мухамед кога ја создавал новата религија, каде во непрегледната руска степа се одиграла најголемата битка во Втората Светска војна.

 

Речиси сигурно, дури и надвор од нашата балканска жабокречина луѓето се сеќаваат што се случи во Сребреница во 1995 година, паметат како за неколку мигови во 2011-та беше уништен Порт-о-Пренс, а не се малцинство ниту оние што добро знаат колку е очаен животот во талибански Кандахар или во сомалискиот пекол Могадишу. Во последниов месец уште едно мало, безначајно, забаталено гратче на сириско-турската граница набрзина си го избори своето место на оваа листа и ако не во историјата, тогаш барем во свеста на нашата генерација.

 

Кобане или Кобани постои, така тврди Википедија, едвај стотина години, го населуваат главно Курди, има и Арапи кои го викаат Аун Ал-Араб, а во популацијата од цирка 45.000 жители се наоѓа и понекој Туркмен или Ерменец. Градов делува и звучи толку здодевно што веројатно никој што не е роден во него или евентуално нема извонредно големи причини за такво нешто, не би си дозволил луксуз таму да помине повеќе од 24 часа. Но Кобане има лоша среќа. Им стои на патот на џихадистите од „Исламска држава“ во обидот да остварат стратешка контрола врз северните погранични области на Сирија каде освен Курдите немаат, барем засега, ниту еден сериозен противник. Кобане нема среќа и затоа што Турција, чија моќна армија од границата буквално со голо око ги гледа борбите меѓу џихадистите и курдските доброволци, не покажува никаква намера да го спречи паѓањето на градот и потоа, сосем извесниот масакар врз тамошното цивилно население.

 

Курдските борци, со застарено рачно оружје, храбро им се спротиставуваат на професионалните убијци, верски фанатици и белосветски лудаци кои далеку помногубројни и опремени со првокласно американско вооружување од три страни навлегуваат во градот. Во очајот, во оној вистински, нималку патетичен очај, свесни за судбината што ги очекува доколку Кобане падне, Курдите се борат жилаво и твродглаво, напрегајќи ги силите до крајни граници, при што индивидуалните чинови на храброст напросто вчудоневидуваат, како да не му припаѓаат на ова докажано кукавичко време.

 

Одлучноста на една деветнаесетгодишна девојка, курдски доброволец, со експлозив на своето тело да се втурне во редовите на џихадистите и да го заврши животот носејќи со себе триесетина непријатели, сигурно е еден од најблексавите, но и најтрагичните во хорор приказната што светските агенции ја пренесуваат од сириската пустина. Некој цинично би можел да забележи дека самоубиствените акции се типични токму за џихадистите против кои се борела несреќната девојка, но причините, тоа е извесно, не се и не можат да им бидат исти. Додека тие се одлучуваат на таков чекор заслепени од омраза и залудени со приказни за некакви ветени благосостојби на другиот свет, нежната курдска девојка морала да реши да го уништи својот живот гледајќи во тоа дело единствен начин, макар и на кратко, да ги запре оние што сакаат да ја уништат не само неа, туку и нејзиното семејство, нејзиниот град и најпосле, нејзиниот народ.

 

Девојчинската жртва и воопшто жртвата на сите бранители на Кобане е уште потрогателна кога ќе се стави во иста реченица со борбата на САД и на нивните арапски сојузници против „Исламска држава“, организација која постои и денес толку е моќна само затоа што нејзините тазе непријатели тоа ѝ го озвозможија. Секој нормален човек, секој што поседува макар просечна моќ за логично расудување би морал да се запраша, што тоа им се случува на американските воздушни сили во последно време, односно од моментот кога американскиот претседател Барак Обама одлучи тие да бидат ударната тупаница во походот против терористите од „Исламска држава“. Во последните седумдесетина години американското оружје ги доби сите можни војни пред и над сè, благодарејќи на воздушната надмоќ, на првокласните авиони ловци и бомбардери во чии спектакуларни способности се имаат уверено восхитените од радост, народи на толку многу држави. Да не се навраќаме премногу назад, доволно е да се сетиме на Ирак и на Садам Хусеин чија толку фалена војска буквално се распадна под ударите на американските Фантоми, Рептори, Спирити, Фалкони и Тандерболти.  

 

Притоа зборуваме за војска од преку еден милион војници, со полошо од американското, но сепак пристојно вооружување и со искуство од осумгодини војна против Иран. А беше раскантана и измелена како бибер кога во Вашингтон решија сериозно да се позанимаваат со судбината на ирачката нафта. А еве против „Исламска држава“ работата некако запнува. Весниците и интернет порталите секојдневно пренесуваат прецизни извештаи од Пентагон, телевизиите повторно како во старите добри времиња ни озвозможуваат снимки од пилотските кабини на суперсоничните авиони додека ракетите млатат нешто долу на земјата, некое утврдување кое подоцна излегува дека било житен силос, „тојота “ пикап со монтиран тежок митралез понекогаш ненамерно заменет со тежок ирачки тенк и така натаму и така натаму.  

 

Но кој работи тој и греши, а Американците работат долго и во полза на целото човештво па затоа ним може и да им се прогледа малку повеќе низ прсти кога се во прашање грешките и колатералните штети. Лошото во целата приказна се всушност сè уште мизерните резултати од кампањата против „калифатот“. Се чини дека со секој нов американски напад „Исламска држава“ станува сè посилна и освојува уште повеќе територија во Ирак и во Сирија, а тоа, би требало да се сложат дури и најголемите поборници на американската безгрешност, не е она што светот го очекува. Кога е во прашање битката за Кобане работите стојат уште полошо, како за курдските борци така и за американскиот интегритет и веродостојност како водечка сила во судирот со лошите момци на Ал Багдади. Репторите ракетираат секој ден сè повеќе и повеќе, а и џихадистите исто така напредуваат во заземањето на градот сè повеќе и повеќе. Од Пентагон велат дека авионите сами не можат да ја завршат работата и дека е потребна сериозна сила долу на терен за да ги запре исламските милитанти во налетот кон изморениот град. Можеби е така, сигуно нивните експерти тоа подобро го знаат од нас обичните смртници.

 

Тврдат и дека конфигурацијата на теренот е таква што пилотите не можат до крај да ги искористат потенцијалите на своите ултранапредни летала а веројатно и џихадистите се некои опасни мајстори за маскирање на позиции во пустински услови. Повторно, секој може да им се потпише и на таа констатација. Ама сепак нешто не е како што треба во приказната. Велат дека градот го сардисуваат околу девет илјади војници на ИД. Нападите се одвиваат од три страни а во нив учествуваат бројни моторни возила и најмалку дваесетина тенкови. Курдите внатре не играат оро туку пукаат со сите расположливи средства кон непријателите и токму затоа битката се протегнува на речиси еден месец а можеби ќе трае и подолго. Од снимките што ги гледаме секојдневно, со просто око може да се види дека околу опсадениот град нема шуми, нема планини (едно суво ритче се наѕира во далечина), теренот е рамен и пустински, нема ниту магла ниту некоја река во близина, просто нема никаква природна заштита за џихадистите кои нстапуваат кон Кобане.

 

Во битката со старите пушкомитралези на Курдите тоа веројатно не им е ниту потребно но против американските авиони работите стојат сосем поинаку. И токму затоа секој има право да се сомнева дека авијацијата што во исти такви услови ја сомле своевремено третата најголема стоечка армија во светот, значи ирачката, сега не може да излезе на крај со неколку илјади џихадисти наместени во пустината како на тацна. Не може да се справи или не сака, тоа е вистинското прашање. Исто како што Турската влада од парламентот доби одбрение за војна против ИД на сириска територија, ама одговорните министри велат дека вмешувањето во Кобане не било реална опција. Па кога ќе стане реална опција? Кога фанатиците дефинитивно ќе го освојат градот и кога ќе им ги исечат главите на сите што не го фатиле последниот автобус кон Турција?

 

Кој знае, можеби во меѓувреме околностите ќе се променат. Можеби американските пилоти на некој волшебен начин ќе си ги повратат вештините и знаењата и ќе започнат поделотворно да истрелуваат наведувани ракети. Можеби и турската војска ќе се осмели да ја премине границата, но не за да го нападне Дамаск туку за да го спаси Кобане. Можеби некое друго чудо ќе ги избави несреќните Курди од масакрот што им се подготвува. Но што и да се случи, срамот наречен Кобане ќе остане како тежок товар на изморениот грб на цивилизацијата. Макар колку да нè потсетува одвреме навреме дека 21-от век технолошки е најсупериорен од како постои човештвото, но дека морално не сме ни мрднале од глупавата пештера на нашите влакнести претци.

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Георги Барбаровски]]>: <![CDATA[Остани во своето дувло]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1817/Ostani-vo-svoeto-duvlo http://www.plusinfo.mk/mislenje/1817/Ostani-vo-svoeto-duvlo 2014-10-09 15:30:00
Боже, каков комплимент сум му дал на Златко Теодосиевски кога, признавам, со грижа на совеста, дијагностицирав: „Луѓето од тој сој сакаат метафорично да се изразуваат со поза на циници, тие се умислени демиурзи кои се клокнале во височините, ама и таму не се среќни, туку страдаат од злото што на овој свет живеат и други, поинакви од нив. Ним сè им смрди, сè им пречи и гневот им ги одзема последните остатоци од разумот“. 



Сега гледам дека нашиот примерок ги усовршил простачките манири до тој степен што воопшто не му одговараат тие височини. Од гнев и од омраза ниту може да гледа, ниту може да чита, а камо ли да разбере и да одговори. Го научил само простачкото „Марш“. 



Тој е неприкосновен само во своето дувло и оттаму блуе отров, погани сè живо, зашто тоа е негова природна средина. Го извадиш ли на дневна светлина, створот природно го активира одбранбениот механизам: се подудува и испушта смрдеа. 



Глеј му го умот: требало да му бидам благодарен затоа што ми го проширил речникот, читајќи го него сум го научил зборот „арбитрарност“, а ако потраело „ова“ ќе сум научел многу! 


Па, тој не само што умислил дека е нешто, не само што е убеден во тоа, туку се напина во тоа да ги увери и другите. Дијагнозата мора да се дополни: тоа е класична патологија. И уште вели: „Не ви се лутам на навредите. Се сладам“. Типичен садомазохизам. Ете зошто барал увоз на психијатри. 



Да имаше трунка ум ќе знаеше дека кога некој е до гушата во измет, подобро е да не прета. Зашто сосема ќе потоне. Ама тој со тоа си е задоволен. Нека му е.Толку од мене.

 

]]>
true
<![CDATA[Борис Камчев]]>: <![CDATA[Помалку „Ленини“ не значи дека Ленин е мртов ]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1816/Pomalku-Lenini-ne-znachi-deka-Lenin-e-mrtov--- http://www.plusinfo.mk/mislenje/1816/Pomalku-Lenini-ne-znachi-deka-Lenin-e-mrtov--- 2014-10-09 13:15:00

Харковскиот плоштад го крстосував повеќепати во текот на два сончеви пролетни дена во 2011 година. Хотелот во кој бев сместен, се наоѓа од десната страна на плоштадот, од левата е влезот во паркот именуван според големиот украински поет Шевченко.
Потребна е воздишка на судбината за да се помине колку три фудбалски игралишта огромниот плоштад, велат најголемиот во Европа. Да го изодам попречно не се ни обидов – во неговиот центар е испречен доминантен постамент со исправената фигура на 21 метар високиот споменик на Ленин, најголем таков во Украина. И секогаш кога ќе се обидев да го поминам огромното растојание, од некогашниот градски комитет на КПСС до Харковскиот државен универзитет, изградени во советски монументален стил, физички ме спречуваше строгиот лик на Владимир Илич. Со рака спуштена во еден ораторски манир и со полуотворена дланка, како некој пророк, како модерен шаман, тој со својот телесен гест сè уште ги убедуваше масите за неминовноста на пролетерската револуција. Насекаде, универзално.

Тој Ленин, пред кого тогаш стоев, повеќе го нема. Украинските националисти неодамна му ги пресекоа нозете со машина, и во присуство на една екстазирана неколкуилјадна толпа, со мачно претчувство на немир и неволји, го урнаа. Многумина потоа се стрчаа во сè уште неслегнатата прашина од тресокот на 17 тони бронза да си направат селфи, да земат делче од распарчената и легната фигура, да ја овековечат судбоносната дата на разводот на Харков и источна Украина од своето советско минато. Да бидат дел од историјата.
Мултиплициран до фарса, ликот на Ленин е распространет преку илјадници споменични прикази и во разни форми во Русија, Украина и во другите земји од поранешниот Советски Сојуз. Многу помалку негови споменици се наоѓаат и во Европа. Статистиката во поранешната комунистичка империја била сезнајна. На пример, евидентиран бил бројот на сите машини за шиење, на сите балерини, режисери или, пак, да речеме, на сите улични чистачи. Единствено нешто што, според авторите Иљф и Петров, не се знаело е колку вкупно столови постоеле во огромната земја. Но, имало и уште една сфера што не била под власта на државната статистика – спомениците на Ленин. Големи и мали, седечки и во од, гранитни и бронзени, стотици и илјадници споменици и бисти на Илич проникнале во секој агол од поранешната заедничка држава. До 1991 година никој не знаел колку вкупно ги има.
Во меѓувреме, интернет-страницата leninstatues.ru дојде до фрапантна бројка. Во Украина и во Русија пред распадот на империјата постоеле 5.500 споменици во првата и 7.000 во втората, или вкупно околу 13.500 споменици, плус околу илјада бисти на Ленин. Во 2014 година бројот на споменици на лидерот на Октомвриската револуција во Русија останува неизменет, а во Украина, со оглед на конфликтот со Русија, се намалува секојдневно и според leninstatues во моментов брои 1.800. Во Белорусија, Казахстан, и земјите од Централна Азија, годинава има неколку стотина помалку такви споменици отколку во 1991, или вкупно околу 700.
Зад овие бројки далеку заостанувале ГДР (поранешна Источна Германија, која по војната била под советска управа), каде што кон крајот на осумдесеттите постоеле 39 споменици на Ленин, но и Унгарија (37 споменици), Чехословачка (25), додека во Бугарија и во Полска имало по 11. Пред колапсот на комунизмот во Европа по два Ленина имале и Албанија, Финска и Норвешка (ете каде била сличноста на нашиот западен сосед со скандинавските земји!). Денес, во сите овие земји нема останато повеќе од 25 споменици на Ленин. Интересно е дека Бугарија сè уште чува два Илича. Но и Финска.
Според оваа статистика, денес во Европа, најмногу во Русија, се останати речиси 9.300 (девет илјади) споменици на еден човек од едно друга епоха со сосема поинакви општествени, економски и идеолошки одлики. Овој факт говори многу.
Не верувам дека во историјата била искажувана таква почит на некоја друга личност каква што и до денешен ден му се искажува на Ленин. А кој бил, всушност, тој? Пишувањата за империјализмот, револуцијата и социјализмот настрана, Ленин пред сè бил идеолог на теророт. И со терор ги постигнувал своите цели. Неговите визии за некаков утописки комунизам можеби навистина биле примамливи и ги замајувале масите, но такви визии имале и многу други автори и мислители, како Олдос Хаксли на пример, кои за разлика од него не газеле преку стотици илјади трупови за нивна реализација.
Огромниот број останати споменици покажува дека некои општествени кругови во Русија и во Европа сè уште се водени од манијата, величието и слават култ на личноста на човек што не штедел никого и ништо за приграбување на власта. Токму поради тоа сметам дека сите тие речиси десет илјади статуи треба да се урнат, како онаа во Харков (може да се остават неколку за во музеи за увид на идните поколенија), и на нивно место да се изградат фонтани, паркови и места за одмор и рекреација, или да се подигнат обележја на славни композитори, уметници или писатели.
Балтичките земји (Литванија, Латвија и Естонија беа окупирани од Советскиот Сојуз за време на Втората светска војна) се ослободија од прангите на совокот уште во деведесеттите, кога ја исползуваа економски подредената положба на Русија на меѓународната сцена, и блискоста на Борис Елцин со Западот. Оттогаш тие успеаја да демолираат 150 споменици на Ленин. Речиси сите на нивна територија, останати се неколку за во музејски или приватни колекции. Во овие земји споменици на Ленин на отворени јавни места нема да најдете.
За жал, на Украинците не им успеа она што лесно го направија нивните соседи на север. Соочен со една нова, воено агресивна и економски моќна Русија, која, предводена од ревизионистот Владимир Путин, не почитува меѓународни договори и не се плаши од санкциите на Вашингтон и Брисел, на украинскиот народ ќе му требаат уште многу години, ако не и децении, да се ослободи од мултиплицираниот лик на Ленин. Лик кој сè уште стоечки, седечки или одечки повикува на некаква апстрактна светска револуција.
Иако поминаа речиси две и пол децении од пропаста на неговиот идеолошки експеримент и речиси цел век од неговата смрт, овој лик сè уште има моќ да ги подведува во политичка проституција владејачките елити што управуваат со пустината на постсоветскиот див капитализам. Годинава забиберен и со воинствен руски национализам.

 

(„Окно“)

 

]]>
true
<![CDATA[Бранко Героски]]>: <![CDATA[Керови на ливада]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1815/Kerovi-na-livada http://www.plusinfo.mk/mislenje/1815/Kerovi-na-livada 2014-10-09 12:45:00

Пак се нервозни на Аминта Трети. Ги збуни шефот. Прво ги пушти своите медиумски керови да истрчаат на ливада и радосно да ги исџавкаат своите глупави спинови за разочараната опозиција која ете, не успеала да ја спречи препораката од Брисел, а потоа, паметно, како што треба, како попче си ги прими задачите со кои е условено натамошното останување на препораката.



Тоа е неискрен и изнуден потег на Никола Груевски. Тој умно пресметал дека во овој момент не му се исплатува да влегува во фронтална кавга со Европската унија. Не сега, бидејќи меѓународниот фактор во овој момент се обидува да обезбеди поддршка од Грција за најновиот предлог на Нимиц за решавање на спорот за името, па ако тоа некако помине, предлогот да им се тутне под нос на „патриотите“ во Скопје. Груевски се надева дека Атина ќе го одбие предлогот, а со тоа и притисокот врз него ќе ослаби. И затоа, тој сега ќе се потруди малку да флертува со „блудницата вавилонска“, како што неговите подопашници ја нарекуваат Европа.


Но, она што важи за него, не важи и за неговите медиуми, бидејќи во Македонија има голема слобода на изразувањето, нели, па секој има право медиумите да ги користи за производство на „предавници“, за плукање, за закани... Свесни дека ова што го прават веќе се бележи во нечии црни тефтери, нервозни поради тоа, керовите сепак мора да си ја завршат работата. Да џавкаат.



Некои и не можат поинаку. Керовоѓата, на пример. Која будалетинка, луѓе мои! Го гледам, објавува некакви слики и приказни за атентати и вмровски џелати, се заканува со „долгата рака“ на ВМРО. А тој, всушност, има личен проблем со рачето - долго му е (за разлика од другите екстремитети неопходни за нормален социјален живот), се пика во туѓи џебови и му лепи. Тоа, едноставно, е посилно од него. Има луѓе кои оваа власт ги оштети до степен на тотално обесчовечување. И ништо – никакви пари, никакви психотропни суптанции, никакви медикаменти – не може да им помогнат барем за миг да се почувствуваат како луѓе.


Како и да е, тоа е нивна мака. Нека си ја тргаат. Да си ги гледаме ние нашите маки. Острите критики во европскиот извештај се добредојдени, но тие ништо битно нема да променат, ако самите не се потрудиме да ги промениме нештата. Груевски како политичар е минато, но Груевски како деспот е сурова реалност со која се соочуваме секој ден.

]]>
true
<![CDATA[Мерсел Биљали]]>: <![CDATA[Грди „џихадисти“ ]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1813/Grdi-gzihadisti-------- http://www.plusinfo.mk/mislenje/1813/Grdi-gzihadisti-------- 2014-10-09 11:45:00  

 

Легендарниот султан Омар, имал ептен грдо лице. Затоа наредил да ги отстранат сите огледала од дворот. Но, сепак, едно било заборавено на едно скришно место. Кога Омар случајно се погледнал, силно почнал да плаче, но брзо престанал. Ама, неговиот везир продолжил да плаче со сиот глас.

 

- Што, пак, ти мора да плачеш повеќе од мене? - го прашал Омар.

- Ваша милост, вие само една секунда си се гледавте и заплакавте, а јас што ве гледам цел живот?!

 

На многу наши пријатели им се плаче поради нашите грдотии, ама нам ич не ни се плаче. Имаме грда економија, грд стандард, грда демократија, грди медиуми, грдо образование, грдо здравство и ептен грда култура. Ама ние никако да заплачеме. Дури некако чудно се смееме. Изгледа ни треба терапија, оти не плачеме кога треба ама се смееме кога не треба. Го понижуваме доброто а се фалиме со злото.

 

За плачење беше и настапот на првиот човек задолжен за Рамковниот договор на Алсат-М. Тој ја отфрлил можноста некој со помош на ДУИ да создаде политичка криза во државата! Абе човек! Па не гледаш ли дека поголема криза од оваа катастрофална ерозија на морал, создадена од вас, каде што не функционира ни закон ни институција, ни етика, ни совест - не е можно да има. Нели власта судовите ги тера да играат на тепсија. Ги користи за да потоа да ги гази, да ги тепа и да ги трпа во затвор. А тие радосни!

 

Администрацијата тероризирана; медимуте гебелсизирани; криминалот фаворизиран. А обичните луѓе уживаат во нивниот сон, оти само во соништата можат да го живеат нормалниот живот. Тешко им е да сфатат дека власта е група лешинари, а тие нивен плен. Живи се ама делуваат како мртви. Ич не им е грижа што власта расипнички троши и краде толку големи пари кои нивните деца цел живот макотрпно ќе треба да ги вратат. Стравопочитта кон власта им е над животот на нивните деца. 

 

По 100 дена ДУИ се фалеше со чисти порази. Пред изборите рекламираше убава фаца, ама тоа им била само евтина маска. Под неа, голема грдотија. Ветуваше 1) консензуален претседател; 2) една од трите државни функции; 3) промена на Уставот за претседателот да бида избиран од парламентот; 3) решението за името; 4) зачленување во НАТО; 5) јазикот да добие потребен третман.

 

Но, ветувањата заглавија кај тендерите, кои рушаат и принципи и закони и морал. И што се случи?! Нема консензуален претседател, нема ниту една од трите функции, нема решение за името, нема НАТО, а за јазикот да не зборуваме. Тој останува зад забите. А Груевски добил гратис коалиција. Наводно за да го реши името (кое самиот го драматизира за да владее без европски мониторинг). Залудно очекуваат од него да јава бесен коњ и тоа наопаку, а тој докажа дека не сака да јава ниту мирен и дресиран коњ. Но, додека Груевски и дружината многу добиваат, државата и граѓаните смртно се поразени. Прикажувајќи се како спасувач на името, тој ја задавил целата држава. Никогаш порано во вакви размери не било присутно мислењето дека заедничкиот живот меѓу двете најголеми етнички заедници е неможен. Дека двата етникума се заложници еден на друг. И дека ја трошат енергијата и вниманието на вештачко создадените етнички проблеми, за да заборават на нивните витални потреби.

 

За жал, сè уште тука политичарите добиваат оценка според тоа колку ќе ја надитрат другата нација! Според тоа кој лажно ќе се продаде како газда на куќата! Според тоа кој ќе постави повеќе споменици! и тн. А продадените новинари и медиуми црните фекални води ги прикажуваат како најдобра вода. Токму тука се крие нашата заедничка трагедија. Ни продаваат мед и млеко, а ние не добиваме ниту лук и вода.

 

Јасно е дека најчувствителната точка, меѓуетничките односи од година в година се влошуваат, а паралелниот живот е целосно инсталиран. Меѓуетничките караници се разгоруваат или гасат според потребите на владините водачи. А граѓаните мислејќи дека чуваат некаква национална гордост, забораваат на нивнита иднина и иднината на нивните деца. Како наследство им оставаат само омраза и бедотија. А децата на подбуцнувачите станаа милионери со наши пари. Луѓето не гледаат дека етничката јадица ни ги убива сегашноста и иднината. Дека нашите деца неповратно бегаат од државата. А ние како малоумни седиме над опасната детонација поставена од власта и тешко сфаќаме дека големата лична среќа на политичарите се гради врз нашата голема несреќа. А за таа цел не им треба толку голема генијалност, колку што наша малоумност.

