Вести од рубриката: СЦЕНА http://www.plusinfo.mk/style/images/logo.jpg +Инфо http://www.plusinfo.mk http://www.plusinfo.mk RSS вести од рубриката: СЦЕНА 2014-10-16 09:15:29 en-us <![CDATA[Седум години без Тоше ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154584/Sedum-godini-bez-Toshe- http://www.plusinfo.mk/vest/154584/Sedum-godini-bez-Toshe- 2014-10-16 09:15:29

На денешен ден пред седум години, македонскиот пејач Тоше Проески, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб, Хрватска.

Во негова чест и годинава маратонци тргнаа од Нова Градишка, на 13 октомври во 6.05 часот, и трчаат околу 900 километри по рутата која во спротивен правец беше последното патување на Тоше. Тие треба да стигнат денеска во Крушево и да го посетат неговото вечно почивалиште.

Фановите на Тоше на 5 октомври го организираа и Ѕвезденото небо со кое одбележаа седум години од неговиот последен концерт, кој беше хуманитарен и во соработка со УСАИД наменет за подобрување на условите во образованието.
Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран(The Hardest Thing).

Тодор Проески - Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажа уште како петтоодделенец на фестивалот Златно славејче (1992) на кој испеа песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на Мелфест во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004-та ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.
Тоше објави седум албуми - неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот албум „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт го одржа на Градскиот стадион во Скопје на 5 октомври 2007.


Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва заедничка фотографија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154532/FOTO-Dve-godini-se-vo-brak-a-ova-im-e-prva-zaednichka-fotografija http://www.plusinfo.mk/vest/154532/FOTO-Dve-godini-se-vo-brak-a-ova-im-e-prva-zaednichka-fotografija 2014-10-16 08:50:53 Поп-ѕвездата Џастин Тимберлејк и неговата сопруга актерката Џесика Бил се една од ретките двојки кои својата интима ја чуваат љубоморно од јавноста. Пред неколку дена тие ја изненадија јавноста со својата прва заедничка фотографија која Џастин ја објави на неговиот профил на Инстаграм.

На фотографијата двојката е свртена со грб кон амерата додека уживаат во пејсажот кој го одзема  здивот, а во описот на фотографијата Џастин напишал цитат од  Ферис Буелер.

- Животот протекува пребрзо, а ако од време на време не застанеш да погледнеш околу себе може да го пропуштиш“.
Двојката во моментот се одмара во Нов Зеланд каде Тимберлејк отпатува во рамки на својата светска турнеја на која го промовира последниот албум, а Џесика го придружува на настапите.

 

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[Родителите на Тоше Проески: Тагата по нашиот син со секој ден е сè поголема]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154569/Roditelite-na-Toshe-Proeski-Tagata-po-nashiot-sin-so-sekoj-den-e-s-pogolema http://www.plusinfo.mk/vest/154569/Roditelite-na-Toshe-Proeski-Tagata-po-nashiot-sin-so-sekoj-den-e-s-pogolema 2014-10-15 21:16:33 Утре се навршуваат седум години од смртта на легендарниот македонски пејач Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа во 2007 година. Неговите родители, Доминика и Никола Проески и понатаму не можат да веруваат дека нивниот син повеќе го нема. 



- Тагата за нашиот син со секој ден е сè поголема. Не сме во состојба да зборуваме за тоа, посебно не во овие тешки моменти -  рекле за „Курир“ родителите на Тоше.



Андреј Николски, братучедот на Тоше Проески и директорот на фондацијата „Тоше Проески“ изјави дека сè е подготвено за утрешниот помен.



- В четврток во 6:20 часот токму во мигот кога Тоше настрада ќе биде одржан помен на гробишта. Го очекуваме доаѓањето на 16 маратонци кои пред неколку дена тргнаа од Градишка за да стигнат до неговиот вечен дом. После тоа, на спомен домот ќе биде одржана културно-уметничка програма и литературна секција. Во Македонија пристигнаа фанови од Србија, Хрватска и Словенија, кои утре ќе му оддадат почест - наведе Николовски.

 

 

Подготви: К. А.


]]>
true
<![CDATA[Меркел бара хаусмајстор - да има диплома и да знае англиски]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154530/Merkel-bara-hausmajstor---da-ima-diploma-i-da-znae-angliski http://www.plusinfo.mk/vest/154530/Merkel-bara-hausmajstor---da-ima-diploma-i-da-znae-angliski 2014-10-15 20:34:28 Германската канцеларка Ангела Меркел, односно, Канцеларската служба, распишала конкурс за „хаусмајстор“, а медиумите пишуваат дека профилот на бараната личност за работење во таа служба не може да се спореди со вообичаената работа од тој вид и дека избраниот, помеѓу останатото, мора да има диплома и возачка дозвола, да знае да работи на компјутер и – да знае англиски. 

 

Во случај да се сретне со Барак Обама и тој да го запраша каде е „restroom“ (тоалет), шеговито коментираат меидумите денеска и пишуваат дека конкурсот е отворен до петок и дека во времето на канцеларот Гархард Шредер биле четворица, а сега би требало да бидат ангажирани шест луѓе на „хаусмајсторски“ работи. 
Во конкурсот „политички коректно“ се бара еден „хаусмајстор“ и не пишува, на пример, facility manager, забележува германскиот печат.

 

Медиумите пишуваат дека во времето на Шредер „хаусмајсторот“ имал и службен стан - четири соби, кујна и две тераси со поглед на раката Шпре, каде хаусмајсторот Волганг К. живеел со свооето семејство, но еден ден му дошле преку глава сигурносните теми.

 

 

Неговиот наследник не ни сакал да се всели во „машината за долна облека“, како што се вели за Канцеларската служба, така што станот на настојникот е претворен во канцеларии, пренесуваат медиумите. 

 

Подготви: К. А.

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Задникот на Амбер Роуз ја засени нејзината фризура]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154504/FOTO-Zadnikot-na-Amber-Rouz-ja-zaseni-nejzinata-frizura http://www.plusinfo.mk/vest/154504/FOTO-Zadnikot-na-Amber-Rouz-ja-zaseni-nejzinata-frizura 2014-10-15 15:34:17 Познатата актерка, манекенка и пејачка Амбер Роуз (30) со својата најнова фотосесија која ја објави на својот профил на Инстаграм сакала да се пофали со својата нова фризура, но сепак во преден план дошол нејзиниот раскошен задник по кој полудеа нејзините фанови и следбеници на социјалните мрежи.

Иако со црвените срца на главата Амбер сакала да ја покаже својата креативност во имиџот, сепак таа мудро знае како да ги промовира своите атрибути.

Костимот за капење со принтови од американски долари, целосно го разоткрил задникот на заводливата Амбер која гордо позирала покажувајќи ја својата линија и цврстиот задник.Таа неодамна побарала развод од раперот Виз Калифа со кој беше во брак една година и имаат син.

 

Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Помладата ќерка на Доналд Трамп порасна во секси заводничка]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154501/FOTO-Pomladata-kjerka-na-Donald-Tramp-porasna-vo-seksi-zavodnichka http://www.plusinfo.mk/vest/154501/FOTO-Pomladata-kjerka-na-Donald-Tramp-porasna-vo-seksi-zavodnichka 2014-10-15 14:34:59 Тифани Трамп најмладата ќерка на американскиот тајкун Доналд Трамп (68) вчера во голем стил го прослави својот 21-ви роденден, и го искористила просториите на бизнис центарот „Trump Soho“ во сопственост на својот татко, а потоа со своите пријатели се упатила во еден њујоршки клуб, јавуваат американските медуми.
Младата Тифани своето полнолетство го прославила забавувајќи се со припадниците на богатите наседници на американската елита. Атрактивната русооса која е ќерка на втората сопруга на Трамп и џет-сетерката Марла Мејплс (50), живее живот на висока нога како што прилега на една богата наследничка, а сето тоа го покажува со фотографиите кои секојдневно ги објавува на својот профил на Инстаграм.
Тифани за разлика од нејзната постара полусестра Иванка Трамп (32) е помалку позната во јавниот живот, но нејзинотот време допрва доаѓа.
Како што пренесуваат американските медиуми  Тифани и позната по тоа што сака да се забавува, да патува и да купува дизајнерска облека.
Но за разлика од нејзината постара полусестра Иванка која е успешен бизнисмен како и нејзиниот татко, Тифани  не е многу заинтересирана за бизнисот.
Судејќи  според по фотографиите на социјалните мрежи, Тифани ужива во богатството на својот татко и не се оптоварува себе си со бизнис планови за градење на своја бизнис империја. Таа е чест гостин на модните ревии, обожува да купува дизајнирана облека, луксузни патувања и луди забави.
Нејзиниот татко Доналд своевремено ја изневерува својата прва сопруга Ивана Трамп, со мајката на Тифани, Марла, а кога Ивана дознала за неверството побарала развод. Сепак бракот на Марла и Доналд  не траел долго, а бизнисменот за брзо време по трепат се оженил и тоа со 30 години помладата Словенка, манекенката Меланија Кнаус со кој го има седумгодишниот син Барон.

