Вести од рубриката: КУЛТУРА http://www.plusinfo.mk/style/images/logo.jpg +Инфо http://www.plusinfo.mk http://www.plusinfo.mk RSS вести од рубриката: КУЛТУРА 2014-10-15 22:03:39 en-us <![CDATA[Комедијата „Ајде да бидеме полицајци“ во кино-салите во земјава]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154574/Komedijata-Ajde-da-bideme-policajci-vo-kino-salite-vo-zemjava http://www.plusinfo.mk/vest/154574/Komedijata-Ajde-da-bideme-policajci-vo-kino-salite-vo-zemjava 2014-10-15 22:03:39 Забавната акциона комедија „Ајде да бидеме полицајци“(Let’s Be Cops) на режисерот Лука Гринфилд од 23 октомври ќе се прикажува во кино-салите во земјава. 

 

Во насловните улоги играат Џејк Џонсон како Рајан и Дејмон Вајанс Помладиот како Џастин. Во филмот играат и ѕвездите од серијата „Вампирски дневници“ Нина Добрев, Роб Ригл, и исклучителниот Енди Гарсија.

 


Идејата за филмот „Ајде да бидеме полицајци“ е родена кога режисерот Лук Гринфилд одлучил да се облече за празникот „Ноќ на вештерките“ во полициска униформа, а тој избор завршил со неочекувани последици.

 

- Тогашниот костимограф ми набави вистинска униформа и со еден пријател се шетавме по улиците на Лос Анџелес. Чувството на моќ и на авторитет беше неверојатно. Тогаш не бев во љубовна врска и ми беше многу лесно да разговарам со жените на улиците од градот- вели режисерот Гринфилд кој подоцна тоа го преточил во филмот.



Подготви: Р.И.М  

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

 

]]>
true
<![CDATA[Турското Министерство за култура ја цензурира пиесата на Гете]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154545/Turskoto-Ministerstvo-za-kultura-ja-cenzurira-piesata-na-Gete http://www.plusinfo.mk/vest/154545/Turskoto-Ministerstvo-za-kultura-ja-cenzurira-piesata-na-Gete 2014-10-15 16:04:18 Турското Министерство за култура се обиде да ја цензурира пиесата за животот на германскиот поет и драматург Јохан Волфганг фон Гете, што доведе до откажување на премиерната претстава во Истанбулскиот државен театар и оставка на директорот, пишува „Хуриет дејли њуз“.


Претставници на Министерството, кои прегледуваат сценарија пред поставување на претставата на сцена, процениле дека некои делови од творбата се „глупави и еротски“.


Меѓу сцените кои се сметале за недостојни за публиката се и некои од најчувствителните реплики во пиесата „Сонцето е големо, кога заоѓа“, која раскажува за бракот на Гете со жена од пониска класа.

Според претставници на театарот, ова не е првиот случај на мешање во нивната работа. 

 

 

Извор:МИА

]]>
true
<![CDATA[Германски филмови, изложба и претстави во Кавадарци]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154533/Germanski-filmovi-izlozhba-i-pretstavi-vo-Kavadarci http://www.plusinfo.mk/vest/154533/Germanski-filmovi-izlozhba-i-pretstavi-vo-Kavadarci 2014-10-15 15:28:02
Изложба на акварели на ликовниот уметник од Штип, Иван Сулевски, ќе биде отворена во петок во 19 часот во алеријата при Домот на културата „Иван Мазов Климе“, а во 20.30 часот во салата на Домот на културата во Кавадарци ќе се одржи претставата „Три варијации на една тема“ по текст и режија на Коле Ангеловски, во изведба на Прилепскиот народен театар.


Овие настани се дел од манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2014“ која почна на 8 октомври. Од 24 до 28 октомври по десетти пат во Кавадрци ќе се одвива „Фестивалот на новиот германски филм“ во салата на Домот на културата, на кој љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да погледнат пет филмови од најновата германска продукција. Во меѓувреме, во сабота на 25 октомври од 19.30 часот, ќе биде прикажана претставата „Лазо“ во изведба на Театарот при Домот на културата од Кавадарци. 

Подготви: Б.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[Претставата „Нашиот клас“ собира награди надвор, а фестивалите дома ја прескокнаа]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154517/Pretstavata-Nashiot-klas-sobira-nagradi-nadvor-a-festivalite-doma-ja-preskoknaa http://www.plusinfo.mk/vest/154517/Pretstavata-Nashiot-klas-sobira-nagradi-nadvor-a-festivalite-doma-ja-preskoknaa 2014-10-15 14:45:16 Претставата „Нашиот клас“ во продукција на Театарот за деца и младинци доживеа голем успех и неверојатен прием во Крагуевац, Србија, на деветиот „Јоаким интерфест“. Жирито го закити ова дело со награда за најдобра претстава во целина, а признание доби и сценографијата која ја изработи Крсте Џидров. Публиката ја поздравила изведбата со овации и долги аплаузи, а комплименти поделиле и колегите од останатите театри, вели екипата на Театарот задоволна од сработеното.

Најголеми пофалби претставата добила од селекторот на фестивалот, Горан Цветковиќ, кој инсистирал оваа година „Нашиот клас“ да гостува во Крагуевац откако ја гледал премиерата во Скопје пред пет месеци. Селекторот, велат одговорните за оваа претстава, ѝ го дал најголемото признание велејќи дека од сите изведби на текстот кој ги проследил, оваа е неоспорно најуспешната. 

Во образложението на жирито на фестивалот се вели дека „сите елементи на театарското дело се доведени до врвот, испреплетувајќи се така и толку што се претвораат во она другото. Пред нашите очи, вели жирито, костимот се претвора во актерска уметност, актерската уметност во архитектура, сценографијата во музика, музиката во збор, зборот во слика, сликата во мисла, мислата во глума“.

Како што вели режисерот, професор на Факултетот за драмски уметности (ФДУ), Владимир Милчин, образложението на жирито за двете награди вреди колку и самите награди.

- Во него се повторува реченица на нашите колеги дека ова е претстава во која сите елементи дишат заедно. Сите актери се активни од почеток до крај без оглед на тоа дали имаат или немаат текст. Таа колективна посветеност се повторуваше како лајт мотив. Никој не правеше разлика помеѓу возрасен и помлад актер, постарите делуваа како да се подмладиле – објаснува режисерот.

Тема на фестивалот во Крагуевац оваа година е „Војната во неа и околу неа“. Милчин вели дека „Нашиот клас“ точно ја погодува темата. Дејството се случува за време на Втората Светска војна во училница која функционира и како гасна комора. Приказната се осврнува на позицијата на Еврите и Полјаците во тогашните политички превирања. На прашањето како темата корелира со нашето секојдневие, режисерот вели дека не се само Евреите – Евреи, туку дека секој може да се најде во улога на жртва. Целта на уметникот, вели, е да ги воочи и на време да ги посочи епидемиите како фашизмот, расизмот и национализмот, пред да бидат изгубени човекови животи.


- Една од илузиите во кои живееше светот по Втората светска војна е дека никогаш повеќе нема да имаме погроми, антисемитизам, повампирен фашизам, но се покажа дека тоа не е вистина. Ако сакате и кај нас. Битола е град од кој најголем број Евреи се одведени во логорот Треблинка. Денеска таму се појавуваат кукасти крстови и антисемтиски пароли. Загрижува тоа што со летаргија се преминува преку овие појави и тоа може да биде крајно опасно. На ваквите појави треба да се реагира навремено за да не се прошири заканата од епидемија. Пикањето под килим е крајно неодговорно, а уметниците имаат дожност да бидат одговорни кон себе и кон општеството во кое живеат – вели режисерот.

Текстот, додава тој, е еден од најдобрите за поставување и зборува за пресвртот кога жртвата станува џелат поради своите фрустрации.

Драмскиот текст е дело на Тадеуш Слобоѓанек, а директорот на Театар за деца и младинци, Драган Довлев, вели дека ова е најбараниот текст во моментов во Европа. Додава дека „Нашиот клас“ е претстава која може да стои рамо до рамо со претставите кои не се наменети за деца.

 

- За прв пат во историјата на театарот сме селектирани на фестивал кој не е детски. Селекторот Горан Цветковиќ присуствуваше на премиерата и на негово инсистирање добивме покана да се натпреваруваме во официјална конкуренција за наградата. На овој начин покажавме дека можеме да се носиме рамо до рамо со театрите за возрасни – посочува тој.

Пред гостувањето на фестивалот во Србија, претставата беше изведена и на прилепскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, како и на МОТ. За искуството во Прилеп, Довлев потсетува дека од 15 доделени награди, „Нашиот клас“ не доби ниедна. На прашањето како го толкува тоа, директорот вели дека е прашање на кое треба да се произнесат организаторите на фестивалот. Сценографот, Крсте Џидров, пак, смета дека имало нелојална конкуренција. Имено, победничката претстава „Вечната куќа“ беше за прв пат во историјата на фестивалот изведена на матичната сцена во новиот театар во МНТ. 

- Не можеме да се натпреваруваме со технологијата, со светлата и со техничката опрема. Имавме нерамноправна борба – вели сценографот.

„Нашиот клас“ и понатаму ќе биде на репертоарот на младинскиот театар, а следната изведба е во среда наредната недела.

Милчин, инаку, спрема нов проект во овој театар, но се уште е во почетна фаза на апликација за средства од Министерството за култура. Тој за сега откри само дека протагонисти ќе бидат рускиот писател Данаил Хармс и шпанскиот уметник од 18-19 век Франциско Гоја. Текстот го носи насловот „Денес не напишавме ниту еден збор“, и ќе биде оригинално дело кое ќе се развива во самиот театар. 


 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[„Еуролинк осигурување“ избира најдобра фотографија на тема „Емотивната страна на културата“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154457/Eurolink-osiguruvanje-izbira-najdobra-fotografija-na-tema-Emotivnata-strana-na-kulturata http://www.plusinfo.mk/vest/154457/Eurolink-osiguruvanje-izbira-najdobra-fotografija-na-tema-Emotivnata-strana-na-kulturata 2014-10-15 10:34:31


Љубителите на добрата фотографија, аматери и професионалци, од денеска до 15 ноември ќе можат да учествуваат на фото – натпреварот со авторски фотографии од овековечени моменти од концерти, претстави, перформанси и други културно-уметнички и забавни манифестации.


„Еуролинк осигурување“ го објави својот прв голем фото-натпревар во рамките на проектот „Денови на фотографијата“. Почнувајќи од денеска и користејќи ја фотографијата како израз за да се илустрира „Емотивната страна на културата“, „Еуролинк“ упати покана до сите аматери и професионалци да испраќаат фотографии со најемотивните моменти од концерти, претстави, перформанси и други културно-уметнички и забавни манифестации.

