Вести од рубриката: ЛЕТНА ШЕМА http://www.plusinfo.mk/style/images/logo.jpg +Инфо http://www.plusinfo.mk http://www.plusinfo.mk RSS вести од рубриката: ЛЕТНА ШЕМА 2011-06-26 12:41:57 en-us <![CDATA[Во шареното Полихроно спокојно и прифатливо]]> http://www.plusinfo.mk/vest/6238/Vo-sharenoto-Polihrono-spokojno-i-prifatlivo http://www.plusinfo.mk/vest/6238/Vo-sharenoto-Polihrono-spokojno-i-prifatlivo 2011-06-26 12:41:57 Полихроно, малечкото туристичко гратче на првиот крак на полуостровот Халкидики, речиси повеќе од деценија за македонските туристи беше во сенка на блиските Ханиоти и Пефкохори, кои имаат повеќе хотели и побогат ноќен живот од Полихроно, но полека почнува да им го презема приматот. Главно кај луѓето на кои им е најбитно морето и плажата и сакаат само спокоен, „пензионерски“ одмор, а младите може да бидат малку разочарани, оти само едно кафуле ја игра улогата на ноќен клуб. Но, не очајувајте - динамичното Ханиоти е многу блиску.

Најголемиот дел македонски туристички агенции го имаат во својата понуда ова гратче, кое и во Грција, која многу се грижи околу квалитетот на морската вода, важи за едно од неколкуте места со најчиста вода. Во понуда се студија и апартмани, во кои исхраната е целосно во ваша режија, но има и понуди за еден од трите повпечатливи и поголеми хотели.

Полихроно, чие име на македонски би можело да се преведе како „повеќебојно, шарено“ не зафаќа голем простор, а претежно се состои од вили за туристите. А нив ги има најмногу од Србија, Македонија, Словакија, но има и Чеси и Полјаци, поретко Бугари и Романци.

Исхраната во сопствена режија не би требало да биде голем проблем, оти цените таму се само за околу 50 отсто повисоки од македонските, но некои се и изедначени, а на толку мал простор има дури пет супермаркети, кои понекогаш се натпреваруваат со снижувања. Секако, има и помали маалски дуќанчиња.

Пријатното шеталиште долж плажата, кое станува корзо навечер, е начичкано со рибји таверни, пицерии и гиро-ресторани, а цените се движат од 1,90 евра за гиро-сендвич до триесетина евра за некоја специјална порција морска храна. Добра пица и сок би можеле да добиете веќе за 8 евра. Се разбира, угостителски објекти има и внатре во гратчето, и се малку поевтини отколку на плажата.

Времето во јули и август е сончево, а многу ретко може да се случи наутро да има ветер, кој малку ја разматува водата, но околу 10 часот морето е веќе мирно и прекрасно.

Мана на Полихроно е тоа што плажата е многу тесна, па се создава гужва, а ако сакате послободно да дишете, може и да користите лежалка бесплатно цел ден, ако од некоја таверна или кафуле си порачате само еден сок, макијато или пиво. Тоа ќе ве чини од 2 евра па нагоре.

Продавници за летни реквизити има речиси на секој чекор, а цените се само малку повисоки отколку во Македонија. Чадор за сонце можете да купите, на пример, веќе за 2,60 евра - но во супермаркет.

Како и речиси секаде во Грција, водата од чешма е само за миење и перење. За пиење и готвење може да си купувате палети од по шест шишиња од литар и пол вода. Најевтината „шестка“ чини 1,40 евра, а цените одат и до 3 евра.

С.С. 

 

]]>
true
<![CDATA[Рајската тајна на селото Смоларе]]> http://www.plusinfo.mk/vest/6234/Rajskata-tajna-na-seloto-Smolare http://www.plusinfo.mk/vest/6234/Rajskata-tajna-na-seloto-Smolare 2011-06-26 12:37:47 Смоларе е како повеќето села во Македонија, мало село во кое живеат љубезни и гостопримливи луѓе. Но тоа има една предност, мала рајска тајна со која не може да се пофали кое било село. Длабоко во планината Беласица од кај што извира реката Ломница, сокриена меѓу столетните букови дрвја на надморска височина од 630 метри над селото Смоларе, се наоѓа Смоларскиот Водопад. Тој е единствен постојан водопад во Македонија со пад на водата од 39,5 метри. До селото се стигнува преку Струмица и Ново Село. Од Струмица е оддалечено 30 километри, а од Ново Село осум километри. Автобуска врска со Смолари нема, но зачестено сообраќаат комбиња на релацијата Струмица - Ново Село - Смолари. Самиот водопад пак е оддалечен 1,2 километра од асфалтниот пат, кој минува низ подбеласичките села. До него можете да стигнете поминувајќи низ селото.

