Вести од рубриката: СКОПЈЕ http://www.plusinfo.mk/style/images/logo.jpg +Инфо http://www.plusinfo.mk http://www.plusinfo.mk RSS вести од рубриката: СКОПЈЕ 2014-10-15 19:22:08 en-us <![CDATA[Без вода утре улици во поширокиот центар]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154560/Bez-voda-utre-ulici-vo-poshirokiot-centar http://www.plusinfo.mk/vest/154560/Bez-voda-utre-ulici-vo-poshirokiot-centar 2014-10-15 19:22:08 Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација, информира дека поради уличен дефект  на водоводна цевка од ф – 80 мм на раскрсница меѓу улиците Рајко Жинзифов и Киро Крстевски Платник, утре во периодот од 9.30 часот па се до отстранување на дефектот, без вода ќе останат корисниците од улиците Рајко Жинзифов и Киро Крстевски - Платник, како и дел од корисниците од булевар Метрополит Теодосие Гологанов, лоцирани помеѓу улиците Аминта Трети и Костурски Херои.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Град Скопје до СДСМ: Ние интервенираме навреме на црните точки]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154551/Grad-Skopje-do-SDSM-Nie-intervenirame-navreme-na-crnite-tochki http://www.plusinfo.mk/vest/154551/Grad-Skopje-do-SDSM-Nie-intervenirame-navreme-na-crnite-tochki 2014-10-15 18:38:11 Град Скопје се огласи со остра реакција на обвинувањата искажани од страна на СДСМ во врска со градежните зафати за подобрување на атмосферската канализациска мрежа во Скопје што деновиве се одвиваат на повеќе локации во градот. Град Скопје вели дека обвинувањата се неосновани.

 

„Почитувани господа во СДСМ, градоначалникот Коце Трајановски не доцни со изградбата на атмосферска канализација во Скопје, како што Вие тврдите. Градот Скопје и градоначалникот Трајановски сега го исправаат она што вие 40 години не успеавте ниту да го испланирате како што треба, ниту да го димензионирате како што треба, ниту да го реконструирате или доизградите“, се вели во реакцијата, во која се појаснува што е изведено во реконструкцијата на атмосферската канализација на булеварот „Киро Глигоров“, со што, вели Град Скопје, проточноста ќе и се зголеми двојно.

 

„Како потврда за Вашето непознавање за работите што се одвиваат на терен сакаме да нагласиме дека екипите на Град Скопје и на ЈП „Водовод и канализација“ ја реконструираа атмосферската канализациска мрежа на дел од булеварот Киро Глигоров со што проточноста на атмосферските води ќе се зголеми двојно. Оваа локација на булеварот Киро Глигоров беше посочена како една од десетте црни точки во градот кои редовно се поплавуваа во текот на обилните врнежи ова лето“.

 

Деновиве се работи на подобрување на постојната канализациска мрежа и на подвозникот кај Стоковната куќа „Мост“ и на улицата Павел Шатев, кај подвозникот, порачува Град Скопје, дополнувајќи дека до крајот на годинава ќе почнат градежните работи за реконструкција и подобрување на атмосферската канализација уште на седум други локации кои беа утврдени како „црни точки“ и се поплавуваа при поројните дождови.

 

„Градот Скопје веднаш се зафати со решавање на овој проблем и во најкус временски рок изработи план и почна да гради на терен, наместо го години да ги одложува работите како што претходно беше случај со многу урбани проблеми во Скопје“, се вели во реакцијата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Што се копаше ноќеска на Бихаќка?]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154538/FOTO-Shto-se-kopashe-nokjeska-na-Bihakjka http://www.plusinfo.mk/vest/154538/FOTO-Shto-se-kopashe-nokjeska-na-Bihakjka 2014-10-15 15:52:25 На крстосницата на Бихаќка, сегашна Павел Шатев, со улиците Јордан Мијалков и Огњан Прица, објективот на „Плусинфо“ вчера регистираше почеток на градежни работи.

Градежната оператива и работници од вчера попладне ја затворија за сообраќај десната лента и во текот на ноќта ископаа дупка преку целата улица.

Дали ова се подготовки за атмосферска канализација кај надвозникот за да се спречат поплави при секој пороен дожд, од Град Скопје денеска не одговорија.


Оваа локација е една од десетте критични точки во Скопје кои се поплавуваат при дождовите и поради непроодноста предизвикуваат метеж во сообраќајот. Како мерки за спас од поплавувањата Градот предвидува замена на пумпите, што ќе придонесе да се намали можноста од поплавување, потоа попречни решетки, зголемување на сливниците и нивно продлабочување.

 

Подготви: М.В.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

]]>
true
<![CDATA[СДСМ: Коце Трајановски доцни со канализацијата оти се „брзаше“ со луксузот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154535/SDSM-Koce-Trajanovski-docni-so-kanalizacijata-oti-se-brzashe-so-luksuzot http://www.plusinfo.mk/vest/154535/SDSM-Koce-Trajanovski-docni-so-kanalizacijata-oti-se-brzashe-so-luksuzot 2014-10-15 15:34:43 Градоначалникот на Скопје доцни со атмосферската канализација, оти не е во прашање само булеварот Киро Глигоров, туку после секој дожд цело Скопје плива во вода - клучката Континентал, подвозникот кон Пржино... Задолжувајќи се за луксуз, ги остави скопјани без основните работи, порача денеска СДСМ во својата реакција за соопштението од Град Скопје дека е реконструирана атмосферската канализација кај подвозникот кај поранешна Кланица.

 

„Коце Трајановски многу доцни со атмосферската канализација. Не се поплавува само булеварот Киро Глигоров. Од еден посилен дожд цело Скопје плива во вода. Што е со клучката Континентал, подвозникот кон Пржино на Бихакќа, општината Кисела Вода?  Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ ги задолжија скопјани за раскош и луксуз, за Панорамски тркала, барокни фасади, споменици, а ги оставија без атмосферски канализации, без пречистителна станица за води, без училишта, без подземна сообраќајница, без трамвај, без есенцијалните потреби на граѓаните. Да не се обидува Трајановски да се оправдува, што било, а што не било надлежност на Град Скопје. Коце Трајановски има должност да се води од интересите на граѓаните и наместо да ги задолжува за луксузи, да помогне секаде каде што е тоа потребно“, порачува СДСМ.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[ГАЛЕРИЈА Реконструирана атмосферската канализација кај подвозникот на булеварот „Киро Глигоров“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154502/GALERIJA-Rekonstruirana-atmosferskata-kanalizacija-kaj-podvoznikot-na-bulevarot-Kiro-Gligorov http://www.plusinfo.mk/vest/154502/GALERIJA-Rekonstruirana-atmosferskata-kanalizacija-kaj-podvoznikot-na-bulevarot-Kiro-Gligorov 2014-10-15 13:38:37 Екипите ЈП „Водовод и канализација“ ја реконструираа атмосферската канализациска мрежа кај подвозникот на булеварот Киро Глигоров со што проточноста на атмосферските води ќе се зголеми двојно, извести Град Скопје.

 

Оваа локација на булеварот Киро Глигоров беше посочена како една од десетте црни точки во градот кои редовно се поплавуваа во текот на обилните врнежи ова лето.

 

На терен најпрво била извршена реконструкција на постојниот атмосферски колектор кај објектот „Бриколаж“, при што биле вградени полипропиленски цевки со профил Ф 800 милиметри, во должина од 57 метри. Со овој зафат е направено исправање на атмосферскиот колектор, којшто претходно имаше две прекршувања под агол од 90 степени, што според законите на физиката, значително го отежнувало функционирањето на колекторот.

 

Потоа на јужната страна на булеварот Киро Глигоров, кон подвозникот се поставени решетки од монолитен бетон, во должина од 7,3 метри во правец од Аеродром кон Автокоманда, а во правец од Автокоманда кон Аеродром во должина од 5,3 метри. Истите се приклучени во шахтите на постојниот атмосферски колектор Ф 1.200 милиметри, а коловозот е асфалтиран.

 

За одведување на атмосферските води од северната страна на булеварот Киро Глигоров, исто така, се поставени решетки од монолитен бетон, во должина од 5,25 метри на потегот од Аеродром кон Автокоманда на крајната десна лента пред семафорите кај „Фершпед“, а во правец од Автокоманда кон Аеродром на крајната десна лента во должина од 3,25 метри. Решетките се приклучени во постојниот колектор, а коловозот е асфалтиран.

 

Функцијата на моноблоковите е да ги прифатат атмосферските води пред тие да се слеат во најнискиот дел на подвозникот и да го поплават.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Пријавете оштетени улици на територијата на Центар]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154491/Prijavete-oshteteni-ulici-na-teritorijata-na-Centar http://www.plusinfo.mk/vest/154491/Prijavete-oshteteni-ulici-na-teritorijata-na-Centar 2014-10-15 12:57:04 Општина Центар започнува со акција за санација на оштетените делови од улиците кои се во надлежност на општината.

 

Обезбедени се 200  тони асфалт за санација на ударните дупки на улиците, со цел да имаме побезбеден  сообраќај и помали оштетувања на автомобилите, велат општинските служби и апелираат жителите да пријавуваат оштетувања, за да можат службите веднаш да интервенираат.

 

Телефон за контакт и за пријавување 3 203 670 и 076 381 112(Билјана).


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Грејната сезона започна без проблеми]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154483/Grejnata-sezona-zapochna-bez-problemi http://www.plusinfo.mk/vest/154483/Grejnata-sezona-zapochna-bez-problemi 2014-10-15 12:45:39 Грејната сезона за граѓаните кои се топлат на парно започна без вообичаените проблеми. Компаниите снабдувачи со топлинска енергија на првиот ден од грејната сезона немаа дефекти, но имаа проблеми со објектите кои не платиле електрична енергија. Граѓаните, пак, не се пожалија што радијаторите утрината беа млаки, а потоа поради повисоката надворешна температура и исклучени.

 

- Досега нема информации за дефекти. Екипите кои треба да интервенираат се на терен и ќе реагираат на секој повик од граѓаните- велат од ЕЛЕМ.

 

Од Топлификација „Скопје Север“ пак покрај добриот старт на греењето, велат дека имаат проблем со објектите кои не ги подмириле сметките за електрична енергија и поради тоа утрово не им испорачаа топлинска енергија.

 

- Имаме проблем со три објекти кои не ги платиле сметките за електрична енергија, а и во неколку други, кои поради немање управител и Заедница на сопственици не можат да се договорат  за приклучување на топлификационата мрежа. Имено, дел од станарите повторно сакаат да се приклучат на парното, но немаат дозвола од своите состанари. Имаме и неколку објекти кои допрва треба да ги приклучиме, но тие сè уште немаат вградено инсталација. во моментот кога ќе го сторат тоа, ние сме подготвени да ги приклучиме на мрежата - вели директорот на Топлификација „Скопје Север“, Игор Поповски.

 

Од компаниите снабдувачи со топлинска енергија потсетуваат дека иако официјално е почната грејната сезона, топлината ќе се испорачува зависно од надворешните временски услови.

