Вести од рубриката: МАКЕДОНИЈА http://www.plusinfo.mk/style/images/logo.jpg +Инфо http://www.plusinfo.mk http://www.plusinfo.mk RSS вести од рубриката: МАКЕДОНИЈА 2014-10-15 23:09:35 en-us <![CDATA[Времето утре променливо облачно со температура до 26 степени]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154578/Vremeto-utre-promenlivo-oblachno-so-temperatura-do-26-stepeni http://www.plusinfo.mk/vest/154578/Vremeto-utre-promenlivo-oblachno-so-temperatura-do-26-stepeni 2014-10-15 23:09:35 Времето утре ќе биде облачно со услови за слаб локален дожд во северозападните и југоисточните делови на земјата. Ќе дува засилен ветер кој ќе биде од југозападен правец, особено изразен на повисоките места и планините.

 

Утринската температура ќе се движи од седум до 14 степени, а дневната од 21 до 26 степени.

 

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Утринската температура  ќе се спушти до 11 степен, а дневната ќе достигне до 23 степен.

 


 
Подготви: Р.И.М   

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

 

]]>
true
<![CDATA[Сообраќајка во Козле, повредени две лица]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154576/Soobrakjajka-vo-Kozle-povredeni-dve-lica http://www.plusinfo.mk/vest/154576/Soobrakjajka-vo-Kozle-povredeni-dve-lica 2014-10-15 22:45:45 Две лица се повредени од кои едно е дете во тешка сообраќајна несреќа што се случила вечерва на улица Козле во близина на бензиската пумпа на Макпетрол, објави Република.

 

Не се познати причините за несреќата, а не се знае ниту здравствената состојба на повредените.

 

Фото: Република

 
Подготви: Р.И.М  

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

 

]]>
true
<![CDATA[Македонија не е меѓу земјите кои се приклучија на санкциите на ЕУ кон Русија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154570/Makedonija-ne-e-megju-zemjite-koi-se-prikluchija-na-sankciite-na-EU-kon-Rusija http://www.plusinfo.mk/vest/154570/Makedonija-ne-e-megju-zemjite-koi-se-prikluchija-na-sankciite-na-EU-kon-Rusija 2014-10-15 21:31:25 Македонија, не е меѓу земјите надвор од ЕУ, кои ќе ги применуваат санкциите кон Русија. Меѓу нив не се споменува ниту Србија, која во јануари почна преговори за членство, а утре ќе ја посети рускиот претседател Владимир Путин, ниту Турција, која за членство во ЕУ преговара од 2005 година, забележуваат западните медиуми кои пренесоа изјава на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон во која таа соопштува дека Албанија и Црна Гора веќе се приклучиле на санкциите, објави МИА.

 

-Албанија и Црна Гора, двете земји што сакаат да се приклучат кон Европската унија, решија да ги применуваат економските санкции што ЕУ и ги воведе кон Русија поради нејзината улога во украинската криза - соопшти Ештон. 

 

Санкциите ќе се применуваат и од стран на Исланд, кој едно време беше кандидат за членство во ЕУ, но во 2013 година се откажа од таа своја намера.

 

Норвешка и Лихтенштајн, кои асоцираат со ЕУ преку спогодбата за слободна трговија, исто така, ќе ги применуваат замрзнувањето на сметките и неиздавањето на визи, но нема да ја почитуваат забраната за давање краткорочни кредити.

 

Македонија меѓутоа, заедно со Албанија, Црна Гора, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн, Украина и Грузија ќе ги применува  санкциите против 15 лица кои се вмешани во конфликтот во молдавската сепаратистичка област Придњестровје, која во 1990 година прогласи независност и неофицијално ужива поддршка од стран на Русија. Овие санкции беа воведени во  2010 година, а во јуни беа продолжени до крајот на октомври. 



Подготви: Р.И.М  

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

 

]]>
true
<![CDATA[Одбележани 20-ет години дипломатски односи со повеќе земји]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154568/Odbelezhani-20-et-godini-diplomatski-odnosi-so-povekje-zemji http://www.plusinfo.mk/vest/154568/Odbelezhani-20-et-godini-diplomatski-odnosi-so-povekje-zemji 2014-10-15 21:10:43 Дваесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со 19 држави од Европа и светот вечерва е одбележана со свечена академија.

 

- Сите нас, земјите на јубилејот, не поврзува 1994 година, годината во која преку дипломатските односи со споменатите 19 држави, Република Македонија влезе на сите континенти во светот. До денес создаде многу мостови, остави печат и стана реалност -рече во своето обраќање министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

 

Амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Стефано Лазарото, во името на сите 19 држави, даде краток осврт на пријателството со Македонија, притоа истакнувајќи дека изминатите 20 години соработка не се само договор на хартија, туку претставуваат вистинска соработка којашто се одвива во реалноста.

 

Во 1994 години Република Македонија воспостави дипломатски односи со Швајцарската Конфедерација, Кнежевството  Лихтенштајн, Руската Федерација, Кралството Белгија, Јапонија, Чешката Република, Словачката Република, Киргиската Република, Социјалистичка Република Виетнам, Повеќенационалната Држава Боливија, Кралството Шпанија, Унгарија, Големото Војводство Луксембург, Арапската Република Египет, Португалската Република, Република  Ирска, Светата Столица, Република Австрија и Република Узбекистан. 



Подготви: Р.И.М   

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

]]>
true
<![CDATA[Американските власти трагаaт по патниците од авионот во кој била сестрата заболена од ебола]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154565/Amerikanskite-vlasti-tragaat-po-patnicite-od-avionot-vo-koj-bila-sestrata-zabolena-od-ebola http://www.plusinfo.mk/vest/154565/Amerikanskite-vlasti-tragaat-po-patnicite-od-avionot-vo-koj-bila-sestrata-zabolena-od-ebola 2014-10-15 20:05:26 Втората медицинска сестра која во САД се зарази со ебола лекувајќи го пациентот кој почина од оваа болест, патувала со авион еден ден пред кај неа да се појават симптомите од болеста, соопштија денеска американските власти.

 

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести во моментов се обидува да стапи во контакт со 132 патници од авионот на компанијата „Фронтиер Ерлајнс“, кои на 13 oктомври летале од Кливленд за Далас.

 

Медицинската сестра Амбер Винсон од тексашката Презвитеријанска болница, која го негувала Томас Ерика Данкан, првиот пациент кој во САД почина од ебола, вчера беше изолирана веднаш откако доби висока темпeратура.

 

Данкан почина на 8 октомври, а болницата во неделата објави дека Нина Фам, една од сестрите кои се грижеле за него, е инфицирана од вирусот на ебола.

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[СДСМ: Венецијанската комисија упати критики за уставната измена во отсуство на опозицијата]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154563/SDSM-Venecijanskata-komisija-upati-kritiki-za-ustavnata-izmena-vo-otsustvo-na-opozicijata http://www.plusinfo.mk/vest/154563/SDSM-Venecijanskata-komisija-upati-kritiki-za-ustavnata-izmena-vo-otsustvo-na-opozicijata 2014-10-15 19:51:41 Токму Венецијанската комисија упати директни критики на уставната измена што во отсуство на опозицијата сака да ја протне власта на Груевски, тоа е воведувањето т.н. меѓународна финансиска зона.  Токму Венецијанската комисија укажува дека „постои потенцијален ризик дека зоната ќе стане рај за нечисти пари.

 

Тоа го порача СДСМ реагирајќи на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Рената Дескоска - Тренеска.

 

„Токму Венецијанската комисија стравува дека оваа зона може да стане „држава во држава“. „Исклучувањето на оваа зона од правниот поредок на државата не е компатибилно со основните одредби на Уставот и на европското уставно наследство“ стои во мислењето на Венецијанската комисија. Тоа што досега го говореше СДСМ, почна да доаѓа во најдиректни пораки и констатации од меѓународниот фактор“, порачува најголемата опозициска партија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Маж во Кичево изгоре до смрт]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154562/Mazh-vo-Kichevo-izgore-do-smrt http://www.plusinfo.mk/vest/154562/Mazh-vo-Kichevo-izgore-do-smrt 2014-10-15 19:40:16 Во пожар кој утринава избувна во куќа во населба Иванидол во Кичево, покрај големата материјална штета на објектот, изгоре и еден маж, кој во тоа време се наоѓал во сопствената куќа. Живеел сам, известува Канал 77.

 

Пожарникарите интервенирале со две противпожарни возила, по што пожарот е целосно изгаснат.

 

- За кратко време, пожарникарите успеале да го локализираат пожарот и да создадат услови за влез на екипите во куќата. Во една од просториите беше пронајдено телото на Доце С. - информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.

 

Увид извршиле екипа на МВР и Јавен обвинител, кои по дополнителната истрага ќе утврдат кои се причините за пожарот и за смртта на мажот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

 

]]>
true
<![CDATA[Полицаец со прострелна рана на главата најден во полициската во Пробиштип]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154559/Policaec-so-prostrelna-rana-na-glavata-najden-vo-policiskata-vo-Probishtip http://www.plusinfo.mk/vest/154559/Policaec-so-prostrelna-rana-na-glavata-najden-vo-policiskata-vo-Probishtip 2014-10-15 19:16:01 Д.С. (50) полициски инспектор денеска околу пладне бил пронајден мртов во полициската станица во Пробиштип со прострелна рана во пределот на главата.

 

Се шират многу шпекулации во градот, а за тоа дали станува збор за насилна смрт или инспекторот посегнал по својот живот, ќе се знае после истрагата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[ Утрешен „Слободен печат“: Дронот фрли знаме на теренот, бомба во регионот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154548/-Utreshen-Sloboden-pechat-Dronot-frli-zname-na-terenot-bomba-vo-regionot http://www.plusinfo.mk/vest/154548/-Utreshen-Sloboden-pechat-Dronot-frli-zname-na-terenot-bomba-vo-regionot 2014-10-15 18:06:32 Во најновиот број на „Слободен печат“ читајте: 

 

- Се врти ли владата кон мајка Русија?

 

- Дронот фрли знаме на теренот, бомба во регионот

 

- Во следниот извештај Европската комисија да ги напише „Фокус“ и Кежаровски

 

- Родителите знаеле за девојчињата-жртви на макроата од Шутка?