Патот до водопадот е тесен, кривулест и бара да ја намалите брзината бидејќи тракторите и запрежните возила се карактеристични за оваа област. Овде главното занимање е земјоделството, па локалните луѓе нудат производи за исхрана и освежување во деновите на поголемата посетеност.

На патот кон водопадот може да се забележи мал пазар каде што може да се набават локални производи, пиперки, јаболка, краставици и уште многу вкусни и здрави производи. По краткиот разговор со пазарџиите продолжувате да се искачувате до водопадот. Долж планинската патека ве очекуваат триста скалила, но свежото овошје и убавата природа која ве опколува ќе ве понесе до вашата дестинација.

По само неколку мига ќе го видите Смоларскиот Водопад како паѓа по мазна карпа. Водата која е бела од брзината на паѓање е во контраст со мазната црна површина на планината Беласица. Од врвот на водопадот водата паѓа во базен на дното при што ослободува освежителна пареа која допира до околните посетители. Додека стоите на платформата ќе сретнете многу други посетители од локалните населби, но и од соседните земји, кои се опфатени со убавината која ја нуди водопадот.

На враќање назад можете да застанете да одморите и да уживате во прекрасната шума околу вас. Ве очекува уште едно застанување враќајки се назад на пазарчето за да купите домашно изработени слатки и свеж мед како и прекрасни сувенири.

Доколку решите да поминете неколку денови во посета на Смоларскиот Водопад и околните убавини, тогаш можете да престојувате во селото Смолари, каде што мештаните повремено издаваат соби за ноќевање. Но, нема организирана форма на понуда на соби, па затоа ќе треба да се договорите директно со локалните жители. Во Ново Село нема сместувачки капацитети, но во непосредна близина, на 10 километри се наоѓа бањскиот туристички центар Бања Банско, со неколку хотели кои нудат сместување по пристапни цени. Во близина на Струмица на околу 25 км пак се наоѓа хотелот „Сириус“. Во Смоларе нема да наидете на угостителски објекти, но сепак ќе можете да се храните во Ново Село каде што има 15 угостителски објекти кои нудат вкусни специјалитети на скара. Во селото Мокрино, пак, можете да го посетите ресторанот „Панорама“, со прекрасен амбиент и понуда на традиционална македонска кујна.

Преку доброволни работни акции во кои учествуваше месното население, Смоларскиот Водопад стана една од најпосетуваните природни атракции во Македонија. Проектниот тим, месното население и општина Ново Село, охрабрени од големата посета во текот на целата година, ги продолжија активности околу натамошното уредување на просторот, афирмирање на Смоларскиот Водопад и развој на селскиот и планинскиот туризам во општината.

Е. Н.

 

 

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Одмор достоен за вистинска ѕвезда]]> http://www.plusinfo.mk/vest/6236/Odmor-dostoen-za-vistinska-dzvezda http://www.plusinfo.mk/vest/6236/Odmor-dostoen-za-vistinska-dzvezda 2011-06-26 12:37:47 Хотелска соба со убав поглед и интернет - се двете најважни работи кои нашиот познат поп-пејач Александар Тарабунов-Тара би сакал секогаш да ги има на располагање за време на својот летен одмор. За него чувството на самец за време на летниот одмор е бесценето, со оглед на тоа што поп- ѕвездата секојдневно е опкружена со многу луѓе и уште повеќе обврски, кои не му дозволуваат да земе здив во текот на годината.

-Летниот одмор е посебен период за мене имајќи предвид дека ќе можам да се опуштам и да уживам, а и да си посветам внимание на себеси, нешто за кое не можам да најдам време во текот на годината. Секогаш сум сакал одмор за уживање во кој ќе имам средена хотелска соба, која и да ја растурам, знам дека кога ќе се вратам повторно ќе биде средена. Но најважното нешто во сето тоа е да бидам сосема сам во соба - објаснува Тара.

За него посебен одмор е летниот одмор кој секоја година дури и на викенд го поминува во нашиот бисер - Охрид. Вели, без Охрид не може, тоа е нешто што го исполнува неговиот живот од најраното детство, па со такво чувство кон еден град не може да згасне преку ноќ. Според него, потребно е да го одржуваш, па посетата на овој град секоја година ти помага чувството да остане засекогаш.