Периодот на пријавување е до 15 ноември на Facebook фан страната на Еуролинк осигурување:www.facebook.com/eurolinkmk.

Пристигнатите авторски фотографии ќе бидат разгледани од страна жири – комисија, составена од етаблирани професионални фотографи и фото уредници. Тие ќе одлучат за најдобрите три фотографии, на чии автори ќе им бидат доделени вредносни ваучери во висина од 60.000 денари, 30.000 денари и 15.000 денари.

Исто така, преку јавно гласање за најдобрите фотографии на Facebook профилот на „Еуролинк осигурување“, и заедно со одлука на стручното жири, ќе бидат селектирани 30 најдобри фотографии кои понатаму пред јавноста ќе бидат претставени на изложба која ќе има продажен карактер и која ќе биде отворена на 20 ноември во фоајето на Македонската опера и балет во Скопје. Собраните средства од продажната изложба на фотографиите ќе бидат донирани во одделот за Дигитални уметности (фотографија) во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје.

 

Подготви: Ј.А.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[Книжевни разговори со Венко Андоновски ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154456/Knizhevni-razgovori-so-Venko-Andonovski- http://www.plusinfo.mk/vest/154456/Knizhevni-razgovori-so-Venko-Andonovski- 2014-10-15 10:26:37  

Книжевни разговори со писателот Венко Андоновски утре се организираат во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Повод за разговорот е романот „Ќерката на математичарот“, носител на престижната наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2014 година.

Во рамките на Книжевните разговори со Андоновски ќе се опфатат и темите кои ги третират вредносните системи, актуелниот миг, книжевните награди, генерациското обновување и промоцијата на македонската книжевност.

Книжевните разговори ќе се одржат во Спомен-собата на Миладиновци, со почеток во 19.00 часот, а ќе ги води Братислав Ташковски. Делови од наградениот роман на Андоновски ќе интерепретира актерот Томе Витанов.

 
 
 

 

Подготви. Ј.А.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[Ден на ДПМ во Куманово]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154440/Den-na-DPM-vo-Kumanovo http://www.plusinfo.mk/vest/154440/Den-na-DPM-vo-Kumanovo 2014-10-15 09:28:01 Манифестацијата Ден на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи во Куманово, во петок, во 19 часот. На средбата, што ја организираат библиотеката „Тане Георгиевски“ од Куманово и Друштвото на писателите на Македонија, пред љубителите на литературата ќе настапат автори од повеќе генерации: Стојан Тарапуза, Раде Силјан, Елена Пренџова, Веле Смилевски, Ристо Лазаров, Данило Коцевски, Санде Стојчевски, Билјана Станковска, Бранко Цветкоски, Бобан Богатиновски, Весна Ацевска,  Братислав Ташковски, Оливера Доцевска, Јовица Тасевски Етернијан и Марина Мијаковска. 


На отворањето на манифестацијата ќе зборуваат директорката на Градската библиотека во Куманово Нада Ивановска и претседателот на ДПМ Веле Смилевски. Средбата ќе има традиционален карактер и таа секоја година да се одржува во октомври, во знак на слободарските традиции на Куманово.

Манифестацијата Ден на ДПМ во Куманово се организира во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во Македонија. Неодамна Ден на Друштвото на писателите се одржа во Гевгелија, а наскоро вакви манифестации ќе бидат организирани во Кавадарци, Охрид, Битола и во Велес.

Подготви: Б.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[Заврши снимањето на „Три дена во септември“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154368/Zavrshi-snimanjeto-na-Tri-dena-vo-septemvri http://www.plusinfo.mk/vest/154368/Zavrshi-snimanjeto-na-Tri-dena-vo-septemvri 2014-10-14 13:45:00 Последната клапа на „Три дена во септември“, дебитантскиот игран филм на младиот режисер Даријан Пејовски, беше удрена утринава.

 

Станува збор за психолошки трилер, студија на два карактера кои преку меѓусебниот однос ги разоткриваат своите тајни и трауми. Главните ликови, Јана и Марика се запознаваат во воз и за необично кратко време се зближуваат. Одат заедно на село, во изолиран планински крај кој крие случувања од минатото на Јана. Времето минува бавно и тензично, а сомнежот за нивните вистински намери е сè посилен. Една по една, тајните се откриваат. Двете жени немаат друг излез освен да си помогнат секоја од нив да ја оствари својата вистинска цел.

 

Сценариото за филмот го напишаа Даријан Пејовски и Игор Иванов, директор на фотографија е Димо Попов, сценограф е Снежана Поњавиќ-Муча, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, а шминка на Симона Ристевска.

 

Продуцент на филмот е Томи Салковски, а ко-продуцент Валон Бајгора. Улогите ги толкуваат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Салаетин Билал, Милица Стојанова, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Кријезиу, Ментор Зимберај и Блерим Черичи.

 

„Три дена во септември“ е копродукција помеѓу Скопје Филм Студио од Македонија и Иконе Студио од Косово, а проектот беше поддржан од страна на Агенцијата за филм на РМ и Косовскиот филмски центар. Снимањето го помогнаа повеќе институции од земјава, со што овозможија негово успешно комплетирање, согласно поставените планови.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО „Нашиот клас“ во режија на Милчин најдобра претстава на Јоаким интерфест во Србија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154357/VIDEO-Nashiot-klas-vo-rezhija-na-Milchin-najdobra-pretstava-na-Joakim-interfest-vo-Srbija http://www.plusinfo.mk/vest/154357/VIDEO-Nashiot-klas-vo-rezhija-na-Milchin-najdobra-pretstava-na-Joakim-interfest-vo-Srbija 2014-10-14 12:08:17


Претставата „Нашиот клас“ по текст на Тадеуш Слобоѓањек, во изведба на Театарот за деца и младинци од Скопје, а во режија на Владимир Милчин, е прогласена за најдобра на 9-тото издание на фестивалот Јоаким интерфест во Крагуевац, Србија. Претставата „Нашиот клас“ освои две награди - Гран-при за најдобра претстава и Награда за визуелност.

 

Како што пишува МОФ, наградата за режија на Јоаким Интерфест ѝ е доделена на Снежана Тришиќ за претставата „Носорог“ по текст на Ежен Јонеско, во изведба на театарот од Кикинда. За најдобра актерка е прогласена Марина Воденичар, за улогата на ликот на Дејзи во „Носорог“, додека нејзиниот колега од истата претстава Ѓорѓе Марковиќ ја доби наградата за најдобра машка улога.


Специјалната награда за општествен ангажман и колективна игра доби претставата „Трпеле“ на Белградскиот драмски театар, која ја освои и наградата од публиката.


За наградите одлучуваше треточлено жири во состав: Златко Паковиќ, театарски критичар и драмски писател од Белград, Марко Сошич, режисер и драматург од Словенија и Исидора Рајковиќ, актерка на Крагуевачкиот театар.


Слоган на годинешното издание на „Јоаким интерфест“ беше „Војната во нас и околу нас“, по замисла на селекторот Горан Цветковиќ, а фестивалот е замислен како поле за општествена активност и третирање на актуелните политички проблеми во целиот регион. На фестивалот, кој започна на 7 октомври, учествуваа театри од Србија, Хрватска, Македонија, Словенија и Босна и Херцеговина.


„Нашиот клас“, кој Слобоѓанек го објавува во 2009 година, е потресна приказна за комплицираните полско-еврејски односи во 20 век, за колективниот срам, за вистината која никому не е потребна и за историјата на која не може да ѝ се суди, не може да се реконструира, ниту, пак, може да се објасни. Драмата беше номинирана за престижната полска книжевна награда Нике за 2010 година, а Европската театарска конвенција ја рангира меѓу најдобрите современи европски драмски текстови напишани во 2009 и 2010 година.




]]>
true
<![CDATA[Продолжува проектот „Музејот – пријател на децата"]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154348/Prodolzhuva-proektot-Muzejot--prijatel-na-decata http://www.plusinfo.mk/vest/154348/Prodolzhuva-proektot-Muzejot--prijatel-na-decata 2014-10-14 11:20:21 Националната установа Музеј на македонската борба – Скопје и во новата учебна година го продолжува проектот "Музејот – пријател на децата", што предвидува одржување креативни и едукативни работилници во просториите на музејот со ученици од литературни, ликовни, драмски и историски секции од основните училишта и од средните училишта од градот, соопштуваат од оваа институција.

 

Музејот упатува покана до заинтересираните ученици и наставници да го пријават своето учество во работилниците, по што учесниците ќе добијат диплома за учество, а за најуспешните предвидени се и и награди.

 

Подготви: Ј.А.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[Филхармонија в четврток со „Ах тие летни ноќи“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154347/Filharmonija-v-chetvrtok-so-Ah-tie-letni-nokji http://www.plusinfo.mk/vest/154347/Filharmonija-v-chetvrtok-so-Ah-tie-letni-nokji 2014-10-14 11:14:18 Македонската филхармонија, во четврток во Македонската опера и балет во 20 часот, ќе го одржи вториот симфониски концерт од новата концертна сезона со наслов „Ах тие летни ноќи“.

 

„Програмата е составена од несекојдневни, интересни дела - „Прошетка до рајската градина“, една од најимпресивните оркестарски композиции на англискиот композитор Фредерик Делиус и циклусот од шест песни „Летни ноќи“ од францускиот композитор Хектор Берлиоз, дела кои ќе ја доживеат премиерната изведба во Македонија, како и епската Четврта симфонија од германскиот композитор Јоханес Брамс. Овој концерт е посебен не само поради впечатливата програма, туку поради извонредните гости“, се наведува во соопштението од Македонската филхармонија.

 

Диригент е Англичанецот Пол Меккриш, кој се смета за еден од најдобрите познавачи на барокната и ренесансната музика, а македонската публика ќе има ретка можност во живо да ја слушне една од водечките оперски певици во Европа, мецосопранот Ан Халенберг од Шведска. Таа доаѓа од престижните оперски куќи како Миланска „Скала“ или „Реал“ од Мадрид и соработува со реномирани диригентски имиња како Рикардо Мути или Кент Нагано.

 

 

 

Подготви: Ј.А.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[„Да се истрае“ - самостојна изложба на Марија Конеска]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154341/Da-se-istrae---samostojna-izlozhba-na-Marija-Koneska http://www.plusinfo.mk/vest/154341/Da-se-istrae---samostojna-izlozhba-na-Marija-Koneska 2014-10-14 11:00:19  

Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во Галерија 8-Безистен во Старата скопска чаршија, утре во 20 часот ќе се отвори изложбата на академската уметница Марија Конеска насловена како „Да се истрае“.

Марија Конеска има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности, оддел графика и до сега има остварено една самостоја изложба и има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и надвор. Моментално е постдпломец на истиот факултет, во сликарскиот оддел во класата на Антони Мазневски.

