Вести од рубриката: СОВЕТИ ОД ЛЕКАР http://www.plusinfo.mk/style/images/logo.jpg +Инфо http://www.plusinfo.mk http://www.plusinfo.mk RSS вести од рубриката: СОВЕТИ ОД ЛЕКАР 2012-08-27 10:12:37 en-us <![CDATA[Имајте блескава насмевка ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/54085/Imajte-bleskava-nasmevka- http://www.plusinfo.mk/vest/54085/Imajte-bleskava-nasmevka- 2012-08-27 10:12:37 Сте се соочиле ли со ситуација каде сте биле поздравени,а не сте можеле да возвратите со насмевка бидејќи не сте се чувствувале пријатно заради состојбата на вашите заби? Белите заби се од голема помош и во социјалниот живот. Убавата и бела насмевка е секогаш предност за сите оние во потрага по партнер. Мажите со бели заби се секогаш добри придружници, додека жените со убави и бели заби се секогаш навистина многу привлечни. Не изненадувајте се доколку се стекнете со многу нови пријателства откако ќе ги избелите забите.
Белите заби долго време се сметаат за пријатели на убавината и доброто здравје. Луѓето со бели заби имаат поголема самодоверба и почесто се смеат.
Египќаните биле првите кои користеле паста за заби направена од измелени тревки и оцет. Римјаните,од друга страна, верувале дека урината ги белее забите и го зачувува нивното здравје. Најчестите форми на дисколорација на забите се: стареење, хемиски оштетувања и пребојување,кое е најчесто резултат од пушење, консумирање кафе, кола пијалаци,чај,сокови со вештачки бои,како и црвено вино, иако и одредени лекови можат да предизвикаат значително пребојување на забите. Напредокот на технологијата условува појава на поголем број решенија за здрава и бисерна насмевка. Професионалното белење на забите е најповолната опција. Дури и луѓето со чуствителни заби можат да се подложат на овој третман.
Од оваа причина, повеќето пациенти се одлучуваат за ласерско белење на забите и покрај другите опции достапни на пазарот, вклучувајќи ги и „направи сам“пакетите. Трошоците за ласерско белење може да се повисоки, но пациентите се одлучуваат за третманот поради краткотрајноста и ефикасноста на процедурата.

Постапка за ласерско белење на забите

Постапката на белење започнува со лесно измивање на устата, отстранување на плакот од линијата на непцето и апликација на специјален гел за нивна заштита. Потоа на предната површина на забите се нанесува професионален гел кој е уникатен по тоа што содржи посебна хемикалија, која му овозможува на ласерот да го постигне максимумот во белењето на забите. Откако ќе се зацврсти гелот, започнува ласерскиот третман на забите. Светлината од зракот може да ги обели забите дури за осум нијанси.
Процедурата на ласерско белење на забите вообичаено трае приближно 1 час. Во екстремни случаи е потребно повторување на третманот до неколку пати, поради длабоките дамки на забите кои се најчесто резултат од тетрациклин или други лекови кои влијаат на бојата на забите. Крајниот резултат е брзо белење на третираниот предел, чија белина трае подолго од онаа добиена со традиционалните методи на белење. Уште една предност на ласерското белење на забите е тоа што ласерот може да се насочи на конкретна дамка (која е проблематична за белење), без притоа третманот да ги зафати сите заби во устата.

Чуствителни заби
Чуствителноста на забите е честа појава. За разлика од другите опции за белење на забите, овој третман е еднократен и затоа претставува најприфатлива опција за лицата со чуствителни заби.
Ласерското белење на забите е безболно, брзо и неагресивно.
Белите и убави заби не може да се заменат. Важноста на белата и убава насмевка не треба да се потцени. Следните ситуации објаснуваат зошто.
Белите заби нудат олеснување на секојдневните социјални и деловни односи. Треба да завршите одредена работа? Моќта на белата насмевка влијае на успехот во поставената цел. Доколку ви е потребна услуга, насмевката често е од голема помош. Секако, не посочуваме дека животот е тежок без чисти и бели заби, но третманите за избелување денес не чинат многу. Затоа, зошто да не ги избелите забите и да го решите проблемот со дамките?

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

]]>
true
<![CDATA[Порцелански ламинати за совршен изглед на забите]]> http://www.plusinfo.mk/vest/51428/Porcelanski--laminati-za-sovrshen-izgled-na-zabite http://www.plusinfo.mk/vest/51428/Porcelanski--laminati-za-sovrshen-izgled-na-zabite 2012-07-30 12:24:19 Порцеланските ламинати се прават индивидуално за секој пациент  и се поставуваат преку забите со цел да се подобри нивниот изглед и да се корегира какво и да е оштетување или деформација. Тие можат драстично да ја изменат насмевката на луѓето и да им помогнат во градењето на поголема самодоверба. Во 20-те и 30-те години од минатиот век, актерите и другите јавни личности правеле се, заменувајќи ги забите со вештачки, само за да имаат подобра насмевка. За среќа, оваа радикална процедура им го отстапи местото на ламинатите, кои претставуваат далеку поестетски и за пациентите покомфорен  пристап. Ламинатите се главниот фактор за блескавите насмевки на холивудските ѕвезди, бидејќи ја имаат моќта брзо да го сменат природниот процес на стареењето на забите. За овие пациенти, ламинатите се исто како лифтингот на лицето. Ламинатите можат да се употребат во решавање на голем број естетски стоматолошки проблеми. Со нив може комплетно да се смени бојата и формата на  забите, да се затвори минимално растојание меѓу забите (дијастема), во одредени случаи да се корегираат неправилности на забите со што би се избегнало носење на протези (брза ортодонтска терапија), помагаат при корекција на поткршени и неправилни заби и создаваат атрактивна и младешка насмевка. Процедурата на ставање ламинати се состои од состружување на тенок дел од надворешниот слој на забот т.е емајлот (0,5 – 0,8 мм), после што се прави модел од забите на пациентот. Тој носи привремени ламинати додека се подготвуваат трајните (неговите. Откако ќе се подготват трајните ламинати, тие се поставуваат на забите. На овој начин забите добиваат поубав изглед и поголема цврстина. Целосната процедура трае една недела.

Ултра тенки порцелански ламинати - естетика без стружење на забите, без болка и без анестезија.
Дали сонувате за нова насмевка? Дали сакате побели, поголеми, помладешки заби? Дали при тоа сте загрижени за стружењето на забите и за отстранувањето на здравата глеѓ од забите? Дали се плашите од болката и анестезијата?  Доколку е така, вие сте кандидат за ултратенките порцелански ламинати кои нудат естетика без стружење на забите, без болка и без анестезија. Нивната дебелина се движи околу 0,2 до 0,3 мм, а целата процедура во нашата ординација трае три дена и се завршува со само две посети. Првата трае само 30 минути, кога точно се поставува индикацијата за овој тип ламинати кои најчесто се користат за корекција на бојата и формата на забите и за затворање на дијастемите (празнини) помеѓу забите. Онаму каде што малформациите се поголеми истите можат да се комбинираат со класичниот метод на препарација, а за идеални резултати секако треба да се земат предвид, таму каде што се потребни,ортодонскиот третман и белеењето на забите како чекор до совршена хармонија и естетика во устата. Потоа се зема отпечаток кој се испраќа во нашата лабораторија каде на единствен начин се изработуваат ултра тенките ламинати. Бидејќи овие ламинати се потенки од класичните,техничката изработка бара скапа технологија, како и повеќе вештина и уметност во креацијата на забниот техничар.

Постигнувањето на вистинската боја е предизвик кај ултра тенките ламинати. Но, сето ова е потребно за да се постигне креација на совршена насмевка.

При втората посета истите се местат, повторно без анестезија и без стружење.

Добра вест е тоа што доколку еден ден посакате да се врати вашата стара насмевка, тоа е можно на многу лесен начин. Едноставно треба да дојдете во нашата ординација и ние безболно ќе ги отстраниме.

Со безметалната керамика, естетската стоматологија се доближи до своето совршенство па неминовно беше следниот чекор во развојот да биде што побезболна и понеинвазивна процедура за нивна изработка и секако главниот императив - да се зачува што повеќе од забната структура која со стружењето неповратно се уништува. Ултра тенките порцелански ламинати се метод на избор, но само кога се правилно индицирани и кога се користи правилна техника за нивна изработка.

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

]]>
true
<![CDATA[КАКО ДА ЈА РАЗУБАВИТЕ НАСМЕВКАТА?]]> http://www.plusinfo.mk/vest/50485/KAKO-DA-JA-RAZUBAVITE-NASMEVKATA http://www.plusinfo.mk/vest/50485/KAKO-DA-JA-RAZUBAVITE-NASMEVKATA 2012-07-23 12:24:08 Секој сака да има убава насмевка. Разубавувањето на насмевката вклучува поправка на поткршени, напукнати или обезбоени заби, поправка на загризот и враќање на мускулите во нормална положба. Разубавувањето може да вклучи каква било комбинација на бели пломби ,порцелански коронки или мостови .

ПЛОМБИ ВО БОЈА НА ЗАБИТЕ/НЕМЕТАЛНИ ПЛОМБИ

Дали се чуствувате непријатно поради златната боја или сребрената, или, пак, сивата боја на пломбите на вашите заби? Дали некои од пломбите кои ги имате се поцрнети? Мислите ли дека тоа е првото нешто што се гледа кога зборувате или се смеете? Не грижете се, не сте единствени, а сето тоа може да се поправи.
Белите пломби, кои се исто така познати и како порцелански или композитни пломби, посебно се направени за да одговараат на бојата на вашите заби. Тие се користат за да се поправат забите или да се пополни нерамнините. Пломбите, исто така, можат да се користат за замена или поправка на старите амалгамски пломби. Порцеланските пломби стануваат есенцијален дел од забот. Тие се приспособуваат на формата на вашите заби и даваат природен изглед, при што преодот помеѓу пломбата и забот е речиси незабележлив. Белите пломби се најдобрата издржлива замена за сребрените пломби. Доколку имате заб кој треба да се поправи или, пак, стара амалгамска пломба која треба да се замени, белите пломби се токму тоа што ви треба за совршена насмевка.

ПОРЦЕЛАНСКИ КОРОНКИ

Дали забите ви се обезбоени? Дали имате поткршени или напукнати заби? Доколку е ова точно, порцеланските коронки се можеби токму она што ви е потребно. Тие се најчесто употребувани во естетската стоматологија. Порцеланските коронки се прават во согласност со формата на вашите заби, а потоа се ставаат и хемиски се поврзуваат. Тие ги прекриваат грдите поткршувања и пукнатини, како и неправилните и искривени заби, а изгледаат толку природно што е речиси невозможно да се разликуваат од природните заби. 

Коронката е задолжителна, доколку забот е оштетен до тој степен да не може да држи пломба. Таа функционира и изгледа исто како природните заби. Доколку забот е истрошен, пукнат или во опасност од пукнување, порцеланската коронка е можното решение на проблемот. Коронките се прават според формата на забот; го покриваат целосно, лежат пријатно на непцето и го заштитуваат забот од понатамошно оштетување. Коронките ги зајакнуваат и заштитуваат забите, а воедно и ја подобруваат насмевката.

МОСТОВИ

Празнините од извадените заби не се само неубава појава, туку можат и да предизвикаат сериозни проблеми. Доколку се извадени еден или повеќе заби од низата, останатите заби можат да почнат да се изместуваат од правилната положба. Ова води до измена на загризот, губиток и на други заби и болести на непцата. Доколку веќе се соочувате со кој било од наведените проблеми, можеби треба да размислите за мостови. Мостот е група на поврзани коронки, а се користи за да се стабилизира загризот, или доколку постојат празнини од изваден заб или заби. Мостот заштитува од понатамошно оштетување на забите и непцата, а во исто време ја разубавува и насмевката. Доколку размислувате за опцијата коронка или мост, ве молиме контактирајте не веднаш за да договориме првична консултација.

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

]]>
true
<![CDATA[Ортодонција за возрасни: Како да го победам бруксизмот?]]> http://www.plusinfo.mk/vest/46607/Ortodoncija-za-vozrasni-Kako-da-go-pobedam-bruksizmot http://www.plusinfo.mk/vest/46607/Ortodoncija-za-vozrasni-Kako-da-go-pobedam-bruksizmot 2012-06-18 16:04:22 Имам болки во мускулите и зглобовите на вилицата - може ли ортодонтот да ми помогне? 

 

Непријатното чувство во мускулите и зглобовите на вилицата многу често се поистоветува со бруксизам, што всушност претставува стружење и крцкање со забите по навика, состојба која се јавува посебно навечер. Бруксизмот е тик на мускулите кој може сериозно да ги истроши забите и да доведе до преоптоварување и траума на зглобовите на вилицата. Хронично и акутно воспалените и болни мускули на вилицата се обично поврзани со бруксизам. Ортодонтот може да помогне да се идентификува овој проблем. Семејниот стоматолог или ортодонт може да ви постави „бајт сплинт“ или „најтгард“ (заштитни шини, со кои би ги заштитиле забите и релаксирале мускулите на вилицата и на тој начин значително би се намалиле првобитните симптоми на болка. Понекогаш, поради структурното оштетување, е потребно да се направи  хируршки зафат на зглобовите на вилицата и/или реставрација на оштетените заби.