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[Тони Цетински на 28 ноември со солистички концерт во Скопје]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154489/Toni-Cetinski-na-28-noemvri-so-solistichki--koncert-vo-Skopje http://www.plusinfo.mk/vest/154489/Toni-Cetinski-na-28-noemvri-so-solistichki--koncert-vo-Skopje 2014-10-15 13:44:12 Популарниот хрватски пејач, Тони Цетински на 28 ноември најавува солистички концерт  во Скопје, во организација на „План Б Продукција“. Цетински доаѓа откако во 2005 година, Македонија имаше можност да го запознае како добар пријател на Тоше Проески во заедничката дуетска песна „Лагала нас мала“.
 
Во 2007 Тони Цетински застана рамо до рамо со Мајкл Болтон и Хозе Карерас, а пред македонската публика ќе настапи со голем број музички соработници, гости и пријатели. Откако пред неколку дена, ја снимија заедничката „Заблуда“ со српскиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ, рушат рекорди на слушаност во регионот.
 
„Опет си победила“, „Онај ко те љуби сретан је“, „23 декември“, „Нека те одведе“, „Ако то се зове љубав“ се само  дел од хитовите кои што ја бележат кариерата на хрватскиот кантавтор. 

Концертот во Скопје, ќе биде единствен по многу нешта. Цетински најавува и оперски елементи, голем оркестар кој што ќе го придружува, хумор, глума но пред сѝ музички перформанс во кој што ќе уживаат сите генерации.  
 
Влезниците за концертот, ќе бидат пуштени во продажба во понеделник 20. октомври, за партер стоење по 400 денари, за трибина по 600 денари, за фан пит по 600 денари и ВИП по 1.200 денари.  Оваа промотивна цена на влезниците, останува до 16 ноември. 

 

Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО+ФОТО „Дејли мејл“: Бијонсе внимавај! Баба Неда Украден освојува!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154492/VIDEOFOTO-Dejli-mejl-Bijonse-vnimavaj-Baba-Neda-Ukraden-osvojuva http://www.plusinfo.mk/vest/154492/VIDEOFOTO-Dejli-mejl-Bijonse-vnimavaj-Baba-Neda-Ukraden-osvojuva 2014-10-15 13:00:33 Британскиот „Дејли мејл“ објави статија за балканската пејачка Неда Украден и за нејзиното учество во емисијата „Твоето лице ми звучи познато“ кога ја имитираше Бијонсе.

 

„Внимвај, Бијонсе! Бабичка, која има 64 години, игра секси (тверкува) на твојата песна во црвен корсет и подвески и добива овации.“

 

„Дејли мејл“ на овој начин го насловил текстот за Неда Украден, која се појави во „улогата“ на Бијонсе.

 

„Бабата Неда Украден (64), од Белград, Србија, ги шокираше гледачите на шоуто кое малку збунувачки се вика „Твоето лице ми звучи познато“. Во тоа шоу познатите личности се појавуваат како имитатори на другите пејачи и пејачки... Поранешната ѕвезда на југославенската поп музика, сега сопственичка на ресторан, доби овации кога ја заврши точката, во текот на која провокативно танцуваше како многу помладата колешка Бијонсе“, е напишано помеѓу останатото во статијата на „Дејли мејл“.

 

Подготви: К. А.

 

 


]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Сара Џесика Паркер пронајде на улица 4.700 долари!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154482/VIDEO-Sara-Gzesika-Parker-pronajde-na-ulica-4700-dolari http://www.plusinfo.mk/vest/154482/VIDEO-Sara-Gzesika-Parker-pronajde-na-ulica-4700-dolari 2014-10-15 12:17:31 Една од најомилените холивудски актерки Сара Џесика Паркер уште еднаш докажа зошто го носи тој епитет.

Сара, како што обично секојдневно прави, ги однела децата во училиште и потоа тргнала да се прошета по њујоршките улици со својата пријателка. Шетајќи, Сара забележала чек на тротоарот и одлучила да го земе.

 

Овој случај го забележиле папараците кои во чекор ја следат ѕвездата на серијата „Сексот и градот“.

 

Сара подоцна признала дека на чекот бил испишан износ од 4.700 долари. 

 

Погледнете го моментот кога глумицата го пронашла чекот. 

 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Познатата балканска пејачка болна од рак: Ќе се борам како змеј!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154477/FOTO-Poznatata-balkanska-pejachka-bolna-od-rak-Kje-se-boram-kako-zmej http://www.plusinfo.mk/vest/154477/FOTO-Poznatata-balkanska-pejachka-bolna-od-rak-Kje-se-boram-kako-zmej 2014-10-15 11:47:44 Познатата босанска пејачка Дона Арес (37) е тешко болна, a последните десетина дена се наоѓа во Кантоналната болница во Бихаќ. Српските и босанските медиуми пишуваат дека станува збор за рак.

 

Познатата кантавторка со вистинското име Азра Колаковиќ им се обратила на своите обожаватели преку Фејсбук.

 

- Јас не сум таа коjа би паднала на колена. А тоа е тоа што не ми требаше. Сакам да се заблагодарам на сите за поддршката овие денови, многу ми значеше. Тешки се тие вести, но исто така сакам да нагласам дека не сум таа која би паднала на колена. Сега ми треба мир и тишина, брзо заздравување и напаѓам како змеј. Мене ме чуваат моите луѓе. Ви благодарам на сите - напишала болната Доназа на Фејсбук заблагодарувајќи се исто така на персоналот на болницата за „феноменалната нега и гиржа“ која ја искажуваат.

 

Нејзиниот сопруг Џавид Љубовци открил дека Дона се подготвува за терапија.

 

- Дона психички се чувствува многу подобро отколку физички. Во секој случај, сè добро поднесува, бидејќи има огромно внимание од лекарите, семејството, пријателите, како и од фановите кои секојдневно ѝ пружаат поддршка, константно ѝ се јавуваат и ѝ пишуваат на Фејсбук. Таа сè навистина добро поднесува, но сега мора да го зајакне организмот, тоа е најважно, за да продолжи понатаму со терапиите - рекол сопругот на Дона.

 

Дона Арес  е авторка на повеќето свои големи песни, а најпознати нејзини хитови се „То ми није требало“, „Убила ме твоја невјера“ и „Иди, иди, моја вило“. Фановите ја нарекуваат кралица на Балкан журките.

 

 

Подготви: К. А.

 

 

 


]]>
true
<![CDATA[Дејвид Бекам ќе ја предводи кампања против еболата]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154443/Dejvid-Bekam-kje-ja-predvodi-kampanja-protiv-ebolata http://www.plusinfo.mk/vest/154443/Dejvid-Bekam-kje-ja-predvodi-kampanja-protiv-ebolata 2014-10-15 10:53:12 Поранешниот британски фудбалер Дејвид Бекам ќе ја предводи кампањата на УНИЦЕФ за превенција на еболата, јавуваат светските медиуми.

Toj одлучи да помогне во подигнувањето на свеста за еболата и за начините на превенција на ширењето на оваа болест, а тоа ќе го направи по пат на видео снимка.

Видеото ќе биде прикажувано во Западна Африка, а во неа Бекам ќе ги демонстрира начините за контрола на ширењето на вирусот во Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне.

- Голема работа е што Бекам учествува во оваа кампања, пораид што сме многу благодарни. Фудбалот е религија во Сиера Леоне. Сите наши граѓани ги сакаат англиските фудбалери и клубови - изјавил претставник на фудбалскиот сојуз на Сиера Леоне.

Епидемијата на ебола досега зеде повеќе од 4.000 животи.

 

Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[ Ричард Гир ја раскина врската со 20 години помладата Падма Лакшми]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154441/-Richard-Gir--ja-raskina-vrskata-so-20-godini-pomladata-Padma-Lakshmi http://www.plusinfo.mk/vest/154441/-Richard-Gir--ja-raskina-vrskata-so-20-godini-pomladata-Padma-Lakshmi 2014-10-15 10:35:16 Американскиот актер Ричард Гир (65) и поранешниот модел Падма Лакшми (44), ставија крај на нивната врска, но сепак одлучиле да останат пријатели, објавија американските медиуми.

Според изјавите на нивни пријатели, тие ставиле крај на нивната шестмесечна љубов, од причина што биле премногу ангажирани.

- Тие заклучија дека подобро би функционирале како пријатели, изјави неименуван извор за „Њујорк Пост“.
Гир, кој е на возраст од 65 години, се разведе од сопругата Кери Ловел во септември минатата година по само една година брак. Тој во моментов во Њујорк го снима филмот „Time Out of Mind“, каде толкува улога на бездомник.

Падма во моментот е ангажирана во новата сезона на реалити шоуто „Top Chef“, кое се снима во Бостон. 

 

Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[Поп-пејачката десет години била сексуално, физички и вербално злоставувана]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154433/Pop-pejachkata-deset-godini-bila-seksualno-fizichki-i-verbalno-zlostavuvana http://www.plusinfo.mk/vest/154433/Pop-pejachkata-deset-godini-bila-seksualno-fizichki-i-verbalno-zlostavuvana 2014-10-15 10:07:25 Американската поп-ѕвезда Кеша десет години била сексуално , физички и вербално злоставувана, пренесуваат американските медиуми.

Според тужбата до кој дошол порталот „ТМЗ“, пејачката својот поранешен продуцент Др.Лук го обвинила дека ја малтретирал поради што за малку ќе умрела.

