Вести од рубриката: МАГАЗИН http://www.plusinfo.mk/style/images/logo.jpg +Инфо http://www.plusinfo.mk http://www.plusinfo.mk RSS вести од рубриката: МАГАЗИН 2014-10-16 09:11:35 en-us <![CDATA[ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата Германија кои правеле монструозни злосторства! ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154582/GALERIJA-Najubavite-zheni-vo-Hitlerovata-Germanija-koi-pravele-monstruozni-zlostorstva- http://www.plusinfo.mk/vest/154582/GALERIJA-Najubavite-zheni-vo-Hitlerovata-Germanija-koi-pravele-monstruozni-zlostorstva- 2014-10-16 09:11:35 Во Германија во времето на Хитлер, женската убавина била предмет на државна политика и расистичка идеологија, која строго го одредила идеалот на ариевската женственост: „најубавите” Германки ги правеле најлошите злосторства, а повеќето од нив крајот на војната го дочекале на слобода.

 

Првите жени кои влегле меѓу злосторничките, иронично, биле професионални негувателки. Тоа биле медицински сестри, кои немилосрдно убивале ментално заостанати личности, според планот на ариевската доктрина.Една од нив била Паулина Неислер, од „болницата за евтаназија“ на југот од Германија.

Била задолжена за селекција. Секој ден бирала по 70 „пациенти“ и ги праќала во смрт во гасна комора. Велела дека „таквата смрт и не е толку лоша, бидејќи не боли“.Од друга страна, Хитлеровиот проглас за жените гласел „Kinder, Kuhe, Kirhe” (деца, кујна, црква), меѓутоа по злосторствата жените биле рамо до рамо со машките злосторства. И не делувале само во Германија.

 

Венди Ловер, американска историчарка и авторка на книгата „Хитлерова фурија: Германските жени на наци полињата на смрт“ пишува дека најмалку половина милион млади жени се ставиле на располагање на колонизацијата во Полска, Украина, делови од Русија... Наредби за убиства можела да издаде и секретарка. Знаеле се за размерите на масакрот, но ги затворале очите.

 

Во книгата се споменува и Лизелоте Мејер. Заедно со својот шеф, голем нацист, учествувала во „забави со пукање“! Имено, монструозно уживале „во ловот“ на Евреи и ги убивале „од разонода“ и спорт. Мејер добила можност да одлучува за живот и смрт. Животот им го спасила на својата фризерка и на уште една жена која и плетела џемпер.За размерите на човечка монструозност говори и случајот на Лизел Вилхаус, сопруга на командант на логор. Имено, таа седела на тераса во куќата и пукала во затворениците.

 

Секретарката на Јохан Алватер отишла уште подалеку со својот болен ум. Во импровизирана болница во Украина знаела да одбере некое дете и да го турне од третиот кат. Во книгата пишува дека знаела да ги намами децата, а кога малите би ја отвориле устата пукала во нив.Авторката Венди Ловер забележува дека повеќето жени никогаш не биле осудени затоа што биле пуштани со изјавата дека биле „невини секретарки“.

 

Германската убавица, русокосата 23-годишна домаќинка Ерна Петри, се враќала дома од продавница, кога нешто и го привлекло вниманието. Шест мали, речиси голи момчиња, стоеле преплашени покрај патот. Ерна била сопруга на нацистички офицер и знаела дека децата биле Евреи, кои побегнале од возот за логор. Тоа што се случило подоцна е една од најмонструозните случки дотогаш.

 

Ерна, тогаш мајка на две деца, им пришла на момчињата, ги нахранила и смирила. Им влеала доверба и потоа сите заедно ги одвела во шума. Ги поредила, извадила пиштол и на сите им пукала во тилот. Најмладото дете имало шест години, најстарото 12, пишува Венди во едно од најпотресните дела за крвавата историја.

 

Вера Штахли Вохлауф пристигнала во Полска во 1942 година, за да му се придружи на сопругот Џулијус. Висока 175 сантиметри, тешка 80 килограми, „со округла глава, синоока, русокоса, со рамен нос“, - ова бил нацистичкиот идеал за женственост, во кој Вера совршено се вклопувала. Според тој критериум, убавината била производ на здрава исхрана и занимавање со спорт, а не на козметика. Германските девојки и жени не требале да ги лакираат ноктите, да ги кубат веѓите, да носат кармин, да ја бојадисуваат косата или да бидат преслаби, особено не смееле да изгледаат како холивудските глумици.

 

Кога Вера дошла во Полска за да го помине медениот месец со својот сопруг, станала активна учесничка во злосторствата. Офицерот Вохлауф добил задача во текот на два дена да го уништи гетото Мидзирзец-Подласки со 11.000 Евреи кои требало да ги депортираат во злогласниот логор Треблинк. Како што подоцна сведочеле очевидци на страотниот масакр, Вера Вохлауф, тогаш во вториот месец од бременоста, преку својот летен фустан облекла војничко палто и капа. За разлика од останатите жни, не стоела на страна туку кружела меѓу жртвите мавтајќи со камшикот.

 

По војната, речиси на ниедна од овие жени монструми не им се судело. Кога ги апселе нивните сопрузи тие тврделе дека „немаат поим за ништо“. Глумеле дека се невини и тврделе дека не знаат или не се сеќаваат на ништо, па така проаѓале неказнето.

 

Подготви: К. А.

 

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО На Вароша на Кипар некогаш летувале светски фаци, а денес втерува страв во коски]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154473/FOTO-Na-Varosha-na-Kipar-nekogash-letuvale-svetski-faci-a-denes-vteruva-strav-vo-koski http://www.plusinfo.mk/vest/154473/FOTO-Na-Varosha-na-Kipar-nekogash-letuvale-svetski-faci-a-denes-vteruva-strav-vo-koski 2014-10-15 22:19:54 Медитеранот оoбично асоцира на туризам, сино море , карпи и луксузни хотели. Меѓутоа еден град ја уништува сликата и буквално изгледа како да е замрзнат во времето. Станува збор за градот Вароша во северен Кипар.

Веќе четири децении овој град е целосно празен. Овде како живот да запрел. Затоа и не чуди што го нарекуваат „градот на духовите“. Меѓутоа можеби токму поради тоа  е посебна дестинација на Медитеранот.

Вароша отсекогаш била ексклузивно место. Некогаш важела за едно од најпосетените места на светот. Бил богат со хотели, а тогаш се случило нешто неочекувано. Како одеднаш да потонал. Градот е напуштен во 1970-тите години. Сепак ќе остане како дестинација која ги угостила холивудските ѕвезди како Елизабет Тејлор, Брижит Бардо, Ричард Бартон и Ракел Велч.

Zа време на туристичкиот бум започнале масовно да се градат хотели, но многу од нив останале недовршени. За жал како што тоа обично е случај, и тука е вмешана политиката. По турската инвазија на Кипар во јуни 1974 година целото место бил заградено.

Вароша набргу станала „жртва“ на конфликт помеѓу Грција и Турција. Иако локалното население не било принудно избркано сепак луѓето доброволно го напуштиле градот.Кога Турците ја превзеле контролатанад градот, го опкружиле со ограда и официјално забраниле луѓето да се вратат во него. Меѓународните политички органи се обиделе да се договорт со жителите на Вароша и да им допуштат да се вратат во своите домови, но без успех. 

Колку било незаконско бил кој да влезе во Вароша покажува фактот што Турците ставиле ограда околу целиот град во 1974 година. Така и дозволиле на војската да убијат сите што ќе се обидат да влезат таму. Тоа го правеле за да ги спречат Грците од Кипар да се вратат во градот. Очигледно е дека сето тоа се однесувало и на туристите од другите делови на светот.

 

Подготви:Б.В.

 


 

]]>
true
<![CDATA[ГАЛЕРИЈА Марија Шарапова заштитно лице на новиот парфем „Avon Luck“ ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154546/GALERIJA-Marija-Sharapova-zashtitno-lice-na-noviot-parfem-Avon-Luck- http://www.plusinfo.mk/vest/154546/GALERIJA-Marija-Sharapova-zashtitno-lice-na-noviot-parfem-Avon-Luck- 2014-10-15 16:05:33 Светски познатата тенисерка Мариjа Шарапова се приклучи кон семејството мириси на „Авон“, станувајќи заштитно лице на најновиот парфем на оваа компанија, парфемот „Avon Luck“.

Парфемот „Avon Luck“ ја прославува добрата среќа во животот, неверојатните случувања и бесконечните можности. Како реномирана спортистка, успешна бизнис жена и хуманитарка, Шарапова совршено го доловува духот на среќата, заробен во само едно шишенце парфем.


- Возбудена сум што го претставувам токму „Avon Luck“, парфем кој нè потсетува дека треба да го вкусиме и вистински да уживаме во триумфот. Секогаш велам дека што понапорно работиме, тоа сме и посреќни, бидејќи на тој начин и се стремиме кон поголеми цели. Одушевена сум што имам можност да соработувам со компанија како „Авон“, која ги поттикнува жените ширум светот да ги остварат своите соништа - вели Марија Шарапова. 

Директорката на маркетинг во „Авон“, Партиша Перес-Ајала, објасни:


- Кога го креиравме „Avon Luck“ сакавме преку мирисот да ја заробиме опојната харизма на некој којшто самиот си го креира патот на среќата во животот. Како една од топ рангираните тенисерки во светски рамки и жена со софистицирана природна убавина, Марија Шарапова совршено ја карактеризира таа животна енергија и безграничните можности. Таа е идеалното лице за мирис кој зрачи со среќа и доловува чувство како да си на врвот на светот.

Мирисот е од ориентална овошно-цветна категорија и содржи интензивна женствена и провокативна композиција од блескав бергамот и живи, свежи и елегантни ноти од цитрон обвиени со ретката луксузна кремста ванилина арома од реткиот цвет „Кралица на ноќта“. Основата, пак, е од длабоко заводливи кадифени ноти од сандалово дрво кои доловуваат исклучително енергично и возбудливо чувство.

Парфемот „Avon Luck“ за Неа е на продажба во брошурите на „Авон“ од крајот на септември, а достапна е и машка верзија „Avon Luck“ за Него од шумско ароматична килибар категорија.


(Промотивен текст)

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Вака во Кина ги третираат жените кои спијат со туѓи мажи]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154525/VIDEO-Vaka-vo-Kina-gi-tretiraat-zhenite-koi-spijat-so-tugji-mazhi http://www.plusinfo.mk/vest/154525/VIDEO-Vaka-vo-Kina-gi-tretiraat-zhenite-koi-spijat-so-tugji-mazhi 2014-10-15 15:11:15 Лин Јао Ли (38) од Пујанг е нападната додека се враќала дома. Четири жени ја собориле на земја, ѝ ја искинале облеката и гола ја влечеле по асфалтот, клоцајќи ја по градите и препоните.

Групата „одмазднички“ била предводена од сопругата на мажот со кој Лин имала афера, а ѝ помогнале уште три пријателки.

Иако Кинеската викала и се молела за милост, тие не престанувале да ја кубат и да ја удираат.
Случајните минувачи биле изненадени од сцената, но не направиле ништо за да ѝ помогнат на жртвата, сметајќи дека го добива тоа што го заслужила, штом спиела со туѓ маж.

Полицијата не интервенирала, иако нападот се случувал пред сите.

Дури откако жените насилнички си заминале и ја оставиле, ѝ пришол еден од сограѓаните, Јун Фенг (30) и ѝ помогнал.

Тој изјавил дека ваквите ситуации стануваат вообичаени и често сопругите им се одмаздуваат на мажите со тоа што им ги претепуваат љубовниците, а луѓето наоколу не сакаат да се мешаат.

Подоцна жртвата била пренесена во болница, каде била во шок и со бројни модринки и рани.
Сличен напад се случил и минатиот месец во Џинану, кога три жени соблекле една Кинеска и ја изгазиле со чевлите затоа што го натерала на неверство сопругот на една од жените.