 

- Греењето ќе се прилагодува на надворешните температури. Во потоплите часови од денот нема да се испорачува, но како температурата ќе се спушта греењето ќе се приклучува - појаснуваат од компаниите кои тврдат дека редовно ја мерат температурната разлика.




Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

]]>
true
<![CDATA[Донирајте ајвар утре и задутре во „Јан Амос Коменски“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154470/Donirajte-ajvar-utre-i-zadutre-vo-Jan-Amos-Komenski http://www.plusinfo.mk/vest/154470/Donirajte-ajvar-utre-i-zadutre-vo-Jan-Amos-Komenski 2014-10-15 11:24:29 Хуманитарната акција „Ајварче за мене, ајварче за тебе“ ќе се одржи утре и во петок во холот на ООУ „Јан Амос Коменски“, во 7.30 часот.


Оваа акција се одржува по трет пат, по повод Денот на гладта. Собраната зимница донирана од основците од ова училиште, ќе се подари на учениците од истото училиште и на семејства во општина Карпош на кои најмногу им е потребна помош во зимските денови.                



Подготви: Б.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[За селење во новиот барокен објект Финансии ќе потроши 30.000 евра]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154466/Za-selenje-vo-noviot-baroken-objekt-Finansii-kje-potroshi-30000-evra http://www.plusinfo.mk/vest/154466/Za-selenje-vo-noviot-baroken-objekt-Finansii-kje-potroshi-30000-evra 2014-10-15 11:20:23 Министерството за финансии веќе почна да го користи канцеларискиот простор во новата зграда кај поранешена „Југобанка“, а за селењето од поранешните простории во „НИП Нова Македонија“ Министерството е во план да потроши 1,8 милиони денари. Зградата доби барокна фасада, но и ново име „Палата 23-ти Октомври“.

 

Според склучениот договор со скопска фирма за транспорт и шпедиција, триесетте илјади евра треба да бидат потрошени за транспорт на опремата и на документите.


„Транспорт и селидба на опрема и документација за потребите на Министерството, која ќе се врши заради потребата од преселба во новиот објек“, стои во описот за набавката.

Тендерот вклучува услуги за копнен транспорт и транспорт со блиндирани возила од поранешните простории кои се оддалечени околу 500 метри, а договорот е склучен на времетраење од 12 месеци.

Палатата на Финансии беше официјално отворена на крајот од август. Во неа освен Министерството, деловен простор ќе добие и Управата за имотно правни работи, како и Бирото за јавни набвки. Инвестицијата за доградба на карабината на поранешна „Југобанка“ ја чинеше државата околу 15,5 милиони евра. 

 



Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Следниот вторник Драчево, Студеничани и Зелениково без вода]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154411/Sledniot-vtornik-Drachevo-Studenichani-i-Zelenikovo-bez-voda http://www.plusinfo.mk/vest/154411/Sledniot-vtornik-Drachevo-Studenichani-i-Zelenikovo-bez-voda 2014-10-14 19:33:01 Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација, извести дека на 21 октомври, вторник, ќе почне реконструкцијата на Пумпна станица Драчево.

 

Ќе се менуваат затварачи на усис од 350 милиметри, ќе се поставуваат нови мотори и нови пумпи, а ќе се постават и нови енергетски кабли.

 

Поради тоа, во периодот од 8 до 17 часот на 21 октомври без вода за пиење ќе останат дел од населбата Драчево, како и селото, но и селата Студеничани, Моране и Зелениково.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Поставени рампи и нови знаци на железничкиот премин на булеварот Борис Трајковски кај Усје]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154372/Postaveni-rampi-i-novi-znaci-na-zheleznichkiot-premin-na-bulevarot-Boris-Trajkovski-kaj-Usje http://www.plusinfo.mk/vest/154372/Postaveni-rampi-i-novi-znaci-na-zheleznichkiot-premin-na-bulevarot-Boris-Trajkovski-kaj-Usje 2014-10-14 14:06:21 Побезбедно одвивање на сообраќајот на булеварот Борис Трајковски на железничкиот премин кај населбата Усје ќе овозможат новопоставените рампи и нови сообраќајни знаци со светлосна сигнализација. Новата сигнализација денеска ја промовираа градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, директорот на Македонски железници - Инфраструктура, Ирфан Асани и градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.

 

- Вградувањето на овој систем е резултат на добрата соработка на Градот Скопје со Македонски железници - Инфраструктура, Македонски железници - Транспорт и Цементарницата „Усје“. На терен, во изминатиов период беа поставени светлосни сообраќајни знаци за означување премин на патот преку железничка пруга во ниво и полубраници за затворање на сообраќајот на преминот преку железничката пруга во ниво. Претходно овој премин беше регулиран физички, со знаменца, а сега преминот е обезбеден со рампи и целосна сигнализација со што во голема мера  ќе  се зголеми безбедноста во сообраќајот. Настојуваме оваа крстосница да стане дел и од Центарот за управување и контрола на сообраќајот за да се овозможи дополнителна контрола и мониторинг – рече денеска градоначалникот Коце Трајановски.

 

Директорот на МЖ – Инфраструктура, Ирфан Асани истакна дека овој проект е дел од низата успешни проекти за подобрување на железничкиот сообраќај и за зголемување на безбедноста на железничките премини.

 

- Овој нов систем којшто е финансиран главно од Градот Скопје и од Цементарница „Усје“ треба да биде пример како се решава сообраќајот кога индустриски колосеци се вкрстуваат со сообраќајници, а којшто треба да го следат и другите правни субјекти – рече Асани.

 

На терен работеа екипи од ЈП „Улици и патишта“, Цементарница „Усје“ и од Македонски железници.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

 

]]>
true
<![CDATA[Од утре парно, додека е потопло - само наутро и навечер!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154342/Od-utre-parno-dodeka-e-potoplo---samo-nautro-i-navecher http://www.plusinfo.mk/vest/154342/Od-utre-parno-dodeka-e-potoplo---samo-nautro-i-navecher 2014-10-14 11:30:54 Грејната сезона за граѓаните кои се греат на парно официјално треба да започне утре и ќе трае до 15 април идната година. Според правилата на снабдување со топлинска енергија, радијаторите на граѓаните треба да бидат затоплени во периодот од 06 до 21 часот во текот на денот и да се обезбеди температура на греење од 19 до 21 степен Целзиусов.

 

Трите снабдувачи со топлинска енергија БЕГ, ЕЛЕМ Енергетика и Топлификација Скопје Север велат дека се подготвени да ја почнат сезоната навреме, но ги потсетуваат граѓаните на обврската да ги проверат радијаторите и да ги платат сметките за струја за да можат да се вкличат пумпните станици.

 

Според правилата за снабдување со топлинска енергија, граѓаните или управителите, односно Заедницата на сопственици, треба да извршат проверка на исправноста на грејните тела и на инсталацијата во зградите во период од 15 мај до 15 септември, за да може да се обезбеди непречена испорака на топлинска енергија во грејниот период. 

 

Со оглед на високите дневни температури, компаниите снабдувачи со топлинска енергија, најавуваат дека е можно радијаторите да бидат топли замо во утринските и ноќните часови.

 

Со стартувањето на сезоната, стартува и обврската на граѓаните кои се откажале од парното да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија и изнесува околу 1.000 денари. 

 


 Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

 

]]>
true
<![CDATA[Дел од општина Зелениково без вода од вчера до утре]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154280/Del-od-opshtina-Zelenikovo-bez-voda-od-vchera-do-utre http://www.plusinfo.mk/vest/154280/Del-od-opshtina-Zelenikovo-bez-voda-od-vchera-do-utre 2014-10-13 18:46:09 Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од Јавното комунално претпријатие „Зелениково“ известува дека поради  дефект на водоводна цевка со пречник од Ф – 315 мм во општина Зелениково, од 18 часот вчера без водоснабдување се останати корисниците од викенд населбата Морани, како и од селото Зелениково и околните села.

 

На отстранување на дефектот ќе се работи и утре.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Без струја утре голем број села и улици во Чаир и Гази Баба]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154273/Bez-struja-utre-golem-broj-sela-i-ulici-vo-Chair-i-Gazi-Baba http://www.plusinfo.mk/vest/154273/Bez-struja-utre-golem-broj-sela-i-ulici-vo-Chair-i-Gazi-Baba 2014-10-13 17:33:34 Поради технички зафати што ќе ги вршат екипи на ЕВН Македонија АД, утре ќе биде прекинато снабдувањето со струја во неколку села во Скопско и на некои улици во главниот град.

 

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје известува дека утре без струја од 8 до 15 часот ќе бидат корисниците од  ул. 510, ул. 511, ул. 1471 и дел од ул. Перо Наков.

 

Од 8:30 до 13 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците Лазо Москов и Тале Христов.

 

Од 9 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од   с. Танушевци, с. Малино и  с. Брест и корисниците од ул. Козле бр. 8.

 

Струја од 9 до 16 часот ќе немаат корисниците од с. Дивље, с. Сушица, с. Чифлик и с. Живиње.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[ГАЛЕРИЈА „Судска палата“ од полн погодок стана тотално промашување]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154244/GALERIJA-Sudska-palata-od-poln-pogodok-stana-totalno-promashuvanje http://www.plusinfo.mk/vest/154244/GALERIJA-Sudska-palata-od-poln-pogodok-stana-totalno-promashuvanje 2014-10-13 14:06:43 Поради бројните оштетувања и дефекти во катната гаража „Судска палата“ кај зградата на МРТ, објектот е извесно време ставен вон функција, а од Општина Центар се надеваат дека градежната фирма „Бетон“ ќе ги санира штетите. Катната гаража „Судска палата“ е инвестиција на Општината, а пуштена е во употреба во февруари 2013 година, пред одржувањето на локалните избори. Периодов објектот е надвор од употреба поради влага, лошо поставена инсталација, прокиснување на плафонот и поради тоа што на некои места ѕидот се распаѓа.



На последната седница на општинскиот Совет, претседавачот Мирослав Шиповиќ му постави прашање на градоначалникот, Андреј Жерновски, зошто граѓаните не можат да ги паркираат таму своите автомобили.



- Слушнавме дека се увидоа грешки при изградбата, но какви се наодите. Знам дека е стапено во контакт со изведувачот. Зошто објектот не е во функција откако беше пуштен во употреба со сите манифестации? - праша претседавачот.



На неговото прашање одговори службеник од Општината кој рече дека фирмата изведувач треба да ги санира штетите во следниот период.


- Врнежите направија голема штета во сите катови и во електриката, внатрешно и надворешно. Причините се знаат, лоша изведба на кровот, на изолацијата. Сепак, објектот е сè уште под гаранција, стапивме во контакт со „Бетон“ и наскоро треба да започне реконструкцијата – рекоа општинските служби.



Оваа катна гаража не заживеа ниту по отворањето и често пати зјаеше празна. Малкумина ги користеа паркинг местата, а остана неискористен и деловниот простор кој требаше да ја отплати инвестицијата. Општината неколку пати се обидуваше да го направи просторот поатрактивен и ја намалуваше цената за изајмување, но и покрај тоа не успеваше да најде заинтересирани фирми. Една година по отворањето на објектот, се испостави дека инвестицијата доживеала фијаско и дека не била добро калкулирана. Изградбата чинеше 5,6 милиони евра од кои дел се обезбедија преку комерцијални кредити кои сè уште се отплаќаат.