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[ВМРО-ДПМНЕ: Рената Тренеска - Дескоска не го прочитала мислењето на Венецијанската комисија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154547/VMRO-DPMNE-Renata-Treneska---Deskoska-ne-go-prochitala-mislenjeto-na-Venecijanskata-komisija http://www.plusinfo.mk/vest/154547/VMRO-DPMNE-Renata-Treneska---Deskoska-ne-go-prochitala-mislenjeto-na-Venecijanskata-komisija 2014-10-15 17:36:35 Жалиме што токму Рената Тренеска Дескоска денес покажа непознавање на материјата и политизација. Очигледно таа не успеала воопшто да го погледне мислењето на Венецијанската комисија, бидејќи ако го прочитала сигурни сме дека немаше да си дозволи толку многу да го извртува и да ја лаже јавноста, порача ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на Тренеска - Дескоска.

 

„Уставните измени се во процедура во која се анализираат сите експертски ставови изнесени во јавната расправа и укажувањата на меѓународните институции, а ќе биде постапено во согласност со највисоките интересите на граѓаните и државата. Постапката за измените на Уставот се водат целосно транспаретно, а во јавната расправа која се води се вклучени чинители од граѓанскиот сектор, надлежни институции и организации, експерти и универзитетски професори. Сите конструктивни сугестии помагаат во овој процес“, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

 

Владејачката партија тврди дека Владата не сака да направи оф-шор зона за перење пари.

 

„Се што Владата има намера да направи е да создаде услови за формирање на силен финансиски центар, по примерот на Лондон и Луксембург, кој ќе работи врз основа на највисоките меѓународни стандарди од областа на финансиското право и ратификуваните меѓународните договори за борба против корупцијата, перењето на пари и финансирањето на тероризам“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

 

]]>
true
<![CDATA[Отворен првиот Дневен центар за деца со оштетен вид од претшколска возраст ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154540/Otvoren-prviot-Dneven-centar-za-deca-so-oshteten-vid-od-pretshkolska-vozrast- http://www.plusinfo.mk/vest/154540/Otvoren-prviot-Dneven-centar-za-deca-so-oshteten-vid-od-pretshkolska-vozrast- 2014-10-15 15:47:54 Првиот Дневен центар за деца со оштетен вид на предучилишна возраст во Македонија беше пуштен во употреба денеска во кругот на Државното училиште за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје, во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на белиот стап.

 

Дневниот центар ќе работи од 8:30 до 16:30 часот и има капацитет за згрижување 15 деца. Тој е комплетна инвестиција на Министерството за труд и социјална политика, во вредност од околу 2,3 милиони денари.

 

- Дневниот центар ќе даде одлична поддршка на децата до шест години и на семејствата, односно родителите на овие дечиња. Тие тука полесно и побрзо ќе можат да стекнат знаења и вештини за користење на опремата, за ориентација во простор, ќе се работи на нивна рана социјализација, концептуален развој, препознавање на предмети, развој на моторните способности, како и секојдневните вештини. - рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на отворањето на Центарот.

 

Најави дека во наредниот период ќе се работи со отворање на најмалку еден дневен центар годишно за ваква намена. Првиот нареден треба да биде отворен во Велес.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Осумина повредени во сообраќајка во Тетово]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154531/Osumina-povredeni-vo-soobrakjajka-vo-Tetovo http://www.plusinfo.mk/vest/154531/Osumina-povredeni-vo-soobrakjajka-vo-Tetovo 2014-10-15 15:26:28 Осумина биле повредени во сообраќајка која се случила вчера попладне околу 18.30 часот во Тетово. Во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило„форд мондео“ со странски регистерски таблици што го управувал 24-годишниот М.Р. и „југо“ со тетовски таблици управувано од 26-годишниот Р.В. исто така од Тетово, а се случила на крстосницата од улиците Штипска и 116 во Тетово. Во несреќата повреди биле двајцата возачи, двајца сопатници од „фордот“ и четворица патници од „југото“. Сите повредени биле пренесени во тетовската клиничка болница каде им била укажана лекарска помош. Тројца биле задржани за натамошно лекување додека другите се пуштени дома.


Подготви: Г.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[СДСМ: Власта е на потег ако сака политички дијалог ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154523/SDSM-Vlasta-e-na-poteg-ako-saka-politichki-dijalog- http://www.plusinfo.mk/vest/154523/SDSM-Vlasta-e-na-poteg-ako-saka-politichki-dijalog- 2014-10-15 15:18:22 За политичкиот дијалог кој го бара опозицијата, Владата е на потег. СДСМ јасно кажа сè. Евроамбасадорот Аиво Орав пред еден ден рече дека за добра иднина на државава треба да продолжи политичкиот дијалог помеѓу власта и опозицијата. Тој рече дека треба да се разговара за сите теми и треба да има суштински дијалог. Ние сме спремни за политички дијалог, но власта става гард. Таа е на потег, изјави денеска на прес-конференција членот на извршниот одбор на СДСМ, Рената Дескоска-Тренеска.




Подготви: Г.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Шверцерите и Војводите вчера се гаѓале со камења, оштетиле амбулантно возило]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154528/Shvercerite-i-Vojvodite-vchera-se-gagjale-so-kamenja-oshtetile-ambulantno-vozilo http://www.plusinfo.mk/vest/154528/Shvercerite-i-Vojvodite-vchera-se-gagjale-so-kamenja-oshtetile-ambulantno-vozilo 2014-10-15 15:15:56 Оштетено амбулантно возило за среќа е единствениот епилог на вчерашното насилство во Тетово, кога две навивачки групи прво се навредувале, потоа почнале да се гаѓаат со камења.

 

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил вчера околу 15 часот на градскиот стадион во Тетово за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Тетекс“  од Тетово и ФК „Шкупи“ од Скопје. Двете навивачки групи „Војводи“ и „Шверцери“ првин почннале со недолични скандирања, по што меѓусебно фрлале со камења, при што оштетиле амбулантно возило на Клиничката болница-Тетово, известува МВР, посочувајќи дека се работи на идентификување на сторителите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[ ГАЛЕРИЈА Слепите ѝ порачаа на власта: Немојте за нас, без нас!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154527/-GALERIJA-Slepite--porachaa-na-vlasta-Nemojte-za-nas-bez-nas http://www.plusinfo.mk/vest/154527/-GALERIJA-Slepite--porachaa-na-vlasta-Nemojte-za-nas-bez-nas 2014-10-15 15:14:51
Министерството за труд и социјална политика и Владата да не донесуваат одлуки и проекти за нас, без наша консултација. Не смее да се заборави дека ние сме лица со најтежок вид инвалидитет, апелираше денеска  Жарко Селковски, претседател на Националниот сојуз на слепи на Република Македонија (НССРМ), на прес конференација по повод 15 октомври, меѓународниот Ден на белиот стап. 

„Ние сме тука меѓу вас, не замижувајте“ порачаа денеска слепите лица до владата и ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат во нивното секојдневие.  


Селковски апелираше до сите учесници во сообраќајот да имаат почит и трпение кон слепите лица и со допир и говор да им помогнат при поминувањето на семафори и качување во градскиот превоз. Сојузот апелира и бара ветување од властите дека ќе се залагаат за укинување на сите облици на дискриминација кон слепите лица во сите општествени сфери на животот. Се бара достапност на физичкото опкружување и приспособеност на јавниот превоз за слепи лица со звучна најава на бројот на автобусот при пристигање на станица, бидејќи, како што велат, во новите автобуси на ЈСП веќе има таква опрема која тоа го овозможува.


Читањето е исто така проблем за слепите бидејќи во Македонија, во повеќе од 90 отсто од објавените и публикувани материјали не се достапни за слепите лица. Затоа, според НССРМ, истите треба да бидат 
изработени во формати како книги изработени во Брајова (релјефна) азбука – техника или пак во звучна форма затоа што секој има право да чита.
Слепите инсистираат да се остранат и новите дискриминаторски одредби во Законот за социјална заштита (Сл. Весник бр.116 0д 4.08.2014) во однос на правото на помош и нега од друго лице и правото за 
додаток на слепило. Исто така се надеваат дека во скоро време ќе се подготви и предлог закон за самостојно движење на слепи лица со куче-водич, кој покрај белиот стап би овозможил олеснето движење на слепите лица.


- Белиот стап, како симбол на слепите е едно од најважните помагала во нашите животи. Од движење по улица, до извршување на секојдневните обврски и ориентација во просторот, стапот е најкористената алатка во животот на слепиот човек– рече Селковски како претставник на повеќе од 2.500 слепи лица од целата земја.

Беше промовирана и аудио книга од авторката Ксенија Николова, која самоиницијативно ја издала оваа творба.

- Пред три месеци, мојата книга „Идиотски приказни“ се појави како прва аудио верзија која што е направена на македонски јазик. Ги поттикнувам сите мои колеги-автори да издаваат аудио верзии од 
своите книги и да ги приближат своите текстови до слепите луѓе – апелираше Николова.


Во фоајето на „Даре Џамбаз“ беше организирана и изложба на ракотворби, облека и друштвени игри изработени од слепите лица.


Под мотото „Слепилото е состојба, а не болест“ се организираше и крводарителска акција во истите просториии на Црвениот крст, каде слепите лица, после задолжителниот лекарски преглед, можеа да 
покажат солидарност и желба за помош на сите луѓе на кои им е потребна крв.


- Неколку пати се обидував во минатото да бидам крводарител, но поради болест не успевав во тоа. Ова е еден од најсреќните моменти во мојот живот, бидејќи конечно можам да дадам крв на сите оние на кои им 
е потребна – рече Елица Андоновска, 57-годишно слепо лице од Скопје.


Националниот сојуз на слепите на република Македонија е формиран во 1946 година.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[Влошена здравствената состојба на Диневски после 9 дена штрајк со глад]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154524/Vloshena-zdravstvenata-sostojba-na-Dinevski-posle-9-dena-shtrajk-so-glad http://www.plusinfo.mk/vest/154524/Vloshena-zdravstvenata-sostojba-na-Dinevski-posle-9-dena-shtrajk-so-glad 2014-10-15 14:56:13 Влошена е здравствената состојба на екс-разузнавачот Александар Диневски кој беше осуден на 4,5 години затвор во процесот „Шпион“ за Нова ТВ вели член на семејството на Диневски. Диневски штрајкува со глад од минатиот понеделник, односно од моментот кога ја прими пресудата.

 

Тој има проблеми со дишењето како и сериозни срцеви проблеми, а бара веднаш да биде ослободен од притвор. Семејството пренесува и дека Диневски веќе се обратил до Народниот правобранител и бара тој да го посети, но засега одговор оттаму нема. Бара и посета и разгледување на неговиот случај од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права, како и претставници на меѓународната заедница.

 

Преку неговото семејство до медиумите Диневски достави порака во која објаснува зошто се решил на штрајк со глад.