 

И додека мислевме дека е рано за зборување, стана дозцна за молчење. И сега не треба да бараме ни техничка, ни технократска, ни концентарциона влада, туку уривање на оваа власт со демократски средства. Тоа е нелегитимно оти таа самата извршила тивок државен удар. Иванов од Њујорк укажа на загрозената безбедност од некакви џихадисти. А поопасни од нив се овдешните владини „џихадисти“ што ја водат државата. „Џихадисти“ што убиваат милиони животи, што сечат многу глави, што плачкосуваат милијарди. Иванов нека прочита на сè побројните и алармантни предупредувања од релевантни центри дека нам безбедносните предизвици ни тропат на вратата.

 

Според релевантни странски анализи, ДУИ веќе не е фактор што може да гарантира безбедност. Пред нас се црни сценарија, поради игнорирањето на НАТО и ЕУ. Неодамна и Европскиот фонд за Балканот, Центарот за југоисточни студии во Грац и Европскиот совет за надворешни работи од Брисел, укажаа на сериозни безбедносни проблеми кај нас. Вакви оркестрирани оценки за дестабилизација не може да бидат случајни. Најопасни „џихадисти“ се токму тие што водат дипломатска и медиумска кампања против САД и ЕУ, иако тие ја создале и ја чуваат оваа држава. Добро ќе беше државниот врв почесто да се погледнува во огледало. Не за тоа дека е најубав, туку дека е најгрд. Можеби најгрди „џихадисти“.

 

 

]]>
true
<![CDATA[Златко Теодосиевски]]>: <![CDATA[Марш, Барабовски]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1812/Marsh-Barabovski http://www.plusinfo.mk/mislenje/1812/Marsh-Barabovski 2014-10-08 15:45:00

1.

Ееееј, Барабовски, пардон – Барбаровски, па вие онака експресно сте решиле да се карате? Дури не почитувате ни тоа што благодарејќи на мене си го проширувате речникот. Ете, научивте и за шушупатка, а читам сте го откриле и зборот „арбитрарност“. Што ќе рече, ова ако потрае, ќе научите многу, сè што сте пропуштиле слугувајќи по туѓи тезги. Ако можете, се разбира. Иако, колку што знам, вие имате разнообразно искуство – од „новинарско“, преку „лингвистичко“, па едно време водевте некаква фондација, па издававте книги, правевте дури и изложби... Кого ли сега цицате, црни Барабовски, пардон – Барбаровски? И како кога ви требаше простор за изложби бевте циле-миле, а сега сте... ај да не кажам што?

 

Но, јас не ви се лутам на навредите. Напротив – се сладам, како што велите. Уживам во вашата глупост и не можам да се начудам како тоа ве трпеле сите претходни газди, каде што продававте „м“ за „б“. Просто е неверојатно колку не знаете. Од вас просто ечи и глупоста и немоќта. Ама јас навистина не сум ви непријател. Нит ве гледам нит ве слушам. Ниту пак сакам да ве гледам, или слушам. Имам попаметни работи. Едноставно, реагирав, па нека е и со зборот „шушупатки“, зашто навистина сте ми симпатични во глупоста, сите. И како она го палевте, јавно, на плоштадот и пред Ацета, Санстефанскиот договор. Брее, каков „манифестен перформанс“!

 


2.

 

Не знам зошто и како вие мислите дека треба да го браните „Слободен печат“ од мене? Мене само ми пречеше вашиот „текст“ таму, како што ми пречат и „текстовите“ на други слични измеќари кои одеднаш креваат арбитрарна демократска глава. Мислам дека на весникот вие не му требате. Впрочем, не му требате никому, освен на стопаните, ама ајде. 

 


3.

 

На крајот, наместо повторни навреди, да одговоревте барем на некое прашање? На пример, да кажевте нешто за „македонцкиве состојби“, па за колегата ви Кежаровски, па за медиумите, па судството...? Или за оној вашиот содружник што ви го спомнав? Кој, имено, сака целосно да ја „минимизира“, или „исклучи“ улогата на албанските партии, па да го поништи Рамковниот договор, па... да сме склучеле „воен сојуз“ со Русија и „царинска унија“...?

 

Па како за тоа не знаете да гукнете, црни Барабовски, ама странцине умеете да ги терате во п.м.? Па и мене, во тоа друштво? Кога ќе се осмелите, једног лепог дана, да бидете цел човек а не само да мрдате со опашот, кога ќе се „дрзнете“ да говорите и мислите слободно, со своја глава, е тогаш ве чекам, црн Барабовски. А до тогаш – марш! И толку од мене!!!

 

А ако не знаете што да правите со себе, да ви дадам идеја. Штом моите текстови, со кои се перчам, нели, толку ви пречат, зошто не ги соберете на купче – впрочем ќе биде солиден куп – и не ги запалите, онака „манифестно“, како што умеете? Не мора на pлоштад, не би сакал да се дружам со Ацета, одберете некое поубаво место. Сигурен сум дека за тоа ве бива!

 

 

]]>
true
<![CDATA[Бранко Героски]]>: <![CDATA[Македонија е impasse, а Груевски е passé]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1811/Makedonija-e-impasse-a-Gruevski-e-pass http://www.plusinfo.mk/mislenje/1811/Makedonija-e-impasse-a-Gruevski-e-pass 2014-10-08 14:30:00 Impasse. Најпрецизниот превод на овој збор е - ќорсокак. Passé - овој збор, пак, се преведува како старомодно, нешто на што му минало времето. Овие два збора, првиот употребен во најновиот европски извештај за Македонија, а вториот што се наметнува како прва асоцијација, ја одразуваат суштината на нашата ситуација денес - Македонија е impasse, а Груевски е passé!


Да, тоа го знаеме сите што живееме во оваа наша тажна земјичка. Иако на сите не ни е лесно тоа и да го прифатиме. Ново е што сега оваа ноторна вистина е запишана и во извештајот на Европската унија за напредокот, или, подобро речено, за назадувањето на Македонија во 2014 година. Ново е тоа што бриселските бирократи веќе немаат волја да му прогледуваат на прсти на Груевски и да трпат да ги мафтосува. Тие сега од него бараат одлучни акции за решавање на политичката криза, за независноста на судството, за слободата на медиумите и за многу други проблеми, вклучувајќи го и спорот за името.

 

Ако добро ме држи сеќавањето, прв пат во овие неколку години во еден европски извештај тоа се кажува олку јасно и без ракавици. Се разбира, провладините мегафони во медиумите сега ќе се потрудат да ги одработат коруптивните пари што ги добиваат, откако претходно се земени од народот. Тие ќе се потрудат да докажат дека извештајот на Европската комисија е позитивен (МИА веќе преброи дека придавката „македонски“ во извештајот била употребена четири пати!), а за острите оценки ќе бидат виновни опозицијата и „соросовите“ медиуми. Ако се покрене таква кампања – а еве, веќе се покренува! - таа само ќе покаже дека оваа власт навистина нема никакви намери да се интегрира во ЕУ и дека воошто не ја интересира дали Македонија ќе ја задржи или ќе ја изгуби препораката.


Одамна сум кажал дека Груевски веќе не е способен да произведува одржливи политики, дека е популист кој фрла шашми, дека навистина е passé. Единственото нешто за што тој се уште има моќ и сила, како и секој деспот, е да го самообновува режимот на фалсификувани избори. Ама, научив и да не се секирам веќе премногу поради тоа. Поумно, а и поздраво е да почекам и да дочекам и на народецов конечно да му светне, бидејќи без тоа не бидува ништо.


А што ако тоа не се случи? Тогаш, нека лунѕа тој на крајот на оваа наша слепа уличка и нека удира од ѕид во ѕид, дури не му дојде умот.

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Мирослав Грчев]]>: <![CDATA[Скопје 2014 и 101-от резервен полициски баталјон ]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1810/Skopje-2014-i-101-ot-rezerven-policiski-bataljon--- http://www.plusinfo.mk/mislenje/1810/Skopje-2014-i-101-ot-rezerven-policiski-bataljon--- 2014-10-07 14:00:00 Големите злостори се секогаш надвор од моќта на разбирање на луѓето. Ноторна вистина е дека по секој magnum crimen настапува општо неверување, згрозеност и потполно неразбирање на човештвото. Парадокс е дека токму тоа сеприсутно несфаќање на злосторите е суштински одраз на нашата човечност. Но, уште пошокантно е сознанието дека најстрашните злостори не се дело на поединци што се во власта на некоја нечовечка демонска сила на радикалното зло, туку на сосем обични луѓе, на армии сосем обични мали луѓе во служба на фундаменталистички религии, тоталитарни идеологии или системи. Концептот на баналноста и на најстрашните зла кои ги чинат луѓето го разви Хана Арент во нејзиното дело „Ајхман во Ерусалим“, од каде што потекнува и нејзиното суштинско откритие дека монструозните масовни злостори не ги чинат „ни изопаченици, ниту садисти, туку (...) застрашувачки нормални луѓе. (...) Таа нормалност е пострашна од сите ѕверства, зашто укажува дека овие злосторници ѕверствата ги чинеле под околности кои во потполност им оневозможувале да знаат или да чувствуваат дека чинат нешто погрешно“.

Концептот на баналноста на злото се темели на претпоставката дека изопачената општествена стварност ги тера обичните луѓе да чинат незамисливи злостори мислејќи дека чинат нешто нормално, односно не мислејќи воопшто. Бонхофер дури и пред Арент укажа на плиткоумноста на злото во својот трактат „За глупоста“, во којшто тврди дека глупавиот чини зло не размислувајќи и на тој начин практично откажувајќи се од себеси, при што „од него се создава инструмент без воља кој е способен да почини секакво зло, а истовремено да не е способен да го спознае како зло“.

Еден од секако најекстремните примери за несфатливата плиткоумност на злото односно за способноста на обичните луѓе да чинат зло без да размислуваат воопшто за своите постапки, е злогласниот германски 101 резервен полициски баталјон, кој беше задолжен за екстерминација на Евреите од Полска и од Советскиот Сојуз. Баталјонот се состоел од 500 резервисти, сосем случајни обични луѓе од сите возрасти и занимања коишто не биле мобилизирани во воена туку во позадинска служба. Овие полициски резервисти стрелајќи од непосредна близина со рачно оружје, во периодот помеѓу јули 1942 и ноември 1943 година убиле најмалку 38. 000 мажи, жени и деца, а најмалку 45 000 депортирале во Треблинка. Во просек, секој од петстоте обични луѓе лично убил 76 луѓе и деца, а пратил во смрт уште 166. Најважниот податок за 101-от резервен полициски баталјон е дека луѓето не биле присилувани да убиваат во текот на вршењето на оваа ѕверска служба, а ниту, пак, биле земани на одговорност доколку се откажувале или одбивале да ја извршат задачата. Да биде најлошо, на резервистите им било нудено да се откажат ако сметаат дека нема да бидат во состојба да ја исполнат задачата. Се откажувале помалку од 10 насто од нив, што ќе рече дека баталјонот убивал на доброволна основа, или, како што подоцна се покажа во исказите на овие обични луѓе, убивале поради тоа што сите тоа го правеле, затоа што им било незгодно да се издвојат од колективот.



Сигурно погодивте, почитувани читатели, дека зборувајќи за обичните луѓе од 101-от резервен полициски баталјон, зборувам за извршителите на Големиот злостор на режимот на Груевски, таканаречениот „проект Скопје 2014“. Некој можеби ќе рече дека претерувам, дека се работи за дузина малоумни згради и стотина бездарнички скулптури и дека во „проектот“ нема масовни гробници, гасни комори и ѕверски истребувања на луѓе, па поради тоа е непримерно да го нарекувам magnum crimen и да го споредувам со најголемите парадигми на злото од 20 век. Но, „Скопје 2014“ е најголемиот злостор врз граѓаните на Македонија од нејзиното раѓање во 1944 до денес. Негови жртви се македонскиот државен и културен проект, нашата млада демократија и уставноправниот поредок; негови жртви се и нашите права и слободи, нашето достоинство и идентитет, културните и морални вредности, чувството за добро и убаво. Може да се рече дека Македонија како татковина на достоинствени и слободни граѓани по „Скопје 2014“ веќе не постои, зашто таа е сега ребрендирана од држава - во ништо, и од нација победничка во Втората светска војна - во жална глутница на умоболници со идентитетско пореметување на личноста. „Скопје 2014“ е македонскиот општествено-културен холокауст. Негови жртви се и иселените половина милион млади Македонци, а негова последица ќе биде и биолошкото исчезнување на нацијата поради нејзиното одбивање да се репродуцира во мизерни и недостојни околности. Тоа е Злостор што ни го фалсификуваше минатото, ни ја обесмисли сегашноста и ни ја украде иднината: тоа се секако доволно жртви за да се нарече Голем злостор.

 

 

Тоталното отсуство на мисла, разум или рационалност во овој владин „проект“ е уште еден аспект што го прави споредлив со Големите злостори од минатото. Неговите извршители сме небаре сите ние, обичните луѓе, коишто со активно чинење – планирање, проектирање, градење, „бранење“ и бендисување; со привидно нечинење, незаинтересираност или комплетна индиферентност; со „реалистична“ адаптибилност, „конструктивна“ критика или позерско одбивање, практично сите сме одбиле да размислуваме и да ја препознаеме чудовишноста на Злосторот што го вршиме или толерираме. Сите ние сме како потомци на резервистите од 101-от полициски баталјон: возрасни деца што одбиле да созреат за да уживаат во закрилата на неспособноста за самостојно мислење и се препуштиле на слепото извршување или на тапата и лицемерна толеранција. Практично сите ние покажавме жално отсуство на разум и човештина кога се градеше ова чудовиште од Злостор со очебијни културоцидни последици, но затоа упорно пројавуваме вишок на домаќинска грижа и толеранција за потрошените пари и вградените градежни материјали, во сите ситуации кога ќе се спомене неговото рушење и чистење од културниот простор на земјата.

 

Колку и да е тешко да се изговори, за „Скопје 2014“ е повеќе заслужна плиткоумноста на нашата толеранција отколку монструозното зло и глупост на неговите непосредни извршители. И затоа, ослободувањето на Македонија ќе биде можно само доколку престанеме да ја толерираме изопачената општествена стварност во која „Скопје 2014“ може физички да постои во слава на Големиот злостор роден од инцестуалната врска помеѓу злото и плиткоумноста.

 

Објавено во „Слободен печат“

]]>
true
<![CDATA[Георги Барбаровски]]>: <![CDATA[Нааканиот скрибоман]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1809/Naakaniot-skriboman http://www.plusinfo.mk/mislenje/1809/Naakaniot-skriboman 2014-10-07 13:30:00

Ништо не му е јасно на скрибоманот Златко Теодосиевски, кој продолжува со инфантилните конструкции. Прашува: зошто сум го „почестил со гадости“ кога тој не го спомнал моето име и презиме; со кое право „Слободен печат“ ми отстапил простор да му одговорам; зошто сум бил навреден од еден збор (шушупатки) кој немал негативна конотација, ами бил „симпатичен“; тој дури и не знаел каков е сојот пишувачи на кој му припаѓа. А врв на мудроста што ја излеа е пермутацијата на моето презиме, кога од Барбаровски триумфално прави – Барабовски! И, недоветниот, уште  предлага тој да кажува на кои теми да пишува Македонски манифест! 



З.Т. нема свест за тие работи. Тој е умислена величина на која и е дозволено се. Јас зборувам за одговорно пишување, зашто само тогаш јавно изнесениот став има смисла, а тој продолжува како што знае. Неговото оправдување е тоа што во написите нема факти, нема имиња, нема аргументи, не апострофира. Со еден збор - нема суштина. Тој само тресе навреди, прави алузии и не чувствува никаква одговорност за тоа што го пишува. 


Вели, никој не бил спомнат со име и со презиме и немало потреба некој да му одговара. Па, тој ниту има поим што е тоа арбитрарност, ниту чувствува потреба од тоа. Навредите за него се комплимент, реата што ја шири – парфем. На тоа се слади.

Како петел на буниште се перчеше и воопшто не му пречеше кога „Слободен печат“ му ги објавуваше писанијата, а кога излезе мојот одговор, наеднаш весникот му е виновен што објавува и други. А токму за таква одговорност јас зборувам – дека обврзува правото јавно да изнесуваш ставови и судови. И тој што пишува, и тој што објавува.

Ете, за тој сој пишувачи зборувам, кои никогаш не апострофираат туку само контекстираат. За таквите на кои гневот им ги одзел и последните остатоци од разумот и во тие шуплини тие си нашле засолниште.

 

]]>
true
<![CDATA[Бранко Героски]]>: <![CDATA[Ако дозволиме Кежаровски да гние зад решетки, тоа ќе значи дека македонското новинарство веќе не постои!]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1808/Ako-dozvolime-Kezharovski-da-gnie-zad-reshetki-toa-kje-znachi-deka-makedonskoto-novinarstvo-vekje-ne-postoi http://www.plusinfo.mk/mislenje/1808/Ako-dozvolime-Kezharovski-da-gnie-zad-reshetki-toa-kje-znachi-deka-makedonskoto-novinarstvo-vekje-ne-postoi 2014-10-07 12:15:00 Навистина не знам што се планира ако Апелацискиот суд во Скопје на 24 октомври ја потврди осудителната пресуда за новинарот Томислав Кежаровски. Читам, не знаат (сè уште) ни шефовите на новинарските здруженија, кои се надеваат дека судот, сепак, нема да се оглуши од апелите на домашната и на меѓународната јавност.


Се надевам и јас дека судиите ќе бидат на висината на задачата, но сепак размислувам што да се прави ако тоа не се случи. Зашто, во таков случај, колегата Кежаровски ќе биде првиот македонски новинар, од комунизмот порано до фашизмов денес, кој треба да гние зад решетки. Тој ќе биде и единствениот затворен новинар во регионот и пошироко во цивилизирана Европа.


Мислам дека нема да биде доволно на една таква историски срамна одлука да се одговара само со соопштенија, со прес-конференции и со хуманитарни акции. Да бидам поконкретен, чинам дека единствениот соодветен и чесен одговор на колегите на Кежаровски, на цивилниот сектор и на целата демократската јавност може да биде само голем и моќен сенароден протест против цензурата и за слобода на изразувањето.


Да бидеме искрени. Вака или онака, ние го премолчавме затворањето на А1 телевизија и на дневните весници кои беа критички настроени кон власта. Ја премолчавме и погибијата на Никола Младенов и затворањето на дневен „Фокус“. Ги премолчуваме и отворените обиди да им се нанесат смртни удари и на неделникот „Фокус“ и на неколкуте медиуми кои се надвор од контрола на власта, вклучувајќи ги и „Слободен печат“ и критички настроените интернет портали. Има меѓу нас дури и такви кои се ситат на маките на своите колеги и кои за овој погром на слободното новинарство сакаат да ги обвинат жртвите.


Затоа, ако утре, не дај боже, го премолчиме и затворањето на колегата Кежаровски, за мене тоа ќе значи само едно – дека во Македонија новинарство веќе не постои!

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Бранко Тричковски]]>: <![CDATA[Осветувањето на македонскиот народен театар!]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1807/Osvetuvanjeto-na-makedonskiot-naroden-teatar http://www.plusinfo.mk/mislenje/1807/Osvetuvanjeto-na-makedonskiot-naroden-teatar 2014-10-06 17:30:00 Црвените владици на социјалдемократијата го осветија националниот срам на Татковината! За малку ќе речев: „храм“! Го исшприцаа со скапите парфеми што ги влечат дури од „Монте наполитано“ и го блеснаа со белите рефлектори на телевизиските и новинарски батлери на своите пријатели од редовите на противниците! На прославата на „Дајнерс“.

 

Театарот не е ни направен за Чехов и Шекспир или за Брехт и Јонеско, тие и онака никогаш не се бореле за Македонија. Туку за Бобо, Орце, Зоки, Рада, Никола, Гордана, Сашо, за сите наши дајнерси и телекоми, за бројните годишнини на нашата тажна бесмисла, за самитите на македонската, десна и лева малограѓанштина! За дијалогот и единството што функционираат, додуша малку подземно, но не толку длабоко за да ја загубиме препораката на бриселската ординација на Европската унија! За посматрање! За елитата што одвреме-навреме станува од веце-школките само за да касне нешто или, еве, вака, за да удри по некоја фотка, да остави, демек, по некое сведоштво за себе, за веднаш потоа да ѝ се врати на својата буњуелска кењажа како смисла на постоењето. На серењето како постоење, односно на постоењето како срање!

 

Тоа е таа драстична разлика со светот кој одвреме-навреме оди да се олесни. Тој обичен свет! Сосема обичен, да не речам прост, непарфимиран, дури може да се каже, смрдлив свет!

 

Дојде една новинарка да ме праша што најмногу ми оставило впечаток во таа блиска средба на социјалдемократската фрустрација со тешкиот провинциски и провинцијален, лажно десен, гламур на вемерето, а јас и реков: Инсистирањето на Шеќеринска да биде меѓу граѓаните, како директор на директоратот и претседател на безвезњатот на големото ништо, да ги чуе маките на граѓанинот Камчев и да му каже дека секогаш може да се потпре макар на еден од столбовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од неговата (на СДСМ) Стратегија за борба против оваа ненародна власт! И очите на Орцета што беа ококорени како очите на човек што во Шеќеринска не гледа згодна жена туку СЛОБОДА! Сосема јасно во тие окца можеше да се види дека на човекот му е преку кур и од власта, и од парите, и од Срѓан Керим! И дека едвај чека неговиот есдеес да го преземе кормилото на  македонскиот брод од џекспароуските пирати на вемерето!

 

Потоа ми падна на ум дека на фонот на оваа гламурозно осветување и осветлување на македонскиот државен театар, односно на овој велелепен театар од држава, станува бесмислен бојкотот на таканаречениот парламент. Да не речам дека и парламентот како таков тука ја открива својата раскошна бесмисла пред наивчините од форматот на мојата маленкост! А прашање е дали и изборите, сеедно дали ќе бидат фер или нефер, дали ќе бидат чесни и демократски или насилни и фалсификувани, и дали ќе ги организира некоја техничка или, пак, уметничка влада, имаат смисла, ако темелната поделба во општеството не оди по линијата ВМРО-СДСМ или по друга партиска линија, односно не оди по чисто политичка и идејно-идеолошка линија, дури не и по некоја разиграна социјална линија, туку по линијата на луѓе со дајнерси и на луѓе без пари! Каков политички процес може да има тука ако човекот без пари смета дека името му е сосема доволно за да смета дека има се!

 

Овие и вакви забави ги откриваат димензиите на разорениот вредносен систем во Македонија. Тие сами по себе не се без везе! Ние сме една мала, фамијализирана, да не речам, инцестуозна, средина во која дефектите се шират како пожар на поволен ветер. Главната порака за мене беше пораката за декадентноста како напредната фаза во која Македонија си се ждере самата себе. Како да се сексаме меѓу себе во време на колера! Или ебола! За една минимално нормална држава ние имаме и власт и опозиција и јавност и граѓанство што се однесуваат ненормално, неадекватно, како да се забавени во развојот, како да се кучиња чие исчезнување треба да се огласи на фејсбук ако сакаме да се вратат во некоја нормална, домашна средина! Ова го кажувам од искуство! Не на куче, туку на некој што си го барал и со помош на пријателите, си го нашол миленикот! Макар што, за волја на вистината, како се одвиваат работите, повеќе би сакал да сум му куче, отколку Македонец!

 

Ние сме мравка што одбива да води сметка за тоа во кој правец се движат слоновите на заедничкото поилиште! Што треба да значи молкот на државата по изјавата на Лавров дека Русија ќе го смета за провокација членството на Македонија и на целиот регион во НАТО?! Што треба да значи отсуството на јасна државна позиција по прашањето на заедничката европска политика во однос на руската агресија во Украина?! Што треба да значи отсуството на јасна позиција кон светската коалиција против џихадистите од Исламската држава на Ирак и Левант?! Што треба да значат најавите за одземање на препораката за преговори со ЕУ и што значи спремноста на општеството до бескрај да ги трпи заебавањата со темите за името, идентитетот, достоинството и со сличните колективистички тралалајки?!

 

Пропаѓа светот во кој е родена Македонија. Светот чии основи и механизми се изградени од резултатите на Втората светска војна. Тоа само по себе не мора да биде фатално за Македонија, но треба да се знае дека ние имаме власт што ги смета тие резултати за национална несреќа и опозиција која што ја натераа да чувствува грижа на совест што не успеала да создаде голема Македонија само затоа што комунистите одбиле да се борат на страната на поразените!