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[ ВИДЕО+ФОТО Девојче крвави на истите места како и Исус Христос!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154469/-VIDEOFOTO-Devojche-krvavi-na-istite-mesta-kako-i-Isus-Hristos http://www.plusinfo.mk/vest/154469/-VIDEOFOTO-Devojche-krvavi-na-istite-mesta-kako-i-Isus-Hristos 2014-10-15 14:34:44 Индиското девојче Твинкл Двиведи (13) од градот Лукнов веќе две години плаче крв. Таа без причина крвави од рацете и нозете.

 

Многумина сметаат дека девојчето е опседнато од зол дух, додека оние кои се повеќе склони кон научно објаснување, веруваат дека таа има некоја до сега неоткриена болест. Поедини католички верници сметаат дека девојчето крвави на местата каде што крвавел Исус Христос во текот на распнувањето. 

 

Лекарите се обидуваат да го испитаат овој феномен и сакаат да пронајдат лек за да продолжи девојчето со нормален живот.

Доктор Џорџ Бјукенан, педијатар, смета дека девојчето најверојатно има проблем со тромбооцитите - клетките кои помагаат крвта да се згрутчува, или дека Твинкл има некој неидентификуван облик на карцином.

 

- Нејзините очи само се зацрвенуваат во еден момент, и по неколку секунди почнуваат да крвават - објаснила нејзината мајка. Девојчето вели дека тоа понекогаш е многу болно за неа.

 

- Денеска не ме болеше, но понекогаш е неиздржливо – раскажала Твинкл.

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО+ФОТО Девет месеци живеела со трупот на својот сопруг!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154460/VIDEOFOTO-Devet-meseci-zhiveela-so-trupot-na-svojot-soprug http://www.plusinfo.mk/vest/154460/VIDEOFOTO-Devet-meseci-zhiveela-so-trupot-na-svojot-soprug 2014-10-15 13:18:07 Во американската сојузна држава Индијана жена по име Ила Соломон е уапсена бидејќи девет месеци живеела со трупот на својот сопруг, тврдејќи дека тој сакал да го изедат птиците.

 

За сето тоа време таа ги земала чековите од неговата пензија. Ила во интервјуто признала дека го прекршила законот бидејќи не ја пријавила смртта на сопругот, а за тоа ќе биде и кривично гонета.

Нејзиниот сопруг починал од шлог, а Ила вели дека сакала да ја исполни неговата желба.

 

- Сакаше по смртта да го изедат птици. Го отворав прозорецот и го оставав телото покрај него, но птиците никогаш не влегуваа внатре. Најдалеку каде што стасаа птиците беше клима-апаратот - рекла госпоѓата Соломон.

 

Нејзиниот сопруг умрел кон крајот на април. Кога полицијата го барала во почетокот на мај, Ила им рекла дека во моментот не е тука и дека отишол со семејството на Кентаки Дерби.

 

Кога по неколку месеци полицијаците повторно дошле, таа им рекла дека Џералд се шлогирал и дека во моментот е во здравствена установа, што ним им станало сомнително и влегле во станот, каде го пронашле телото на Џералс во поодмината фаза на распаѓање.

 

Подготви: К. А.

 


]]>
true
<![CDATA[Најкратката приказна на светот содржи само шест зборови, но ќе ве расплаче]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154454/Najkratkata-prikazna-na-svetot-sodrzhi-samo-shest-zborovi-no-kje-ve-rasplache http://www.plusinfo.mk/vest/154454/Najkratkata-prikazna-na-svetot-sodrzhi-samo-shest-zborovi-no-kje-ve-rasplache 2014-10-15 11:46:03 Најкратката приказна на светот има само шест зборови, но ќе ви го скрши срцето.

 

Додека бил млад Ернест Хемингвеј се нашол во друштво на неколку колеги писатели и изјавил дека може да напише комплетна приказна во само шест зборови.

Останатите писатели не му поверувале, па одлучиле да ја направат ситуацијата поинтересна. Сите вложиле по 10 долари и се обложиле дека е тоа неизводливо, гласи приказната која кружи за славниот писател.  

Сите го сфатиле тоа како труд и желба младиот писател да се истакне меѓу старите колеги. 

 

Ернест Хемингвеј зел една салфета од масата и на неа напишал шест зборови. Не сакал на глас да ја прочита приказната, туку ја дал салфетата на првиот колега до себе.

Салфетата потоа кружела од личност до личност, а кога сите ја прочитале нејзината содржина едногласно се согласиле дела шест зборови се апсолутно доволни да се напише една приказна.

 

Секако, приказната можела да содржи и нешто повеќе, но овие неколку одбрани зборови го тераат секого од нас да направи сопствено продолжение.


Хемингвеј напишал: „На продажба. Обувки за бебе. Неносени.“

 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Куќата во која никој не сака да живее!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154451/FOTO-Kukjata-vo-koja-nikoj-ne-saka-da-zhivee http://www.plusinfo.mk/vest/154451/FOTO-Kukjata-vo-koja-nikoj-ne-saka-da-zhivee 2014-10-15 10:54:03 Австриското министерство за внатрешни работи ќе упати пoвик до бројни адреси со цел да пронајде државна служба која би била подготвена да ја изнајми родната куќа на Адолф Хитлер, во градчето Браунау-ам-Ин, која стои празна од 2011 година.

 

Импозантната градба од 800 квадратни метри, која австриската држава и општината од 1972 година, ја изнајмувале на приватни сопственици сакајќи да спречат да стане место на неонацистички собири, сместена во самото средиште на градчето на границата со Германија, стои празна веќе три години. 

 

Нејзиниот сегашен сопственик, чиј идентитет не е откриен, неодамна ја одби понудата на националните колеџи и хуманитарни институции за социјализација на имигранти за наем, што било предлог на државата и општината.


Министерството сега сака сите сектори кои се заинтересирани за овој простор, да се јават што побргу, рекол во вторникот челникот на Министерството за внатрешни работи надлежен за ова прашање, Херман Феинер, додавајќи дека одговорот го очекува „до крајот на годината“. Наемот на зградата во која нацистичкиот диктатор, роден во 1889-та година, живеел првите три години од неговиот живот, чини според државната пресметка, 4.600 евра месечно.


Во 1989-та година, општината Браунау-ам-Ин, на тротоарот пред куќата поставила спомен плоча од камен, од рудникот во поранешниот концентрационен логор во Маутхаузем за да предупреди на фашизам. 

 

 

Подготви: К. А.

 



]]>
true
<![CDATA[ФОТО Тигарот на Путин, Кузја, осомничен за напад на кокошарник]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154430/FOTO-Tigarot-na-Putin-Kuzja-osomnichen-za-napad-na-kokosharnik http://www.plusinfo.mk/vest/154430/FOTO-Tigarot-na-Putin-Kuzja-osomnichen-za-napad-na-kokosharnik 2014-10-15 10:04:14 Тигарот кој Путин го пуштил во дивината наводно изел неколку кокошки и зад себе оставил траги од крв, своите шепи, но и пердуви од кокошките.

Кинезите го „осомничиле“ сибирскиот тигар Кузја, кој рускиот претседател Владимир Путин го пуштил во дивината, за напад на кокошарник во едно село во покраината Хеилонгјианг на северот на Кина, известуваат денес руските медиуми.
Наводно тој изел неколку кокошки и зад себе оставил траги од крв, своите шепи, но и пердуви од кокошките, јавува кинеската новинска агенција Xinhua.
Кузја го пријавиле локалните жители пред три дена кај пограничната служба.

Кузја е еден од трите тигри кои Путин ги ослободил во мај оваа година во Амурската област. На почетокот на октомври кинеските експерти известиле дека Кузја ја минал руската граница и неколку пати бил виден во покраината Хеилонгјианг. Биле поставени повеќе од 60 автоматски видео камери за да се следи неговото движење.
Во дивината живеат помалку од 500 сибирски тигри и тоа поголем дел се во источна Русија, североисточна Кина и северните делови на Корејскиот полуостров.
Сибирските тигри се загрозени бидејќи се ловат поради крзното.

Неодамна кинеските власти покренаа потрага за сибирскиот тигар Кузја, откако беше утврдено дека ја поминал руско-кинеската граница, веројатно во потрага за храна. Тигарот кој е еден од трите ретки примероци останати од неговиот вид, беше пуштен на слобода во мај во руската регија Амур во источен Сибир. Руските медиуми објавија во 2008. година дека Путин наводно спасил една телевизиска екипа испалувајќи куршум за успивање, со кој го погодил сибирскиот тигар кој бил побегнат од националниот парк.

Еколозите велат дека загрозениот амурски тигар веројатно барал подобро ловиште, но сега стравуваат за неговата безбедност.

Василиј Горобејко, заменик менаџер за природни ресурси во Русија, вели дека е загрижен поради тоа што Кина е понаселена земја и затоа што залутаниот тигар би можел да го убие некој фармер доколку случајно би дошол на имотот.

Путин ја ослободи Кузја кога имаше 19 години, заедно со уште два тигра. Кузја беше најхрабрата од нив и прва замина во дивината.

Другите два тигри, Борја, брат на Кузја и Илона, останаа во амурскиот регион.

Путин ги предводеше напорите за заштита на амурските тигри. Популацијата на овие животни во дивината е сочинета од само неколку стотици единки и не е на одржливо ниво, без интервенција на луѓето.

Подготви: K. A.

 

 

 


]]>
true
<![CDATA[113-годишна баба лажела за годините за да си отвори профил на Фејсбук]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154323/113-godishna-baba-lazhela-za-godinite-za-da-si-otvori-profil-na-Fejsbuk http://www.plusinfo.mk/vest/154323/113-godishna-baba-lazhela-za-godinite-za-da-si-otvori-profil-na-Fejsbuk 2014-10-15 08:45:03 Американката Ана Штоер која има неверојатни 113 години решила д аотвори профил н аФејсбук, но наишла на еден „голем“ проблем. Таа не можела да ја впише точната година на своето раѓање на профилот, па морала да ги сокрие своите години.

Кога бабата го правела својот профил видела дека 1900, годината кога таа е родена не е налистата која досегнува од 1905 година. На крај за да успее во својата намера, таа решила да го направи тоа што многу луѓе денес го прават н аинтернет- да лаже за своите години, па така Ана сега во виртуелниот свет има 99 години.

Оваа слатка измама ја открил продавачот за техничка роба Џозеф Рамирез кој му продал телефон на нејзиниот син Харлан (85). Рамирез се спријателил со Ана во старечкиот дом во кој таа престојува, а притоа ја научил да работи со компјутер и да сурфа на интерет, а на крај ѝ помогнал да му напише писмо на основачот на Фејсбук, Марк Џукенберг, кое го насловила „Уште сум овде“. Најстарата жителка на Минесота во среда ќе го прослави 114 -тиот роденден.


Подготви:Б.В.

 

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Менува трособна куќа за Ајфон]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154322/FOTO-Menuva-trosobna-kukja-za-Ajfon http://www.plusinfo.mk/vest/154322/FOTO-Menuva-trosobna-kukja-za-Ajfon 2014-10-14 13:56:17 Во Детроит се продава трособна куќа во вредност на последниот модел на Ајфон. Еден од очајните сопственици на куќата веќе со месеци не успева да ја продаде куќата по почетна цена од 5.000 долари па затоа одлучил да ја понуди во замена за последниот модел на Ајфон, пренесува весникот „Фигаро“.

Агентот ангажиран за продажба на оваа куќа тврди дека добил веќе четири понуди а најверојатно куќата ќе му припадне на купец кој веќе живее во овој четврт по цена од 750 долари.

Куќите во овој регион се еднолични. Во моментот ги има стотина на продажба. Продавачите на куќи на сè се  подготвени за да се ослободат од своите непрофитабилни недвижности. Сопственикот на куќата чија врендност е проценета на 20.000 долари  се согласил да ја отстапи во замена за автомобил од мараката „Шевролет“ од 1994 година.

Бројот на празни куќи во Детроит во последните неколку години се зголемува како директна последица на непривлечноста на овој американски регион и одење на нејзините жители.