ДГ Бетон АД Скопје ја заврши изградбата на катната гаража на почетокот од минатата година. Нејзината површина е 16.625 квадратни метри. Има приземје, пет ката и подземно ниво со 497 паркинг места. Од нив, 24 се наменети за лица со хендикеп. Исто така има паркинг места за велосипеди, мотори и за хибридни возила. Објектот располага и со деловен простор, кој зафаќа 15 проценти од вкупната провршина.



На отворањето присуствуваа премиерот, Никола Груевски, министерот за финансии, Зоран Ставрески и тогашниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ.



- Освен паркинг простор и решение за соообраќајните проблеми, катната гаража има и соодветен деловен простор што ѝ дава поголема вредност и можност за подобро финансирање и самоодржливост во иднина. Со еден збор, оваа катна гаража е полн погодок како за институциите, така и за граѓаните - рече Груевски.

 

Фото: Премиерот, министерот и градоначалникот на отворање на објектот во февруари 2013 година


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Воздухот денеска најзагаден во Карпош, Гази Баба и кај Ректорат]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154216/Vozduhot-deneska-najzagaden-vo-Karposh-Gazi-Baba-i-kaj-Rektorat http://www.plusinfo.mk/vest/154216/Vozduhot-deneska-najzagaden-vo-Karposh-Gazi-Baba-i-kaj-Rektorat 2014-10-13 11:39:39 Според измерените концентрации на загадувачки материи во воздухот, неколку скопски населби денеска се повеќе од дозволеното загадени со штетни честички.


Над дозволените ПМ 10 честички се регистрирани на мерните станици во Карпош, Гази Баба и кај Ректорат.

 

На останатите мерни места во Скопје и во земјава загаденоста на воздухот е на средно и ниско ниво.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

]]>
true
<![CDATA[ГАЛЕРИЈА 75,8 проценти од анкетираните Центарци против изградба на десеткатница на Водно]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154137/GALERIJA-758-procenti-od-anketiranite-Centarci-protiv-izgradba-na-desetkatnica-na-Vodno http://www.plusinfo.mk/vest/154137/GALERIJA-758-procenti-od-anketiranite-Centarci-protiv-izgradba-na-desetkatnica-na-Vodno 2014-10-12 12:44:18 Мнозинството граѓани ја подржуваат иницијативата на градоначалникот Жерновски за распишување на референдум за битните прашања за граѓаните на општина Центар. На прашањето: „Градоначалникот на Центар најави одржување на референдуми за битни прашања и одлуки за општината. Дали сметате дека ова би била добра пракса?“, огромно мнозинство од испитаниците од дури 76,2 проценти смета дека таквата пракса би била добра, 15,2 проценти смета дека тоа не би била добра пракса, додека 8,6 проценти од граѓаните не дале одговор.


68,1 процент од граѓаните се изјасниле дека би гласале против поставување на барокна фасада на ГТЦ, 22,1 процент би гласале за поставување на барокна фасада, 8,8 проценти  уште не знаат како би гласале или одбиле да одоговорат, додека 1 процент рекле дека нема да гласаат на референдумот. Притоа, интересен е фактот дека 37 проценти од оние што се изјасниле дека гласаат за ВМРО-ДПМНЕ се против барокната фасада на ГТЦкоја е проект на ВМРО-ДПМНЕ.


Слична е поддршката за градоначалникот во одлуката да не се гради десеткатницата на Водно која предизвика бурни реакции во јавноста. На прашањето:Дали залагањето на градоначалникот Жерновски да се спречи изградбата на десеткатницата на Водно вие го подржувате или не го подржувате 75,8 проценти од граѓаните се изјасниле дека го подржуваат Жерновски во напорите да се спречи оваа градба, само 11,7 проценти рекле дека не го подржуваат градоначалникот,  односно сметаат дека десеткатницата треба да се гради, додека 3,6 проценти не се запознаени со случајот или не дале одговор. Притоа, интересен е фактот дека дури 53 проценти од оние што се изјасниле дека гласаат за ВМРО-ДПМНЕ се против десеткатницата која е проект на ВМРО-ДПМНЕ, а само 22 проценти од испитаниците се за нејзина изградба.


Истражувањето за потребите на општина Центар било извршено минатиот викенд  на 4 и 5 октомври 14 и го реализирала агенцијата „Рејтинг“ на репрезентативен примерок од 850 испитаници-жители и гласачи на општината. Податоците се собирале по пат на телефонско интервју, а стандардната статистичка грешка во рамките на општиот примерок изнесувала 3,3 проценти.





Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

]]>
true
<![CDATA[ГАЛЕРИЈА Се гради атмосферската канализација под стоковната куќа „Мост“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154055/GALERIJA-Se-gradi-atmosferskata-kanalizacija-pod-stokovnata-kukja-Most http://www.plusinfo.mk/vest/154055/GALERIJA-Se-gradi-atmosferskata-kanalizacija-pod-stokovnata-kukja-Most 2014-10-11 13:11:30 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и в.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Бојан Василевски денеска присуствуваа на почетокот на градежните работи на атмосферскиот колектор под стоковната куќа „Мост“, на дел од булеварот Гоце Делчев. Оваа локација на булеварот Гоце Делчев е една од десетте точки во градот што редовно се поплавуваа при поројните дождови изминатиот период.


Градежните зафати за подобрувањето на атмосферската канализациска мрежа на дел од булеварот “Гоце Делчев”, под стоковна куќа „Мост“ е дел од активностите кои Градот Скопје ги превзема за надминување на проблемите и поплавите кои се создаваа на десетте критични точки по поројните дождови.


Досега е интервенирано на дел од улицата “Финска”, а во завршна фаза се и активностите на булеварот “Киро Глигоров”. На останатите места ќе се интервенира по завршување на сите законски постапки и спроведување на јавни набавки и се очекува најголемиот број на градежните работи за завршат за неколку месеци. За сите овие интервенции Градот Скопје ќе одвои околу 2 милиони евра.


Градот Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да покажат разбирање додека траат градежните работи на дел од булеварот Гоце Делчев и доколку се во можност во своето движење да ја користат околната патна мрежа.




Подготви: Г.Н.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[ФОТО Ѓорче Петров го празнува „11 Октомври“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154054/FOTO-Gjorche-Petrov-go-praznuva-11-Oktomvri http://www.plusinfo.mk/vest/154054/FOTO-Gjorche-Petrov-go-praznuva-11-Oktomvri 2014-10-11 13:07:47
Општината Ѓорче Петров со пригодна свечена церемонија и положување на цвеќе пред споменикот на паднатите борци во реонскиот парк го одбележа 11 Октомври, денот на востанието на македонскиот народ против фашизмот и Денот на борецот. 


По тој повод, Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски и делегација на Советот на општината, положија цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОАВМ во реонскиот парк во Ѓорче Петров.


Цвеќе во спомен на паднатите борци положија и преставници од политичките партии, здруженија на борците и пензионерите, преставници од месните и урбани заедници, училиштата и градинките како и голем број на граѓани од општината. Градоначалникот Митровски порача дека треба да се чува и негува интегритетот и соживотот на народот. 





Подготви: Г.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[ГАЛЕРИЈА Мишева и Трајановски им оддадоа почит на борците од НОБ и на Глигоров]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154039/GALERIJA-Misheva-i-Trajanovski-im-oddadoa-pochit-na-borcite-od-NOB-i-na-Gligorov http://www.plusinfo.mk/vest/154039/GALERIJA-Misheva-i-Trajanovski-im-oddadoa-pochit-na-borcite-od-NOB-i-na-Gligorov 2014-10-11 11:48:24 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева во чест на големиот македонски државен празник 11Октомври, денеска положија цвеќе пред Споменикот на Партизанските гробишта во Бутел. Покрај Споменикот на Партизанските гробишта во Бутел, цвеќе беше положено и пред гробовите на поранешните претседатели на Република Македонија Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и пред гробот на генерал Михајло Апостолски, лоцирани во градските гробишта "Бутел".


По повод овој голем празник цвеќе положија и делегации од Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Министерството за одбрана и АРМ, претставници на здруженијата на борци, претставници на дипломатските претставништа, политички партии и други здруженија.


Подготви: Г.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Фасадите на улица Македонија чекаат на средбата меѓу Жерновски и Трајановски]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153986/Fasadite-na-ulica-Makedonija-chekaat-na-sredbata-megju-Zhernovski-i-Trajanovski http://www.plusinfo.mk/vest/153986/Fasadite-na-ulica-Makedonija-chekaat-na-sredbata-megju-Zhernovski-i-Trajanovski 2014-10-10 16:03:06 Градоначалниците на Град Скопје и Општина Центар, усно и преку медиумите се согласија да се сретнат за да разговараат за фасадите на улица Македонија чија барокна реконструкција ја предвидува Градот, но до средба сè уште не дошло. Првиот човек на Центар, Андреј Жерновски, се согласи на разговор откако градскиот татко, Коце Трајановски, го повика проблемите да ги надминат на координативното тело на градоначалници.


На последната седница во Општина Центар, Жерновски, рече дека ја прифатил поканата од Трајановски, но дека на крај сепак треба граѓаните да го дадат последниот збор.

- Ќе ја почитуваме одлуката на граѓаните. Ќе излеземе во пресрет и ќе влеземе со нашето решение, но само доколку добиеме нивна согласност. Градоначалникот Трајановски веќе кажа дека доколку граѓаните не сакаат барок, тогаш тој ќе се повлече. Доколку не сакаат, пак, автентичен изглед на фасадата, тогаш ние ќе се повлечеме. Како што знам станарите се изложени на притисоци да ја прифатат барокната фасада, но добар старт е договорот да ја испочитуваме нивната волја и тоа е добар курс на градот – рече Жерновски.



Во меѓувреме, станарите од двата објекта на улица Македонија треба солидарно да одлучат каква фасада сакаат. Градот нуди реконструкција само на предната страна и тоа во неокласичен стил, со што задната страна нема да биде реновирана. Обновата на Центар би ги опфатила сите страни и на тој начин би се добил енергетско ефикасен објект кој ја задржува топлината и ги намалува сметките за енергија. При тоа, Жерновски вети дека ќе биде зачуван изгледот на зградата. Станарите треба до крајот на месецот да се одлучат за една од двете понуди. 

 



Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[Трка за кревање на свесноста за лицата со попречен вид]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153973/Trka-za-krevanje-na-svesnosta-za-licata-so-poprechen-vid http://www.plusinfo.mk/vest/153973/Trka-za-krevanje-na-svesnosta-za-licata-so-poprechen-vid 2014-10-10 15:24:07
Во недела во 11 часот во Градскиот парк во Скопје кај Школка, ќе се одржи првата трка која има за цел да ја поттикне свеста за потребите на лицата со попреченост во видот, во организација на „Пинк супорт МК“.


Целта е да се крене граѓанската свест за вклучување на лицата со пречки во видот во општествениот живот. Трката ќе се одвива на должина од 1 км, а можат да учествуваат сите граѓани.