 

Неколку точки се битни за денешната геополитичка и геостратегиска возбуда на светот. Што Македонија ги набљудува како наркоман кој тукушто си ја зел дневната доза. Прво, исцрпени се можностите за саморегулација врз основа на резултатите од Втората светска војна. Односот на силите и институционалниот и вредносниот инструментариум, што беа воспоставени пред седумдесетина години, под притисок на реалниот развој на глобално ниво, дојдоа во многу сериозна дисхармонија со нивните одговорности. Второ, епохалните промени во односот на тие сили, што се случија со дисолуцијата на Советскиот Сојуз и падот на Берлинскиот ѕид, не произведоа доволно моќни перформанси за беспрекорна работа на светскиот часовник. Обратно, станува сѐ појасно дека си имаме работа со еден прилично зарибан механизам! За тоа говори третата точка во овој преглед, неуспехот на Соединетите Американски Држави од позиција на единствена глобална сила, да го уреди светот според своите стандарди. Четврто, консолидацијата на Русија и нејзините аспирации во однос на светските работи произведува нова динамика на односите на глобално ниво. Петто, глобалното влијание на Кина добива димензии што ги изместуваат основите на светската конституција утврдена пред седум децении.

 

Во рамките на оваа карабина се случуваат две, односно три крупни промени на внатрешното уредување: прво, тоа се длабоките промени во западните општества и во општествата што гравитираат кон запад или паднаа под западно влијание во насока на десубјективизација и своевидна дезинтеграција преку адаптација на вредносните системи на либералниот капитализам на светските предизвици со кои се соочува, второ, ако на либералниот капитализам му било одредено да ја заврши историјата на светскиот општественоекономски развој (Фукујама) тогаш е многу веројатно дека тој крај ќе биде многу тажен, болен и неславен; трето, судирот на цивилизациите (Хантингтон) сепак ќе се случи односно веќе се случува, но не како глобална верска конфронтација, туку на епохална основа при што радикалниот ислам го обединува светот точно на тоа цивилизациско ниво.
Не сум оптимист. Нуклеарното оружје ја блокира идејата за Трета светска војна како закономерна инсталација на нови основи, принципи и односи!!! Тишината на атомските бомби ќе ја уништи цивилизацијата не помалку темелно отколку што тоа можат да го сторат најразорните експлозии! Човек не знае дали повеќе да се секира затоа што е така или затоа што не е така!

]]>
true
<![CDATA[Бранко Героски]]>: <![CDATA[Во пауза меѓу два „масакра“...]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1806/Vo-pauza-megju-dva-masakra http://www.plusinfo.mk/mislenje/1806/Vo-pauza-megju-dva-masakra 2014-10-06 13:00:00

Немам јас ништо против кога некој се труди да ги „масакрира“ првите луѓе на СДСМ и на тој начин се обидува да докаже колку голем демократ е. Сите се подложни на јавна критика, па не гледам зошто Заев и Шеќеринска би биле исклучок. Она што нема да си го дозволам, е тој дискурс да ја диктира агендата во медиумите со кои раководам. Тоа, сепак, е моја работа и ничија друга.


Според тоа, ако ги „апсолвиравме“ темите за барокот и за боемштината до ниво на „резолуција“ (како онаа на ИБ – дали си за Заев или си за Бранко), јас би го свртел вниманието на неколку „ситници“ што ни се случија во меѓувреме, додека нашиве фејсбук-опозиционери посветено и занесено ја играа претставата „На мртвога Германца шамар опалише“.


Поминаа првите сто дена од формирањето на новата влада. Кабинетот на Груевски уредно си поднесе отчет и си се испофали. Она што се премолча, а сепак можеше лесно да се пресмета, е дека во првите сто дена владата ја задолжи Македонија за 600 милиони евра. Тоа значи дека Груевски ја задолжува Македонија со темпо од 6 милиони евра дневно.



Државата сега должи 4 милијарди евра. Тоа е скоро 50 отсто од БДП, историски највисоко ниво на задолжување досега. Или, преведено на малку поразбирлив јазик, секој Македонец сега должи најмалку 2.000 евра. За споредба, во 2008 година, кога владата на ВМРО-ДПМНЕ прв пат реши да се зацврсти на предвремени избори, долгот изнесуваше само 1,5 милијарди евра. Сега е безмалку три пати поголем!


Од мене, дечки, толку. Повеќе од тие што подобро ги разбираат финансиите и економијата. Благодарам на вниманието, паузата меѓу два чина „масакрирање на опозицијата“ заврши. Претставата продолжува. Збуните завесу, спустио сам се! 

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Златко Теодосиевски]]>: <![CDATA[„Загрижениот“ Барабовски]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1805/Zagrizheniot-Barabovski http://www.plusinfo.mk/mislenje/1805/Zagrizheniot-Barabovski 2014-10-06 08:30:00

1.

Не знам по кој и каков основ г-динот Барабовски, пардон – Барбаровски, ме почестува со гадости во „Слободен печат“. Јас не сум го спомнал, ни него ниту некој од шушупатките од самонаречениот „Македонски манифест“, по име и презиме во негативен контекст. А и не би ги спомнал, ни по име ниту по презиме, никогаш, зашто со таква збирштина не би сакал да се расправам на ниту една тема. 

Ама се нашле навредени, и тоа г-динот Барабовски, пардон – Барбаровски, отворено го кажува, од називот „шушупатки“. Зборот не бил македонски, односно „го нема во македонскиот речник“. Ама зборот „копрофаг“, со којшто тој мене директно ме чести - го има. И тој ужива да го користи. И се слади, изгледа, со него. Токму како и сите други наши очерупани самоумислени некогашни „перјаници“ на македонското новинарство. Кои дури сега си го покажуваат вистинското лице!

Не разбирам ни зошто „Слободен печат“ има обврска (?) да му отстапи простор за лични навреди на некој ваков како г-динот Барабовски, пардон – Барбаровски,??? Јас, имено, кај нив, односно на нивните страници, не сум објавил ни збор за оваа персона (се мислам веќе да го испуштам она „г-дин“, зашто некако не ми оди со човекот!), а богами ниту за некој друг од неговата „храбра“ дружина. Тогаш - зошто? Зошто вакви полуписмени третоодделенски непредизвикани шкрабаници, згора навредливи, од една шушупатка на страниците на овој весник? Само заради тоа што некогаш бил новинар, па проработува чувството на колегијалност? Не разбирам, ама нејсе. Ако почнале така, нека ги поканат сите слични на овој Барабовски и нека си го суредат весникот. Дефинитивно.

2.

Но, повторно, зошто толку навреди и омраза заради еден збор, па нека е и шушупатка? Збор што, всушност, нема никаква негативна конотација, ни навредлива, иако е со трошка сатиричен и потсмешлив тон. Зборот потекнува од некаков скопски сленг, којшто Барабовски не го знае, и не може да го знае, се разбира. Да употребев шутраци, или шапшали, ајде де. Иако мислам дека и тие не би ги разбрал. Ама да употребев, на пример, ајдамак, ајван, бајмак, недоквакан ... ќе му беа поблиски. Таква му е провениенцијата (еееј, сега и овој збор ќе го бара по речници!). 

Но ни тоа не е битно. Битно е зошто Барабовски се лути, и кому? Вели: сум го навредил претседателот на Собранието. Брее, а вие адвокат ли сте му, Барабовски? И зошто јас би го навредувал – иако мислам дека како на правник и особено како на спикер на Парламентот не му личи тоа што го кажа – кога вие сите пред мене го направивте од такво подолу? А вашето, мислам на „дружината“, не беше ли навреда? Зарем вие не му држевте предавање на истиот тој претседател на Собранието? Или само заради зборот шушупатки, упатени кон вашата „дружина“, вие сметате дека токму тој човек е навреден, посредно? 

Или можеби Барабовски се лути заради оние потенцирани бараби, битанги, уличари, простаци ... кои ги спомнувам, а кои што секојдневно не пљачкаат и се прават мутави? А и он, сосе „дружината“, со нив. Нивен адвокат ли е? Или и тој се гледа во тоа друштво па се чувствува засегнат? Или за него е секојдневна работа, дури нормална, да се украдат осумстотини илјади евра и друг да ја плаќа штетата? 

Оттука Барабовски, пардон – Барбаровски, вам не ви пречи, ниту пак треба да ви пречи зборот шушупатки зашто, прво, не е навредлив, симпатичен е, и второ, одговара на вашата појавност во македонското милје. И лично и професионално. Нешто друго смрдливо има тука, ама мене, искрено, не ме интересира.

3.

Јас навистина не сум размислувал кој и каков сој сум. Можеби сум таков каков што вие ме мислите. И сигурно сум таков, за луѓе како вас. Ама вие Барабовски сте вистинскиот прототип на новиот македонски човек, оној (за жал) потчовек, она слугинче-измеќарче што радосно ги извршува наредбите на стопаните. Дури веќе не мораат ни да ве боцкаат со остенот. Среќно вртејќи со опавчето вие сте секогаш спремни за „ура“. Ќе ја облечете маичката со ликот на Ангелот од Курбиново и тргнувате во крстоносни походи. Го обезличивте и посрамотивте и тој македонски симбол. Вие и вашиот сој сте токму она типично македонче кое цел живот продава муда за бубрези, се закачува ко крлеж на различни газди и цица ли цица. И пак друг му е виновен.

Точно е дека мене ми пречат македонските буништа, простаци, гнилеж ... ама како вам не ви пречат? Кога еднаш вие ќе го кренете гласот против македонските состојби во сите сфери на живеењето? Или полесно е да се пцуе по странците? Та нели тие ни се секогаш виновни за се’? 

Е не ќе да е така г-дине Барабовски, пардон – Барбаровски. Никој не ни е виновен за нашата неспособност, измеќарство, незнаење, простаклук, лоповлук ... Ни волерс ни болерс, ни петко ни станко, ни санстефански ниту којзнае кои други договори. Таквите ќосевци како вас ја јаваат оваа земја со векови.

И како е можно г-дине Барабовски, пардон – Барбаровски, ни вие ниту пак некој од вашата здушна „дружина“ да не каже ни збор кога вашиот содружник не продаваше на Русите сосе јаболко во устата? Сакате ли да ви ги цитирам тезите на този мрсник кој обично седи некаде блиску до вас? Или ги знаете ама не смеете да зуцнете? Па како тоа не ве погоди, ни вас ниту пак некој од „дружината“, ама се загриживте заради зборот шушупатки? За кого ли сега одработувате, ќосав Барабовски?


]]>
true
<![CDATA[Ерол Ризаов]]>: <![CDATA[Отворено писмо до претседателот на државата Ѓорге Иванов]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1804/Otvoreno-pismo-do-pretsedatelot-na-drzhavata-Gjorge-Ivanov http://www.plusinfo.mk/mislenje/1804/Otvoreno-pismo-do-pretsedatelot-na-drzhavata-Gjorge-Ivanov 2014-10-05 10:30:00
  
Почитуван претседателе на државата, Ѓорге Иванов,


Си земам за слобода да Ве поканам во понеделник на 6 октомври во 19.30 часот да дојдете во Клубот на новинари во Скопје. Ако имате доволно личен и државнички мотив и доблест, ќе присуствувате на еден хуман чин на македонските новинари, на една солидарна вечер посветена на колегата Томислав Кежаровски, кој е осуден на четири и пол години затвор и веќе над една година чмае затворен меѓу четири ѕида во домашен притвор без можност да работи и да обезбедува егзистенција за себе и за своето семејство.

 

Оваа вечер е во рамките на конференцијата на Европската федерација на новинaри, која ќе се одржи во Скопје и на која ќе присуствуваат новинари, медиумски експерти и синдикални активисти од над 20 европски земји.
Претседателе, почитуван професоре на Правниот факултет и наш колега новинар, убеден сум дека не сте рамнодушни, како што тоа се доживува во јавноста и меѓу нас новинарите, што еден новинар лежи во затвор за напишан текст пред повеќе години во списание кое одамна е згаснато. Сигурно, како универзитетски професор на Правниот факултет знаете дека Кежаровски е осуден во нефер судење според закон под европските стандарди. Претседателе, должни сте, кога е во прашање угледот на државата, да се заложите да се отстрани она што ни нанесува срам во светот. Оваа пресуда на Судот во Скопје ги обиколи светските медиуми и сите медиумски асоцијации кои водат грижа за слободата на медиумите и особено печатот. Сите до еден ја осудија драконската казна за текст напишан пет години пред изречување на пресудата.

 

На светските ранг листи за медиумските слободи во Македнија овој случај имаше влијание да се најдеме меѓу земјите каде новинари лежат затвор поради текст. Се покажа дека пресудата на Кежаровски е само последица на една повеќегодишна пресија врз медиумите што нѐ доведе на самото дно во светот и што се смета за едно од основните мерила на развојот на демократијата и човековите права, за што вие како професор имате извонредни познавања, ама како претседател на државата оваа грижа за македонската демократија и македонските медиуми отпадна од вашата работна агенда, иако тоа ни го ветивте уште при првиот избор за претседател на Република Македонија.


 
ВО СОСЕДСТВОТО НЕМА ОСУДЕНИ НОВИНАРИ

 

Почитуван претседателе, не знам дали знаете колку новинари во Европа и во соседството се осудени на затворски казни поради оддавање на идентитетот на заштитен сведок, каков што е случајот со Кежаровски. Ниту еден, претседателе, иако имаше судења за многу потешки дела, како што е обелоденување на идентитетот на луѓе кои издале државна тајна, давајќи податоци за медиумите, имаше судење на новинари кои ги откриле пред јавноста сведоците кои сведочеле во процеси на воени злосторници… Сите тие се осудени со условни и парични казни. Само еден мал детаљ многу кажува за основаните сомнежи дека овој судски процес против Кежаровски е најблаго речено чуден и нерегуларен со основани сомнежи дека се работи за други мотиви и причини, а не за издавање на идентитет на заштитен сведок уште пред да биде прогласен за заштитен. Имено, сигурно ви е познато дека уште пред судот да ја изрече пресудата и да го прогласи Кежаровски за виновен, јавниот обвинител Марко Зврлевски ја прејудицира судската одлука. Тој во дневен весник изјави дека Кежаровски ќе биде осуден минимум на четири години затвор. Ве прашувам, почитуван претседателе, каде тоа, во која држава јавниот обвинител ги соопштува или прогнозира пресудите преку дневниот печат? Нели само ова е доволно да се поништи пресудата?

 


Почитуван претседателе, ако можете да одите на интервју и да патувате по светот со новинар како Миленко Неделковски, кој е осудуван од истиот суд за измама на повеќе од 20 граѓани на Македонија во износ од над 160.000 долари, продавајќи им непостоечки американски иселенички визи и со него да дебатирате за патриотизам, чесност, борба против криминалот и корупцијата, мислам дека можете со многу полесен чекор да дојдете и во Здружението на новинари на Македонија и во нашиот клуб на солидарна вечер за Томислав Кежаровски, кој е осуден на ефективна казна од четири и пол години, а не само на условна казна како вашиот новинарски пулен.

 


 
АБОЛИЦИЈА

 


Почитуван претседателе, мојата покана да дојдете на солидарната вечер за Томислав Кежаровски има само еден мотив. Кај вашите правни советници да се заложите да ја испитаат можноста за аболиција, или некоја друга мерка што спаѓа во ваша надлежност, а што ќе значи слобода за новинарот Томислав Кежаровски. Така, барем донекаде, ќе симнеме еден голем товар и дел од срамот поради затворската казна на Кежаровски, а со тоа ќе овозможите нашиот и Ваш колега да си ја работи својата работа. Така ќе ја вратите среќата во семејството на Кежаровци, чија ќерка деновиве почна да оди во средно училиште. Не можам да Ви го разберам спокојството да претседателствувате со држава каде една душичка оди со наведната глава на училиште затоа што татко и е осуден затвор поради новински текст. Не таа претседателе, ние сите треба да ја наведнеме главата од срам оти живееме во таква држава.


Се надевам дека ќе соберете сила и ќе дојдете да се дружите малку со поранешните колеги и да ни ја соопштите добрата вест.


Престанете веќе да им се плашите, а и трет мандат нема по Уставот на Македонија.

 


Оваа колумна е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Колумната e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на колумната е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

 

 

]]>
true
<![CDATA[Бранко Героски]]>: <![CDATA[Во театарот и во музејот не влегувам, ама во „Македонска фаланга“ ќе паркирам – смеам ли?]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1803/Vo-teatarot-i-vo-muzejot-ne-vleguvam-ama-vo-Makedonska-falanga-kje-parkiram--smeam-li http://www.plusinfo.mk/mislenje/1803/Vo-teatarot-i-vo-muzejot-ne-vleguvam-ama-vo-Makedonska-falanga-kje-parkiram--smeam-li 2014-10-05 10:15:00
Неколку дена размислувам дали и јас да чкртнам нешто за прославата на „Дајнерс“ во новиот Стар театар, дали јас да долевам масло на огнот. И ете, зборовите ми ги зеде Марјан Забрчанец од Младинскиот образовен форум. А и ред е понекогаш да научиме нешто од помладите.

 

Неговиот пост на Фејсбук го пренесувам во целост:

 

„Јас ја споделувам критиката кон раководството на СДСМ за нивниот гаф и нивното дефиле во старо-новиот театар, на приватна прослава на една фирма. Но, тоа што јавноста (особено опозициската) веќе десет дена се занимава со оваа тема, го издигнува овој гаф на пиедестал и со тоа им дава храна на провладините медиумски мрежи, само потврдува дека и најкритичките индивидуи и заедници стануваат гладни за дневно-партиско-политички сензационализам и при тоа го губат осетот за стратешко дејствување.

За некого за жал, за некого за среќа... сите ние ќе влеземе во старо-новиот театар, а сигурно сите ние веќе сме поминале низ скопскиот плоштад, симболот на Скопје 2014. Едноставно, на сите ќе им се случи да не можат да ги избегнат овие масовни градежни инсталации врз јавниот простор. Затоа, апелирам да водиме дискусии за посуштински процеси. Посуштински од прославата на Дајнерс“.

 

Јас сè уште не сум влегол во театарот и нема да влезам. Но, Марјан има поента – вака или онака, зданијата на „Скопје 2014“ се неизбежни. Нема да стапнам во театарот или во Музејот на ВМРО (во музејот можам да влезам само со шише солна киселина под мишка!), но ете, може да се случи наскоро да паркирам во катната гаража „Македонска фаланга“. Дали тоа од мене ќе направи поддржувач на проектот што го критикувам со години?

 

Не мора да ме опоменувате, знам дека тоа не е исто и дека споредбата е претерана. Но, ете, колумнистите на „Слободен печат“ кажаа што имаат да кажат, поуките веројатно се извлечени и сега е време да се свртиме напред. Кон посуштинските теми.

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Петрит Сарачини]]>: <![CDATA[Сликање]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1802/Slikanje http://www.plusinfo.mk/mislenje/1802/Slikanje 2014-10-03 16:30:00 Некои моди бргу поминуваат, стануваат демоде, додека некои, пак, остануваат подолго, и стануваат евергрин. Верувам дека ќе се согласите со мене, почитувани, дека фотографирањето, или народски кажано сликањето, е евергрин мода. Мало или големо,  сиромав или богат, чесен човек или политичар, сите се сликаат. Некои со повеќе, некои со помалку успех. 

Еве да го земеме за пример „селфи“-бербатот на пратеникот на ДУИ, Артан Груби, кој со денови ја преокупира нашата сеирџиска (зарем има поинаква?) јавност. Изгорен од желба да го види Неџат Аголи излеан во бронза, Груби се себеовековечи со неозначениот споменик на Методија Шаторов – Шарло, кој, погодувате, преку ноќ, како и речиси сите други споменици, слета во најстрогиот центар на главниот град. Груби се извини невешто за брзоплетоста, која демек била предизвикана не само од „горештата желба“, туку и од непрофесионалноста на неколку албански медиуми, кои објавија дека спомениците на албанските историски личности веќе се поставуваат. 

Можеби многумина се разочарани, и сметаат дека со ова Груби го покажа не само својот, туку воопшто интелектуалниот капацитет на оние што претендираат да ги водат Албанците. Па кога шефот на кабинет на лидерот на најмоќната партија на Албанците во Македонија е ваков, што да очекуваме од оние во пониските ешалони? Освен тоа, преку овој гаф, се покажа дека владејачката ДУИ, дури и нејзиниот најтесен врв, нема апсолутно никаков пристап до информации ниту, пак, кој било ја прашува за „Скопје 2014“ и поставувањето на спомениците, иако веќе 6 години е во извонредна (кон)сензуална врска со Груевски и владејачката ДПМНЕ. За разлика од него, пратеничката на неговиот коалициски партнер, која го подучи Груби за историјата, очигледно е далеку поупатена во работите. 

Но, и некои други работи произлегоа од целава ѓурултија, кои зборуваат за квалитетот на дебатата и капацитетот на јавноста кај нас. Освен малкуте фотомонтажи со вреден хумор и сатира, пред сѐ на социјалните мрежи, но и во неколку медиуми, имаше и поплава од непристојност, навреди, пцости и закани упатени на адресата на пратеникот, што покажува до какво дереџе сме дојдени сите ние во јавната комуникација. Притоа, најтажното за самиот Груби е што сеирот и шегувањето на негова сметка не беше најсилно кај критичките медиуми на кои не им крева телефон, туку кај оние со кои разменува СМС-пораки и со чии редакции неговата власт негува блиски односи од секаков вид. Имавме прилика деновиве да прочитаме дека Груби реагирал емотивно, нарекувајќи го општеството и критичарите завидливци, озборувачи и бедници. Но, Груби заборави истите овие епитети да им ги додели на медиумите, кои заедно со неговата партија седат удобно во скутот на Груевски. 

Туку, таман ќе помисли човек дека меѓу властодршците од ДУИ што глумат опозиција го пронашол шампионот во сликање, ете ти го речиси целото раководство на онаа, вистинската опозиција демек, со незаборавна фото и видеосесија на прославата на „Дајнерс“ во стариот-нов театар, карши бетонската галија што ги пленеше славениците со својата раскош и убост. Каков спектакл, какво колективно пукање во себе и плукање врз сопствените ставови за „Скопје 2014“ (со кои, патем речено, се согласуваат мнозинството граѓани на сите анкети)! Па што ни вреди тоа, или некои други сознанија, на пример од последната анкета на ИРИ, која иако го сместува Груевски пред Заев, вели дека мнозинството граѓани сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока, дека во Македонија нема слобода на говорот, дека сме се подалеку од ЕУ и НАТО, дека ги притиска невработеноста и економските проблеми? 

Што да каже човек. Да ти падне жал и за Артан Груби и ДУИ, и за опозицијата, а богами и за овој завидлив, сеирџиски и беден народ. Да не знаеш кому му е потешко, на Артан Груби и опозицијата со ваков народ, или на народот со Артан Груби и ваква опозиција? Иако полека-полека граѓаните се будат, како што стојат работиве, засега не им преостанува ништо друго, туку да си ломотат по социјалните мрежи, да маваат по самарот, да чекаат, и да се сликаат. За спомен, и кусо сеќавање.

 

(Објавено во „Слободен печат“)

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо.

 

]]>
true
<![CDATA[Драган Милосављевиќ]]>: <![CDATA[Кој ќе ја победи „Исламска држава“?]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1801/Koj-kje-ja-pobedi-Islamska-drzhava http://www.plusinfo.mk/mislenje/1801/Koj-kje-ja-pobedi-Islamska-drzhava 2014-10-03 13:45:00  

Соединетите американски држави заглавија во неочекуван проблем. По долготрајното љубоморно чување на позицијата „единствена сила која истовремено може да си дозволи да војува на повеќе фронтови“, во последниве месеци добија сериозна конкуренција. „Исламска држава“ се осмели и практично покажа дека со малку упорност и добра организација лесно можат се достигнат високите стандарди на најдоминантната сила во светот. Овие момци (и ним прилежни девојки) симултано се пресметуваат со дузина различни непријатели во Сирија и во Ирак, подигнуваат глава во Либан и шеретски испраќаат абер дека кај и да е, на нивното шармантно присуство ќе можат да му се порадуваат и останатите земји во околината. Интересно друштво е во прашање и тоа е факт кој повеќе не подлежи на никакви сомнежи.