Градот претрпел сериозни последици поради кризата на автомобилската индустрија. Бројот на жители е намален за третина од почетокот на кризата поради затворањето на фабриката за автомобили. Градот Детроит по секоја цена се бори да избегне банкрот.

 

Подготви:Б.В.


 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Бугарскиот „Индијана Џоунс“ ископал вампирски гроб]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154314/FOTO-Bugarskiot-Indijana-Gzouns--iskopal-vampirski-grob http://www.plusinfo.mk/vest/154314/FOTO-Bugarskiot-Indijana-Gzouns--iskopal-vampirski-grob 2014-10-14 12:32:43 Во Бугарија е пронајден уште еден гроб во кој е погребана личност за која наводно се верувало дека е вампир, пренесува „Телеграф“.

Овој вампирски гроб го открил професорот и археологот Николаи Овчаров, познат како „бугарскиот Индијана Џоунс“. Овчаров копал под рушевините на Перперикона, древен град кој се наоѓа на југот на денешна Бугарија, во близина на границата на Грција.

Ископувањето на градот за кој се смета дека е стар околу 8.000 години, започнало во 2000 година.

Пред неколку дена археологот објави дека пронашол одлично сочуван скелет на човек со колец во градниот кош, кој живеел во средниот век.

- Ова без сомнеж е уште еден пример за изведен анти-вампирски ритуал - изјавил Овчаров.

Тој објаснил како металниот колец бил прободен во телото за да го спречи „лошиот човек“ да стане од мртвите и да почне да ги напаѓа живите.

- Тоа честопати се правело на луѓето кои починале во неразјаснети околности - како што е самоубиството - изјавил археологот.

Најдениот скелет му припаѓал на човек на возраст помеѓу 40 и 50 години, кој најверојатно живеел во 13 ек.

Освен тоа што скелетот имал тежок колец во градите, на погребаниот човек му била отсечена левата нога под коленото и поставена покрај телото.


Овчаров  и неговиот тим во гробницата пронашле и остатоци од жена и дете, наредени така да наликуваат на приказот на Богородица и малиот Исус.

Археологот изјвавил дека вакво поставување на телото бил еден од начините да се избрка чумата. Овчаров е заслужен за голем број откритија на бугарското тло, и објавил 18 книги и повеќе од 250 прилози. Обичајот да се забива колец во телото на починатиот како „превентива против вампирството“, долго време се задржало во Бугарија. Слични ритуали се спроведувале и во Србија, па телата на оние за кои имало сомнеж дека ќе се повампират, биле прободувани со колец или биле спалувани.

 

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО+ФОТО Исповед на најомразената мајка во Америка]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154307/VIDEOFOTO-Ispoved-na-najomrazenata-majka-vo-Amerika http://www.plusinfo.mk/vest/154307/VIDEOFOTO-Ispoved-na-najomrazenata-majka-vo-Amerika 2014-10-14 11:37:00 Бренда Слеби пред седум години гостуваше во емисијата на Опра Винфри, и тогаш ја раскажа страшната приказна која засекогаш ѝ го променила животот. Нејзината ќеркичка умрела поради нејзината немарност!

Тогаш таа за себе изјави дека е „најомразената мајка во Америка“, а сега повторно гостувала кај познатата водителка и потврдила дека по губитокот на своето дете никогаш повеќе нема да може да има нормален живот.

Бренда и нејзиниот сопруг Гери имале две ќеркички, а помалечката, Сесилија, имала само две години кога дошло до трагедијата. Тој кобен 23-ти август 2007 година Гери не можел помалечката Сесилија да ја однесе кај дадилката, па ја замолил Бренда да го направи тоа наместо него. Таа во тоа време работела како заменик директор и одвај успевала да одржи баланс помеѓу работата и семејството, а тоа утро се покажало дека не смеела ниту да се обидува.

Бренда ја земала ќерката со себе кога тргнала на работа, но бидејќи било прерано за да и’ ја однесе на својата дадилка, одлучила по пат да заврши некои обрвски. Поминала од пекара и купила крофни за своите колеги, а потоа се упатила кон училиштето во кое работела. Во меѓувреме малата Сесилија ја заборавила на задното седиште од својот автомобил.

Кога пристигнала во училиштето, излегла од автомобилот, ги извадила работите и се упатила кон канцеларијата притоа оставајќи ја малата Сесилија заклучена во автомобилот на задното седиште среде страшно жежок летен ден. Тоа бил првиот училишен ден и таа едноставно не знаела каде ѝ е главата од обврски, така што поминало многу време додека сфатила дека, всушност, ја заборавила ќерка си во автомобилот.

- Седев во канцеларијата и една добра учителка, моја пријателка и колешка која била тргната кон дома и случајно поминала покрај мојот автомобил дотрча до мојата канцеларија и ми кажа: „Бренда, бебето ти е во автомобил“… панично истрчав најбрзо што можев. Знаев што ќе најдам. Пулсирав и бев целосно зашеметена. Страв. Ме обли ладна пот. Ја отворив вратата од автомобилот и се сеќавам дека во позадина ги слушав гласовите околу мене од луѓето како врескаат. Ја повлеков толку силно што го повлеков и нејзиното седиште. Ја земав во раце и знаев… знаев дека е мртва. Само што ја земав во прегратка знаев - раскажала Бренда во емисијата на Опра пред седум години.

Сесилија умрела од топлотен удар откако во автомобилот поминала осум часа. Денес, нејзината мајка не е повеќе со Грег, а единствената причина за живот ја гледа кај старата ќеркичка Алисон.

- Таа е причината поради која станувам од кревет секој ден. Таа е причината поради која направив сè што имам направено изминативе седум години. Животот денес ми е многу поразличен од оној пред седум години. Повеќе не мислам дека сум најомразената мајка во Америка, но во задниот дел од умот секогаш ми стои таа мисла дека ја оставив ќерка ми да умре. Поради тоа многу се сомневам во она што го правам како мајка. Многу е тешко - рекла Бренда.

Подготви: K. A.

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Го промени полот на 81 година и стана баба!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154306/FOTO-Go-promeni-polot-na-81-godina-i-stana-baba http://www.plusinfo.mk/vest/154306/FOTO-Go-promeni-polot-na-81-godina-i-stana-baba 2014-10-14 09:57:04 Поранешниот воен пилот Џејмс Роуз, татко на три и дедо на четири деца, во поодминати години се подложил на операција за промена на полот и сега се вика Рут.

 

81-годишниот Џејмс Роуз, поранешен воен пилот од Велика Британија, одлучил во поодминати години да направи операција за промена на полот, па сега се јавува на името Рут и официјално е најстарата личност на светот која го променила полот.

 

- Отсекогаш знаев дека сум родена во погрешно тело - раскажала Рут за британските медиуми, додавајќи дека се кае само поради една работа во врска со операцијата – затоа што не вградила поголеми гради.

 

Рут како Џејмс бил разведен татко на три и дедо на четири внучиња. Меѓутоа тој од својата деветта година знаел дека е во погрешно тело.


- Додека бев во брак, водев двоен живот. Се облекував во женска облека меѓу пријателите, но дома морав да глумам маж - раскажала Рут.

 

Таа рекла дека почувствувала вистинско олеснување кога докторот ѝ предложил операција за промена на полот. „Мислев дека е предоцна за мене и дека сум престара за тоа. Меѓутоа, сигурна сум дека хирурзите не би се осмелиле да ме пратат на операција доколку не беа сигурни дека можам да ја издржам“, раскажала Рут.

 

Меѓутоа, таа не направила комплетна реконструкција на половиот орган.

- Би било урнебесно да побарав да ми направат вагина за да можам да имам секс со мажи. Тоа не би било во ред. Целта на оваа операција за мене не беше во сексуалните односи со некој, туку конечно да се почувствувам женствено - заклучила бабата.

 

Подготви:К.А.

 


]]>
true
<![CDATA[Исповед на 26-годишна девица: Зошто сè уште сум невина!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154299/Ispoved-na-26-godishna-devica-Zoshto-s-ushte-sum-nevina http://www.plusinfo.mk/vest/154299/Ispoved-na-26-godishna-devica-Zoshto-s-ushte-sum-nevina 2014-10-14 08:58:14 Таа има 26 години и сè уште е невина! Така самата одлучила, бидејќи во сексуални односи не сака да стапи пред брак.

 

Излегувањето со момчиња за оваа девојка се комплицирана приказна. Кога да му се каже на момчето дека е невина? На првиот состанок? И предоцна и прерано. На вториот, третиот? Одговорот, се чини, е едноставен, барем од перспектива на оваа девојка - не постои вистинско време.

Во денешно време, нејзината одлука на некој начин е екстремна. 

Имам 26 години и сум високообразована, имам добра работа, преубав стан и немам долгови. Опкружена сум со добри пријатели, имам семејство кое ме поддржува и јасна слика за тоа која сум и каде одам. Според некои стандардни општествени мерила, мошне сум успешна личност. Сепак, кога ќе дојде моментот на момчето со кое сум излегла да му кажам дека сè уште сум девица и дека секс не доаѓа предвид, одеднаш во очите на светот станувам несигурна и чудна - вели оваа 26-годишна девојка.

Признава дека неколкупати била вљубена и во врски, но тие никогаш не станувале доволно сериозни и секс не доаѓал предвид. Во средно училиште и на факултет главно имала улога на пријателка која дава љубовни совети на другите девојки, па и на момчињата.

Едно момче, со кое работите се одвивале во насока на врска, па и секс, ја изневерило. Односно излегло дека тој веќе има девојка. 

- Разочарувањето можеби е една од причините. Друга е тоа што сум христијанка. Не можеби во радикална смисла, но воспитана сум со став дека сексот е нешто што се случува исклучиво во брак - објаснува таа. 

Но, третата и можеби најважна причина е тоа што, всушност, сум романтична, и покрај тоа што делувам како независна, помалку цинична и со нозе цврсто на земјата и сексот ми преставува „она повеќе„. Не сум против сексот, напротив, тој, колку што сум слушала и слушам, е одлична работа и одвај чекам да го пробам, искрена е девојката. 

Признала и дека момчињата различно реагираат на фактот дека сè уште е девица. Некои заземаат лежерен став по тоа прашање, но всушност, веднаш размислуваат кој е најбрзиот и најлесниот начин да ја наговорат да го смени ставот.

- На почетокот некои реагираа добро, со многу разбирање, но на крајот сè се завршуваше. Излегуваше дека сексот е, сепак, многу важен - го опишува своето искуство оваа 26-годишна девојка.

Некои ги одбила веднаш, затоа што не биле „оние вистинските“ и врската не одела во посакуваната насока, па сето ѝ немало смисла.

Еден од поранешните момчиња во целост ја поддржувал нејзината одлука, но излегло дека постојано сака да зборуваат за секс, односно за тоа дека тој е нешто лошо и нешто заради што треба да се чувствуваат виновни, и само затоа што бил премногу религиозен.

- Тоа уште повеќе ме натера да останам доследна на својата одлука и на ставот - вели девојката и додава:

„Не сум против секс. Напротив. Постојат мигови кога ми е тешко да се воздржам и тогаш се прашувам дали мојата одлука е исправна и дали има смисла да се чека“. 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[Поранешен питач ја пронашол жената која му помогнала и ѝ дал 131.000 евра!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154173/Poraneshen-pitach-ja-pronashol-zhenata-koja-mu-pomognala-i--dal-131000-evra http://www.plusinfo.mk/vest/154173/Poraneshen-pitach-ja-pronashol-zhenata-koja-mu-pomognala-i--dal-131000-evra 2014-10-13 15:50:12 Хе Ронфгенг, денес богат 38-годишен кинески претприемач, успеал пред неколку дена да ја пронајде жената на која никогаш не престанал да мисли па на врата ѝ тропнал со чек вреден милион јуани (околу 131.000 евра). 

Имено, Ронфгенг некогаш бил сиромашен и за живот заработувал просејќи, далечната 1993 година, кога имал само 17 години, ја сретнал Даи Ксингфен (45) која се сожалила на него.