 

Семејниот стоматолог ме советуваше дека е потребно да направам ортодонтски третман пред да ми бидат заменети извадените заби - зошто?

Вашиот стоматолог најверојатно ви препорачал ортодонтски третман за да може потоа да ви го овозможи најдобриот третман. Повеќето комплицирани реставрации на заби, како што се коронки, мостови или имплантати, се најуспешни кога останатите заби се правилно порамнети и загризот е правилен. Кога трајните заби се извадени, често останатите заби се поместуваат и накривуваат. Ваквите поместувања може да создадат неправилен загриз и нееднакво растојание помеѓу забите, кои не можат да се поправат освен доколку извадените заби не се заменат. Искривените заби најчесто е потребно да се исправат за да можат во иднина да го издржат притисокот кој се создава при нормален загриз.

 

Забите ми се искривени повеќе од 50 години - зошто сега да направам ортодонтски третман?

Кога е препорачан, ортодонтскиот третман е позитивен чекор, особено за возрасни кои веќе подолг период се соочувале со еден ваков проблем. Ортодонтскиот третман го повратува правилното функционирање. Забите кои функционираат подобро, најчесто и изгледаат подобро. Здравата, убава насмевка може да ја подобри самодовербата, без разлика на годините.

 

 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

]]>
true
<![CDATA[ОРТОДОНЦИЈА ЗА ВОЗРАСНИ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/45726/ORTODONCIJA-ZA-VOZRASNI http://www.plusinfo.mk/vest/45726/ORTODONCIJA-ZA-VOZRASNI 2012-06-11 12:02:24 Дали од секогаш сте сакале прави, рамномерни заби? Со ортодонцијата, забната специјалност за порамнување (исправување) на забите, можете да ги моделирате вашите заби и да ја имате насмевка што од секогаш сте ја посакувале. Зошто да не изберете протези и на тој начин да го подобрите изгледот и целокупоното дентално здравје?  
Дали ортодонтскиот третман ќе ми овозможи ист резултат како и кај децата?
Здравите заби можат да бидат поместувани во која било возраст. Многу ортодонтски проблеми кај возрасните можат да се корегираат исто онолку лесно како и кај децата. Ортодонстките сили ги поместуваат забите на ист начин кај 72 годишно лице, како и кај 12 годишно дете. Факторите на компликација, како што е недоволниот раст на вилицата, се предуслов за специјален третман за возрасни.
Еден од пет ортодонтски пациенти е возрасно лице. Се проценува дека речиси еден милион возрасни луѓе во САД и Канада се подложуваат на ортодонтски третман. За да дознаете повеќе за корекција на одредени дентални проблеми, можете слободно да се консултирате со нас.  
Возрасните не растат повеќе и можеби веќе се имаат справено со кршење или загуба на забите или коската која им дава поддршка. Во овој случај ортодонтскиот третман може да е само дел од целокупниот третман. Потребна е тесна соработка помеѓу ортодонтот, оралниот хирург, периодонтологот, ендодонтот и семејниот стоматолог за да му се обезбеди на возрасното лице - пациент успешен комплексен ортодонтски третман, кој би ги опфатил и сите останати потреби на пациентот. Најчестите карактеристики кои предусловуваат третманот на возрасните да се разликува од оној на децата се дадени подолу.

Нема раст на вилицата (недоволен раст на вилицата)

Проблемите со вилицата кај децата најлесно можат да се корегираат со ортопедска направа - помагало за модифицирање на растот. Но, за да се корегира истиот проблем кај возрасниот пациент, може да е потребна и операција на вилицата. На пример, доколку долната вилица кај возрасниот пациент е премногу кратка за да е во сооднос со горната вилица, може да се развие сериозен проблем кај загризот. Ограничената можност за поместување на забите со протезите не би била доволна да се корегира овој проблем. За да се поместат долните заби нанапред, во правилна положба на загриз, би била потребна операција на вилицата со која би се издолжила долната вилица, а долните заби би се довеле во правилна позиција за загриз. Доколку решението на лошиот загриз не е можно само со поместување на забите, операцијата е неопходен чекор за да се корегираат останатите разлики во ширината или должината на вилицата. 

Загуба на коската или непцата

Многу поверојатно дека возрасните ќе се соочат со загуба или оштетување на непцата или коската која нуди потпора на забите (периодонтално заболување). Можеби ќе биде неопходно стоматологот или ортодонтот да изврши посебен третман пред, за време или после ортодонтскиот третман. Оштетувањето или загубата на коската може, исто така, да го ограничи препорачливиот степен или насока на поместувањето на забите.

Истрошени, оштетени или извадени заби

Истрошените, оштетени или извадени заби можат да го отежнат ортодонтскиот третман, но, исто така, и да ја зголемат причината да се спроведе. Забите со текот на времето можат да се истрошат и поместат во одредени позиции при што можат да се поправат само откако ќе се изврши нивно прецизно ортодонтско поместување. Доколку не се внимателно реставрирани (поправени), оштетените или скршените заби можат да не изгледаат убаво и да не фукционираат правилно дури и откако ќе се изврши ортодонтски третман. Забите кои недостасуваат, а не се заменети, често предизвикуваат накривување и поместување на забите, со што се влошува загризот, се зголемува можноста за периодентални проблеми и се отежнува подоцнежниот третман.

 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

 

]]>
true
<![CDATA[Ортодонција за млади: И протезите можат да ја разубават насмевката]]> http://www.plusinfo.mk/vest/44851/Ortodoncija-za-mladi-I-protezite-mozhat-da-ja-razubavat-nasmevkata http://www.plusinfo.mk/vest/44851/Ortodoncija-za-mladi-I-protezite-mozhat-da-ja-razubavat-nasmevkata 2012-06-04 11:57:21 Протезите најчесто се поставуваат на возраст помеѓу 12 и 15 години. Познати и како фиксни ортодонтски апарати, протезите најчесто се носат во период од 24 месеци, во кој можат да ги поправат денталните малоклузии. Младите се во уникатна ситуација, каде ги имаат сите трајни заби и вилица која е се уште во развој,  поради што се идеални кандидати за ортодонтски третман.    

Како функционира ортодонцијата?

Вообиченото мислење за цврстината на вилицата е дека е силна како камен, а всушност, во периодот на развој, таа повеќе наликува на глина. Доколку ја притиснеме, таа ќе се растегне. Доколку ја развлечеме, ќе се рашири. Ако ја притиснеме наназад, таа полека ќе се повлече во тој правец. Вилицата, всушност, не се растегнува. Наместо тоа, кога ја влечеме, таа расте во правецот во кој ја влечеме. Сепак, најважно е дека со влечењето, протезите ја менуваат формата на вилицата. На истиот начин, со туркање, ги поместуваме забите во внатрешноста на устата. Ортодонтот врши притисок на вилицата за да ја рашири, со цел сите заби да имаат доволно простор. Потоа, врши притисок на забите (ги турка) за да дојдат во соодветната правилна положба. Доколку горната вилица е премногу мала, ортодонтот може да ја зголеми со помош на специјалната направа, наречена хиракс. Ако, пак, забите се испакнати кон надвор, со помош на една друга специјална направа т.н. хедгер, ортодонтот може да ги притисне забите да се вратат во соодветната правилна положба. На тој начин ортодонтот може да го помести секој заб засебно и да ја рашири вилицата онолку колку е потребно за да добијат сите заби во устата правилна положба.   

Зошто е потребно да се ставаат протези?

Тешко е да се замисли додека ги носите, но протезите ќе ја разубаваат насмевката и ќе направат да изгледате одлично. Насмевката е највпечатливиот дел од вашето лице. Погледнете се во огледалото. 
Ви се допаѓа насмевката? Ортодонтот ќе ви овозможи прекрасна насмевка, така што на крај ќе изгледате одлично. Само помислете колку тоа би влијаело на дружењето со пријателите, со некој кој ви се допаѓа, со соработниците. 

Со протезите се џвака подобро

Џвакањето е првиот чекор во варењето на храната. Доколку забите не се правилно поставени, нема да можеме правилно да џвакаме, при што храната е делумно изџвакана и така оди надолу кон желудникот. Ова може да придонесе за болки во желудникот. 

Би избегнале проблеми со забите  

Доколку не го направите навремено ортодонтскиот третман, во наредните години ќе се јават проблеми со забите. Ќе се соочите со тешкотии во чистењето на забите. Непцата ќе ве болат, а забите ќе се излижат на начин на кој што не треба. Последиците се толку значајни што и многу возрасни лица поставуваат протези. 

Би избегнале проблеми со дишењето      

Како што старееме, горниот дел од усната празнина може делумно да ги блокира дишните патишта во носот. Како резултат на тоа се јавува гласно ‘рчење и може да се појави состојба наречена моментално отсуство на здив за време на сон (слип апнеа). Со протезите, оваа состојба може да се избегне.     
Постојат ли други причини зошто на луѓето им се потребни протези?              
Па, не би знаеле. Се претпоставува дека бебињата доколку користат цуцли подолг период, може да развијат неправилен загриз. Ортодонтски проблеми може да се развијат и од повреди на устата, или доколку се цица палецот на возраст поголема од две години. Некои ортодонти тврдат, исто така, дека грицкањето нокти или гризењето на усните може да предизвика ортодонтски проблеми. Меѓу другото, постојат информации дека и со нагло прекинување на доењето се зголемува ризикот од ортодонтски проблеми. Секако, главна причина зошто на луѓето им се потребни протези е несразмерното, т.е. побрзото растење на забите во однос на устата. Но, тоа е природниот начин на растење и не може ништо да се стори во тој поглед.

 

 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Со ортодонтски протези до убава насмевка]]> http://www.plusinfo.mk/vest/43629/So-ortodontski-protezi-do-ubava-nasmevka http://www.plusinfo.mk/vest/43629/So-ortodontski-protezi-do-ubava-nasmevka 2012-05-22 10:55:45 Процепите, преклопувањата на заби, густо набиени или изротирани заби - ова се само некои од состојбите кои забите можат да ги приредат за да ја уништат насмевката. За среќа, сите овие проблеми се решливи, благодарение на ортодонтските направи или протези. 

Протезите се метални, пластични или керамички направи кои аплицираат притисок на забите со цел да ги поместат во подобра позиција. Со протезите, исто така, се корегира малоклузијата или лошиот загриз. Во комбинација со помагала кои се поставуваат на главата (хеадгеар) помагаат во корекција на преклопениот загриз (случаи каде горната вилица е поголема од долната) или отворениот загриз (случаи каде долната вилица е поголема од долната).
Металните протези се состојат од метални жици и метални брекети (кои се лепат за забите). Жицата се оформува во согласност со забите и потоа се нанижува низ брекетите. Жицата по природен пат се обидува да се врати во својата првобитна форма и на тој начин врши притисок врз забите да се поместат и тие. Жиците се затегаат во период од четири до 10 недели. Резултатот - убавата насмевка се покажува после две години (иако овој период варира, во зависност од проблемот). По вадењето на протезите, во периодот од следните шест месеци до една година, најчесто се носи ретеинер за да се избегне враќање на забите во неправилната положба и да се задржи убавата насмевка. Иако децата и адолесцентите се најчестите пациенти кои носат протези, бидејќи на нивна возраст коските се уште растат, при што е полесно да се поместуваат забите и вилиците во правилна положба, протезите можат да се носат на која било возраст. (Доколку мислите дека сте вие или вашето дете кандидат за протези, обратете ни се и ќе ви препорачаме соодветен ортодонтски третман). Протезите се понекогаш неудобни. Во почетокот брекетите ја иритираат внатрешноста на усните (иако ќе се навикнете на нив за неколку дена). Протезите бараат посебно четкање и чистење со конец, бидејќи храната се таложи околу брекетите и овозможува размножување на бактерии и лош здив. Исто така, протезите понекогаш задаваат болка, особено веднаш после затегнување на жиците. И оваа болка исчезнува после ден-два. Забележете само колку многу луѓе во медиумите и околу вас имаат носено протези. Нивните прави и прекрасни насмевки треба да ве мотивираат да се придржувате на третманот.

За разлика од другите видови протези, како што се невидливите, металните протези се погодни за лекување на речиси сите можни ортодонтски проблеми (иако понекогаш, во одредени покомплицирани случаи, се употребуват заедно со други процедури, како што се вадење на забите или процедури врз периодонтот). Најголемата одбивност кај овие протези е фактот што се навистина забележливи. За среќа, потребата да се носат може да се зачини со малку забава. Младите можат железните насмевки да ги развеселат со ластичиња во боја. Бојата на ластичињата може да се прилагоди според расположението или настаните (пр. црвени и бели за денот на вљубените или црвени и зелени за Божик). Ластичињата можат да се заменат при секоја посета и на тој начин да овозможат нов изглед на устата секој месец. Но, доколку навистина не можете да се справите со помислата на железна насмевка, разговарајте со нас и за другите можни решенија, како што се порцеланските протези.