 

„За време на процесот беа неколку пати повредени уставните и човековите права. Сведоци на ова се обвинетите и нивните бранители, како и претставниците меѓународните организации кои ги следеа рочиштата. Како пример за ова политичка монтажа е фактот што не ми беше соодветно дозволено да ги дадам завршните зборови. Судијата ме прекина неколку пати, што е против уставните прописи и човекови права, се побунив и на крајот останав последен иако не сум последно обвинет и сам да ги давам заборовите пред обичен службеник на судот додека другите ја напуштија судницата! Против мене не изнесоа никаков докази ниту сведоци ниту пак ме имаше на материјалите од посебните истражни мерки. Јас сум повеќе од 10 години без работа и тоа говори дека не сум имал пристап до никакви информации што е и логично! Мојот сведок кој го повикав јасно и јавно кажа дека спорните документи се лично негови и дека копии од истите има со години на интернет порталите. Исто така, за време на целиот судски процес обвинителството не кажа за која странска служба сум работел и ги повикувам сега, по пресудата, да го кажат тоа доколку воопшто знаат. Како причини за овие нечовечки и крајно злобни процеси против мене ги сметам моите политички ставови како и некои мои детективски истраги“ , напиша Александар Диневски.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Дескоска: Веднаш да запрат уставните измени]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154521/VIDEO-Deskoska-Vednash-da-zaprat-ustavnite-izmeni http://www.plusinfo.mk/vest/154521/VIDEO-Deskoska-Vednash-da-zaprat-ustavnite-izmeni 2014-10-15 14:48:38 Веднаш да запрат уставните измени. Тоа не го вели СДСМ, туку е нотирано во најновиот извештај на Венецијанската комисија кој е доставен и до Владата, но ѝ до Собранието на Република Македонија. Во тој извештај покрај сè, е нотирано дека за уставни измени е потребна широка политичка согласност и не е добро тие да се прават кога во Собранието нема опозиција, вели професорката од скопскиот Правен факултет и член на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Дескоска-Тренеска.

Таа нагласи дека овие измени кои ги предлага Владата, според Венецијанската комисија се неуставни.

- Според комисијата, најспорен од сите предложени уставни измени е формирањето на меѓународна финансиска зона во Македонија. Тоа, според нив, значи формирање на даночен рај за нечистите пари. Македонија е на пат да биде пералница на пари, а зоната ќе биде држава во држава. Со нејзиното формирање државата ќе изгуби дел од својот суверенитет. Веницијанската комисија оценува дека таа зона не е според Уставот на ЕУ. Бараат за сите уставни измени кои се предложени да има дебата. Ние предлагаме да има општествена и широка јавна и политичка дебата. Уставот не се менува со трчање - вели Дескоска-Тренеска.   




Подготви: Г.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Тасева: Корупцијата станува култура на однесување во Македонија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154520/Taseva-Korupcijata-stanuva-kultura-na-odnesuvanje-vo-Makedonija http://www.plusinfo.mk/vest/154520/Taseva-Korupcijata-stanuva-kultura-na-odnesuvanje-vo-Makedonija 2014-10-15 14:47:23 Претседателката на Транспаренси интернешенал - Македонија, Слаѓана Тасева, се согласува со американскиот амбасадор Пол Волерс, дека не е смешно, туку е тажно тоа што во Македонија во 2013 година, ниту едно лице не е осудено за корупција.


- Навистина е многу жално што немаме ниту една осуда за корупција, зашто ние имаме сериозен проблем со корупцијата, што е нотирано во сите меѓународни извештаи и никој тоа не го негира. Сите велиме дека имаме проблем со корупцијата. Нека е и 7 проценти бројот на граѓани кои кажале дека имале лично искуство со корупција, од 1.000 испитаници. И во таков случај, ние би требало да имаме барем 7 осудени лица за таква работа. Не треба да го занемаруваме проблемот и да ја криеме неефикасноста на институциите кои не работат на ефикасна борба, а таа се мери преку бројот на осудени лица. Нема ниту санкции за несразмерно богатење ниту за непријавување на имотни состојби, ниту конфискација на имот. Ние имаме нула ефикасност во борбата со корупцијата и затоа проблемот ни се зголемува, бидејќи луѓето се обесхрабруваат да пријавуваат и корупцијата станува култура на однесување во Македонија - вели Тасева. 


Таа додава дека Антикорупциската комисија има мандат да ги следи оние што се на власт и тоа треба да им е приоритет, а тие се занимаваат со поранешните функционери. 


- Не се занимаваат со она што ни се случува со „Скопје 2014“, со трите милиони за изборна кампања, со поткупот на гласачи. Тоа го прават зашто сакаат да си ги сочуваат столчињата а да земаат плати и да не работат ништо, зашто власта може да ги разреши, што е жално, зашто не покажуваат интегритет - додава таа. 


Во „Транспаренси интернешенал“ за 2 години пристигнале повеќе од 1.300 пријави од граѓани за корупција.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо



]]>
true
<![CDATA[Се испотепале поради канал за канализациски цевки]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154522/Se-ispotepale-poradi-kanal-za-kanalizaciski-cevki http://www.plusinfo.mk/vest/154522/Se-ispotepale-poradi-kanal-za-kanalizaciski-cevki 2014-10-15 14:47:03 Жестока тепачка избувнала вчера во скопското село Синѓелиќ, кога поради канал за поставување цевки за канализација се судриле две групи.

 

Како што извести МВР, инцидентот се случил вчера околу 17 часот на ул. „Антон Попов“ во Сингелиќ, кога поради ископ на канал почнале да се тепаат Б.А.(30), Н.А.(61) и С.А.(57) од една страна и од друга страна И.А.(39) и Д.А.(56), при што сите се здобиле со видливи повреди.

 

Инцидентот го видел и униформиран полицаец, кој не бил на работа, кој од службениот пиштол испукал еден куршум во воздух за да ги раздели тепачките.

 

МВР информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, а за настанот е известен Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Мир: Кежаровски мора да биде ослободен од домашен притвор]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154509/Mir-Kezharovski-mora-da-bide-osloboden-od-domashen-pritvor http://www.plusinfo.mk/vest/154509/Mir-Kezharovski-mora-da-bide-osloboden-od-domashen-pritvor 2014-10-15 14:38:46 Македонија со својот пад за 82 места на индексот на слобода на изразување е реткост, тврди извршниот директор на „Репортери без граници,“ Кристијан Мир.

 

- Иако во Македонија има реформи, демократската слика што се дава како прозорец, не е доволна за да покрие многу од нарушувањата на слободите. Томислав Кежаровски и Зоран Божиновски се многу тажни симболи за овие тешки прекршувања. Знаејќи дека случајот Кежаровски ќе дојде на Апелација на 24 октомври, ние продолжуваме да бараме веднаш и без услови да биде ослободен од домашен притвор, бидејќи тој само си ги извршуваше своите легитимни права и бидејќи куќниот притвор е некомпатибилен со меѓународните закони кои македонската влада вели дека ги респектира. Постои само еден исход, а тоа е на 24 октомври да се прифати неговата жалба и да биде ослободен без никакви последици по него. Ако неговата жалба не биде прифатена, ќе продолжиме со глобален јавен притисок. Ова го ветувам - рече Мир на денешната трибина „Слобода на говорот и медиумите во Македонија - предизвици и решенија“ што се одржа во Скопје, во организација од „Цивил“.

 

Мир додаде дека во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, жестоко се критикува широката злоупотреба на законите за клевета и навреда како закана за слободата на изразување. Мир ја охрабри Европската комисија, во следниот извештај за напредокот на Македонија, да ги наведе со имиња новинарите и медиумите што се казнувани зашто си ја вршат работата, меѓу кои ги наведе Кежаровски и „Фокус“.


- И колку што ми е познато, Македонија не се откажала од политичката желба да пристапи кон ЕУ. Многу битна задача за македонската влада е да ги исполни барањата за полноправно членство во ЕУ, а не да се враќа назад. Македонија мора да прифати потполна слобода на печатот во согласност со меѓународните стандарди, да престане да ги заплашува медиумите и новинарите, да се овозможи транспарентност за рекламите и да се каже во јавноста како се влијае врз медиумите и новинарството - препорача директорот на меѓународната организација која се грижи за слободата на изразување. 

 

Директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска, истакна дека не е задоволна од зборовите кои се користат во последниот извештај за напредокот, изготвен од Европската комисија. 

 

- За случајот Кежаровски, ние не зборуваме само како за типичен случај на повреда на правото на слобода на изразување, туку за политички затвореник. Извештајот во ниедна прилика не истакна дека меѓу многуте политички затвореници има и новинари. Да не се лажеме, Томислав Кежаровски е политички затвореник - посочи Пировска, додавајќи дека Европскиот суд за човекови права во повеќе наврати одлучувал во корист на новинари и во случаи кога тие навредувале функционери, само затоа што стандардот налага политичарите да бидат изложени на поостра критика. 

 

- Не е само дека државата ги контролира и ги користи медиумите за политички цели, ние имаме и неефективно судство и доминантна извршна власт. Проблемот не е само во тоа што медиумите се под шака на власта, туку станува збор и за селективно судство под влијаение на извршната власт - додаде Пировска.

 

За законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, таа додаде дека е донесен за да се зајакнат цензурата и автоцензурата во медиумите.

 

- Ако се согласуваме дека законот за медиуми ни е добар, тогаш се согласуваме со се што ни се случува - додаде Пировска. 


Кочо Андоновски од ЛГБТИ Центарот за поддршка со лични примери портретираше дека маргинализираните заедници не можат да си го најдат местото на медиумите.

 

- Бидејќи во Македонија има уставни измени, а ние како заедница немаме пристап до мејнстрим медиумите, решивме да настапуваме на локалните медиуми. Договоривме 10 интервјуа во 3 дена и тоа беше доволно, зборот да се рашири и веќе четвртиот ден не можевме да договориме ниеден медиум на локално ниво. Па така Прилеп излезе дека е Њујорк, и ни рекоа дека до средината на ноември се пребукирани и немаат ни 5 минути за нас во програмата. А во Кавадарци ни рекоа дека „не поддржуваат обратни и ако сака Кочо да дојде да зборува како што зборува владата тогаш може, а ако не, ништо“ - рече Андоновски.


Новинарот Ацо Кабранов вината за лошата состојба во новинарството и во медиумите ја лоцираше во самите новинари.

 

- Живееме во двоглав режим предводен од Груевски и Ахмети и премногу молчиме. Сами сме си виновни за ова што ни се случува. Уште повеќе се затвораме во своите гета и секој си навива за своето - рече Кабранов.

 

Активистот Петрит Сарачини го посочи постојаното етикетирање на критичките новинари, кои освен тоа се и постојано тужени и осудувани додека оние во медиумите со провладина уредувачка политика не се тужени или нивните случаи се во некоја фиока. 