Ксингфен го примила Ронфгенг со уште двајца питачи во својот дом и ги нахранила, па ги пратила во светот со порака која никогаш не ја заборавил:

- Нè нахрани, ни дозволи кај неа да преспиеме, па утредента ни даде и пари за карти за воз. Тогаш пред 21 година ако не беше таа, јас сега не бил бил тука каде што сум денес. Таа вечер ни рече дека не е срамота да сe биде сиромашен и нè испрати со зборовите дека секогаш треба да тежнееме кон тоа да бидеме добри личности – раскажал Ронфгенг, кој Ксинфен, имено сопственичка н продавница со тестенини, ја пронашол во Таизхоу.

Ксингфен, трогната веќе од самиот факт што Ронфген се сеќава на неа, го одбила чекот со зборовите дека не му помогнала за да ѝ се исплати тоа, но се согласила да ја дарува со постер на кој тајкунот напишал: „Мојата благодарност е тешка како планина“.

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Животните сцени претставени преку колекцијата „Лили“ на Ивана Кнез]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154220/FOTO-Zhivotnite-sceni-pretstaveni-preku-kolekcijata-Lili-na-Ivana-Knez http://www.plusinfo.mk/vest/154220/FOTO-Zhivotnite-sceni-pretstaveni-preku-kolekcijata-Lili-na-Ivana-Knez 2014-10-13 15:16:09 Дизајнерката Ивана Кнез ја претстави својата најнова колекција „Лили“, инспирирана од познатата руска драма „Галеб“.
- Ова е колекција инспирирана од познатата драма Галеб на маестралниот Чехов. Тоа е всушност последниот проект на кој соработував со Билјана Радиноска, режисер и личност која ја почитувам многу и често знае да ме инспирира од костимот да направам цела колекција. Колекцијата „Лили“ е изработена од рециклирана кожа и пердуви, кристали и камења. Тежнее кон длабочина на перспективни емоционални искуства и искрени животни приказни“ ­­– изјавува Ивана Кнез. 
Заштитно лице на последното ремек дело на младата и талентирана дизајнерка е познатата водителка Миа Костова.
- Неверојатната креативност на Ивана, преку објективот на Чулиќ и мајсторијата на Даниел за мене беа најлесните два часа поминати на сет. Уживав во секој момент како што уживам и во новата колекција на „Студио Драма“ – вели Миа Костова. 
За снимањето на фотосесијата беше задолжен фотографот Жарко Чулиќ, а визажистот Даниел Николовски беше задолжен за шминката и фризурата на Миа. 
Колекцијата „Лили“ за рекордно брзо време беше речиси целосно распродадена, а последните модели од колекцијата се достапни во „Студио Драма“.

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[Маж провалил во шупа и силувал кадифено мече]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154135/Mazh-provalil-vo-shupa-i-siluval-kadifeno-meche http://www.plusinfo.mk/vest/154135/Mazh-provalil-vo-shupa-i-siluval-kadifeno-meche 2014-10-13 14:19:09 Постојано слушаме вести за грабежи, убиства и силувања, но поседната вест која ja објавија британските медиуми е премногу бизарна и изопачена.

Имено разуздан провалник бил лишен од слобода откако имал полов однос со кадифено ече, додека ограбувал една шупа, а полицијата пронашла негова ДНК во играчката.

Британецот Пол Маунтаин (38) изјавил дека почусвтвувал огромна потреба сексуално да се олесни, пишува „Ленкшир телеграф“.

Се верува дека Британецот исекол дупка во плишаната играчка пред да ја „изврши работата“. Сопственикот на шупата открил дека некој извршил провала, а на подот помеѓу расфрланите работи го пронашол кадифеното мече „искористено и злоупотребено“

- Кадифеното мече беше донесе во полиција а семената течност која беше пронајдена во него не одведе до провалникот - изјавил тужителот.

Обвинетиот во полиција изјавил дека во моментот се откажувал од амфетамини и дека почувствувал силна потреба сексуално да с еолесни. Настраниот крадец се обвинува за провала со намера да краде.

 

Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Ги уапсиле, па имале секс во полициски автомобил]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154174/FOTO-Gi-uapsile-pa-imale-seks-vo-policiski-avtomobil http://www.plusinfo.mk/vest/154174/FOTO-Gi-uapsile-pa-imale-seks-vo-policiski-avtomobil 2014-10-13 11:58:50 Заменикот на шерифот привел една двојка поради возење во пијана состојба, но тие оваа прилика ја искористиле за да имаат секс на задното седиште на полициската кола.

Тревис Хасник (33) и Хедер Бестен (29) од Оконто Каунти (САД) се уапсени на 3 август, откако заменикот на шерифот го прекинал нивниот сексуален однос и конечно успеал да ги раздвои.

На судењето кое се одржа деновиве, Хасник беше осуден на 90 дена затвор, во што беше вклучено и времето поминато од 3 август.

Неговата девојка Бестен доби 45 дена затвор, поради возење под дејство на алкохол и недолично однесување.

Подготви:К.А.

 

]]>
true
<![CDATA[Конечно откриено: На погребот на Тито во неговиот ковчег немало труп, туку песок]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154192/Konechno-otkrieno-Na-pogrebot-na-Tito-vo-negoviot-kovcheg-nemalo-trup-tuku-pesok http://www.plusinfo.mk/vest/154192/Konechno-otkrieno-Na-pogrebot-na-Tito-vo-negoviot-kovcheg-nemalo-trup-tuku-pesok 2014-10-13 10:56:20 Погребот на Јосип Броз Тито на 8 мај 1980 година бил всушност една големо подметнување на службата на државната безбедност на поранешна Југославија, пренесуваат „Вечерње новости“ во својот специјален додаток „Крвави архиви“.

Ова светско случување беше голем испит за југословенскиот систем на безедноста и тајната служба, бидејќи требало да се обезбедуваат 600 значајни гости и светски државници. Доктор Обрен Ѓорѓевиќ кој 40 години поминал како професионалец во органите за безбедност , тврди дека во ковчегот кој бил изложен во сојузното собраните, не бил трупот на Тито туку бил ставен песок.

- Кога Тито почина  некои од членовите на Претседателството на СФРЈ, пред сè Стеван Дороњски и Стане Доланц, сакаа да го балсамираат и да го стават во мавзолеј каков што има Ленин на Црвениот плоштад. Телото на Тито беше преполно со разни лекови и медикаменти, и почна прерано да се распаѓа и да шири непријатен мирис околу себе. Од медицински и хигиенски причини Доланц, Микулиќ и Дороњски одлучија погребот да се изврши без телото на Тито. Во ковчегот кој беше изложен во сојузното собрание се наоѓал песок - открива доктор Ѓорѓевиќ.

 

Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО+ФОТО Била воспитувачка сега заработува со „мешање“ со задникот!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154175/VIDEOFOTO-Bila-vospituvachka-sega-zarabotuva-so-meshanje-so-zadnikot http://www.plusinfo.mk/vest/154175/VIDEOFOTO-Bila-vospituvachka-sega-zarabotuva-so-meshanje-so-zadnikot 2014-10-13 10:03:03 Поранешна воспитувачка на деца одлучила да ја прекине таа кариера во просветителството и да се посвети на еден друг вид „просветлување“ на својата огромна публика.

22-годишната Џесика Ванеса себеси се нарекува професионална „тверкерка“, што е сосема во ред кога од тоа зема плата од дури шест цифри! Големите компании забележале колку атрибутите од Џесика привлекуваат внимание на нејзиниот Vine профил, па ѝ нудат огромни суми за да ги рекламира нивните производи во Vine видеата, кои ги следат околу 2 милиони луѓе.

- За тоа што сега го заработувам за шест секунди, ми требаа четири месеци за да го заработам како воспитувачка. Секако е благослов. Купив нов автомобил, целосно го отплатив и успеав да се извлечам од долговите кои ги имав кон училиштето во кое дипломирав - раскажала Џесика.

Иако признава дека напуштањето на работата во градинката било ризично, таа напоменува дека тоа дефинитивно ѝ се исплатело. 

- Јас не сум ѕвезда, но почувствував како е да се биде отприлика – се соочувам со странци кои се дрзнуваат да ми се обратат нарекувајќи ме „к...а“ или да го коментираат мојот изглед, дека сум била дебела или грда. Никој не ве праша за мислење - рекла Џесика.

Иако сè делува идеално во животот на оваа девојка, Џесика признава дека некогаш не е лесно – особено кога добива злобни коментари и пораки од некои луѓе, што неколку пати ја довеле до нервен слом. Тоа што ѝ омогнало да продолжи понатаму е поддршката од семејството.

- Луѓето обично ве дефинираат како таква поради „мешањето“ со задникот, но тоа е само стил на танцување и тоа е тоа, луѓето доколку не се толку ограничено би можеле да сфатат - заклучила танчерката која дури и сопствениот татко ја поддржува во она што го работи.

Подготви:К.А.


]]>
true
<![CDATA[Францускиот бакнеж во Париз се вика „англиски“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154172/Francuskiot-baknezh-vo-Pariz-se-vika-angliski http://www.plusinfo.mk/vest/154172/Francuskiot-baknezh-vo-Pariz-se-vika-angliski 2014-10-13 08:57:28 Овие факти веројатно нема многу да ви помогнат во животот, но сигурно добро ќе ве забавуваат.

1. Популарниот „француски бакнеж“ во Франција е познат како „англиски бакнеж“.

2. Лебарките можат да живеат неколку недели без глава.

3. Твоето срце дневно отчукува повеќе од 100.000 пати.

4. Се раѓаме со 300 коски, а до смртта имаме 206.

5. Делфините спијат со едно отворено око.

6. Месеците кои што почнуваат во сабота секогаш имаат петок 13-ти.

7. Секоја година повеќе луѓе умираат од пчела отколку од змија.

8. Најстарата гума за џвакање во светот, е стара 9.000 години.

9. Бувот е единствено животно кое може да види сина боја.

10. Ноктите на рацете растат 4 пати побрзо од оние на нозете.

11. Адолф Хитлер бил вегетаријанец.

12. Луѓето кои пишуваат со десна рака во просек живеат 9 години подолго од левучарите.

13. Жените трепкаат два пати повеќе од мажите.

14. Жирафата со својот долг јазик може да ги исчисти своите уши.

15. Една четвртина од коските во нашето тело се наоѓа во стапалата.

16. Поголемиот дел од прашината во секоја куќа се состои од мртва кожа.

17. Во Небраска, САД,  противзаконско е да кивнете во црква. 

18. Медот е единствената храна што не може да се расипе.

19. Во 1386 година во Франција била обесена свиња, под сомнеж дека убила дете.

20. Роденденот го делите со отприлика околку 9 милиони луѓе на земјата.

21. Во секое време околу ,.7 отсто од популацијата е пијано.

22. И Алберт Ајнштајн и Чарлс Дарвин се ожениле со свои братучетки.

23. Кечапот во 1830 година бил продаван како лек.

24. Половина од грабежите на банки се случуваат во петок.

25. 1 од 9.000 луѓе е албино.

26. 98 отсто од сите убиства ги започнуваат членови од семејството или пријатели на жртвите.

27. Секоја година во Америка се снимаат околу 500 филмови, во Индија 800.

28. Принцот Чарлс и принцот Вилијам никогаш не патуваат со ист авион, за ако се случи несреќа, да не загинат и двајцата.

29. Најмногу црвенокоси луѓе се раѓаат во Шкотска.

Подготви: K. A.

 

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Големината сепак е пресудна: Зошто оваа девојка не може да има сиромашно момче]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154087/VIDEO-Goleminata-sepak-e-presudna-Zoshto-ovaa-devojka-ne-mozhe-da-ima-siromashno-momche http://www.plusinfo.mk/vest/154087/VIDEO-Goleminata-sepak-e-presudna-Zoshto-ovaa-devojka-ne-mozhe-da-ima-siromashno-momche 2014-10-12 15:39:45 Дисковите на устата кои ги носи оваа млада Етиопијка имаат повеќе значења. Тие се наменети за привлекување на мажи и мираз за семејството на потенцијалната невеста.