- Не можам да ги заборавам летата во Охрид со моите другари, кога одевме три-четири лета едноподруго во куќа кај двајца браќа. Едниот од браќата беше лош, а другиот добар и живееја одделно. Едниот беше долу, другиот горе. Најинтересно беше што секогаш се скаруваа кога ние бевме гласни или пак пуштавме гласна музика или телевизија - низ смеа раскажува поп-пејачот.

Токму кога забележале дека тоа е важниот фактор да се наруши нивниот мир, ним им станало сето тоа забавно, па секојдневно, намерно почнале да им пуштаат гласна музика, за повторно да се смеат кога ќе почнат да се расправаат.

- Еден ден повторно го пуштивме телевизорот до крај и истрчавме надвор да видиме за што ќе се расправаат сега. Излеговме надвор и го гледаме тој лошиот му вика на другиот „Шо ме глеиш бе зелен” - завршува Тарабунов со смеа.

Многу важни работи во еден вистински летен одмор за Тара се плажата и ноќниот живот. Тој вели дека еднакво ужива и на плажа и во дискотеки затоа што без двете доживувања исто како да не поминал вистински одмор.

- Преку ден се знае дека вистинска работа е „мохито” и лежалка на плажа. При сето тоа фаќаш и најубава боја, па кога ќе облечеш кошула на добиената боја, кошулата ти стои уште поубаво - вели Тара.

Еден од посебните одмори за него е месецот кој пред четири години тој го поминал во Италија, која е воедно и негова омилена земја во која мечтае да живее.

- Во Италија бев кај една девојка на гости и не можам да заборавам во каков стан ме смести. Бев сам на цел кат и собите беа големи колку целиот стан што го имам во Скопје - воодушевено раскажува Тарабунов.

Но, добриот помин во Италија го поткпрепува и со фактот што за еден месец почнува да разбира италијански и да зборува доволно добро за да се разбере со тамошните граѓани.

Не помалку е одушевен од одморите кои ги поминувал и во Варна во Бугарија. Брзиот начин на живеење и немирниот дух на Тара не му дозволуваат да се врати од некој одмор без ниедна беља.

- Бугарија е дестинација која ја посетувам често и мора да ви кажам дека секогаш се враќам со полна историја од глупости, кои се уште ги правам, благодарение на брзото темпо што го живеам. Пред неколку години бевме пет другари и наместо да се вратиме како што дојдовме јас и уште еден другар, како многу паметни фативме такси до Скопје, за побрзо да стигнеме, додека другите си се враќаа со автобус како што доаѓавме. На пат накај македонска граница веќе беше темница и таксистот ни рече дека се е во ред дека го знае патот и дека може да си поспиеме - објаснува поп-пејачот.

Но, не било се така добро како што предвидел таксистот, бидејќи за само неколку часа, наместо на македонско-бугарска граница се нашле на македонско-српска, затоа што се испоставило дека тој немал претстава кај треба да вози. Во Скопје стигнале многу подоцна од автобусот, па другарите никогаш не им ја заборавиле глупоста, за која до денес се шегуваат со нив.

На хавајските острови мадам

Настапите во текот на летото не му дозволуваат на младиот пејач да се одлучи каде ќе оди на одмор, но сепак, како што тврди тој, би било добро оваа година да посети некоја подалечна дестинација.

- Да завршат сите настапи и дефинитивно би избегал негде подалеку од земјава. Ако ме прашувате мене каде би сакал да одам на одмор оваа година, сигурно би ви кажал како оној на клипот од ТВ Нова - Штип „На Хавајските острови мадам, чао” - завршува со смеа Тарабунов.

Ема Николовска

 

]]>
true
<![CDATA[Холанѓаните останаа со јадиците во рака]]> http://www.plusinfo.mk/vest/6230/Holangjanite-ostanaa-so-jadicite-vo-raka http://www.plusinfo.mk/vest/6230/Holangjanite-ostanaa-so-jadicite-vo-raka 2011-06-26 12:37:46 Туроператорот „Корендон“ воведува дополнителен, четврти чартер-лет од Амстердам за Охрид и го зголемува закупот на капацитети во хотелите на охридско-струшката ривиера. Барањето било проследено до македонскиот партнер „Фибула ер травел“.

- Од 1 јули до 14 октомври неделно од Амстердам за Охрид ќе има по четири чартер-лета, а од октомври наместо предвидените два, ќе има по три лета. Со зголемува и бројот на гости од првично најавените 8.500 на 14.000, кои се очекува да остварат 110.000 ноќевања, што е зголемување за околу 60 отсто - истакна Дончо Танески, од асоцијацијата на хотелиери.