Таа додала дека ја присилувал да консумира дрога и алкохол со цел полесно да се опушти на сцената. Во тужбата навела дека продуцентот ја натерал да шмрка нешто сомнително и дека ја нападнал во авион, а во една прилика навела дека се разбудила во неговиот кревет без да се сеќава што правела претходната вечер.

Нејзиниот адвокат изјавил дека Кеша сака со тужбата да се избори за својата слобода откако десет години била жртва на својот продуцент. Др. Лук сите тужби ги отфрлил, изјавувајќи дека ова е масло на новиот менаџмент и нејзината мајка.

Подготви:Б.В.

 


]]>
true
<![CDATA[ФОТО Невестата на Џорџ Клуни со прва работна задача во Грција]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154370/FOTO-Nevestata-na-Gzorgz-Kluni-so-prva-rabotna-zadacha-vo-Grcija http://www.plusinfo.mk/vest/154370/FOTO-Nevestata-na-Gzorgz-Kluni-so-prva-rabotna-zadacha-vo-Grcija 2014-10-14 21:31:27 Пред две недели Амал стана госпоѓа Клуни. Венчавката ја следеа речиси сите светски медиуми, по што следуваше купување заедничка луксузна куќа, па меден месец. После сето тоа не е нималку лесно да се вратите во реалност.

 

Со новото презиме Клуни кое јасно може да се види на страниците на нејзината лондонска адвокатска фирма успешната адвокатка Амал веќе тргнала во нови професионални победи. Во моментот се наоѓа во грција каде се состанала со грчкиот премиер Антонис Самарас и ќе се сретне со министерот за култура Констанинос Тасулас. Таа ќе ѝ помага на грчката влада во судскиот процес со Британскиот музеј за враќање на мермерните скулптури од Партенон, соопштија грчките медиуми.

 

Нејзиното доѓање во Атина привлече голем интерес во јавноста, а бројни медиуми веднаш по нејзиното доаѓање ја окупираа со прашања.А додека Амал се наоѓа на службено патување, 53-годишниот Џорџ Клуни им се доверил на пријателите дека не би имал ништо против со својата новопечена сопруга да добие дете.

 

- Ако се случи, се случи, нема да правиме ништо тоа да го спречиме – рекол славниот глумец очигледно во меѓувреме променувајќи го ставот по тоа прашање.


Се смета дека и двајцата адвокати што ја придружуваат Аламудин се експерти во случаи што се однесуваат на културно наследство. Адвокатите доаѓаат да ја консултираат владата во Атина во врска со прашањето за враќање на мермерните скулптури од Партенон, изнесувани од британскиот амбасадор во Константинопол лорд Елгин во текот на десет години од 1800 година до 1810 година, потсетува БТА.

 

Подготви: К. А.


]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Слушнете ја авторската песна на пејачот кој ја направи горда Македонија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154371/VIDEO-Slushnete-ja-avtorskata-pesna-na-pejachot-koj-ja-napravi-gorda-Makedonija http://www.plusinfo.mk/vest/154371/VIDEO-Slushnete-ja-avtorskata-pesna-na-pejachot-koj-ja-napravi-gorda-Makedonija 2014-10-14 21:31:25 Ален Хасановиќ, прилепчанецот кој го крена жирито на нозе со својата изведба во музичкото телевизиско шоу „Ѕвездите на Гранд“ уште во летото ја промовираше својата прва авторска песна „Кога сфатив“  за која деновиве сними и видео-запис.


Иако не сакал да се пријави на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Град“, по  долго инсистирање од својот татко и блиските пријатели, младиот пејач сепак го променил мислењето и отишол на аудицијата да си ја испроба среќата. 

Откако добил позитивни критики на аудицијата, започнал активно да се подготвува за својата изведба на големата сцена.

Талентираниот Ален Хасановиќ има извонреден глас, но и сам си ја создава својата музика. Неговите видеа поставени на Јутјуб, за само 24 часа по неговото појавување на „Ѕвездите на Гранд“ ја надминаа бројката од 500.000 прегледи. Медиумите во регионот веќе пишуваат дека младиот Македонец има 
се за да биде победник на ова шоу.

Погледнете во продолжение како изгледа македонската верзија на неговата прва авторска песна која го носи насловот „Кога сфатив“ на македонски, и „Кад си мени рекла иди“ на српски јазик.

 

Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Ѕвездата на „Мамурлак“ се истопи]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154365/FOTO-Dzvezdata-na-Mamurlak-se-istopi http://www.plusinfo.mk/vest/154365/FOTO-Dzvezdata-na-Mamurlak-se-istopi 2014-10-14 14:36:11 Холивудскиот глумец Зак Галифианакис, кој се прослави играјќи го дебелиот Алан во хит-комедијата „Мамурлак во Лас Вегас“, воопшто не наликува на ликот од познатото остварување.

 

Тој се појавил на премиерата на филмот „Birdman“, а сите забележале дека значајно ослабнал.

 

Кога го прашале зошто толку ослабнал, Галифианакис одговорил на шеговит начин „дека умира“.

Имено, популaрниот глумец по прв пат зборувал за губитокoт на килограмите во емисијата на Конан О’ Брајан.

 

- Престанав да пијам, така што почнав да ги губам килограмите... Порано многу пиев водка и јадев колбаси... Вкусно е, но лошо за мене -  навел Галифианакис.

 

Подготви: К. А.

 

 


]]>
true
<![CDATA[Тридневна манифестација „Самун ем талија“ во Радовиш]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154363/Tridnevna-manifestacija-Samun-em-talija-vo-Radovish http://www.plusinfo.mk/vest/154363/Tridnevna-manifestacija-Samun-em-talija-vo-Radovish 2014-10-14 14:36:06 Општина Радовиш традиционално од 17 до 19 октомври за сите сладокусци на добра храна и забава, ја организира својата најголема манифестација „Самун ем татлија“.

 Манифестацијата ќе се одржи на Плоштадот „Свети Спасо Радовишки“, а предвидена е богата културно забавна програма. Во петок 17. октомври на програмата се најавени најдобрите музички таленти на Радовиш, а за крај  на првата вечер голем концерт на македонската поп-звезда Елена Ристеска.

Во сабота, на 18-октомври е најавен настанот на „Распеани Радовишани“, „Трио Гранде“, „Бистри Извори“ со Ванчо Тарабунов, Јордан Митев,  „Уска Кан“ и Сашо Гигов Гиш и легендите „Хари Мата Хари“.

Тридневната манифестација ќе заврши во недела со концертите на Соња Тарчуловска, Елена Велевска, Благица Павловска и Сузана Спасовска и „Ритам Бенд.“

 

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО+ ФОТО Го затвориле Лувр поради посетата на Бијонсе и Џеј Зи]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154355/VIDEO-FOTO-Go-zatvorile-Luvr-poradi-posetata-na-Bijonse-i-Gzej-Zi http://www.plusinfo.mk/vest/154355/VIDEO-FOTO-Go-zatvorile-Luvr-poradi-posetata-na-Bijonse-i-Gzej-Zi 2014-10-14 13:55:38 Поп-дивата Бијонсе со своите фанови на социјалните мрежи сподели фотографија од нејзината неодамнешна посета на најпознатиот музеј на светот, Лувр во Париз.

Пејачката со нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи и нивната ќерка Блу Ајви со часови уживала во привилегираната затворена посета на познатиот музеј, кој бил затворен за посетителите за време на нивната посета..

Нејзината двегодишна ќерка Блу Ајви убаво се забавувала во музејот, несвесна за уметничкиот дела со кои е опкружена, а најголемо внимание на социјалните мрежи пливекла фотографијата на Бијонсе и Џеј Зи пред сликата на Мона Лиза.

Интересно е што на оваа легендарна слика е невозможно да се пријде побликсу бидејќи има заштитна ограда, но таа за музичката двојка специјално била отстранета.

Видеото кое кружи на интернет прикажува дека двојката која доаѓа во Лувр во придружба на обезбедувањето ги моли насобраните луѓе да се поместат. Меѓутоа еден шпански турист кој не го препознал Џеј Зи на глас запрашал за кого станува збор. Погледнете ја духовитата реакција на Џеј Зи и духовитиот одговор на туристот.

 

Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[ГАЛЕРИЈА На оваа британска советничка ѝ нуделе богатство за да позира гола]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154319/GALERIJA-Na-ovaa-britanska-sovetnichka---nudele-bogatstvo-za-da-pozira-gola http://www.plusinfo.mk/vest/154319/GALERIJA-Na-ovaa-britanska-sovetnichka---nudele-bogatstvo-za-da-pozira-gola 2014-10-14 13:33:19 Дека трендот на правење селфи фотографии е популарен и во политиката покажува и Британката Карен Данжук, советничка во општинското собрание на Кингсвеј, Англија, која толку многу е позната по своите провокативни изданија што дури ѝ нуделе пари да позира комплетно гола.

Младата и атрактивна сопруга на пратеникот од Лабуристичката партија, Сајмон Данжук (47), секојдневно на својот профил на Твитер со своите следбеници и фанови споделува секси фотографии во кои во прв план ги истакнува своите бујни гради.

- Носам градник со големин „Е“. Застрашувачки, зарем не? Меѓутоа јас себе си не си велам : „Карен изгледаш прекрасно“ . Не сум толку самоуверена и арогантна како што мислат луѓето. Не сум желна за слава. Само снимам селфи фотографии како што тоа го прваат милиони луѓе низ целиот свет - вели Карен.