Нејзиниот иден сопруг мора да и осигура контингент говеда сразмерен со големината на дискот кој таа го носи на својата долна усна, доколку сака да ја земе за жена.

Австралиска филмска екипа, предводена од снимателот Абрахам Џоеф наишла на најголемиот „накит за усни“ на светот во далечните долини на јужна Етиопија. Џоеф за „Дејли меил“ раскажал како дошол до ова фасцинантно откритие снимајќи го документарниот серија за „Canon Australia“.

- И локалните водичи кои беа со нас останаа збунети кога ја здогледавме оваа млада жена. Јас сум голем обожавател на Гинисовата книга на рекорди, и веднаш знаев дека сум пронашол нешто посебно штом и локалните мештани останаа вчудоневидени – изјавил тој.

20-годишната Атаје Елигидагне веројатно го има најголемиот диск за усни на светот. Неговиот обем е неверојатни 59,5 сантиметри а пречникот му е 19,5 сантиметри.

Претходниот диск со оваа намена во Гинис имаше пречник од 15 сантиметри.Овие дискови се традиција помеѓу жените во тој дел на Етиопија.

Постојат докази за жените кои носат дискови на овие простори  од 1896 година, а постапката за нивното вградување подразбира вадење на два предни заба од долната вилица а сето тоа се извршува кога девојчињата се на возраст од 15 до 18 години.

Во поново време, владата на Етиопија превземала мерки за забрана на носење на дисковите и наводно се поретко се среќаваат кај жените. Овие дискови имаат повеќе значења.

- Мислам дека сето тоа е поврзано со гордоста. Поголем диск , повеќе е импресивен. Младите луѓе се обидуваат да се надминат едни со други во целиот свет не само тука во Етоипија – вели Џоеф. Кај оваа девојка истегнувањето на нејзината усна траело три години.

- Таа ми рече дека не било болно. Но вели дека дисковите нема засекогаш да останат на нејзините усни. Не е сигурна дали и нејзините ќерки некогаш ќе носат дискови но ќе ги почитува одлуките на своите деца – додава тој.

 

Подготви:Б.В.

 

 

]]>
true
<![CDATA[Есенски трендови за бојадисување на косата]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154080/Esenski-trendovi-za-bojadisuvanje-na-kosata http://www.plusinfo.mk/vest/154080/Esenski-trendovi-za-bojadisuvanje-na-kosata 2014-10-12 14:18:16 Кремасто руса  боја, прамени во боја на кафе и бакарно црвена боја во моментот се најпопуларни трендови за бојадисување на косата за оваа есен. Белинда Џефри, фризерка од Сиднеј истакнува дека природниот изглед е најпопуларниот тренд оваа есен.

Затоа ако планирате да ја бојадисувате вашата коса, никако немој да одите од две нијанси потемна боја од вашата природна коса бидејќи во спротивно ќе изгледате како да носите перика.

- Освен ако не сте млада и преубава девојка која може да ја износи таквата боја на коса во тој случај  ојата на косата многу ќе отскокнува  од вашиот природен изглед што може да изгледа вештачки - вели  Белинда.Таа истакнува дека популарното омбре излезе од мода и оваа есен никој не сака темен корен со руси краеви.

Што се однесува до бринетите, дизајнерите оваа година на модните недели потенцираа манекенки кои имаат по некој темен прамен со боја на карамел и сивкасти нијанси.Црвенокосите жени оваа година ќе бидат во прв план со оглед на тоа што во фризерските салони најбарана е  е  светлата боја на морков како онаа што ја има актерката Џулијан Мур

.Освен бојата на косата Белинда советува да се угледате на познатите личности кои ја отсекле својата долга коса и и дале шанса на кратката коса, особено на паж фризурата.

- Кратката коса е полесно да се стилизира и освен тоа таа ви дава летен изглед како да сте на плажа. Должината нека биде точно на до рамениците. Рамната паж фризура оваа есен е хит и ви дава бунтовнички изглед – вели  австралиската фризерка.

 

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Вака изгледа тиква од половина тон]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154136/FOTO-Vaka-izgleda-tikva-od-polovina-ton http://www.plusinfo.mk/vest/154136/FOTO-Vaka-izgleda-tikva-od-polovina-ton 2014-10-12 12:48:19 Србинот Милан Десница се надминал себе си и ја поедил конкуренцијата со грандиозна тиква тешка 507 килограми на 29-тото издание на панаѓурот на тикви „Дани лудаја“ кој се одржува во Кикинда, пренесуваат српските медиуми.

На агрономот од Савино Село ова му е петти пат да победи во натпреварот за најтешка и најдолга тиква. Тој пред неколку години беше сопственик на тиква од 288,3 килограми, а оваа година на панаѓурот се појавил со колосален  џин од половина тон.

- Кога во 2010 година остварил апсолутен рекорд годината исто така беше дождлива како и оваа година. Сепак оваа тиква е двојно потешка па поради тоа и победата ми е послатка. Тиквата ја посадив на 10 април и грижливо ја одгледував во мојата градина. Првин ја чував од мразот а потоа и од ледот. Во последните две години не се натпреварував. Сакав и другите натпреварувачи да ја почувствуваат сласта на победата на оваа манифестација - изјавил Милан за српските медиуми.

 

Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[Шестмина мажи испливаа од Кипар до Израел и го срушија светскиот рекорд]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154125/Shestmina-mazhi-isplivaa-od-Kipar-do-Izrael-i-go-srushija-svetskiot-rekord http://www.plusinfo.mk/vest/154125/Shestmina-mazhi-isplivaa-od-Kipar-do-Izrael-i-go-srushija-svetskiot-rekord 2014-10-12 12:00:47 Шестмина Израелци кои на 5 октомври тргнаа од Кипар со мисија да го срушат светскиот рекорд во пливање на отворено море, успешно го завршија својот потфат пристигнувајќи во саботата во израелското пристаниште Херзлију откако препливаа 380 километри.

Оваа храбра шесторка под покровителство на израелската невладина организација за борба против загадување на морето трганле од Пафос на југот на Кипар, пливајќи на смена по саат време за пет дена пристигнале во Израел.

- Го срушивме светскиот рекорд во најдолгата пливачка штафета на отворени води - 380 километри помеѓу кипар и Израел . Досегашниот рекорд кој го остварија Американците беше 366 километри и одлучивме да го прифатиме овој предизвик - изјавил еден од пливачите, Одед Рахав.

Учесниците во овој пливачки маратон изјавиле дека имале проблем со медузите, со температурата на морето и пливале без заштитни одела и со мноштво пластични вреќички околу нив, што било неподносливо.

Пливачите биле на возраст од 41 до 66 години и се подготвувале година дена и носеле уреди кои го бележеле текот на нивниот потфат со цел да може да биде потврден нивниот рекорд во Гинисовата книга на рекорди.

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Скандал во Нишката гинекологија: Докторки се фотографирале додека пациентка се пораѓала]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154107/FOTO-Skandal-vo-Nishkata-ginekologija-Doktorki-se-fotografirale-dodeka-pacientka-se-poragjala http://www.plusinfo.mk/vest/154107/FOTO-Skandal-vo-Nishkata-ginekologija-Doktorki-se-fotografirale-dodeka-pacientka-se-poragjala 2014-10-12 10:57:28 Сања Станојевиќ- Дикиќ и Снежана Поповиќ, две специјализантки по гинекологија во Гинеколошко-акушерската клиника во Ниш, Србија, се фотографирале во породилиштето додека една пациентка им се пораѓала.

Компромитирачката фотографија која беше објавена на Фејсбук предизвика  бурни реакции и згрозување во јавноста во Србија, а докторката Станојевиќ-Дикиќ тврди дека нејзиниот профил на Фејсбук на кој била објавена фотографијата бил хакиран и дека таа не е одговорна за објавувањето на спорната фотографија.

Директорот на нишкиот клинички центар Зоран Радовановиќ овој потег на специјализантката го смета за голем срам за професијата и најавува дека ќе бара да се казнат двете докторки.

Како што е соопштено од Нишката клиника, фотографијата е направена во нивната установа но надлежните лица не знаат кога тоа се случило.

Сања Станојевиќ- Дикиќ беше овде  на специјализација за здравствениот центар во Прокупље, но неодамна го заврши својот стаж. Другата личност од фотографијата, Снежана Поповиќ сè уште е во нашата клиника и специјализира за Здравствениот центар во Гаџин Хан. Многу сум изненадена од оваа фотографија, особено поради тоа што многу убаво соработував со Сања додека таа беше овде. Таа е добар лекар и едноставно не можам да поверувам дека направила такво нешто. Меѓутоа лично сметам дека вакво нешто е недопустливо бидејќи претставува кршење на медицинската етика - оценила докторката Јасмина Поповиќ.

 Уште поостар во оцената на постапката на двете докторки е директорот на на нишкиот клинички центар Зоран Радовановиќ.

- Резил и срам, мислам дека ниту еден збор не  е доволно силен да ја окарактеризира вакават постапка на докторките. Ние сме тука да ги заштитиме пациентките,  а не да ја изложуваме нивната интима и тоа во вакви чувствителни моменти. Вчудоневиден сум и може да ветам дека ќе се потрудам да ги преземам сите мерки тие две личности да бидат казнети за тоа што го направиле. Ќе побарам да се покрене дисциплинска постапка против специјализантката која се уште е на клиниката и ќе барам да и се забрани да го заврши специјализантскиот стаж на нашата клиника. А што се однесува до другата докторка која се вратила во Прокупље, ќе се обратам до нејзиниот директор и ќе барам адекватно да ја казни - истакнал Радовановиќ.


Подготви:Б.В.

 

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Просјак на жена која му помогнала пред 20 години ѝ понудил 130.000 евра]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154086/FOTO-Prosjak-na-zhena-koja-mu-pomognala-pred-20-godini--ponudil-130000-evra http://www.plusinfo.mk/vest/154086/FOTO-Prosjak-na-zhena-koja-mu-pomognala-pred-20-godini--ponudil-130000-evra 2014-10-12 09:21:52 Поранешен просјак од Кина на жена која му помогнала пред 20 години сакал да и даде 130.000 евра.  Кинезот Хе Ронгфенг, денес 38-годишен богаташ пред неколку дена успеал да ја пронајде жената на која никогаш не престанал да мисли и и тропнал на врата со вреден чек од 130.000 евра.

Бизнисменот некогаш бил сиромашен и просел и така заработувал за живот, а во 1993 година кога имал 17 години ја сретнал Даи Ксингфен (45) која се сожалила на него.

Таа го однела него и уште двајца просјаци во својот дом и ги нахранила а притоа им рекла никогаш да не ја заборават.

- Не нахрани и ни допушти да преспиеме кај неа и утрото ни даде пари за карта. Таа ноќ ни рече дека не е срамота да се биде сиромашен и не испрати со зборовите дека секогаш треба да тежнееме кон тоа да бидеме добри луѓе - раскажал милионерот.

Жената била трогната од самиот факот што Ронгфенг воопшто се стил на неа, но сепак го одбила неговиот великодушен чек со зборовите дека не му помогнала за да има некаква корист од тоа .

На крајот само прифатила да ѝ ја подари плакета на која кинескиот богаташ напишал : „Мојата благодарност е тешка како една планина“.

 

Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[Го изневерила сопругот со џуџест стриптизер, бебето ја открило мрачната тајна]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154075/Go-izneverila-soprugot-so-gzugzest-striptizer-bebeto-ja-otkrilo-mrachnata-tajna http://www.plusinfo.mk/vest/154075/Go-izneverila-soprugot-so-gzugzest-striptizer-bebeto-ja-otkrilo-mrachnata-tajna 2014-10-11 16:24:57 Една Шпанка морала да му признае на својот сопруг дека го изневерила на својата моминска вечер и тоа со стриптизер со џуџест раст. Жената својата тајна би ја понела со себе во гроб доколку не забременила таа кобна вечер. Нејзиниот сопруг цело време мислел дека чека негово дете се додека не се породила и на свет донела џуџе.