Инспирирани од мислата на светски познатиот Стиви Вондер „Ако човек има проблеми со видот не значи дека нема визија“ и водени од изреката на Марк Твејн „Добрината е јазик кој глувите можат да го чујат, а слепите да го видат“, младите лидери од скопскиот клуб на Глобал шејперс ги повикуваат своите сограѓани и врсници да им се придружат во недела во симболичното заедничко трчање на еден километар.


Заедницата на Global Shapers е иницијатива на Светскиот економски форум и е мрежа на хабови кои се базирани во градови ширум светот. Во моментот хабови има во 356 градови, од кои од изминатата година отворен е и хабот во Скопје. Хабовите се развиени и предводени од млади луѓе на возраст од 20 до 30 години, кои се исклучителни во својот потенцијал, успесите кои ги имаат зад себе и желбата да придонесат во нивните заедници. 


Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[69 отсто од жителите на Центар имаат позитивно мислење за Жерновски]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153960/69-otsto-od-zhitelite-na-Centar-imaat-pozitivno-mislenje-za-Zhernovski http://www.plusinfo.mk/vest/153960/69-otsto-od-zhitelite-na-Centar-imaat-pozitivno-mislenje-za-Zhernovski 2014-10-10 13:51:12


Мнозинството граѓани на Центар се задоволни од работата на градоначалникот Андреј Жерновски, покажа последното истражување, спроведено за потребите на општина Центар од агенцијата „Рејтинг“.


На прашањето „Дали Вашето мислење за градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, е позитивно или негативно?“, 69,4% одговориле дека е позитивно, 26,4% дека е негативно, а 4,2% биле без одговор. Високи 82% од неопределените гласачи имаат позитивно мислење за градоначалникот. Дури 33% или точно една третина од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, имаат позитивно мислење за градоначалникот Жерновски и покрај континуираните напади врз него.



На прашањето „Дали сте задоволни од работата на градоначалникот Андреј Жерновски?“, 57% од испитаниците одговориле дека се задоволни, 35,6%одговориле дека не се задоволни додека 7,4% од анкетираните не дале одговор на ова прашање.



На прашањето: „Дали доколку утре се одржуваат локални избори, градоначалникот Андреј Жерновски заслужува реизбор или не?, 56%од анкетираните одговориле дека заслужува реизбор, 30% рекле дека не заслужува, додека 14% се неопределени, односно немаат мислење.


Проектите кои досега ги реализраше општина Центар се, исто така, позитивно оценети од граѓаните. На прашањето „Со оценка од 1 (слабо) до 5 (одлично), како го оценувате проектот на општина Центар за субвенционирање на велосипеди за граѓаните?, 68% од анкетираните дале  5, а 13,3% дале 4. Само 4,3% од граѓаните проектот го оцениле со оцена 1 или 2.



Проектот Боемска улица, кој наиде на критики од владеачката партија, 53,7% од испитаниците го оцениле со оцена 5 или 4, а само 8,5% со оцена 1 или 2. Тројка дале 11,9%, а 25,9% од граѓаните рекле дека не се доволно запознаени со проектот за да дадат оцена.



- Ваквите резултати јасно укажуваат на поддршката за реализираните проекти која ја има општината и градоначалникот. Интересно е дека и гласачите на ВМРО-ДПМНЕ имаат доминантно позитивно мислење за овие проекти: така, субвенционирањето велосипеди со оценка 5 или 4 го оцениле дури 77%, а Боемската улица 41% од приврзаниците на владеачката партија - велат од Општина Центар.



Истражувањето беше извршено на 4. и 5. октомври 2014 на репрезентативен примерок од 850 испитаници жители и гласачи на општината. Податоците се собираа по пат на телефонско интервју, а стандардната статистичка грешка во рамките на општиот примерок изнесува +/- 3,3%.


 

Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо



]]>
true
<![CDATA[Нова инфраструктура за згради покрај булеварот „Февруарски поход“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153945/Nova-infrastruktura-za-zgradi-pokraj-bulevarot-Fevruarski-pohod http://www.plusinfo.mk/vest/153945/Nova-infrastruktura-za-zgradi-pokraj-bulevarot-Fevruarski-pohod 2014-10-10 12:19:47 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општината Аеродром, Ивица Коневски, денеска официјално ја пуштија во употреба новата инфраструктура во новата населба што се гради во Горно Лисиче, покрај булеварот „Февруарски поход“.

Градоначалникот Трајановски рече дека овој проект ја обезбедува потребната инфраструктура за новиот станбен комплекс што се гради по  должината на булеварот „Февруарски поход“.

 

- Во овој дел од Ново Лисиче изградивме околу 2 километра атмосферска и околу 2 километра фекална канализација, како и 1,5  километри водоводна  мрежа. Асфалтирана е улицата паралелна со булеварот „Февруарски  поход“ на вкупна површина од околу 20.000 квадратни метри, формирани се тротоари и изградени се паркиралишта со околу 1.000 нови-паркинг места. Поставено е и ново улично осветлување, со стотина сијалични места. За овој обемен проект општината Аеродром издвои околу 120 милиони денари од својот буџет - рече градоначалникот, Ивица Коневски.

 

Подготви: Ј.А.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Општина Центар: Брисел втора година во Извештајот пишува за атакот на власта врз нас]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153931/Opshtina-Centar-Brisel-vtora-godina-vo-Izveshtajot-pishuva-za-atakot-na-vlasta-vrz-nas http://www.plusinfo.mk/vest/153931/Opshtina-Centar-Brisel-vtora-godina-vo-Izveshtajot-pishuva-za-atakot-na-vlasta-vrz-nas 2014-10-10 11:35:38  

Општина Центар соопшти дека втора година по ред, Европската комисија ја споменува општината во Годишниот извештај за напредокот на Република Македонија, што покажува дека и по минатогодишната забелешка за притисокот врз општината од страна на централната власт, ништо не е променето.

 

„Некои општини како Центар, беа предмет нанепропорционален број на инспекции од државниот инспекторат. Имаше недоследни истраги од страна на власта за нападите и вандализмот врз зградата на општина Центар. Потребни се поголеми напори за да се обезбеди транспарентност во доделувањето на големите/капиталните грантови на општините и да се осигура дека тие ги имаатпотребните финансии за да ги спроведат обврските што им се доделени“, стои во Извештајот на Европската комисија.

 

Од таму општината потсетуваат дека сè уште не се познати виновниците за демолирањето на општината и за доведување во опасност на животите на претставниците на медиумите, градоначалникот, советниците, вработените во општинската администрација и претставници на дипломатскиот кор кој дојдоа да видат што се случува во општината.

 

„Не е официјално кажано кој стои зад протестот, затоа што таканаречената невладина организација „Веритас“ вооошто не е регистрирана  И покрај тоа што вандализмот беше регистриран од камерите и фото апаратите, МВР и по година и пол не може да ги идентификува насилниците“, се наведува во соопшението од Центар.

 

Подготви: Ј.А.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Жичницата од понеделник до петок нема да работи]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153916/Zhichnicata-od-ponedelnik-do-petok-nema-da-raboti http://www.plusinfo.mk/vest/153916/Zhichnicata-od-ponedelnik-do-petok-nema-da-raboti 2014-10-10 10:28:47 Жичницата „Милениумски крст“ од понеделник до петок нема да работи за посетители, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

 

Според ЈСП, ричина за прекинот во работата е изведување на редовниот планиран годишен сервис на жичницата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

 

]]>
true
<![CDATA[„Скопје Сити Мол“ со најевтин паркинг простор во градот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153875/Skopje-Siti-Mol-so-najevtin-parking-prostor-vo-gradot http://www.plusinfo.mk/vest/153875/Skopje-Siti-Mol-so-najevtin-parking-prostor-vo-gradot 2014-10-09 19:58:38  

„Скопје Сити Мол“ го активираше системот за наплата на паркинг места во состав на молот. 

Првиот час паркирање на возилото на паркингот на е бесплатен, а истото важи и за паркирање на возило по 20 часот. Доколку возилото се задржи пет часа во гаражниот простор на молот, тоа ќе го чини 40 денари!

Наплатата се врши на излезите кон паркингот на трите нивоа, како и кај синиот, црвениот и зелениот излез, информираат од таму.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Струја утре ќе немаат неколку села]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153864/Struja-utre-kje-nemaat-nekolku-sela http://www.plusinfo.mk/vest/153864/Struja-utre-kje-nemaat-nekolku-sela 2014-10-09 18:40:43  

Заради технички зафати во електросистемот, утре без електрична енергија од 9 до 12 часот ќе биде дел од улицата Мите Богоевски, а од 9 до 15 часот, селата Долно и Горно Свиларе, Орашје, Дворце, Радуша, Медресата во Кондово, како и објектите на патот од село Кондово до село Долно Свиларе.

Струја во периодот меѓу 8.30 и 14.30 часот ќе нема населбата Керамидница, улицата Перо Наков и од 10.30 до 15.30 часот, дел од улицата Алекса Демниевски, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија.

 

 

Подготви: Ј.А.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Жерновски предлага во Дебар Маало да не се вози побрзо од 30 км/ч]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153793/Zhernovski-predlaga-vo-Debar-Maalo-da-ne-se-vozi-pobrzo-od-30-kmch http://www.plusinfo.mk/vest/153793/Zhernovski-predlaga-vo-Debar-Maalo-da-ne-se-vozi-pobrzo-od-30-kmch 2014-10-09 11:58:20 Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, има во план да воведе посебна зона на сообраќај во Дебар маало, така што ќе се ограничи брзината на возење до 30 км на час. Целта е, како што вели, да се зголеми безбедноста, но и да се оформи концептот за оваа скопска населба како рекреативно место на смирен сообраќај.

 

- Тоа ќе значи максималната брзина на движење на автомобилите да биде 30 км на час. Верувам дека ќе ја добијам поддршката на Советот да се регулира сообраќајот за да не се загрози безбедноста на пешаците. Оваа заложба е на барање и на угостителите, но за да се реализира ќе треба низа дозволи од Град Скопје и уредување на сообраќајните решенија од Министерството за внатрешни работи, така што се надевам се ќе оди без попречувања – рече Жерновски на вчерашната седница на општинскиот Совет.

 

Дискусијата се задржа на овој дел од Центар откако совентик на ВМРО-ДПМНЕ го праша градоначалникот од кои причини Боемска улица излезе најскапата улица во Македонија. Со нешто повеќе од 400.000 евра за реконструкција, советникот Сашо Трпевски, праша дали сите средства се искористени за улицата. На тоа градоначалникот одговори дека со инвестицијата не е опфатена само Боемска, туку и околните сообраќајници.

 

- Не е реконструирана само улицата Ѓорги Пешков. Вкупната површина е 2.700 м2, а во тоа се опфатени и дел од тротоарите од улица Орце Николов, на спојот со Ѓорги Пешков, дел од улицата Мирослав Крлежа, спојот на улицата Орце Николов со Михаил Цоков и тротоарот на улица Михаил Цоков, која се наоѓа спроти општина Центар. Обидот да се дискредитира општината е неиздржан и нестручен. Неумесна е споредбата со улицата Никола Вапцаров, бидејќи огромна е разликата на квалитетот на материјалите на двете улици. Наша тенденција е улиците да траат долго. По само три години од реконструкцијата на Никола Вапцаров плочките таму испукаа. По објавувањето на сликите, тие експресно почнаа да се менуваат – одговори тој.