Таа за британските медиуми истакнала дека градите ги истакнва единствено кога се подготвува за излегување во град во петок навечер.

- Тогаш не сум советничка, туку сум само јас. И тоа е дозволено. Јас сум повеќе од сопруга на пратеник, јас сум бизнименка и мајка - изјавува оваа раскошна бринета.

Таа вели дека многумина поради раскошните гради и нуделе пари да позира сосема гола, но ја одбила таа понуда.

- Моите атрибути нема да ги видите наскоро на некоја насловна страница. Јас сум жена, иамм гради и ако сакате да зборувате со нив, тоа е е во ред, но може да зборувате и со мојот мозок. Јас не сум бесна феминистка - тврди Карен.

Иако таа потенцира дека не се обидува со своите гради да ја подигне својата политичка кариера на повисоко ниво, таа сепак им се заблагодарува на сите оние кои и дале поддршка за нејзините секси селфија.

- Никако не треба да се потценува славата која ми ја донесоа селфи фотографиите. Таа признава дека за најубав дел на телото не ги сета градите , туку очите. Сепак нејзиниот сопруг Сајмон е многу сречно кога го гледа нејзиното деколте.

Меѓутоа нејзините провокативни селфија не им се допаѓаат на сите. Поранешната конзервативна парламетарка Луиз Менш остро ја критикувала Карен. Меѓутоа Данжук и за тоа има одговор.

- Често наидувам на снобови како Луиз. Сите сме различни и верувам дека лабурстичката влада е отворена кон луѓето како што сум јас. Јас сум лабурист. Се сметам за дело на работничката класа и никогаш нема да заборавам од каде потекнувам. Затоа што ѝ припаѓам на средната класа некои мислат дека би требало да гласам за конзервативците, а тоа нема да го направам никогаш - искоментирала Карен.


Подготви:Б.В.

 

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Проколнат автопат: На местото каде што Хаџихафизбеговиќ усмрти жена, загинаа Тоше Проески и Долорес Ламбаша]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154289/FOTO-Prokolnat-avtopat-Na-mestoto-kade-shto-Hagzihafizbegovikj-usmrti-zhena-zaginaa-Toshe-Proeski-i-Dolores-Lambasha http://www.plusinfo.mk/vest/154289/FOTO-Prokolnat-avtopat-Na-mestoto-kade-shto-Hagzihafizbegovikj-usmrti-zhena-zaginaa-Toshe-Proeski-i-Dolores-Lambasha 2014-10-14 13:03:07 Во јавноста како бомба одекна веста дека босанскиот глумец Емир Хаџихафизбеговиќ на автопатот усмртил жена, а на истиот пат во 2007 година загина и Тоше Проески, а во 2013 година на хрватската глумица Долорес Ламбаша.

Дали овој пат проколнат? Македонскиот пејач и хрватската глумица на „проколнатиот“ автопат настрадале на речиси идентичен начин, во исто време и во ист месец.

 

Автомобилот со кој управувал Емир  Хаџихафизбеговиќ налетал на возач и на патничка кои стоеле покрај автомобилот паркиран на левата лента. До несреќата дошло во неделата вечер околу 20 часот на неосветлениот дел на автопатот А3 кај местото Брочица, на местото каде што се изведуваат работи на патот. Според непотврдените информации, дваесетина минути пред несреќата автомобил ја соборил светлечката сигнализација која предупредува дека се извршуваат работи на патот. На паднатите знаци налетале неколку автомобили на кои притоа им се дупнале гумите на тркалата, а автомобилот на актерот удрил во една жена која излегла од своето возило да си ја смени дупнатата гума.

 

Како што пренесуваат хрватски медиуми, од еден автомобил излегле маж и две жени, а Хаџихафизбеговиќ со својот автомобил се обидел да помине помеѓу оградата на патот и застанатото возило, но притоа ја удрил жената. Повредената веднаш била пренесена во болница во Нова Градишка каде 62-годишната Загрепчанка им подлегнала на повредите.

 

Случајно или не, хрватската актерка Долорес Ламбаша животот го изгуби на делницата од патот на кој пред седум години трагично загина и македонската музичка ѕвезда Тоше Проески. На истата делница, на оддалеченост од 60 километри во правец кон Загреб загина и Тоше Проески. И двајцата спиеле кога дошло до кобниот удар.


Интересно е што глумицата и македонскиот пејач се родени во 1981 година и што двајцата загинаа во октомври. Проески животот го изгуби во 6.20 часот наутро, додека Долорес имала несреќа десет минути подоцна. Сообраќајната несреќа на Долорес Ламбаша се случила во 6.30 часот на автопатот А3 кај Среданци, во околината на Славонски Брод. Уште ед­на ко­инци­денци­ја што се пок­ло­пу­ва со смрт­та на Тоше е тоа што и возачот на македонскиот пејач остана неповреден, како и колегата на Ламбаша кој управувал со автомобилот. 

Жителите кои живеат во близина на оваа делница сметаат дека тој пат е проколнат и за се ги обвинуваат подземните води и мрачните сили. Токму на тоа место возачите се жалат на халуцинации и на необјасниви појави. Еден од пострашните настани датира од 1978 година кога возач кај Нова Градишка видел перница со бебе. Нагло закочил и излетал од патот, а кога се наведнал да ја подигне, перницата со бебе исчезнала.

На тој дел од патот на возачите им се покажувале и духови. Небричен маж, во парталава облека кој води мал коњ впрегнат во старинска кола паралелно со автопатот е еден од духовите кои возачите често го сретнуваат.За седум години, од 2006 до 2013 година на истата делница во 2.293 несреќи загинале 54 лица, а тешко се повредени 180 патници.

Поради зачестените сообраќајни несреќи овој автопат во медиумите често е нарекуват и „проклет“ и до сега однесе голем број животи.

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Никогаш нема да погодите чија е оваа рака?!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154346/FOTO-Nikogash-nema-da-pogodite-chija-e-ovaa-raka http://www.plusinfo.mk/vest/154346/FOTO-Nikogash-nema-da-pogodite-chija-e-ovaa-raka 2014-10-14 12:14:59 Ова е една од најслабите жени на светската јавна сцена, позната е по тоа дека го промовира за многумина анорексичниот изглед. Дека желбата на Викторија Бекам да изгледа преслабо дава сè понегативни резултати, покажува фотографијата на нејзината рака за која никој не би помислил дека е тоа дланка не една четириесетгодишна жена.

 

Викторија Бекам пред неколку дена го посетила својот бутик во Лондон. Околу нејзиниот бутик се собрале голем број фанови кои сакале одблизу да ја видат модната дизајнерка.

Популарната дизајнерка, како и секогаш, била одлично облечена. И додека присутните ја разгледувале гардеробата на Викторија, но еден фотограф ја забележал нејзината рака.

 

Грчевитата борба за слаб изглед дава резултати, односно Викторија и по четири родени деца изгледа витко. Прашање е дали цената за тоа е превисока?

 

Подготви: К. А.

 


]]>
true
<![CDATA[Уште една сестра од кланот Кардашијан реши да пропее]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154312/Ushte-edna-sestra-od-klanot-Kardashijan-reshi-da-propee http://www.plusinfo.mk/vest/154312/Ushte-edna-sestra-od-klanot-Kardashijan-reshi-da-propee 2014-10-14 11:18:57 Додека нејзината постара сестра Кендал Џенер (19) ги освојува модните писти и во моментот е една од најбараните манекенки во светот, најмладата од кланот Кардашијан, 17-годишната Кајли Џенер реши да се фокусира на својата музичка кариера.

Младата Кајли се покажала како добра пејачка и текстописец велат продуцентите со кои соработува.

- Не само што добро пее туку има голем талент да пишува добри тексови - изјавил извор за „Радар онлајн“.

Кајли се советува со професионалци и работи вредно, а соработува со продуценти како Тим Картер и се дружи интензивно со ќерката на Вил Смит, Вилоу Смит која истотака се пробива на музичката сцена.

- Вилоу Смит ја советува и сите пријатно се изненадени од талентот на Кајли - додал изворот.

Се уште не е познато кога ќе излезе првиот сингл на Кајли.

 

Подготви:Б.В.


 

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Тие имаат 500 милиони долари, а нивниот син спие во паркови и бара храна во контејнери]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154287/FOTO-Tie-imaat-500-milioni-dolari-a-nivniot-sin-spie-vo-parkovi-i-bara-hrana-vo-kontejneri http://www.plusinfo.mk/vest/154287/FOTO-Tie-imaat-500-milioni-dolari-a-nivniot-sin-spie-vo-parkovi-i-bara-hrana-vo-kontejneri 2014-10-14 10:28:30 Џес Бролин, посинокот на Барбара Стрејсенд своите денови ги поминува во талкање по улиците и во барање храна по контејнерите.

 

Џес, кој е роден син на глумецот Џејмс Бролин, и неодамна е фотографиран како пребарува по отпадоците во контејнери во Калифорнија. Тој спие по паркови и бара храна во контејнери, а неговото семејство има богатство поголемо од 500 милиони долари.

 

Откако во 2011 година останал без својот стан за кој месечно плаќал 800 долари, овој четириесетеденгодишник сега живее на улица и спие на само неколку километри од семејната куќа вредна неколку милиони долари.