 

Изгледа дека со секој нов непријател што го добиваат на меѓународната сцена, тие стануваат уште посилни, а со секој нов судир наместо да се намалуваат - нивните одреди, батаљони, дивизии, речиси имаат проблем како да ги прифатат и распоредат куповите млади свежи никаквеци дојдени од целиот свет да гинат во името на еден, барем за европски стандарди одамна исчезнат идеал. Очигледно има „нешто“ во оваа организација, мора да е во прашње некаква особена и необично привлечна приказна штом толку лесно се здобива со фрапантен број на приврзаници.

 

Почетоците на „Исламска држава“, познавачите на состојбите на Блискиот Исток ги датираат некаде во 2006-7 година како мала група во склоп на Ал Каеда и тоа не во Сирија каде што по зло се прославија, туку во соседен Ирак, во она време окупиран од американската војска и неповратно зацементиран во сунитско-шиитски секташки пресметки. И нивниот лидер Абу Бакр ал Багдади тогаш сè уште бил само еден од понервозните пиони во екипата на Осама бин Ладен, но очигледно доволно способен и доволно храбар за во вистински момент да ја искористи приликата и со секавична брзина да ги засени своите некогашни ментори.

 

Сириската војна која започна во 2011 година иако во прв момент лажно беше претставена како бескомпромисна борба меѓу тоталитарната власт (Башар ал Асад) и демократската опозиција (сомнителни персоналитети со место на пребивање луксузни хотели во Истанбул), експресно во прв план исфрли мал милион демократски групи кои, главно преку камерите на мобилните телефони, великодушно ни покажаа за каква Сирија сонуваат и на каков светоглед му припаѓаат. Со својата радикалност меѓу нив се истакна тогаш тазе наречената „Исламска држава Сирија и Ирак“ чија специјалност главно беше (и сè уште е) сецкањето на човечки глави со мали ножиња, макар што кај нив одлична примена наоѓаат и останатите инструменти од асортиманот мачети, сатари, пили и разни видови на сабји. Притоа вреди да се потенцира дека освен со егзотични видео претстави, припадниците на ИД знаат да се занимаваат и со вистински воени акции поради што ни малку случајно се наметнаа како главна бунтовничка сила и како клучен фактор во борбата против жилавата армија на претседателот Асад.

 

Меѓутоа, дека не се обична група на криминалци или фанатици пошироката јавност разбра дури годинава. Најпрвин во јануари останатите бунтовнички групи координирано извршија неочекуван напад врз ИД, обидувајќи се да ги потиснат и да им го одземат приматот во битката за срцата на збунетата раја и за паричникот на превртливите заливски суверени. Во еден момент борците на „Исламска држава“ се најдоа вклештени меѓу Сириската армија и своите довчерашни соработници при што изгубија импресивен број на борци и беа принудени да напуштат дел од областите над кои претходно имаа цврста контрола. За предавничкото држење на „Ал Нусра“, „Исламски фронт“ и останатите Ал Каеда клонови на долго и на широко пишуваа исламистичките сајтови и фејсбук групи во регионов, објаснувајќи им на заинтересираните читатели дека сите тие се всушност „неверници“ додека единствено „Исламска држава“ се бори за вистинска кауза и само нејзините припадници се чисти, неизвалкани морални величини, што би се рекло „вистински џихадисти“.

 

Се очекуваше дека предадена и притисната ИД многу брзо ќе исчезне од сцената а нејзините членови ќе се претопат во  ривалските групи. Но што се случи. „Вистинскиве џихадисти“ неверојатно брзо се консолидираа, ги стегнаа своите редови и преминаа во контранапад при што буквално ги прегазија „лажните“ џихадисти. И не само што ја повратија својата територија туку уште повеќе ја проширија и надградија. Пред зачудениот свет да се освести, преминаа во Ирак и како од шега ја смачкаа толку фалената, со американско оружје опремена Ирачка армија, а круна на сите дотогашни успеси беше вртоглавото освојување на Мосул што конечно ги претстави како сериозен играч на кого мора да се смета во претстојната разрешница на блискоисточната криза.

 

И еве нè сега во последната третина од годината. Соединетите држави наврат нанос собраа шарена коалиција од европски цинични моралисти и заливски петро-ројалисти и започнаа воздушни напади врз „Исламската држава“. Нема сомнение дека лошо му се пишува на секој што ќе си заработи несреќа да војува со САД но состојбата на теренот по првите удари не само што не е променета на штета на џихадистите туку напротив, тие продолжуваат да напредуваат. Сè повеќе станува јасно дека на Американците нема да им бидат доволни само „Репторите“ и томахавк ракетите доколку навистина имаат намера да го скршат Ал Багдади. Се покажа како наивна заблуда и намерата главниот товар во борбата со џихадистите да го понесат локалците, бидејќи тие едноставно немаат капацитет за таков подвиг.

 

Курдите се фрагментирани а нивната најголема мана е тоа што размислуваат строго локално, односно нивниот интерес за борба против исламистичкиот терор завршува на границите на замислената курдска држава. Ирачката армија изгледа фино за на телевизија, но во битките само се бламира, а дезертерството во нејзините редови достигнува размери на епидемија. Умерената сириска опозиција е просто кажано фантом, ја нема, не постои, и покрај бескрајните мантри на вашингтонските портпароли дека токму „умерените борци“ можат да ја одиграат клучната улога во пресметката со ИД. Реално, на теренот само Сириската армија покажа дека поседува капацитети за добивање на војната.

 

И компактноста на борбените формации и умешноста на офицерскиот кадар и личната храброст на војниците и поддршката на мноизнството од населението и секуларноста на политичкиот фактор ја прават оваа војска идеално оружје за екстерминација на екстремистите. Па сепак, од евентуалното сојузништво со САД нема ништо. Сирискиот претседател Асад и натаму е примарна мета за отстрел во сите пресметки на Белата куќа а од неговата елиминација не се откажуваат ниту заливските монархии. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оправдувајќи ја одлуката за вклучување на неговата земја во борбата со ИД исто така не заборави да каже дека Асад е главниот виновник за сите несреќи и дека тој мора да биде елиминиран од политичката сцена за Сирија да може да остане обединета, независна и суверена земја.

 

Негирањето на правото на легалното сириско раководство да се брани и да помага во борбата со „Исламска држава“ и неспосбноста или неадекватноста на останатите автохтони ирачко-сириски фактори ќе ги принуди коалициските сили да ја пролеаат крвата на сопствените војници доколку навистина им е дојдено да го спасат Блискиот исток од наездата на калифатските фанатици. Народски кажано друго чаре нема. Освен се разбира, ако елимнацијата на ИД воопшто не е на дневен ред во вистинските стратешки планови на Вашингтон, односно ако се во право оние што тврдат дека и „Исламска држава“ и „Ал Нусра“ и „Исламски фронт“ и „умерената опозиција“ и Курдите па дури и Башар ал Асад се само идеални кукли во претставата која треба да се игра можеби со децении и од која арапскиот свет ќе треба да излезе уште порасцепкан, поразединет и дефинитивно исфрлен од сите цивилизациски текови. Со еден (за нас тажен и горчлив) збор, да биде балканизиран.

 

]]>
true
<![CDATA[Биљана Илиќ]]>: <![CDATA[Доста е крв!]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1800/Dosta-e-krv http://www.plusinfo.mk/mislenje/1800/Dosta-e-krv 2014-10-03 11:30:00

Македонските граѓани секој ден се принудени емотивно да доживуваат и да преживуваат сообраќајки со смртни последици, гледајќи ги или слушајќи ги експлицитните реклами на Владата за безбедност во сообраќајот. 


Овие реклами не се едукативни. Тие нема да ги научат граѓаните како се врзува појас, бидејќи ако појасот е погрешно врзан може да биде убиствен, како да се врзе дете во или без негово дополнително седиште, како да се вози трудница, дека ако појасот не е врзан или нема да се отвори воздушното перниче или тоа ќе ги убие. Тие не се ни мотивирачки - да ги натераат возачите, совозачите и патниците секогаш кога ќе влезат во возило да го врзуваат безбедносниот појас. Или, како да се заштитат возачите на тракторите и нивните сопатници, на пример? Бевме сведоци на неколку несреќи со смртни последици, односно на загинувања на деца предизвикани од трактори. 

 

Има луѓе кои воопшто не се возат во автомобил, на пример, или немаат свое возило. Зошто тие да мора да бидат изложени на овие крвави слики, ако некој веќе помисли дека со нив нешто се постигнува? Зошто децата да бидат изложени на овие страшни слики? Од една страна, ни велат - не ги изложувајте децата на сцени со насилство. Од друга страна, во паузата за реклами, во време кога децата гледаат телевизија, се емитуваат вакви шокантни сцени. 

 

Факт е дека доколку некој загине во сообраќајка, често пати, членовите на неговото семејство се поштедени од глетката на мртвото тело на нивниот сакан и близок и тој му се предава на семејството во лимен сандак. Ова се прави со цел на семејството кое се соочува со трагичната и предвремена загуба на свој близок да не му се приреди дополнителен шок од повреденото до непрепознатливост тело и роднините да го запомнат во нивните најдобри спомени. Не може секој да поднесе да гледа крв, а камоли да го види својот близок облеан во крв и загинат. 

 

А сега, сите сме принудени, секој ден, по неколку пати дневно, да се соочуваме со стравот да не ни се случи сообраќајка, а ние да не сме врзани и дека ќе загинеме. Простете, но има несреќи кога ни појасот не спасува. Ако се сеќавате, сите кампањи за безбедност во сообраќајот што биле спроведени досега во земјава, биле застрашувачки. Сигурно не сте ја заборавиле Смртта која со коса не демнеше од билборди? 

 

Но, дали вродиле со плод? Како што слушнавме пред некој ден од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, а претходно и од премиерот Никола Груевски, лани на нашите патишта загинале 198 лица, а и годинава бројката е многу висока. Дали тоа значи дека сите претходни кампањи не вродиле со плод? После толку застрашувања и вознемирувања? И – зошто немало резултати? 


Најпосле, што е разликата помеѓу старите и новите застрашувачки кампањи? Ништо! Повторно само се влева страв за загубата на животот, но не се врши едукација! Повторно сме фокусирани на последиците, а не на причините и на превенцијата! Повторно се казнува, но не се мотивира! Пак се размислува за (не)дисциплината, а не и за лошите патишта, за очајната сигнализација, за техничката неисправност на возилата и за многу други важни прашања.

 

Кампањата носи наслов „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“. Предлагам да почнеме со почитување на правото на граѓаните да бидат поштедени од емотивниот стрес што неколку пати на ден им го приредуваат крвавите сцени од кампањата. А потоа да почне кампања за почитување на животот, така што на приемчив начин, со усул што се вели, ќе им се објасни на граѓаните што мора да прават за да бидат побезбедни во сообраќајот. Кампањата за безбедност во сообраќајот мора да се смени во друга насока. Нема да се согласам со маркетиншките трикови дека и негативна кампања е кампања. Не во овој случај! 


И кога владините претставници ќе излезат и ќе кажат „ние правиме сè за да ги заштитиме граѓаните во сообраќајот“, треба да знаат дека ако тоа што го прават не вродува со позитивен ефект - значи дека не прават сè и не прават како што треба. Затоа, веднаш нека запре крвта да тече од екраните, а потоа нека смислат некоја похумана метода како да ги научат луѓето што е добро за нивната безбедност. Навистина нека покажат дека ги почитуваат правилата и дека го почитуваат животот! Нека ги направат и осветлат улиците и автопатите, нека ги спречат продавачите и купувачите на возачки дозволи, нека смислат кампањи од кои ќе се гледа љубов кон животот, а не страв за животот. 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 


 

]]>
true
<![CDATA[Бранко Героски]]>: <![CDATA[Господине Мијалков, бидете пример, наплатете од „Фокус“ отштета од 1 евро!]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1799/Gospodine-Mijalkov-bidete-primer-naplatete-od-Fokus-otshteta-od-1-evro http://www.plusinfo.mk/mislenje/1799/Gospodine-Mijalkov-bidete-primer-naplatete-od-Fokus-otshteta-od-1-evro 2014-10-03 08:15:00 Би сакал лично да се придружам кон апелот до Сашо Мијалков да се откаже од наплатата на досудената отштета противн „Фокус“, односно да ја сведе на симболична сума.

 

Господине Мијалков, немојте да ме разберете погрешно, но јас Ве повикувам да се откажете од незаработените пари, во името на споменот на Вашиот татко, покојниот Јордан Мијалков, со кого имав можност да се запознаам додека беше министер за внатрешни работи и со него често да комуницирам како новинар.

 

Јас во тоа време многу го критикував ВМРО-ДПМНЕ, а и него како министер, но тој, барем кон мене, беше отворен за критиките, не се лутеше и умееше да ми каже: „Не ти се лутам, ти си од оние кои ни викаат пази леѓа“. Сакам да кажам, Вашиот татко никогаш не би се полакомил за 9.000 евра, кои за Вас можеби се само пари за џепарлак, но за колегите од „Фокус“ се прашање на опстанок.

 

Јас ја разбирам Вашата потреба за сатисфакција и затоа Ви предлагам едноставно и умно решение - наплатете од „Фокус“ отштета од 1 евро и задоволете ја Вашата потреба. Имате доволно пари, се надевам, не Ви се потребни повеќе. Бидете пример за сите други.

 

МАЛА ИСПРАВКА: Укажано ми е на непрецизност во текстот. Имено, тужбата на Мијалков кон „Фокус“ е повлечена, а пресудата е за новинарот Владо Апостолов и за уредничката Јадранка Костова. Суштинска разлика нема, бидејќи последиците ќе ги трпи „Фокус“. Се извинувам поради непрецизноста, но апелот останува.

 

]]>
true
<![CDATA[Ѓорѓи Мисајловски]]>: <![CDATA[Фотошоп дипломатија]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1798/Fotoshop-diplomatija http://www.plusinfo.mk/mislenje/1798/Fotoshop-diplomatija 2014-10-02 15:15:00


Итрата македонска дипломатија на почетокот на независноста на државата, покажувајќи го својот патриотизам и дипломатска вештина, на шилдовите пред нашите званичници на меѓународните конференции, со селотејп и обична бела хартија ги лепеше инскриминираните додавки на нашето уставно име, односно од проширениот акриним ФИРОМ или БЈРМ ги покриваше првите две букви, па на таблата остануваше единствено Република Македонија. Тоа се сметаше за врв на итерпејовштината на нашата славна дипломатија и доскочување на меѓународната заедница и грчиштата кои нè прекрстија. 


Селотејпот кој обично се користи при пакување артикли овој пат послужи и за пакување во посакувана амбалажа на нашето уставно име. Сега се користи фотошопот, најпозната дигитална програма за обработка на сликите. Порано се користеше терминот ретуширање, а најпозната шега на таа тема е првиот роман на Милан Кундера „Шега“ објавен во далечната 1967, пред познатата „кадифена револуција“ или попоетски кажано „Прашката пролет“.


Нашата дипломатија е всушност фотошоп, термин кој настана (каде, ако не во САД) во исто време со независноста на нашата самостојна држава, односно новата дипломатија. Со фотошопот сликата се „дотерува“ со обработка според посакуваните ефекти. Понекогаш се прават и грешки како во случајот со заборавената шапка на Александер Дупчек во споменатиот роман на М. Кундера. Нашата дипломатија постојано тоа го прави. Последен случај се фотките од Њујорк за време на последното Заседание на Генералното собрание на ООН на кое мониторот пред нашите угледни званичници е затемнет, односно на него не се гледа осакатеното име на нашата држава. 
Фотографот од МНР, инаку секогаш и член на делегацијата, тврди дека тоа тој не го направил. Секако не го направил по своја волја. Некој му наредил. И тоа не е прв пат во обидите со фотошоп да се претстави посакувана ситуација. Званичниците од МНР заборават дека документарна фотографија не е фотографија за спомен од Дизниленд, каде можете да се сликате и со Мики Маус и да изгледа автентично. Тие фотоси влегуваат во архива, тие се дел од историјата и мора да бидат автентични. Доколку не се тоа може да предизвика и дипломатски скандали. Затоа внимателно со фотошопот. 

 


Од каде потребата за фотошоп, односно за разубавување на реалната ситуација? Од неспособноста на дипломатијата да ја изврши својата, сепак, сложена работа. Некадарноста на дипломатијата се покрива со создавање ефект на фотошоп. Ракување на министерот се толкува како размена на мислења. Судирање на скалите како срдечна средба. Трчање по ходниците и фаќање за ракав на странските званичници се толкува како протоколарно правило и регуларен начин да се направи фотошоп, односно претстава за активноста на нашите званичници. Семејните фотографии (наликуват на свадбените) со хомолозите се толкуваат како докажана блискост не само меѓу државите, туку и меѓу актерите на фотографијата. Нас тоа нè задоволува. Суштината не е битна. Важен е ефектот за домашниот плебс. Странците што мислат не е важно. Фотошопите создаваат илузија.

 

Во нашата дипломатија сè е илузија. Илузија е дека со селотејп или фотошоп дипломатија исчезнува проблемот. Наместо целосна концентрација да се реши проблемот со името со наметнатиот компромис, ние правиме фотошоп. Илузија е помалиот коалиционен партнер да тврди дека решението веќе се наѕира, а поголемиот партнер тврди спротивно. Илузија е беспотребното ширење на дипломатската мрежа со истовремена интенција на заедничко претставување. Илузија е форсирање на т.н. економска дипломатија во ситуација кога не функционираат институциите инволвирани за економска промоција. Илузија е да се очекува било каков бенефит од стерилната дипломатија со кадрите кои се упатуваат на највисоките позиции. Илузија е Брисел да ни верува дека темелно ги спроведуваме реформите. Илузија е доколку веруваме дека проблемот со името е наш единствен проблем. Илузија е дека новоименуваниот наш т.н. амбасадор во САД ќе се обиде да ги укине визите за САД и да ја врати американската поддршка во време кога Буш Јуниор беше претседател. Илузија беше и кога пред речиси два мандата поминати во Вашингтон, сегашниот ни министер воен, изјавил на самиот почеток на амбасадорувањето во Вашингтон дека негов приоритет ќе биде да воспостави потесни врски со американските сенатори. Какви врски воспоставил видовме на отчетот на американскиот амбасадор Бејли во Сенатот. Илузија е да се очекува новопоставените амбасадори во Берлин и Москва да се приближат до кабинетите на канцеларката Меркел или суверениот Путин. Илузија е да се добијат било какви продлабочени информации од нашите исплашени дипломати. Илузија е да се верува дека воопшто странските дипломати контактираат со нашиве надвор. Илузија е да веруваме дека за сите наши неуспеси на надворешен план е виновен некој друг. Илузија доколку сметаме дека нашата дипломатија е кадарна да ги заштити правата на нашите граѓани во т.н. дијаспора. Илузија е дека дипломатијата може да ги сокрие демократските недостатоци во државата со обиколување на планената по разни роуд шоуа или непотребни посети. Потребните ги нема.


Поради сите овие илузии потребни се дипломатски фотошопи. Се дотерува сликата на квалитетотот на нашето надворешно претставување. Се создава лажна слика дека сме во некаква офанзива. Го разубавивме Собранието со бундестаговски куполи, МНР со потопениот барок. Добивме и акрополска „Бела куќа“ како вечно пребивалиште на преродбената влада. И тоа се  архитектонско- политички илузии, односно алгоритми со кои создаваме посакувана слика на сепак свирепата сегашност.

Во дипломатијата илузиите брзо се откриваат. Не секогаш веднаш се и соопштуваат, но се евидентират. Илузиите во дипломатијата не се аргумент туку провиден трик. Брзо се откриваат и санкционираат. Последиците најчесто ги сноси државата а народот за нив последен дознава.










 

]]>
true
<![CDATA[Бранко Героски]]>: <![CDATA[Компромисот се вика концентрациона влада]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1797/Kompromisot-se-vika-koncentraciona-vlada http://www.plusinfo.mk/mislenje/1797/Kompromisot-se-vika-koncentraciona-vlada 2014-10-02 13:15:00

Заслужува внимание предлогот на ВМРО - Народна партија конфликтот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се надмине на тој начин што ќе падне договор три месеци пред денот на изборите, актуелните министри за внатрешни работи, за правда и за финансии и директорите на Управата за безбедност и контраразузнавање и Бирото за јавна безбедност, да се заменат со експерти кои не се членови на политички партии, со мандат до завршување на изборите. Ова го разбирам како искрен обид на Љубчо Георгиевски да се придонесе за надминување на политичката криза. Искрен, но, за жал - прилично бескорисен предлог.


Многу паметни луѓе (еве, да го спомнам колумнистот Бранко Тричковски, на пример) укажуваат на тоа дека Никола Груевски може слободно да се согласи да се формира техничка влада, бидејќи тоа нема ништо битно да промени, ако режимот ја одржи контролата во тие ресори. Таа критика „држи вода“. Не е работата во тоа опозицијата да добие четири или пет министерски места, ако избраните експерти им станат министри само на своите секретарки. Со ваква искомпромитираност на институциите, каква што имаме денес, тешко е да се поверува дека со шестмесечно или тримесечно министерување во овие значајни ресори нешто битно ќе се промени.


Затоа, јас упорно инсистирам СДСМ да опстои на политичката суштина на своите барања, односно на тезата дека се потребни промени на политичкиот амбиент пред да се оди на избори. Ми се чини дека најдобриот начин тоа да се постигне е да се прифати предлогот на д-р Мирјана Малеска да се разговара за формирање концентрациона влада, која би била избрана што поскоро. Мое мислење е дека на чело на таа влада треба да биде Никола Груевски. Една влада со широка политичка основа и со јасна политичка програма за промени, може да ги адресира оние прашања кои пред Македонија ги поставува и меѓународната заедница и кои и ние ги сметаме за клучни. Во таков случај, со изборите не мора и не треба да се брза.


Еден таков проект, кој не би ја оспорил премиерската позиција на Груевски, би бил вистински тест за неговата спремност да соработува со опозицијата и со другите политички сили во земјата, за доброто на Македонија. Тоа, на некој начин, за него би било и појас за спасување, бидејќи на сите ни е јасно дека пред оваа власт стојат сериозни предизвици, на кои тој и ВМРО-ДПМНЕ не им се дораснати.


Да потсетам, нашата земја има респектибилни искуства со таквиот пристап. Во клучните моменти на длабоки политички и безбедносни кризи во Македонија, се прибегнуваше кон концентрирање на политичките сили во владата, односно кон проширување на нејзината политичка основа, како плодотворен начин да се редуцираат конфликтите и да се спроведат неопходните реформи. Врз тој принцип беа создадени првата македонска влада на Никола Кљусев и владата што ги санираше последиците од војната во 2001 година.


Затоа, сосема на крајот, сакам да нагласам дека оваа моја повторена јавна поддршка на стариот предлог на Малеска - поддршка која не е договорена со никого и не одразува ничиј политички став освен мојот! - ја доживувам не само како основа за компромис, туку и како и нејсериозната можност да се намалат конфликтите во македонското општество, кои се пречка за напредокот на наша земја во секој поглед.








 

]]>
true
<![CDATA[М-р Митко Јованов]]>: <![CDATA[Техничка влада за да се врати демократијата]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1796/Tehnichka-vlada-za-da-se-vrati-demokratijata http://www.plusinfo.mk/mislenje/1796/Tehnichka-vlada-za-da-se-vrati-demokratijata 2014-10-01 16:15:00 Власта нема капацитет ниту волја да спроведе регуларни избори. Залудно е да се бара и очекува власта да ги почитува законите што претходно постојано ги кршела, а шансите за договор ги злоупотребувала безобразно и дрско. Како поинаку да го дефинираме однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ, која постигнат договор прогласува за тоалетна хартија. Токму затоа неминовен услов за спроведување регуларни избори е да се формира техничка влада. Во продолжение ќе наведам дел од низата причини што упатуваат на тоа дека само формирањето техничка влада може да гарантира спроведување регуларни избори. 

Да почнеме со законската обврска за спроведување попис на населението, а кој владата не е капацитетна ниту има волја да го реализира. Без регуларен Избирачки список изборите не може да бидат ниту легитимни ниту легални, бидејќи не можеме да бидеме уверени во точноста на бројот на граѓани со право на глас запишани во него без да биде спроведен попис на граѓаните. Законски, пописот требаше да биде спроведен во 2012 година, но тој пропадна. Власта го минира спроведувањето на пописот преку злоупотреба на меѓуетничките односи, односно тогаш имаше објаснувања дека се вршеле злоупотреби дека повеќе Албанци ќе бидат попишани отколку што реално живеат во државата. 