Порцелански брекети

Порцеланските брекети се направени од композитни материјали. Многу се силни и најчесто не ја менуваат бојата. Возрасните најчесто се одлучуваат за порцелански брекети бидејќи нивната боја се „слева“ со бојата на забите, при што се помалку забележливи за разлика од металните брекети.

Лигатурите (малите ластичиња) кои ги поврзуваат жицата и порцеланските брекети се најчесто бели или безбојни. Во прво време, овој факт изгледа одлично, но секогаш постои можност ластичињата да ја променат бојата. Запомнете дека стоматологот ги менува ластичињата секој пат кога прави корекција на протезата, што е најчесто еднаш месечно. Предности

Овие протези се слеваат со бојата на забите, особено кога се бели. Помалку се забележливи на фотографии и гледани од далеку.

Одредени пациенти велат дека се повеќе удобни од металните и помалку ги иритираат непцата.

Недостатоци

Безбојните или бели ластичиња (кои ги поврзуваат жицата и брекетите) понекогаш попримаат боја, при што се нарушува естетскиот изглед на целата протеза. Но, сепак, ластичињата се менуваат секој месец, при корекција на протезите.

Порцеланските брекети се најчесто поскапи од вообичаените метални протези.

Времетраењето на третманот со нив е понекогаш за неколку месеци подолго од вообичаениот. Од естетска гледна точка, тие се малку поголеми од металните.

Порцеланските брекети не се користат во голем дел од сериозните случаи, бидејќи ја немаат потребната силина за да ги издржат сите противсили кои се јавуваат во одредени третмани.

 

 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Интерцептивна ортодонција - ортодонција за деца ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/42923/Interceptivna-ortodoncija---ortodoncija-za-deca-- http://www.plusinfo.mk/vest/42923/Interceptivna-ortodoncija---ortodoncija-za-deca-- 2012-05-14 20:22:40 Децата се посебен случај, бидејќи растат, а оваа карактеристика ги прави идеални кандидати за ортопедски интервенции („ortho“ значи исправување, додека „pedo“ означува дете).  Коските кај децата се прилично еластични, релативно меки и во постојан развој и менување, поради што е лесно со помош на надворешни средства да се насочи нивниот раст. Постојат различни мислења во однос на тоа дали процесот на поместување на забите кај децата е побрз отколку кај возрасните, но постои едногласност дека овој процес е навистина многу полесен кај децата, поради факторот на растење. 

Ортодонтите се трудат временски да го постават третманот кога детето е доволно зрело да соработува и кога растот на коската е најрапиден. Оптималната возраст за почеток на третманот зависи од карактеристичноста на деформитетот кој треба да се корегира, но сепак, за најдобра возраст за процена на деформитетот се смета возраста од седум години, бидејќи во овој период се совпаѓаат и двата фактори за третман на одредени скелетни деформитети. Ортодонтите се трудат да го искористат периодот на пубертетот, бидејќи тогаш децата највеќе растат. Кога деформитетите се идентификуваат во нивната рана фаза и се третираат пред да ја достигнат зрелата фаза, станува збор за интерцептивна ортодонција, бидејќи проблемот е „пресретнат“ и посветено му е внимание за да се разреши.

Кои се придобивките на третман во раната фаза на деформитетот?

Кај пациентите кај кои постојат индикации за рана ортодонтска интервенција, третманот ги нуди следниве можности:

- насочување на растот на вилицата.

- регулирање на ширината на горните и долните дентални лакови      (коската од вилицата која има форма на лак и која дава потпора на забите).

- насочување на трајните заби кој никнуваат, да никнат во одредена, посакувана позиција.

- пониска стапка на ризик од траума (несреќа) на испакнатите горни секачи (предни заби).

- корекција на опасни навики, како што се цицањето палци или прсти.

- намалување или елиминација на абнормално голтање или проблеми со говорот.

- подобрување на личниот изглед и самодовербата.

- можност за поедноставување и/или скратување на времето на третманот за подоцнежна корективна ортодонција.

- намалување на ризикот од импактирани заби (заби кои требало да изникнат, но не изникнале).

- зачувување или обезбедување простор за трајните заби кои треба да изникнат.

 

 

 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

]]>
true
<![CDATA[Прва консултација со ортодонт]]> http://www.plusinfo.mk/vest/42221/Prva-konsultacija-so-ortodont http://www.plusinfo.mk/vest/42221/Prva-konsultacija-so-ortodont 2012-05-07 13:29:23 Првата посета кај ортодонт предвидува клинички преглед на пациентот. На овој начин ортодонтот има увид во состојбата и може да го посоветува пациентот за можните третмани, кога би требало да се започне со третманот, колку би траел и кои се приближните трошоци за него. Доколку пациентот се одлучи да продолжи со третманот, се закажува термин за следна посета, кога се земаат и документираат сите потребни податоци за пациентот.

 

Водење документација

 

Во документацијата на пациентот спаѓаат:

- Отпечатоци од забите, кои служат за да се направи гипсен модел на забите на пациентот.

- Фотографии од забите и лицето на пациентот.

- Рентгенски снимки на забите и вилиците.

Документацијата овозможува прецизна анализа на секој случај (пациент) засебно. На овој начин се документираат и сите случаи на малоклузија кои можат потоа да се искористат за референца во иднина.

 

Планирање на третманот

 

За време на оваа посета, ортодонтот и пациентот го разгледуваат планот за третманите кои се направени со помош на информациите добиени од првата консултација и документацијата. Потоа, се закажува термин за почеток на третманот или, доколку е премногу рано, се закажуваат термини за редовни предгледи на пациентот, додека не дојде вистинскиот момент за почеток на третманот.

 

Вадење заби и други прелиминарни процедури

 

Во одредени случаи, за да се добие доволно простор за порамнување на забите, потребно е да се отстранат одредени заби од вилицата.  Кариесот се отстранува од сите заболени заби пред почетокот на третманот, а понекогаш потребно е и сите заби да се исчистат. Трошоците за горенаведените прелиминарни порцедури не се вклучени во трошоците за ортодонтскиот третман, бидејќи нив ги извршува семејниот стоматолог.

 

Времетраење на третманот

 

Потребни се најчесто 18 - 24 месеци за успешно исполнување на третманот. Во некои случаи овој период е подолг, а во некои, пократок. Времетраењето на третманот зависи од карактеристиките на малоклузијата, видот на третманот и соработката од страна на пациентот.

Пациентите треба да продолжат со редовните стоматолошки прегледи дури и за време на ортодонтскиот третман.

 

 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

]]>
true
<![CDATA[Што е ортодонција?]]> http://www.plusinfo.mk/vest/41760/Shto-e-ortodoncija http://www.plusinfo.mk/vest/41760/Shto-e-ortodoncija 2012-05-02 13:49:47 Ортодонцијата е гранка на стоматологијата посветена на дијагноза, превенција и третман на проблеми со порамнувањето на забите и вилиците. Ортодонтскиот третман предвидува дизајнирање и употреба на помагала за корекција, како што се протези, брекети, хедгер, микроимпланти, функционални помагала и слично, кои се користат за да се постигне правилно порамнување на забите и вилиците. Клучното биолошко правило кое им овозможува на ортодонтите да ги поместуваат забите се темели на фактот дека коскеното ткиво кај луѓето, како и останатите делови од нашето тело, постојано се регенерира на клеточно ниво, без разлика на возраста на луѓето. 

Корените на забите се засидрени во вилицата, па оттаму одговорот на прашањето „Колкав временски период е потребен за да се придвижат забите во нивната идеална положба?“ зависи од брзината на клеточната регенерација на коскеното ткиво. За да можат законите на физиката да се аплицираат на биологијата на човекот многу комплексни и внатрешни фактори треба да се земат в предвид и да се разберат. Секој пациент претставува уникатно човечко битие, поради што секој ортодонтски третман е, исто така, единствен. 

 

Кога треба да се започне со ортодонтскиот третман?

 

Иако ортодонтскиот третман е поволен за секого, на секоја возраст од седум до седумдесет и седум години, идеалниот момент за почеток на третманот е во периодот пред или во раниот период на пубертетот. Бидејќи сложеноста и должината на третманот се зголемува пропорционално со возраста на пациентот, раниот третман на денталните малоклузии заштедува време и пари.

 

Кој се занимава со ортодонција?

 

Ортодонтот е високо квалификуван и обучен доктор кој поседува дипломи за стоматолог и специјализација на полето на ортодонцијата. Ортодонтот соработува со семејниот стоматолог за да создаде третман кој конкретно одговара на потребите на пациентот.

 

 

Кои се најчестите ортодонтски проблеми?

 

Збиени заби

Проблемот со збиени заби е еден од најчестите ортодонтски проблеми кој дава неубав изглед и дополнителни проблеми при чистење на забите.

 

Испакнати (протрудирани) заби

Испакнатите заби имаат неубав изглед и се подложни на заболувања. Во овие случаи, забите од долната вилица често го поттиснуваат и оштетуваат непцето зад предните заби од горната вилица.

 

Обратен загриз

Во случајот на обратен загриз, предните заби од долната вилица се испакнати кон напред и поставени пред предните заби од горната вилица.

Обратниот загриз изгледа мошне неубаво и придонесува кон нерамномерно трошење на предните заби.

 

Длабок загриз

Во случајот на длабок загриз, предните заби од горната вилица ги покриваат истите од долната вилица.

Длабокиот загриз придонесува кон зголемено трошење на предните заби и оштетување на непцето зад предните заби на горната вилица.

 

Отворен загриз

Отворениот загриз се јавува кога забите не се спојуваат. Оваа малоклузија предизвикува проблеми при исхрана, со говорот и прекумерно трошење на забите кои не се спојуваат со своите двојници од другата вилица. Отворениот загриз, исто така, дава и неубав изглед.

 

Вкрстен загриз

Забите од горната вилица треба да се спојуваат со своите двојници од долната вилица. Доколку горната е премногу тесна, долната вилица се накривува кон лево или десно, за да можат сите заби да ги најдат своите двојници и да се спојат со нив. Како резултат на овие активности се јавува вкрстениот загриз.

 

Заби кои недостасуваат

Проблемот со заби кои недостасуваат дава навистина грд изглед.

Доколку се поместат сите заби во соодветна и правилна позиција, се создава доволно простор за замена на оние кои недостасуваат.

 

Цицање на палец

Цицањето на палецот (или прстите) може да ги деформира околните заби или коската во нивната основа.

 

Останати проблеми

Потребно е да се консултирате со ортодонт доколку се справувате со:

- проблеми при џвакање и гризење

- проблеми во говорот

- чкрипење со или стегање на забите

- непријатни звуци при мрдање со вилиците или нивно изместување.

 

 

 

 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

]]>
true
<![CDATA[Секс-терапијата помага на сигурен начин]]> http://www.plusinfo.mk/vest/41265/Seks-terapijata-pomaga-na-siguren-nachin http://www.plusinfo.mk/vest/41265/Seks-terapijata-pomaga-na-siguren-nachin 2012-04-26 13:32:46 Секс-терапијата претставува вид на психотерапија преку која можат да се подобрат чувствата, интимностa и сексуалната функција, како поединечно така и индивидуално кај партнерите.Терапијата може да биде ефикасна кај различни возрасни групи, пол и сексуална ориентација. Таа се применува од квалификувани психолози, лекари или терапевти, кои се специјално обучени во врска со сексуалната активност и сексот.Препорачливо е секс-терапија да се применува во краток рок и да се нагласува конкретната проблематична област. Терапевтот може да делува на различни начини за различни случаи, тој може да и даде и „домашна задача„ на двојката. Целта е паровите постепено да откријат каде се корените проблемот и да ги подобрат односите. Секс-терапија може да ја подобри емотивната врска меѓу партнерите, да ги засили чувствата, како физичките, така и психичките, да помогне во сексуалната ориентација и во компулсивното сексуално однесување.

Проблемите поврзани со предвремената ејакулација, еректилната дисфункција, тешкотиите при постигнување на оргазам или болниот сексуален однос (диспареунија) исто така може да се предмет на третман на секс-терапијата. Проблемите во спалната соба често не се предмет на дискусија помеѓу партнерите, бидејќи разговорите можат да бидат доста непријатни. Целта на секс-терапевтите е да се охрабрат партнерите да зборуваат за проблемите, што е првиот чекор кон нивното решавање. Голем дел од љубовните проблеми се на психичка основа и ако сочувствителниот фактор не се земе предвид, уште на самиот почеток тие можат да и наштетат на врската во целина.