 

Според пишувањето на весникот „Мирор“, Џес Бролин во 1995 година добил наследство од неколку стотици илјади долари кога неговата мајка, поранешната сопруга на Џејмс Бролин, загинала во сообраќајна несреќа.

 

Тој оттогаш живеел „од камионот“, онака како што сакал, а тогаш завршил дебел и без еден цент во џеб.

 

- Понекогаш спие зад продавницата, всушност, каде било може да легне. Навечер може да биде многу студено. Тоа е навистина тажна ситуација - изјавил изворот за „Мирор“.

 

Портпаролот на семејството Бролин рекол дека тие направиле сè за да му помогнат, но безуспешно.

 

- Му нудевме помош и поддршка и ќе продолжиме тоа да го правиме. Многу го сакаме и посакуваме сèнајдобро за него – рекол портпаролот.

 

Подготви: К. А.

 

 


 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Внимавајте: Нов вирус на Фејсбук – Даниел Кајмакоски ја запроси Тамара]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154305/FOTO-Vnimavajte-Nov-virus-na-Fejsbuk--Daniel-Kajmakoski-ja-zaprosi-Tamara http://www.plusinfo.mk/vest/154305/FOTO-Vnimavajte-Nov-virus-na-Fejsbuk--Daniel-Kajmakoski-ja-zaprosi-Tamara 2014-10-14 09:46:46 Нов вирус се шири на социјалната мрежа.

„Даниел Кајмакоски ја запроси Тамара Милованович во Будва“ е насловот кој привлекува, односно мами и кој шири вирус.

 

 


]]>
true
<![CDATA[ФОТО Цеца и Анстазија: Гледај ја мајката, избери ја ќерката]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154252/FOTO-Ceca-i-Anstazija-Gledaj-ja-majkata-izberi-ja-kjerkata http://www.plusinfo.mk/vest/154252/FOTO-Ceca-i-Anstazija-Gledaj-ja-majkata-izberi-ja-kjerkata 2014-10-14 08:51:46 Српската фолк-ѕвезда Цеца Ражњатовиќ и нејзината ќерка Анстазија Ражњатовиќ се познати по тоа што често објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи, а на нивната најнова фотосесија воочливо е дека Анастазија и нејзината мајка си личат една на друга како да се  родени сестри.

Иако нејзината мајка негираше дека 17-годишната тинејџерка не направила корекција на усните, на фотографијата во преден план се предимензионираните усни на Анaстазија која се чини дека претерала со естетските корекции и има имиџ кој воопшто не е адекватен на девојка од нејзина возраст.

 

Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[Хитлер и Ева Браун имале секс без допир?! ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154249/Hitler-i-Eva-Braun-imale-seks-bez-dopir- http://www.plusinfo.mk/vest/154249/Hitler-i-Eva-Braun-imale-seks-bez-dopir- 2014-10-13 15:37:05 Писателот Мартин Амис тврди дека германскиот диктатор Адолф Хитлер бил асексуален, дека веројатно сексуалната кулминација ја доживувал при самиот поглед на својата љубовница Ева Браун и на нејзините нозе во моментот кога таа само ќе го поткрене здолништето.

 

Наградуваниот писател Мартин Амис зборувал на промоцијата на својата втора книга  „Зона на интересите“ и за љубовниот живот на Адолф Хитлер.

 

Имено, иако себеси се смета за извонреден познавач на ликот и делото на Хитлер, Амис тврди дека вистината за сексуалноста на Хитлер и понатаму е „црна дупка“.

 

Познатиот писател тврди дека причина за тоа е токму тоа што Адолф Хитлер бил асексуална личност.

 

- Луѓето меѓусебно ја препознаваат сексуалноста, а за неговата сексуалност нема никој ништо да каже – рекол познатиот писател.

 

Амис го споредил љубовниот живот на Хитлер со животот на другите големи водачи, за кои рекол дека постои одреден образец.

 

- кај Сталин и Мао Цетунг јасно се гледа владетелскиот модел на однесување, поточно големиот сексуален апетит, но кај Хитлер не постои апсолутно ништо - тврди Амис.

 

Неговото објаснување е дека Хитлер и „не бил премногу паметен“ или „едноставно бил луд“.

 

Во истражувањето за сексуалноста на Хитлер врежани се три различни мислења, објаснува писателот.

Тој рекол дека едни мислат дека Хитлер бил нормален, други мислат дека бил асексуален и третата варијанта е дека бил перверзен.

 

И без оглед на тоа што нема никакви докази за која било претпоставка од овие три неведени, Амис тврди дека неговата претерана педантност, и тоа што не сакал да се соблече пред лекар, укажува на тоа дека Адолф Хитлер бил асексуален и дека веројатно сексуалната кулминација ја доживувал при самиот поглед на Ева и на нејзините нозе.

Подготви: К. А.

 

 


]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА Елена Ристеска ала Северина со огнено крштевање во „Твоје лице звучи познато“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154246/VIDEOGALERIJA-Elena-Risteska-ala-Severina-so-ogneno-krshtevanje-vo-Tvoje-lice-zvuchi-poznato http://www.plusinfo.mk/vest/154246/VIDEOGALERIJA-Elena-Risteska-ala-Severina-so-ogneno-krshtevanje-vo-Tvoje-lice-zvuchi-poznato 2014-10-13 15:08:40 Македонската поп-пејачка  Елена Ристеска синоќа настапи во првата епизода од втората  сезона на српското музичко шоу „Твоје лице звучи познато“ и со својата провокативна имитација на хрватската поп-ѕвезда Северина ги запали социјалните мрежи.

Елена на сцена придружувана од групата „Министарке“ го изведе големиот хит на Северина „Уно моментно“, а нејзиниот изглед и стајлинг неодоливо потсетуваше на хрватската поп-ѕвезда.

Облечена во црн кожен корсет и мрежести хулахопки, ултра високи потпетици и разбушавена коса Елена со својата заводлива кореографија го привлече вниманието на машкиот дел од публиката.

Жирито ја пофали Елена за настапот и ѝ порачаа дека се надеваат дека ќе продолжи во финалето на шоуто.

 

Подготви:Б.В.

 

 


]]>
true
<![CDATA[Кејт Мидлтон се врати кај своите родители]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154245/Kejt-Midlton-se-vrati-kaj-svoite-roditeli http://www.plusinfo.mk/vest/154245/Kejt-Midlton-se-vrati-kaj-svoite-roditeli 2014-10-13 14:33:11
Војвотката од Кембриџ Kејt Мидлтон (32) се преселила кај родителите Керол и Mајкл Мидлтон со својот син Џорџ бидејќи смета дека таму ќе има подобра нега во текот на бременоста.

 

Како што пренесува британскиот „Дејли мејл“, Kејт Мидлтон смета дека ќе се чувствува многу поопуштено кај родителите отколку во кралската палата.

 

Таа сè уште страда од големи мачнини проследени со повраќања, а извори блиски на кралскиот двор велат дека војвотката од Кембриџ повраќа и до 30 пати дневно, и нејзината состојба може да загрози нејзиното неродено дете. 

 

Поради големите мачнини предизвикани од својата втора бременост, Кејт Мидлтон со принцот Џорџ накратко се преселила кај своите родители. Кејт таму се чувствува многу порелаксирано и подобро отколку во палатата Кенсингтон.

 

- Многу е блиска со својата мајка Керол, а со неа е и дадилката Марија, па Кејт има помош која ѝ е потребна околу принцот Џорџ додека не се чувствува добро.

Во родителската куќа може да биде опуштена - рекол извор за „Дејли мејл“.

Подготви: К. А.

 

]]>
true
<![CDATA[Пенелопе Круз е најсексапилната жена на светот!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154235/Penelope-Kruz-e-najseksapilnata-zhena-na-svetot http://www.plusinfo.mk/vest/154235/Penelope-Kruz-e-najseksapilnata-zhena-na-svetot 2014-10-13 13:50:42 Американското списание за мажи „Есквајер“ ја прогласи глумицата Пенелопе Круз за „најсексaпилна жива жена“ на светот. Пенелопе е 11-та жена на која „Есквајер“ ѝ ја доделил титулата.

 

Меѓу претходните добитнички се глумиците Анџелина Џоли, Хали Бери, Шарлиз Терон и Скарлет Јохансон, како и пејачката Ријана.

 

Шпанската глумица, која оствари забележителна кариера во Холивуд, рекла за „Есквајер“ дека кога била млада имала голема „наклоност кон драмата“, но дека во моментот „драмата не може помалку да ја интересира“.

 

Таа не сакала да открие ништо за својот приватен живот, а одбила да зборува и за својот сопруг, исто така глумец, Хавијер Бардем, како и за своите деца. 

 

- Тоа е наша работа – рекла Пенелопе Круз за „Есквајер“.

 

Наредните филмови во кои публиката ќе може да ја гледа  Пенелопе Круз ќе бидат шпанскиот „Ма Ма“ и „Гримсбај“ со Саша Барон Коен.

 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Ана Ивановиќ го запозна Бастијан Швајнштајгер со семејството]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154224/FOTO-Ana-Ivanovikj-go-zapozna-Bastijan-Shvajnshtajger-so-semejstvoto http://www.plusinfo.mk/vest/154224/FOTO-Ana-Ivanovikj-go-zapozna-Bastijan-Shvajnshtajger-so-semejstvoto 2014-10-13 13:18:41 Љубовта помеѓу капитенот на фудбалската репрезентацијата на Германија Бастијан Швајнштајгер и српската тенисерка Ана Ивановиќ за која се дозна пред еден месец, продолжува во Белград.