„Секојдневниот предизвик на сите нас е да се истрпи. Да се истрпи за да бидеш дел од средината, да истрпиш за да бидеш свој, да истрпиш затоа што мораш, да истрпиш затоа што понекогаш немаш избор...
Се се сведува на борба, најтешката, со самите себеси, затоа секогаш остануваат зборови некажани, мисли запрени и погледи изгубени...
Се поминува, а на крај пак треба да останеме свои.
Ова е серија на графики со ликови кои сите си ги носиме секогаш со себе“, вели авторката Марија Конеска.

 

Подготви: Ј.А.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо




  

 

]]>
true
<![CDATA[Изложба на Лилјана Митевска во Куманово]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154329/Izlozhba-na-Liljana-Mitevska-vo-Kumanovo http://www.plusinfo.mk/vest/154329/Izlozhba-na-Liljana-Mitevska-vo-Kumanovo 2014-10-14 09:53:04
Изложбата „Огледало на душата“ на Лилјана Митевска ќе биде отворена во четврток во 19.30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово.


Митевска е родена во Битола, а живее и работи во Скопје. Своите афинитети кон сликањето ги пројавува уште од најраната младост, а посериозно се занимава со сликарство паралелно со својот професионален ангажман на полето на правото од 1974 година.

Во својот сликарски опус негува повеќе форми на изразување во акварелна, темперна и акрилна техника од мал до голем формат на хартија и платно.

Учесник е на повеќе групни изложби а има остварено 10 самостоји изложби. Оваа изложба ќе биде поставена до 28 октомври.


Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Книга за дипломатија и феминизам од Нела Ташковска]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154324/Kniga-za-diplomatija-i-feminizam-od-Nela-Tashkovska http://www.plusinfo.mk/vest/154324/Kniga-za-diplomatija-i-feminizam-od-Nela-Tashkovska 2014-10-14 09:46:39                                                                                                       
Книгата „Дипломатија и феминизам: Каде се жените во политичката медијација“ од младата авторка Нела Ташковска ќе биде промовирана на 18-ти октомври 2014, во 12.30 часот во просториите на фондацијата Никола Кљусев.


Авторката е магистер по дипломатија, феминизам и човекови права. На промоцијата ќе зборуваат Лилјана Поповска, претседателка на Комисијата на еднакви можности на мажите и жените во Собранието на Република Македонија и Даниела Димитриевска, извршен директор на Македонското женско лоби.
Авторката за прв пат својата книга ја има издадено во САД за Проквест УМИ. Книжевниот труд претставува научно истражувачки проект низ кoj се анализира сферата на дипломатијата од родово сензитивна перспектива и кој нуди нов пристап и стратегии за применување на политичката медијација. Оваа книга дава одговор на прашањето зошто се уште светската дипломатија не е наклонета кон поголемо присуство на жени амбасадори и кои се причините за тоа. Овој проект нуди детална анализа на политичките одлуки и долгогодишната кариера на една од најзначајните женски политички фигури во меѓународната дипломатија, поранешниот американскиот државен секретар Хилари Клинтон. Анализирајќи ги главните предизвици со кои Хилари Клинтон се соочи во дипломатската сфера, оваа книга има значајна образовна вредност како иновативен и политички релевантен труд за водењето на една прогресивна модерна политика во светски рамки.


Нела Ташковска е родена на 30ти мај, 1988 година., во Скопје. Своето образование го има завршено во САД, каде дипломирала на Универзитетот Пурдју, отсек политички науки и магистрирала на Универзитетот Розевелт во Чикаго, отсек дипломатија, феминизам и човекови права. Ташковска има повеќегодишно искуство работејќи во одделот за политички настани при Советот за надворешна политика во Чикаго, организирајќи политички дебати и панели со високи претставници од Американската влада како Ал Гор и Хилари Клинтон. Авторката има учествувано на многубројни политички конференции, а во 2011 година била главен претставник на Република Македонија на АМОН (Американски модел на Обединети нации) на тема спорот со Грција. Има напишано голем број на трудови од областа на политичката филозофија и дипломатијата работејќи како главен асистент на Џосеф Лоунди проектот за заштита на човековите права во Чикаго. Ташковска воедно е и рецензент на книгите „Јавно мислење и меѓународна интервенција: Војната во Ирак“ и „Човековите права во светот после терористичките напади на 11 септември“.  




]]>
true
<![CDATA[ГАЛЕРИЈА Премиера на новата драма на Горан Стефановски режирана од Александар Поповски в четврток]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154278/GALERIJA-Premiera-na-novata-drama-na-Goran-Stefanovski-rezhirana-od-Aleksandar-Popovski-v-chetvrtok http://www.plusinfo.mk/vest/154278/GALERIJA-Premiera-na-novata-drama-na-Goran-Stefanovski-rezhirana-od-Aleksandar-Popovski-v-chetvrtok 2014-10-13 18:23:37 На сцената на Словенско народно гледалишче во Љубљана, Словенија, в четврток ќе се одржи премиерата на Figurea Veneris Historiae, новата драма на Горан Стефановски режирана од Александар Поповски.

 

- Темата на пиесата е дека љубовта е невозможна во светот на политика. Таа ја прикажува историјата како масовна човечка оргија, баханалија. Војната е средство со кое историјата и човештвото меѓусебно се силуваат. Жанрот на пиесата е трагична фарса. Истовремено е трагично и комично да се гледа како луѓето, според Џојс, се обидуваат „да се разбудат од ноќната мора на историјата“. А и ако успееме да ја растераме оваа срамна хипноза, дали ќе се засрамиме? - вели за своето најново дело прочуениот драмски писател Стефановски.

 

Драмата е напишана по порачка од Словенско народно гледалишче.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Скопски џез фестивал со 12 концерти годинава]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154265/VIDEO-Skopski-gzez-festival-so-12-koncerti-godinava http://www.plusinfo.mk/vest/154265/VIDEO-Skopski-gzez-festival-so-12-koncerti-godinava 2014-10-13 15:41:36
И оваа година скопјани ќе уживаат во светскиот џез на Скопскиот џез фестивал што ќе се одржи од 16 до 19 октомври на повеќе локации во Скопје, и тоа во Универзална сала, Сити хол центар, МКЦ - Кино Фросина и Македонска опера и балет.

 

Новина во организацијата е Богдан Бенигар од Словенија кој е програмски директор на Скопскиот џез фестивал. Него денеска на прес конференција го претстави директорот на Скопскиот џез фестивал, Оливер Белопета.


Бенигар, кој е долгогодишен директор на Љубљанскиот џез фестивал, донесува неколку новини во програмата, како концертот во 13 часот на Нед Ротенберг и Саинко Намчилак. Досега на програмата на СЏФ немало концерт во попладневните часови, а програмскиот директор тоа го објаснува како време кое одлично се вклопува во шемата на скопскиот живот во недела.


Постерот и каталогот за овогодинешниот фестивал го изработи словенскиот уметник Карло Меѓугорац.


- Во претходните години беше практика да се земаат графички решенија за постерот од македонски автори, но оваа година, од сите решенија кои пристигнаа немаше ниту едно кое беше барем близу до стандардите поставени претходните години. Затоа се одлучивме за Меѓугорац – рече директорот Белопета.


Цените на билетите ќе се движат од 300 до 1.000 денари, а комплет билети за сите вечери ќе чини 2.600 денари.


Целосната програма на фестивалот можете да ја видите тука



Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Промоција на книга за македонските Евреи од 16. до 19. век в четврток]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154260/Promocija-na-kniga-za-makedonskite-Evrei-od-16-do-19-vek-v-chetvrtok http://www.plusinfo.mk/vest/154260/Promocija-na-kniga-za-makedonskite-Evrei-od-16-do-19-vek-v-chetvrtok 2014-10-13 15:24:02 Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија в четврток со почеток во 12 часот ќе биде промовирана книгата  „Македонските Евреи во османлиските пописи од XVI и од XIX век“ од д- р Дрaги Ѓоргиев.

 

Книгата ќе ја промовира проф. д-р Софија Грандаковска.

 

Драги Ѓоргиев има завршено историја на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и факултет за ориетални јазици на Универзитетот во Сараево. Неколкупати престојувал во Туција на студии и специјализации, а од 1993 година редовно истражува во Османлискиот архив во Истанбул. Работи врз најраните османлиски пописи за територијата на Македонија од 15. и 16.век и е еден од ретките историчари во земјава што одлично ги познаваат современиот турски јазик и османлискиот јазик и ги преведува османлиските документи и литература.

 

Автор е на повеќе од 25 монографски труда и зборници со османлиски документи, како и на повеќе од 50 објавени статии во домашни и меѓународни списанија што ја обработуваат османлиската историја.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Промоција на книга од Димитар Мирчев]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154190/Promocija-na-kniga-od-Dimitar-Mirchev http://www.plusinfo.mk/vest/154190/Promocija-na-kniga-od-Dimitar-Mirchev 2014-10-13 09:51:06  

Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ утре во 18 часот ќе се одржи промоција на книгата „Ферментација на демократијата и на нацијата – сите македонски пролети од 1943 до 1993 година“ од проф. д-р Димитар Мирчев, во издание на издавачката куќа „Силсонс“од Скопје.

 

За најновото остварување на авторот ќе говорат амбасадорот Ристо Никовски и проф. д-р Далибор Јовановски.

 

Димитар Мирчев беше професор по политички науки, надворешна политика и меѓународни односи. Тој е поранешен проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, наставник на повеќе наши и странски универзитети.

 

Како амбасадор во Словенија и во Светиот престол во 1998 г. го доби од Папата Јован Втори највисокото одликување за неговите заслуги и дејност во дипломатијата, мирот и разбирањето меѓу народите.

 

Автор е многубројни трудови, учебници, монографии, студии и истражувања, посебно за нашиот политички живот. Добитник е на највисоките државни награди за остварувањата во областа на науката, образованието и културата.

 

 

Подготви: Ј.А.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо 

 

]]>
true
<![CDATA[Изложба „Експериментален цртеж“ во Дом на АРМ ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154179/Izlozhba-Eksperimentalen-crtezh-vo-Dom-na-ARM- http://www.plusinfo.mk/vest/154179/Izlozhba-Eksperimentalen-crtezh-vo-Dom-na-ARM- 2014-10-13 08:56:26
Изложбата „Експериментален цртеж 2014“ ќе биде отворена утре во 20 часот во галерискиот простор при Домот на Армијата, во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

На изложбата ќе се претстават ликовни автори, членови на Друштвото од цела Македонија. 
Изложбениот концепт на проектот „Експириментален цртеж“ претендира да го разработи процесот на револуционерното отстапување од институционалната вредност на цртежот и неговото ограничување на хартијата како фундаментален поддржувачки материјал, со цел да ја предизвика веќе прифатената дефиниција за негова презентација како едноставно дело на хартија. Селектираните дела ги трасираат основните на современиот цртеж почнувајќи од развој на линијата на пикторијален план, до неговите дигитални модификации.