- Освен тоа, постои и една „црна мамба“ која ги јаде содржините што новинарите ги подготвуваат. Може да се случи утре воопшто да не излезе текстот во весник. А морковот што се користи во редакциите е корупцијата на новинарите - дециден беше Сарачини.


Новинарот Синиша Станковиќ го изрази своето разочарување од постојаното зборување на јавни дебати и трибини и непреземање ништо на терен. 

 

- Ако на 24 октомври пресудата за Кежаровски не биде таква каква што сакаме, баш ме интересира што ќе направат новинарите. Мора сами нешто да направиме, на пример да се обидеме преку новиве медиуми да создадеме мрежа на освестување - порача Станковиќ.

 

Тој ги спореди посетите на меѓународните експерти со „инфузија“ која им дава кураж на новинарите во Македонија 2-3 дена за потоа апатијата да продолжи.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


 

 

]]>
true
<![CDATA[Ќе се исклучува струјата на повеќе улици и во села поради технички зафати]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154516/Kje-se-iskluchuva-strujata-na-povekje-ulici-i-vo-sela-poradi-tehnichki-zafati http://www.plusinfo.mk/vest/154516/Kje-se-iskluchuva-strujata-na-povekje-ulici-i-vo-sela-poradi-tehnichki-zafati 2014-10-15 14:31:09 Во галеријата подолу може да го видите распоредот за исклучувања на струјата утре, поради зафати што ќе ги вршат екипи на ЕВН заради подобрувања на електросистемот. Распоредот ви го пренесуваме онака како што ни е испратен од ЕВН.

 

Во првата колона (прво лево) се наведени датумот и времето кога ќе биде исклучена струјата, во втората кога таа повторно ќе биде пуштена, во третата Корисничкиот енерго центар, а во последната (на десниот крај) населените места или адресите на корисниците кои ќе бидат исклучени.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[СДСМ: МВР со молкот и непостапувањето дозволи поттикнување национална омраза]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154508/SDSM-MVR-so-molkot-i-nepostapuvanjeto-dozvoli-pottiknuvanje-nacionalna-omraza http://www.plusinfo.mk/vest/154508/SDSM-MVR-so-molkot-i-nepostapuvanjeto-dozvoli-pottiknuvanje-nacionalna-omraza 2014-10-15 14:04:16 СДСМ денеска порача дека никој нема право да дивее, да го нарушува мирот на граѓаните, да поттикнува национална омраза и нетрпеливост, но исто така и го обвини МВР дека со своето непостапување го овозможило сето тоа, и не ги штитело законите и уставниот поредок.

 

„Должност на МВР е да го штити  уставниот поредок во Република Македонија и да ги почитува законите. Никој нема право да дивее по улиците низ Македонија и со тоа да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните, како што тоа се случи вчера, во неколку градови во земјава, по фудбалскиот натпревар во Белград. Уставот е  јасен дека не е дозволено поттикнување национална омраза и нетрпелливост. МВР вчера со молкот и непостапувањето согласно надлежностите тоа го дозволи“, се вели во соопштението од СДСМ.

 

Најголемата опозициска партија бара прекршителите веднаш да бидат санкционирани, согласно законските одредби за ваков вид однесување, и порачува дека денешното споделување на снимките од дивеењето, на МВР ќе му ја олеснат работата да ги најде сторителите.

 

„Самите учесници во толпата споделуваат видео снимки на социјалните мрежи. Тоа ја олеснува работата на Јанкулоска и МВР макар и задоцнето да изреагираат, бидејќи вчера не излегоа на терен да го спречат нарушувањето на јавниот ред и мир во ноќните часови“, порача СДСМ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Македонија ќе се чисти од отпадот в сабота]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154500/Makedonija-kje-se-chisti-od-otpadot-v-sabota http://www.plusinfo.mk/vest/154500/Makedonija-kje-se-chisti-od-otpadot-v-sabota 2014-10-15 13:28:47 Отстранување на отпадот оставен на несоодветни места е целта на акцијата која в сабота на целата територија на земјата ќе ја организираат Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, извести Центарот за управување со кризи.

 

Големата акција на чистење ќе се изведе и со учество на државните институции, локалните самоуправи, јавните и комуналните претпријатија, како и и здруженија на граѓани. Целта на проектот „Македонија без отпад 2014“ е на 18 октомври организирано и што помасовно да се вклучат граѓаните и сите засегнати групи, да ја исчистат својата околината од отпадот што се наоѓа лоциран на несоодветни места .    

 

За подетални информации за самата акција заинтересираните можат да се информираат на веб-локацијата на „Ајде Македонија“, www.ajdemakedonija.mk или веб-локациите на општините.

 

Заради подршка на институциите за справување со неовластено исфрлање и складирање на отпадот, граѓаните доколку забележат ваква активност во својата околина, можат да се обратат на бесплатниот телефонски број за итни дојави 195 на Центарот за управување со кризи.

Центарот потсетува дека сите учесници во акцијата „Македонија без отпад – 2014“ треба да се регистрираат на веб-локацијата www.ajdemakedonija.mk


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Зошто родителите на злоставуваните девојчиња молчеле четири месеци?]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154497/Zoshto-roditelite-na-zlostavuvanite-devojchinja-molchele-chetiri-meseci http://www.plusinfo.mk/vest/154497/Zoshto-roditelite-na-zlostavuvanite-devojchinja-molchele-chetiri-meseci 2014-10-15 13:24:33 Истражителите открија дека родителите на трите малолетнички од Скопје кои безмалку четири месеци биле присилувани на проституција и злоставувани од двајца браќа-макроа од скопската населба Шуто Оризари, воопшто не пријавиле во полиција дека децата им се исчезнати. Тоа, како што дознаваме, на истрагата ѝ отворило дополнителен поглед па сега се проверува дали можеби некој од нив знаел каде му е чедото. За сите наоди на истрагата веќе е запознаен и јавниот обвинител. 

 

Полицијата го известила обвинителството дека девојчињата на возраст од 14 до 16 години биле злоставувани од 18-годишниот А.Р. и 21-годишниот Р.А кои ги криеле трите жртви во куќата на вујко им, кој е на привремена работа во Германија. Браќата веќе втор ден се во притвор и се осомничени за кривично дело детска проституција.

 

Обвинителството ќе треба да одлучи дали ќе започне истрага против родителите, а службите ќе треба да оценат дали девојчињата не биле пријавени од најблиските ако растеле во дисфункционално семејство. МВР извести дека децата биле жртви од почетокот на јуни годинава, кога браќата стапиле во контакт со жртвите.

 

Ги врбувале да дојдат во куќата на нивниот вујко, која е сместена во периферниот дел на населбата Шуто Оризари. Откако успеале под ист покрив да ги сместат трите малолетнички, ги затвориле, а на нивните тела со остар предмет си ги напишале своите имиња. Им нагласиле дека од тој момента па натаму тие работат за нив.

 

Засега не се знае колку лица влегле во куќата во изминатите четири месеци, но се знае дека браќата за секоја сексуална услуга имале ценовник и наплаќале од 300 до 2.000 денари. Глумејќи големи макроа, браќата од Шуто Оризари контактирале и со клиенти од другите градови. Во зависност од нивните желби, ги внесувале девојчињата во автомобил и ги носеле во неколку мотели, каде што, исто така, ги принудувале да имаат сексуални услуги.

 

Жртвите им кажале на истражителите дека неколку пати биле принудувани да имаат сексуални односи со повеќе клиенти во една ноќ, а после сè, биле враќани во куќата во Шуто Оризари каде повторно биле затварани. Многу пати браќата им се заканувале на девојчињата дека ќе настрадаат ако се противат, односно дека ќе бидат убиени.

 

Во петокот во попладневните часови, еден од браќата бил невнимателен и го заборавил мобилниот телефон во собата каде биле тој ден сместени девојките. Откако излегол од куќата, две девојки успеале неприметено да се ослободат и да излезат од куќата, по што случајот го пријавиле во полициска станица. Веднаш бил известен и јавниот обвинител, кој наредил брза реакција, по што неколку екипи на полициски „алфи“ влегле во куќата и го спасиле третото девојче, а за брзо време во населбата се пронајдени и браќата кои биле уапсени.

 

Во архивите на МВР пишува дека двајцата злоставувачи во изминатите неколку години заработиле 13 прекршочни пријави за нарушен на јавниот ред и мир, учествувале во физички напад и во една тепачка, а од 2011 до 1 октомври против нив е поднесена 21 кривична пријава за насилство, крвни и имотни деликти. 


Подготви: Г.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Оштетени два автобусa и автомобил при синоќешната „прослава“ во Скопје]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154484/Oshteteni-dva-avtobusa-i-avtomobil-pri-sinokjeshnata-proslava-vo-Skopje http://www.plusinfo.mk/vest/154484/Oshteteni-dva-avtobusa-i-avtomobil-pri-sinokjeshnata-proslava-vo-Skopje 2014-10-15 12:40:54 Два автобуса и еден автомобил настрадале вчеравечер во дивеење на големата група која „прославуваше“ по улиците на Скопје за инцидентот на натпреварот Србија-Албанија, јави Република.

 

Инцидентот се случил на булеварот Крсте Петков Мисирков кога група момчиња ја блокирале раскрсницата, а потоа искршиле стакла на два автобуса на ЈСП на линијата  57. Во исто време бил оштетен и еден патнички автомобил.

 

Во Тетово освен петарди, свирежи и скандирања не се регистрирани инциденти, а во Куманово и во Струга било мирно, информираат од МВР.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Катарџиев: Како да се жалам кога пред време сум осуден?]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154474/Katargziev-Kako-da-se-zhalam-koga-pred-vreme-sum-osuden http://www.plusinfo.mk/vest/154474/Katargziev-Kako-da-se-zhalam-koga-pred-vreme-sum-osuden 2014-10-15 11:49:42 Нема да поднесам жалба до Управниот суд бидејќи како да се жалам на суд кога пред време сум осуден, вели за Плусинфо академик Иван Катарџиев, кој вчера од Комисијата за верификација на фактите беше лустриран како поранешен соработник на Службата за државна безбедност.

Лустраторите тврдат дека Катарџиев, кој е роден во селото Плоски, Република Бугарија, имал псевдоним „Марко Мариќ“. Тој, според нив, ја известувал СДБ за лицата Јосиф Поповски, Ѓорги Јовановски, Владо Харалампиев, Тодор Симовски и за Јосиф Пападопулос. Катарџиев во СДБ имал лично досие со број 5027.

Катарџиев вели дека тој никогаш не бил соработник, ниту пак имал било каков контакт со тајната полиција.