 

Тие двајца се видени во неделата во претпладневните часови како уживаат на белградското Ушќе. Најпрво биле на пијалак на еден од сплавовите, а потоа прошетале низ кејот уживјќи во сонцето.

 

- Ана носеше тегет фустан со цветчиња додека Бастијан за секој случај се криеше под капата, но беше невозможно да се камуфлира. Со нив беше и братот на Ана, Милош, како и еден другар. Прво беа на сплавот, па тргнаа во прошетка – вели очевидец од самото место.  

Ана и Бастијан не разменувале нежности, но вљубено се гледале и смееле. Милош и неговиот другар оделе пред нив, но сепак, ги препознале.

Имено, според пишуваањата на српските медиуми, Ана и Бастијан се „фатени“ и во еден земунски ресторан како вечераат во друштво на братот на тенисерката и неговата девојка, а дел од локалот бил затворен за сите гости, освен за нивното друштво.

 - Тенисерката и фудбалерот цело време се држае за раце, тој нешто ѝ зборуваше, а таа расположено се смееше. Многу се симпатични, тој, всушност, е малку понизок од нега. Луѓето кои поминуваа покрај нив не можеа да си веруваат на своите очи, па љубопитливо се вртеа кон вљубената двојка – ја завршува приказната очевидецот.  

 

Ана Ивановиќ само што се вратила во Белград по откажувањето од турнирот во Линц поради повреда на левиот колк. Швајнштајгер исто така во моментот е на пауза поради повреда до 2015 година. Тие тоа време искористиле да ја надоместат раздвоеноста, па фудбалерот специјално само заради Ана долетал во Белград.

 

За оваа врска јавноста дозна во почетокот на септември, кога се појави нивната фотографија на која се држат за рака. Поради Ана Швајнштајгер ја оставил девојката Сара Бранднер, поради што цела германска јавност е огорчена на тенисерката.

 

Подготви: K. A.

 

 


]]>
true
<![CDATA[Босанскиот актер Емир Хаџихафизбеговиќ усмртил жена во сообраќајка]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154218/Bosanskiot-akter-Emir-Hagzihafizbegovikj-usmrtil-zhena-vo-soobrakjajka http://www.plusinfo.mk/vest/154218/Bosanskiot-akter-Emir-Hagzihafizbegovikj-usmrtil-zhena-vo-soobrakjajka 2014-10-13 12:48:11 Познатиот босански актер Емир Хаџихафизбеговиќ (53) најпознат по улогата на Самир во серијата „Луд, збунет нормалан“, синоќа учествувал во сообраќајна несреќа во Хрватска  во која една жена го изгубила животот, јавуваат босанските медиуми.

Детали за несреќата не се познати, но медиумите од Босна и Хрватска наведуваат неофицијални сознанија дека возилото со кое управувал актерот удрило во една жена, која им подлегнала  на повредите во болница

До несреќата дошло околу 20 часот на неосветлениот дел на автопатот А3 кај местото Брочица, на местото каде што се изведуваат работи на патот.

Според непотврдените информации, дваесетина минути пред несреќата автомобил по кој уште се трага ја соборил светлечката сигнализација која предупредува дека се извршуваат работи на патот.

На паднатите знаци налетале неколку автомобили на кои притоа им се дупнале гумите на тркалата, а автомобилот на актерот удрил во една жена која излегла од своето возило да си ја смени дупнатата гума.

Како што пренесува порталот „Јутарњи“ од еден автомобил излегле маж и две жени, а Хаџихафизбеговиќ со својот автомобил „Шкода суперб“ се обидел да помине помеѓу оградата на патото и застанатото возило, но притоа ја удрил жената. Повредената веднаш била пренесена во болница во Нова Градишка каде 62-годишната Загрепчанка им подлегнала на повредите.

Хаџихафизбеговиќ има играно во филмовите „Караула“, „Кругови“, „Смрт човека на Балкану“ а најпознат е по улогите во сериите „Луд, збунет нормален“ и „Наша мала клиника“, „Луда куќа“, „Гори ватра“ и многу други.

Подготви:Б.В.

 

 

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Енергичните „Д Хаундс“ со нова песна и видеоспот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154204/VIDEO-Energichnite-D-Haunds-so-nova-pesna-i-videospot http://www.plusinfo.mk/vest/154204/VIDEO-Energichnite-D-Haunds-so-nova-pesna-i-videospot 2014-10-13 11:50:11 Алтернативниот бенд „Д Хаундс“ повторно изненадуваат со енергична песна насловена како „Кај ни се срцата?“.
Текстот е на Весна Малинова, музиката и аранжманот на „Д Хаундс“, а клавијатурите се отсвирени од Дејан Трајкоски.  На изработката на видео записот се потпишува Христијан Конески, а продукцијата е на „MarryPHAT“ и Ивица Јанкуловски.

На самото видео освен членовите на бендот во целосната приказна клучна улога имаат и актерите Димитар Црцороски и Александра Јанкоска.

Како специјална поддршка при реализацијата даде Кристијан Евго.

 

Подготви:Б.В.

 

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Каја наскоро ќе ѝ ја превземе титулата на убавица на својата мaјка Синди Крафорд]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154201/FOTO-Kaja-naskoro--kje---ja-prevzeme-titulata-na-ubavica-na-svojata-majka-Sindi-Kraford http://www.plusinfo.mk/vest/154201/FOTO-Kaja-naskoro--kje---ja-prevzeme-titulata-na-ubavica-na-svojata-majka-Sindi-Kraford 2014-10-13 10:48:53 Тринаесетгодишната Каја Бергер, ќерка на топ-моделката Синди Крафорд (48) има исти црти на лицето, боја на коса облик на веѓите па дури и иста насмевка како нејзината славана мајка во младешките години.

Гордиот татко Ренди Гербер (52) на својот профил на Инстаграм објавил фотографија од својата најмлада ќерка , која својата убавина и фотогеничност очигледно ја наследила од својата мајка.

Крафорд имаше успешна манекенска кариера во 1980-тите и 1990-тите, и се уште важи за најубава жена на светот а се чини дека наскоро ќе ја наследи нејзината ќерка.

 

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Мајли Сајрус продолжува по старо: Ги почести фановите со топлес поза]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154193/FOTO-Majli-Sajrus-prodolzhuva-po-staro-Gi-pochesti-fanovite-so-toples-poza http://www.plusinfo.mk/vest/154193/FOTO-Majli-Sajrus-prodolzhuva-po-staro-Gi-pochesti-fanovite-so-toples-poza 2014-10-13 10:14:14 Тинејџ-ѕвездата Мајли Сајрус уште еднаш покажа дека не ие проблем да се соблече во јавност, па така одлучила да добие малку боја сончајќи се топлес.

Пејачката во моментот се наоѓа во Австралија каде има закажан настап во Мелбурн, а со цел подобро да се подготви за концертот таа решила да ужива во австралиското сонце и притоаги почести своите фанови со топлес фотографија на Инстаграм.

 

Подгтови:Б.В.

 

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО 68-годишната актерка во врска со 30 години помладо момче]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154180/FOTO-68-godishnata-akterka-vo-vrska-so-30-godini-pomlado-momche http://www.plusinfo.mk/vest/154180/FOTO-68-godishnata-akterka-vo-vrska-so-30-godini-pomlado-momche 2014-10-13 09:08:22 Иако веќе 4 години се шпекулира за тоа холивудската актерка Сузан Сарандон конечно отворено признала дека е во врска со 30 години помладиот Џонатан Бриклин.

По 20 години долгиот брак, контроверзната актерка  го напушти сопругот и одлучи во седмата деценија на животот да го промени својот живот од корен. Таа отворила клуб за пинг-понг заедно со 37-годиниот Џонатан и набргу станале и емотивни партнери.

Актерката не им обрнува внимание на острите коментари бидејќи и е важно да ужива во животот и да го искористи секој момент.

- Само душата треба да се гледа. Кога сакаш некого сите разлики се бришат. Не се важни ниту годините ниту полот ниту кожата - изјавила Сарандон.

Сузан во текот на својот турбулентен живот има прекршено многу табуа, а ниту во својата седма деценија не го изгубила бунтовничкиот дух.


Подготви:Б.В.


 

 

]]>
true
<![CDATA[Гаф на годината: Наоми Кемпбел за Нобеловата награда ѝ честиташе на „маларијата“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154126/Gaf-na-godinata-Naomi-Kempbel-za-Nobelovata-nagrada--chestitashe-na-malarijata http://www.plusinfo.mk/vest/154126/Gaf-na-godinata-Naomi-Kempbel-za-Nobelovata-nagrada--chestitashe-na-malarijata 2014-10-12 17:19:49 Британската манекенка Наоми Кемпбел многу се посрамотила откако на својот профил на Твитер наместо на девојката Малали да и честита за добивањето на Нобеловата награда, таа и честитала на маларијата.

„Честитки на маларијата за Нобеловата награда“ - напишала  Наоми Кемпбел по што на социјалните мрежи почнале да се пишуваат бројни коментари со потсмев кон славната манекенка.