Д-р Сара Кочишки 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Највозбудливи места за секс]]> http://www.plusinfo.mk/vest/40381/Najvozbudlivi-mesta-za-seks http://www.plusinfo.mk/vest/40381/Najvozbudlivi-mesta-za-seks 2012-04-17 14:26:23 Научниците сметаат дека до проблеми во врската и прекин, доаѓа или поради неверство на партнерот или поради монотоност во врската. Монотоноста ја убива романтиката страста и се убаво што постои во врската. Врската ја прави само технички профил на една личност што го навестува крајот на истата. Па што можеме да направиме барем малку да ја смениме монотоноста? Постојат многу идеи, а една од нив е водењето љубов на возбудливи и несекојдневни места како зачин на врската, па затоа ви препорачуваме некои.

ТУШ

Сексот под туш е извонреден начин да го зачините сексуалниот живот. Освен тоа ќе имате шанси да ги истражите вашите тела до најситен детал. Загарантирана ви е одлична забава, единствено внимавајте, лизгавиот под може да биде незгоден.

БАЗЕН ИЛИ ЏАКУЗИ

Базенот и џакузито се извонредни места за опуштање. Па бидејќи е така, сексот во базен, џакузи или на езерска или морска плажа би биле феноменални. Единствено што треба да внимавате е да бидете сами.

ПРИРОДА

Природата е совршено место за опуштање и добар секс, особено планините полни со недопрени ливади, шуми и потоци. Направете и изненадување на партнерката, земете сосебе нешто за јадење и заминете на некоја висока планина, сигурно денот ќе ви мине незаборавно.

КАНЦЕЛАРИЈА

Канцеларијата се смета за една од првите пет најсекси места за водење љубов. Ако Вашиот партнер или партнерка има канцеларија и остане да работи до касно... изненадете ја.

Д-р Сара Кочишки 

 

]]>
true
<![CDATA[Сексот - еликсир на младоста и убавината]]> http://www.plusinfo.mk/vest/38301/Seksot---eliksir-na-mladosta-i-ubavinata http://www.plusinfo.mk/vest/38301/Seksot---eliksir-na-mladosta-i-ubavinata 2012-03-28 13:11:12 Многу истражувања ги докажале благодaтите кои ги нуди сексот за нашето здравје. Едно од нив е истражувањето спроведено на Универзитетот „Ројал Единбург“, во кое биле вклучени група испитаници кои морале да ја проценат староста на друга група испитаници. Луѓето кои изгледале до 10 години помладо од реалната возраст, имале една заедничка работа, а тоа е практикувањето на секс три до четири пати неделно. 

Научниците објаснуваат дека со редовното практикување на сексот, кај жените се крева нивото на естроген, што ја прави нивната коса посјајна, кожата помека и понежна, а со тоа несомнено ги прави жените поубави. Освен ова, сексот претставува лек против разни заразни и бактериски заболувања. Докажано е дека со редовен секс многу полесно можете да ја победите настинката, грипот или другите слични заболувања, бидејќи редовното практикување на сексуален однос го крева нивото на имуноглобулин А, за 30 отсто.
Меѓу другото, мигрената од која страдаат голема број жени, ефикасно може да биде ублажена со редовен секс, сугерираат научниците што  претставуваат уште еден факт плус дека главоболката не треба да значи избегнување на сексот. Освен кај мигрената, сексот е познат анелгетик за кои било други заболувања и одличен начин да се опуштите и ослободите од стресот.

Сексот го намалува ризикот од срцев удар за 50 отсто кај мажите. Бидејќи сексот ја подобрува циркулацијата на крвта, тој е одлично средство против сите видови на кардиоваскуларни заболувања. Освен ова, сексот делува постепено во намалување на холестеролот во крвта, а зголеменото количество на тестостерон, пак, влијае позитивно на јакнење на мускулите и на коските.

Редовниот секс ја заменува теретаната и ја одржува линијата на телото, бидејќи водењето љубов е пропратено со разни сложени мускулни контракции, активно трошење на калории и спонтани, но ефикасни вежби. Сексот троши просечно по 5 калории во минута, а го крева пулсот до 150, токму како и кај другите спортисти кои редовно тренираат.

Д-р Сара Кочишки.

 

]]>
true
<![CDATA[Во ушите може да ѕуни и поради проблемите со темпоромандибуларниот зглоб]]> http://www.plusinfo.mk/vest/38056/Vo-ushite-mozhe-da-dzuni-i-poradi-problemite-so-temporomandibularniot-zglob http://www.plusinfo.mk/vest/38056/Vo-ushite-mozhe-da-dzuni-i-poradi-problemite-so-temporomandibularniot-zglob 2012-03-26 13:21:28 Секој од нас има по два темпоромандибуларни зглоба, по еден од левата и десната страна. Се наоѓаат под ушите каде темпоралната коска се спојува со долната вилица. Потпора им даваат лигаментите и мускулите кои се одговорни за придвижување на долната вилица. Темпоромандибуларните зглобови се едни од најсложените зглобови во човечкото тело. Се отвараат и затвораат како ножици и лизгаат кон напред, кон назад и на страна. При актот на џвакање издржуваат постојан, силен притисок. Помеѓу зглобот и коската постои ‘рскавица која се вика диск и кој спречува долната вилица и черепот да се тријат еден од друг.

 

Симптоми за нарушувања на ТМЗ

 

- Најчест симптом на ТМЗ нарушувањето е болката, заедно со интензивно чувство на неудобност, не само во лицето и зглобот на вилицата, туку и вратот и рамењата.  

- Чувство на преголемо истегнување во зглобовите и грчеви во мускулите.

- Болка при движење на вилицата, на пример при зборување или проѕевање. Можни се и болки во увото, ѕвонење во ушите, а дури и губење на слухот. 

- Звуци како крцкање или пукање при движење на зглобот, кои може да ги слушнат и луѓето околу вас.

- Можен оток на лицето и устата. 

- Поместување на забите или промена во загризот.

- Потешкотии при целосно отворање на вилицата или изместување на вилицата на една страна после нејзиното отворање.

- Проблем при голтање.

- Мачнина, главоболка или вртоглавица.

 

Дијагнозирање на нарушувањата на ТМЗ

 

Бидејќи нарушувањето на ТМЗ е проследено со напад на болка, во нашата ордианција може да се најде решение за овој порблем. Ќе го измериме интензитетот на болката со помош на тестот со стискање. Доколку почуствувате болка во кој било заб при загризување, ќе го дијагностицираме нарушувањето на ТМЗ. За да ја потврдиме дијагнозата и ја оцениме позицијата на ТМЗ, ќе направиме отпечаток од вашиот загриз и истиот ќе го поставиме на артикулатор. Истовремено ќе ви направиме и специјална ртг снимка на двата зглоба во отворена и затворена позиција. Со овие тестови, ние можеме да одредиме дали има структурни нарушувања во зглобот или, пак, зглобот е под влијание на други фактори, како што се забите. 

 

Третман на нарушувањата на ТМЗ

 

Ортодонција

Многу мал број случаи на нарушувања на ТМЗ се доволно сериозни за да има потреба од операција. Повеќето проблеми со загризот може да се корегираат со ортодонтски третман. 

 

Протетика

Доколку не постои структурно нарушување на зглобот, а ние забележиме пречки кои влијаат на загризот, може да ви предложиме корекција со помош на протетска изработка.

 

Оклузален еквилибриум

Овој третман е најчестиот избор за отстранување на пречките и овозможување правилно затворање на вилицата. Вклучува менување на површината на забите кои се вклучени во загризот.  Пред да го препорачаме овој третман, ние ги прегледуваме оклузијата и зглобовите.

 

Сплинт

Можеме да ви поставиме пластични штитници-сплинтови кои имаат улога на заштита на устата, за да ги заштити горните и долни заби. Овој сплинт или шина може да ги заштити забите од лошото крцкање преку ноќ. Доколку шината ви предизвикува болки, не ја употребувајте и консултирајте се со нас.

 

Хируршки третман

Доколку проблемот со кој што се соочувате настанал поради структурно нарушување и доколку оклузалното еквилибрирање или сплинтот не помагаат против болката, ќе ви препорачаме да направите нова рентгенска снимка. Исто така, препорачуваме и снимање со магнетна резонанца, за да добие увид во меките ткива кои го опкружуваат зглобот. Во одредени случаи, може да побарме и скенирање со компјутерска томографија, за да ги провери и коскените делови од вилицата. На крајот, во зависност од резултатите од горенаведените снимки, можеме да препорачаме ортодонтско решение, или решение по пат на максило-фацијална хирургија и да ве упатиме кај максило-фацијален хирург.

 

Што треба да очекувате за време на операцијата?

 

Оперативниот зафат се врши под локална анестезија. Две игли се инсертираат во темпоромандибуларниот зглоб, од кои едната е поврзана со шприц полн со раствор за чистење, додека другата служи за дренажа на течноста. Оваа процедура се користи за миење на зглобот. Во некои случаи, хирургот се користи и со алатка слична на скалпел, за да ги отстрани сите непотребни ткива од зглобот.

 

Ортоскопија

 

Ортоскопијата е уште еден вид хируршки зафат кој што се користи за третман на ТМЗ. При овој зафат се врши засек на слепоочницата, за да се вметне ендоскоп. Со помош на ендоскопот стоматологот може да ги види и отстрани непотребните ткива или да го намести дискот.

 

Оперативен зафат на отворен зглоб

 

Ова е единствениот зафат што нуди пристап до тумори, лузни или оштетена структура на коската.

 

Прва помош за ТМЗ

 

- Ставајте топли и студени облоги на лицето за да ја намалите болката

- Избегнувајте зевање или други долготрајни движења на вилицата и ограничете го притисокот што го ставате на вилицата

- Јадете само мека храна и одбегнувајте храна која требна јако да се меле со забите.

-  Доколку веќе имате започнато со некој третман на забите, не го прекинувајте.

- Масажите и третманите со биоенергија можат, исто така, да помогнат во намалување на болката.

- Лекови против воспаление, за смирување и анти-депресантите нудат олеснување на болката.

- Стоматолошките помагала, како гардовите за уста, можат да го намалат крцкањето со забите, со што се подобрува загризот и и се овозможува на долната вилица соодветно да влезе во МТЗ.

Внимавајте, бидејќи само искусен стоматолог специјалист во тим со максило-фацијален хирург треба да ги вршат третманите на ТМЗ.

 

Контролни прегледи по завршување на третманот

 

По завршување на третманот против нарушувањето на ТМЗ, следете ги нашите упатствата, вклучително препишаните лекарства, топли и студени облоги или вежбите за вилица. Доколку има потреба од контролен преглед со хирургот, внимавајте да не го пропуштите.

 

Превенција против нарушувања на ТМЗ

 

Доколку повремено почуствувате болка во вилицата, избегнувајте тврда храна, гуми за џвакање или гризење на тврди нешта. Придржувајте ја долната вилица при проѕевање или воопшто не се прозевајте. Доколку забележите дека навечер крцкате со забите или ја стегате вилицата, побарајте совет од нас.

 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

]]>
true
<![CDATA[Имплантите помагаат за разубавување на насмевката]]> http://www.plusinfo.mk/vest/37373/Implantite-pomagaat-za-razubavuvanje-na-nasmevkata http://www.plusinfo.mk/vest/37373/Implantite-pomagaat-za-razubavuvanje-na-nasmevkata 2012-03-20 11:04:26 Луѓето, за жал, ги губат своите заби од која било причина: инфекции, болести на непцето, несреќа или повреда. Во недостаток на природните заби се јавуваат разни проблеми - останатите заби се поместуваат, ротираат или се искривуваат. Се развива неправилен загриз, со што се јауваат потешкотии кај правилното џвакање и сомелување на храната во устата. Празнините помеѓу забите предизвикуваат потенцијални комплекси кај пациентите, како и лоша естетика, проблеми во говорот и недостаток на самодоверба. 

Имплантите претставуваат еден од најголемите напредоци на модерната стоматологија. Секоја година, десетици илјади луѓе добиваат втора шанса за здрави заби со помош на  имплантите. Доколку правилно се постават, тие ги заменуваат природните заби и ги елиминираат сите проблеми. Пациентите кои имаат импланти велат дека можат подобро да ја сомелат храната, џвакаат правилно, зборуваат подобро и се посигурни во себе. Доколку имате некои од горенаведените проблеми со забите, заедно со нас треба да одлучите дали сте кандидат за и мпланти.  Ние ќе ви направиме целосен преглед на усната празнина и дигитална панорамикс рендген снимка и ќе одлучиме дали сте кандидат за импланти без разлика на вашата возраст.