 

Градоначалникот направи паралела со спомениците и фонтаните од проектот „Скопје 2014“. Уредувањето на Боемска улица, рече, чини помалку од еден споменик или една барокна фасада.

 

- Сите набавки во Општината може да се најдат на веб страната или на страната на Бирото за јавни набавки. Опстојуваме да се работи транспарентно. На тендерот учествуваа тројца понудувачи, се избра најповолниот, а не се жалеше ниеден оператор. На Боемска денеска се отвори третата кафеана. Прометот во кафеаните е зголемен за 33 до 50 отсто, што треба да нè радува, затоа што тој бизнис го поддржуваме и поттикнуваме – рече Жерновски.

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[Без вода утре дел од Чаир и Гази Баба]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153747/Bez-voda-utre-del-od-Chair-i-Gazi-Baba http://www.plusinfo.mk/vest/153747/Bez-voda-utre-del-od-Chair-i-Gazi-Baba 2014-10-08 20:30:42 Поради отстранување дефект, утре без вода ќе бидат делови на населбите Чаир и Гази Баба во делот кај џамијата Јаја Паша.

 

Поради зафатот за остранување на дефектот на огрлица ф-225мм на улицата Цветан Димов пред градинката, прекин на водоснабдувањето ќе има од 10 часот се до отстранувањето на дефектот за корисниците на дел од улицата Цветан Димов, и во дел од населбата Гази Баба на улиците Севастополска и Стојна Стевкова.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Жерновски: Ни влакно не им фали на директорите на училишта поставени од ВМРО-ДПМНЕ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153742/Zhernovski-Ni-vlakno-ne-im-fali-na-direktorite-na-uchilishta-postaveni-od-VMRO-DPMNE http://www.plusinfo.mk/vest/153742/Zhernovski-Ni-vlakno-ne-im-fali-na-direktorite-na-uchilishta-postaveni-od-VMRO-DPMNE 2014-10-08 19:52:51 На денешната седница посветена на советнички прашања, советникот Томислав Лазаров го праша градоначалникот Андреј Жерновски зошто го ставил потписот на 14 решенија и 5 одлуки за именувања и разрешувања во ОУ 11 Октомври.

 

- Дали има политикантство во ова иако градоначалникот вети дека нема да ја меша политиката во образованието - праша Лазаров.

 

Одговарајќи на прашањето, Жерновски истакна дека воопшто нема политикантство во образованието. Праша колку и кои директори се сменети во основните училишта на општина Центар по неговото стапување на градоначалничката функција, за веднаш потоа да порача дека сите именувани од времето на ВМРО – ДПМНЕ се на работа.

 

- Само како споредба – по 24 часа од смената на општинското раководство во Охрид сменети се 102 вработени, меѓу нив и оние од образованието кои беа од опозицијата. За Скопје 2014 нема да се најдеме на заедничка страна, но во образованието нема страна - појасни Жерновски и праша зошто Министерството за финансии и покрај потребите и петициите од родителите не дава средства и одобрение за четири нови вработувања во образованието во Центар.

 

Од горенаведеното министерство, рече тој, не треба одлуките да ги носат според политичката припадност на градоначалникот или мнозинството на советници.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Шиповиќ до Жерновски: Зошто секретарот се развозува со службен автомобил?]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153731/Shipovikj-do-Zhernovski-Zoshto-sekretarot-se-razvozuva-so-sluzhben-avtomobil http://www.plusinfo.mk/vest/153731/Shipovikj-do-Zhernovski-Zoshto-sekretarot-se-razvozuva-so-sluzhben-avtomobil 2014-10-08 17:56:18 Претседавачот на Советот во Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, денеска на градоначалникот Андреј Жерновски на седницата закажана за советнички прашања му постави незгодно прашање: зошто вработените го користат опшинското службено возило за лични потреби.

 

- Со кој пропис се користат службените возила за приватни цели. Секретарот секој ден го гледам со општинското возило си оди дома после работа и наутро со истото се враќа? - праша претседавачот кој е дел од партиската коалиција на власта во оваа општина.

 

Жерновски на тоа одговори дека доколку е така, треба да се реагира.

 

- Ако има таква злоупотреба, тогаш треба да се реагира. Се согласувам. Не смее после 16 часот да се користат возила кои се тука за службена употреба – одговори тој.

 

Шиповиќ постави прашање и за катната гаража кај Судска палата која беше изградена за време на претходното раководство. Забележувајќи дека објектот се наоѓа во лоша состојба со низа оштетувања, претседавачот праша и зошто не е во функција.

 

Градоначалникот одговори дека дури сега можат да се увидат грешките во изградбата, а претставник од службите рече дека врнежите направиле голема штета во објектот изминативе месеци.

 

- Внатрешно и надворешно објектот е сè уште под гаранција. Причините се знаат, лоша изведба на кровот и на изолацијата. Но затоа што сè уште е под гаранција, стапивме во контакт со изведувачот и наскоро ќе почне санацијата – рече службеникот.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Жерновски: Центар наплаќала комуналии, но со прст не мрднувала за Водно]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153730/Zhernovski-Centar-naplakjala-komunalii-no-so-prst-ne-mrdnuvala-za-Vodno http://www.plusinfo.mk/vest/153730/Zhernovski-Centar-naplakjala-komunalii-no-so-prst-ne-mrdnuvala-za-Vodno 2014-10-08 17:23:37 Водно е чувствителна тема за раководството на Општина Центар, поради бројните проблеми и нерешени прашања со кои се соочуваат граѓаните. На денешната седница градоначалникот, Андреј Жерновски, рече дека станува збор за елитна населба, но со нималку елитна инфраструктура. 

 

На прашање на советниците од ВМРО-ДПМНЕ што се презема за да се подобри состојбата со инфраструктурата и канализационата мрежа, градоначалникот рече дека не можат работите драстично да се сменат за една и пол година додека е тој на власт.

 

- Нема да навлегувам во тоа што се случувало изминативе години пред мене. Но ги гледав документите на Општината и можам за жал да констатирам дека Водно е прва населба на листата на места каде се уплатени комуналии, а не е реагирано. Тоа значи дека изминатата гарнитура собирала комуналии, не ги решавала, не ги презела обврските кои следат за уредување на градежното земјиште. Сепак, тука треба да реагираме и се согласувам дека Водно е проблематично. Се обидувам колку е можно да влеземе во населба која е тешка за пристап – одговори градоначалникот на денешната седница на Советот наменета за советнички прашања.

 

Жерновски доби прашање и од претседавалот на Советот, Мирослав Шиповиќ, кој праша колку пати до сега инспекцијата излегла на терен на Водно и што констатирала.

 

- Дали е сè во ред со градбите кои се изградени и кои се градат. Дали изградените објекти и оние во изградба се во согласност со стандардите?– праша Шиповиќ.

 

Раководителот на секторот за инспекциски надзор во Општината претпостави дека претседавачот зборува за станбениот комплекс „Панорама“ и рече дека последните инспекции од пред четири месеци биле во ред, но дека сега состојбата е полоша.

 

Раководителот на инспекциската служба образложи уште еден проблем на Водно кој неретко се среќава, а кој се однесува на дивите приклучоци на канализационата мрежа. Поради овие нерегулирани проклучоци доаѓа до честите излевања на улиците во Водно и поплави при силни дождови.

 

- Не се почитуваат хидро-техничките услови за приклучок, зградите на диво се приклучуваат и за тоа ги користат приватните дворови. Со градење повеќе згради проблемот ќе се мулптиплицира, ќе се продлабочи, нема да се реши. Се е тоа поради алчноста на инвеститорите. Тие ги користат косините за да добијат кат или два плус – одговори тој.

 

За контроверзниот комплекс „Панорама“ општинските служби одговорија дека се работи на свлечиштата и дека е во тек изградба на три потпорни ѕида, а нарачани се геомеханички испитувања, како и физибилити студија од Градежен факултет.




Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


 

]]>
true
<![CDATA[Трајановски го викна Жерновски да се договорат кој што ќе реновира]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153726/Trajanovski-go-vikna-Zhernovski-da-se-dogovorat-koj-shto-kje-renovira http://www.plusinfo.mk/vest/153726/Trajanovski-go-vikna-Zhernovski-da-se-dogovorat-koj-shto-kje-renovira 2014-10-08 16:05:18 Има многу згради коишто градот Скопје ги нема во својата програма, па може таму да гради и да прави фасади општина Центар, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, по прозивката од првиот човек на Општина Центар, Андреј Жерновски, Градот да ја преземе фасадната реконструкцијата на задната, а Општината на предната страна од објектите на улица Македонија.



Трајановски го повика Жерновски на средба да се договорат околу фасадните проекти и да престане препукувањето во медиумите кое почна откако станарите од една зграда на улица Македонија се изјаснија дека се против барокното идејно решение кое им го предлага Градот.

 

- Јас искрено жалам што на овој начин комуницираме со градоначалникот Жерновски бидејќи јас како градоначалник на Градот Скопје имам обврска еднаш месечно да ги свикам градоначалниците на општините на координативно тело, но веќе подолго време градоначалникот Жерновски не присуствува на тоа тело. Би го повикал градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, да не се препукуваме преку медиуми, туку да дојде да разговараме и да договориме соработка како што градот Скопје нуди поддршка на сите општини, па така подготвен е да помогне и на општината Центар - изјави Трајановски.

 

Писмото кое граѓаните го обелоденија преку медиумите, потпишано до градоначалникот и во кое се бара нивна согласност за фасадната реконструкција, Трајановски вели дека било испратено со цел да ги информира станарите. Тој поставува и ултиматум до граѓаните велејќи дека е неизвесно дали во идина Градот би имал средства да инвестира во фасадата.



- Градот Скопје, ние, ниту ги присилуваме, ниту ги принудуваме граѓаните да прифатат изградба на фасада, па доколку поголемиот број се изјаснат дека не сакаат фасада на зградата, Градот нема да ја прави – рече тој.



Од Градот денеска ги потврдија тврдењата на Жерновски дека договорот меѓу градските и општинските власти да се подели работата на предната и задната страна од фасадите, бил усмено направен договор и не постои документ кој го оврзува градоначалникот на Центар.



- Врз основа на добрата меѓуопштинска соработка, меѓу Општината Центар и Град Скопје, вербално беше договорено Градот да го обнови предниот дел на фасадите, а Општината да ја обнови задната. Значи во сите наши реакции никаде не велиме дека е потпишан или склучен писмен договор, туку дека е договорено – велат од таму.



Препукувањата меѓу двајцата градоначалници можат да ги пресечат само граѓаните на објектот на спорните станбени згради на улица Македонија кои треба наредниот период да одлучат дали ќе го прифатат предлогот на Град Скопје, или ќе побараат од Жерновски, Општината да ја спроведе фасадната обнова. 



Доколку склопат договор со Жерновски, зградата би се реконстуирала во целост, и од предната и од задната страна, би добила енергетско ефикасна облога од двете страни и би го задржала сегашниот архитектонски изглед. 