Сепак, попишувањето на граѓаните според етничката припадност не е најважниот дел од пописот, токму затоа ако тоа е ненадминлива пречка, тогаш може графата етничка припадност да се изостави за да може да се утврди колку граѓани живеат во државата, на која возраст се, како и редица други податоци од економската и социјалната сфера, кои се, пак, важни за градење на економските стратегии на државата. Власта остава впечаток дека намерно не го спроведува пописот за да може преку изборен инженеринг да ја фалсификува изборната волја на граѓаните. Ако ВМРО-ДПМНЕ одбива да разговара за формирање техничка влада, тогаш се поставува прашањето, кога владата на ВМРО-ДПМНЕ планира да спроведе попис. 

Причината за избегнувањето на пописот е стравот дека ќе излезат на виделина владините погрешни политики, пред сѐ во економската и социјалната сфера, ќе паднат сите наводно патриотски политики за зајакнување на државата со кои владата манипулира со граѓаните осум години, ќе излезат на виделина и изборните манипулации вршени на изборите претходно. 

Во изминатите осум години голем е бројот на иселени граѓани, бројките зборуваат дека ние сме држава во која голем број граѓани се во странство. За да не биде државата доведена во ситуација сите што се во странство да бидат заведени како иселени при пописот, со што драстично би се намалил бројот на жители, решение може да биде воведување графа-лице на привремен престој во странство или привремено иселено лице, ако веќе таква графа нема, но притоа да се наведе од кога лицето не е во државата. Притоа е важно да се утврди како и каде ќе го користат привремено иселените лица избирачкото право, да не се случува со овие граѓани да се манипулира, да гласаат фиктивно, иако не се во државата на изборниот ден. 

Пописот треба да ги отстрани и манипулациите со починати лица и малолетници. Токму затоа една од првите задачи на техничката влада е да го спроведе пописот. Потребни се измени и законската регулатива во делот на кадровскиот состав на ДИК. Ако ги погледнете биографиите на сегашниот состав на ДИК, ќе видите дека тоа се личности што претходно биле пратеници, министри, државни секретари или извршувале други партиски и политички функции, со исклучок на еден член, кој бил претходно судија. 

Не е доволно членовите на ДИК да се само со завршен правен факултет или, пак, да положиле правосуден испит. ДИК треба да биде составен од професионалци од правната област што уживаат доверба, не само кај партиите, туку и пошироко во општеството, за да бидат гаранција дека правото ќе важи, а не надгласувањето. Тоа подразбира членовите на ДИК да се избираат од редот на угледни судии и професори од правните факултети, кои ќе имаат право да им мирува работното место и по завршувањето на мандатот во ДИК,  да се вратат пак назад на работното место. Можноста партиите да се жалат до Управен суд, не е решение за убивањето на правото од страна на мнозинството во ДИК, со оглед на искуството во последните години кое зборува дека во ДИК важи надгласувањето, а не ПРАВОТО - мнозинството го убива правото. Без разлика што претседателот на ДИК е на предлог на опозицијата, сепак секогаш власта има мнозинство, ако го нема, ќе изнајде инструменти да го обезбеди. 

Потребни се измени на законската регулатива во делот на заострување на казните за кривичните дела за нарушување на изборниот процес, од поткуп, заплашување, злоупотреба на државна позиција како и да не застаруваат најмалку 10 години, за да постои стравување кај сторителите дека може да дојде до смена на власта во следните два до три мандати и некоја дека друга власт може да поднесе кривични пријави. 

Предуслов за фер избори е да се создадат рамноправни услови за водење изборна кампања и преставување на изборните програми. Законски да се намали сумата пари најмалку половина од сега дозволените, која партиите смеат да ја потрошат за време на изборните кампањи, за да се спречи бескрупулозната пропаганда на што сме сведоци во изминатите осум години која ја врши ВМРО-ДПМНЕ. Наместо преку билборди, партиите да се рекламираат само на одредени локации/места што се одредени од градот/општината, со Правилник за рамноправност на презентирање. А парите ќе одат во општините, а не кај приватни фирми како досега. 

Има уште работи што треба да се спроведат за да се создадат услови за регуларни избори, пред сѐ владата да престане да ги корумпира медиумите, односно рамноправност на партиите во пристапот до медиумите итн., итн.

 

(Објавено во „Слободен печат“)

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо.

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Бранко Героски]]>: <![CDATA[Наумовски се сети на Буш]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1795/Naumovski-se-seti-na-Bush http://www.plusinfo.mk/mislenje/1795/Naumovski-se-seti-na-Bush 2014-10-01 15:00:00
Новиот македонски амбасадор во САД, Васко Наумовски, без срам и перде, во македонскиот парламент вети дека ќе обезбеди силна поддршка на САД за приемот на Македонија во НАТО „како од времето на Џорџ Буш“, а од него беше побарано да организира посета на барем еден висок функционер на САД во земјава по подолг период.


Се сеќавате ли што направи оваа влада со поддршката што Македонија ја имаше од Буш? Ја употреби како тоалетна хартија. Инаку, Буш, со кого сите биеја шеги поради неговите гафови од незнаење (една легенда вели дека кога допатувал во Латинска Америка на домаќините им се извинил што не зборува латински), од свои мотиви, пред самитот на НАТО во 2008 година, стана експерт за македонското прашање и за спорот за името. Денес врвните американски политичари поим немаат за Македонија, а не верувам дека би погодиле ако ги прашате кој е главен во тој мал балкански бантустан.


Е, на тој истиот Буш, Македонија во 2008 година му кажа „не“. А беше тоа моментум да се реши спорот за името и да станеме членка на НАТО. Од тогаш до денес, нашата земја ја заобиколуваат сите високи американски функционери. Доаѓаа и до Белград и до Приштина, но никогаш во Скопје. Тоа не е случајно. Од авион се гледа дека оваа влада се обидува да ги редефинира стратешките приоритети на земјата и да ја заврти на Исток.

 

Најзначајните медиумски труби на оваа власт отворено навиваат Македонија да се сврти кон Русија и кон Кина. А тие, како што знаеме, трезни го зборуваат она што властодржците го мислат опиени од моќта.


Наумовски е дел од тоа наше големо и сè уште незавршено свртување кон Исток. Тој не е јабанџија, беше дел од оваа влада. Можеби сега ја сфатил сопствената заблуда, но нема да му биде лесно да ги затопли нашите односи со САД. Особено што неговите шефови, Груевски и Попоски, го дочекуваат новиот американски амбасадор Бејли со протестна нота, да не речам со ритуално кинење на главата на мачката.


Како и да е, јас на дечкото му посакувам успех. За мене успех ќе биде ако Наумовски научи тројца високи државни функционери на САД на мапата на светот да покажат каде е Македонија.

]]>
true
<![CDATA[д-р Ненад Живановски]]>: <![CDATA[За патриотизмот и лојалноста (1)]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1794/Za-patriotizmot-i-lojalnosta-1 http://www.plusinfo.mk/mislenje/1794/Za-patriotizmot-i-lojalnosta-1 2014-10-01 08:15:00

Одговорот на прашањето дали може истовремено да се сака државата и да ѝ се мразат институциите, односно дали може паралелно да се биде и патриот и нелојален граѓанин е клучен за да се разбере што ни се случува сите овие години на релација држава - граѓанин. За наша жал, многу од граѓаните се со токму таков однос кон државата и нејзините институции - многумина ќе кажат дека ја сакаат својата земја, но и голем дел од нив, незадоволни од услугите, секојдневно ќе ги пцујат државните институции како оние од здравството, судството, образованието или оние на чии шалтери непродуктивно чекаат со часови. Не е претерување ако се каже дека во која било државна институција ако отидете за да остварите некое право, две константи секогаш ќе ве следат, а тоа се дека ќе мора долго да чекате и дека ќе мора (скапо) да платите за лошата услуга. Ова е чувството на граѓанинот за државата кое е присутно уште од осамостујавањето и кое, наместо во годините кои следеа постепено да се анулира, а идентификацијата на граѓаните со државата преку нејзините институции да се зајакнува, таквото незадоволството само прогресивно растеше, за да последниве години многу тешко може да се сретне човек (провладините апологети се исклучени) кој ќе каже дека е задоволен од односнот на институциите кон него.

 

Државата сè повеќе се доживува како напаст која само бара да се исполнуваат обврските, да ѝ се биде покорен и казнува за банални работи, додека граѓанинот не чувствува никаков повратен бенефит од неговата сервилност (редовно плаќа даноци и социјално и пензиско осигурување, а како резултат на тоа има скапа и неефикасна државна администрација, неправично судство, лошо здравство). Ваквата нездрава состојба во нашето општество може да води кон создавање чувство (ако веќе и не живееме во таа фаза) на институционална принуденост на лојалност (лојален сум не зашто тоа го сакам, туку за да не бидам репресиран), при што секоја принуда создава револт кој може да премине во спротиставување и отпор, кои, ако преовладеат во општеството, имаат потенцијал да ги делегитимираат институциите, па дури и да ги урнат.

 

Во секој случај, принудената лојалност раѓа чувство дека институциите се туѓи или узурпирани од недемократска власт. Проблемот кој Македонија го има е како да се зајакне доброволната граѓанска лојалност кон државата, односно како декларативниот патриотизам да се ефектуира и во задоволство од работата на институционалните репрезенти на државата. И во својата најширока дефиниција, терминот лојален граѓанин значи граѓанин на некоја земја кој ги почитува нејзините закони и ги исполнува одредените права и обврски, при што граѓаните на различни начини можат да се мотивираат да бидат лојални на земјата и нејзината власт. Во теоријата се издвоени три мотивирачки фактори за лојалност: интересни, идеолошки и емоционални.

 

Политикологот Маурицио Вироли идејата за граѓанска лојалност тесно ја поврзува со концептот на патриотизам, истакнувајќи дека и зад двата поима се крие приврзаност и лојалност кон државата, а граѓаните за да би ја сакале државата и да би ја чувствувале како своја, таа не смее да толерира постоење на привилегирани и дискриминирани граѓани. Уште повеќе, смета Вироли, таа мора да ги поттикнува сите да учествуваат во политичкиот живот, при што широкото политичко учество не е само средство за да се имаат квалитетни закони и да се спречи злоупотреба на политичката власт, туку тоа е и најдобрата едукација за да се добијат добри граѓани. 

 

Кога зборуваме за лојалноста, другиот важен момент е дали таа треба да биде насочена кон власта и одредената идеологија или кон државата во која се живее? Краткиот и логичен одговор би бил, секако, лојалност кон државата, бидејќи власта може да се смени на избори, а државата останува вечно. Иако, доколку власта е демократска, тогаш нема да има проблем ако лојалноста кон власта се поклопува со државата. Но како да се справиме со современиот Луј XIV, кој е на сцената во повеќе европски држави и кој сака во демократијата да владее апсолутистички, по принципот „Државата, тоа сум јас!“? Занимавајќи се со ова прашање, филозофот Хана Арент предупредува дека е тешко да се утврди каде престанува граѓанската лојалност кон идеалот на државата, а каде започнува граѓанската лојалност кон структурите на власта, која (се мисли на власта) граѓаните често ги сведува со статус на објект, со кои може лесно да се манипулира или пак на статус на животни кои можат да се искористуваат или припитомат. За Арент, безусловната лојалност кон власта може да се очекува само од целосно изолиран поединец кој, откако претходно останал без општествена врска, семејство и пријатели, добива чувство дека за него единствено каде има место под сонцето е членство во партијата. На ова се надоврзува и тезата според која само во недемократските политички системи политичките одлуки се носат надвор од дофатот на обичниот човек кој е изложен на манипулација и пропаганда во која му се сервира како објективна вистина дека власта работи во интерес на државата, односно дека партиските интереси и општите интереси се поклопуваат и се компатибилни. Со тоа што обичниот граѓанин несвесно верува дека е лојален на државата и дека со своите постапки е од корист за заедницата, всушност тој е изманипулиран да ги остварува интересите на недемократската власт.

 

Дополнително, отсуството на алтернативни извори за толкување на политичката реалост во државата ѝ овозможуваат на недемократската власт комотна позиција со тоа што поголемиот дел од граѓанството своите ставови кон власта ќе ги искажува само со послушност и беспоговорна потчинетост, доброволно прифаќајќи да бидат поданици на недемократската власт. Таквите поданици се пасивни во јавниот живот на заедницата, политички незрели и зависни, неспособни за критичко размислување и лековерни и како такви се погодни за секаков вид на манипулација, а особено за политичка манипулација.

 

Имајќи предвид дека недемократските традиции се многу постари од демократските, особено во земјите во транзиција, каде спаѓа и Македонија, опстојувањето и влијанието на политиката која се темели на поданичката политичката култура сѐ уште е значително присутно. Во таква ситуација, преовладувачката состојба на политичката свест многумина ја опишуваат како „комбинација на апатија, ослабнување на општествените односи, пасивност, неподготвеност да се преземе одговорност, фрагментација, недостиг на почитување на усвоените правила, свртеност кон краткорочни цели и секаде присутниот грабеж и корупција“ (Клаус Офе).

 

Знаејќи дека корупцијата, во суштина, не е ништо друго туку занемарување на општиот интерес заради лична корист или корист на одредена група, јасно е дека постои директна врска помеѓу порастот на корупцијата и опаѓањето на граѓанските вредности и доблести. Една од тие доблести е и лојалноста кон државата, при што кога вредностите се намалени или девалвирани сосема е разбирливо меѓу граѓанството да се постави прашањето зошто јас би бил совесен и лојален кога политичарите се корумпирани и не покажуваат приврзаност кон земјата која ја раководат.

 

За очекување е совесениот граѓанин да биде лојален на државата и власта сѐ додека тие се во функција на општо прифатените принципи на еднаквост и праведност. Меѓутоа, ако власта ги прекрши овие принципи, совесните граѓани треба да се мобилизираат и да им помогнат на жртвите на неправда. Силен поттик да се покрене граѓанската доблест може да биде и чувството за нужност. Граѓаните во таквиот заеднички ангажман мораат да ги откријат вредностите кои заслужуваат да бидат бранети според принципот ако се штитат правата и слободите на еден човек со тоа се брани слободата и честа на целото општество. Проблемот на таквиот активизам е што секогаш постои разлика помеѓу совесно-лојалните и интересно-лојалните граѓани. Првите, лојалноста кон државата ја доживуваат како лојалност кон демократско-хуманистичките идеали и таквите секогаш се подготвени да се спротивстават на сите аномалии на власта, додека другите, слепо верувајќи ѝ на власта, практикуваат лојалноста да си ја наплатат со привилегии во општеството. На спротивна страна од граѓанската лојалност се наоѓа концептот на граѓанска непослушност, кој означува јавен, ненасилен, илегален и свесен политички чин.

 

Иако, површно гледано, патриотизмот и лојалноста за многумина се едно и исто, со, безмалку, синонимно значење, според филозофот Стефан Нетенсон, тоа е погрешен пристап во разбирањето на термините бидејќи додека секој патриот се претставува и за лојалист, тоа не е случај и во обратна насока дека сите лојални лица се и патриоти. Тој го наведува примерот со платениот војник, кој искажува лојалност кон луѓето или земјата што го плаќаат и тој е мотивиран од чувството на професионализам, додека патриотот најчесто се мотивира од љубов, грижа, идентификација и подготвеност безусловно да застане на страната на татковината. За друг филозоф, Џон Клеин, неуспешната лојалност често резултира со предавство, што е воочливо кога приврзаниците на еден власт ѝ искажуваат лојалност сѐ додека таа има општествена моќ, но штом ја изгуби позицијата веднаш ја напуштаат и преоѓаат во други табори, не ретко и кај најголемиот политички противник.

 

Клеин воочува и друг проблем на лојалноста, а тоа е што нејзиниот носител може да се врзе стриктно за одреден политичар и својата лојалност да му ја искажува само нему, што многу често води до идолопоклонство на популистички лидери. За разлика од овој тип лојалност, другата лојалност е лојалноста кон идеалите, идеологијата, патриотизмот. Кога во едно општество се присутни и двата типа на лојалност, тогаш можеме да зборуваме за конфликт на лојалност, кој настанува кога членовите на заедницата ги губат критериумите за објективна перцепција на политичарите и се фасцинирани од идеалистичката претстава која им се сервира, најчесто, преку необјективните медиуми. Таквите членови освен што се дефицитарни со политичка култура и доблест, тие се и без интегритет, што сето заедно ги прави лесна цел за политичка манипулација и создавање лажна слика во општеството дека мнозинството, преку своите избрани репрезенти, демократски владее со државата. За ваквата состојба, Клеин иронично вели дека кога една организација сака вие правилно да постапите тогаш таа моли за вашиот интегритет, а кога сака да донесете лоша одлука (која е во нејзин интерес), тогаш таа ја бара вашата лојалност.

 

Освен со лојалноста, како што забележува Нетенсон, во недемократските општества или во државите каде елитата се служи со манипулативни политики постои проблем и со патриотизмот бидејќи безусловната лојалност на патриотот може да го доведе во ситуација несвесно да поддржува политика и политичари кои се неморални и нехумани. 

 

Каква треба де биде позиционираноста на македонскиот граѓанин во однос на лојалноста? Согласно изнесеното научно-теоретско објаснување, секој поединечно треба да одговори на следниве прашања: 1. Дали државата и власта се во функција на општо прифатените принципи на еднаквост и праведност? 2. Дали се поттикнува сите да учествуваат во политичкиот живот за да се носат квалитетни закони и да се спречи злоупотреба на политичката власт? 3. Дали политичките одлуки се носат надвор од дофатот на обичниот човек кој е изложен на манипулација и пропаганда во која му се сервира како објективна вистина дека власта работи во интерес на државата, односно дека партиските интереси и општите интереси се поклопуваат и се компатибилни? 4. Дали во Македонија се толерира постоење на привилегирани и дискриминирани граѓани? 5. Дали имаме конфликт на лојалност, при што граѓаните ги немаат критериумите за објективна перцепција на политичарите и се фасцинирани од идеалистичката претстава која им се сервира, најчесто, преку необјективните медиуми? 6. Дали имаме безусловна лојалност од некои граѓани кои несвесно поддржуваат политика и политичари кои се неморални и нехумани? 7. Дали имаме толку голема корупција која го занемарува општиот интерес заради лична корист или корист на одредена група? Искрените одговори кои ќе си ги дадеме самите на себе си ќе го одредат и нашиот однос кон лојалноста.




Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо




 

]]>
true
<![CDATA[Ана Павловска - Данева]]>: <![CDATA[Малиот човек]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1793/Maliot-chovek http://www.plusinfo.mk/mislenje/1793/Maliot-chovek 2014-09-30 16:15:00 Колку ли човек може самиот себеси да се „смали“ во оваа наша држава? Во предавањата по Теорија на управувачките системи, меѓу бројните теории, на студентите им го презентираме и т.н. Питерсов принцип. Одново и одново се потсетувам како гласи: „Во една хиерархија секој вработен претендира да биде унапреден до ниво на сопствената некомпетентност“. Примерите што двајцата автори, Питерс и Хол, ги даваат во своето истражување се однесуваат на луѓе унапредувани во јавниот сектор. На тој начин ги посочуваат аномалиите што администрацијата ја прават неефикасна. 

Се разбира, иако делото е пишувано во 1969 година, во целост е применливо и соодветно за состојбите денес во Македонија. Со една огромна разлика: низ прикажаниот пример во делото на Питерс и Хол се заклучува дека луѓето што доспеале на високи позиции, а за кои не се компетентни, по одредено време стануваат несреќни и покрај сета моќ и привилегии што позицијата/функцијата ги пружа, па размислуваат за нејзино напуштање. 

Стотици, можеби илјадници примери на некомпетентни вршители на јавни функции можеме сите заедно да наброиме во нашава Македонија. Ама, ајде да пробаме да најдеме барем десет примери на самооткажување од добиеното, на повлекување од позицијата што носи лажен углед и привремени привилегии, зашто некој заклучил дека не го бива за таа работа? Ајде да се присетиме на познаници, пријатели, роднини, јавни функционери во Македонија кои доспеале на место за кое се некомпетентни и откако тоа го сфатиле биле навистина несреќни и незадоволни, па се откажале од функцијата/позицијата?

Напротив! Улогата на малиот човек, кој копнее да биде поголем од тоа што е, кој демне шанса да стане голем во очите на другите, станува најпрактикувана улога во државава последниве години. Колку што помалку знае и умее да работи, толку повисоки позиции добива, а неговата несреќа не само што не расте, неа ја снемува, се претвора во гордост и чест. Сетете се само на јавно искажаните зборови на пратеничката, жена што претставуваше десетина илјади граѓани во државава, личност што требаше да биде достоинствен вршител на законодавна власт и контролор на работата на Владата: „Да, ние сме горди послушници на нашиот премиер“?!

Тоа е изјава на мала личност, која грчевито се бори да биде забележана од страна на „големите“. А, „големите“ не се граѓаните на кои им се обраќа од говорницата, туку партиските шефови од чија волја зависи нејзиното искачување по хиерархиската скала. Но, добро, ако е некакво оправдување, функцијата пратеник е исклучиво политичка и во земји со изборен модел како нашиов, речиси исклучиво партиска функција, па оттаму она двојство и дилема: да се работи за граѓаните што избираат, или за партијата што одлучува кој може да биде избран.

Трагедијата е многу поголема кога ваквата дилема, ваквите изјави и ваквиот начин на работа ги сретнуваме кај личности што имаат општествени, јавни, но не и политички функции. Кај личности што поради идеологија, партиска припадност или политичка ориентација не само што заземале  управувачка позиција во тотално непартиска или неполитичка институција, туку според таа своја припадност или ориентација продолжуваат да ја вршат севкупната своја работа. Позиција како на пример директор(ка) на основно училиште! Не мора многу да објаснувам како во Македонија може да се дојде на оваа функција и колкаво е влијанието и значењето на градоначалникот при изборот на директорите. Совршено ми е јасно каква се очекува да биде и поставеноста на директорот во однос на одлуките на градоначалникот. Тие мора да се спроведат. Како што законот мора секој од нас да го почитува независно од тоа колку е добар или лош. 

Но, мора ли својата минорна улога во целиот процес да се минимизира дополнително, мора ли малиот човек кој дошол на „голема“ функција дополнително да си ја смали личноста и интегритетот со сервилност што се граничи со перверзија? Мора ли да се потенцираат сопствената слабост и немоќ до граници на давање јавни изјави кои ќе служат за потсмев во приватни друштва собрани на седенки и сето тоа со цел да се биде поголем од вистинската големина што се поседува?

Конкретно, зборувам за одлуката на општина Аеродром, според која секој понеделник во сите училишта на нејзина територија ќе се крева државното знаме и ќе се изведува државната химна. Најпрво, да потенцирам дека иако потекнува од различна политичка провиниенција од мојата, градоначалникот на Аеродром го сметам за успешен и ефикасен функционер. Политички, мислам дека оваа одлука е нецелисходна и дека ќе има негативен ефект на долг рок, но оставам простор да грешам во својата процена. Она за кое сум сигурна дека е крајно погрешно и штетно е желбата, потребата на една од директорките што е должна да ја спроведе одлуката, да дава изјава за медиуми со која се обидува да ја глорифицира новонастанатата состојба до граници на гротескна претстава. Па така, директорката свечено дотерана и исчешлана како за пред камера, на сите што ги следиме вестите ни соопштува како „дечињата со нетрпение го чекаат доаѓањето на секој следен понеделник“ за да земат учество во чинот на слушање химна и гледање знаме на јарбол! Не сфаќам која е потребата за ваква изјава. Како уште првиот понеделник еден директор може да знае во 7.35 наутро дали децата, кои вреват во заднина построени во редици и не знаат што и зошто им се случува, со нетрпение ќе чекаат секој понеделник да мрзнат во двор и да пеат химна? Како директорката процени дека така „се зацврстува патриотското чувство кај децата и љубовта кон татковината“? Зарем, ако веќе мора да се даде изјава, не може да се соопшти неспорен факт - дека тоа е одлука на Општината, која мора да се почитува и секое училиште доследно ќе ја спроведе? Толку! Без измислици, додавки и разубавување на реалноста и без обиди за искачување погоре кон врвот, кон центарот на моќ, во конкретниов случај олицетворен во функцијата градоначалник. Зошто директор на основно училиште има потреба отворено да поддржува политички одлуки на локалната власт? И, значи ли тоа дека децата во Ѓорче Петров, во Центар, во Карпош и уште во стотина други општини низ Скопје и Македонија помалку ќе ја љубат татковината во споредба со децата од Аеродром, бидејќи во понеделник наутро не слушаат и не пеат државна химна? Дали е ова воопшто тема за директор на основно училиште, личност чија единствена работа треба да е менаџирање на воспитно-образовниот процес во установата? Не! Но, сигурна сум дека е тема за која треба јавно да се говори за да ги провоцира оние „одозгора“ да ги спречат ваквите појави, зашто освен потсмев и револт кај граѓаните (кои не сакаат да се поголеми од тоа што се), не носат ништо добро.