Доколку сте кандидат за импланти, се спроведува следнава процедура:

Хируршкотo поставување на имплантот/ите во коската се прави во стоматолошката ординација со помош на локална анестезија. После операцијата следи процес на заздравување, кој трае три месеци за долна вилица и четири месеци за горната вилица. За време на овој период, имплантите се соединуваат со коската преку процес наречен „остеоинтеграција“. По овој период, следи мал хируршки зафат, при што на врвот на имплантот се наддава основата, која служи за да ги држи забите кои подоцна ќе се постават. Ова е кратка процедура за која најчесто се користи локална анестезија. Последната фаза е ресторативната, а за да се заврши оваа фаза потребни се повеќе посети. Но, штом се заврши, ќе имате нови заби кои изгледаат природно и цврсто.
Долготрајноста на имплантите зависи од многу фактори. Најпрво, таа зависи од квалитетот и квантитетот на коската која ја има пациентот. Колку повеќе коска има хирургот на располагање за работа и колку е таа поквалитетна, поголеми се и шансите за поголема долготрајност на имплантот. На второ место доаѓаат искуството и квалификуваноста на хирургот за вакви процедури. Не постои ништо што може да ги замени искуството и талентот на хирургот во извршувањето на хируршки процедури. На крајот, квалитетот на рестраврацијата која се става на имплантатот игра голема улога за должината на животниот век на имплантот. Доколку коронките се лошо изработени, а силата на загризување не е добро избалансирана, и најдобро поставениот имплант нема да може да го исполни максималниот животен век.
Имплантните системи се тестирани и докажани како многу успешни. Всушност, некои од нив имаат животен век од 20 години, со успешност поголема од 90 отсто. Пациентите кои оддржуваат добра орална хигиена и добро се грижат за новите заби можат да го извлечат максимумот, односно да се користат со нив цел живот. 

Ако сте размислувале за ставање импланти, сигурно се прашувате дали сте вистинскиот кандидат за такво нешто. Направете го овој едноставен тест за да се уверите дали оваа процедура ќе ви помогне.

Едноставно запрашајте се:

- Ми недостигаат ли еден, два или повеќе заби?

- Ја кријам ли устата кога се смеам затоа што имам грди простори помеѓу забите или затоа што ми недостигаат некои заби?

- Не се чуствувам најсигурно кога се смеам, зборувам или јадам?

Имам ли проблеми при јадењето, џвакањето или зборувањето правилно?

- Дали ми се нишаат забите или треба да се лекувам поради болест на непцата?

- Дали имам други импланти кои испаѓаат или ми предизвикуваат болка при јадење?

- Дали ги носам протезите постојано или често ги оставам дома?

- Дали имам проблеми од функционална или од естетска природа со коронките или мостовите?

- Дали забите кои го држат мостот ми се разнишани или се поместуваат од оригиналната позиција?

- Дали можам да чекам неколку месеци за да се заврши целата процедура на поставување имплант?

- Дали ќе можам ли навистина да се грижам како што треба за имплантите?

- Дали ќе одам на редовни стоматолошки прегледи?

- Верувам ли дека животот ќе ми биде полесен ако забите ми се подобри?

Доколку потврдно одговорите на повеќето од поставените прашања, тогаш сте вистински кандидат за импланти.

 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

]]>
true
<![CDATA[Полово преносливи болести]]> http://www.plusinfo.mk/vest/36705/Polovo-prenoslivi-bolesti http://www.plusinfo.mk/vest/36705/Polovo-prenoslivi-bolesti 2012-03-14 11:09:50 Сексуално преносливите болести се предизвикуваат од многу микроорганизми, a бројот на заболени од сексуално преносливи болести во светот е особено висок. Со инфекциите што настануваат, се погодени сексуално активните парови, а можат да се пренесат и на новороденчето за време на породувањето доколку мајката е заразена. Овие болести исто така можат да предизвикат неплодност, вонматрична бременост, чести спонтани абортуси, предвремено продување, воспаленија на внатрешните генитални органи и кај мажите и кај жените.

Живееме во свет во кој преовладува многу заразни болести, меѓу кои се и половите болести. Во медиумите постојано гледаме реклами за заштита од полови болести, но за жал тие недоволно се применуваат во секојдневието.

Поголемиот дел од болните не се јавуваат на лекар. Симптомите можат да бидат благи, непрепознатливи и во комбинација со стравот од реакција на околината, многу од случаите остануваат недијагностицирани и нелечени. Сепак постојат болести кои што се пренесуваат преку сексуален однос и не се манифестираат на половите органи, како што е случајот со хепатит и со HIV-инфекциите. Сексуално преносливите болести се почести во летниот период поради почестите социјални контакти.

Предизвикувачи на половите болести се бактерии ,вируси, протозои, габи и паразити. Достапна е антибактериска, антигабична и антипаразитска терапија, додека за вирусните болести (HIV или хапетит) не постои соодветен антивирусен лек. Откако личноста еднаш била заразена со некоја сексуално пренослива болест и се излечила, може повторно да се зарази со истата, бидејќи не се создава имунитет.

Врз основа на клиничка слика, симптомите, објективниот наод и лабораториските анализи се поставува дијагноза. Брисот се зема од површината на кожата и од уретралниот канал. За некои од инфекциите, неопходни се и серелошки анализи. 
Со лекувањето треба да се почне што е можно побрзо, бидејќи со одолговлекување постои опасност од ширење на инфекцијата. 
Лечењето е антибиотско и секогаш мора да се лечат и двата пара.

Д-р Сара Кочишки 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Староста не е пречка за убава насмевка]]> http://www.plusinfo.mk/vest/36603/Starosta-ne-e-prechka-za-ubava-nasmevka http://www.plusinfo.mk/vest/36603/Starosta-ne-e-prechka-za-ubava-nasmevka 2012-03-13 11:47:55 Сите се справуваме со промени на забите со текот на годините.

Но, без разлика на возраста, со редовни посети во нашата ординација можете да имате прекрасна насмевка. Покрај четкањето на забите и користењето на забниот конец, како главни средства за одржување на здравјето на устата, постојат и голем број поинакви решенија за освежување на насмевката.

 

Над 60 годишна возраст

 

Дали насмевката прави да изгледате постари? Доколку се уште не сте подготвени да посегнете по естетската хирургија, за да го решите проблемот со фините линии, брчки и длабоки преклопувања на кожата, постои не -хируршка алтернатива која можете да ја искористите, а која се состои од изработката на ламинати или коронки. Кога задните заби се истрошени или извадени, структурата на лицето, чијашто потпора се токму тие, колабира или се вовлекува, при што може да се јават длабоки назално-лабијални преклопувања на кожата. Пределот околу јаболчниците се подигнува доколку задните заби се надоградат со коронки, а со тоа насмевката се проширува и пациентот добива младешки изглед. Кога ќе се надоградат забите кои даваат поддршка на усните, се стимулира дотокот на крвта и линиите околу усната се помалку забележливи. Крајниот резултат е врамнотежен изглед и подобра истакнатост на јаболчниците, кои водат кон севкупен младешки изглед.

 

Повлекување на непцата

 

Повлекувањето на непцата лесно се идентификува и претставува честа појава, која настанува како резултат поради недостаток на дебело и цврсто ткиво околу забите или од премногу силното четкање на забите и непцата. Од овие причини непцето или се повлекува или се спушта. Доколку не го решите проблемот навремено, ќе забележите празнини или црни триаголници помеѓу забите или, пак, забите ќе добијат издолжен изглед.

Доколку чувствувате дека без разлика колку ги избелувате забите, насмевката, сепак, прави да изгледате повозрасни, можеби е време да размислите за порцелански ламинати, коронки или мостови.

 

 

Коронки

 

Порцеланските коронки придонесуваат за драстично разубавување на насмевката. Коронките им дозволуваат на пациентите да ја изберат бојата, позицијата, формата и големината на нивните нови заби. Доколку сакате драматично да ја подобрите насмевката, секогаш предлагаме целосно порецелански коронки или мостови. Коронките се идеални за корекција на искривени заби или прикривање на обезбоени, истрошени или поткршени заби, со милиметарска дебелина и се прицврстуваат за предниот дел од забот. Секачите се трошат и стануваат пократки со текот на времето. Затоа врз предните осум до 10 заби, најчесто поставуваме ламинати за да се задржи врамнотежениот и природен изглед на насмевката. Ламинатите се еднократна инвестиција, од финансиски и временски аспект и затоа е од основна важност соодветната грижа за нив.

 

Парцијални протези

 

Парцијални протези се состојат најчесто од вештачки заби поставени на пластична основа во розова или боја на непцето и поврзани со неа со метална жица.

Овие протези се прикачуваат за природните заби со метални куки или невидливи копчиња кои имаат подобар естетски изглед отколку металните куки и се речиси невидливи. Коронките поставени на природните заби го подобруваат начинот на кој што парцијалните протези се вклопуваат во вилицата. Протезите со прецизни копчиња најчесто чинат повеќе. Посоветувајте се со нас во однос на видот протези кои се најсоодветни за вас.

 

Тотални протези

 

Доколку ги имате изгубено сите заби, без разлика дали заради пародонтална болест, повреда на забите или кариес, тоталната протеза може да ги замени сите заби кои ви недостигаат и да ви ја разубави насмевката. На овој начин ќе го подобрите и здравјето и личниот изглед. Без поддршката од забите, мускулите на лицето се опуштаат и тоа изгледа постаро отколку што навистина е. Со тоталните протези ќе можете да јадете и зборувате , нешта кои често не ги цениме доволно се додека не ги загубиме забите.

 

 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

 

]]>
true
<![CDATA[Здрави заби за цел живот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/35694/Zdravi-zabi-za-cel-zhivot http://www.plusinfo.mk/vest/35694/Zdravi-zabi-za-cel-zhivot 2012-03-05 14:44:22 Сите органи во нашето тело се подложени на промени со текот на годините. Затоа, и забите не се поштедени од разни состојби кои се појавуваат како последици на одредени фактори. Но, без разлика на возраста, со редовни посети во нашата ординација можете да имате прекрасна насмевка.

Покрај четкањето на забите и користењето на конецот, како главни средства за одржување на здравјето на устата, постојат и голем број поинакви решенија за освежување на насмевката.

 

Нега на забите на 40 годишна и 50 годишна возраст

 

Емајлот на забите се троши со текот на времето и долгите години четкање на забите, чкрипење со нив и консумирање храна богата со јаглехидрати, кои се лепат за забите и создаваат киселини кои го нагризуваат емајлот. Доколку ослаби емјлот, забите го губат сјајот и можат да напукнат или да се поткршат. Еродираниот емајл не може да се замени, но може да се прикрие со порцелански коронки.
Со текот на годините се јавуваат дамки кои тешко се вадат. Додатно на ова, со годините, пулпата во забите се намалува и е заменета од дентин со потемна боја. Постојат два вида дамки кои се јавуваат на забите. Дамките на основата на забот, кои настануваат како резултат на тетрациклин, преголеми количества на флуор или хипер-калцификација (длабоки бели дамки) можат да се прикријат со ламинати или коронки. Надворешните дамки, кои настануваат како резултат од пушењето, кафето, чајот, црвеното вино, а понекогаш и од водичките за плакнење на устата, можеме да ги третираме со редовното професионално чистење на забите кое помага против малите дамки. Доколку не се отстранат, преминуваме кон ласерско белење на забите или употребата на порцеланските ламинати или коронки.

 

Направете ги забите отпорни на дамки

 

Доколку површината на забот е нерамна, поголема е веројатноста за појава на дамки. Ние можеме истата да ја израмниме и исполираме за да не може да абсорбира дамки. Забите со мазна површина се многу повеќе отпорни на дамки за разлика од нерамните.

 

Порцелански ламинати и коронки

 

Коронките се, всушност, нов слој на емајл. Може да ги прикријат несовршеностите на забите и да дадат природен изглед. Кога се соодветно измоделирани, ретко се забележува разликата помеѓу нив и природните заби.
Сепак, имајте на ум дека коронките можат да се покршат, иако мала е веројатноста дека и забот под нив би напукнал, бидејќи е заштитен од коронката. За да се спречи нивно напукнување, третирајте ги коронките како вашите вистински заби, а не како алатки за гризење мраз, отварање на пакувања и слично. Исто така, на пациентите им препорачуваме навечер, додека спијат, да носат штитници, за да избегнат несакани поткршувања, а и да го продолжат векот на коронките. За да ја одржите чистотата на коронките, важно е редовно да доаѓате на професионално чистење на забите. Во комбинација со домашната нега, на овој начин коронките ќе бидат чисти, здрави и јаки. Деловите од забите кои се наоѓаат под коронките веќе не можат да заболат, а со тоа се намалува и чувствителноста на целиот заб. Сепак, доколку на коронките не им овозможите соодветна нега во домашни услови, може да дојде до појавување на дамки или обезбојување на површината на забот каде коронките се спојуваат со него.

 

Ласерско белење на заби

 

Ласерското белење на забите е процедура која трае околу еден час и нуди инстантно освежување на насмевката. Најдобрите резултати се постигнуваат најчесто кај пациентите кои имаат здрав и силен емајл, и немаат порцелански коронки или пломби. Ласерското белење најдобро делува во случаи каде забите се жолти, а не сиви или кафени. Насмевката е чиста, свежа и природна, доколку забите се избелат за само неколку нијанси. Но, запомнете дека со избелувањето нема да се избелат и порцеланските коронки или пломбите со боја поинаква од бела. За да ја задржите белата и убава насмевка, треба да користите средства за белење на забите во домашни услови.