Во оваа селекција ќе бидат прикажани цртежи кои можат да бидат дефинирани и како ко-продукт на други видови креативни процеси, ставајќи го акцентот на неговата интердисциплинирана, когнитивна, перформативна или комуникативна функција.

Изложбата е поддржана од Град Скопје и ќе трае две недели.


Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Алма Идризи на Есенскиот салон, каде учествувал и Пикасо]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154130/Alma-Idrizi-na-Esenskiot-salon-kade-uchestvuval-i-Pikaso http://www.plusinfo.mk/vest/154130/Alma-Idrizi-na-Esenskiot-salon-kade-uchestvuval-i-Pikaso 2014-10-12 12:09:31 Мултимедијалниот уметник Алма Идризи од Скопје, после поканата и учеството на Биеналето во Велс-Англија  каде што се претсави со 4 фотографии ќе учествува на интернационална изложба во најголемиот уметнички салон во Париз, Есенскиот Салон, каде ќе се претстави со фотографија.

 

Есенскиот Салон (Salon d’Autumne) одржува изложби уште од 1903 година.  Салонот е значаен токму по значајните уметници кои го формирале и на него учествувале уште на првата изложба во 1903 година, тој репрезентира имиња како Матис, Вијон и Бланш.

Во 1904 на Салонот се претставени 33 слики од Сезан, 62 од Редон, и 35 од Реноар. Во 1905 на него излагаат фовистите кои ги претсавуваат најголемите револуционери во сликарството во дваесеттиот век. Во 1903 тата меѓу излагачите се Роден, Леже, Шагал, Де Кирико...

Во 1923 тата година, во Салонот влегува Корбизие со својот современ град, а Кокто ја отвора вратата на седмата уметност - филмот.  Пикасо на овој Салон во 1945 година се претставил со 76 слики. Овие значајни имиња се дел од богатата историја на Салонот, поради која тој оправдано станува референца во историјата на уметноста на дваесеттиот век.

Алма Идризи е мултимедијален уметник чии дела се  претставени преку дигиталната фотографија, сликарство, цртеж, илустрација, видео, анимација, мода и изработка и дизајн на накит.

 

Таа е родена во 1985 година во Скопје, каде што живее и работи, почнувајќи со цртање и сликање од почетокот на 1998 година. Во годините 2010-2013 таа има учествувано на повеќе проекти за заштита на културното наследство во Македонија, финансирани од амбасадите  на САД. Својата работа почнува да ја изложува во текот на 2003 година во Музејот на современа уметност во Македонија, и оттогаш таа е претставена во бројни колективни и лична изложби и нејзините дела се дел од многу јавни и приватни колекции  во Македонија, Албанија, Косово, Турција, Аргентина , Уругвај, Италија итн.Нејзините интереси во уметноста се движат од примената на класичната уметност до современите уметнички типови на изразување. Таа ги проучува сите начини на уметничко изразување, експериментирајќи со мешањето на материјали и  уметнички јазици.  

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО „Љубовта е чудна работа“ во кината од 16 октомври]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154110/VIDEO-Ljubovta-e-chudna-rabota-vo-kinata-od-16-oktomvri http://www.plusinfo.mk/vest/154110/VIDEO-Ljubovta-e-chudna-rabota-vo-kinata-od-16-oktomvri 2014-10-12 10:19:49 Публиката ќе може да го погледне филмот ,,Љубовта е чудна работа’’ од 16 октомври. 


Приказната за сите генерации, зборува за врската и бракот, зборува за двајца мажи кои се обидуваат да изградат долг, заеднички живот и љубовта меѓу нив која прераснува во длабок и интимен однос.

 

„Животот си има свои препреки, но рано научив дека полесно се надминуваат ако им пристапиш со искреност“ е реченицата која Џорџ (Алфред Молина) ја изговара во една сцена од филмот можеби најдобро го опишува насловот на остварувањето ,,Љубовта е чудна работа'', кое режисерот Ајра Сакс внимателно го одбрал за да ги објасни сите тешки врски кои постојат на светот.

 


По 39 години поминати заедно, Бен и Џорџ решаваат да ја искористат можноста да се венчаат благодарение на новиот закон за геј бракови. Меѓутоа, по враќањето од меден месец, одеднаш тргнува на лошо: Бен добива отказ од долгогодишната позиција како хорски директор во Католичкото училиште и парот сфаќа дека повеќе не може да ја плаќа киријата за станот. Тие се принудени да се раздвојат и тоа за прв пат по повеќегодишен заеднички живот. Дали ќе успеат да ги надминат препреките или ќе се помират со ситуацијата дека не можат да останат заедно?

 


Во оваа трогателна драма на американскиот режисер Ајра Сакс главните улоги ги толкуваат брилијантните актери Џон Литгоу, Алфред Молина и Мариса Томеи. Филмот е прикажан на многу фестивали, како Берлинале, Трибека Филм Фестивал, Санденс Филм Фестивал.


Џон Литгоу кој ја толкува улогата на Бен, смета дека овој филм по многу нешта се разликува од останатите кои се занимаваат со слична тематика.

- Последните неколку години браковите меѓу ист пол беа многу актуелни. Но, она по што овој филм се разликува од останатите е мотивот на човечност кој е присутен. Имавме прилика да погледнеме многу филмови за врски меѓу постари хомосексуални парови, но не можам да се сетам на ниеден за постар геј пар, а ова остварување убаво отсликува една таква приказна - вели тој.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

]]>
true
<![CDATA[Во Concept 37 изложбата на плакати од Скопскиот џез фестивал ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154082/Vo-Concept-37-izlozhbata-na-plakati-od-Skopskiot-gzez-festival- http://www.plusinfo.mk/vest/154082/Vo-Concept-37-izlozhbata-na-plakati-od-Skopskiot-gzez-festival- 2014-10-11 16:41:59 Вечерва  со почеток во 21 часот, во концептуалниот кафе-бар Concept 37 ќе биде отворена изложбата на плакати од долгата историја на Скопскиот џез фестивал.

Присутните ќе имаат прилика преку промотивниот материјал на Фестивалот да се запознаат со програмата и учесниците на претстојното издание, како и да ги погледаат на едно место најуспешните дизајни на фестивалските плакати. Настанот ќе биде збогатен со настап на квартетот на Тони Китановски со џез-пејачката и пијанистка Анета Качуркова - вокал, пијано Тони Китановски - гитара, Кирил Туфекчиевски - контрабас и Дамјан Даневски - тапани.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до завршувањето на Скопскиот џез-фестивал, 19 октомври.



Подготви: Г.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Македонската литература претставена на саемот на книгата во Франкфурт ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154062/Makedonskata-literatura-pretstavena-na-saemot-na-knigata-vo-Frankfurt- http://www.plusinfo.mk/vest/154062/Makedonskata-literatura-pretstavena-na-saemot-na-knigata-vo-Frankfurt- 2014-10-11 13:57:50 На штандот на Република Македонија на Саемот на книгата во Франкфурт денеска се одржи централен настан со учество на писателите Луан Старова, Никола Маџиров и Лидија Димковска и музички перформанс на Зоран Маџиров.

Саемот почна на 8 октомври и ќе трае до утре. Комесар на претставувањето на македонската литература годинава е Здружението на издавачи и книжари на Македонија (ЗИКМ), а претставувањето е под слоганот Куќа на зборови, куќа на светови. Македонија на саемот има специјално дизајниран штанд и публикација со избор и превод на кратки извадоци од творештвото на 18 македонски автори. На штандот се претставени и капиталните проекти на Владата и Министерството за култура, како и Конкурсот за превод на дела на македонски автори од издавачки куќи од странство.

Македонската издавачка продукција минатиот месец беше претставена првпат и во Гетеборг, најголем саем на книгата во Скандинавија, а по Франкфурт претстои и учество на саемот во Истанбул, од 8 до 16 ноември 2014 година, каде комесар на Македонија ќе биде Сојузот на албанските издавачи. 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Раде Шербеџија организира аудиција за „Ослободување на Скопје“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153992/Rade-Sherbegzija-organizira-audicija-za-Osloboduvanje-na-Skopje http://www.plusinfo.mk/vest/153992/Rade-Sherbegzija-organizira-audicija-za-Osloboduvanje-na-Skopje 2014-10-10 17:06:49 За потребите на снимањето на филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија, ќе се одржат отворени аудиции за статисти од сите возрасти. Снимањето на филмот ќе започне на 31 октомври на повеќе локации низ Македонија.

 

Аудициите ќе се одржат по следниот редослед: Во Скопје на 16 и 17 октомври од 12 до 20 часот во просториите на МКЦ.
Во Велес на 18 октомври од 12 до 20 часот во просториите на НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ (стар театар). Во Битола на 19 октомври од 12 до 20 часот во просториите на Домот на културата.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Утре ќе се додели државната награда „11 Октомври“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153901/Utre-kje-se-dodeli-drzhavnata-nagrada-11-Oktomvri http://www.plusinfo.mk/vest/153901/Utre-kje-se-dodeli-drzhavnata-nagrada-11-Oktomvri 2014-10-10 09:31:45  


Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ утре во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12 часот, ќе ја додели наградата „11 Октомври“ за 2014 година за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.



Наградата за животно дело во областа на науката и образованието ќе им биде доделена на проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог и проф. д-р Зоран Тодоровски, историчар.


Во областа на културата и уметноста, наградата за животно дело ќе им биде доделена на Рамадан Шукри, музичар, педагог и диригент, Вања Лазарова-Димитрова, народен уметник и академик Катица Ќулавкова, писателка.


Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо



]]>
true
<![CDATA[Францускиот пистател Патрик Модиано ја доби Нобеловата награда за литература]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153842/Francuskiot-pistatel-Patrik-Modiano-ja-dobi-Nobelovata-nagrada-za-literatura http://www.plusinfo.mk/vest/153842/Francuskiot-pistatel-Patrik-Modiano-ja-dobi-Nobelovata-nagrada-za-literatura 2014-10-09 15:04:11 Францускиот писател Патрик Модиано е добитник на Нобеловата награда за литература за 2014 година, објави денеска Шведската академија. Во светот на литературата Модиано е познат како „Марсел Пруст на нашето време“, а неговите дела претежно се фокусираат на окупацијата на Франција од страна на нацистите.

Освен златен медал и диплома, писателот ќе добие и парична награда во износ од 691.000 евра. Како што образложува Академијата, наградата му е доделена на Модиани поради „уметноста на паметењето со која ги евоцира неизречливите човечки судбини и го разоткрива живиот свет под окупацијата“.

Писателот е роден во 1945 година во предградие на Париз, од татко бизнисмен и мајка актерка. Првата негова книга е објавена во 1968 година.