- Баш напротив. Можеби не знаат, но долги години бев нивна жртва. Од 1955 до 1960 година бев под голем притисок. Јосиф Поповски пред некое време дојде кај мене и ми се заблагодари што за него сум се грижел како татко. Со Ѓузел сум се видел само два пати, дента кога го вработивме и кога му дадовме да работи на проект. Останатите не ги познавам - вели академикот од МАНУ.

Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Владо Камбовски, поради службени обврски не беше во можност да даде став дали лустрирањето на академикот, но и на неколку починати академици е своевиден политички притисок врз оваа институција, која неколку пати преку свои јавни трибини се спротистави на некои владини идеи, меѓу кои и таа за законот за брак, каде стрикно се одредува дека бракот е заедница само помеѓу еден маж и една жена.

Освен Катарџиев, вчера лустраторите објавија дека Вељко Пешиќ и Михаил Јанушев кои се носители на јавни функции биле соработници на тајните служби. Пешиќ е поранешен директор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, а Јанушев е поранешен директор на гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје. Со нив тројца, списокот на лустрирани граѓани во Македонија во изминативе години откако е изгласан контровезниот закон не го минаа 143 граѓани.

Сите се поранешни функционери. Иронијата да биде поголема, половината од лустрираните се починати. Само во Македонија и во Германија, земји од стариот континент се спроведува таканаречена лустрација. Во Германија граѓаните можат слободно да дојдат во архивот на поранешната Штази, можат слободно да побараат дали имаат досие и самите да си прочитаат што се е пишувано за нив и кој ги кодошел.

Во Македонија е обратно. Досиејата ги чита само Комисијата и таа одлучува кој бил жртва, а кој соработник на службата. Интересно е што се лустрираат началници на службите за безбедност и министри на полицијата само во период кога ВМРО-ДПМНЕ не е на власт. Во низа јавни настапи и трибини академскиот свет, познати професори, политичари, новинари и јавноста нагласуваа дека лустрацијата е само политичка пресметка со неоистомислениците на власта.

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Величковски: Ќе се прочистуваат партиите со и без прозападна ориентација]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154476/Velichkovski-Kje-se-prochistuvaat-partiite-so-i-bez-prozapadna-orientacija http://www.plusinfo.mk/vest/154476/Velichkovski-Kje-se-prochistuvaat-partiite-so-i-bez-prozapadna-orientacija 2014-10-15 11:48:02  

Следниот период нема да биде период на судир меѓу власта и опозицијата, туку прочистување внатре кај македонскиот народ и политичките партии што застапуваат прозападна интеграција на земјата со оние кои се против таквата ориентација, вели претседателот на ЛП, Ивон Величковски, по повод изјавите на пратениците Александар Николовски и Владимир Ѓорчев на заедничката седница на Советот за евроинтеграции и Комисијата за надворешна политика.

- Перманентните перфидни обиди власта да најде оправдание зошто ја држи Македонија надвор од евро-интегративните процеси, со овие изјави на официјални претставници на ВМРО-ДПМНЕ, влегоа во нова фаза – кога нивната партија не крие дека бара и посакува алтернатива на ЕУ и НАТО интеграциите. Затоа, не очекувам ниту Груевски, ниту Никола .Попоски, ниту било кој претставник на ВМРО-ДПМНЕ да се огради од овој правец што „портпаролите“ на владиното мнозинство во Собранието директно го најавуваат. Овие изјави се доказ дека власта го насочува јавното мислење и своите поддржувачи кон напуштање на дводецениската, широко прифатена ориентација на Македонија и македонските граѓани за интегрирање на Републиката во ЕУ и НАТО и отворено промовира завртување кон исток. Пратеничкиот имунитет не штити од политички „пролупувања“ - реагира Величковски.

ЛП најави дека го отфрла овој правец како штетен – за економските и надворешно-политичките перспективи на земјата, но и за нејзината внатрешна кохезија.

Оттука, велат од партијата, изјавата на евроамбасадорот Орав, дека Македонија нема повеќе време за одложување на решавањето на проблемите, претставува најточна констатација на напластените проблеми со кои македонската нација и општество се соочува, а за нивното продлабочување одговорна е ВМРО-ДПМНЕ и нејзината Влада.

 

 

Подготви: Ј.А.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Величковски: Ќе се прочистуваат партиите со и без прозападна ориентација]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154476/Velichkovski-Kje-se-prochistuvaat-partiite-so-i-bez-prozapadna-orientacija http://www.plusinfo.mk/vest/154476/Velichkovski-Kje-se-prochistuvaat-partiite-so-i-bez-prozapadna-orientacija 2014-10-15 11:48:02  

Следниот период нема да биде период на судир меѓу власта и опозицијата, туку прочистување внатре кај македонскиот народ и политичките партии што застапуваат прозападна интеграција на земјата со оние кои се против таквата ориентација, вели претседателот на ЛП, Ивон Величковски, по повод изјавите на пратениците Александар Николовски и Владимир Ѓорчев на заедничката седница на Советот за евроинтеграции и Комисијата за надворешна политика.

- Перманентните перфидни обиди власта да најде оправдание зошто ја држи Македонија надвор од евро-интегративните процеси, со овие изјави на официјални претставници на ВМРО-ДПМНЕ, влегоа во нова фаза – кога нивната партија не крие дека бара и посакува алтернатива на ЕУ и НАТО интеграциите. Затоа, не очекувам ниту Груевски, ниту Никола .Попоски, ниту било кој претставник на ВМРО-ДПМНЕ да се огради од овој правец што „портпаролите“ на владиното мнозинство во Собранието директно го најавуваат. Овие изјави се доказ дека власта го насочува јавното мислење и своите поддржувачи кон напуштање на дводецениската, широко прифатена ориентација на Македонија и македонските граѓани за интегрирање на Републиката во ЕУ и НАТО и отворено промовира завртување кон исток. Пратеничкиот имунитет не штити од политички „пролупувања“ - реагира Величковски.

ЛП најави дека го отфрла овој правец како штетен – за економските и надворешно-политичките перспективи на земјата, но и за нејзината внатрешна кохезија.

Оттука, велат од партијата, изјавата на евроамбасадорот Орав, дека Македонија нема повеќе време за одложување на решавањето на проблемите, претставува најточна констатација на напластените проблеми со кои македонската нација и општество се соочува, а за нивното продлабочување одговорна е ВМРО-ДПМНЕ и нејзината Влада.

 

 

Подготви: Ј.А.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[И Артан Груби бил на натпреварот во Белград]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154467/I-Artan-Grubi-bil-na-natprevarot-vo-Belgrad http://www.plusinfo.mk/vest/154467/I-Artan-Grubi-bil-na-natprevarot-vo-Belgrad 2014-10-15 11:19:17 И Артан Груби, шефот на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети бил на натпреварот меѓу Србија и Албанија, објавуваат македонските медиуми.

 

Груби на Фејсбук објави фотографија од пред стадионот на Партизан.

 

За да може да влезе, тој замина без албански обележја.

]]>
true
<![CDATA[И Артан Груби бил на натпреварот во Белград]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154467/I-Artan-Grubi-bil-na-natprevarot-vo-Belgrad http://www.plusinfo.mk/vest/154467/I-Artan-Grubi-bil-na-natprevarot-vo-Belgrad 2014-10-15 11:19:17 И Артан Груби, шефот на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети бил на натпреварот меѓу Србија и Албанија, објавуваат македонските медиуми.

 

Груби на Фејсбук објави фотографија од пред стадионот на Партизан.

 

За да може да влезе, тој замина без албански обележја.

]]>
true
<![CDATA[МНР со свеченост ќе одбележи 20 години дипломатски односи со повеќе земји ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154465/MNR-so-svechenost-kje-odbelezhi-20-godini-diplomatski-odnosi-so-povekje-zemji- http://www.plusinfo.mk/vest/154465/MNR-so-svechenost-kje-odbelezhi-20-godini-diplomatski-odnosi-so-povekje-zemji- 2014-10-15 11:06:08 По повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на Република Македонија со повеќе земји во светот, Министерството за надворешни работи вечерва ќе одржи свеченост во просториите на Македонскиот народен театар и Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

На свеченоста која Министерството ја организира во соработка со амбасадите на земјите, ќе се оддржи свечена академија, при што обраќања ќе имааат министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски и амбасадорот на Швајцарската Конфедерација Стефано Лазарото.

Од МНР соопштија дека свеченоста ќе биде збогатена со концерт на Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец”, како и со коктел подготвен од земјите учеснички со презентација на нивните традиционални јадења, симболи и сувенири.

Во 1994 години Република Македонија воспостави дипломатски односи со Швајцарската Конфедерација, Кнежевството Лихтенштајн, Руската Федерација, Кралството Белгија, Јапонија, Чешката Република, Словачката Република, Киргиската Република, Социјалистичка Република Виетнам, Повеќенационалната Држава Боливија, Кралството Шпанија, Унгарија, Големото Војводство Луксембург, Арапската Република Египет, Португалската Република, Република Ирска, Светата Столица, Република Австрија и Република Узбекистан.

 

 

Подготви: Ј.А.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Тинејџер „уловен“ додека незаконски ловел риба]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154462/Tinejgzer-uloven-dodeka-nezakonski-lovel-riba http://www.plusinfo.mk/vest/154462/Tinejgzer-uloven-dodeka-nezakonski-lovel-riba 2014-10-15 10:48:29 Шеснаесетгодишно момче од Охрид, вчера во 18.45 часот бил е затекнат во незаконит риболов, од патролата на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. 

 

Тој бил забележан на околу 20 метра од брегот наспроти угостителски објект на кеј „Македонија“ во момент кога со подводна незаконски ловел риба.

 

Неодамна, во акциска патролна контрола во ноќните часови, полициските службеници кај малата плажа- вила ,,Билјана,, пронајдоа и одзедоа една рибарска мрежа со должина од околу 50 метри и димензии на окца 60x60мм со улов од осумнаесет парчиња риба- десет парчиња охридски крап со вкупна тежина од 9,5 килограми и осум парчиња клен со вкупна тежина од осум килограми. 

 

Во слична акција, полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ пронајде и одзеде 20 рибарски мрежи со вкупна должина над 1000 метри, близу 30 килограми парчиња разновидна риба и повеќе примероци на риболовен алат и прибор. Согласно законот за рибарство и аквакултура, против неколку лица поднесени се прекршочни пријави. 