Холандскиот туроператор го зголемува и бројот на фиксен закуп на 10.000 кревети, што ги надмина сите очекувања на охридските хотелиери, кои по долги години ова лето ќе бидат исполнети со странски гости. Задоволството е дотолку поголемо затоа што бројките кои ќе се остварат оваа сезона беа предвидени за следната година.

- Барањето на холандскиот туроператор за нови соби под исти услови за уште еден лет пријатно не изненади. За нас тоа значи многу и ни влева доверба дека добро сме ја завршиле нашата работа, дека партнерот „Корендон“ е високо професионален и дека имаме македонска агенција која знае да спакува добар туристички производ. Најважно од се е дека граѓаните од регионот добро ги примиле гостите и претпоставуваме дека тоа ни го носи четвртиот лет кој се надеваме дека ќе се полни и наредната година ќе имаме пет или шест летови - изјави Танески.

Хотелиерите се оптимисти дека добрата продажба на Охрид на пазарот во земјите од Бенелукс ќе резултира со потпишување нов договор со туроператорот „Корендон“ за фиксен закуп на капацитети во Охрид и Струга за период од три години.

Но, дали напливот на туристи од северозападна Европа на ривиерата, ќе остане само со помпезниот пречек на охридскиот аеродром. Надлежните не успеаја да им ја задоволат големата страст - риболовот, па така Финците и Холанѓаните кои чуле за Охридско Езеро, останаа со јадиците во рака, вчудовидени затоа што не смеат да ловат.

- Кога ова би се случило во Финска каде што има над 60.000 езера, цела земја би се кренала на нозе - охридските спортски риболовци ја пренесуваат разочараноста која владее кај нашите долгоочекувани гости. Македонија е единствената земја во Европа во која е забранет рекреативниот риболов на сите езера и реки - велат во риболовното друштво „ Св. апостол Петар“.

Од 16-те илјади регистрирани спортски риболовци државата направи рибокрадци, одбивајќи им го барањето за продолжување на концесиите. Конкурсот за доделување нови, завршил пред 15 дена. Ќе се одлучувало кога ќе се формирала новата влада, а до тогаш ќе помине и летото. Спортските риболовци сметаат дека сето ова ќе се одрази негативно врз охридскиот, преспанскиот, а посебно дојранскиот туризам каде што 70 отсто од гостите се риболовци.

 

 

]]>
true
<![CDATA[Феријален одмор - сон на актерскиот немирен дух]]> http://www.plusinfo.mk/vest/5715/Ferijalen-odmor---son-na-akterskiot-nemiren-duh http://www.plusinfo.mk/vest/5715/Ferijalen-odmor---son-na-akterskiot-nemiren-duh 2011-06-21 12:55:53 Не паметам одмор што ме допрел освен времето што го поминував со другарите на кампување со логорски оган, покрај река со 30 до 40 шатори, затоа што никогаш не сум се опуштил на одмор каде што би можел да уживам во сите добра што ми ги овозможува хотелскиот живот.

Со такво одушевување, нашиот познат актер и член на жири-комисијата на Македонски идол, Тони Михајловски, ни ги пренесе импресиите и сеќавањата од неговите најубави летни впечатоци.

- Бев дете од работничко семејство и моите не можеа да ми дадат пари за одмори, па тоа е нешто што почнав да го правам дури во времето кога почнав сам да заработувам за живот. Но, сепак, од тие денови до денес, не можам да се пофалам дека сум посетил некоја далечна егзотична дестинација - вели Михајловски.

Негова омилена дестинација, како што вели тој, се македонските природни убавини, македонските реки каде што без проблем можел да ужива во природата притоа не размислувајќи за длабочината на џебот и околината која го опкружува, бидејќи секогаш тоа биле луѓе со кои поминал најголем дел од животот.

- Паметам кога за празници или за најобичен ден кога времето беше совршено, со другарите се собиравме, земавме шатори и едноставно се лоциравме на некое место далеку од градот и обврските - вели тој.

Времето кога почнал да заработува го трошел во Тиват на кампување, бидејќи кампувањето бил секогаш негов начин на живеење, поради што тој вели дека негова неисполнета желба е да си купи подвижна куќа, односно трејлер и да патува низ светот.