До сега вкупно 111 писатели ја добија Нобеловата награда за литература која се доделува од 1901 година. Минатата година со ова престижно признание се закити канадската авторка Алис Манро.



Подготви: М.В.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

]]>
true
<![CDATA[Старото градско јадро на Кратово заштитено со Закон]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153814/Staroto-gradsko-jadro-na-Kratovo-zashtiteno-so-Zakon http://www.plusinfo.mk/vest/153814/Staroto-gradsko-jadro-na-Kratovo-zashtiteno-so-Zakon 2014-10-09 13:23:16


Старото градско јадро на Кратово е прогласено за културно наследство од особено значење. Со ова се очекува да се уредат клучните прашања во поглед на заштитата на оваа споменична целина, како што се: идентификацијата на заштитеното добро, називот, категоријата, границите и контактната зона, режимот на заштита и управувањето на доброто. 

Според Министесрството за култура, градот Кратово со своите историски, архитектонски, урбанистички, 
градителските, уметнички, етнолошки и социолошки карактеристики и вредности што ги поседува, е еден од најзначајните споменици на културата на Република Македонија. 


Ова е четврти Закон со кој една споменична целина во земјава добива највисок степен на заштита. Со посебни закони се заштитени Старата скопска чаршија, градот Охрид и градот Крушево, а во фаза на изработка е и предлогот законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење.




Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо



]]>
true
<![CDATA[Вевчанската ликовна колонија „изложена“ и на интернет]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153797/Vevchanskata-likovna-kolonija-izlozhena-i-na-internet http://www.plusinfo.mk/vest/153797/Vevchanskata-likovna-kolonija-izlozhena-i-na-internet 2014-10-09 12:12:49 Македонскиот интернет простор од денеска е збогатен со уште еден веб-сајт посветен на уметноста -  www.artcolony.mk на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, која секое лето се организира во реномираниот ресторан „Виа Игнација“ во живописното Вевчани.

 

За време на петгодишното постоење, откако низ ликовната колонија продефилираа повеќе од педесет уметници, беа објавени десетици печатени публикации и беа организирани поголем број изложби, „Вевчанските видувања“ се етаблираат и на интернет просторот. Веб-сајтот има македонска и англиска верзија, а на неa можат да се најдат информации за историјатот на колонијата, фотографии од сликарите и од делата од 2010 до денес, електронска верзија на изработените каталози, како и соодветна контакт форма за комуникација со заинтересираните лица.

 

„Целта на оваа колонија е да претставува простор каде секоја година ќе се обединат голем број светски признаени уметници, кои инспирирани од убавините на Вевчани и неговите извори, ќе ја промовираат соработката и почитта помеѓу народите и државите и ќе создаваат уметнички дела кои ќе придонесуваат за поголемо меѓусебно запознавање и зближување“, велат од ликовната колонија „Вевчански видувања“.

 

Изминатите години со слики од Колонијата беа организирани поголем број изложби, меѓу кои и во Подгорица, Софија, Скопје, но и низ други градови во Македонија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Утре ќе се дознае кој е нобеловец за литература оваа година]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153755/Utre-kje-se-doznae-koj-e-nobelovec-za-literatura-ovaa-godina http://www.plusinfo.mk/vest/153755/Utre-kje-se-doznae-koj-e-nobelovec-za-literatura-ovaa-godina 2014-10-08 22:21:25 Еден ден пред да биде доделена нобеловата награда за литература, се води неизвесна трка помеѓу десетина писталие од кои на врвот на листата на популарноста се јапонскиот автор, Харуки Мураками и американскиот писател на научна фантастика, Филип Рот. Името на добитникот треба да биде објавено утре на пладне во Стокхолом.

Изминативе години Мураками често се спомнува како потенцијален добитник на ова престижно признание, додека Филип Рот во последните минути почна се искачи високо на листата. 

Шведската академија оваа година доби 210 номинации, од кои 36 автори се за прв пат предложени. Добитникот оваа година ќе понесе 693.000 евра, диплома и златен медал.

Освен овие двајца претенденти, во тесниот круг за нобелот се и кенискиот писател Нгуги Ва Тхионго, албанскиот Исмаил Кадаре, ураинската Светлана Алексиевич, Норвежанецот Џон Фосе, како и Азија Џебар од Алгерија.

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[„Деца на сонцето“ од утре во киното „Мис Стон“ во Прилеп]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153718/Deca-na-sonceto-od-utre-vo-kinoto-Mis-Ston-vo-Prilep http://www.plusinfo.mk/vest/153718/Deca-na-sonceto-od-utre-vo-kinoto-Mis-Ston-vo-Prilep 2014-10-08 15:26:05 Новиот македонски игран филм „Деца на сонцето“ по сценарио на Гордан Михиќ и во режија на Антонио Митрикески, утре со почеток во 20.30 часот премиерно ќе биде прикажан во киното „Мис Стон“ во Прилеп, а на проекцијата ќе присуствува дел од екипата.

 

Филмот ќе се прикажува една недела, а влезниците ќе чинат 100 денари. Ова е трет игран филм на Митрикески, кој има прилепско потекло. Светската премиера „Деца на сонцето“ ја имаше на фестивалот „Браќа Манаки“.

 

Филмот раскажува социјална приказна за македонско семејство, а е снимен во Преспа, како недоволно искористена локација. Улогите ги толкуваат Ивана Павлаковиќ, Владо Јовановски, Кире Ѓоревски, Билјана Таневска, Милица Стојанова и други.

 

Набрзо по овој филм, прилепчани ќе имаат можност на големото платно да го проследат фестивалот на новиот германски филм, како и, исто така новиот, македонски филм „До балчак“, по сценарио на Горан Стефановски и во режија на Столе Попов.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Творештвото на Ацо Шопов достапно на порталот „Лирскиот дом на Ацо Шопов“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153716/Tvoreshtvoto-na-Aco-Shopov-dostapno-na-portalot-Lirskiot-dom-na-Aco-Shopov http://www.plusinfo.mk/vest/153716/Tvoreshtvoto-na-Aco-Shopov-dostapno-na-portalot-Lirskiot-dom-na-Aco-Shopov 2014-10-08 15:15:09 На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, во организација на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности, денеска  беше промовиран неколкујазичниот интернетски портал „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ – прв интернетски портал од ваков вид кај нас и содржински најобемен интернетски портал зад кој стои издавачката куќа „PHI“ од Луксембург.

 

Салата за седници на Филолошкиот факултет во Скопје беше претесна за да ги собере сите почитувачи на големиот македонски поет коишто дојдоа на оваа свеченост со која најреномираната високообразовна институција за филологија во земјава го одбележа големиот јубилеј - 70 години од објавувањето на првата поетска книга во слободна Македонија, „Песни“ од Шопов.

 

Промоцијата започна со поздравна реч на деканот на Филолошкиот факултет, проф. д-р Славица Велева, по што слово за Шопов и за интернетскиот портал одржа проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, раководител на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности.

 

- Периодот од 1944 година кога се појавува неговата прва стихозбирка, па сè до 1950 година, критичарите го оценуваат како прв творечки круг на Ацо Шопов. Уште во овој прв период тој се манифестира како изразит лиричар, кој со своето творење го одбележува почетокот на субјективната, интимна лирика во современата македонска книжевност. Ацо Шопов систематски го гради својот поетски израз, меѓутоа тој не станува жртва на ниту една литературна школа. Создава/твори со уверување дека осовременувањето на поетскиот израз претставува услов за неговиот опстанок и причината за неговото постоење. Вториот творечки период на Шопов се случува меѓу 1952 и 1957 година, и него го одбележуваат стихозбиркитe „Стихови за маката и радоста“ и „Ветрот носи убаво време“. Сепак, збирката „Стихови за маката и радоста“ (1952) се доживува како пресвртница не само во неговото творештво, туку и воопшто во македонската литература. Имено, таа, тогаш доживеана како контраверзна збирка, ја разгорува книжевната конфронтација меѓу ’реалистите’ и ’модернистите’/’интимистите’ околу природата на реалистичната уметност, како и за светското искуство на авангардизмот и модернизмот и нивната примена во литературата - рече Мојсова - Чепишевска.

 

Поопстојно „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ го претстави Јасмина Шопова, носител на проектот, препејувач и ќерка на поетот.

 

- „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ е виртуелен простор во којшто отсега ќе живее поезијата на татко ми, нејзините препеви, нејзините аудио-визуелни интерпретации, освртите кон неговото творештво, како и споменот за него. Покрај просторијата посветена на неговиот живот, во неговиот Лирски дом можете да ја посетите библиотеката што содржи избор од неговите книги, да навратите во читалницата за да прочитате или слушнете неколку песни, да ја разгледате галеријата на неговите ликовни и литературни портрети и да се потсетите или да ги откриете настаните што му беа посветени во последниве години. Постојат и други простории, но  најубаво е самите да ги откриете на www.acosopov.com. Порталот допрва содржински ќе се збогатува и ќе се развива и на други јазици” – порача Шопова.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Овации за Македонската филхармонија во Загреб]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153713/Ovacii-za-Makedonskata-filharmonija-vo-Zagreb http://www.plusinfo.mk/vest/153713/Ovacii-za-Makedonskata-filharmonija-vo-Zagreb 2014-10-08 14:57:15
Македонската филхармонија, која годинава слави седум децении постоење, своето високо професионално ниво го покажа и пред загрепската публика, во понеделникот во познатата концертна сала „Ватрослав Лисински“, која беше исполнета до последното место.


Публиката не можеше да ја скрие среќата што пред себе гледа еден друг симфониски оркестар кој доаѓа од соседството и кој може да се носи рамо до рамо со другите големи ансамбли од регионот. 

Загрепската публика со овации ги поздрави филхармоничарите, маестро Борјан Цанев и солистот од Германија, виртуозот на виолончело Даниел Милер-Шот, уживајќи во комплексната и во истовреме интересна програма (Шахов, Лало, Штраус и Барток), а тие возвратија со бис, со изведбата на „Пајдушко“ од Сони Петровски. И делото на Панде Шахов, неговиот „Прелудиум“, како и делото на Петровски беа особено атрактивни за хрватската публика, која, очигледно, уживаше во македонската мелоритмика.

- Во главниот хрватски град публиката има високи критериуми за класична музика и не знаев како таа ќе ја прифати Македонската филхармонија. Но, среќна сум од позитивните реакции, од тоа дека концертот беше видно посетен, имаше многу публика, а особено што оркестарот покажа високо ниво на музицирање. Се надеваме дека од овој настап ќе произлезат и други концерти во регионот - рече директорката на Филхармонија, Маја Чанаќевиќ.