За разлика од нив, јас ја сакам татковината така што утрово ќе одржам предавања на студенти од втора година студии без тронка пристрасност и политизираност во настапот на високообразовна институција во која младите треба да научат како се почитуваат правата сопствени, но и правата на другите, што значи слобода, што значи говор, како се носи закон, како да се ограничи власта од злоупотреби..., без притоа да стоиме мирно пеејќи ја химната. Чиј придонес кон јакнење на патриотизмот е поголем, проценете сами!

 

 

(Објавено во „Слободен печат“)

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо.

 

 

]]>
true
<![CDATA[Мирослав Грчев]]>: <![CDATA[Инвестирајте во авторитарниот режим на Груевски]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1792/Investirajte-vo-avtoritarniot-rezhim-na-Gruevski http://www.plusinfo.mk/mislenje/1792/Investirajte-vo-avtoritarniot-rezhim-na-Gruevski 2014-09-30 16:15:00 Веќе подолго време македонската медиумска сцена наликува на темен ѕид соѕидан од тврдите екскременти на режимската пропаганда, кој ја претставува службената вистина за нашата стварност. Овој ѕид го изгради Министерството на вистината на режимот на ДПМНЕ, претворајќи ги сите медиуми во Македонија во ѕидни весници чии слоеви го облепуваат ѕидот на вистината. 
Претворањето на слободната медиумска сцена во огласна табла на тоталитарниот режим е изведено преку партиско окупирање на државните институции, регулаторни тела и јавниот сервис, преку сопственичко преземање на медиумите, нивно економско корумпирање, затворање на непослушните и создавање страв и автоцензура кај малкуте што сѐ уште сакаат да се чувствуваат како слободни и независни. Средствата за оваа операција на корумпирање и преземање на медиумите се откраднати од даночните пари на граѓаните, така што Владата стана најголемиот огласувач во Републиката, при што предметот на огласувањето стана таа самата. 

За таа противуставна цел режимот противзаконски ограбуваше помеѓу 20 и 50 милиони евра буџетски пари секоја година, или не повеќе од скромни 400 милиони евра за осумте години од македонската Голгота. Тоа беше кражба на столетието, но занемарливо малку во споредба со општествената штета - губитокот на демократијата и слободата, која е непроценливо поголема од вредноста на украдените пари. Како резултат на тоа, до друга вистина од онаа на власта на Груевски, денес е можно да се дојде само ѕиркајќи низ неколкуте пукнатини на режимскиот пропаганден ѕид, низ кои сѐ уште трепери светлината на понекој слободен и непокорен медиум или интернет портал. Но, светлото од пукнатините не може да ја осветли целата библиска Македонија и, за да погледне низ нив, човек најчесто мора да се поткачи на темнокафениот „барокен“ ѕид или барем да се поткрене на прсти.За жал, колку и да се поткренете да ѕирнете низ пукнатината во белиот свет, и таму ќе налетате на соопштенијата на домашното Министерство за вистина, зашто тоа неуморно ја рекламира својата кауза во светските медиуми, се разбира, со парите на народот. Така, во бесконечната серија реклами емитирани на веројатно најголемата глобална телевизиска мрежа Си-Ен-Ен, наречена „Инвестирајте во Македонија“, деновиве може да се види еден питом и разумен раководител од „Џонсон Мети“ како зборува за тоа зошто оваа реномирана меѓународна компанија дошла во Македонија. На сопственото реторичко прашање зошто дошле во земјава, тој добродушно си одговара: „Па, квалитетот на работната сила и даночната ситуација се привлечни за нас, но морам да речам, дека помошта, охрабрувањето и ентузијазмот на македонската влада беше клучно. Така што мојата порака би била: ова е место лесно за бизнис. (...) Многу фала, Македонијо“. 


Се разбира, луѓето се способни да се прилагодат и на животот во концентрационен логор, а да не зборувам за „комфорниот“ фашизам на режимот на Груевски, па просечниот Македонец сигурно нема да почувствува ништо сомнително гледајќи ја оваа реклама по обилниот библиски грав со бел леб и пинџур. Но, ако се подзамисли над значењето на зборовите, секој веднаш ќе разбере дека тука не се рекламира Македонија поради нејзината демократија и стабилност или поради пазарната слобода и неограничените можности на претприемништвото, туку дека бесрамно се рекламира Владата на Македонија, односно првиот министер и неговата хунта. Со парите на граѓаните на Си-ен-ен ширум светот се рекламира владата на ДПМНЕ со клучната порака до компаниите дека коруптивната врска со оваа теоретски непроменлива, авторитарна и клептократска влада ќе им го направи лесен бизнисот во библиската земја. Се разбира, на штета на Македонија и нејзините граѓани. Воопшто не е случајно што корпоративниот војник на „Џонсон Мети“ како клучен фактор за бизнис во нашата земја ја посочува токму владата (читај: врхушката на ДПМНЕ) и неа спонтано и простосрдечно ја поистоветува со државата, зашто она „многу фала, Македонијо“ се однесува на владејачката хунта и на никој друг.Ќе речете сигурно, почитувани читатели, што хистерира професорот околу некоја реклама, кога сиве овие години илјадници такви режимот веќе ни истури врз главите и од јавноста направи медиумска септичка јама чијашто реа сосем ги затру и задуши сите наши сетила?! Но, сепак, рекламата е парадигматична, зашто во неа со обезоружувачки лесен и питок манир, и на толку јавен и беневолентен начин се дефинира фашистичката суштина на авторитарниот корпоративизам на ДПМНЕ. Имено, во рекламата се потенцира врската помеѓу корпорациите и политичката власт како клучна за функционирањето на бизнисот и, се разбира, на државата. Оваа клучна врска се нарекува корпоративизам и се темели на претпоставката за општеството како органско тело (corpus, corpora) во кое се соединети народниот колективитет, државата, политичката и економската моќ. Поради оваа ненародна и недемократска врска помеѓу капиталот и политиката, корпоративизмот е најлошата варијанта на државниот капитализам и теоретски и практично вирее само во апсолутистички, авторитарни и тоталитарни системи. Каков што е нашиов.


И, да заклучам. Само тоталитарна власт која ги укинала слободата, демократијата и плуралноста, е доволно арогантна јавно да го искажува својот перверзен нарцизам и со народни пари да се рекламира самата себеси (и своите корпоративни партнери). Само диктатура со фашистичка идеологија ја обезбедува и јавно ја слави „органската“ спојка помеѓу партијата, државата и корпоративниот капитал. Овој тоталитарен општествен концепт секогаш се реализирал со доследна примена на неговиот изворен клептократски мотив, а тоа е неограниченото богатење на партиско-корпоративистичката врхушка на сметка на сиромашењето на целото население. И додека потпаѓа во сѐ подлабоко економско ропство, населението со свои пари ја плаќа рекламната порака: Инвестирајте во авторитарниот режим на Груевски!    

 

(Објавено во „Слободен печат“)

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо.

 

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Бранко Героски]]>: <![CDATA[Само цврсто и принципиелно!]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1789/Samo-cvrsto-i-principielno http://www.plusinfo.mk/mislenje/1789/Samo-cvrsto-i-principielno 2014-09-30 14:15:00  



Македонија на 8 октомври не може да добие „чиста“ препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Препораката мора да биде цврсто условена со конкретни задачи, чија цел ќе биде итно да се подобри состојбата во земјата, пред сè, на планот на демократијата. Неразумно е да се очекува земја со еднопартиски парламент, со партизирано судство и без слободни медиуми да преговара за членство во ЕУ.

 

Како што веќе е најавено, власта подготвува кампања за оцрнување на опозицијата. Лидерот Зоран Заев ќе биде обвинет дека со инсистирањето да се преговара за техничка влада, ги минира преговорите со премиерот Груевски и со тоа е виновен што нема да добиеме „чиста“ препорака. Од интервјуто на Заев на Алсат-М добив впечаток дека лидерот на СДСМ страхува од тоа обвинување, иако тој вчера смело го повтори своето клучно барање.

 

На сите ни е јасно дека на Заев не му е лесно, зашто ситуацијата е деликатна. Во такви ситуации, најдобро е човек цврсто да се држи до принципите и да биде упорен. Странците ќе му веруваат на Заев дека се бори за доброто за Македонија, а не за својата лична позиција на Бихаќка, само ако и тој цврсто верува во тоа. Обратно, ако власта и пропагандата почувствуваат дека човекот калкулира, Груевски ќе го сомеле, а странците ќе го отпишат.

 

Евробирократите не се наивни. Тие знаат како дојдовме на ова дереџе. На Брисел му е совршено јасно дека во Македонија владее и на коруптивни избори се самообновува еден недемократски режим. Но, ако тука, во Македонија, нема сили остро да му се спротивстават, ЕУ со прстот нема да мрдне и ќе продолжи да го поддржува Груевски. Затоа, кризата е шанса - и за опозицијата и за Македонија.

 

]]>
true
<![CDATA[Самка Ибраимоски]]>: <![CDATA[Буџетот за 2015: Социјален, а успешен!?]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1788/Bugzetot-za-2015-Socijalen-a-uspeshen http://www.plusinfo.mk/mislenje/1788/Bugzetot-za-2015-Socijalen-a-uspeshen 2014-09-29 14:45:00  

Буџетот на РМ за 2015 година слободно можеме да го дефинираме како проточен бојлер за сиромашни. Еве ги аргументите: ако даночната политика се остварува преку политиката на ниските даноци со доминантната филозофија на рамниот данок во неа, тоа значи дека преку даноците на потрошувачката се полни Буџетот. Посиромашните слоеви, малиот доход што го остваруваат, целиот го трошат за набавка на добра и услуги за преживување. Тие трошат, државата собира данок. Приходот од данокот на добивка е незначителен, односно оданочување на крупните сопственици на капитал скоро и да нема. Еве ги бројките: 54,7% од даночните приходи ги остварува ДДВ-то, тоа значи од она што плаќаат граѓаните во супер маркетите и во малите продавнички. На другата страна на Буџетот 45,5% од расходите се наменети за социјалните цели.


Ако оваa ситуација остане со години, како може секоја година да се зборува дека Буџетот е развоен, па развоен. Ако е навистина така, оваа слика за Буџетот одамна ќе беше променета. Како продукт на тој развоен Буџет имаме раст на сиромаштијата. Сиромаштијата во Македонија е се поголема и поголема. Како што се вели: „Еј сиромаштијо, сиромаштијо и Богу си тешка“. Таа станува се потешка и се потешка и на самата држава, но државата не го сфаќа тоа. Државата само кажува дека 1,344 милијарди евра се наменети за социјалните давања, ама не дава никакви податоци за состојбите по тоа прашање. Какви се резултатите од таа политика? Единствена цел на таа политика е човекот да е на број и да гласа, а не да излезе од кругот на сиромаштијата. Тоа е неуспешен обид да се скрие она што народот секој ден го гледа и доживува. Но луѓето гледаат и кажуваат, само што нема кој да ги слушне и разбере, бидејќи тие што треба да ги слушнат и разберат се зафатени со реализирање на ветените многубројни проекти. Се што е ветено мора и да се реализира, порака од највисоко ниво.  


Не само што се шири сиромаштијата во Македонија, загрижувачка е екстремната сиромаштија, или народски кажано, очајната и безизлезната сиромаштија што опфаќа се поголем број граѓани. И не само тоа, сиромаштијата во Македонија е пораспространета и поочајна отколку во другите земји. Тоа е така, бидејќи во РМ нема позначаен раст на економија, а од друга страна неправедната распределба е најизразена во Македонија. Како во ниту една друга земја богатите стануваат се побрзо побогати, а сиромашните се побрзо посиромашни. 



Кога најголемиот дел од Буџетот се троши за социјални цели, и тоа така со години и години, барем нешто да научевме од досегашното „богато“ искуство. Критики на социјалната политика на секој чекор, а како и не би биле, кога имаме отсуство на какви било резултати. Никој не се зафати да објасни зошто социјалната помош во Германија е 40 пати поголема од онаа во Македонија. Ова е крунскиот доказ дека нешто е труло во социјалната сфера во Македонија. Како тогаш ќе ги сопрете луѓето да не бараат засолниште под туѓо небо? Ќе изградите нов Берлински ѕид или веќе го воспоставивте со одземањето пасоши и враќањето од граница?


Ако граѓаните го полнат Буџетот и тоа оние со помали доходи, се поставува прашањето каде се граѓаните во дискусиите околу Буџетот за 2015 година? Ги следам дискусиите во мојата поранешна Комисија за финансирање и буџет и се прашувам зошто сегашните колеги толку многу сакаат да се стават во служба на крупниот капитал и богатите поединци. Зошто не се запрашаат, ако граѓаните го полнат Буџетот, а не крупните сопственици, каде е учеството на граѓаните во дискусиите околу Буџетот? Зар не им пречи тоа што РМ по буџетска транспарентност е последна во Европа? За каква успешна буџетска политика зборуваат, за таа која догодина повторно најголем дел од Буџетот ќе намени за иста цел? Повторувачите се најуспешни во оваа земја, одамна е потврдено. Осум години по ред тоа па тоа. Зошто не се запрашаат какви ефекти се постигнуваат во социјалната сфера, а се троши 45% од Буџетот? Нема ниту јас овде да го отворам тоа прашање се додека тоа не го направат на седница на Комисијата. 


Овој Буџет е признавање за неуспешните политики и тоа во сите претходни години. Државата се бори против сирамаштијата, а сиромашните живеат како да нема држава. Тоа е поради успешната социјална политика, а и буџетската, ако ве праша некој, г. Ставрески. Ама нема, нема кој. 



Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо




 

]]>
true
<![CDATA[Бранко Героски]]>: <![CDATA[Кога ќе се организира парада на гордоста во Скопје?]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1787/Koga-kje-se-organizira-parada-na-gordosta-vo-Skopje http://www.plusinfo.mk/mislenje/1787/Koga-kje-se-organizira-parada-na-gordosta-vo-Skopje 2014-09-29 12:00:00

Ме прашува пријателка на Фејсбук - зарем и ти, Героски, ја поддржуваш геј парадата во Белград? Еве јавно да одговорам: Да, ја поддржувам!

 

Паради на гордоста се одржуваат во многу светски метрополи. Организаторите на овие настани, активисти на ЛГБТИ заедницата, слободно ја манифестираат својата различна сексуална определба и јавно демонстрираат против дискриминацијата. Смелоста јавно и гордо да се покаже сексуалната различност ја подига општествената свест за тоа дека секој човек има природно право на слободна сексуална определба, а човековите права се универзални. Геј парадите ги сензибилизираат прогресивните општествени сили да им се спротивстават на конзервативците, на дискриминацијата и на насилството. Државите во кои се забранети овие манифестации се најмрачните режими на денешницата. Таква е Македонија, на пример.



Од неделата, Србија веќе не е тоа. Геј парадата во Белград беше проследена со жестоки испади на ултрадесничарски и хулигански групи, со масовно присуство на полицијата, со неколку помали инциденти и со многу контроверзни изјави на политичарите. Така е тоа со сите геј паради во конзервативни средини. Она што е важно е што наспроти сите закани, геј парадата се одржа, бидејќи ЛГБТИ активистите беа храбри и упорни, а српските власти обезбедија минимални услови настанот да се одржи без драматични последици. Како што напиша еден мој пријател на Фејсбук, Србија оди чекор по чекор. Вгодина сигурно пак ќе има нервоза, но веројатно и помалку насилство.



Во Македонија нема геј паради. Повремено се одржуваат некакви манифестации на кои заедно учествуваат активистите на ЛГБТИ заедницата и борци за човекови права (сум учествувал и јас на таков настан), но тие се така дизајнирани да не заличат на геј паради. Кај нас ЛГБТИ активистите се во една контрадикторна ситуација – од една страна, тие се на жесток удар на ултрадесничарски групи толерирани од власта, а од друга страна, поддржани се од странски фондации со намера да демонстрираат активизам. Резултатот на тоа се т.н. нископрофилни активности – такви што ќе ја одржуваат каузата во етерот, но нема да предизвикуваат големо внимание, а со тоа и жестока јавна реакција.



Таквиот пристап, според мене, е погрешен. Тој ја истиснува главната нишка на ЛГБТИ активизмот, демонстрацијата на гордоста. Таа, гордоста, не може да се покаже со „воркшоп“ активности, бидејќи тоа е спротивно на нејзината суштина – не е идејата луѓето со различна сексуална определба да се собираат и меѓу себе да си се гордеат, туку да се возгордеат пред сите нас, пред општеството што ги стереотипизира и ги дискриминира. Затоа, очекувам настанот во Белград да биде поттик за нашите активисти и тие конечно да се осмелат да ја организираат првата геј парада во Македонија.

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Мерсел Биљали]]>: <![CDATA[Цел свет ни е виновен]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1786/Cel-svet-ni-e-vinoven http://www.plusinfo.mk/mislenje/1786/Cel-svet-ni-e-vinoven 2014-09-28 20:00:00 Македонија од успешна приказна стана проблематична земја на Балканот, вели Андреас Ернст, долгогодишен известувач од Балканот за швајцарскиот „NCC“. Од први во регионот (дури пред Хрватска), стасавме до последни. Овај режим нè врати 20 години назад. Сега служиме за пример како се распаѓа државата. Цел свет кон иднината, а Груевски запнал да ја зароби антиката, но таа не зароби нас. Сега антикакта го собира дебелиот данок.

 

Изјавата на идниот амбасадор на САД Бејли не е ниту случајна ниту лапсус, туку директен атак врз лажната антика, која служи како алатка за одржување на власт без резултати и за суспендирање на интеграциите. Сега секому е јасно дека проблем не е само името, туку нашироко ќе се расправа и за лажниот идентитет со кој се сакал да се негираат туѓи идентитети. Груевски од еден мал проблем направи три големи проблеми. Сега сфаќаме дека неговите политички потези биле омилено склониште на ѓаволот, оти од неговата политика профитирале само Грците. Ние загубивме сè. Го загубивме Коридорот 8 со сите придружни компоненти во вредност од неколку десетина милјарди евра. Бројни компоненти од тој проект веќе се пренасочени кон соседите, а најмногу кон Грција. Ги загубивме евроатлантските интеграции, со што тонеме во сиромаштијата. Загубивме милјарди евра годишно кои ќе можевме да ги извлечеме од европските фондови. Да не беше Груевски, Македонија ќе беше членка на ЕУ во 2012 година. Просечната плата ќе беше двојна поголема, а невработеноста ќе беше изчезната. Бугарија беше 30 години зад нас, а сега личи на Европа. Но, изгледа лажната среќа ни го одзела умот, а вистинската ќе ни го врати, ама со ептен дебела казна.

Оттука „Скопје 2014“ не чинела само половина милјарди евра, туку дваесетина пати повеќе загубени пари. Башка што со користењето на тие проекти видно ќе зајакнуваше нашата геополитичка позиција. Но, тоа е веќе испарено. Грците не требаше ништо да работат. За нив целосно работела властa на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Веќе ни станува јасно дека „љубовта“ на власта ни станала многу поопасна од „омразата“ на Грците. Но, барем ние откривме еден нов национален спорт – фрлање празни лопати. Со толку лопати власта е на пат сите да не погребува. Оти далеку сме од водачи кои ќе разбереа дека подобро да се засрамиш поради вистината отколку да се воздигнеш со помош на лагите. Само малите луѓе имаат потреба од голема слава. Ние сме далеку од државник на кој срцето ќе му зависи од главата.

 

И сега ги напаѓаме странците, дипломатите. Вмровската надворешна политика има дебело искуство во напаѓањето дипломати и важни западни функционери. Едно време нејзините мегафони, известувачот на европскиот парламент за Македонија, Зоран Талер, го нарекоа „Малер“. Истите му дале толкување на името „Солана“, кое, според нив, во локалниот јазик наводно значел „ѓубре“. Шацимаркакис од Мешовитиот комитет за соработка меѓу ЕУ и Македонија, го идентификувале со петте последни букви од неговото име. Систематски го напаѓале Фуере, Орав. Рикер и кого не?! Цел свет им е виновен. Копи-пејст политика на Милошевиќ, каде што законот и логиката лежат во силата и во лагата. Власта со нашите стратешки партнери комуницира со устата на секакви контејнерски манифести чии работодавач е самата власт.

 

Познатиот американски експерт за Балканот, Едвард Џозеф, со право вели: „Со години во Скопје не сме виделе одговорно водство“. По осум години од денот кога започна мандатот на Груевски како премиер (27 август 2006), неговото портретирање од страна на западниот печат како прогресивен реформатор, стана далеку минато.

 

Весникот „Noje Cirher Cajtung“, објави портрет на Груевски со осврт на состојбата во Македонија и над фотографијата на премиерот стоеше наслов: „Малиот диктатор“. Си-Ен-Ен и  „Фајненшл тајмс“ објавиле дека Македонија е петта во светот по лошата економија, осма по мизерија, а меѓу првите по колективната несреќа. А угледниот “The Economist“ нѝ предвидува висок степен на социјални немири. Изгледа ќе урламе, ама веројатно дека владините медиуми ќе објават дека сме урлале од среќа. Конечно, блиску сме до тоа лошото да ни се врати во облик на сурова правда. Тука веќе не се работи за избор меѓу лошото и доброто, туку меѓу спасувањето и хаосот. Но, раните се длабоки. Цели генерации израснаа со тоа дека лажењето е снаодливост, а крадењето е способност. Блазе му на Иванов. Кај него тече мед и млеко.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Љубомир Фрчкоски]]>: <![CDATA[Популизмот како идеологија и случајот Македонија]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1785/Populizmot-kako-ideologija-i-sluchajot-Makedonija http://www.plusinfo.mk/mislenje/1785/Populizmot-kako-ideologija-i-sluchajot-Makedonija 2014-09-28 18:15:00 Популизмот е тема денес во Европа во различни општества и степени, впрочем како и во блиското минато.Секако, повторно концептот е распнат помеѓу ставовите за него како политичка тактика, реторички инструмент, теорија или идеологија.

Повеќето автори го дефинираат како димензија на политичката акција отколку идеологија или теорија. Поради тоа, прилично неселективно, се означуваат различни политички искуства со овој поим, со што се образложува неговата површност и отсуство на „теорија во него“.

Тоа се покажува како грешка. На неа посочува искуството на современите предизвици на парламентарните демократии во различни делови од светот, посебно Европа. Популизмот останува тоталитарниот дух кој ја следи демократијата и го посочува компромисот помеѓу демократскиот и недемократски дух и граници на народната волја или народниот суверенитет и либералните начела на демократијата.

Нови моменти, докази и елаборации во расправата внесоа искуството на авторитарниот популизам во земјите во транзиција, кој се појавува како најсериозна опасност за руинирање на патот кон демократија на овие земји, но и релативните успеси на десниот и лев популизам во современите европски демократии во контекст на глобализација, демократски дефицит, непосакувана отвореност и имиграција.

Тие искуства потврдуваат дека тезите за популизмот како реторички инструмент и тактика без теорија се невнимателни и слабо засновани. Сè повеке е јасно дека се работи, ако не за теорија или дискурс, тогаш секако за политичка идеологија со свој концепт.

Во односот кон популизмот можете да издвоите и завземете неколку почетни аналитички позиции!

Или го анализирате како феномен на некое историско време, контекст или социјална формација: популизмот во Европа 1930-тите, фашизмот, латино-американскиот популизам, посткомунистичкиот или народно-ослободителниот популизам на деколонизацијата и сл.). Или го анализирате симтоматски, феноменолошки: анализирајќи некои од политичките техники, алатки и односи кои ги воспоставува во политиката: како го формулира поимот „народ“, односот кон елитите, кон статус-квото на институциите на парламентарната демократија, односот кон политичката митологија и историја, начинот на кој формулира лидерство во политиката, односот кон изборите и плурализмот и сл .