Шпанските медиуми известуваат дека жената се породила во една болница во Венеција, но одлучила да остане анонимна. До прељубата дошло на почетокот на годината, а нејзиниот сопруг цело време верувал дека бебето било негово. За прељубата на жената не знаел никој па дури ни нејзините најблиски пријателки. Но кога го зела во раце својот новороден син се разочарала и морала да признае сè.

Мајката можеби ќе успеела да ја крие својата мрачна тајна доколку детето не било родено со хипоптутаризам - џуџест раст.

Еден од шпанските џуџести стриптизери објаснил дека често одат на момински забави заедно со стриптизерите кои имаат нормален раст, но дека не познава ниту еден колега кој би можел да биде потенцијален татко.

- Не има околу десетина џуџести стриптизери кои се занимаваме со стрптиз во Шпанија. Но тоа се мажи од 40-тина и 50-тина години, и кој би сакал да спие со толку стар маж. Тоа всушност е шега и жените најчесто се срамат. Зачуден сум што некоја жена останала бремена на тој начин и дека тоа го криела од најблиските пријатели - вели анонимниот џуџест стриптизер.

Подготви:Б.В.


]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Британи Мејнард поради туморот на 1. ноември сама ќе си го одзеде животот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154047/VIDEO-Britani-Mejnard-poradi-tumorot-na-1-noemvri-sama-kje-si-go-odzede-zhivotot http://www.plusinfo.mk/vest/154047/VIDEO-Britani-Mejnard-poradi-tumorot-na-1-noemvri-sama-kje-si-go-odzede-zhivotot 2014-10-11 15:11:55 Британи Мејнард (29) поради туморот на мозкотна  1 ноември сама ќе си го одзеде животот. Оваа девојка страда од смртоносен тумор на мозокот кој се нарекува глиобластом. Без оглед на лечењето кое би го добила, туморот ќе стави  крај на нејзиниот живот на болен начин.

Непосредно по венчавката во 2012 година, Британи почнала да чувствува големи главоболки. Болеста и била дијагностицирана за Нова година 2014 , а таа и нејзиниот сопруг одлучиле да се преселат од Сан Франциско во Орегон со цел да ги искористат тамошните закони кои дозволуваат потпомогнато самоубиство.

Орегон е единствената држава во САД која дозволува еутаназија или „убиство од милосрдие“. На Британи и остануваат уште неколку недели живот а дотогаш таа решила времето да го помине во кругот на саканите луѓе, но и да даде свој придонес во борбата за правата на луѓето кои сакаат да го завршат својот живот поради тешки и неизлечиви болести.

Подготви:Б.В.

 

 

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Како може да сварите јајце во компир кога сте во шума]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154067/VIDEO-Kako-mozhe-da-svarite-jajce-vo-kompir-koga-ste-vo-shuma http://www.plusinfo.mk/vest/154067/VIDEO-Kako-mozhe-da-svarite-jajce-vo-kompir-koga-ste-vo-shuma 2014-10-11 14:33:48 Деновиве на социјалните мрежи голем хит е видеото во кое се прикажува како може да се свари јајце во компир доколку се наоѓате во некоја шума и немате услови и прибор за да зготвите храна.

Овој експеримент може да биде корисен за оние што се големи вљубеници во природата и во авантурите.  Видеото кое ги освои социјалните мрежи има над 4 милиони прегледи на Јутјуб.

 

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[Високите мажи се подложни кон неверство]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154046/Visokite-mazhi-se-podlozhni-kon-neverstvo http://www.plusinfo.mk/vest/154046/Visokite-mazhi-se-podlozhni-kon-neverstvo 2014-10-11 13:22:15 Ако отсекогаш сте сакале да имате високо момче, откажете се од потрагата бидејќи најновите истражувања носат поразувачки резултати. Високите мажи наводно се подложни кон изневерување од пониските мажи. Поради големата самодоверба и можноста да имаат вишок тестостерон, според последните истражувања повисоките мажи се повеќе подложни кон неверствата.

На интернет-страницата за склопување на бракови www.IllicitEncounters.com, Мајк Тејлор напишал дека склоноста кон неверството е резултат на тоа што високите мажи имаат голема самодоверба која доаѓа со нивната висина.

- Жените сакаат да се чувствуваат сигурно покрај мажот, иако звучи стародмодно тоа е вистинито - додава тој.

Според резултатите мажите над 177,8 сантиметри  почесто ќе изневеруваат од оние кои се пониски . Иако на многумина ова истражување им се чини смешно , Тејлор има добар аргумент.

- Високите мажи полесно им приоѓаат на жените поради тоа што се високи, а жените не остануваат рамнодушни на висината - објаснил тој.

Подготви:Б.В.

 

 

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Од океанот извлекол застрашувачко суштество кое предизвикува огромно внимание на интернет]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154035/VIDEO-Od-okeanot-izvlekol-zastrashuvachko-sushtestvo-koe-predizvikuva-ogromno-vnimanie-na-internet http://www.plusinfo.mk/vest/154035/VIDEO-Od-okeanot-izvlekol-zastrashuvachko-sushtestvo-koe-predizvikuva-ogromno-vnimanie-na-internet 2014-10-11 11:42:29 Корисникот на Фејсбук Џр. Саим во океанот близу Сингапур извлекол неверојатно чудно суштество. Видеото кое го објавил на својот профил на Фејсбук на 28. септември до сега е прегледано над 4 милиони пати.

- Го уловив и го пуштив ова суштество денес - гласи коментарот под видеото.

Тери Хаџис од австралискиот универзитет „Џејмс Кук“ оваа мистерија ја решил за кратко време, имено станува збор за „баскет ѕвезда“ која обично може да се најде многу длабоко во океанот, и е широко распространета низ сите светски океани. Ова суштество спаѓа во бодликавци, и е предатор кој ги користи своите пипци за лов на микроскопски суштества кои ги повлекува во својата уста.

 

Видеото може да го видите на следниот линк.

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[Ја врзал сопругата во свињарник и ја мавал со пченка]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154027/Ja-vrzal-soprugata-vo-svinjarnik-i-ja-maval-so-pchenka http://www.plusinfo.mk/vest/154027/Ja-vrzal-soprugata-vo-svinjarnik-i-ja-maval-so-pchenka 2014-10-11 10:42:45 66-годишен маж од хрватското село Цепидлаке ја врзал својата 44-годишна сопруга со синџири во свињарник и ја мавал со пченка, јавуваат локалните медиуми.

Меѓутоа жупанискиот суд во Вараждин не му одредил притвор на насилникот бидејќи како што се наведува во објаснувањето на одлуката на судот, обвинетиот бил трезен и никогаш порано не бил ниту пријавуван ниту осудуван, како и тоа дека физички бил со слаба градба, додека пак во крвта на неговата жена биле пронајдени 2,03 промили алкохол.

Хрватските медиуми пишуваат дека мажот ја врзал жената, ја тепал и физички се изживувал врз неа на сите можни начини. 

Помеѓу останатото ја мавала со класови пченка и ја терал да јаде од подот како свињите. Жената цела ноќ поминала во свињарникот се додека не ја ослободил соседот, кој повеќе не можел да слуша како таа офка од болки и бара помош, а притоа и повикал полиција.

Полицијата го уапсила насилникот а општинскиот тужител барал притвор од месец дена за него. Судијата проценил дека нема доволно причини да го задржи. Судијата поверувал во тоа дека жртвата не се плашела од својот сопруг насилник кој се на се имал 43 килограми и бил висок 163 сантиметри, а како отежнувачка околност било тоа што несреќната жена долги години имала проблем со алкохолот.

 

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Во Индонезија пронајдени пештерски слики стари 40.000 гoдини]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153965/FOTO-Vo-Indonezija-pronajdeni-peshterski-sliki-stari-40000-godini http://www.plusinfo.mk/vest/153965/FOTO-Vo-Indonezija-pronajdeni-peshterski-sliki-stari-40000-godini 2014-10-10 15:25:17 Праисториски слики стари 40.000години, кои прикажуваат животни и отпечатоци на човечки раце на ѕидовите на седум пештери на осторвот Сулавеси во Индонезија, повторно ја испишуваат историјата на уметноста, пренесуваат светските агенции.

Научниците објавиле дека со помош на исклучително прецизен метод ја одредиле старост на овие слики и откриле дека станува збор за „современици“ од најстарата пештерска уметност  во Европа з акоја се верувало дека е колевка на раните културни достигнувања на луѓето.

- Порано се верувало дека западна Европа е централно место на симболичната експресија на раната уметничка активност на луѓето во вид на пештерско сликарство и други облици во фигуративната уметност, пред околу 40.000 години - изјавила Максим Обер од австралискиот универзитет „Григфит“, која работела на настанокот на индонезиските слики.

Пештерските слики, кои водат до сознанијата за првите цивилизациски чекори на човечкиот род се споредуваат со досега најстарите цртежи, пронајдени во пештерата „Ел Кастиљо’’ во Шпанија и неколку пештери во Франција.

 На сликите, на кои има цртежи работени покрај 12 дланки има и два мошне добро зачувани цртежи на праисториското животно бабируса, мешавина меѓу прасе и мечка.

Пештерските слики на Сулавеси се откриени во 2005 година, а лоцирањето на времето на нивното настанување пред три години. Употребена е најсофистицирана „уранимска метода’’ за определување на староста.

Поради немање на органски остатоци на пештерските ѕидови не било можно резултатите да се компарираат и со употреба на од порано познатата метода заснована на јагленород.

 

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[Ана е најсексипилната професорка по математика во Србија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153949/Ana-e-najseksipilnata-profesorka-po-matematika-vo-Srbija http://www.plusinfo.mk/vest/153949/Ana-e-najseksipilnata-profesorka-po-matematika-vo-Srbija 2014-10-10 14:01:25 Ана Ѓорѓевиќ е поранешна балканска шампионка во карате, а на својата титула  ќе се обиде да и ја додаде и наградата во  бодибилдинг во категоријата бикини фитнес.

Ова 24-годишна српска спортистка  е студентка на математичкиот факултет во Белград, а нејзиниот сон е да стане професорка по математика.

Своите слободни часови ги поминува во теретана, ана нејзиното тело добро се гледаат резултатите од нејзината приврзаност кон здравиот живот, пренесуваат српските медиуми.

Бодибилдингот ја заинтересирал по завршувањето на кариерата во боречките вештини, а својата нова насока ќе се обиде да ја круниса на првенството во Србија кое ќе биде одржано на 25 октмври.

- За мене натпреварувањето е најважно од причина што успеав да се надминам себе си и да изгледам најдобро до сега – изјавила самоуверено Ана за српските медиуми.

Подготовките се тешки, а вклучуваат многу одрекувања од вкусната храна.

- Пијам по шест литри вода на ден – открила Ана додавајќи дека по бодибилдингот сакат да стане професорка по математика, предметот кон кој имала најголема страст уште од мали нозе.

- Предавав во четврта година во средно училиште и моите ученици беа дисциплинирани. Сите се јавуваа да одговараат пред табла – изјавила Ана низ смеа.

Подготви:Б.В.

 

 

]]>
true
<![CDATA[Шокантна приказна од Сараево: Маж ги фатил сопругата и сопствената мајка во љубовен занес!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153918/Shokantna-prikazna-od-Saraevo-Mazh-gi-fatil-soprugata-i-sopstvenata-majka-vo-ljuboven-zanes http://www.plusinfo.mk/vest/153918/Shokantna-prikazna-od-Saraevo-Mazh-gi-fatil-soprugata-i-sopstvenata-majka-vo-ljuboven-zanes 2014-10-10 12:41:58 Велида Хадриќ (47), примерна сопруга и мајка на три деца, неодамна го напушитла семејството поради сопствената свекрва Наида Мандал (62), исто така примерна мајка, но и баба. 

 


Велида од почетокот на брачната заедница била многу блиска со свекрвата, но никој не ни помислувал дека таа близина ќе ги одведе во љубовна постела. Постојаните заеднички излегувања, одењето на море, долгите ноќи поминати во озборување давале само привид на семејна идила, зад која се криела мрачна слика.