Се разбира најмногу имало негативни коментари на сметката на непромислената манекенка, со оглед на тоа што девојчето од Пакистан е ценето во светот поради борбата за образување на девојките во нејзината земја.

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Туна како секс-бомба во спотот за новиот сингл „Пардон“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154131/VIDEO-Tuna-kako-seks-bomba-vo-spotot-za-noviot-singl-Pardon http://www.plusinfo.mk/vest/154131/VIDEO-Tuna-kako-seks-bomba-vo-spotot-za-noviot-singl-Pardon 2014-10-12 17:03:47 Пејачката Туна на музичкиот канал Јутјуб го објави видеото за нејзиниот најнов сингл „Пардон“ во кој се појавува во едно провокативно и заводливо издание.

Интересно е што продуцент на оваа песна е Дарко Димитров. Видео-записот е во режија на „Макс продакшн“, а покрај Туна во спото се појавуваат и танчарите од екипата на „Бетрикс кру“.

 

Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[Крис Џенер - ноќна мора и сопруга од пеколот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154123/Kris-Gzener---nokjna-mora-i-sopruga-od-pekolot http://www.plusinfo.mk/vest/154123/Kris-Gzener---nokjna-mora-i-sopruga-od-pekolot 2014-10-12 16:25:24 „Вистинската Крис Џенер е чудовиште“ - тврди анонимен извор,  кој одлично ја познава менаџерката и главата на семејството Кардашијан, во изјава за „Нејшнал инквајер“.

Во долгото интервју со неколку блиски пријатели на пораншената брачна двојка Крис (57) и Брус Џенер (62), „Инквајер“ открива сочни детали од приватниот живот на двојката и опишува како животот на некогашниот „златен“ американски спортист се претворил во пекол.

Со оглед на тоа што јавноста сведочи на постојаното и бескрупулозно експонирање  на сестрите Ким, Кортни и Клои Кардашијан, и тоа под диригентската палка на нивната родена мајка и менаџерка, мора да е запрашаме на што сè Крис Џенер е подготвена да направи за пари и за поголем медиумски простор.

Дури и некои од приказните поврзани за нејзиниот развод по 23 години брак со Брус се лага. Магазинот открил дека иако Крис објавила дека се разведува од поранешниот атлетичар во октомври минатата година, двојката всушност се развела 4 месеци претходно.

- Брус конечно се ослободи од теророт на сосптвената сопруга. Но тој повеќе нема да биде истиот. Мислам дека таа комплетно го уништи. Постојано беше вербално злоставуван и уценуван во тој брак - изјавил изворот.

Се чини дека Крис пронаоѓала некој вид морбидно задоволство во јавното понижување на својот сопруг - во мај 2013 година го изневери со својот фризер Тод Ватерман со кој го изневерувала и својот покоен сопруг, адвокатот Роберт Кардашијан.

Џен Ешли која се омажила за Роберт Кардашијан во 1998 година изјавила дека Крис е бесрамна.

- Којзнае колку пати го изневерила Роберт за тие 13 години колку што биле во брак. Не и е важно колку луѓе ќе повреди со своите постапки - изјавила Џен за „Инквајер“.

Иако Брус денес е скршен од болка по распадот на бракот со жената која толку многу ја сакал и и ги простувал неверствата и разните облици на изживување, сигурно разводот со Крис е најдобрата работа што му се случила во животот.

Брус од претходните два брака има три сина и една ќерка, а од бракот со Крис ги има ќерките Кајли (17) и Кендал Џенер (19) . 
 

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Оддадена почест на најмоќните жени на светот за 2014 година]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154148/FOTO-Oddadena-pochest-na-najmokjnite-zheni-na-svetot-za-2014-godina http://www.plusinfo.mk/vest/154148/FOTO-Oddadena-pochest-na-najmokjnite-zheni-na-svetot-za-2014-godina 2014-10-12 15:34:41 На гламурозна церемонија организирана од магазинот „Варајети“ во Лос Анџелес во петокот по шести пат беше оддадена почест на жените кои го искористиле своето влијание на најгорливите проблеми во општеството.

Оваа година со наградата „Power of woman“ беа одликувани Џејн Фонда, Рис Витерспун, Џенифер Лопез, Виола Дејвис и Дона Ланглеј.

Секоја од овие пет моќни жени во изминатите неколку години вложила многу пари и време во пропагандата за подигнување на свеста за проблемите на различни полиња: од превенција за несакана бременоста кај адолесцентите (Џејн Фонда)  до едуцирање на девојките во недоволно развиените земји (Рис Витерспун).

Од друга страна Џенифер Лопез е поттикната да ја продолжи својата борба за адекватна нега за жената и децата, додека Виола Дејвис е наградена за свој придонес во намалување на гладот во светот. Сопственичката на „Јунивержал пикчрс“, Дона Ланглеј се најде во оваа група поради организацијата за развој на жените „Витал воисес“.

 

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Убавата Криси Тајген заборави да облече градник додека позира со сопругот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154147/FOTO-Ubavata-Krisi-Tajgen-zaboravi-da-obleche-gradnik-dodeka-pozira-so-soprugot http://www.plusinfo.mk/vest/154147/FOTO-Ubavata-Krisi-Tajgen-zaboravi-da-obleche-gradnik-dodeka-pozira-so-soprugot 2014-10-12 14:16:44 Убавата сопруга на пејачот Џон Леџенд, манекенката Криси Тајген (28) на својот профил на Инстаграм се појави со заедничка фотографија со својот сопруг, но сепак еден мал  детаљ го привлече вниманието на јавноста.

На фотографијата на која Криси и Џон лежат на трева и уживаат, манекенката делува толку опуштено што заборавила да облече градник и веројатно не и пречи што едната брадавица ѝ се гледа низ проѕирната маичка.

Испровоцирана по бројните коментари на фановите за нејзиниот „пропуст“ манекенката подоцна на својот профил на Твитер напишала:

-  Брадавица е брадавица, и што сега.

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Франц од „Нокаут“ му стави крај на ергенскиот живот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154138/FOTO-Franc-od-Nokaut-mu-stavi-kraj-na-ergenskiot-zhivot http://www.plusinfo.mk/vest/154138/FOTO-Franc-od-Nokaut-mu-stavi-kraj-na-ergenskiot-zhivot 2014-10-12 13:17:12 Музичарот Владимир Ристoвски-Франц од групата „Нокаут“  синоќа се ожени со својата долгогодишна партнерка Ема Петреска, а свадбената веселба беше одржана во познатиот ресторан „Мулино гарден“.

Франц и Ема која е ќерка на познатиот бизнисмен Иван Џо Петрески се свршија минатата година во јули.

Двојката доби голем број честитки од своите пријатели на социјалните мрежи.

На свадбата присуствувале и неговите колеги од групата „Нокаут“, Пере и Кирил Колемишески, актерката Весна Бејби Петрушевска, Тони Михајловски, како и пејачката Каролина Гочева кој во еден момент се фатила за микрофонот и запеала со младоженецот.

Подготви:Б.В.



 

 

]]>
true
<![CDATA[Тејлор Свифт прогласена за жена на годината]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154133/Tejlor-Svift-proglasena-za-zhena-na-godinata http://www.plusinfo.mk/vest/154133/Tejlor-Svift-proglasena-za-zhena-na-godinata 2014-10-12 12:49:00 Младата поп-ѕвезда Тејлор Свифт (24)е прогласена за жена на годината за 2014 од страна на музичкото списание „Билборд“, јавуваат светските медиуми.

Како една од највлијателните уметници во својата генерација, Тејлор Свифт забележа одличен успех на листите на „Билборд“.

- Нејзините хитови дури 60 пати биле на листите на „Hot 100“, а таа бројка ниту една друга пејачка освен Тејлор не ја остварила од 2006 година - изјавиле претставници на музичкиот магазин.

Пејачката досега има издадено само четири албуми, но ги има продадено во преку 26 милиони копии.

Откако го објави новиот албум, пејачката постојано е застапена во медиумите, а неодамна изјави дека не памети кога последен пат била на состанок со маж и оти е среќна слободна девојка.

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[Актерката заврши на психијатрија : Аманда Бајнс го обвини татко си дека и вградил чип и ја силувал]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154121/Akterkata-zavrshi-na-psihijatrija--Amanda-Bajns-go-obvini-tatko-si-deka-i-vgradil-chip-i-ja-siluval http://www.plusinfo.mk/vest/154121/Akterkata-zavrshi-na-psihijatrija--Amanda-Bajns-go-obvini-tatko-si-deka-i-vgradil-chip-i-ja-siluval 2014-10-12 11:59:47 Младата холивудска актерка Аманда Бајнс (28) е одведена на лечење во психијатриска болница во Лос Анџелес по иницијатива на нејзините родители, пренесуваат американските медиуми.

Тие  ја присилиле да се лекува и таму ќе биде задржана најмалку 72 часа, а лекувањето може и да се продолжи на 14 дена.

Овој потег на нејзините родители е реакција на неодамнешните испади и неконтролирано однесување на актерката која на социјалните мрежи  го обвинила својот татко дека  сексуално ја злоставувал кога била дете. По извесно време актерката повторно се огласила и на својот профил на Твитер, го избришала контроверзниот пост  и објавила уште еден уште повознемирувачки коментар.

- Мојот татко никогаш не ги направил тие работи. Микрочипот во мојата глава ме натера тоа да го кажам. Но, тој нареди да ми вградат микрочип – напишала 28-годишната актерка.