И преку двата пристапа можете и така се случувало во повеќето анализи, да дојдете до заклучоци кои сугерираат дека во овој случај не се работи за посебна идеолошка формација или теорија туку за политичка техника-реторика која историски и актуелно се користи   од страна на формациите на целиот политички спектрум: од крајната левица до екстремната десница, преку централниот мејнстрим. Познати се одредувањата дека популизмот е реторички стил без суштина (Тагарт); дека е анти-политичка епизода која ја слави татковината воочи криза (Тагарт, Киршајмер и Кроувел); дека е политичка тактика, стил на комуникација(Џегерс и Велгрејв и сл.).

Jaс ќе сугерирам, на линија на Маргарет Конован, Ернесто Лакло, Шантал Мофе и Франциско Паниза, дека се работи за конзистентна идеологија на популизмот, која може политички да се концептуализира и која има неколку клучни елементи на себесоздавање и неколку клучни реторики на критика кон институциите на парламентарната демократија – кои се константни и издвоиви во сите карактеристични случаи на популизам од сите политички спектри.

За основа на таквиот пристап ќе ја позајмиме дефиницијата на „идеологија“ на Хејвуд: како повеќе или помалку кохерентен збир на идеи кои овозможуваат основа за политичка акција, а кои се насочени или кон одржување или кон промена на владеечките односи на силите во политиката. Таквиот сет на идеи секогаш содржи такви кои се однесуваат на оценка на постојниот поредок, на проекција на нов идеален поредок (замислен и посакуван) и пат како да се стигне до него со промена на постојното.

Во овие рамки популизмот се одредува како идеологија според начинот на кој го конструира поимот „народ“, на кој потоа се потпира во целост и според сопствени сфаќања го „преродува“. Потоа, според начинот на кој го конструира директниот, некорумпиран однос на тој и таков народ со своите нови водачи. Имено, преку нив, се претпоставува дека, директно и непосредувано, се пренесува волјата на народот во политиката избегнувајќи ги секогаш корумпираните класични политички елити (политичката класа) и нивните институции. Трето, според популистичката мантра можно и потребно е директно инјектирање, вбризгување на волјата на суверениот народ во демократскиот процес на носење одлуки, а тоа е можно само преку посебен вид на лидерство „незаразено“ од досега познатите елитистички форми. Лидерство кое постојано одбива да биде дефинирано како „политичко“ (барем во досега познатите облици) и се сместува во митот на „обичен човек“ еден од нас, но  со посебни карактеристики и мисија.

Во таа смисла дел од популистичките искуства не ја оспоруваат демократијата во принцип или како идеја, но ја оспоруваат нејзината досега позната организациска форма – репрезентативната, либерална парламентарна демократија.

Во популистичкиот ум на репрезентативната демократија и е потребна преродба (покајание – искупување), а не замена.

Демократијата е во суштествена криза, според популистите, поради корумпираноста на репрезентативниот процес и неговите актери, елитите, кои веќе не претставуваат никого освен самите себе и тесната олигархија околу нив, а посебно се неодговорни и непослушни кон народот – го фрлиле во заборав суверениот народ!

Од оваа критичка точка тие апелираат до суверениот народ да ја преземе повторно демократијата преку нив (популистичките лидери), да си ја приопшти назад, судирајќи се со елитите и нивната структура на моќ. Оттука дискрапантна карактеристика на популизмот е дека во основа е политички – во смисла на потпирање и стимулирање на антагонизмот и динамиката на судир со постојнити статус кво. Ова важи барем во делот на доаѓање до власта после што настапува една друга динамика, преместување на конфронтацијата (но, за тоа малку подоцна во текстов).

Популизмот е ПОЛИТИКА парекселанс по начинот како ја антагонизира својата програма кон постоечкото статус-кво, но истовремено идеолошки мисли дека е „негација на политиката“ и некаков крај на историјата на либералниот плурализам. И тоа може да не е далеку од вистината ако популизмот победи бидејќи демократијата, каква ја познаваме, ќе влезе под длабока сенка на популистичкиот дух, посебно во делот на компромисот кој го одржува помеѓу демократските и недемократските тенденции и ограничување на мнозинската (народна) волја со владеењето на правото и индивидуалните човекови права.

Концептуализацијата на популизмот од сево ова, би ги опфатила: конструирањето „свој народ“ и апел кон него; анти-институционална реторика и антагонизам (политичко, а не пост-политичко); и реторика на директна демократија, посредувана од посебно лидерство.

Продолжува…

 

]]>
true
<![CDATA[Бранко Тричковски]]>: <![CDATA[Mисијата на ВМРО завршува, следи обнова!]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1784/Misijata-na-VMRO-zavrshuva-sledi-obnova http://www.plusinfo.mk/mislenje/1784/Misijata-na-VMRO-zavrshuva-sledi-obnova 2014-09-28 16:30:00 Стрмоглавувањето на јазикот во валканост и вулгарност може да биде извор на енергија што ќе ја покрене динамиката на креативниот чин, вели Валтер Бенјамин, а јас би рекол дека таа задача попрво може да му припадне на јазикот што има моќ да се издигне над убиствената вообичаеност на денот и над инерцијата на протоколарниот диктат, понекогаш и со стапот на вулгарноста! И, обратно, се разбира, со тоа што освен што баналноста на јазикот знае да ја убие креативноста, сосема е јасно дека и отсуството на креативност е амбиент во кој  се размножува и утврдува баналноста!Дошол, значи, Бан Ки Мун на седница на Генералното собрание и со тежок траор во гласот рекол:- Драги пријатели, ви ја носам најтрагичната вест, нашиот драг колега, Ѓорѓе Иванов, омилен меѓу својот древен и онеправдан народ, како Хорхе, падна сабајлево во Ист Ривер!


- Обџекшн, обџекшн, драг, мој Бан - интервенирал Барак Обама - вие, очигледно, не знаете дека во тоа време покрај Источната река џогирал мојот омилен дипломат Џес Бејли, кој му подал рака и го извадил стариот Македонец од студената вода, така што веста што ја соопштивте воопшто не е најтрагична - рекол американскиот претседател и ги повикал сите присутни со едноминутно молчење да го одбележат лошиот почеток на денот во меѓународната заедница!



Освен според оваа анегдота, американската турнеја на личноста што има папири, но во суштина лажно се претставува како претседател на Македонија и кој кај дел од јавноста на моменти оставаше впечаток на човек кој треба итно да се врати во установата од која избегал, беше забележана според тешкото оро на универзитетот Јејл и, се разбира, според мачната говоранција, со многу плунка врз микрофоните, што во познатиот игнорантски, бесмислен на прв поглед, фазон, ја одржа пред фрапираната Генерална асамблеjа! Да не говориме за неверојатното хахаха откритие дека сите земји можат да ги задржат своите млади луѓе ако направат просперитетни економии каква што Внатрешната македонска револуционерно-терористичка организација, направи во Македонија!Велат дека бавното американско оро на Иванов влечело кон венетските кореографии на првите Македонци (три чекора напред-сто и три назад) и дека низ тој ритам нашиот екстремно почитуван претседател ги растурил во парампарчиња ставовите на својот спасител, новиот американски амбасадор во Скопје, за словенскиот, во суштина, ситен, седумосмински, идентитет на етничките Македонци!


Малку потоа во Обединетите нации, без да трепне, Хорхе го замоли остатокот на светот да ја прифати македонската победа и грчкиот пораз во спорот за името и за евроатлантските интеграции, утврдувајќи дека судирот на цивилизираниот свет со Исламската држава е контекст во кој светот може и мора да ги маргинализира грчките фрустрации под притисокот на македонските аргументи на правото и правдата и под притисокот на безбедносниот вакуум што ќе се создаде ако НАТО и Европа тргнат во војната во Ирак и Левант без Македонија на своја страна! Тоа беа двете основни линии од неговиот говор на Источната река!


Вообичаената македоноцентрична и патетична композиција и интонација на тоа излагање, усогласени, а веројатно и диктирани кај вистинските идеолози на вмровската политика, а не кај Никола Груевски, покажуваат дека основната ориентација на власта до кога може ќе биде и натаму да не му дозволува на светот да ја спаси Македонија и на Македонија да се потспаси малку самата, без оглед на напорите што во тој подвиг ќе ги вложи меѓународната заедница или ќе треба да ги вложи режимот на чипираните идиоти во Скопјанг! Тоа не е аутизам, тоа е безобразност да се истрае во реализацијата на својата мисија не и покрај апсурдноста туку поради неа, користејќи  ја неспособноста на домашната и на светска јавност да сфатат дека власта ќе ја тера таа политика сѐ додека не ја максимализира штетата односно не додека не ја спаси Македонија туку додека не се увери дека ѝ нема спас!


Одбиена е, значи, иницијативата на Меркел за неодложен компромис со Грција, одбиена е Нуланд со американските сугестии, одбиен е Брисел, одбиени се сите што за спорот за името и идентитетот мислеа дека е спор, а не јастук што врз главата на нацијата го стиска вемерето! Ја дискредитираа, во меѓувреме, феноменалната теорија на заговорот и сега сите што доаѓаат до единствениот разумен одговор за драмата на Македонија, молчат од страв и срам да не ги прогласат за луди и глупи! Но, целиот тој конструкт, сепак, почнува да се клати!


Го забележувате ли, почитувани читатели, системот во македонското и не само во македонското, распаѓање! Таа систематичност што се обликува на ретровизорот во кој се гледаат уште идејните основи на југословенскиот распад  со контурите на воените, политичките, финансиските, кадровските и сите други бомби што ќе ги разорат постјугословенските општества, значи, не само новосоздадените бантустани, туку општествата, до нивото на умоболни структури што на моменти предизвикуваат жалење, а веднаш потоа го будат нагонот за повраќање! Значи не распаѓањето како неразумност туку како плод на некаков страшен разум за кој се сомневам дека ние на Балканот имаме доволно неурони за да го обликуваме, но имаме доволно злоба за да го операционализираме. Значи, ја забележувате ли таа темелна демонтажа, како кога се урива стариот оџак на некоја фабрика!


Во еден таков контекст, ВМРО можеше да смета на светскиот сервис на меѓународната заедница затоа што сите се надеваа дека тој ќе ги разглоби последните економски, политички, безбедносни и ментални пунктови на комунистичките остатоци, ќе ја динамизира општествената, политичката, социјалната и културната  сцена, меѓу другото со апашанатското издигнување на новата елита, дека ќе го десубјективизира општеството на линијата на сличните интенции на западниот фактор кон другите западнобалкански држави и на тој начин ќе го намали неговиот отпор кон обликувањето на новите геополитички слики!  И сѐ одеше добро додека евалуацијата се вршеше врз основа на демонтажата, но сондажите за можната контрола на теренот и на состојбите врз основа на новите содржини му даваат на Груевски категорично негативна оценка и во таа смисла сосема се јасни сигналите за свртување на расположението кон власта во Македонија! Луѓето почнаа да сфаќаат дека идејата за темелното преобликување на државата, комитите ја префoрмулираа во идеја за растурање на Македонија (Волерс) што во сегашните геополитички консидерации особено, е неприфатливо и, дури, опасно за Западната алијанса!


Така што може да се каже дека македонската ситуација во наредниот период ќе ја обликуваат или би можеле да ја обликуваат, следниве елементи:

1. Растечката свест дека историската мисија на ВМРО е исцрпена пред да биде завршена! Внатрешен израз на таа свест ќе бидат штрајковите и другите видови  отпор и отворена борба и, што е многу важно, исмејувањето на режимот и на неговите ведети!

2. Скромните остатоци од Македонија даваат основа луѓето да се надеваат дека тука може да се обнови царството на пристојноста, на скромноста, на модерноста, на европскоста!

3. Чувството на одговорност за катастрофата, ќе ја ангажира меѓународната заедница во обновата над вообичаеното ниво!

4. Опозицијата не смее да ја игра улогата на „ред бул“ за екипата на Груевски и да ѝ дава крила со идеите за преговори и со банализацијата на конфликтот со темите за техничката влада и праведните избори, туку да ја дефинира како злосторничко чудовиште кое ќе одговара материјално, морално и кривично и по таа линија да се труди да обезбеди мобилизација и културна клима за обнова на Македонија!

5. Без тоа, а можеби и со тоа, ќе биде неопходна нова конфигурација на политичките алтернативи!

6. Декомунизираната и девмровизирана Македонија може таа обнова да ја изврши, меѓу другото, врз базата на демитологизацијата на темите за името и идентитетот и врз основата на свесната волја дека ќе се реконституира како модерен национален и општествен субјект!

7. Во врска со политичкото концептуализирање на овие заложби веројатно ќе биде потребно уставотворно собрание кое ќе ги удри конститутивните основи на Македонија во векот пред нас во сите сфери, со особен акцент на меѓуетничката област!

(Објавено во „Слободен печат“)

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо.

 

]]>
true
<![CDATA[Бранко Героски]]>: <![CDATA[Прво промени, после избори!]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1783/Prvo-promeni-posle-izbori http://www.plusinfo.mk/mislenje/1783/Prvo-promeni-posle-izbori 2014-09-28 11:30:00



Сè уште ги немам прочитано „од прва рака" резултатите од последната анкета на ИРИ. Ги видов само радосните вести што ги обзнанија курирските медиуми, според кои Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ неколкукратно водат пред Зоран Заев и СДСМ. И веднаш да кажам, верувам дека тие информации се точни и тврдам дека анкетата на ИРИ никако не смее да се потцени.

Таа анкета го покажува она што сите ние го знаеме, но многумина од нас, од разни причини, не сакаат да го признаат - Груевски ќе го победи СДСМ на следните и на сите наредни фалсификувани избори, со уште пострашен резултат одошто  на последните! Со ваква злоупотреба на јавните фондови за партсики кампањи, со ваква жестока изборна корупција и контрола врз медиумите, со вакви притисоци, во ваков недемократски политички амбиент и со олкава политичка и финансиска поддршка од странскиот фактор, никој не може да го победи режимот на Груевски на избори. Никој!

Што предлагам јас? Просто, барам опозицијата да не се ни обидува да бие изгубена битка. Да не наседнува на преговори за технички прашања поврзани со изборниот процес, како што наседна во очи на последните катастрофални избори. Да преговара и да се бори за крупни и конкретни чекори, кои ќе обезбедат изборите да ги организира кредибилен субјект, најстрого да се забранат сите директни и суптилни облици на поткуп на избирачите, а опозицијата да добие целосно рамноправен пристап во медиумите. Накусо, предлагам да не се излегува веќе на било какви избори без претходно да се спроведе темелна промена на политичкиот амбиент.

Клучната дилема меѓу опозиционерите е што да се прави ако Груевски тоа не го прифати. Ете, тука се разликуваме. Има луѓе кои велат дека треба да се зграби она што е можно, да се подлегне под притисокот на странците, да се оди на избори и да се биде вечна "конструктивна" опозиција. Тоа е логиката "узми све што ти живот пружа, данас си цвет, сутра увела ружа". Тоа е пристапот на малодушните кариеристи и на луѓето на кои им е поважно како лично ќе се позиционираат во партијата и во опозициската околина, од тоа дали ќе успееме да направиме нешто добро за Македонија.

Јас со индигнација го отфрлам тој пристап. Барам опозицијата да биде одлучна и да не го легитимира режимот на Груевски, учествувајќи на неговите фалсификувани избори и потоа во неговите искомпромитирани институции. Што ќе се постигне со бојкотот? До кога ќе трае режимот? Не знам. Знам само дека со таква одлучност сигурно ќе се постигне повеќе одошто со прифаќање на улогата на спаринг-партнер на Груевски во наместени мечеви. Знам дека со одбивање да се партиципира и да се легитимира режимот, конфликтот ќе се изостри, манипулациите ќе станат видливи, а шансата народот да се освести - поголема.

Не сум политичар, но доволно долго сум во непосредна близина на политичарите за да ги разберам нивните мотиви, но и мотивите на нивните апологети. Тие луѓе се се обидуваат да живеат од својот занает, а некои од нив друг и немаат. Пратеничка или советничка плата за нив значи многу. Но, нека ми простат, за мене, да се биде политичар не смее да биде цел сама за себе. За мене политиката има смисла само ако се трудиме да ги менуваме околностите на нашата живеачка. Без таква посветеност на луѓето во политиката, јас не гледам зошто би поддржувал било чија амбиција да дојде на власт. Вие гледате?

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо 

]]>
true
<![CDATA[Петрит Сарачини]]>: <![CDATA[Немој, не ме радуј]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1782/Nemoj-ne-me-raduj http://www.plusinfo.mk/mislenje/1782/Nemoj-ne-me-raduj 2014-09-26 16:00:00 И оваа недела, почитувани, нашите мајстори за хумор и веселба не мируваат. Запнале да нѐ смеат и радуваат, дење-ноќе работат и око не склопуваат, и со ниет од тага и здодевност да нѐ оттргнат, разни марифети смислуваат. 

Еве, на пример, претседателот Иванов во неговото обраќање на еден од најпрестижните универзитети на светот Јејл, со радост изјави дека денес Македонија има најбрзорастечка економија од целиот наш регион, дека се отвораат нови работни места за младите, дека нашиот економски успех придонесува младите да останат во земјава. Претседателот весел и радосен, а не можете ни да замислите каква смеа и радост ме обзема мене, кога ги слушнав овие зборови.

Ама, право да ви кажам, некако бргу ми преседна смеењето. Ми текна, а богами и ми падна жал за оние 200-300 илјади млади луѓе (а можеби и повеќе) што не му веруваа на веселиот и радосен претседател и неговите другари, па во последниве неколку години ја напуштија земјава и си го побараа к’сметот и лебот по белион свет. Море, зошто да ги жалам?! Какви будали! Не ли знаеја дека Америка е во криза, дека Европа пропаѓа, дека во Шведска пингвините и Ескимите организираат референдум за отцепување, а дека белион свет не е таму некаде, туку тука, кај претпоставените на Хорхе, во фиоката со членски книшки и договори на определено време на Биг Казн Компани - друштво со неограничена неодговорност? Е па сега, нека пукнат од мака. Иако, ако продолжи Македонија со ваков напредок, постои реален ризик и ние да пукнеме. Од убост, смеа и радост. Оти, како што рекол нашиот мудар и напупен народец, и многу смеење, а богами и многу арно, не е на арно.   

Но, како да не се смееш кога ќе видиш како владејачката ДУИ реагира остро на острата реакција на нејзината влада кон изјавата на новиот американски амбасадор во Македонија? Аферим, ќе речам, конечно, по летната летаргија, (кон)сензуалните партнери во владата престанаа да го тапат и мазнат, и почнаа да го острат. И курсот, и дискурсот. Секако, секој во оваа весела математика си има свој љубовен есап и тертип: на едниот му се шири - тендерникот, на другиот му се дига – рејтингот, се разбира. 

Сепак, тоа не е причина да тагувате, или да се плашите дека ДУИ ќе ги реализира ветувањата и најавите од секој септември, декември, март и јуни во последниве неколку години, дека ќе го напушти љубениот (т.е власта и ВМРО) ако не се зачлениме во НАТО, и не почнеме преговори за членство со ЕУ. Напротив. Можеме само да накривиме капа, да се радуваме и веселиме. Па, нели секој ден слушаме жалопојки за поплавата од турски, индиски и од шпански серии што го оглупавуваат народот, нели се жалиме дека нема филмови и серии од домашно производство? Оваа трагикомична серија, автентично наша, која повеќе од 8 години ги урива сите рекорди на гледаност и доверба кај граѓаните, гледачите а богами и гласачите, е доказ дека тоа не е така. Дури и султанот Сулејман да го ставите денес на репертоарот на нашите ептен фер и демократски избори, покрај вакви легенди како Грујо и Али, нема да има никакви шанси. 

За крај, кога сме веќе кај филмовите, збор-два за недовршениот блокбастер со работен наслов „Шпион“. Од новосадска апелација стигна абер дека новинарот кому креативниот полициски кум (оној, де, што ги смислува сите оние весели имиња на полициски акции) му го беше дал кодното име Луди Милојко, е пуштен да се брани  од слобода. Судот решил да не го екстрадира во Македонија, бидејќи се сомнева дека станува збор за политички прогон. Што да правиш, правдата и споменикот на Ќосето не зрачат доволно силно, а фамозната долга рака изгледа не е доволно долга за да досегне до Војводина. Ех, гледате ли колку лесно може некој да ни го расипе веселото расположение и да ни го скрши филмот? Е така е тоа кога се влегува во копродукции, може да ви го начукаат, до балчак што би се рекло. 

Но, и за оваа мака има лек. Доволно е да го погледате најновото видео на оригиналниот Луди Милојко, кој во маестрален слалом минува лесно помеѓу багерите, гипс-картонот, стиропорот и другите благородни антички градежни материјали, итајќи во речиси реновираната и реформираната ЦК по свое мислење. Ден потоа, Милојко се пофали јавно дека си купил нови кондури. Тек со нив има да падне супер-џи, а богами и спуст на релација Ленинова-Илинденска. А кога ќе се пофали дека конечно купил нови гаќи, да знаете дека ден претходно, кој и да го пречекал на Илинденска, го пречекал со зборовите на легендарниот тетовски љубовџија – „немој, не ме радуј“.



 

(Објавено во „Слободен печат“)

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо.

 

]]>
true
<![CDATA[Биљана Илиќ]]>: <![CDATA[Боцевски, слепилото на власта раѓа „слепи“ проекти!]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1781/Bocevski-slepiloto-na-vlasta-ragja-slepi-proekti http://www.plusinfo.mk/mislenje/1781/Bocevski-slepiloto-na-vlasta-ragja-slepi-proekti 2014-09-26 14:45:00


Освен што неповратно им е ускратена светлината на денот, слепите лица во Македонија се безизлезно втурнати во мракот на незнаењето, бидејќи општеството не издвојува пари за нивен напредок и усовршување, покажувајќи со тоа дека ги отфрла како интелектуално рамноправни (во најмала рака) индивидуи. Доказ за тоа е немањето доволно соодветни учебници за слепите, ниту соодветна наставна програма, туку овие деца учат од скрипти, кои професорите им ги диктираат.


Во светот, во моментов, најдобра и најнапредна технологија за читање книги за слепи лица е обезбедување паралелно аудио и текстуално следење на книгата преку таканаречен дејзи формат. Што значи тоа? Преку овој формат се овозможува следење и на текстот и на аудио записот на книгата истовремено. Читачот на екран ја претвора содржината од екранот во соодветен код и му испраќа на говорниот синтетизатор порака да го изговори текстот, а на Браевиот дисплеј да го покаже како Браево писмо. Последниов чини повеќе од 2.000 евра и во Македонија го има само едно лице што приватно си го набавило, како и Сојузот на слепи, кој го добил како донација.


Аудио снимките се добра, но половична работа, бидејќи далеку подобро е кога ќе се обезбеди и текстот барем во txt формат, за да му биде поблизок на слепото лице. Најдобро би било кога за секоја книга би се обезбедил паралелно и pdf формат, преку кој слепиот корисник би имал увид и во форматирањето на текстот, многу потребно за најразлични напредни нивоа на учење, работа и интересирања. Во Македонија пред неколку години е почнат проект за синтетизација на говор на македонски, но за жал, сè уште не е завршен. Вакви бесплатни синтетизатори постојат на триесеттина јазици, а комерцијалните чинат околу 350 евра, што и не е најприфатливо за сечиј џеб.


И така некако, доаѓаме до фамозното соопштение на Министерството за труд, во кое беше истакнато дека бил „инициран“ проект за снимање 40 аудио-наслови за слепи и слабовидни лица, бидејќи „читањето книги, освен што може да се прави преку сетилата за вид, може да се прави и со сетилата за слух“. Легитимно прашање е како не му е срам на министерот да се фали со аудио-снимки на македонски и светски приказни, кои можат да се следат преку телевизија, како и радио драми, кои се преснимени од Радио Скопје (значи, не се новоснимени) и се минусираат во вкупниот труд? Камо ги Аристотел, Ниче, Достоевски и Толстој? Камо го Орхан Памук, камо го Славко Јаневски? Камо учебници? Ќе се фалиме со стари радио драми, додека во светот секојдневно се публикуваат разни наслови, кои вреди да се прочитаат?



Понатаму, велат од Министерството, слепите ќе имаат можност да ги користат овие книги ако се зачленат во Одделението за слепи и слабовидни при НУБ „Св. Климент Охридски“. Ова е само уште една дискриминација за овие лица. Зошто некој мора да биде зачленет токму во тој оддел, а не и да членува во Библиотеката воопшто, за да има пристап до аудио насловите?