Гостувањето на Македонската филхармонија во Загреб се случува по пауза од 15 години и позитивни оценки доаѓаа особено од повозрасната музичка публика која била сведок на концертите во минатото. Дел од посетителите беа видно изненадени од големиот квалитативен исчекор на оркестарот на Македонската филхармонија во однос на звукот и неговата компактност. Македонската филхармонија во своите редови денес има многу млади музичари кои со својата енергија, младешки елан и ентузијазам придонесуваат во квалитетот, но во истовреме, има и мошне искусни, реномирани имиња кои пак, ја носат зрелоста. 

Задоволството од настапот на Македонската филхармонија не го криеја ниту директорот на Концертната дирекција Загреб, Јоси Налис, ниту, пак, директорот на Словенечката филхармонија, Дамјан Дамјановиќ, кои по завршувањето на концертот изјавија дека се надеваат на уште многу вакви гостувања.



Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Со „Два живота“ ќе се отвори 10-тото издание на Фестивалот на нов германски филм]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153711/So-Dva-zhivota-kje-se-otvori-10-toto-izdanie-na-Festivalot-na-nov-germanski-film http://www.plusinfo.mk/vest/153711/So-Dva-zhivota-kje-se-otvori-10-toto-izdanie-na-Festivalot-na-nov-germanski-film 2014-10-08 14:49:12 Со почетокот на проекцијата на филмот „Два живота“ в петок во 19 часот во скопското кино „Милениум“, ќе стартува 10-тото издание на Фестивалот на нов германски филм, кој го организира амбасадата на Германија во Скопје со поддршка на ПроКредит Банка.

 

Во текот на следните денови, публиката во неколку градови ќе може да проследи вкупно 10 играни филма, плус два детски филма и два документарци.

 

Новата амбасадорка на Германија, д-р Кристине Алтхаузер ја презема „палката“ од својата претходничка и со голем ентузијазам го очекува новото издание на фестивалот.

 

- Ми претставува особено задоволство што имам можност да ви го претставам  10. Фестивал на новиот германски филм. Тој е најголемото достигнување на културната дејност на Германската амбасада во Скопје и се одржува во соработка со нашиот докажан партнер, ПроКредит Банка. Филмовите нудат можност за прикажување на нашата земја и нејзините култура и општество во сета нејзина разновидност пред голема публика. Нашите филмови раскажуваат приказни за луѓе и за нивните различни судбини, играат во различни времиња, од Првата светска војна до падот на Берлинскиот ѕид. Тоа што прикажуваме филмови во оригинал со превод сигурно ќе израдува голем број на луѓе, и млади и стари, кои го изучуваат и зборуваат германскиот јазик. Прекрасно е: јазикот на филмовите е универзален и разбирлив за сите гледачи. 10 години германски филмови, од Скопје преку Куманово, Тетово, Прилеп, Битола, Кавадарци, Штип, Велес, Струмица и како десетти град, Охрид, „бисерот на Балканот“, тоа е успешна приказна која сакаме да ја продолжиме со многу ентузијазам. Се надевам, заедно со сите организатори, дека ќе има многу, многу посетители - вели германската амбасадорка.

 

И оваа година, сите претстави во Скопје, освен свеченото отворање (Кино Милениум), ќе се прикажуваат во киното Фросина во МКЦ, со почеток во 19, 20 и 21 часот, како и викендот од 11 часот за проекциите наменети за најмладите, во периодот од 11 до 16 октомври.

 

Репертоарот на овој фестивал изобилува со избор за сите вкусови, од филмови за најмладите, преку драмите до документарците во кои граѓаните на Скопје, заедно со Велес, Куманово, Штип, Тетово, Прилеп, Битола, Струмица, Кавадарци и Охрид, ќе можат да го проследат и десеттото издание.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Нова опрема за четири театри]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153690/Nova-oprema-za-chetiri-teatri http://www.plusinfo.mk/vest/153690/Nova-oprema-za-chetiri-teatri 2014-10-08 13:28:51

Драмскиот театар, Битолскиот театар, Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип и Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид добија современа техника како дел од проектот на Министерството за култура за набавка на сценска, светлосна и тонска опрема за театрите.

Во рамките на тригодишниот проект предвидено е опремување на девет од постоечките 15 театри во Македонија. До крајот на 2015 ќе се осовремени и техниката во Театарот „Комедија“, Театарот за деца и младинци, Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово и Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. 

Дел од добиената опрема се: разни видови рефлектори, ламби, пултови, филтри и соодветни кабли за напојување, звучници, засилувачи на звук, аудио-миксери, микрофони, реквизити, како и друга сценска, светлосна и тонска опрема.


Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Снимете филм и пријавете се за Мобил фестивал]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153663/Snimete-film-i-prijavete-se-za-Mobil-festival http://www.plusinfo.mk/vest/153663/Snimete-film-i-prijavete-se-za-Mobil-festival 2014-10-08 11:27:17


Петтото издание на Интернационалниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон Мобил Фестивал ќе се одржи oд 27 до 29 ноември 2014 во Скопје, во организација на КТ Филм и Медиа од Битола.


Филмовите од јуниор, натпреварувачката, регионалната и интернационалната програма на Мобил Фестивал и оваа година ревијално ќе бидат прикажани и низ други градови во Македонија.

Конкурсот за фестивалот е отворен во текот на целата година и може да учествува секој кој ќе испрати филм снимен со мобилен телефон. Времетраење на филмот треба да биде до 10 минути. Пристигнатите филмови ќе бидат оценети од жири комисија и ќе се натпреваруваат за Прва награда од жирито за најдобар филм „Лале“ и Награда за најинвентивен филм. Крајниот рок  за пријавување за овогодинешниот фестивал е 20-ти ноември. Филмовите кои ќе пристигнат после овој датум ќе влезат во конкуренција на Мобил Фестивал 2015.

Главната награда за најдобар филм „Лале“, е посветена на Ратка Илиевска – Лале, жената што сиот свој живот го посвети на филмот и преку својата работилница „Едвуд“ едуцираше огромен број филмаџии, писатели, уметници.


Мобил фестивал е со меѓународен карактер и е единствен фестивал од ваков вид во регионот, и оваа година особен акцент ќе биде ставен на регионалната соработка. Наградените филмови на Мобил фестивал добиваат и своја промоција на најголемите светски фестивали од овој вид како International Mobil Film Festival од Сан Диего, САД, MINA (Mobile Innovation Network Aotearoa) од Нов Зеланд, Hong Kong Mobile Film Festival (HKMFF) од Хонг Конг, Seoul international Extreme-Short Image & Film Festival (SESIFF) од Јужна Кореја и многу други.

Условите за пријавување и испраќање на филмови за учество на фестивалот се достапни на веб страната на Мобил фестивал www.mobilefestival.net.




Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо





]]>
true
<![CDATA[Џифони фестивал вечерва се отвора со „Мафијата убива само на лето“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153648/Gzifoni-festival-vecherva-se-otvora-so-Mafijata-ubiva-samo-na-leto http://www.plusinfo.mk/vest/153648/Gzifoni-festival-vecherva-se-otvora-so-Mafijata-ubiva-samo-na-leto 2014-10-08 10:19:27 Филмскиот фестивал за млади Џифони Македонија ќе биде отворен вечерва во 19.30 часот со проекција на филмот „Мафијата убива само на лето“, во киното „Милениум“ во Скопје. 

Настанот го организираат Министерството за култура на Република Македонија, Агенцијата за филм на Република Македонија, Giffoni Experience од Република Италија и Амбасадата на Република Италија.


Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо





]]>
true
<![CDATA[ Министерство за култура: Со голема сериозност се гради Струмичкиот театар]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153617/-Ministerstvo-za-kultura-So-golema-serioznost-se-gradi-Strumichkiot-teatar http://www.plusinfo.mk/vest/153617/-Ministerstvo-za-kultura-So-golema-serioznost-se-gradi-Strumichkiot-teatar 2014-10-08 08:13:04
Струмичкиот театар е капитален проект кој се наоѓа во програмата на Владата и на Министерството за култура и од тука, со навистина голема сериозност, се реализираат сите фази од изградбата на овој сложен објект, реагира Министерството за култура на пишувањата на Плусинфо и А1он дека стагнира изградбата на Струмичкиот театар.


„Потсетуваме дека во изминатиот период беа изработени сите проекти кои се однесуваат на архитектурата, статиката, сценските технологии, акустиката и ентериерот на објектот. Исто така беше извршено рушење на одредени ѕидови но, од страна на изведувачот и на стручниот надзор беше констатирана и слабост на квалитетот на остатоците од објектот кои беше неопходно да се заменат со нови градежни материјали. За таа цел беше изготвен посебен проект кој беше доставен на ревизија до ГИМ-Скопје, до ИЗИС и до Управата за заштита на културно наследство заради добивање позитивно конзерваторско мислење. Постапката е во целост завршена и активностите околу изградбата на театарот продолжуваат со зголемен интензитет“, објаснуваат од Министерството.



Надлежна институција за изградбата на Струмичкиот театар е Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Струмица, а Министерството за култура континуирано го следи степенот на реализација на проектот за кој се обезбедени средства во буџетот за оваа и за наредната година.

 

„Ние навистина не очекуваме разбирање за реализацијата на фазите на овој сложен проект од одредени структури кои никогаш немаат изградено театар или друг објект кој е во функција на културата во Република Македонија. Делата говорат за заложбите на Министерството за култура во исполнувањето на сето она што е ветено пред граѓаните. Министерството за култура досега изгради повеќе значајни објекти со кои се унапредија состојбите во културата, објекти со кои се гордее македонската јавност. Сите проекти кои се ветени во програмата на Владата на РМ и Министерството за култура се реализирани или се реализираат и во оваа смисла сметаме дека не треба да постои никаква загриженост бидејќи струмичани наскоро ќе го добијат својот нов театар“, се вели во писмената реакција од Министерството. 

 


Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо





]]>
true
<![CDATA[ГАЛЕРИЈА Дефиле на авангардата во МКЦ-Скопје в петок]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153562/GALERIJA-Defile-na-avangardata-vo-MKC-Skopje-v-petok http://www.plusinfo.mk/vest/153562/GALERIJA-Defile-na-avangardata-vo-MKC-Skopje-v-petok 2014-10-07 14:16:29 Во Младинскиот културен центар во Скопје в петок ќе се одржи Intermedia Day, несекојдневен настан кој ќе ги обедини уметничките изрази кои ја одбележуваат ерата во која живееме.

 

Манифестацијата ќе претстави дузина уметнички форми, кои ги допираат, а на моменти и надминуваат, границите на конвеционалните ликовни и музички уметности. Богатата програма предвидува: изложба, работилница, инсталација, мултимедијални перформанси, па дури и ревија на сајбер-мода. Формалниот дел ќе биде заокружен со ултимативно клабинг доживување - настапи на врвни диџејски имиња.

 

На фестивалот учествуваат млади, но веќе признати уметници од нашата земја и регионот (Словенија, Бугарија и Србија).