 



Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Почна изградбата на новата градинка во Центар]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153710/Pochna-izgradbata-na-novata-gradinka-vo-Centar http://www.plusinfo.mk/vest/153710/Pochna-izgradbata-na-novata-gradinka-vo-Centar 2014-10-08 14:47:28

По 40 години, во општина Центар денеска беше означен почетокот на изградба на нова градинка. Старата, дотраена и нефункционална градинка, со мали простории и без неопходните услови на децата, заминува во историјата.


Новиот современ објект ќе се гради на местото на дотраените бараки, кои имаат азбестни радиоактивни ѕидови, руинирани подови, искршена опрема и кујна која одамна го отслужи своето. Новиот објект е на бруто површина од 2.677 м2 и нето површина од 2.155 м2.


Градинката ќе може да прими 180 деца, ќе биде обезбедена звучна заштита меѓу просториите, а во изградбата ќе се користат современи градежни материјали. Кујната ќе биде современа, според ХАСАП стандардите и ќе произведува 500 оброци дневно, за децата од матичната градинка и за двата клона.
- Градинката ќе има енергетско ефикасна фасада, во дворот ќе има реквизити за играње, многу зеленило и цвеќе, нешто што е и заложба на општина Центар. Ова ќе биде најубавата градинка која ќе ги подигне критериумите за тоа во какви услови треба да растат нашите деца - рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.


Децата од градинката и градоначалникот заедно ја пресекоа црвената лента, а вработените од Гранит го означија стартот на изградбата на новата градинка.

- Градинката е целосно финансирана од општина Центар. Посебна благодарност до градоначалникот Андреј Жерновски, советниците и сите оние кои придонесоа да се реализира овој проект за да можат овие најмали душички да престојуваат во убава и современа градинка. Ова е најисплатлива инвестиција - изјави директорката на градинката „Кочо Рацин“, Елеонора Ангелеска.

 


Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[ГТЦ нема да добие куполи, но скулптурите и античките столбови остануваат]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153674/GTC-nema-da-dobie-kupoli-no-skulpturite-i-antichkite-stolbovi-ostanuvaat http://www.plusinfo.mk/vest/153674/GTC-nema-da-dobie-kupoli-no-skulpturite-i-antichkite-stolbovi-ostanuvaat 2014-10-08 12:14:11 Отстранети се трите куполи од идејното решение за фасадна промена на Градскиот трговски центар. Сепак останува планот објектот, чија реконструкција ќе почне на пролет следната година, целосно да се затвори и да добие барокен архитектонски стил, со скулптури и антички столбови.

 

Директорот на Трговскиот центар Аго Абазовски вели дека новата промена нема да го наруши вклопувањето на објектот во проектот "Скопје 2014".

 

-Изведбениот проект треба да биде готов за десетина дена. Од она што успеав да видам, тој е речиси идентичен на идејното решение, само ги нема куполите. Откако ќе биде готов, ќе се направи проценка на фактичката состојба на Трговскиот центар, по што ќе знаеме колку ќе чини реновирањето. Потоа ќе биде распишан тендер за изведувач, што значи дека градежните работи би почнале в година напролет - вели Абазовски за „Вест“.


Директорот посочува на нов план за извор на инвестицијата. Досега се шпекулираше дека реконструкцијата на ГТЦ ќе ја плати Владата со средства од државниот буџет, но постои можност проектот да се реализира со приватен партнер. Како што објаснува Абазовски за весникот, приватниот инвеститор би го реконструирал објектот на свој трошок, а за возврат би го добил третиот кат за користење во наредните 25 години.


Идејното решение за барокно ГТЦ е инаку на авторите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов.



Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[ Дел од улицата Скупи ќе добие нов водовод]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153668/-Del-od-ulicata-Skupi-kje-dobie-nov-vodovod http://www.plusinfo.mk/vest/153668/-Del-od-ulicata-Skupi-kje-dobie-nov-vodovod 2014-10-08 11:47:07

Денеска почна изградбата на новата водоводна мрежа по дел од улицата Скупи, во Злокуќани, општина Карпош. 


Со ова се очекува околу 2.000 жители во овој дел од градот да добијат поквалитетно водоснабдување затоа што со новата мрежа ќе се овозможи циркулациско движење на водата. Ќе се вградат полиетиленски цевки со профил Ф 110 милиметри, во должина од 293 метри. Градежните работи се очекува да завршат за 20 работни дена. 

В.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Бојан Василевски, нагласи дека новата водоводна мрежа ќе ја градат екипи на јавното претпријатие и таа ќе чини околу 4,5 милиони денари.





Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо





]]>
true
<![CDATA[Без струја утре Илинденска, Ќерамидница и улици во Ѓорче Петров и Гази Баба]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153582/Bez-struja-utre-Ilindenska-Kjeramidnica-i-ulici-vo-Gjorche-Petrov-i-Gazi-Baba http://www.plusinfo.mk/vest/153582/Bez-struja-utre-Ilindenska-Kjeramidnica-i-ulici-vo-Gjorche-Petrov-i-Gazi-Baba 2014-10-07 15:46:58 Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, информира дека утре без струја ќе останат:

 

во време од 12 до 15:30 часот дел од корисниците од улиците Тиранска и Шарпланинска.

 

во време од 9 до 15 часот корисниците од бул. Илинден од бр. 94 до 104.

 

во време од 9 до 13 часот корисниците од ул. Романска.

 

во време од 9 до 15 часот дел од корисниците од улиците Јадранска, Арсение Јовков, 4 Јули, Мечкин Камен и дел од ул. Ѓорче Петров.

 

во време од 8:30 до 14:30 часот корисниците од улиците 511, 512, 513, 519, ул. Перо Наков и нас. Ќерамидница.

 

во време од 9 до 15 часот корисниците од ул. 1, 2, 3, 4, и 5 во с. Грчец.

 

во време од 8 до 12 часот корисниците од ул. бр. 1 во с. Горно Соње – нас. Коштан.

 

во време од 11 до 14 часот корисниците од ул. Димитар Благоев.



Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Трајановски: Јавете му се на Тодоровиќ да ви каже што сме се договориле!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153579/Trajanovski-Javete-mu-se-na-Todorovikj-da-vi-kazhe-shto-sme-se-dogovorile http://www.plusinfo.mk/vest/153579/Trajanovski-Javete-mu-se-na-Todorovikj-da-vi-kazhe-shto-sme-se-dogovorile 2014-10-07 15:37:23 Ако навистина имате желба да направите нешто во општината тоа може да го сторите, зашто на подрачјето на општината Центар има голем број нерешени проблеми што се во надлежност на Општината Центар. Но, едно е јасно, Општината Центар не почнува со Вас. Ги повикуваме сите медиуми да се обратат до Владимир Тодоровиќ, претходниот градоначалник на Општината Центар за да појасни дали кога тој бил градоначалник било договорено Градот Скопје да ги обновува предните страни на фасадите од објектите во центарот, а Општината Центар да ги обнови задните страни од фасадите, за да се разреши оваа дилема.

 

Тоа го порачува Град Скопје во одговор на денешната прес-конференција на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, кој како несериозен предлог го оквалификува предлогот од вчерашното соопштение на Град Скопје со кој градските власти бараат од Општина Центар да учествува во фасадната обнова на зградите на улица Македонија така што Општината би инвестирала во задната страна од објектите кои Градот не планира да ги опфати.

 

Во соопштението од Град Скопје се вели и дека сите подготовки за реновирање на предните страни на фасадите ги завршил, додека Општина Центар не сторила ништо досега за да може да почне со таков проект.

 

„Градот Скопје ги има почнато и во најголем дел завршено сите законски постапки што се потребни за реконструкција на фасадите на објектите во строгиот центар на градот почитувајќи ги принципите на енергетска ефикасност, направени се проектите, направена е ревизија на тие проекти, обезбедени се финансиски средства за реконструкција на фасадите и спроведени се јавни набавки за избор на изведувач. Прашањето што сакаме да Ви го поставиме е – Што од овие постапки има завршено општината Центар па што со толкава одлучност сака да реконструира фасади на објектите во строгиот центар“, пишува во соопштението од Град Скопје.

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Жерновски: Ние ќе ги обновиме предните фасади, Трајановски нека ги земе задните]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153559/Zhernovski-Nie-kje-gi-obnovime-prednite-fasadi-Trajanovski-neka-gi-zeme-zadnite http://www.plusinfo.mk/vest/153559/Zhernovski-Nie-kje-gi-obnovime-prednite-fasadi-Trajanovski-neka-gi-zeme-zadnite 2014-10-07 14:12:43 Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, го толкува како несериозен предлогот од вчерашното соопштение на Град Скопје со кој градските власти бараат од Општина Центар да учествува во фасадната обнова на зградите на улица Македонија така што Општината би инвестирала во задната страна од објектите кои Градот не планира да ги опфати. Жерновски денеска изјави дека тоа никогаш не било официјално договорено меѓу Општината и Градот и дека попрво би ја презел обновата на предната страна, а при тоа на Градот да му ја препушти задната.



- Се обидов сериозно да ја сфатам таа несериозна изјава од градоначалникот на Град Скопје и денеска проверив дали постои таков пишан документ во оваа Општина, но не постои никаков документ помеѓу претходниот градоначалник на Центар и сегашниот на Град Скопје. Како што разбрав од службите се работи за усен договор кој е направен за време на избори и тој по никоја основа не може да важи за мене. Сакам да потенцирам дека Општина Центар не ги дели фасадите на предна и задна страна, туку комплетно влегуваме во објектите и ги решаваме целосно, затоа што само така целосно средени можат да го обезбедат она на што инсистираме, а тоа е енергетска ефикасност – изјави градоначалникот.


Тој додаде дека не може да ја сфати логиката реновирањето да се спроведе само на задната страна и при тоа да се обезбеди енергетска ефикасна фасада која ќе ја задржува топлината и ќе ги намалува при тоа сметките за греење. На прашањето дали Општината може да ги услиши барањата на повеќето граѓани за фасадна реконструкција, тој рече дека сите граѓани ќе наидат на разбирање, но дека општинскиот буџет е ограничен.

- Ќе наидат на разбирање за сè што можеме да исполниме. Јас сакам финансиски да парирам на градот, во превод „на државата“, но не можам и должни сме да реагираме на овие напади кои се случуваат. Ако веќе предлагаат соработка, тогаш можеме да ги правиме предните, а тие да ја опфатат задната страна од објектите со енергетска ефикасност – подвлече тој. 

 



Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[На новиот паркет учениците од „Коле Неделковски“ играа против кошаркарите на „Работнички“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153558/Na-noviot-parket-uchenicite-od-Kole-Nedelkovski-igraa-protiv-kosharkarite-na-Rabotnichki http://www.plusinfo.mk/vest/153558/Na-noviot-parket-uchenicite-od-Kole-Nedelkovski-igraa-protiv-kosharkarite-na-Rabotnichki 2014-10-07 13:55:12 Интересен „дуел“ се случи денеска во фискултурната сала на основното училиште „Коле Неделковски“ - на новиот паркет во објектот кој го реконструираше Општина Центар основците играа кошарка против членовите на Кошаркарскиот клуб „Работнички“.