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

]]>
true
<![CDATA[Бисерна насмевка на секоја возраст]]> http://www.plusinfo.mk/vest/35137/Biserna-nasmevka-na-sekoja-vozrast http://www.plusinfo.mk/vest/35137/Biserna-nasmevka-na-sekoja-vozrast 2012-02-29 15:04:56 Сите се справуваме со промени на забите со текот на годините.  Но, без разлика на возраста, со редовни посети во нашата ординација можете да имате прекрасна насмевка.

Покрај четкањето на забите и користењето на конецот, како главни средства за одржување на здравјето на устата, постојат и голем број поинакви решенија за освежување на насмевката.

 

На 20 годишна возраст

 

Во доцните дваесетти, поради процесот на растење, забите можат да почнат да се придвижуваат, појава која влијае на нивното порамнување. Забите се придвижуваат главно од наследни причини, поради никнувањето на умниците (од оваа причина може да дојде и до преклопување на предните заби) или од прерано вадење на одредени заби. Сите овие причини доведуваат до несоодветно поставување на соседните заби. Ортодонцијата, методата „Инвисалигн“, естетската стоматологија и порцеланските мостови помагаат во корегирање на забите во движење. Исто така, начинот на кој го држиме јазикот во однос на забите при затворена уста, а и при гризење, влијае на нивното движење.

Важно е да се подигне свеста за оваа состојба на забите, бидејќи на тој начин се отвораат празнини помеѓу забите, каде се таложи храна, при што може да се појави заболување на забот или непцето. Доколку забите се придвижиле или се поткршени и ја загубиле белината, проблемот може да се реши со пломбирање или поставување ламинати или коронки врз оштетените заби.

Доколку забите ви се екстремно искривени, време е да размислите за ортодонтско решение, како „Инвисалигн“. Колку побрзо се одлучите за оваа опција, толку пократок ќе биде третманот со нив. „Инвисалигн“ се состои од тенки, безбојни и отстранливи пластични алајнери, кои се носат во период од осум до 20 месеци. Исто така, тоа е добро решение доколку претходно сте носеле протези и потребно ви е уште едно мало исправување на забите

 

 

На 30 годишна возраст

 

Доколку сте во 30-те, можно е да имате сребрени - амалгамски пломби. Во минатото, забите се пломбираа со амалгам. Денес користиме високо естетски бели пломби. Освен што имаат многу подобра естетика, ги користиме и за да го реставрираме природниот изглед на забот.

Доколку се обликуваат врвовите на малку искривените заби, ќе се добие поинаков изглед и визуелна перцепција на забите. Оваа процедура на обликување е економски исплатлива и најчесто им ја препорачуваме на оние кои имаат нерамни заби или мала збиеност на истите, за која не е потребно да се носат протези. Додатно на ова, резултатите од естетското обликување се гледаат најчесто веќе по првата посета. Доколку некоја мала несовршеност ве спречува убаво да се насмевнете, без разлика дали станува збор за празнина помеѓу забите, искривен, напукнат или заболен заб, размислете за опцијата на бондирање назабите и посетете ја нашата ординација. Тоа е брза и речиси безболна процедура. Доколку забите не се заболени и пулпата не е изложена, бондирањето најчесто се врши без употреба на анестезија.

За време на процедурата (која се врши во само една посета, и со која не се вршат корекции на должината на забите, туку само на нивните облини), аплицираме материјал кој што има иста боја како забите. Потоа, му дава форма, го стврднуваме со специјално светло и на крај го полираме. Со полирањето на забите им се дава природен изглед и чувство. Бидејќи е можно ваквите заби да се поткршат, важно е да внимавате и да се грижите за нив според советите кои ќе ги добиете од нас.

 

 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

]]>
true
<![CDATA[Колку безбедни се рендгенските снимки?]]> http://www.plusinfo.mk/vest/34178/Kolku-bezbedni-se-rendgenskite-snimki http://www.plusinfo.mk/vest/34178/Kolku-bezbedni-se-rendgenskite-snimki 2012-02-21 13:06:30 Секој пат кога одам на стоматолошки преглед, ми се чини дека стоматологот вели дека треба да направам рендгенска снимка. Колку често треба да правам такви снимки и колку тие се безбедни?

Пациентите честопати го поставуваат ова прашање, и тоа со потполно право. Рендгенските зраци имаат јонизирачко зрачење, што всушност значи дека навлегуваат во човечкото ткиво. Но, токму заради оваа карактеристика рендгенските зраци се толку важни во дијагностиката. Тие можат да навлезат лесно во меките ткива, како во кожата и во непцата, а потешко во тврдите ткива како коската и забите, и овозможуваат приказ на повеќе нијанси на сивата боја. Овие прикази се нарекуваат рендгенски снимки. Современите рендген апарати ослободуваат само занемарливо количество на зрачење, кое нема речиси никакво значење во однос на секојдневното зрачење од околината на кое сме изложени.

За подобро да ја разберете проблематиката околу рендгенското снимање и зрачење, најпрво малку наука: милисивертот (мСв), кој што го добил името според д-р Ролф Сиверт, кој ги тестирал биолошките ефекти на радијацијата врз човекот, е единицата мерка што се користи за споредување на разни дози зрачење од различни рендгенски извори. Со оваа единица мерка ја одредуваме ефективната доза на рендгенско зрачење, односно безбедносниот фактор на радиолошко зрачење на кој секој може да се изложи. Годишните степени на изложеност на зрачење од околината изнесуваат од 2 до 4,5 мСв или повеќе, доколку летаме со авион. Доколку ги споредиме овие износи со стоматолошките рендген снимки, истите се сосема безбедни. Просечната дигитална снимка на областа околу коренот на забот подразбира озрачување од 1 микросиверт (уСв), односно еден илјадити дел од мСв. Рендген апаратите ги сликаат само посочените точки од човековото тело и  рендгенските зраци не се шират и по остатокот од телото. Во нашата ординација, пациентите дури носат и оловна престилка за да се заштити остатокот од телото од овие зраци. Дигиталните панорамските снимки на сите заби во устата веќе подолго време се сметаат за златен стандард во стоматолошката рендгенографија.

Колку често треба да се прават рендгенографските снимки зависи од потребите на секој пациент. Стоматологот ја прегледува историјата на пациентот, усната празнина и забите, а потоа одлучува дали треба да се направат снимки и од каков тип. Во случај на нови пациенти, најчесто се препорачува дигитална панорамска снимка која има многу ниска доза на зрачење. Како што посочува името на оваа снимка, таа дава панорамски преглед на главата, вратот, вилиците, забите, зглобовите, синусите  и придружните структури. Со неа се прегледува здравствената состојба на сите структури и се користи за откривање на скриени и прикриени состојби за кои не се јавуваат симптоми (барем не до подоцнежните фази), како што се заболувањата на вилиците, забите и на непцата. Овие рутински прикази, направени со стандардна техника, му овозможуваат мноштво информации на стоматологот, во однос на заболувањата на забите и непцата (кои можат да доведат до загуба на коскеното ткиво). Откако стоматологот ќе ја процени здравствената состојба на пациентот, може да одлучи на колкави интервали рендгенската снимка треба да се прави, со цел истата да се следи.

Затоа што секое дете е индивидуа само за себе, потребата од ртг панорамикс снимка варира од дете до дете. Снимка треба да се направи само по извршениот комплетен преглед на детето и само доколку е потребна информација за здравјето која со прегледот не сме ја добиле.

Генерално, на децата им се потребни повеќе ртг панорамикс снимки, отколку на возрасните. Нивната уста расте и се менува рапидно. Според Светската здравствена организација (СЗО), се препорачува ртг панорамикс снимка на секои шест месеци кај деца со висок ризик од кариес. Се разбира помалку снимки ни се потребни кај деца со сочувано орално здравје.

Ние не препорачуваме правење на ртг снимка на деца под шестгодишна возраст и на бремени жени доколку нема витална загрозеност од некое заболување во орофацијалната регија.

 

 

 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

]]>
true
<![CDATA[Дозволени и забранети активности за здрави непца ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/33251/Dozvoleni-i-zabraneti-aktivnosti-za-zdravi-nepca-- http://www.plusinfo.mk/vest/33251/Dozvoleni-i-zabraneti-aktivnosti-za-zdravi-nepca-- 2012-02-13 13:50:42  

Оралната хигиена неретко ја занемаруваме, без да размислиме дека здравјето на усната празнина и на забите, како и нивниот изглед се од голема важност за секој од нас.
Ви претставуваме  кои се дозволени, а кои недозволени активности во оралната хигиена:

- Четкајте ги и чистете ги забите со конец барем два пати во денот. Со себе секогаш носете четкичка (хигиенски спакувана во своја засебна футрола) и конец за заби.

-  Не консумирајте претерани количества на храна полна со маснотии или со шеќер.

- Редовно земајте додатоци на калциум и витамин Ц, бидејќи придонесуваат за здрави непца. На пазарот постојат додатоци во исхраната кои го потпомагаат заздравувањето на мекото ткиво и ја подобруваат здравствената состојба.

- Не изложувајте се на премногу стрес или барем обидете се да го држите под контрола. Непцата се само една ставка од долгиот список на делови на телото кои страдаат од преголемо количество на стрес.

- Подложете се на професионално чистење на забите барем два пати во годината (и повеќе од двапати), доколку непцата се воспалени или сте биле подложени на позначајни стоматолошки зафати во минатото. (површината на поправените заби е повеќе подложна на плак, повеќе и од онаа на природните заби)

- Консумирајте храна богата со влакна, како што се овошјето и зеленчукот. Влакната ги зајакнуваат тврдите и меките ткива во усната празнина.

 

Постојат и дури причини  кои можат да предизвикаат воспаление и крвавење на непцата:

 

 

Бременост

 

Хормоналните промени кои предизвикуваат необјасниви потреби за одреден вид храна и неочекувани напади на плачење можат, исто така, да предизвикаат и крвавење на непцата. Оваа состојба има и свое име - гингивитис во бременоста. Хормоналните промени придонесуваат до зголемена чувствителност на плакот, при што доаѓа и до зголемен ризик од воспаление. За среќа, состојбата се избегнува или лекува со внимателна грижа во домашни услови и грижа од стоматолошкиот тим.

 

Ослабен имунитет

 

Крвавењето на непцата е, исто така, резултат на ослабен имунитет, како на пример, во случај на настинка. Во овој случај, доаѓа до крвавење бидејќи устата е повеќе подложна на вируси кога имунолошкиот систем е ослабен. Затоа, доаѓа до отекување и чувствителност на непцата.

 

 

 

Стрес

Телото на човекот е способно да издржи одредено ниво на стрес, но не преголемо, бидејќи состојбата се одразува на здравјето на усната празнина. Кога стресот се намали, непцата ќе се повратат во здрава состојба.

 

Наследни фактори

 

Заболувањето на непцето може да биде резултат на наследен фактор. Истражувањата утврдиле дека промените во генот на катепсин - Ц ензимот предизвикуваат синдром наречен Папилон - Лефер . Симптомите на овој синдром вклучуваат крлушесто и брадавичесто здебелување на кожата, ерозија на меките ткиво околу устата и непцата и крвавење на непцата.

 

Младешка пaродонтоза

 

Како што посочува и самото име, оваа состојба се јавува кај младите, особено кај оние кај кои има присуство на вирулентен вид на бактерии кои е тешко да се елиминираат. Доколку не се спроведе агресивен периодентален третман, тие можат да ги загубат предните заби и првите катници. Постојат микробиолошки техники со кои се изолира овој вид на бактерии и на тој начин се овозможува полесен третман на заболувањето. Третманот предвидува микробилошки и хируршки пристап, кои во комбинација со внимателна домашна нега резултираат во успешно лекување на состојбата.

 

Забелешка:

Повременото крвавење на непцата се јавува често, особено доколку започнете со редовно чистење на забите со конец. Во овие случаи крвавењето запира во период од една недела. Доколку не дојде до прекин, а претходно сте биле подложени на процедура за отстранување на плак, задолжително консултирајте се со стоматологот. Понекогаш крвавењето на непцата е предзнак за многу посериозни нарушувања, меѓи кои на крвта, па дури и леукемија. Доколку отеченоста не е резултат од плак, треба да се направи проверка на крвта, за да се утврди дали постои некој друг здравствен проблем.

 

 

 

 

 

 

 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

]]>
true
<![CDATA[Воспалените непца ги уништуваат забите ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/31589/Vospalenite-nepca-gi-unishtuvaat-zabite-- http://www.plusinfo.mk/vest/31589/Vospalenite-nepca-gi-unishtuvaat-zabite-- 2012-01-30 12:52:32 Воспалението на непцата или “ гингивит “ - како што стручно се нарекува, претставува патолошки процес локализиран околу вратот на забите. Се јавува како резултат на недоволна орална хигиена, начинот на исхрана, навиките и претставува одраз на вкупната состојба на организмот. Многу често е прв или единствен симптом за многу други општи заболувања во организмот.

 

Која е причината за појава на воспалението?