 

Иван Шопов е мултиталентиран уметник кој доаѓа од Софија, а на Intermedia Day ќе одржи работилница за продукција на електронска музика, а потоа ќе присуствува на отварањето на изложбата на негови графики „Светла и сенки“, за кон крајот на вечерта да настапи и со диџеј сет како COOH.

 

Марко Батиста е најпознатиот уметник на полето на новите медиуми во Словенија. Овој иновативен креативец во Скопје ќе се претстави со перформансот „Monotube“, кое својата светска премиера ја доживеа минатиот месец на познатиот фестивал за визуелна уметност „Лумина“ во Португалија.

 

Боб Милошевиќ е псевдонимот на еден од најдобрите визуелни уметници од Белград, кој минатата година доби низа признанија за експерименталниот филм „Peoplemeter“. Авторот, кого може да го сретнете и под уметничкото име Изванредни Боб, односно Incredible Bob, во Скопје ќе присуствува на проекцијата на својот филм, а веднаш потоа - во музичкиот дел на вечерта, ќе постави автентична визуелна декорација и ќе настапи со свој виџеј сет.

 

Ивана Пирковска ѝ припаѓа на најмладата генерација на наши ликовни уметници. На Intermedia Day, премиерно ќе го постави триплетот инсталации „ВИЕ“, кој е логичка прогресија на нејзиниот прв самостоен проект „Виртуелизација на простор-времето“. Се работи за минималистичко концептуално дело, во кое носечка улога има играта на основните геометриски форми.

 

Мелани Димитровска е наша модна дизајнерка со автентичен и авангарден пристап во своите креации. Од изборот на материјалите, до самиот дизајн - нејзините дела пленат со врвна естетика базирана на минимализам, апстрактност и футуризам - своевидна сајбер-мода. Во МКЦ ќе имаме прилика да видиме промоција на нејзините модели, на начин кој и прилега на нејзините колекции - несекојдневен и луциден.

 

Intermedia Day ќе започне во 18 часот со работилница за продукција на електронска музика, во 20 часот е предвидено отварањето на изложбата „Светла и сенки“, а еден час потоа започнуваат аудио-визуелните перформанси. Влезот за сите содржини е слободен.

 

Intermedia Day се одржува на иницијатива на Скопје Вавилон - нова форма на активизам, која веќе две години обединува креативни умови и стимулира активности за одржување и унапредување на културниот живот на Скопје.



Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Десетина наградени на конкурсот за стрип „Велес 2014“ ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153560/Desetina-nagradeni-na-konkursot-za-strip-Veles-2014- http://www.plusinfo.mk/vest/153560/Desetina-nagradeni-na-konkursot-za-strip-Veles-2014- 2014-10-07 14:09:48  


Стрип центарот на Македонија од Велес ги објави најдобрите стрипови од меѓународниот стрип конкурс кој е дел од интернационалниот стрип салон „Велес 2014“, кој ќе се одржи од 17 до 19 октомври во Ликовниот салон во Велес.

На конкурсот учествуваа стрип автори од сите континенти со вкупно 132 дела. Меѓу наградените има и македонски автори, а велат организаторите, радува фактот за континуираната појава на нови стрип имиња од македонската стрип сцена кои што заслужуваат поголема афирмација и внимание. 


Првата награда му е доделена на Саша Арсениќ од Србија за стрипот „Пут од пожутелог папира“. Втората награда ја делат Александар Стеванов (Македонија) и Кирси Салонен (Финска ) за стрипот „Вистинска љубов“ и Марко Стојановиќ и Синиша Бановиќ (Србија ) за стрипот „Терет“. Третата награда ја делат Виктор Шауер и Михаил Петруш (Чешка ) за стрипот „The smell of fear“, Денис Војда и Себастиан Скробол (Полска) за стрипот „Ghost kids“.

Специјална награда од организаторот добиваат Предраг Ѓуриќ и Франческо Конте за стрипот „Ashes to asshes“, Ангела Пиацентини за стрипот „Riding red ribbon“. Наградата за сценарио оди во рацете на Предраг Ѓуриќ од Србија, а за цртеж кај Јоана Младенова од Бугарија. 
Како најмлад учесник награден е Марко Миладиновиќ од Лесковац, Србија, за стрипот „Боље ишта него ништа“, а наградата до 18 години е за Ања Тановиќ, Нови Сад, Србија.


Посебна на града за учество како највозрасен учесник е доделена на Богдан Николиќ, Скопје, Македонија.
Специјални награди за соработка се доделени на училиште за стрип „Никола Митровиќ-Кокан“ Лесковац, Србија, Училиште за стрип Црна Гора, Основно училиште „Рајко Жинзифов“ Оризари, Велес, студио ТРЕМБЕЛАТ, Приштина, Косово и Асоцијација КОМИКАДЗЕ, Софија, Бугарија.





Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо





]]>
true
<![CDATA[Промоција на „Моите веди“ од Чејковска ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153523/Promocija-na-Moite-vedi-od-Chejkovska- http://www.plusinfo.mk/vest/153523/Promocija-na-Moite-vedi-od-Chejkovska- 2014-10-07 10:22:53
Книгата „Моите веди“ од Вера Чејковска, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2014 година, ќе биде промовирана утре во 12 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

За наградената книга ќе зборува д-р Наташа Аврамовска, а стихови ќе чита актерот Томе Витанов.

Вера Чејковска е македонски поет, есеист, доктор по физика и сеизмолог. Автор е на шест поетски книги. Со посебни избори е преведена на албански и англиски јазик а нејзините песни се преведувани уште на петнаесет јазици. Застапувана е во антологиски избори на македонската поезија. Ги добила наградите: „Млада струга“, „Кочо Рацин“, „Ацо Шопов“ и „Браќа Миладиновци“.  


Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо






]]>
true
<![CDATA[ Објавена збирката афоризми „In satira veritas“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153521/--Objavena-zbirkata-aforizmi-In-satira-veritas http://www.plusinfo.mk/vest/153521/--Objavena-zbirkata-aforizmi-In-satira-veritas 2014-10-07 10:18:27
Збирката афоризми „In satira veritas“ („Во сатирата е вистината“) денеска излезе од печат. Во книгата се собрани по 400 афоризми од Васил Толевски и од Миле Ѓорѓијоски. Има 50 илустрации на Миро Георгиевски, а рецензент е Драгутин Миниќ Карло од Србија.


Книгата со изборот афоризми ќе биде промовирна на 14 октомври во 18 часот на Интернационалниот фестивал на хумор и сатира „In Vinica veritas“ во Виница.Промотор ќе биде Драгутин Миниќ Карло, а специјални гости ќе бидат Александар Чотриќ и Бојан Љубеновиќ од Србија.


После промоцијата на книгата следи Вечер на балкански афоризам со Александар Чотриќ, Драгутин Миниќ Карло и Бојан Љубеновиќ од Србија, како и Васил Толевски и Миле Ѓорѓијоски од Македонија. 

 

Издавач на книгата е Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница. 


Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо






]]>
true
<![CDATA[„Матица македонска“ ќе подари двесте книги на библиотеката во Лешочкиот манастир]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153509/Matica-makedonska-kje-podari-dveste-knigi-na-bibliotekata-vo-Leshochkiot-manastir http://www.plusinfo.mk/vest/153509/Matica-makedonska-kje-podari-dveste-knigi-na-bibliotekata-vo-Leshochkiot-manastir 2014-10-07 09:42:06  

 

Книгоиздателството „Матица македонска“ ќе подари двесте книги на библиотеката при Духовно- културниот центар во Лешочкиот манастир.

 

Во колекцијата на книги застапени се дела од современите македонски писатели: Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Божин Павловски, Радован Павловски, Милан Ѓурчинов, Паскал Гилевски, Иван Чаповски, Раде Силјан,Веле Смилевски, Славе Ѓорго Димовски, Владимир Костов,Трајче Кацаров,Јован Павловски, Јован Дамјановски, Петре Димовски, Добре Тодоровски, Игор Крајчев и други.

 

Утре во 18 часот во манастирскиот камплекс ќе биде промоворан новиот роман „Мирисот на лагата“ од современиот македонски писател Јован Дамјановски, во издание на „Панили“ од Скопје.

 

 

Подготви: Ј.А.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо 



 

]]>
true
<![CDATA[Промоција на „Лирскиот дом на Ацо Шопов“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153490/Promocija-na-Lirskiot-dom-na-Aco-Shopov http://www.plusinfo.mk/vest/153490/Promocija-na-Lirskiot-dom-na-Aco-Shopov 2014-10-07 08:26:08
По повод 70 години од објавувањето на првата поетска книга во слободна Македонија, утре во 10 часот на Филолошкиот факултет во Скопје ќе се одржи промоција на неколкујазичниот интернетски портал „Лирскиот дом на Ацо Шопов“.


Интернетскиот портал на кој и на француски, шпански и германски е поместен голем дел од творештвото на Шопов и од искажувањата/толкувањата за поетскиот опус на еден од основоположниците на современата македонска поезија, а воедно и еден од најголемите поети на поезијата на југоисточна Европа на XX век, како и обемен, дигитализиран архивски материјал е прв проект од ваков вид во Република Македонија.

На промоцијата со поздравна реч ќе се обрати проф. д-р Славица Велева, декан на Филолошкиот факултет. Слово за поетот и за порталот на кој е објавен и обемен, дигитализиран архивски материјал ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, раководител на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности, по што содржините на порталот кој со оваа промоција, за првпат ќе биде претставен пред јавноста, поопстојно ќе бидат претставени од Јасмина Шопова, носител на проектот „Лирскиот дом на Ацо Шопов“, препејувач и ќерка на поетот. 

Иницијативата за овој интернетски портал, кој нуди панорама во зборови и слики на животот и делото на Ацо Шопов, обезбедени и преку личните архиви на неговата сопруга Светлана и на неговиот син Владимир (1948-2000), доаѓа од Ролан Кајзер, директор на издавачката куќа „PHI“ од Луксембург и од Јасмина Шопова. Токму издавачката куќа „PHI“ и технички го оформи и го одржува овој интернетски портал којшто воедно е и прв од ваков формат посветен на македонски автор - онаков каков што и заслужува еден од основоположниците на современата македонска книжевност и еден од најголемите поети на југоисточна Европа на XX столетие.

Појавата на овој интернетски портал е од големо значење за современата македонска култура, бидејќи овозможува на медиум на новото време, во дигитална форма, на едно место, обемен материјал од и за еден од авторите чиј творечки опус е вграден во естетската вертикала на современата македонска поезија да биде подостапен за сите почитувачи, но и за сите сегашни и идни проучувачи, толкувачи и препејувачи на неговото творештво. 


Порталот и понатаму ќе биде збогатуван со нови содржини – препеви и преводи и на други јазици, како и нови толкувања и вреднувања на поетскиот опус на Шопов.