 

Салата доби нова подлога и нов дабов паркет, кој гарантира долготрајност , функционалност и квалитет. Сега подовите се направени по сите светски стандарди за подови во фискултурни сали, велат од Општина Центар.

 

- Наставата по физичко образование мора да биде квалитетна и затоа во сите седум основни училишта на територија на Центар, ќе работиме на подобрување на условите. Сакаме во сите училишта да создадеме услови учениците да станат спортски ѕвезди, исто како играчите на КК Работнички - рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

 

Учениците од училиштата во општина Центар ќе добијат и свои дресови, а општината ќе организира спортски игри.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Писмо на граѓаните од улица Македонија до Коце Трајановски]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153539/Pismo-na-gragjanite-od-ulica-Makedonija-do-Koce-Trajanovski http://www.plusinfo.mk/vest/153539/Pismo-na-gragjanite-od-ulica-Makedonija-do-Koce-Trajanovski 2014-10-07 12:38:53 По вчерашното соопштение од Град Скопје со кое се бара од градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, да ја преземе реконструкцијата на задната страна од фасадите на улица Македонија, денеска со реакција се јавија граѓаните од овој објект кои, велат, се револтирани од односот на градските власти.

 

По сè изгледа оваа зграда ќе одолее на барокната преобразба која ги зафаќа зградите од центарот на градот. Станарите од овој објект го отфрлаат барокниот изглед кој им го налага Градот и можеби ќе побараат од Општина Центар да ја спроведе реконструкцијата така што ќе биде зачуван изворниот изглед, а ќе биде опфатена и задната страна од објектот. Станарите со соопштение до медиумите денеска му се обратија на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Писмото кое го објавуваме интегрално, е потпишано од Владимир Вангелов.

 

„Непријатно сме изненадени од некоректниот и понижувачки однос од страна на Град Скопје и градоначалникот Коце Трајаноски. Тие во својот демант изнесуваат неколку крајно спорни тврдења. Најпрво, за нас е потполно нејасно како нашата фасада би била реконструирана парцијално од страна на Градот, оставајќи остатокот да биде реконструиран од Општината, ако се знае дека зградата претставува една целина и заеднички простор за живеење. Не дозволуваме нашата зграда да биде простор за пазарење и натегање меѓу двете единици на локалната власт и имаме потполно право да го бараме она што е најдобро и најцелисходно за нас како заедница и граѓани. Во наш интерес е да добиеме целосно, сеопфатно решение за фасадата, модерен изглед и енергетска ефикасност. Градот Скопје не го нуди ова, а ние немаме намера да правиме циркус од нашата зграда. Ние сме сопственици на нашите станови и нашата волја и нашиот интерес треба да бидат неприкосновени.


Второ, начинот на којшто нѝ се обратија од Град Скопје го сметаме за крајно несоодветен. Во писмото буквално ни се сугерира дека треба да одлучиме онака како што тие замислиле, иако и самите признаваат дека веќе еднаш сме го одбиле нивното решение. Понатаму, во нивниот демант велат „според наши информаци, во одредени згради има станари кои воопшто не биле прашани за потребата од рекоинструкција на фасадата“. Се поставува прашањето какви се тие информации, со оглед на тоа што во самото известување од Градот стои „Бидејќи поголемиот број станари не се согласуваат да ви ја изградиме фасадата, истата нема да може да ја реализираме“, што значи тие се свесни дека граѓаните се запознаени со нивната понуда и мнозинството веќе се изјасниле дека не ја прифаќаат.


Понатаму, на известувањето од Град Скопје рачно се испишани името и телефонскиот број на службеникот од Градот со кого ние би требало да контактираме во врска со фасадата. Ова е крајно несоодветно и непрофесионално. Самиот начин на комуникација е крајно спорен. Дали секој граѓанин би требало поеднично да се јави кај службеникот од Градот и како ќе се има увид во тоа колку граѓани се изјасниле позитивно, а колку негативно?! Известувањето е испратено циркуларно и е адресирано до станарите, наместо до сопствениците, а не се прави разлика меѓу двата влеза од нашата зграда кои имаат посебни куќни совети и се одвоени правни лица. Ние уште еднаш истакнуваме дека ова го сметаме за суптилна закана кон граѓаните и обид да ни се наметне решение кое веќе еднаш сме го одбиле.


За крај, самиот предлог за фасадата е потполно нејасен. На известувањето беше прикачен цртеж, црно-бел и во исклучително мал формат од којшто не може да се види ама буквално ништо. Згора на тоа, од Градот немаат доставено никаков елаборат или документ каде ќе бидат наведени материјалите кои ќе се користат, периодот кога би се вршело реновирањето, како и евентуалните трошоци за нас кои би произлегле од постапката.“

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Опозициските советници бараат Трајановски да каже како ќе го „чисти“ воздухот ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153535/Opoziciskite-sovetnici-baraat-Trajanovski-da-kazhe-kako-kje-go-chisti-vozduhot- http://www.plusinfo.mk/vest/153535/Opoziciskite-sovetnici-baraat-Trajanovski-da-kazhe-kako-kje-go-chisti-vozduhot- 2014-10-07 12:05:31  

Советничката група на „Сојузот на иднината“, во пресрет на зимата, бара скопскиот градоначалник Коце Трајановски итно да изготви Информација за краткорочни и долгорочни конкретни мерки и активности кои ќе ги преземе градот за  ублажување на алармантнта состојба предизвикана од загаденоста на воздухот во градот Скопје, имајќи предвид дека Скопје е еден од најзагадените градови во Европа. 

 

Советник во Советот на град Скопје, Зоран Шапуриќ, претседател на Градската организација на ЛДП, кој ја побара информацијата за загадувањето на амбиентниот воздух во градот Скопје, вели дека на седницата на која ќе се расправа за информацијата, треба да бидат поканети и претставници на Управата за животна средина и на Државниот инспекторат за животна средина, како и на Институтот за јавно здравје. 

„Бараме во информацијата посебно да се стави акцент на следниве прашања: Како ќе се зајакне инспекцискиот наздор во градот Скопје, во насока на намалувања на сите видови на загадувања на воздухот; како ќе се интензивира соработката на градоначалникот на град Скопје со надлежните државни органи за надминување на неповолните состојби на загадувањето на воздухот во градот Скопје, особено во насока на контрола на загадувањето продуцирано од големите индустриски објекти, како што е „Макстил“; како ќе се интензивира надзорот над изведување на градежните работи кои влијаат на загадувањето на воздухот и под кои услови ќе се забрануваат градежните активности во градот во состојби на енормно загдување; како ќе се ограничува режимот на движење на тешки товарни возила и градежни машини во услови на енормно загадување на водухот; кои мерки и активности во соработка со надлежните државни органи ќе ги преземе градот за заштита на најранливите категории на население како што се децата, возрасните и хронично болните; дали градот планира воведување на стимулативни мерки за моторните возила што користат природен гас или метан“, се наведува во барањето на опозициските советници.

 

 

Од Градот се бара одговор и за тоа, дали во услови на енормно загдување на воздухот градот Скопје ( по примерот на некои европскии метропли како што е Париз), ќе воведе режим на целосен бесплатен јавен превоз и мерки за ограничување на движења на возила во одредени делови на градот каде загадувањето е најкритично и дали градот планира во иднина за градската администрација, за јавните претпријатија, јавните установи, служби и други институции да врши набавака на возила со исклучиво високи еколошки стандарди за сите служби,установи и јавни претпријатија. 

 

 

Исто така, во информацијата, за која се бара да ставен на дневен ред на наредната седница на Советот на Град Скопје, опозициските советници бараат градот да им одговори дали конечно ќе отпочне со изградба на подземни сообраќајници во градот Скопје.

 

 

Подготви: Ј.А.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

 

]]>
true
<![CDATA[Град Скопје: Жерновски нека ги прави задните фасади, ние предните ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153445/Grad-Skopje-Zhernovski-neka-gi-pravi-zadnite-fasadi-nie-prednite- http://www.plusinfo.mk/vest/153445/Grad-Skopje-Zhernovski-neka-gi-pravi-zadnite-fasadi-nie-prednite- 2014-10-06 15:25:34 По можноста градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, да се вмеша во реконструкцијата на станбени објекти во улица Македонија и на тој начин да застане на патот на барокот, Град Скопје му порачува дека доколку сака да учествува во обновата на фасадите, тогаш тоа може да го стори на задната страна од објектите која ќе остане недопрена.

„Сакаме да му предочиме на градоначлникот Андреј Жерновски дека доколку тој сака да реконструира фасади, во општината Центар има доволно објекти на кои им е потребна реконструкција. Или, доколку сака, може да ги реконструира задните страни од фасадите што веќе ги обнови Градот Скопје и да го исполни својот дел од договорот“, посочуваат од таму.

Како што велат од Град Скопје, проектот за фасадна обнова е почнат од периодот на поранешната гарнитура во Центар кога градоначалник беше Владимир Тодоровоќ. Тогаш било договорено Градот да инвестира во предната страна од зградите, а Општината во задната.

„Градот Скопје сака да нагласи дека проектот за реконструкција на фасадите во централното градско подрачје е почнат пред неколку години кога градоначалник на општината Центар беше Владимир Тодоровиќ. Уште на почетокот на овој проект беше договорено Градот Скопје да го обнови предниот дел на фасадите, а Општината Центар да ја обнови задната страна. Зошто општината Центар, откако Жерновски е на градоначалничката функција, не го прифаќа тој договор и не ја продолжува реконструкцијата на задните страни од реконструираните фасади, не знаеме да одговориме“, пишува во реакцијата од Градот.

Од таму велат дека не вршат притисок врз станарите кои живеат во овие згради, туку испратените писма до нив се со цел граѓаните да бидат информирани за проектот.

„Истото писмо е испратено со цел сите станари во зградите да го искажат своето мислење за предложената реконструкција на фасадата. Според наши информаци, во одредени згради има станари кои воопшто не биле прашани за потребата од реконструкција на фасадата“, додаваат од таму.

 



Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Жители на улица Македонија бараат спас од барокот кај Жерновски]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153430/Zhiteli-na-ulica-Makedonija-baraat-spas-od-barokot-kaj-Zhernovski http://www.plusinfo.mk/vest/153430/Zhiteli-na-ulica-Makedonija-baraat-spas-od-barokot-kaj-Zhernovski 2014-10-06 14:25:52 Жителите на две згради на улица Македонија не се задоволни од планот да добијат барокна фасада и денеска на средба со градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, побараа Општината да интервенира во преписката која ја имаат со Град Скопје. Градот планира реконструкција на сите објекти од оваа улица, на тој начин што би се опфатила само предната страна, иако задната е во руинирана состојба. Со новата фасада зградите би добиле енергетско ефикасна заштита, но повторно само од предната страна, а граѓаните се прашуваат дали е тоа целисходно.