Според порталот „ТМЗ“ Бајнс ќе биде задржана во психијатриска клиника 72 часа според т.н. „5150 hold“ - законски код на Калифорнија кој во овој случај им дозволува на родителите на актерката против нејзина волја да ја задржат во клиниката како лице кое претставува  опасност за другите и за неа самата, или како некој кој има серизно нарушено психичко здравје.

Дека нешто сериозно се случува со поранешната тинејџ ѕвезда се утврди пред неколку месеци кога таа почна да прави бизарни пластични операции на лицето и даваше вознемирувачки изјави во медиумите. Нејзината мајка Лин Бајнс ги отфрлила обвинувањата за злоставувањето.

Аманда во 2013 година еднаш беше на психијатриско лекување, а во 2012 година двапати беше уапсена поради поседување на дрога и за возење во алкохолизирана состојба.

 

Подготви:Б.В.

 

 

]]>
true
<![CDATA[Марија Шерифовиќ во САД ќе прави вештачко оплодување]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154120/Marija-Sherifovikj-vo-SAD-kje-pravi-veshtachko-oploduvanje http://www.plusinfo.mk/vest/154120/Marija-Sherifovikj-vo-SAD-kje-pravi-veshtachko-oploduvanje 2014-10-12 11:10:17 Српската поп-пејачка Марија Шерифовиќ пред три месеци замина за САД со намера да го освојува тамошниот музички пазар, но како што шпекулираат српските медиуми таа ќе се подложи и на вештачко оплодување.

Пејачката која неодамна јавно призна дека е лезбијка, честопати има изјавено дека по 30-тата година ќе посети банка за сперма, а со оглед на тоа што на 14 номеври ќе го прослави својот 30-ти роденден, таа наскоро би можела да се оствари во најважната улога во животот - во улогата на мајка.

- Марија веќе три месеци живее во Лос Анџелес каде стекна виза П, која ја добиваат уметниците со сериозна репутација. Таа планира да посети банка за сперма за да може преку вештачко оплодување да забремени, открил близок извор на пејачката за српски „Курир“.

- Се надевам дека ќе забременам по мојот 30-ти роденден. Кај мене се се случува по план па ниту прашањето за потомство нема да биде исклучок. Ќе одам во банка за сперма, ќе одберам добар татко по можност некој Шпанец, интелектуалец со склоност кон музиката. Сакам да добијам син на кој би му дала име Лука или Максимилијан. Кога бременоста ќе се случи со вонтелесно оплодување, честопати се раѓаат и близнаци, тројки  или четворки - изјавила во една прилика Шерифовиќ.

 

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Тања Савиќ се вози со градски превоз како и обичниот свет]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154108/FOTO-Tanja-Savikj-se-vozi-so-gradski-prevoz-kako-i-obichniot-svet http://www.plusinfo.mk/vest/154108/FOTO-Tanja-Savikj-se-vozi-so-gradski-prevoz-kako-i-obichniot-svet 2014-10-12 10:14:20 Српската фолк-пејачка Тања Савиќ на социјалните мрежи се пофали дека живее како обичните луѓе, и објавила фотографија која ја снимила во градски превоз.

Фолкерката по снимањето на новиот видео-запис за дуетот со својот колега Стеван Анѓелковиќ одлучила до дома да си отиде со јавен превоз. За тоа колку била воодушевена од возењето им напишала на своите пријатели на Фејсбук:

- Кој лаже дека познатите личности не се возат со автобус? Мојот фризер Стефан и јас ви испраќаме бакнеж - прокоментирала Савиќ под фотографијата, а нејзините фанови биле воодушевени што живее сосема нормален живот.

 

Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[Сергеј Трифуновиќ доби добар ќотек: Моника Белучи има тешка рака!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154071/Sergej-Trifunovikj-dobi-dobar-kjotek-Monika-Beluchi-ima-teshka-raka http://www.plusinfo.mk/vest/154071/Sergej-Trifunovikj-dobi-dobar-kjotek-Monika-Beluchi-ima-teshka-raka 2014-10-12 09:20:54 На снимањето на новиот филм на режисерот Емир Кустурица , „На млечниот пат“, српскиот актер Сергеј Трифуновиќ го повредил окото но тоа не му паднало многу тешко бидејќи ударот му го задала познатата италијанска актерка Моника Белучи која исто така игра во филмот.

Сергеј гостувајќи во една тв-емисија открил дека на снимањето на „борбените сцени“ со Белучи завршил со сериозни повреди на окото и испукани капилари.

Како што изјавил Трифуновиќ, во животот не добил толку шлаканици колку што добил од Белучи  за време на снимањето на сцените, а неговата повреда сведочи дека убавата Италијанка има тешка рака.

- Во мојата биографија може да стои дека Моника Белучи ми истера око - изјавил низ шега Сергеј.

 

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Камерон Дијаз се пофали со свршенички прстен]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154083/FOTO-Kameron-Dijaz-se-pofali-so-svrshenichki-prsten http://www.plusinfo.mk/vest/154083/FOTO-Kameron-Dijaz-se-pofali-so-svrshenichki-prsten 2014-10-11 18:12:20 Актерката Камерон Дијаз со музичарот Бенџи Маден се забавува од мај оваа година и од самиот почеток не криеја дека нивната врска е сериозна.
Камерон во неколку прилики има изјавувано дека е среќна како слободна девојка, но се чини дека сега е до чекор да го изговори судбоносното „да“.
Таа пред неколку дена се појави на една свеченост во Лос Анџелес, а на раката носела дијамантски прстен за кој многумина рекле дека е свршенички.
Токму овој прстен ги поттикнал гласините дека Дијаз и нејзиното момче направиле важен чекор во врската.
Инаку мајката на актерката, Били не можела да го сокрие воодушевувањето што нејзината ќерка конечно се вљубила. Таа смета дека Бенџи е прекрасно момче и дека нивната врска ќе се круниса со брак, пренесува магазиниот „Ју-ес викли“.

 

Подготви:Б.В.

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Премиерот на Хаити ја освои најубавата манекенка на светот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154069/FOTO-Premierot-na-Haiti-ja-osvoi-najubavata-manekenka-na-svetot http://www.plusinfo.mk/vest/154069/FOTO-Premierot-na-Haiti-ja-osvoi-najubavata-manekenka-na-svetot 2014-10-11 16:27:17 Манекенката Петра Немцова (35) и премиерот на Хаити, Лорен Ламот (42) неодамна јавно признаа дека се во врска, а Ламот не може да сокрие колку е среќен поради својата нова девојка.

- Многу сум среќен и горд - изјавил Ламот кога новинарите го прашале како се чувствува свесен за фактот дека многумина му завидуваат  на неговата убава девојка.

За нивната врска се шпекулираше при крајот на 2013 година, а тие неодамна признаа дека се заедно. Петра е една од најубавите и најбарани манекенки во светот, а исто така работи и како тв -водителка.

Нејзиниот љубовен живот отсекогаш бил бурен. Таа пред неколку години ја раскина свршувачката на само два месеци пред свадбата, а пртетходно момчето со кое се забавуваше настрада во големото цунами кое го зафати Тајланд. Манекенката едно време беше во врска со актерот Шон Пен.

 

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[Гвинет Палтроу му призна на Обама: Толку си згоден што не можам да говорам!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154065/Gvinet-Paltrou-mu-prizna-na-Obama-Tolku-si-zgoden-shto-ne-mozham-da-govoram http://www.plusinfo.mk/vest/154065/Gvinet-Paltrou-mu-prizna-na-Obama-Tolku-si-zgoden-shto-ne-mozham-da-govoram 2014-10-11 15:43:54 Американската актерка Гвинет Палтроу (42) во последно време е прилично активна во политиката, па во својот дом неодамна организрала вечера на која се собирале средства за американската демократска партија. Ѕвезда на вечерта бил актуелниот претседател на САД, Барак Обама.

Гвинет говорела пред 200 гости, а било очигледно дека имала голема трема бидејќи микрофонот требало да му го предаде на Обама.

Таа во еден момент се збунила и како низ топ изјавила:

- Толку си згоден што не можам да проговорам - изјавила актерката.

Обама џентлменски останал воздржан по овој коментар, а потоа одржал говор за еболата.

 

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Со исенчeни гради Ева Лонгорија покажа лажно деколте]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154037/FOTO-So-isencheni-gradi-Eva-Longorija-pokazha-lazhno-dekolte http://www.plusinfo.mk/vest/154037/FOTO-So-isencheni-gradi-Eva-Longorija-pokazha-lazhno-dekolte 2014-10-11 15:00:07 Актерката Ева Лонгорија  на 15-тото јубилејно доделување на Латино-американските награди за медуми и уметност во Лос Анџелес со појави во провокативно издание, а во преден план беше нејзиното секси деколте кое доби сосема нова димензија.

Убавата латино-актерка својата витка линија ја нагласила со фустан со долги ракави и богати детали зачинет со длабок ве-изрез низ кој се гледало нејзиното соврешно деколте.

Градите на Ева со вешта техника на сенчање на кожата на која работеле најдобрите визажисти изгледале двојно раскошни што на целиот нејзин стајлинг и дале децентна доза на сексапил.

 

Подготви:Б.В.

 

 

 

]]>
true