 

Воспалението започнува со плакот, кој претставува проѕирна леплива супстанца, а којашто се формира на забите при реакција на шеќерите од храната со бактериите кои нормално ги има во устата. Миењето на забите го отстранува плакот, но тој повторно се формира најчесто во рок од 24 часа. Доколку не се отстрани подолго од два до три дена, се стврднува и се формира таканаречен забен камен кој не може да се отстрани со четка, туку само со професионално чистење кај стоматолог. Колку повеќе плакот стои на забите толку повеќе ја иритира гингивата, поради што таа станува црвена, отечена и почнува лесно да крвави.

Често, воспалението е последица на кариозни заби, пушењето кое го поттикнува растот на бактериите во устата, лошите навики како ставање разни предмети во уста, но и неправилно поставените пломби и протетски направи. Од внатрешните фактори најчести причинители се стомачно цревните заболувања, дефицит на витамини, но може да се јави и при некои физиолошки состојби, како бременоста (како резултат на хормонско влијание ) и речиси при сите состојби на намален имунитет.

 

Како се манифестира воспалението?

 

Воспалението на непцата најчесто се манифестира со оток, црвенило и крвавење при миењето на забите. Во почетокот воопшто нема болка или таа е многу слаба па често воспалението се занемарува. Доколку не се отстрани причината, воспалението преминува во потешки случаи на гингивит и парадентоза. Понатаму, во зависност од реакцијата на организмот, може да дојде до пролиферација или прекумерно  отекување на гингивата која може дури и целосно да го покрие забот и обратно, до повлекување на гингивата  и оголување на забните вратови и коренот на забот кој е многу чувствителен на термички и хемиски дразби. Сето тоа е проследено со ненадејна и остра болка, а тоа се всушност првите знаци на парадентоза.

За жал, оваа е една од најчестите причини за рано губење на забите. Во овој случај, доаѓа до пропаѓање на потпорниот апарат на забот, а тоа е делот кој забот го држи цврсто на своето место. Како одраз на патолошките промени се појавуваат различни симптоми. Освен појавата на инфекција и оголување на вратот и коренот на забот, доаѓа до формирање на џебови, многу често се создава гноен процес кој доведува до расклатување и губење на еден или најчесто повеќе заби.

 

 

Спречување и лекување на воспалението

 

Превентивата е најдобра, најбрза, најевтина и најефектна метода.

Се состои од редовно и правилно миење на забите, употреба на забен конец за чистење на интерденталните простори и редовни прегледи кај стоматолог. На тој начин, воспалението ќе се елиминира во почетниот стадиум без да предизвика компликации. Од другите терапевтски методи во почетна фаза се прави професионално чистење и полирање на забите, кое денеска го правиме со ултразвук и посебни полирни пасти. Во поодмината фаза се прави обработка на веќе создадените пародонтални џебови како и локална или општа апликација на медикаменти. Во потешки случаи неминовна е и хируршка интервенција со цел да се спречи понатамошното ширење на воспалението и губење на забите. Најважно е да се отстрани причината за воспалението, а пациентот го мотивираме редовно да одржува хигиена на своите заби и да не посетува, како би се направиле контролни прегледи за состојбата на забите и непцата.

Од „народните лекови“ позитивно влијание имаат некои растителни чаеви, како чајот од жалфија или камилица кои го намалуваат воспалението на гингивата и ја помагаат нејзината регенерација. Изразен антиинфламаторен ефект има прополисот бидејќи делува на многу видови бактерии и вируси, а воедно има и благ анестетски ефект со што се ублажуваат симптомите од воспалението.

Денеска на пазарот постојат многу готови препарати за спречување и отстранување на почетните воспаленија во форма на забни пасти, водички за плакнење на устата и забите, таблети за смукање и слично.

 

 

Дали крвавењето е секогаш знак за паника?

 

Доколку не е предизвикано од механичко оштетување на слузницата крвавењето не мора да е знак за паника, но дефинитивно е знак дека треба да не посетите. Ние ќе ја одредиме причината за крвавењето и начините за негово лекување.

 

 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

 

]]>
true
<![CDATA[Безболни ласерски зафати на мекото ткиво ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/29872/Bezbolni-laserski-zafati-na-mekoto-tkivo-- http://www.plusinfo.mk/vest/29872/Bezbolni-laserski-zafati-na-mekoto-tkivo-- 2012-01-16 11:13:35 Позната е изреката дека убавиот збор отвора железни врати. Но, слободно истото можеме да го кажеме и за убавата, блескава насмевка. Покрај редовната и темелна орална хигиена, потребно е да се прават и редовни посети кај стоматолог. Понекогаш, за жал, се појавуваат непредвидени ситуации во кои треба да се интервенира на поинаков начин, а сето тоа е од исклучителна важност за здравјето на вашите заби и усната празнина.Одредени  стоматолошки процедури подразбираат хируршки зафат на меките ткива во устата (најчесто непцата). Во овие зафати спаѓаат: ремоделирање на непцето (гингивопластика), отстранување на непцето (гингивектомија) и отстранување на ткивото што ги поврзува усната, непцето и/или јазикот со долниот дел од усната празнина (френектомија). 

Гингивопластика - ремоделирање на непцето

 Кај некои луѓе непцето не расте на соодветното место, особено доколку трајните заби не растат плански. Во овие случаи непцата понекогаш растат до тој степен што ја покриваат целата горна третина од забите. На овој начин, при насмевнувањето најмногу до израз доаѓаат непцата, а помалку забите. Корекцијата е една од наједноставните процедури во естетската стоматологија. Притоа се применува следнава процедура: забите и непцата се анестезираат со локален анестетик, а потоа ги ремоделираме непцата и на тој начин се издолжува појавата на забите. 

Гингивектомија 

Здравите непца се важен дел од личната појава. Но, понекогаш непцата растат по површината на забот, при што насмевката се нагрдува и луѓето често се срамат, а поради тоа страда и самодовербата. Гингивектомијата е хируршка процедура со која се отстранува мал дел од непцето околу забот или забите. Најчесто се користи за ремоделирање на непцата и добивање на поубава насмевка, но има своја примена и во случаи кога треба да се отстрани заболен заб или да се постави пломба. И гингивектомијата е релативно едноставна хируршка процедура. Правиме мал засек, а потоа го отстрануваме вишокот на ткиво со посебен инструмент. 

Френектомија

Френулум е ткивото кое ги поврзува подвижната усна или образот со непцето. Во некои случаи, доаѓа до попречување на нормалното подредување на забите или да повлекување на непцето. Хируршкиот зафат кој што е решение за овој проблем се нарекува френектомија. Доколку не се лекува, состојбата може да резултира со повлекување на непцата. Кај одредени пациенти френектомијата се извршува заради затворање на празнината (дијастемата) меѓу предните заби. Лингвалната френектомија подразбира отстранување на френулумот под јазикот. Овој третман најчесто се препорачува за пациентите кои имаат краток и затегнат френулум, поради што тешко изговараат одредени звуци и букви. 

Традиционални третмани

Традиционалните третмани за овие состојби подразбираат мали хируршки зафати за да се отстрани непотребното ткиво. Зафатот се врши со скалпел и локална анестезија, при што доаѓа до крвавење, за чие целосно заздравување се потребни две недели. 

Ласерски третман

Ласерскиот третман ја елиминира потребата од зашивање и употреба на скалпел. Бидејќи ласерот го подгорува ткивото, процедурата е безболна и нема крвавење. Како и третманот, така и периодот на заздравување е многу пократок. 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

]]>
true
<![CDATA[Нова насмевка со естетски корекции]]> http://www.plusinfo.mk/vest/29145/Nova-nasmevka-so-estetski-korekcii http://www.plusinfo.mk/vest/29145/Nova-nasmevka-so-estetski-korekcii 2012-01-09 12:06:33 Реконструкцијата на насмевката подразбира каква било комбинација на естетски дентални процедури кои се вршат со цел да се подобри изгледот на насмевката и корeгира речиси секој проблем. Доколку се сложувате со која било од следните изјави, потребна ви е реконструкција на насмевката:

- Не ми се допаѓа насмевката.

- Забите ми се искривени.

- Забите не ми се рамномерни.

- Забите ми се поткршени или искршени.

- Имам празнини од извадени заби.

- Имам грди расцепи помеѓу забите.

- Непријатно ми е да се смеам.

- Лошата насмевка ми претставува непријатност во приватниот и професионалниот живот.

- Имам дамки и шаренило на забите.

Во сите наведени случаи не треба да се двоумите за чекорот што треба да го преземете. Решението е едноставно, овозможете му на вашето лице блескава насмевка.

Реконструкцијата на забите ги вклучува следните методи:

- Исправување на искривени заби

- Корекција на поткршени и искршени заби
- Замена на извадени заби

- Пополнување на расцепи помеѓу забите

- Корекција на спуштени непца
- Избелување на дамки на забите

- Решенија на многу други проблеми.

Крајниот резултат на примената на техниките на реконструкцијата на забите е  бела и рамномерна насмевка.

Реконструкцијата на насмевката најчесто се прави со порцелански ламинати, коронки и/или порцелански инлеи. Ламинатите претставуваат тенок слој на порцелан што се поставува врз предната површина на забите. Тие имаат природен изглед и овозможуваат драматична промена на должината, ширината, бојата и формата на забите. Исто така, се отпорни на дамки,  а како резултат се создава долготрајна бела, рамномерна и прекрасна насмевка. Порцеланските коронки и инлеи ги нудат истите придобивки.

Откако стоматологот и пациентот ќе одредат која насмевка е најдобра за пациентот, земаме отпечаток од забите на пациентот. Потоа, во лабораторијата создавамe восочен модел од поправените заби и реконструираната насмевка. Пациентот и стоматологот го прегледуваат овој модел, се прават евентуални поправки, а потоа се враќа во лабораторијата. Новите заби на пациентот се прават според овој восочен модел и најчесто претставуваат комбинација од ламинати, коронки и инлеи од порцелан.

Следната процедура се состои во подготвување на забите на пациентот, земање нови отпечатоци и поставување привремени навлаки врз подготвените заби на пациентот. Кога порцеланските навлаки ќе бидат готови, ги отстрануваme привремените навлаки и ги поставува порцеланските.

 

 

 

Во процесот на реконструкцијата на насмевката користиме различна технологија, меѓу кои се издвојуваат:

Интраорална камера - мала камера во облик на пенкало која дава зголемен приказ на забите и помага при дијагноза на потребниот третман за секој заб.

Дигитална слика - со оваа алатка ги обработуваme сликите од забите на пациентот и создаваме приказ на изгледот на реконструираната насмевка уште пред да се започне со процедурата.

Ласер за меко ткиво - овој ласер служи за обликување на непцата.

Заздравувањето е исто како и при секоја стоматолошка процедура, при што е можна чувствителност на непцата неколку дена по поставување на ламинатите. Лековите против воспаление, како кетоналот или беналгинот, помагаат во намалување на чувствителноста на непцата.

По една до две недели може да се јави потреба од прилагодувања на ламинатите. Но, бидете спокојни, бидејжи не постојат познати компликации поврзани со реконструкција на насмевката.

 

 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Белеењето на забите им го враќа сјајот ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/28456/Beleenjeto-na-zabite-im-go-vrakja-sjajot-- http://www.plusinfo.mk/vest/28456/Beleenjeto-na-zabite-im-go-vrakja-sjajot-- 2012-01-02 10:32:20 Убавата насмевка е украс на секое лице, која треба постојано да ја негуваме и да се трудиме да биде присутна во секојдневниот живот. За жал, опаѓањето на забите, дамките, менување на бојата, дури и нивното мало поместување како резултат на стареењето се неизбежни. Сите овие недостатоци можат да придонесат да се чуствувате несигурно кога се насмевнувате. Разубавувањето на насмевката вклучува поправка на поткршени, напукнати или обезбоени заби, поправка на загризот и враќање на мускулите во нормална положба. Разубавувањето може да вклучи секаква комбинација на порцелански навлаки, бели пломби, коронки, мостови или белење на забите. 


Порцелански коронки

Доколку вашите заби се обезбоени, поткршени или напукнати, порцеланските коронки се можеби токму она што ви е потребно, а воедно се и најчесто употребувани во естетската стоматологија. Порцеланските коронки се прават во согласност со формата на вашите заби, а потоа се ставаат и хемиски се поврзуваат. Тие ги прекриваат грдите поткршувања и пукнатини, како и неправилните и искривени заби, а изгледаат толку природно што е речиси невозможно да се разликуваат од природните заби. Доколу размислувате за порцелански коронки, јавете се кај нас за да закажете почетна консултација.