Цифрата од 40 наслови, со која се пофали Министерството, е смешна, со оглед на фактот што Сојузот на слепи на Македонија, многу одамна, додуша, годишно снимал најмалку 50 наслови. Бидејќи ситуацијата во земјава со фондот со книги за слепи е очајна, нашите сограѓани, во потрага по нови наслови и знаења, се обраќаат до библиотеките во Белград, Нови Сад, Загреб и Подгорица, каде за 5 до 8 евра годишно се во тек со најновите светски публикации. Некои луѓе, пак, беа принудени да ја напуштат земјава и квалитетната иднина и образование на своите деца со оштетен вид да ги побараат во развиените западни земји.



Ете до каде, доведува незнаењето и слепилото на власта, која мислејќи дека прави нешто добро, всушност, не сфаќа колку многу му греши на својот народ. Заслепена од залудните проекти, кои буквално никому не му користат, а при тоа фалејќи се со нив, власта си прави само лош маркетинг и покажува во колкаво непознавање на нештата е заглибена и колку нема сенс за потребите на одредени категории граѓани.



При тоа, нејзиното слепило сака да го пренесе и на сите други, убедувајќи ги дека, всушност, прави сè за да прогледаат. Еден од убедените е професорот Ивица Боцевски, кој работи како Social Sciences Teacher, (како и да се преведува тоа), кој го нарече авторот на текстот и уредникот на Плусинфо „гад и нечовек“. Со него немам што да дебатирам. Само ќе го прашам, дали воопшто имал можност и со кои учебници им предавал на неговите слепи ученици? И колку книги, онака волонтерски и другарски, им снимил на аудио лента?



Сметам дека само тогаш, со личен пример, ќе може да зборува за почитување на нечии права и дека тогаш подобро ќе ја разбере иронијата во насловот на Плусинфо. Дотогаш, ако како професор нема попаметна работа, нека си го губи времето на Фејсбук, изигрувајќи голем уредник и вежбајќи наслови. Еве, му предлагам тема за следната ФБ-дебата: Што јас, како професор, направив и иницирав за подобро образование и инклузија на слепите ученици во Македонија?

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо




 

]]>
true
<![CDATA[Бранко Героски]]>: <![CDATA[Министре, моето дете нема да се вознемирува поради вашите безобразлуци, јасно?!]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1780/Ministre-moeto-dete-nema-da-se-voznemiruva-poradi-vashite-bezobrazluci-jasno http://www.plusinfo.mk/mislenje/1780/Ministre-moeto-dete-nema-da-se-voznemiruva-poradi-vashite-bezobrazluci-jasno 2014-09-26 12:30:00


Толку ли е слаба оваа власт, толку ли е фрагилна нејзината приказна за невидените успеси на сите полиња и за младите кои остануваат во Македонија затоа што го имаат најдоброто образование на светот и многу понуда за работа? Толку ли се плаши оваа власт од еден штрајк на наставниците, што сепак го организира нејзиниот социјален партнер, синдикатот, а не некои опасни вонземјани?


Чувствувајќи се немоќни да ја постигнат својата цел да го спречат штрајкот закажан за в понеделник, со притисоци и со груби закани врз синдикалците и врз наставниците, откако не помогна ни скандалозното озаконување на штрајкбрехерството, властодржците изгубија контрола врз сопствените нерви и почнаа да им се закануваат и на родителите на учениците. Провладините медиуми пренесуваат директни закани дека секој родител што в понеделник нема да го пушти своето дете на училиште, се соочува со казна од 1.000 до 2.000 евра. Нечуено!

 

Сакам без заобиколување, јавно да му кажам на министерот за образование Абдулаќим Адеми дека ако в понеделник штрајкот се одржи, јас, како одговорен родител, немам намера да го пуштам своето дете на училиште. Не сакам, а и немам право да дозволам детето да биде сведок на конфликтна ситуација, на можни кавги и непријатни сцени. Децата на таа возраст и емотивно се врзуваат за своите учителки и јас не сакам да ризикувам моето дете да се вознемири, ако случајно биде принудено да помине еден ден со некаква „резервна“ учителка.

 


Со еден збор, почитуван министре, јас не дозволувам мојата седумгодишна ќерка да се вознемирува поради вашата неспособност да водите социјален дијалог со синдикатот и поради вашите безобразлуци. Моето дете за тоа не е виновно. И – точка! Заканата ја отфрлам со индигнација. А ако сте толку мераклија за тужење родители, повелете, тужете ги родителите на средношколците од средното хемиско училиште „Марија Склодовска Кири“, кои со денови ја бојкотираа наставата. Нив да ги тужите, министре, ако ви стиска!

 

Моја обврска, како родител, е да ги поддржам барањата на наставниците, зашто од нивниот социјален статус, во крајна линија, зависи квалитетот на она што моето дете го добива на училиште. Ние и наставниците мора да бидеме на иста страна, на страна на нашите деца и на нивната иднина. За да не ги изгубиме еден ден некаде по белиот свет...

 


И ако тоа треба да ме чини 1.000 евра, почитуван министре Адеми, повелете веднаш доставете ми податоци на која адреса да ви ги уплатам парите!

 

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Ѓорѓи Мисајловски]]>: <![CDATA[Дипломатска нота]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1779/Diplomatska-nota http://www.plusinfo.mk/mislenje/1779/Diplomatska-nota 2014-09-25 22:30:00 На почетокот на младата безнадежна македонска дипломатија писмата упатувани (а креирани во МНР) од страна на нашите официјални лица имаа почетна и завршна форма на дипломатска нота. Тоа тогаш се толкуваше како израз на големо почитување. Помина речиси четврт век, а нашите дипломати не ја идентификуваа градацијата на дипломатските ноти како најчесто користени форми на дипломатско комуницирање. Во МНР функционира т.н. дипломатска академија. Се едуцираат нашите дипломати во вечерните дипломатски школи, но џабе. Времето на вечерните школи одамна заврши. Дипломатијата ни е неука и тоа  редовно го покажува.

 

Да одиме со факти. Реакцијата на излагањето на новиот американски амбасадор во РМ, Џ. Л. Бејли, односно „неговото“ ословување на припадниците на македонското мнозинство како „Словени“. Тоа го искажа пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, при неговото реферирање на 17 септември. Реакцијата на медиумите, секогаш подготвени за афера, и традиционално неподготвеното МНР беше пропорционално аматерска и непрофесионална. Се разбира дека реакцијата на познатото елитно дувло на македонизмот во ликот на „Македонски манифест“ беше  најнедвосмислено: „Но пасаран“ за дипломатскиот волк, мистер амбасадор Бејли. Ах, да е тука Ќосето.

 

Медиумите известија дека се работи за протестна нота („Утрински весник“ и „Слободен печат“), односно дека реакцијата била во форма на вербална нота („Дневник“ и „Нова Македонија“). Заменикот на шефот на Мисијата на САД во Скопје (официјална функција на вториот човек во Американската амбасада) го прими неуката заменичка во МНР. Каков дуел. Нерамноправен. Изостана спектаклот, дуелот Волерс-Попоски.

 

Се потсетив кога како млад дипломат кон крајот на 70-тите години во Софија во МНР на Бугарија со тогашниот Вршител на работите во амбасадата на СФРЈ ја предававме протестната нота на ССИП до МНР на Бугарија по повод тврдењата на д-р Цола Драгојчева во своите мемоари дека не постои македонска нација. Нѐ примија стоечки  и едноставно рекоа дека со содржината ќе биде запознаено нивното државно раководство. И толку. Церемонијата траеше 30 секунди. Формално, нашата тогашна дипломатија работата ја заврши. Резултати никакви. Бугарската позиција и ден-денес не е променета. Тие (Бугарија) ја признаа РМ под уставното име единствено како втора држава на бугарскиот народ, кој зборува „расипан“ блгарски јазик.

 

Можам да сфатам со каков сарказам американскиот дипломат ја примил вербалната или, пак, протестната нота. Реакцијата на сѐ уште акредитираниот амбасадор на САД, Пол Волерс, е дека се работи за погрешна интерпретација од наша страна, зборува за суштината и за целта на изјавата. Истовремено, таа е рефлексија и на сегашниот наш рејтинг на меѓународен план. Ништо во американскиот став спрема РМ не се менува. Нашиот прв министер за надворешни го тврди спротивното. Демек, САД го менуваат курсот кон македонските власти. Ме потсети на неговата легендарна жалопојка до тогашниот претседател К. Глигоров дека „западните дипломати постојано го менуваат своето мислење“, што беше и повод за оставката.

 

Американската дипломатија не менува стратегија спрема држава или регион во зависност од локалните власти. Спротивно - менува власти за да спроведе стратешка цел. Впрочем, оваа власт не им пречи на САД  за спроведување на својот глобален интерес, пред се во регионот.Тука се поставува и прашањето за улогата на нашите амбасадори во Вашингтон, кои се девалвирани уште од времето на амбасадорување на цвеќарката од Цапари. Такви и ден-денес имаме еден куп на престижни места на нашето дипломатско претставување. Од нашиот експерт за СТО (Светска трговска организација) до неодамна амбасадор во Вашингтон, а сега министер воен, очекувавме (со оглед на долгогодишното амбасадорување во САД) да остварил поблиски контакти со надобудните американски сенатори, кои не се потресоа многу со изјавата на амбасадорот Бејли.

 

Нашата, не е важно дали е протестна (поостра форма) или вербална (средина меѓу протестна и аид мемоире) нота - предадена или изрецитирана од случајно затекнатата заменичка министерка за надворешни работи - го има истиот ефект: промашена работа. Мора да следи елаборирање. Нотите како и резолуциите на ги решаваат проблемите. Ако се предава протестна нота, тогаш треба да се забележи нивото на актерите што одговара на нивото на проблемот за кој се протестира. Реакцијата беше непотребна и избрзана. Не дека требаше да изостане. Имаше подобри прилики за соодветна реакција и за дипломатска форма. Амбасадорот Бејли има веќе букиран билет за да слета на „Александар Велики“. 

 

Вака, реакцијата е мотивирана од внатрешнополитички причини. Добро и дојде и на ДУИ. Го подобри својот тендерски рејтинг. Утнаа и познатите бранители на македонизмот, меѓу кои и познатата габаритна манекенка за рекламирање шампон за коса и легендарниот амазонски папагал за кого неговиот дипломатски братучед тврди дека имал „и научно и надворешнополитичко искуство“. Не Заратустра, така размислуваат двајцата најцитирани експерти за теоријата на заговор на Западната Алијанса.

 

Овде сега се поставува логично прашање: какво ниво амбасадори испраќаат во РМ и какви амбасадори ние испраќаме надвор. Ние никакви, а странците какви што заслужуваме, независно од стратешките цели. Една од највлијателните држави веќе неколку мандати во РМ испраќа амбасадорки што не се вистински репрезент на нивниот интерес. Би било корисно нашите внимателно да ја прочитаат кариерата на новиот американски амбасадор. Посебно позицијата на неговата последна функција во Анкара. Тие што знаат, погодуваат што мислам. Кои не знаат, пред време го прогласуваат персона нон грата.

 

Ако би суделе според презентирањето на нашите амбасадори пред Комисијата за надворешни работи во нашиот прославен Парламент, тогаш никој од нив не би добил агреман во државата во која ги упатуваат. Но, добродушните домаќини ги примаат. Од нив немаат полза, но немаат ни голем  зијан. Нашите амбасадорувањето го сфаќаат како награда за вложениот партиски труд. Акредитацијата за амбасадор ја доживуваат не како професионална функција, туку како властелинска титула. Бај д веј, да ве прашам внимателни читатели, дали сте забележале дека веќе долго време имаме и амбасадор во Шпанија. Каде е човекот?

 

(Објавено во „Слободен печат“)

]]>
true
<![CDATA[Драган Милосављевиќ]]>: <![CDATA[Сирија нема каде да бега]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1777/Sirija-nema-kade-da-bega http://www.plusinfo.mk/mislenje/1777/Sirija-nema-kade-da-bega 2014-09-25 22:15:00 Привидното примирје во Украина, чија првенствена цел е да ја прикрие внимателната подготовка за неминовно продолжение на агонијата во која ни крив ни должен е втурнат украинскиот народ од двете страни на замислената воена линија, овозможува светот набрзина да го сврти своето внимание кон, во суштина, најголемата трагедија во досегашниот тек на дваесет и првото столетие. На војната во Сирија, се разбира. Пред некој ден оваа неверојатно брутална, уништувачка војна, која ја претвори Сирија од пристојна блискоисточна држава во една од најцрните и најтажни приказни на нашето време, и формално влезе во нова, американска фаза. Згрозени и истовремено исплашени од неверојатните мутации на некогаш надежните опозициски борци во сирискиот конфликт, американските политички челници одлучија дека е подобро тие први да нападнат отколку да чекаат „Исламската држава“ да ги нападне нив. Овој начин на решавање на проблемите наоколу, нема збор, досега им одеше од рака на господата што ги застапуваат интересите на американскиот народ, но мора да се напомене дека нивните успеси главно се остваруваа во борба со конвенционални армии на држави со неспоредливо помали капацитети од американските.

 
Тоа овој пат не е случај. Како прво „Исламска држава“ воопшто не е држава според традиционалното значење на овој збор и како второ нејзината армија во малку нешта, или речиси воопшто не наликува на современите војски со кои „јенките“ досега се пресметуваа. Нејзиниот состав главно го сочинуваат религиозни фанатици, кои сосем сериозно се готови да гинат во името на Бога, или барем во името на оние што тврдат дека тргнале да го создаваат неговото царство. Има меѓу нив, нормално, и голем број платеници, кучиња на војната и разно-разни авантуристи, како и манијаци, родени садисти довлечкани од сите меридијани и соблазнети од можноста слободно да убиваат други луѓе без притоа да мораат да одговараат ниту пред човечките ниту пред божјите судови. Барем така веруваат. Во секој случај, војната со нив ќе биде тешка и неизвесна, посебно поради фактот дека САД, барем засега, одбиваат во првите борбени редови да ги испратат своите специјалци и своите платенички кучиња, и наместо нив очекуваат работата да ја завршат постојните сили на теренот: во Ирак Курдите и деморализираната ирачка армија, а во Сирија непостојната „демократска и умерена опозиција“, бидејќи како што е познато, Вашингтон и воопшто Западот одбива да го прифати за макар привремен сојузник сирискиот претседател Башар ал Асад.

Ова, всушност, може да биде најконтроверзниот момент во целата игра наречена „борба против теористичката исламска држава“ бидејќи многумина веруваат дека тоа ќе биде само параван за одличната можност САД и сојузниците да се пресметаат со ним спротиставениот сириски претседател. Притоа ваквиот став не го делат само независни интелектуалци и добри познавачи на сирискиот проблем, туку на него се осврнуваат и официјални претставници на сериозни земји, меѓу кои и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Претпоставувам дека на просечниот македонски читател не му е лесно да се снајде во лавиринтот на блискоисточната криза и овој текст сигурно нема да му „ги отвори очите“, но дури и најмалата помош во разјаснување на сликата не може да биде на одмет. Во Сирија три ипол години трае граѓанска војна со веќе над 200.000 жртви. Од едната страна на барикадите се бори владината армија поткрепена од разни полулегални формации и од шиитското движење Хезболах од соседен Либан. На спротивната страна се наоѓа едно крајно нехомогено друштво, чија првенствена цел, барем на почетокот, беше уривање на режимот на Башар ал Асад. Но, тоа друштво во меѓувреме се подели и започна со меѓусебни пресметки. Постои, но сега веќе е крајно слаба и нерелевантна вооружената сила на таканаречената -  демократска опозиција, која во 2011 години почна револуција против повеќедецениското авторитарно владеење на семејството Асад и на партијата Баат. Постојат десетици ако не и стотици исламистички групи, радикални движења и вљубеници во ликот и делото на покојниот Осама бин Ладен, кои борбата против Асад одлучија да ја капитализираат преку создавање мали независни територии каде што нивните самопрогласени водачи ќе ја играат улогата на судии, поротници и џелати за секој што ќе одбие да им се покорува. Меѓу нив најистакната е групата Ал Нусра, која доби и службена легитимација како сириски претставник на Ал Каеда. 

И „демократската опозиција“ и најголемиот дел од разно-разниве радикали, добиваа или сѐ уште добиваат поддршка во борбата против Асад како од западните така и од блискоисточните земји, првенствено од заливските монархии и од Турција. Понатаму, постои и веќе светски е позната групата „Исламска држава“, на чие чело се наоѓа „калифот“ со кодно има Абу Бакр ал Багдади, која има фантастични аспирации најпрво да создаде строго шеријатска држава на територијата на денешните Ирак и Сирија, потоа таа „држава“ да се прошири врз целиот Блиски Исток, следствено врз сите мнозински муслимански земји и како финален резултат и врз целиот свет. И момците сериозно работат на случајот. Иако се главни во борбите со регуларната сириска армија, иако беа подмолно нападнати од довчерашните сојузници, односно од повеќето други исламистички движења, фанатиците од ИД не само што се одржаа, не само што ги разбија „предавниците“ во сопствените редови туку и се проширија врз навистина огромни територии во Сирија и во Ирак. 

Русија не се откажува од своето влијание пред сѐ преку Сирија и Иран, но поради грижите околу Украина сѐ потешко се носи со таа улога. Кина се држи на дистанца иако е јасно дека се солидаризира со Русија, а истовремено сѐ повеќе ги засилува односите со Иран. Саудиска Арабија го менува курсот веројатно исплашена за сопствената судбина, додека Турција и покрај тоа што е голем сојузник на САД, срамежливо им подава рака на Русија и на Кина. Египет сѐ уште се мачи со сопствените проблеми иако е прашање на време кога ќе се вмеша во големата игра. Несреќните Либан и Палестина никој ништо не ги прашува. Британија и Франција се занесуваат дека се важни додека Германија е нешто повнимателна. САД е хегемон и се обидува да управува со целиот процес. 

Во меѓувреме, сирискиот народ гине, гладува или се раселува. „Исламска држава“ се шири, сече глави и воведува средновековни закони на освоените територии. Светскиот полицаец наводно повикан од загрижените соседи, промптно интервенира за да ја спаси планетата од новото најголемо зло. Другите можеби имаат некаква шанса, но Сирија едноставно нема каде да бега.

 

(Објавено во „Слободен печат“)

]]>
true
<![CDATA[Сашо Орданоски]]>: <![CDATA[БЕЛЕШКИ ЗА ПОПУЛИЗМОТ: Парите се отепувачка за политиката уредувачка]]> http://www.plusinfo.mk/mislenje/1776/BELEShKI-ZA-POPULIZMOT-Parite-se-otepuvachka-za-politikata-ureduvachka http://www.plusinfo.mk/mislenje/1776/BELEShKI-ZA-POPULIZMOT-Parite-se-otepuvachka-za-politikata-ureduvachka 2014-09-25 22:00:00 Полека, но сигурно, се заокружува приказната за тоа што се случи со македонските медиуми по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година. Силно помогнати во освојувањето на власта од електронските и печатените медиуми на газда Велија (и некои други газди, де!), во првите неколку години од владеењето ДПМНЕ се пресметуваше со политичките опоненти во СДСМ и вон неа, систематски „освојувајќи“ ги сите позиции во и вон државниот апарат и победувајќи на секои наредни избори со подобар резултат. По разидувањето на интересите меѓу Груевски и Рамковски некаде околу 2009 година – главно заради недоразбирањата околу поделбата на државните ресурси и ресори на влијание – газда Велија помисли дека тој и неговата медиумска империја се посилни од власта. Расплетот на таа драма сите го посведочивме во директен телевизиски пренос: со селективна и демонстративна примена на правните, инспекциските и полициските сили, медиумите на газда Велија беа затворени или згаснаа во 2011 година.


Потоа власта прејде во агресивно преземање на сопствеништвото или уредувачките политики во најголемиот дел останати електронски и печатени медиуми во Македонија. Во периодот 2010-2013 година, секојдневно се затвораа или се преземаа оние медиуми што имаа критички однос кон политиките на Груевски, а во тоа главно средство беа заканите и парите. Законите се менуваа преку ноќ за да се легализира оваа криминална операција. Милиони евра јавни пари завршија по разни провладини и владини џепови, а за другите уредно се поднесоа стотици вакви или онакви кривични и прекршочни пријави, процесуирани низ коридорите на познатото македонско независно судство.


15-20 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО ЗА ВЛАДИНИ РЕКЛАМИ

 

Владата стана најголемиот огласувач низ медиумите со 15-20 милиони евра годишно – ова сега што признаа дека даваат по 7-8 милиони годишно веднаш множете го најмалку со два! – а медиумите станаа еден од најголемите спонзори на партијата на власт: само на последните избори дури 40-тина локални и регионални медиуми донирале пари за Груевски, а оние на национално ниво веќе не се ни прашуваат колку рекламно време ќе им се земе. На последните избори коалицијата на ДПМНЕ располагаше со 13 пати повеќе пари наменети за пропаганда од коалицијата на опозицијата, а власта само во печатените медиуми објави 16 пати повеќе реклами од опозицијата. Самото ВМРО-ДПМНЕ е петиот најголем огласувач на македонскиот медиумски пазар!


Во таква ситуација, уредувачката политика на најголемиот број медиуми во Македонија стана сопственост на владејачката врхушка. На тие медиуми им остана само да се грижат за одржување на хигиената во своите простории, бидејќи и за количеството шеќер во кафето вртат телефон кај Протуѓер.

 

За сите автократски режими, па и за овој на Груевски, многу е важно владеењето со медиумите. Преку контрола на информациите што се дистрибуираат во јавноста и преку гушење на други информации кои публиката не смее да ги чуе и види, се шири систем на уверувања („етос“) коишто треба да придонесат да се создаде атмосфера во државата дека не само што е прифатлив начинот на кој владее Груевски, туку дека тој е и легитимен, дека нема подобра алтернатива и дека, дури и да ја има, фаталистички, ние не ја заслужуваме (Вебер). Потребата од слободата отстапува пред потребата за стабилност, а демократијата станува грда именка што може да ти го расипе денот или кариерата. Речиси целото општество бара status quo, затоа што има и полошо! Па, и со 300 евра се живее, плус тегла ајвар и по некој домат!

 

„ЌЕ ВЕ НАРЕДИМЕ КАКО ШИШИЊА!“

 

Старо правило е дека пропагандата не ве учи што, туку како да мислите и дека секоја успешна пропаганда повеќе ресурси ќе потроши на тоа што не треба да се дознае во јавноста, одошто за тоа за што треба јавноста да се информира. Во напорот да се легитимира секој потег, секој проект или секоја одлука на безгрешната власт – без разлика на катастрофалните последици од таквите политики – веднаш пред провладините медиуми (а кога треба и пред некоја зграда) се исправаат правоверни дијабетичари, кои молат да им се смени инсулинската терапија; поштари и пожарникари кои се против штрајкот во образованието; млади лекари кои се против најавата за штрајк на „старите“ лекари; екологисти кои бараат повеќе загадување, итн. Принципот со кој се владее е непомирлива поделба на општеството на наши и „непријатели“, со конфликтот како главен метод за решавање на општествените процеси. За ништо нема разговор и договор, а камоли компромис!

 

Таквата политика станува секојдневна „казнена експедиција“ кон секој кој помислил дека може да мисли со своја глава, вон тоа што ќе му биде соопштено во Дневникот на ТВ Сител. Вистинската и квалитетна дебата во медиумите речиси е загушена, а на нејзино место дефилираат некакви мижи-бутај Миленковци и Јанковци – и нивните печатени еквиваленти – кои своето полтронство го нудат како замена за она пред што би требало да бидат исправени првенците на Груевски: прашања за одговорноста во владеењето, последиците од таквото владеење и, најважно, каде се парите?

 

Таквото секојдневно водење на политиката, што во економијата се нарекува како модел на zero sum game – победникот зема сѐ и резултатот мора да е 100:0 за тие што се на власт – води кон состојба чијшто расплет најдобро ја опишува неодамнешната изјава на Љубе Бошковски: „Кога ќе победиме, ќе ве наредиме како шишиња и ќе ви судиме!“ Всушност, оваа власт знае дека, кога ќе дојде „второто полувреме“, илјадниците очајници навистина ќе ги наредат како шишиња, но се плашат дека веројатно нема ни да им се суди. Затоа и немаат намера кој било – по демократски и мирен пат – да ги победи. За Груевски и екипата, прашањето за останување на власт станува прашање на гол опстанок, веројатно не само политички. Затоа е добро да се има уважување, бидејќи Ѓаволот одамна ја однел шегата.Ѓаволот одамна ја однел шегата.

 

Оваа колумна е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Колумната e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на колумната е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

]]>
true