Фотографијата што е објавена го прикажува Ацо Шопов како го чита својот говор на Вториот конгрес на Народноослободителиот младински сојуз на Македонија (јануари 1945 г.), кога примероци од првата поетска книга во слободна Македонија биле поделени на сите учесници.


Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо





]]>
true
<![CDATA[Професорот Ладислав Цветковски изложува во Софија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153489/Profesorot-Ladislav-Cvetkovski-izlozhuva-vo-Sofija http://www.plusinfo.mk/vest/153489/Profesorot-Ladislav-Cvetkovski-izlozhuva-vo-Sofija 2014-10-07 08:18:31 Пред бројна публика, претставници од дипломатскиот кор и институции од културата во Бугарија, синоќа во КИЦ на Македонија во Софија беше отворена изложбата „Дигитални отпечатоци“ од Ладислав Цветковски. 


Низ 15 изложени дела од последните години од авторскиот опус на професор Цветковски, беше презентирана една несекојдневна ликовна приказна во која со посредство на дигиталната технологија беше раскажана една топло обоена приказна за комуникацијата помеѓу архетипското и симболиката на новото виртуелно информатичко доба.


Изложбата ја отвори директорот на КИЦ на Македонија во Софија Васко Шутаров, а на присутната публика и се обрати и авторот Цветковски.


Професор Ладислав Цветковски е ликовен уметник, графички дизајнер и универзитетски професор-раководител на катедрата за графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, учесник на бројни изложби во земјата и странство, добитник на значајни награди за цртеж и графички дизајн.

 

Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо





]]>
true
<![CDATA[Македонија ќе има штанд на Саемот на книгата во Франкфурт]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153425/Makedonija-kje-ima-shtand-na-Saemot-na-knigata-vo-Frankfurt http://www.plusinfo.mk/vest/153425/Makedonija-kje-ima-shtand-na-Saemot-na-knigata-vo-Frankfurt 2014-10-06 14:04:39 Македонската литература ќе биде претставена на 65. Саем на книгата во Франкфурт од 8 до 12 октомври. Здружението на издавачи и книжари на Македонија (ЗИКМ) ќе биде комесар на сеопфатната презентација на македонски автори и издавачи под слоганот „Куќа на зборови, куќа на светови“.

 

Претседателот на ЗИКМ Горјан Лазаревски е задоволен што по неколку години пауза, повторно Здружението ќе ја има улогата на комесар во Франкфурт - на најатрактивниот и најголем саем на книгата во светот. Очекува успешно претставување и контакти на македонски издавачи со странски агенти. Најави дека централниот настан на македонскиот штанд ќе биде на 11 октомври во 11 часот, а во него ќе учествуваат писателите Луан Старова, Никола Маџиров и Лидија Димковска, со музички перформанс на Зоран Маџиров.

 

Првиот сегмент е насловен „Пишување (надвор од) дома“ и опфаќа автори и дела кои тематизираат дом и (не)вдоменост, а симболично е ислустриран со „Охридска куќа“. Вториот сегмент „Умешностите на занаетот“ содржи мајсторски книжевни остварувања симболично поврзани со познатата Филигранска пеперутка и третиот сегмент „Отклучување на интимата“ со дела и автори кои се занимаваат со емоционален, еротичен, исповедно реалистичен дискурс, а е стилизиран со илустрација на Големата мајка.



Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Промоција на книга за Димитар Ќостаров]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153384/Promocija-na-kniga-za-Dimitar-Kjostarov http://www.plusinfo.mk/vest/153384/Promocija-na-kniga-za-Dimitar-Kjostarov 2014-10-06 11:49:24

Книгата „Димитар Ќостаров – Реалистичка поетика и естетика на еден режисер“ од д-р Ана Стојаноска ќе биде промовирана во среда во 12 часот на Факултетот за драмски уметности – Скопје.


На несекојдневниот театарски настан, присутните ќе ги видат и слушнат Никола Ристановски, еден од најзначајните македонски актери, театрологот д-р Јелена Лужина, Љупка Џундева, примадона на македонскиот театар – актерка на Ќостаров, фрагменти од една од најзначајните претстави на Македонскиот народен театар, деканот на Факултетот за драмски уметности – Скопје, м-р Лазар Секуловски и авторката д-р Ана Стојаноска.


Книгата е невообичаена монографија за работата на еден од основачите на Македонскиот народен театар – Скопје, првиот управник и директор на Драмата на МНТ, режисер, основоположник на македонскиот режисерски театар, педагог и едукатор. Во книгата се објавени досега непознати податоци за животот и работата на Димитар Ќостаров, со голем број фотографии и респектабилен театрографски материјал. Книгата е објавена со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.


Д-р Ана Стојаноска (1977), театролог, доцент по предметите македонска драма и театар, историја на светска драма и театар, компаративна книжевност на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Пишува научни студии, раскази, поезија, драми. Пишувала и театарски критики во дневниот весник „Дневник“. Автор е на неколку книги, многу научни текстови, учесник на голем број домашни и меѓународни симпозиуми. 

 


Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо





]]>
true
<![CDATA[Почина основачот на рускиот театар „Таганка”, Јуриј Лјубимов]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153330/Pochina-osnovachot-na-ruskiot-teatar-Taganka-Jurij-Ljubimov http://www.plusinfo.mk/vest/153330/Pochina-osnovachot-na-ruskiot-teatar-Taganka-Jurij-Ljubimov 2014-10-05 19:36:18

Основачот на московскиот театар „Таганка“ Јуриј Лјубимов починал утрово во Боткинската болница во Москва, пренесоа руските новински агенции.


Режисерот и народен уметник Јуриј Лјубимов бил примен во болницата во четвртокот во исклучително тешка состојба. Независно од спроведената интензивна терапија и употреба на најсовремени методи на дијагностика и лекување во Боткинската болница, Јуриј почина на 98 години.

Лјубимов играл на сцените на Студио МХАТ, театарот „Вахтангов“, основач е на театарот „Таганка“, каде режирал околу 50 изведби.






]]>
true
<![CDATA[Изложба на Ладислав Цветковски во Софија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153283/Izlozhba-na-Ladislav-Cvetkovski-vo-Sofija http://www.plusinfo.mk/vest/153283/Izlozhba-na-Ladislav-Cvetkovski-vo-Sofija 2014-10-05 13:03:03


Утре во 18.30 часот, во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, Бугарија, ќе биде отворена изложба на проф. Ладислав Цветковски со наслов „Дигитални отпечатоци“. Изложбата ќе ја отвори директорот Васко Шутаров, а публиката во Софија ќе може да ја види до 16 октомври. Ова е прво претставување на дела на проф. Цветковски во Софија а проектот е поддржан од Министерството за култура на Македонија.


Ладислав Цветковски работи како ликовен уметник, графички дизајнер и универзитетски професор. Во текот на целото работно искуство интензивно работи и ги истражува технолошките и изразните можности на електронските медиуми во уметноста, а во последно време се фокусира на изразните можности на дигиталната технологија во визуелните уметности. Како резултат на тоа истражување се произлезени магистарскиот труд и изложбите во периодот меѓу 2002-2014 година.

 

Во изминатиот период дизајнирал значајни монографски изданија, како и различни проекти за институциите од областа на културата и уметноста, Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Македонската академија на науките и уметностите, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, меѓународни институции и повеќе издавачки куќи. За Монографијата „Икони од Музејот на Македонија“ ја добил наградата за најдобро дизајнирана публикација во 2004 година.Член е на ДЛУМ од 1990 год.

Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо



 

]]>
true
<![CDATA[Свечен собир во чест на првата поетска книга на Ацо Шопов]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153274/Svechen-sobir-vo-chest-na-prvata-poetska-kniga-na-Aco-Shopov http://www.plusinfo.mk/vest/153274/Svechen-sobir-vo-chest-na-prvata-poetska-kniga-na-Aco-Shopov 2014-10-05 11:57:22
Свечен собир по повод 70-годишнината од објавувањето на првата поетска книга на македонски јазик во слободна Македонија, стихозбирката „Песни“ од Ацо Шопов (1944) ќе се одржи во вторник во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија. 


Свечениот собир ќе го отвори претседателот на ДПМ Веле Смилевски, а за литературно-историските аспекти на „Песни“ од Ацо Шопов ќе зборува Соња Стојменска Елзесер. Средбата ќе биде збогатена со искажување на Гордана Михаилова Бошнакоска  на тема „Очите и љубовта во поезијата на Ацо Шопов“ и со сеќавања на Михаил Ренџов за Ацо Шопов. Стихови од „Песни“ на Шопов ќе кажува Александра Велинова во придружба на гитара на Петар Ренџов. Средбата ќе ја модерира Јасмина Шопова.


По повод одбележувањето на овој значаен книжевен датум издавачката куќа „Сигмапрес“ објави фототипско издание на книгата „Песни“ од Ацо Шопов. Реализаторот на овој оригинален издавачки проект, Маја Бојаџиевска, ќе има искажување на тема „Седумдесет години подоцна“.


Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо



 

]]>
true
<![CDATA[Аплаузи за првиот концерт на Македонската филхармонија во новата сезона]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153112/Aplauzi-za-prviot-koncert-na-Makedonskata-filharmonija-vo-novata-sezona http://www.plusinfo.mk/vest/153112/Aplauzi-za-prviot-koncert-na-Makedonskata-filharmonija-vo-novata-sezona 2014-10-03 14:56:42 Со долги аплаузи, овации и извици „браво“ вчеравечер беше поздравен концертот на Македонска филхармонија со кој синоќа, во Македонскиот народен театар, стартуваше новата сезона на нашата музичка институција.

 

Виолончелистот од Германија, солистот Даниел Милер-Шот, и пред македонската публика го потврди епитетот виртуоз на својот инструмент, со врвната интерпретација на Концертот за виолончело и оркестар од Едуард Лало. Неговата изведба зрачеше со топлина, сензуалност, со емотивен пристап кон романтично-патетичното дело на францускиот композитор, а во истовреме, ја наметнуваше и онаа позната германска строгост и дисциплина што му даде тежина на прекрасното дело. Милер-Шот два пати беше вратен на бис.

 

Оркестарот на Македонската филхармонија, предводен од искусната палка на нашиот маестро Борјан Цанев, фасцинираше и во изведбата на мошне комплексните - „Прелудиум“ од Панде Шахов, „Дон Жуан“ од Рихард Штраус и „Танц свита“ од Бела Барток.

 

Овој концерт претставуваше своевидна увертира кон настапот на Македонската филхармонија во Загреб, кој ќе се случи в понеделник во прочуената концертна сала „Ватрослав Лисински“. Со оглед на мошне успешниот скопски концерт, филхармоничарите се надеваат дека нема да ги изневерат очекувањата и на загрепската музичка публика.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true