 


Велида Хадриќ и нејзиниот сопруг Аднан (43) со тек на време почнале да се оддалечуваат еден од друг, а истото се случувало и со бабата Наида и дедото Мустафа, кој се почестите брачни неуспеси на својата сопруга ги оправдувал со нејзините години. Но, погрешил!


Нежните прегратки на Валида и Наида сите ги оправдувале со „шопинг пријателство“, па никој не ни сонувал дека помеѓу двете зрели жени се раѓа љубов. Љубовната двојка е откриена на 24 јули кога Валида и Наида на своите брачни партнери им рекле дека ќе одат да купуваат.

 

- Таа ноќ отидов да ги нахранам кучињата и тогаш слушнав звуци како некој се бакнува зад куќата. Слушнав и гласови. Тивко се доближив до местото од кадешто доаѓаа звуците и гласовите, а тие зборуваа: „Жено мила, колку мажите не знаат ништо за купувањето. Зошто некој би одел да купува без пари“- раскажал вознемирениот Аднан, кој слушајќи го сето тоа паднал во несвест. 

 

Утредента Валида и Наида се признале пред семејството. Сопругот и таткото се на психотерапија, а децата повеќе не одат во училиште бидејќи ова мало херцеговачко место се покажало како исклучително хомофобно. 

 

Сега се чека поделбата на имотот, а двете жени наводно изнајмиле стан во сараевската населба Циглана.

 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Пристига првиот паметен кревет во светот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153912/VIDEO-Pristiga-prviot-pameten-krevet-vo-svetot http://www.plusinfo.mk/vest/153912/VIDEO-Pristiga-prviot-pameten-krevet-vo-svetot 2014-10-10 11:28:56 Првиот паметен интерактивен кревет во светот го осмисли Британецот Џо Катан и веќе ги воодушеви сите кои сакаа да видат што се може да направи овој кревет.

„Balluga“ како што е наречен овој уникатен кревет, содржи компјутерски можности за подесување на контурите на креветот кои совршено одговараат  на вашиот облик на тело, а исто така нуди и вибрирачка масажа и звучен систем за забава.
Благодарение на современата технологија и компјутерската обработка која е користена во неговата изработка, создаден е така што овозможува идеално прилагодување на секој облик на телото, а специјално дизајниранот облик и материјал на душекот обезбедуваат исклучителна удобност и максимално опуштање, па секој момент поминат на креветот ќе делува како совршен одмор.
Креветот е составен од малите воздушни балони покирени со пена, а целокупниот систем се прилагодува на големината и тежината на човекот.
 Креветот во целост може да се рециклира, доаѓа со гаранција од 20 години, а ќе го продава луксузната компанија „VeryFirstTo“ од ноември оваа година.„Balluga“ има вграден систем за контрола на температура, кој може да грее или да лади одредени делови на креветот и сигурносните карактеристики како што се алармот за чад и детекторот за оган.
Креветот чини 1.200 евра, а за секоја дополнителна функција потребно е да се издвојат 120 евра.   

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[Австралијанка преживеала 17 дена во дивината без храна]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153905/Avstralijanka-prezhiveala--17-dena-vo-divinata-bez-hrana http://www.plusinfo.mk/vest/153905/Avstralijanka-prezhiveala--17-dena-vo-divinata-bez-hrana 2014-10-10 10:18:52 Австралијанката Шенон Ли Фрејзер успеала да се спаси откако поминала 17 дена загубена во дивина во северен Квинсленд.

Фрејзер (30) успеала  да дојде до цивилизација, откако на 21 септември исчезнала во текот на капење, во местото Голден Хол, каде била со двајца мажи од кои што едниот е нејзин партнер, јавуваат локалните медиуми.

Таа сега закрепнува во болница од инфицирани рани и тешки изгореници.Исчезнувањето на оваа мајка на три деца предизвика голема потрага, наведува „Би-би-си“. 

Спасувачите правеле ознаки со маркер додека ја барале, а Шенон се спасила следејќи ги ознаките. Полицијата соопшти дека жената била пронајдена на само 30 метри од местото на исчезнување.

Членовите на семејството за медиумите велат дека Шенон преживеала благодарение на водата од поток, малите риби што успевала да ги улови и инсектите.

Седела во потокот три дена за да ги ублажи изгорениците и раните. Фрејзер која била тешка 90 килограми, за 17 дена изгубила 16 килограми. Полицијата засега вели дека е во тек истрагата за околностите под кои што исчезнала жената.

 

Подготви:Б.В.


 

]]>
true
<![CDATA[Како да се корегираат грешките што ги правиме со веѓите]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153900/Kako-da-se-koregiraat-greshkite-shto-gi-pravime-so-vegjite http://www.plusinfo.mk/vest/153900/Kako-da-se-koregiraat-greshkite-shto-gi-pravime-so-vegjite 2014-10-10 09:30:50 Во денешниот свет на убавината тешко е да се замисли времето кога сме сакале било што друго освен големите, темни и дефинирани веѓи какви што имаат манекенката Кара Делевињ и Лили Колинс.
Но со цел да не изгледате неуредно поради овој тренд, експертот за веѓи  Марибет Мадрон дава неколку совети како да постигнете  успешен ефект.

 

Ги депилирате  со восок или ги обликувајте ги со конец

 

Овие две методи не се добар избор за вашето лице, тие се совршени ако сакате да се ослободите од влакната на телото и брадата, но по никоја цена не се добар избор за веѓите.
- Депилирањето  со восок ги заокружува вашите веѓи, што за возврат може да направи вашето лице да изгледа постаро – вели таа.

 

Ги средувате со пинцета само еднаш неделно

 

Ако сметате дека е доволно само да искубете неколку диви влакна на веѓите со пинцета и сметате дека сте завршиле одлична работа, размислете повторно.
- По неколку влакненца треба да се кубат секој ден. Тоа е единствен начин да го сочувате вашиот беспрекорен изглед. Ако чекате недела или две , влакненцата ќе ви стрчат од сите страни и ќе биде тешко да знаете што треба да искубете а што треба да оставите – советува Мадрон и додава дека најдобра опција е да користите пинцета помеѓу туширањето и шминкањето.

 

Бојата на веѓите е иста со вашата боја на коса

 

Единствени кои може да се „извлечат“ со оваа едноставна опција се жените со темна коса на кои целосно им е еднобојна. Но ако сте бринета и имате посветли прамени, веѓите треба да бидат целосно еднобојни.
- Доколку вашите веѓи се посветли, ако ги затемните со маскара за веѓи вашите очи ќе дојдат до израз – тврди Мадрон. А доколку сте русокоса со светла до срено светла кожа, вреди спротивното правило.
- Секоја девојка или жена со посветол тен треба да се обиде да има малку потемни нијанси на веѓите. Пронајдете ја најтемната нијанса на  вашата коса и употребете ја истата боја и за бојадисување на вашите веѓи – вели таа.

 

Прво ги средувате веѓите а дури потоа нанесувате основа за шминката

 

Со оглед на тоа дека веѓите се рамка за вашето лице, разбирливо е зошто би сакале да ги средите преда да го нанесете руменилото или бронзерот за лице, но тоа е голема грешка. Формулата за успех гласи: основа за лице, бронзер, руменило, веѓи па потоа се останато.

 

Користите само еден производ за веѓи

 

Се сеќавате како сте се чувствувале горделиво кога сте го купиле своето прво моливче за очи. Сега замислете си го тоа чувство тројно повеќе затоа што толку производи ви требаат за секојдневното уредување на веѓите. Моливче за структурата, пудра за боја на веѓите и на крај гел кој ќе ги смири и остави на свое место.

Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[Климата може да влијае врз полот на детето?!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153683/Klimata-mozhe-da-vlijae-vrz-polot-na-deteto http://www.plusinfo.mk/vest/153683/Klimata-mozhe-da-vlijae-vrz-polot-na-deteto 2014-10-09 15:10:59 Ако ги запрашате идните родители дали имаат желба за тоа каков да биде полот на нивното неродено дете, многумина од  нив ќе ви кажат дека најважно им е дететот да биде само здраво и живо. Но некои сигурно би додале по можност да е машко.

Многу млади брачни двојки се потпираат на народните методи за кои веруваат дека може да им помогнат во одредувањето на полот на детето, а јапонските научници тврдат дека на полот на бебињата може да влијае и температурата на воздухот.

Кога во одредена земја температурата расте , се раѓаат повеќе девојчиња, тврдат научниците, пренесува „Дејли меил“.

Научниците од Здравстевниот институт „M and K“ и женската клиника „Шимизу“ во Хуоги го следеле и анализирале наталитетот во Јапонија од 1968 до 2012 година. Тие утврдиле дека машките фетуси биле почувствителни на стресот кој може да го предизвикаат климатските промени и големите топлотни бранови.


Поради тоа преживуваат што повеќе девојчиња, е еден од заклучоците. Екстремните жештини во 2010 година и во зимата 2011 година резултирале со раѓање на поголем број девојчиња, но и со зголемување на бројот на починати новороденчиња. Во прилог на овој став дека на подрачјата каде што има потопли климатски услови се раѓаат повеќе девојчиња одат и претходните истражувања натропските подрачја.

 

Подготви:Б.В.

 

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Фотографија која го воодушеви светот: Кога учителка фотографира ајкула!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153786/FOTO-Fotografija-koja-go-voodushevi-svetot-Koga-uchitelka-fotografira-ajkula http://www.plusinfo.mk/vest/153786/FOTO-Fotografija-koja-go-voodushevi-svetot-Koga-uchitelka-fotografira-ajkula 2014-10-09 14:01:28 Аманда Бруер предава уметност на учениците од прво до петто одделение во Њу Џерси, и ги убедува луѓето дека баш и не е многу вешта во работењето со фотоапарат, но судејќи според фотографијта која ја направила во заливот Мосел, во Јужна Африка, тоа е далеку од вистината!

 

Аманда, имено, фотографирала голема бела ајкула во моментот која оваа ја отворила вилицата напаѓајќи ја мамката која била непосредно до кафезот во кој била учителката!


Американката во Јужна Африка била како волонтер за еко-туристичката и истражувачка група Бела ајкула – Африка, помагајќи да се соберат податоци за оваа фасцинантна жителка на светските океани и мориња. 

 

 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[Србин сака во Гинис со 12 минути нуркање на здив ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153781/Srbin-saka-vo-Ginis-so-12-minuti-nurkanje-na-zdiv- http://www.plusinfo.mk/vest/153781/Srbin-saka-vo-Ginis-so-12-minuti-nurkanje-na-zdiv- 2014-10-09 13:02:51 Српскиот шампион во нуркање Бранко Петровиќ в петок ќе се обиде да го собори Гинисовиот рекорд во задржување здив под вода.

 

Актуелниот рекорд е 11:35 минути, а Бранко тврди дека под вода може да издржи 12 минути!Петровиќ (28) во саботата допатува во Дубаи по шестмесечни подготовки.

За да успее во својата намера потребно е под вода да издржи подолго од 11 минути и 35 секунди, колку што е моменталниот рекорд од 2009 година.

Петровиќ тврди дека може да издржи под вода и 12 минути, а тоа и ќе се обиде да го направи на натпреварот во Дубаи, The Spearo Expo 2014.

 

Во просек, кај здрави луѓе отчукувањата на срцето може да се намалат меѓу 60 и 100 во минута, а Петровиќ може да ги намали до 28, јавуваат белградски медиуми.

 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[Контроверзна кампања која го крена светот на нозе: „Јас сум Теа, имам 12 години и се мажам следниот месец“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153770/Kontroverzna-kampanja-koja-go-krena-svetot-na-noze-Jas-sum-Tea-imam-12-godini-i-se-mazham-sledniot-mesec http://www.plusinfo.mk/vest/153770/Kontroverzna-kampanja-koja-go-krena-svetot-na-noze-Jas-sum-Tea-imam-12-godini-i-se-mazham-sledniot-mesec 2014-10-09 11:27:19 Најавата за мажачката на 12-годишно девојче со 37-годишен маж предизвика бурни реакции во јавноста, а многу читатели случајот го пријавиле на социјалните служби и на полцијата. Случајот кулминирал кога се утврдило дека станува збор за кампања.