- Сакаме енергетски ефикасна фасада, но не барокни кулиси кои се расипништво, сакаме реконструкцијата да биде изведена во интерес на граѓаните и во наш интерес. Затоа се обративме до градоначалникот, Андреј Жерновски, со барање да изгради прифатлива фасада. Претходно разговаравме со Градот, но не се нуди тоа што е од наш интерес. Имаме писмо потпишано од градоначалникот Коце Трајановски во кое тој бара согласност од секој станар поединечно затоа што неговиот предлог не е прифатен – вели Владимир Вангелов, кој живее во една од зградите на улица Македонија.



Во дописот од Град Скопје се бара од граѓаните за 10 дена да го известат Градот дали го одобруваат или не новото идејно решение. Поголемиот број станари се против одлуката нивните згради да добијат барокен изглед. Станува збор за зградите на двата краја од улица Македонија, онаа лево од спомен куќата на Мајка Тереза и зградата во која се наоѓа „Плеј кафе“.

По средбата со незадоволните станари, Жерновски изјави дека е потребно прво граѓаните да достават барање до Општината за фасадно реновирање. Во тој случај, посочи, Општината ќе им излезе пресрет, а при реконструкцијата би се задржал изворниот изглед на објектот.



- Спремни сме како Општина да влеземе во посочената зграда и да интервенираме во фасадата според програмата која ја водиме за енергетско ефикасни фасади. Такви фасади до една третина би ја намалиле сметката за енергија, но за да постигнете целосна енергетски ефикасна зграда треба да ја направите од сите страни, а не само од предната. Како кај сите осум фасади кои ги обновивме до сега, и овде фасадата би го задржила изворниот изглед. Ние не го менуваме изгледот, само ги реновираме затоа што почитуваме како изгледаат. Особено овде е битно тоа затоа што тука имаме споменична целина и тоа е дополнителен мотив да ја запазиме оригиналната фасада – изјави Жерновски.



Како што велат граѓаните, барокната фасада е причина зошто не го прифаќаат предлогот од Град Скопје. Сметаат дека треба практично да се искористуваат народните пари. 



- Во ова писмо од Градот гледаме суптилен политички притисок. Четири пати веќе се прегласуваме за ова идејно решение. Бараме помош од сите. Дајте ни како станари да можеме да одлучуваме како сакаме и како ни е поубаво. Наш интерес е да имаме енергетски ефикасна фасада, објектот во кој живеам ми е мене убав и е дел од мојата сопственост – порача Вангелов.

 

Фото: Идејното решение што Град Скопје го планира за објектот до спомен куќата на Мајка Тереза



Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

]]>
true
<![CDATA[Булеварот Крсте Мисирков ќе добие нов тротоар во должина од 440 метри]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153390/Bulevarot-Krste-Misirkov-kje-dobie-nov-trotoar-vo-dolzhina-od-440-metri http://www.plusinfo.mk/vest/153390/Bulevarot-Krste-Misirkov-kje-dobie-nov-trotoar-vo-dolzhina-od-440-metri 2014-10-06 12:21:35
Денеска почна реконструкцијата на пешачката и велосипедска патека на булеварот Крсте Мисирков од страната на трговскиот центар „Мавровка“, на потегот од крстосницата со булеварот Гоце Делчев до почетокот на Бит-пазар, во должина од 440 метри. 


- Овие патеки беа многу оштетени, а сега ќе добијат нов и уреден лик. Со овој зафат ќе се реконструира површина од вкупно 2.750 квадратни метри. Стариот и оштетен асфалт ќе се отстрани, ќе се заменат малите рабници меѓу велосипедската и пешачка патека и оштетените големи рабници и ќе се нанесе нов асфалтен слој. По должината на реконструираната пешачка и велосипедска патека ќе се наместат столбчиња, а ќе се обнови и дрворедот. Градот Скопје за овој градежен зафат ќе потроши околу 2,4 милиони денари, а на терен ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта“ – рече градоначалникот Коце Трајановски. 


Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, пак, истакна дека ова е уште еден во низата успешни проекти на Градот Скопје и на Општината Чаир.





Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо





]]>
true
<![CDATA[ГАЛЕРИЈА Екстремни егзибиции во Скопје]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153328/GALERIJA-Ekstremni-egzibicii-vo-Skopje http://www.plusinfo.mk/vest/153328/GALERIJA-Ekstremni-egzibicii-vo-Skopje 2014-10-05 19:16:42


Заврши првиот меѓународен турнир во екстремни спортови - Скопје 2014, кој се одржа вчера во новиот скејт парк на кејот на Вардар.


Првото место од категоријата скејтери го освои Иван Марас од Хрватска, второто Илин Колевски од Македонија, а трет беше Далибор Дугоњиќ од Хрватска.


Во категоријата БМХ на првите три места се пласираа: Игор Вукадиновиќ од Хрватска, Христо Илиев од Бугарија и Даниел Ангелов од Македонија.


Најдобрите тројца на ролерки беа Стеван Божиќ од Србија, Димитар Ристовски и Александар Кикирковски од Македонија.

На првиот Меѓународен турнир во екстремни спортови Скопје 2014, учествуваа возачи од Македонија, Хрватска, Србија, Косово и Велика Британија и тоа 17 скејтери, 15 ролерџии и 20 возачи на БМХ велосипеди. Судиите дојдоа од Словенија, а еден од најдобрите судии беше Изток Суматич, којшто е судија и на Олимписките игри за екстремни спортови.


Наградниот фонд за турнирот изнесуваше 1.050 евра. По 200 евра за прво, 100 евра за второ и по 50 евра за трето место во трите категории.



Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо





]]>
true
<![CDATA[ГАЛЕРИЈА Бела ноќ во Скопје по 10. пат]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153281/GALERIJA-Bela-nokj-vo-Skopje-po-10-pat http://www.plusinfo.mk/vest/153281/GALERIJA-Bela-nokj-vo-Skopje-po-10-pat 2014-10-05 12:48:24 Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, синоќа во галеријата Даут пашин амам ја прогласи за отворена традиционалната, 10-та по ред „Бела ноќ 2014“, којашто траеше до раните утрински часови на многу локации низ градот. 

- Ми претставува огромна чест и задоволство што вечерва сум овде со вас на 10-тата традиционална „Бела ноќ“ 2014. Овој мал јубилеј, ќе го одбележат десет музички настани, 10 ликовни изложби, а на многубројните перформанси што вечерва ќе го раздвижат Скопје, ќе учествуваат уметници од 10 земји од светот - рече Трајановски.


Директорот на организаторот на „Бела ноќ“, Младинскиот културен центар-Скопје, Златко Стевковски, им се заблагодари на сите граѓани и учесници коишто биле дел од организацијата и реализацијата на оваа манифестација, којашто своите скромни почетоци ги имаше на почетокот на месец октомври далечната 2005-та година.


Бела ноќ 2014 почна во Националната галерија Даут пашин амам, каде што беше организирана изложба насловена како „Еден век (Ретроспектива)“ од раѓањето на Василие Поповиќ – Цицо, основоположник на македонската сценографија, карикатурист и сликар. Изложбата за отворена ја прогласи, професеорот и режисер Љубиша Георгиевски. 


Како и во изминатите години, така и оваа „Бела ноќ“ се одвиваше на многу локации низ градот. Во Младински културен центар (Галерија МКЦ) беше поставена инсталацијата Бело за Бела ноќ на Атанас Атанасов, Музејот на современата уметност се претстави со постојаната поставка Солидарноста-Недовршен проект?, Галерија Арте со Боите на Македонија, Музеј на град Скопје со изложбата Средновековен фреско-живопис, Галерија 3М со Изборот на Галерија ЗМ, Галерија Грал со изложбата Во срцето на Балканот – Раката гледа, излoжба на Глигор Чемерски по повод неговото прогласување за почесен член на Руската академија на уметности, Дом на културата „Кочо Рацин“ (Голем салон) Патишта (на Балканот), изложба на Балканската група Турборенесанса, Културно-информативен центар (Изложбен салон Империјал1) Надреазлизам, изложба на Спасе Куновски,Благоја Николовски и Кирил Ефремов и Галерија 8, во која за посетителите ќе биде поставена групна изложба, а сите настани ќе бидат бесплатни и отворени за сите љубители на уметноста.


И годинава во Градското кино Милениум сеодржа 24-часовниот филмски маратон на најпознатите и најактуелни хитови од седмата уметност.

 

На многу локации низ централното градско подрачје беа поставени и 10 музички сцени каде многубројната публика можеше да слушне рок, џез, хип-хоп, хеви метал музика, а уметниците потекнуваа од сите страни на светот: Јапонија, Велика Британија, Франција, Австрија и речиси од сите земји на Балканот.



Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо



 

]]>
true
<![CDATA[Љубчо Георгиевски ќе гради хотел во барок на Кале?]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153262/Ljubcho-Georgievski-kje-gradi-hotel-vo-barok-na-Kale http://www.plusinfo.mk/vest/153262/Ljubcho-Georgievski-kje-gradi-hotel-vo-barok-na-Kale 2014-10-05 11:22:22
Експремиерот и претседател на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, е главниот инвеститор за планираниот нов хотел во барок под Кале, објави Алсат-М


Ова е заклучокот од истражувањето на Алсат-М за тоа која е фирмата ГМ Инвест Груп, која во вторникот победи на аукцијата за атрактивната парцела со понуда од 44 евра за квадрат.


Како што пишува медиумот, повикувајќи се на документи од Централен регистар, фирмата купувач ГМ Инвест Груп од Струмица е во целосна сопственост на АМГ ЕДИЛХА, која е во сопственост на лице од селото Секирник, Босилово, но има и содружник а тоа е фирмата ВИП Проект од Скопје. 


Сопственик на ВИП Проект, пак, пишува Алсат-М, е физичкото лице Љубчо Георгиевски, чиј матичен број кореспондира со денот, месецот, годината и местото на раѓање на поранешниот премиер.

 




 

]]>
true
<![CDATA[ГАЛЕРИЈА Средношколците покажаа дека можат без компјутери]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153228/GALERIJA-Srednoshkolcite-pokazhaa-deka-mozhat-bez-kompjuteri http://www.plusinfo.mk/vest/153228/GALERIJA-Srednoshkolcite-pokazhaa-deka-mozhat-bez-kompjuteri 2014-10-04 19:33:54 Во Градскиот парк во Скопје од 10 до 13 часот денеска, во организација на ЗГ СФЕРА Скопје и со поддршка на Град Скопје, под слоганот „Заедно во природа“ се одржаа Средношколските игри 2014, манифестација за ученици од средните училишта на Град Скопје.

 

Проектот што вклучуваше крос, натпревари во знаење, уметнички вештини- цртање и фотографирање, ориентација, еколошки-зелени игри, забава... има за цел да ги поттикне средношколците да развијат свесност за потребата и неопходноста од нивен редовен престој во природа со цел подобрување и унапредување на нивното психофизичко здравје.

 

На еднодневните игри учествуваа 300 ученици - натпреварувачи, наставници, директори, комисии, претставници на државни институции и компании, но и останати ученици, родители, гости, посетители на Градскиот парк.

 

Од настанот учениците испратија порака за поттикнување на здрав живот и почесто движење во природни средини, толеранција и заедништво меѓу младите како иднина на општеството, и ширење позитивни искуства и мисли со своите врсници.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true