 

Подготви: Ј.А.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Удавената трудница сонувала да оди во Германија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154461/Udavenata-trudnica-sonuvala-da-odi-vo-Germanija http://www.plusinfo.mk/vest/154461/Udavenata-trudnica-sonuvala-da-odi-vo-Germanija 2014-10-15 10:45:45 Kолку што ми е жал за Сабина, уште повеќе жалам за нашето дете! Со овие зборови ја дочекал екипата на весникот „Дневник“, Зулхан Алити, сопруг на трагично загинатата Сабина, која беше пронајдена мртва во водите на реката Вардар. 


Влечките што ги носела 21-годишната Сабина, која била во петтиот месец од бременоста, биле оставени на брегот на реката Вардар. 

- Работам како аргат, и затоа завчера вечер дојдов доцна од работа. Сабина ме пречека, а јас отидов да се измијам. Откако се измив, побарав Сабина да ми ја даде облеката, но не ми се јави. Ми се јави брат ми, кој рече дека Сабина ја нема. Мене ме фати паника, каде можела да отиде - вели сопругот на Сабина, Зулхан Алити, за „Дневник“. 

Телото го нашле во близина на еден голем трупец, во средината од реката, каде водата е поплитка. Покрај неа имало најлон, а околу телото трева, веројатно како да сакала во последен момент да се фати за нешто и да се извлече од водата. 

Сабина со Зулхан била во брак околу четири месеци. Таа била од Шутка но, како што велат од семејството на сопругот, брзо се вклопила во новата средина. Семејството раскажува дека била загрижена поради татко и, кој неодамна заминал во Германија. Сакала и таа да оди таму, но не можела да извади пасош. 

По обдукцијата, било утврдено дека причина за смртта било давење, а на телото на Сабина не биле откриени траги на насилство. Надлежните велат дека можна причина зошто си го одзела животот е моментно нервно растројство.


Фото: Дневник

]]>
true
<![CDATA[Промоција на „Изворите на тоталитаризмот“ од Хана Арент]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154453/Promocija-na-Izvorite-na-totalitarizmot-od-Hana-Arent http://www.plusinfo.mk/vest/154453/Promocija-na-Izvorite-na-totalitarizmot-od-Hana-Arent 2014-10-15 10:18:23

Книгата „Изворите на тоталитаризмот“ од Хана Арент ќе биде промовирна утре во 12 часот во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија. 

„Изворите на тоталитаризмот“ претставува обид да се прикаже структурата на тоталитарната држава и принципите на нејзиното дејствување, да се покаже дали воопшто постои такво нешто како природа на тоталитаристичката власт, има ли таа своја сопствена суштина и може ли да биде споредувана и дефинирана како другите форми на владеење, што западната мисла ги знае и ги признава уште од времето на античката филозофија.


Книгата, во издание на Фондацијата Отворено општество - Македонија и издавачката куќа „Култура“, ќе ја промовираат Катерина Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки, Горан Јанев од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и Соња Исмаил од ФОРУМ - Центар за стратегиски истражувања и документација. 


Модератор на дебатата, на која ќе се проговори и за структурата и принципите на секојдневието во кое ние опстојуваме, ќе биде Владимир Милчин, извршен директор на Фондацијата Отворено општество - Македонија.


Подготви: Б.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[Деркоски: Нема повредени во возот кај Миравци]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154450/Derkoski-Nema-povredeni-vo-vozot-kaj-Miravci http://www.plusinfo.mk/vest/154450/Derkoski-Nema-povredeni-vo-vozot-kaj-Miravci 2014-10-15 09:57:28 Не е повреден ниту еден од патниците кои беа во возот на релацијата Скопје – Гевгелија, од кој вчера попладне се откачи вагон на потегот на пругата меѓу Миравци и Милетково, изјави за МИА директорт на МЖ Транспорт Оливер Деркоски.

Според Деркоски, станува збор за обичен технички дефект, а шесте патници кои биле во возот немаат никакви повреди и се транспортирани до крајната дестинација.

- Се случи обичен технички дефект, пукање на квачило и активирање на автоматска кочница. Во тој момент согласно механизмот на возот се активира автоматската кочница. Тоа се случило на влезот во станицата во Миравци, каде што возот се движи со мала брзина. Во возот имало 6 патници, кои веднаш се транспортирале таму за таму каде се упатени, рече Деркоски.

Во секојдневна работа, појасни, многу често и при маневрирање на возовите се случуваат вакви работи, и ништо не е невообичаено. Се случуваат и механички дефекти, иако се вршат технички плрегледи, изјави директорот на МЖ Транспорт.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Исчезна велешанец]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154448/Ischezna-veleshanec http://www.plusinfo.mk/vest/154448/Ischezna-veleshanec 2014-10-15 09:46:00 Целосен молк валдее за исчезнувањето ваесет на Киро Кимовод Велес. Шеесет и четири годишниот маж последен пат бил виден на 21.септември, како од Мегдан заминал кон домот кој се наоѓа на улицата Климент Охридски, но од тогаш дму се губи трагата.

Роднини на Кимов, минатата недела, го пријавиле изчезнувањето во полиција.

Кимов бил пензионер кој имал земја во близина на месноста Бојаџиева чешма, кај Велес што ја обработувал и таму живеел. Во градот доаѓал за да го надгледува братот, кој единствено го имал од потесното семејство, го снабдувал со храна по што повторно заминувал на поле.

Од СВР Велес велат дека се превземаат сите мерки за пронаоѓање на лицето.

Роднините бараат помош од граѓаните доколку го видат Кимов да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 192.  Исчезнатиот маж кога последен пат бил виден на себе носел кафеава маица со кратки ракави, фармерки и бели патики.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[100 пациенти прегледани во нефролошките амбуланти]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154442/100-pacienti-pregledani-vo-nefroloshkite-ambulanti http://www.plusinfo.mk/vest/154442/100-pacienti-pregledani-vo-nefroloshkite-ambulanti 2014-10-15 09:33:45

Сто пациенти се прегледани од јули досега во нефролошките амбуланти што Министерството за здравство ги отвори ширум земјава. 


Со цел рано откривање на хронична бубрежна болест кај пациентите, од јули годинава, Министерството за здравство воведе специјализирани нефролошки пунктови (амбуланти) во повеќе региони низ државата.
Прегледите во амбулантите се бесплатни за пациентите, а матичните лекари ги упатуваат пациентите на преглед во амбулантите во зависност од проценетата бубрежна функција преку лабораториски анализи.
Раното откривање на хронична бубрежна болест е главен предуслов за успешно спречување на губењето на функцијата на бубрезите и намалување на сите ризик фактори за ова заболување, имајќи предвид дека кај сè повеќе луѓе се открива напредна бубрежна инсуфициенција без претходни симптоми или претходно познати бубрежни заболувања.


Вакви амбуланти се отворени во Завод за нефрологија Струга, Здравствена станица Железара и Клиничка болница Штип, Здравствен дом Делчево, во Општа болница Струмица, Општа болница Велес,  Клиничка болница Тетово и Клиничка болница Битола, а од ноември предвидено е да функционираат и нефролошки амбуланти во Општа болница Кочани и во Општа болница Прилеп.


Подготви: Б.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Инцидентот во Белград прославен во Тетово и во Струга]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154428/VIDEO-Incidentot-vo-Belgrad-proslaven-vo-Tetovo-i-vo-Struga http://www.plusinfo.mk/vest/154428/VIDEO-Incidentot-vo-Belgrad-proslaven-vo-Tetovo-i-vo-Struga 2014-10-15 00:45:28 Со развеани албански знамиња и скандирања за Голема Албанија, граѓани на Тетово и Струга до доцна во ноќта на плоштадите го прославуваа инцидентот на фудбалескиот меч меѓу Србија и Албанија во Белград што се случи вчера. Не се забележани поголеми нарушувања на јавниот ред и мир.

До инцидентот на стадионот на Партизан во Белград дојде кога знамето на Голема Албанија полета носено од хеликоптерче на далечинско управување. За овој инцидент од ВИП ложата на стадионот беше уапсен братот на албанскиопжт премиер Еди Рама. 

]]>
true
<![CDATA[Од денеска до петок топло, речиси како во лето]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154427/Od-deneska-do-petok-toplo-rechisi-kako-vo-leto http://www.plusinfo.mk/vest/154427/Od-deneska-do-petok-toplo-rechisi-kako-vo-leto 2014-10-15 00:12:35 Денеска (среда, 15 октомври) претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните северозападни делови на земјата ќе има услови за краткотраен дожд. Попладне ќе биде сончево со умерена облачност. Се очекуваат речиси летни температури, до 25 степени во Скопје, 27 во Битола и 28 во Дојран и Гегелија.

 

Утре (четврток, 16 октомври) ќе биде сончево со умерна облачност, со температури од 23 до до 28 степени. И в петок ќе биде сончево и топло до 26 степени, а за в сабота се најавува дожд и мало заладување, со дневни температиури до 24 степени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[Венецијанска комисија: Во услови на бојкот на парламентот, не е добро да се менува Уставот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154418/Venecijanska-komisija-Vo-uslovi-na-bojkot-na-parlamentot-ne-e-dobro-da-se-menuva-Ustavot http://www.plusinfo.mk/vest/154418/Venecijanska-komisija-Vo-uslovi-na-bojkot-na-parlamentot-ne-e-dobro-da-se-menuva-Ustavot 2014-10-14 21:04:45 Актуелната политичка ситуација, поради бојкотот на парламентот од страна на опозицијата, не е добар момент за менување на Уставот на Република Македонија, смета Венецијанската комисија, советодавно тело на Советот на Европа. Комисијата ги оцени седумте уставни амандмани што ги предложи владата и утврди дека освен политичката криза, проблем е и тоа што некои од предлозите бараат подобрување и разјаснување.

 

Тоа пред се се однесува на уставниот амандман со кој се регулира воспоставување меѓународна слободна финансиска зона. Тоа за Комисијата не е добро решение, поради опасноста таа да прерасне во „држава во држава“. Исклучувањето на зоната од правниот поредок на државата не е компатибилно со основните одредби на Уставот и на европското уставно наследство. 

 

Спорен е и уставниот амандман со кој се дефинираат бракот и другите форми на заедница меѓу маж и жена. Венецијанската комисија смета дека „не треба да се исклучат двојките од ист пол од истото ниво на правно признавање како што се обезбедува на двојки од различен пол“. 

Подготви: Б.И.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[ Исклучувања на струјата планирани за утре]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154417/-Iskluchuvanja-na-strujata-planirani-za-utre http://www.plusinfo.mk/vest/154417/-Iskluchuvanja-na-strujata-planirani-za-utre 2014-10-14 20:09:18 Во галеријата подолу може да го видите распоредот за исклучувања на струјата утре, поради зафати што ќе ги вршат екипи на ЕВН заради подобрувања на електросистемот. Распоредот ви го пренесуваме онака како што ни е испратен од ЕВН.