 „Јас сум Теа, имам 12 години и се мажам следниот месец“ - стои на блогот на едно девојче од Норвешка кое наскоро по оваа објава стана најчитаниот блог  во земјата.

Норвешката јавност на овој начин го свртела вниманието на домашната и светската јавност, но и на одговорните институции, за проблемот за присилното мажење на малите девојчиња кој во некои култури се уште е пракса.

- Веруваме дека провокацијата е моќна алатка со која се демонстрира стварноста. А стварноста всушност е таа која е провокативна. Се надеваме дека кампањата ќе ја освести јавноста за проблемот со детските бракови - изјавиле авторите на кампањата од организацијата „План интенејшнл“ за весникот „Индипендент“.


Застрашувачки е фактото дека секој ден во светот дури 39.000 девојчиња присилно се мажат во поголемиот случај за значително постари мажи, а зад тој грозен чин главно стојат родителите кои се повикуваат на традицијата.

Во некои земји на Западна Африка и Бангладеш две од три девојчиња присилно се мажат пред да навршат 18 години, истакнале организаторите на кампањата.

Датумот на „венчаката“ на 12-годишната Норвежанка и 37-годишниот маж, која може да се следи и преку Фејсбук страницата на кампањата, е закажан на Меѓународниот ден на девојчињата кој се одбележува на 11 ноември.

- Ова е проблем  кој не засега сите нас - порачуваат авторите на кампањата.

 

Подготви:Б.В.

 

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Поранешен работник на пумпа станал милионер преку Фејсбук ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153773/FOTO-Poraneshen-rabotnik-na-pumpa-stanal-milioner-preku-Fejsbuk-- http://www.plusinfo.mk/vest/153773/FOTO-Poraneshen-rabotnik-na-pumpa-stanal-milioner-preku-Fejsbuk-- 2014-10-09 10:46:50 Пред само една година, 21-годишниот Бен Кардвел работел на бензинска пумпа и ги подготвувал мастер студиите, а денес има компанија за електронска трговија на Фејсбук. Од декември минатата година продал стока во вкупен износ од милион долари.

 

Работата на пумпата некогаш била многу интересна (во една прилика дури и и помогнал на полицијата да уапси криминалец), но често морал да работи за празниците. Му нуделе унапредување, но тој одбивал, бидејќи сакал да се посвети на студиите.

Младите луѓе кои ги обучувал подоцна станувале негови шефови.Во овие околности Бен почнал да размислува за тоа на кој друг начин би можел да дојде до пари.

Почнал да продава облека и електронски уреди на новозеландската интернет берза TradeMe.Работата слабо одела, па покренал Фејсбук страница на која на пријателите им ја покажувал облеката. Но ниту по тоа работата не одела најдобро.Потоа му се јавил човек кој работел на Фејсбук. Му дал совет да проба да се огласува на сајтот и му дал ваучер од 50 долари.

Таа ноќ, Кардвел ја продал робата во вредност од 800 долари и знаел дека ќе успее.

 

Сајтот го добил името Deal Man: „a global fashion deals website from New Zealand, specializinb in menswear“ (сајт од Нов Зеланд специјализиран за машка мода).

 

Почнал секојдневно да објавува фотографии од своите производи и набрзо, без да купува огласи, стекнал повеќе од 100.000 фанови и месечно продавал роба во вредност од 100.000 долари.Неговата стратегија била да го зголеми бројот на „лајковите“ на сајтот, постирајќи фотографии само во Индија или Мексико.

Потоа постирал фотографии во САД, Нов Зеланд и Канада. Поради бројните фанови на неговиот сајт, Фејсбук дал приоритет на неговите страници на побогатите пазари. Робата се продавала како луда.

 

И навистина, работата одлично му тргнала, па ги напуштил студиите и работата на бензинската пумпа. Потоа бројот на луѓето кои го посетувале неговиот сајт драстично се намалил. Продажбата опаднала. Она што Кардвел не го знаел е дека Фејсбук во меѓувреме го променил „њуз фид“ алгоритмот.

 

Кон крајот на 2013-та, Фејсбук одлучил дека корисниците на својот „њуз фид“не сакаат да гледаат толку голем број огласи од „фан страниците“. Одлучено е трговците кои користат „њуз фид“ како маркетиншки канал мораат да купат оглас.

Кардвел бил очеан, наоѓал разни опции за на Божик во 2013-та да сфати дека мора да купи оглас.Работата повторно процветала. Од 13-ти декември продал облека во вредност од 1.1 милион долари. Не е лошо за поранешен пумпаџија.

 

Подготви: К. А.

 

 


]]>
true
<![CDATA[ФОТО Зошто на корисниците на Имгур не им се допадна новиот дизајн на норвешките круни]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153680/FOTO-Zoshto-na-korisnicite-na-Imgur-ne-im-se-dopadna-noviot-dizajn-na-norveshkite-kruni http://www.plusinfo.mk/vest/153680/FOTO-Zoshto-na-korisnicite-na-Imgur-ne-im-se-dopadna-noviot-dizajn-na-norveshkite-kruni 2014-10-08 16:31:25 На социјалната мрежа Имгур е објавена фотографија од новиот дизајн на норвешката валута - круните кои ќе бидат пуштени во оптек во 2017 година. На предната страна на банкнотите се прикажани пејсажи кои го симболизираат националниот идентитет на земјата, а од задната страна се прикажани истите фотографии во дигитално заматени верзии.

Откако новиот дизајн на банкнотите беа објавени на интернет , многумина од корисниците на социјалната мрежа Имгур не се задоволни со дизајнот на задната страна, што некои дури и ја исмеваат оваа идеја.

Сепак мора да се признае дека ова е еден уникатен и интересен пристап во дизајнот на банкнотите.

Подготви:Б.В.

 

 

]]>
true
<![CDATA[И тоа се случува: Првин починал, а потоа победил на избори]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153694/I-toa-se-sluchuva-Prvin-pochinal-a-potoa-pobedil-na-izbori http://www.plusinfo.mk/vest/153694/I-toa-se-sluchuva-Prvin-pochinal-a-potoa-pobedil-na-izbori 2014-10-08 14:27:33 Гласачите во словенечкиот  град Шкофја Локи во неделата за градски советник избрале мртов човек.

Во гратчето оддалечено 30 километри од Љубљана, за член на оптштинскиот совет избрале човек кој пред десетина дена се откажал од кандидатурата поради болест и починал еден ден пред изборите, објавиле словенечките медиуми.

Социологот Мартин Хабјан, кој долги години бил управник на домот за пензионери, се кандидирал за градоначалник и добил 272 гласа, што му било доволно да стане прв човек на градот.

Тој бил успешен како прв на листата на општинските советници на една партија, па бил избран во градската влада, пренесува порталот „Индекс.хр“.

Јавноста се прашува како можело да дојде до забуна кога покојникот поради ненадејната болест на време ја повлекол својата кандидатура, наведуваат словенечките медиуми.



Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Имал ерекција 17 часа: Лекарите му ја ваделе крвта од половиот орган и му вбризгале лек 24 пати!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153614/FOTO-Imal-erekcija-17-chasa-Lekarite-mu-ja-vadele-krvta-od-poloviot-organ-i-mu-vbrizgale-lek-24-pati http://www.plusinfo.mk/vest/153614/FOTO-Imal-erekcija-17-chasa-Lekarite-mu-ja-vadele-krvta-od-poloviot-organ-i-mu-vbrizgale-lek-24-pati 2014-10-08 13:33:39 Џејсон Гарнет, 23-годишен Британец, го опиша "Најверојатно најсрамниот ден во мојот живот", кога завршил во болница поради 17 часа долгата ерекција.


Се разбудил со ерекција во петок околу 9 часот наутро после секс со пријателка. И претходно имал ерекции кои траеле по еден час па не се изненадил, но околу ручек веќе започнал да се загрижува. Мислел дека ќе му помогне ако се истушира со мраз ладна вода но не. Не помогнало ниту непријатното трчање, пренесува News.com.au.

Кога поминале осум часа, му се доверил на својот пријател.

- Требаше да го видите изразот на неговото лице кога му кажав што не е во ред - раскажува момчето.

Иако на почетокот „умираше“ од смеење, набрзо сфати колку е сериозна ситуацијата.

Џејсон бил однесен во болница каде што било утврдено дека страда од пријапизам, ретка состојба која не предизвикува сексуална желба или стимулација. Доколку не се лекува може трајно да го оштети пенисот. Лекарите испуштиле повеќе од 1,1 литар крв од неговиот полов орган и вбризгале во него лекови дури 24 пати за да се обидат да го ограничат дотокот на крв.

 

- Гледајќи како ми вбризгуваат игла во пенисот беше ужасно искуство, нешто како од хорор филм. Болката беше 11 на скала од 1 до 10 - вели. 

 

По 17 часа ерекција таа заврши и сега се функционира нормално, покрај фактот дека неговиот пенис сега изгледа како да преживеал војна и е модар.

 

Подготви: K. A.

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Дали знаете кој диктатор убил најмногу луѓе?]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153613/FOTO-Dali-znaete-koj-diktator-ubil-najmnogu-lugje http://www.plusinfo.mk/vest/153613/FOTO-Dali-znaete-koj-diktator-ubil-najmnogu-lugje 2014-10-08 12:34:03 Велат дека потребните доблести за голем лидер се сочувство за човештвото, љубов кон земјата, хуманоста и силната жлба за правда и сомилост.

 

Овие ладнокрвни диктатори не се грижат за вредностите на животот толку колку за постигнувањето на сопствените цели, како себичната доминација, желбата за моќ и бесмртноста.

 

Но, одвреме навреме ќе се најдат политичари или генерали кои ги прават работите на свој начин. 

Оваа фотографија покажува колку крв била пролиена од страна на некои од најладнокрвните дикатори-убијци низ историјата...

Една капка = 1 милион луѓе убиени.

Подготви: K. A.

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Девојче во градинка однело „пакетчиња со слатки”, а потоа следела паника!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153612/FOTO-Devojche-vo-gradinka-odnelo-paketchinja-so-slatki-a-potoa-sledela-panika http://www.plusinfo.mk/vest/153612/FOTO-Devojche-vo-gradinka-odnelo-paketchinja-so-slatki-a-potoa-sledela-panika 2014-10-08 11:27:03 Четиригодишно девојче од Делавер во градинка однело пакетчиња, за кои било уверено дека се полни со слатки, и одлучило да ги подели со останатите деца. Подоцна, се утврдило дека кесите биле полни со хероин.

 

Полицијата уапсила 30-годишна жена од Делавер, откако нејзината 4-годишна ќерка во градинка однела повеќе од 200 пакетчиња со хероин и им ги поделила на останатите деца, мислејќи дека се слатки.


И полицијата и доктори биле повикани во градинката во понеделникот наутро, кога персоналот воочил дека децата имаат мали кесички со непозната содржина. Подоцна утврдиле дека станува збор за хероин, кој според тврдењето на истражителите, девојчето несвесно го понела во ранецот кој ѝ го дала нејзината мајка Ешли Тул.


Во ранецот се пронајдени 249 пакетчиња. Неколку деца кои дошле во контакт со неотворените пакетчиња, поради претпазливост биле одведени во локалната болница. Подоцна биле отпуштени.

Тул била уапсена кога стигнала во градинката, а потоа била однесена во притвор и на испитување. Се терети за поседување на дрога и загрозување на благосостојбата на деца. Таа била обвинета и пуштена со кауција од 6.000 евра.

Нејзините ќерки на 4 и 11-годишна возраст и 9-годишниот син ги сместиле кај роднини, а на Тул ѝ е забранет каков било контакт со нив. Полицијата и понатаму спроведува истрага и тврди дека можеби ќе поднесе уште пријави. 

 

Подготви:К.А.

]]>
true