- Предизвик во животот ми е да си купам трејлер, иако звучи себично, поради тоа што не се вклопува во рамките на нормалното живеење - вели тој.

Извидничкиот дух не го напушта Михајловски ниту во средношколските денови, кога прави се за повторно да може да се насладува во уживањата на природата.

- Кога во втора средно моравме да се префрлиме во групата со извидничка драма, повторно почнавме да логоруваме. Бевме феријалци, сакавме да маршираме и одевме на многу работни акции. Тоа беше време на големи дружби, кога запознававме луѓе од многу земји. Замислете, во тоа време доаѓаа Германци, Холанѓани и Унгарци и сите тие беа дел од работните акции во Југославија. Кој би рекол дека Германци ќе доаѓаат да работат во Југославија - низ смеа вели Михајловски.

 Македонските бисери - неизбежна страст

Македонските бисери се главна летна одисеја во неговиот каталог на одмори. Охрид, Преспа и Дојран од најмладите денови па до денес се дел од сеќавањата за кои тој вели дека ниедна егзотична дестинација не може да ги замени.

- Минатата година бев работно во Охрид, каде што на плажата Немо држев шанк. Но не е важно што имав обврски, едноставно предизвик ти е да уживаш во убавиот одмор, кога знаеш дека си со твојте најблиски. Бев со сопругата, со синот Александар од првиот брак, девојката на син ми, па дури и поранешната сопруга помина на кратко, па живеевме како семејство. Сето дружење ги анулира финансиските моменти, што е најважен момент во секое македонско семејство - раскажува тој.

Станувањето во 9 наутро, посетата на пазарот и целодневната забава со најблиските се дел од вистинскиот семеен одмор за овој актер, кој и оваа година планира својот летен каталог да го пополни со уште еден работен одмор на плажата Немо во Охрид. Како вечен обожавач на убавините што ги нуди нашата земја, тој никогаш не би заменил одмор во Македонија со одмор на најрајското место на светот.

- Сакајќи да се покажеме дека ќе одиме на некоја далечна дестинација, го негираме нашето. Тоа што го имаме не знаеме да го искористиме, па чекаме да дојдат странците и да ни укажат дека имаме убавини, а ние како никогаш да не сме ги посетиле овие места, како да не знаеме дека постои таков дел од нашата земја. Никогаш не сме се сетиле на друго езеро освен на Охридско, дали некогаш некој гласно рекол да ја имаме и Преспа и лековитото Дојранско Езеро. Тоа е главниот проблем со нас, што секогаш попрво ќе одиме во туѓи земји и ќе инвестираме во нив отколку во нашата - раскажува тој.

 

Во Македонија домаќин, во странство турист

Најдалечните дестинации на Михајловски се одморите во Хрватска и Црна Гора, од каде што секогаш се враќал со празен џеб и без трага од сонце на него.

- Кога си проколнат и 15 години веќе си алергичен на сонце, ништо друго не ти преостанува освен да најдеш соодветен начин да поминеше некаков летен одмор. За мене нема смисла одморот ако треба да го поминам под сенка, а од друга страна уште потежок е одморот кога одиш во туѓа држава и едноставно го имаш тоа чувство дека си турист, бидејќи локалните жители те гледаат како подвижен џеб. Кога не можеш природно да се чувствуваш како дома, значи нешто ти недостасува - вели тој.

 

 Ема Николовска

 

]]>
true
<![CDATA[Дојрански риболов со птици]]> http://www.plusinfo.mk/vest/5712/Dojranski-ribolov-so-ptici http://www.plusinfo.mk/vest/5712/Dojranski-ribolov-so-ptici 2011-06-21 12:51:08 Риболовот на Дојранското Езеро отсекогаш бил главна економска активност за локалното население. Во минатото, во светската научна литература езерото е претставувано како едно од најпродуктивните езера во Европа, играјќи значајна улога во обезбедувањето на локалното население со риба. Просечниот годишен улов претставувал 50 отсто од вкупниот национален улов на риба во РМ (пред почнувањето на поинтензивна изградба на вештачки рибници) .

Дојранското Езеро е познато по уникатниот начин на рибарење. Од најстарите времиња, локалните жители ја користеле трската на најразлични начини, вклучително за рибарење. Големи количини на трска се користеле за правење на специјални стапици за риби, со различна форма, дизајн и големина (мандра, насека, фунта). Рибарите притоа ловат водни птици на кои им се сечат примарните перја и ги чуваат близу мандрите. Овие птици всушност се користат како гоничи на рибата во рибарските стапици. Ваквата стара техника за рибарење е многу ефикасна бидејќи само од една мандра на ваков начин може да се уловат од 20.000 до 30.000 килограми риба.