 

Во првата колона (прво лево) се наведени датумот и времето кога ќе биде исклучена струјата, во втората кога таа повторно ќе биде пуштена, во третата Корисничкиот енерго центар, а во последната (на десниот крај) населените места или адресите на корисниците кои ќе бидат исклучени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[„От­кри­ва­чот“ на Исус од Охрид­ско лап­на држав­на наг­рада]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154413/Otkrivachot-na-Isus-od-Ohridsko-lapna-drzhavna-nagrada http://www.plusinfo.mk/vest/154413/Otkrivachot-na-Isus-od-Ohridsko-lapna-drzhavna-nagrada 2014-10-14 19:43:20 Ми­лош Лин­дро, ав­тор на кон­тро­вер­з­на­та те­о­ри­ја де­ка во Охрид се на­о­ѓал древ­ни­от град Еру­са­лим и де­ка та­му е рас­п­нат Исус Хрис­тос, е до­бит­ник на држав­на­та наг­ра­да 23 Ок­том­ври, за дос­тиг­ну­ва­ња во об­лас­та на по­е­зи­ја­та и кул­ту­рата. Ва­ка од­лу­чи Од­бо­рот за до­де­лу­ва­ње на прес­тиж­но­то приз­на­ние, чиј прет­се­да­тел е ака­де­мик про­фе­сор Вла­до Ма­тев­ски.

 

Лин­дро е ве­ќе че­ти­ри де­це­нии по­ет со де­се­ти­на кни­ги по­е­зи­ја зад себе, но во јав­нос­та бе­ше за­бе­ле­жан по­мал­ку со по­е­зи­јата, а по­ве­ќе со кон­тро­вер­з­ни­те твр­де­ња што ги из­не­се во кни­га­та „За­бо­ра­ве­ни­от Кадмо“.

 

Ис­то така, за Лин­дро во јав­нос­та из­ле­гоа об­ви­ну­ва­ња за пла­ги­ја­тор­ство  за­тоа што во ис­та­та кни­га пла­си­рал на­о­ди пре­зе­ме­ни од трак­тат на бу­гар­ски­от лин­гвист Бо­жи­дар Пеј­чев, об­ја­ве­ни во 1979 го­дина. 

 

Лин­дро на ова ве­ли де­ка ни­ка­де не тврди оти тој до­шол до тие от­кри­тија, ту­ку де­ка се сог­ла­су­ва за нив. Во врска со те­о­ри­и­те за древ­но­то ми­на­то на Охрид, ве­ли му е јас­но де­ка „де­лу­ва­ат лу­до и не­воз­можно“, но, по­со­чува, тоа се от­кри­ти­ја што ги из­вел со на­пор­но ис­тра­жу­ва­ње и де­ка на чи­та­те­ли­те е да од­лу­чат да­ли ќе ве­ру­ва­ат во нив.

 

- Не­кои ја чи­та­ат кни­га­та ка­ко фан­тас­тика, но јас ве­ру­вам во тоа што го имам на­пи­ша­но – ве­ли го­диш­ни­от до­бит­ник на држав­но­то приз­на­ние.

 

Лин­дро ве­ру­ва во сво­и­те те­зи де­ка Биб­ли­ја­та е првич­но на­пи­ша­но на ста­рос­ло­вен­ски, а по­тоа пре­ве­де­на на ла­тин­ски, де­ка бо­гот Ди­о­нис е ро­ден во Охрид, де­ка Ре­сен е На­за­рет, чи­тан на­о­паку, а Би­то­ла крие зад име­то Вит­леем.

 

Ли­кот по кој е име­ну­ва­на кон­тро­вер­з­на­та пуб­ли­ка­ци­ја е инаку, Кад­мо од хе­ле­нис­тич­ка­та ми­то­ло­гија, кој, спо­ред Лин­дро, го ос­но­вал Охрид. Сво­и­те те­о­рии, вели, ги те­ме­ли на пи­ша­ни до­ку­менти, број­ни тек­сто­ви од ан­тич­ки­от пе­риод, пре­ку сред­ни­от век до де­нес.

 

- Ма­ке­до­ни­ја рас­по­ла­га со не­ис­ко­рис­те­ни ци­ви­ли­за­цис­ки по­тенци­јали. Са­мо тре­ба да ја ис­тра­жу­ваме. Има­ме за­пи­ша­но ра­боти, тре­ба са­мо да ги ре­от­кри­е­ме и да ги нап­ра­ви­ме дос­тапни. За нас сме­та­ме де­ка сме слу­чајни, ефе­мер­ни и мар­ги­нални, но не е та­ка – ве­ли по­е­тот, кој пла­ни­ра и про­дол­же­ние на сво­ја­та кни­га „За­бо­ра­ве­ни­от Кадмо“, на ис­та­та тема.

 

Ми­лош Лин­дро по стру­ка е фи­зи­чар, а е вра­бо­тен во На­ци­о­нал­на­та уни­вер­зи­тет­ска биб­ли­о­те­ка „Св. Климент Охридски“ во од­де­ле­ни­е­то за ло­гис­ти­ка и раз­вој на биб­ли­о­те­кар­ството. До 2003 го­ди­на бил со­вет­ник за из­да­вач­ка деј­ност при Ми­нис­тер­ство­то за кул­тура, но не­о­че­ку­ва­но си за­ми­ну­ва од по­зи­ци­јата. За тој пе­ри­од не са­ка да збо­рува, но от­во­ре­но го­во­ри за сво­ја­та по­ли­тич­ка оп­ре­делба.

 

- Јас­но е де­ка сум дес­ни­чар­ски оп­ре­де­лен. Сме­там де­ка дес­ни­ца­та соз­дава, а ле­ви­ца­та троши. Еве, во по­след­ни­от пе­ри­од се соз­да­ва­ат ра­боти, ник­наа згради. Иде­о­ло­ги­ја­та на дес­ни­ца­та е иде­о­ло­ги­ја на ште­де­ње и соз­да­ва­ње ви­шок, кој ле­ви­ца­та тре­ба да го пот­ро­ши – ги об­јас­ну­ва Лин­дро сво­и­те по­ли­тич­ки ста­вови.

 

До­бит­ни­ци­те на држав­на­та наг­ра­да 23 Ок­том­ври ќе до­би­јат и па­ри­чен из­нос од 10 про­сеч­ни ма­ке­дон­ски плати.

 

Оваа го­ди­на на че­ло на Од­бо­рот за до­де­лу­ва­ње на наг­ра­да­та е ака­де­мик Вла­до Ма­тев­ски, со ко­го се оби­дов­ме  да ста­пи­ме во кон­такт за да до­знае­ме спо­ред кои кри­те­ри­у­ми се од­лу­чу­ва­ло при из­бо­рот на до­бит­ни­ци­те на оваа наг­рада, но про­фе­со­рот бил на служ­бен пат во стран­ство. Од Ми­нис­тер­ство за кул­тура, пак, ве­лат де­ка тие се за­дол­же­ни са­мо за тех­нич­ки­от дел од до­де­лу­ва­ње­то на наг­ра­дата, ка­ко рас­пи­шу­ва­ње­то на кон­кур­сот и со­оп­шту­ва­ње­то на до­бит­ни­ците, до­де­ка Од­бо­рот не­за­вис­но од­лу­чу­ва за из­бо­рот на до­бит­ни­ците.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Родителите на Дениса во Скопје - доколку излезе најлошото, ќе бараат постапка и во Македонија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154408/Roditelite-na-Denisa-vo-Skopje---dokolku-izleze-najloshoto-kje-baraat-postapka-i-vo-Makedonija http://www.plusinfo.mk/vest/154408/Roditelite-na-Denisa-vo-Skopje---dokolku-izleze-najloshoto-kje-baraat-postapka-i-vo-Makedonija 2014-10-14 19:11:37 Информациите дека грчките надлежни органи ја завршиле ДНК- анализата  врз телото кое што беше пронајдено во водите од Егејското Море, а за кое постои сомневање дека е можно да е од исчезнатата прилепчанка Дениса Маркоска, предизвикаа бранувања кај прилепчани, кои сметаат дека родителите на Дениса, но и надлежните македонски органи задолжително треба да инсистираат на нови анализи во Македонија, јавува Сител.

 

Инаку, според информации на Сител добиени од роднини на семејството на Дениса, родителите на девојката, кои денеска беа недостапни за јавноста, уште од синоќа биле информирани за тоа дека анализата е завршена и наводно, веднаш биле повикани во МНР во Скопје.

 

Телевизијата повикувајќи се на анонимни извори вели дека дека ставот на семејството е, независно од резултатите од ДНК-анализите направени во Грција, а особено ако се утврди дека тоа е телото на нивната исчезната ќерка, тие ќе бараат повторување на целата обдукциска постапка, овде во Македонија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[И операциите ќе се закажуваат преку „Мој термин”]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154406/I-operaciite-kje-se-zakazhuvaat-preku-Moj-termin http://www.plusinfo.mk/vest/154406/I-operaciite-kje-se-zakazhuvaat-preku-Moj-termin 2014-10-14 18:55:17 И хируршките интервенции ќе одат преку Мој термин. Од вчера хирурзите се обврзани операциите да ги закажуваат електронски. Нема веќе запишување во тетратки и интервенции преку врски. Исклучок ќе има само кај итни случаи кои не смеат да чекаат. 

 

Надлежните им поделиле на лекарите и обрасци кои мора да ги пополнат и да се потпишат доколку пациентот го оперираат порано или пак интервенцијата е одложена.

 

- Исто така, пациентите задолжително ќе бидат контактирани по телефон, на телефонскиот број кој го оставиле при прегледот кај лекарот и кој се наоѓа на упатот кој им е издаден. Откако пациентот ќе влезе во оперативната програма, доколку се појави потреба, тој може да биде и вратен во листата на чекање, односно терминот за операција да биде поместен. Ова може да се случи од неколку причини, но, обврска на установата е да ја заврши предвидената операција во најбрз можен рок - вели Жаклина Чагороска, член на тимот од Мој термин.

 

Пациентите ќе бидат само на една листа на чекање. Досегашната пракса покажува дека има случаи, како на пример за операција на катаракта, кои чекаат во 5 здравствени установи - каде порано ги викнат таму одат на операција. Исто така телефонски мора да бидат контактирани оние кои чекаат повеќе од 1 месец за интервенција.