Риболовот со помош на мандра е најатрактивниот риболов од сите видови на Дојранско Езеро, но и најтежок и најдолг период на ловење. Во светот е многу ретко застапен како вид риболов, но денес, односно во последните 20 години не се практикува и на Дојранското Езеро поради повлекувањето на водата. Засега тоа е минато, но дали ќе остане така или пак ќе се обнови ќе покаже времето. Во Дојран се преземаат активности за враќање на овој ефикасен, но и атрактивен начин на рибарење како дел од неговата туристичка презентација.

Работењето со мандрите има долг процес кој трае околу шест месеци и почнува во октомври, а завршува при крајот на март следната година. Со таквиот начин на риболов се ловат црвеноперка, машкудан и белвица, а многу послабо гуџарот, перкијата и карашот. 

 

]]>
true
<![CDATA[Се враќаат златните времиња за Охрид]]> http://www.plusinfo.mk/vest/5708/Se-vrakjaat-zlatnite-vreminja-za-Ohrid http://www.plusinfo.mk/vest/5708/Se-vrakjaat-zlatnite-vreminja-za-Ohrid 2011-06-21 12:47:26 Холандски, фински и руски гости кои ќе доаѓаат со чартер-летови за ова лето најавија од агенцијата за промоција и поддршка на туризмот покрај традиционалните од Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово. 

Се очекува дека оваа година проблемот кој години наназад се провлекуваше во однос на цените ќе се реши со оглед на тоа што некои од охридските хотелиери најавија нивно намалување. За привлекување на што поголем број туристи потребна е добра соработка меѓу туристичките субјекти, хотелиерите, туристичките агенции и локалната власт и подобрување на патната инфраструктура. Еден чекор е направен со реновирањето на охридскиот аеродром, со влегувањето на „ТАВ Македонија“ како концесионер на аеродромите, зголемен е интересот на големите и нискотарифни авиокомпании, по што се очекуваат поголем број летови од европските градови кон нашиот главен туристички центар, како што се најавените чартер-летови од Холандија, Русија, Финска, со очекување интересот во иднина уште повеќе да се зголемува. Гостите од странство што веќе пристигнаа беа пречекани според традиционалните македонски обичаи, со леб и сол, но и со македонска песна и вино и македонски кулинарски специјалитети.

Сите показатели велат дека по минатогодишната слаба сезона годинешнава ќе биде далеку подобро. И охридските туристички работници се оптимисти. Оптимизмот го темелат на најавите и веќе остварените резервации и реализирани аранжмани.
- Очекуваме оваа година да биде една од најуспешните по осамостојувањето на Македонија, такви се најавите, така што очекуваме ова лето да го достигнеме максимумот во овие дваесет години. Се враќаат златните времиња за Охрид, тука повторно доаѓаат Холанѓаните, а има гости и од Финска, Австрија, Германија, така што оваа туристичка сезона ќе биде добра - вели Олег Маленко од Т. А. „Вис Пој“.

Според него Охрид е подготвен за претстојната сезона, а позитивен ефект има и добрата реклама за која се погрижија државата и локалната самоуправа со многубројните спотови и настапи на странските туристички берзи.
- Охрид ги примаше овие гости и кога беше понесреден, а сега е поподготвен од порано. Се разбира, има и проблеми кои не можат да се решат преку ноќ, пред се тука мислам на патната инфраструктура, за што ние како туристички работници имаме апелирано до државните институции да тоа се заврши, мислам дека наидовме на позитивен прием и според најавите од идната година ќе почне да се решава и ова прашање, односно Охрид ќе се поврзе со светот како што прилега на едно туристичко место, додава Маленко.

Инаку, во април годинава во Македонија имало 37.142 туристи, а бројот на ноќевањата изнесува 87.413. Споредено со истиот месец лани, бројот на туристи е зголемен за 2, 8 проценти, а бројот на ноќевањата за 1, 3 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е намален за 16, 9 проценти во споредба со април лани, а бројот на странските туристи е зголемен за 19, 8 отсто. Намалување од 18, 8 проценти е забележано и кај бројот на ноќевањата на домашните туристи, а зголемување од 29 отсто кај бројот на ноќевања на странските туристи. Зголемување е забележано и кај бројот на туристи и бројот на ноќевањата во периодот јануари - април во споредба со истиот период минатата година.

 

 

]]>
true