 

- Пациентите да бидат задолжително контактирани по телефон и повикани на преглед кај докторот кој треба да ја изврши интервенцијата. Целта на овој преглед е да се потврди или отфрли потребата од хируршка интервенција. Доколку е потврдена потребата од хируршка интервенција, да се креира болнички упат за операција, со што пациентот ќе биде внесен во листата на чекање за соодветната интервенција. Ова се однесува и на пациентите кои имале закажано хируршка интервенција од страна на доктори кои повеќе не се во работен однос во установата. За овие пациенти да се направи соодветно прераспределување кај други доктори - вели Чагороска.
За контрола на креирање и управување со листите на закажани интервенции е надлежен Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Инспекторите ќе имаат увид во електронските листи, согласно нивните надлежности, и на терен ќе вршат контрола на правилната примена на системот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Утрешен „Слободен печат“: Името „Република Горна Македонија“, јазикот македонски...]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154403/Utreshen-Sloboden-pechat-Imeto-Republika-Gorna-Makedonija-jazikot-makedonski http://www.plusinfo.mk/vest/154403/Utreshen-Sloboden-pechat-Imeto-Republika-Gorna-Makedonija-jazikot-makedonski 2014-10-14 18:03:35 Во најновиот број на „Слободен печат“ читајте:

 

- „Откривачот“ на Исус од Охридско лапна државна награда!?

 

- Името „Република Горна Македонија“, јазикот македонски а народот „граѓани на Горна Македонија“

 

- А кога МРТВ не плаќа данок, не доаѓаат извршители?!

 

- Колумна на Зоран Бојаровски

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[СДСМ: Изборот на Извршниот одбор во Гази Баба е според статутот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154401/SDSM-Izborot-na-Izvrshniot-odbor-vo-Gazi-Baba-e-spored-statutot http://www.plusinfo.mk/vest/154401/SDSM-Izborot-na-Izvrshniot-odbor-vo-Gazi-Baba-e-spored-statutot 2014-10-14 17:25:12 Тотална дезинформација се наводите во текстот на провладините медиуми, дека при изборот на членови на Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ Гази Баба бил направен фалсификат, реагираше СДСМ.

 

„Изборот на членовите на Извршниот одбор на ОО на СДСМ Гази Баба  е согласно Статутот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Во секоја демократска партија е нормално оние кои имаат забелешки, да поднесат приговор до органите и телата на партијата. Поднесениот приговор ќе биде разгледан согласно одредбите на Статутот на СДСМ“, порачува најголемата опозициска партија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Орав: Нема време, веднаш решете ги независноста на судството и на медиумите]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154399/Orav-Nema-vreme-vednash-reshete-gi-nezavisnosta-na-sudstvoto-i-na-mediumite http://www.plusinfo.mk/vest/154399/Orav-Nema-vreme-vednash-reshete-gi-nezavisnosta-na-sudstvoto-i-na-mediumite 2014-10-14 16:09:03 Се надеваме дека и СДСМ ќе ги видиме тука што е можно поскоро и дека Владата и опозициските партии ќе почнат конструктивен дијалог во следните денови, изјави евроамбасадорот Аиво Орав на денешната заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и комисиите за надворешна политика и за европски прашања на која се анализираше Извештајот за напредокот на земјава кон ЕУ.  

- Бидејќи постојат различни толкувања за оваа препорака во изминатите денови, прашањето е што треба да се прави сега? Нема време и сите овие точки кои предизвикуваат загриженост треба веднаш да се решаваат, треба да се занимавате со независноста на судството, независноста на медиумите. Потребно е време, но политичкиот дијалог е прашање што може да се реши брзо. ДПА ќе се врати во Парламентот и ние го поздравуваме тоа. Се надеваме дека и СДСМ ќе ги видиме тука што е можно поскоро и дека Владата и опозициските партии ќе почнат конструктивен дијалог во следните денови. Ова е основата на Извештајот за напредокот - рече Орав.

Тој подвлече дека пораките во Извештајот на ЕК, кој содржи шеста по ред препорака за почнување на преговорите, се јасни и се предадени на власта, на опозицијата, на граѓанскиот сектор, како и на земјите членки на ЕУ. Тој со оценка, дека, пред сè, е потребно обновување на политичкиот дијалог.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  


]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Волерс: Корупцијата во Македонија е нула - не е смешно, тажно е!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154394/VIDEO-Volers-Korupcijata-vo-Makedonija-e-nula---ne-e-smeshno-tazhno-e http://www.plusinfo.mk/vest/154394/VIDEO-Volers-Korupcijata-vo-Makedonija-e-nula---ne-e-smeshno-tazhno-e 2014-10-14 15:42:17 Американскиот амбасадор Пол Волерс преку пример во САД за осуден гувернер за корупција направи паралела дека никој не е имун на законот без оглед на тоа на каква позиција е, кои му се роднини или пријатели, или од која партија доаѓа, потенцирајќи дека е важно, граѓаните да имаат верба во властите.

Важно граѓаните да имаат верба во властите. Тој додаде дека не е смешно, туку тажно, тоа што во Македонија, во 2013 година нема ниту еден осуден за корупција.

- Во 2013 Државната комисија за спречување на корупција истражи 228 случаи за корупција и бројот не е мал во однос на големината на земјата. Нула беа осудени, корупцијата во Македонија е нула. Не е смешно, повеќе би рекол дека е тажно - рече Волерс.

Тој додаде дека вкупно 244 поединци во Романија, на пример биле осудени за корупција во 2013 година.

Видео: А1 он

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

]]>
true
<![CDATA[Николовски до ЕУ: Ако не нè сакате, имаме отворена понуда од Русија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154387/Nikolovski-do-EU-Ako-ne-n-sakate-imame-otvorena-ponuda-od-Rusija http://www.plusinfo.mk/vest/154387/Nikolovski-do-EU-Ako-ne-n-sakate-imame-otvorena-ponuda-od-Rusija 2014-10-14 15:40:50 Што може да направи Македонија кога има отворени понуди и претензии на Русија кон регионот (Србија, Црна Гора и Македонија), а нема никакви знаци и реакција од Европската унија и НАТО, кога има само шеста препорака од Европската комисија и знае дека нема да добие датум за почнување на преговорите со Унијата, праша пратеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, во дискусијата на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и комисиите за надворешна политика и за европски прашања кои го анализираа Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава кон ЕУ на која присуствуваше и евроамбасадорот Аиво Орав.

- Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, јасно стави до знаење дека влегувањето во ЕУ на Црна Гора, Русија и Македонија е закана за Русија. Во услови кога постои сериозон пробив на Русија во Црна Гора и изградба на воена база слична на Бондстил во Ниш и кога се очекува невидена парада во Србија за претстојната посета на Путин и нема никаква реакција на ЕУ и НАТО за Македонија, тогаш последиците од овие случувања не може да ги сноси Македонија - рече Николов кој подвлече дека неговата дискусија е далеку поразлична од онаа што ја имаа пратениците пред него и после него.

Тој јавно праша дали е свесна Европа дека „најдобар играч за Русија на Балканот е Грција која не дозволува Македонија да влезе во Европската унија со наметнат спор за името“.

Сличен став имаше и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, кој потсети дека земјава и нејзините граѓани се изморени од чекањето датум за преговори и исполнувањето на 22-годишната желба да се најдат во европското семјество.

- Македонците се чувствуваат маргинализирани и дискриминирани со тоа што сè уште не сме почнале со преговори и по 22 години отворено изразена желба за ЕУ. Каде е владеењето на правото за Македонија? - праша Ѓорчев и потсети на пресудата од Хаг и препораките на Бадентеровата комисија ангажирана од Европската унија по распадот на СФРЈ.  

Одделни негативни делови од Извештајот во својата дискусија оспори професорот Димитар Мирчев, член на Националниот совет за евроинтеграции од Кабинетот на претседателот на државата.

- Нелогични се некои работи, на пример, се оспорува пазарната економија на Македонија, а таа како таква има поголем напредок од дефинираните пазарни економии од Унијата. Има и други нелогичности, но сметам дека во иднина треба да се направи компаративна анализа и квантификација на сите шест извештаи за напредокот, за да се види каде сме како земја - рече Мирчев. 

Членовите на Националниот совет за евроинтеграции и двете собраниски комисии главно оценија дека и шестиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјава е реален и земјава треба да се ангажира да ги поправи лошите оценки. Главен акцент во дискусите беше ставан на политичкиот дијалог, слободата на медиумите, меѓунационалните односи и партизацијата на администрацијата.

Дел од пратениците ја повикаа опозицијата да се врати во Собранието и да почне преговори. Пратеничката Солза Грчева, пак, ја повика власта да направи анализа на однесувањата кои довеле до бојкотот на опозицијата.

- Она што се правеше последните две недели во Собранието и надвор од него, говори за нешто друго. Собранието донесе закон со кој ги зголеми платите на административците иако има силни забелешки за администрацијата, донесе закон за одлагање на либерализацијата и покрај тоа што пред европскиот претставник тврдеше дека ќе ја спроведе и донесе закон за градење со кој ги узурпира ингеренциите на локалните самоуправи, кога забелешките за тој однос се многу лоши - рече Грчева.

Насер Селмани од Здружението на новинари подвлече дека ЕУ уште еднаш предочи дека е доведена во прашање демократијата во земјава со лошата оценка за слободата на изразувањето и медиумите.

- Значи онаму каде што Владата ги контролира медиумите и медиумските содржини, нема демократија. Тоа Брисел отворено го кажа во Извештајот. Ако во блиско време не се преземе ништо тоа ќе биде причина наредниот извештај на ЕК да биде негативен за земјава - рече Селмани.

По расправата членовите на комисиите усвоија и заклучоци.



 Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

 


]]>
true
<![CDATA[Повеќе од 20 денови ни трага ни глас од 64-годишен велешанец]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154393/Povekje-od-20-denovi-ni-traga-ni-glas-od-64-godishen-veleshanec http://www.plusinfo.mk/vest/154393/Povekje-od-20-denovi-ni-traga-ni-glas-od-64-godishen-veleshanec 2014-10-14 15:34:21 Дваесет дена нема трага ниту глас од велешанецот Киро Кимов - 64-годишниот маж последен пат бил виден на 21 септември, кога од Мегдан заминал кон домот на неговиот брат, кој се наоѓа на улицата „Климент Охридски“, јави Дума.

 

Роднини на Кимов минатата недела го пријавиле изчезнувањето во полиција. Киро бил пензионер кој имал земја во близина на месноста Бојаџиева чешма кај Велес, што ја обработувал и таму живеел. Во градот доаѓал за да го надгледува братот, кој бил неговиот единствен близок роднина, го снабдувал со храна, по што повторно заминувал во поле.

 

Ако некој го забележи Кимов, нека пријави во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 192. Кога последен пат бил виден, Киро Кимов носел кафеава маичка со кратки ракави, фармерки и бели патики.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true