Belewe на забите

Дали сте забележале дека со стареењето, така и вашите заби го губат сјајот? Иако дисколорацијата се забрзува со пушењето, кафето, слатките, газираните пијалаци и други слични производи, природната дисколорација најчесто се забележува кон средината или крајот на втората деценија од животот.
Едноставното белеење на забите може да донесе драматично подобрување на надворешниот изглед и самодовербата.
Пломби во боја на забите (не -метални пломби)

Дали се чуствувате непријатно поради златната, сребрената или, пак, сивата боја на пломбите на вашите заби? Дали некои од пломбите кои ги имате се поцрнети? Мислите ли дека тоа е првото нешто што се гледа кога зборувате или се смеете? Не грижете се, не сте единствени, а за среќа, сето тоа може да се поправи.
Белите пломби, кои се, исто така, познати и како порцелански или композитни пломби, посебно се направени за да одговараат на бојата на вашите заби. Тие се користат за да се поправат забите или да се пополни нерамнините. Пломбите, исто така, можат да се користат за замена или поправка на старите амалгамски пломби. Порцеланските пломби стануваат есенцијален дел од забот, кои се приспособуваат на формата на вашите заби и даваат природен изглед, при што преодот помеѓу пломбата и забот е речиси незабележлив. Белите пломби се најдобрата издржлива замена за сребрените пломби. Доколку имате заб кој треба да се поправи или, пак, стара амалгамска пломба која треба да се замени, белите пломби се токму тоа што ви треба за совршена насмевка.

Мостови и коронки

Ресторативната стоматологија вклучува употреба на коронки и мостови за реставрација на засебни оштетени заби, додека мостовите се користат за да се замени еден или повеќе заби. Коронките и мостовите можат да ја поправат формата и функцијата на вашите заби.
Коронки
Коронката е задолжителна, доколку забот е оштетен до степен кога не може да ја држи пломбата. Таа функционира и изгледа исто како природните заби. Доколку забот е истрошен, пукнат или во опасност од пукнување, порцеланската коронка е можното решение на проблемот. Коронките се прават според формата на забот; го покриваат целосно, лежат пријатно на непцето и го заштитуваат забот од понатамошно оштетување. Коронките ги зајакнуваат и заштитуваат забите, а воедно и ја подобруваат насмевката.

Мостови
Празнините од извадените заби не се само грда појава, туку можат и да предизвикаат сериозни проблеми. Доколку се извадени еден или повеќе заби од низата, останатите заби можат да почнат да се изместуваат од правилната положба. Ова води до измена на загризот, губење и на други забите и болести на непцата. Доколку веќе се соочувате со кој било од наведените проблеми, можеби треба да размислите за мостови. Мостот е група на поврзани коронки, кој се користи за да се стабилизира загризот, или доколку постојат празнини од изваден заб или заби. Мостот заштитува од понатамошно оштетување на забите и непцата, а во исто време ја разубавува и насмевката.

 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919      

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

 

 

 

 

 

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[За празниците сѐ нека биде умерено]]> http://www.plusinfo.mk/vest/28068/Za-praznicite-s-neka-bide-umereno http://www.plusinfo.mk/vest/28068/Za-praznicite-s-neka-bide-umereno 2011-12-28 11:57:41 Калоричната и солена храна, како и алкохолот се неизоставен дел од новогодишните и Божиќните празници. Мрсната храна може да има несакани ефекти на функцијата на ендотелот на крвните садови, зголемувајќи го нивото на холестерол во крвта. Вишокот внес на алкохол може да го зголеми крвниот притисок или да предизвика неправилна работа на срцето. Во тек на празниците не е исклучен ниту емоционалниот стрес. Студеното време од своја страна води до зголемен отпор во крвните садови, спазам на артериите во срцето (коронарните артерии), згуснување на крвта и формирање тромби. Сами или во комбинација, овие фактори можат да доведат до појава на кардиоваскуларни случувања, како што се срцев удар, мозочен удар, зголемување на крвниот притисок и компликации од него.
Со мали прилагодувања на традиционалното прославување на Нова година и Божиќ можете да уживате во празничното расположение притоа незагрозувајќи го своето здравје. За таа цел сакаме да Ве посоветуваме како безбедно и задоволно да ги поминете претстојните празници.


Неколку корисни совети

 

- Избегнувајте ги сите поттикнувачки фактори за кардиоваскуларни случувања: тешка физичка работа, прејадување, психички стресови, вишок солена храна, прекумерна консумација на алкохол.

- Редовно земајте ги препишаните лекови.

- Не го одложувајте прегледот кај кардиологот штом почувствувате градна болка, гушење, зголемување на крвниот притисок или други тегоби.

- Исхраната во текот на празниците треба да биде количински умерена. Консумација на печено црвено месо (на пр. јагнешко, свинско) е дозволена, но во количина до 100 грама дневно (парче големо како половина дланка). Препорачуваме избегнување на пржена и мрсна храна. Месото комбинирајте го со свежа зелена салата.

- Течности: Пијте вода или чаеви со малку шеќер или без шеќер. Вкупната дневна консумација на течности (вода, чај, сок, супа, алкохол, млеко) треба да биде 1,5-2 литра, доколку не Ви е препорачано поинаку. Алкохол: Црвеното вино е богато со антиоксиданси, кои го штитат срцето. Дозволена е консумација на 2 дл црвено вино за мажите и 1 дл за жените. Консумација на друг алкохол е дозволена, но исто така во минимална количина (на пр. една чашка ракија). Сокови: Избегнувајте да пиете газирани пијалаци (кока-кола, фанта и сл.), како и обоени овошни сокови. Се препорачува консумација на свежо приготвен домашен сок. Кафе: Дозволена е консумација на 1-2 кафиња дневно.  

- Десерти: Тортите, колачите и чоколадите се неизоставен дел од новогодишните празници. Доколку уживате да јадете слатки производи можете да си дозволите, но само едно!

- Секојдневни прошетки се неопходни за одржување на кардиоваскуларниот систем. Препорачуваме прошетки во природа кога не е многу студено времето (на пр. во попладневните часови).

 

Ви посакуваме среќни и весели новогодишни и Божиќни празници, многу здравје и среќа во следната 2012 година.

Тимот на „Филип Втори“










]]>
true
<![CDATA[Чепкалката за заби - спас од непријатни ситуации]]> http://www.plusinfo.mk/vest/27811/Chepkalkata-za-zabi----spas-od-neprijatni-situacii http://www.plusinfo.mk/vest/27811/Chepkalkata-za-zabi----spas-od-neprijatni-situacii 2011-12-26 10:55:32 Секогаш е непријатно да ви се заглави мало парче храна меѓу забите. Можете да го почувствувате, ама не можете да го видите. И, кога сте помислиле дека на дискретен начин ќе го извадите, тоа едноставно не ви оди. Затоа е потребен план Б.

Во сите ресторани императив е, на масата да стои сад во кој има чепкалки за заби. Во поелитните ресторани тие се индивидуално спакувани со името и со логото на ресторанот. Денес дури се користат и мали држачи на кои е намоткан конец за заби.

Никој со сигурност не може да каже од кога датира навиката да се користи чепкалка за заби. Со векови високата класа користела чепкалки за заби изработени од злато, сребро или од драгоцени камења. Изгравирана чепкалка за заби било нешто без кое не можел да се замисли господин со добри манири на однесување. Во времето на прохибицијата, чепкалката станала заштитен знак на луѓето од подземјето.

Сепак, држењето на чепкалката во аголот од устата и не е баш некоја убава слика. Според современиот бон-тон, денес се избегнува чепкање на забите во јавност. Доколку тоа морате да го сторите, со едната рака покријте ја устата држејќи ја чепкалката со другата рака. Направете движења како да свирите на усна хармоника, но, најважно е да бидете брзи. Доколку ви е потребно повеќе време, посегнете по чепкалката и со извинување, заминете во тоалетот. Користете го крајот на чепкалката за да го отстраните непожелното парче храна. Внимавајте да не се повредите. Доколку на масата или во тоалетот има конец за заби, користете го и него. Пожелно е по чепкањето на забите да ја исплакнете устата со водичка за уста или со обична вода. Запомнете дека чепкалката е за еднократна употреба, затоа немојте да ја чувате.

Доколку забележите дека кај некого се заглавило парче храна меѓу забите, културно е да му кажете. Така и нему, а и вам, ќе ви биде попријатно.

 

Шамичињата ја бришат шарената насмевка

 

Рестораните секогаш не се погодно место каде е пристојно да се одржува соодветна хигиена на забите и на устата. И нормално, нема шанси да се пие макијато или винце со цевка! Затоа, за да ја избегнете шарената насмевка на сред вечера, проследена со виолетови усни и, најлошото, виолетови мустаќи, еве уште неколку совети за бела насмевка, за сите кои го сакаат кафето и виното:

- Купете средство за чистење на забите во форма на шамичиња. Пакувањето е тенко и погодно за во чанта или за во паричник, а е лесно и за употреба. Едноставно, извадете едно, навлечете го на прстот и исчистете ги забите. На крајот, исплакнете ја устата со вода.

- Тие, исто така, одлични се за отстранување на синилото од устите и од мустаќите.

Никогаш немојте да ги миете забите по пиењето вино. Виното само по себе нема да ги оштети забите, поточно глеѓта, но присуството на алкохол  ќе предизвика нејзино размекнување. Користењето на четка за миење заби веднаш по консумирањето вино лесно може да придонесе за оштетување на глеѓта, што  доведува до осетливост на забите. Ако сакате да имате кристално бели заби, консумирајте помалку црвено вино. Пребојувањето на забите е предизвикано од  обоените молекули познати како танини, кои се апсорбирани од површината на глеѓта.

 

Црвено вино за здрави заби

 

Истражувањата покажуваат дека сепак, пиењето црвено вино е здраво за забите и за грлото.

Според некои нови студии, состојките на црвеното и на белото вино, познати како полѕпхеноли, ги уништуваат бактериите кои предизвикуваат воспаление на непцата.

Неколку научни студии потврдуваат дека виното го намалува лошиот холестерол (лдл), а го покачува добриот холестерол(хдл).

Пиењето црвено вино се препорачува и затоа што една чаша дневно од оваа течност, штити од настинка.

Виното содржи голем број биолошки активни компоненти кои се добри за нашето здравје. Докажано е дека виното активно се бори против оралните бактериите стрептоцоццианд с. Пѕогенес .

Затоа подигнете ја чашата вино и наздравете за добро орално здравје во Новата година

 

 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk

 

]]>
true
<![CDATA[Естетската стоматологија создава волшебна насмевка ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/26975/Estetskata-stomatologija-sozdava-volshebna-nasmevka- http://www.plusinfo.mk/vest/26975/Estetskata-stomatologija-sozdava-volshebna-nasmevka- 2011-12-19 11:09:34

Убавата насмевка, без сомнеж, е најважната алатка за социјализација со луѓето. Насмевката е централниот елемент што се забележува при комуницирањето, а кога таа блеска, луѓето зрачат со самодоверба, задоволство и со среќа. Денешните напреднати постапки на естетската стоматологија можат да ја претворат вашата насмевка во прекрасна, бела, правилна ниска на заби. Еве што се може да стори естетската стоматологија за вас:
Да ги затвори процепите помеѓу забите 
Да ги избели сите дамки и промени на бојата на забите 
Да ги поправи поткршените и истрошените заби 
Да ја поправи неправилната низа на забите 
Да ја продолжи или скрати должината на забите, кои отстапуваат од низата 
Да ги надополни забите кои недостигаат во низата 
Да ги замени старите метални пломби на забите 
Естетската стоматологија покрива мноштво постапки што ја подобруваат убавината и здравјето на вашата насмевка.

 

Се смеете ли со затворена уста?

Доколку сте незадоволни од својата насмевка, тогаш сте зрел кандидат за естетска стоматологија. Затоа, запрашајте се дали се смеете со затворена уста или со раката преку уста, за да не можат другите да ви ги видат забите?
Дали се чуствувате незгодно поради изгледот или бојата на вашите заби?
Дали избегнувате да се смеете, затоа што не сакате да ги покажете забите? 
Дали имате метални пломби на задните заби?
Доколку одговоривте со потврден одговор на кое и да е од овие прашања, можеби сте кандидат за естетска стоматологија. Всушност, секој кој не е задоволен од изгледот на својата насмевка, е кандидат за естетска стоматологија. 
Убавата насмевка може да ви го промени живот, може да направи да изгледате и да се чуствувате помлади, поатрактивни и да ви ја зголеми самодовербата.

 

Лесно до прекрасна насмевка

Денешните процедури во естетската стоматологија даваат брз и лесен пат до прекрасна и здрава насмевка - сјајна, бела и рамномерна, правилна ниска на заби. Кога ќе се земат предвид сите грижи, надежи и соништа што ги имате, со цел да ја добиете насмевка која ја барате, одлучете се за следниве третмани:
Разубавување на насмевката - ламинати 
Порцелански коронки 
Избелување на забите 
Пломби во боја на забите/неметални пломби
Мостови и коронки

Доколку сметате дека имате неправилна насмевка, тогаш замислете каква разлика ќе направи прекрасната насмевка; не само во физичкиот изглед, туку и во вашиот живот, воопшто. Ќе се чуствувате поатрактивни, успешни, цврсти и полни со енергија. Со поубава насмевка ќе почуствувате поголема самодоверба од кога и да е во животот, што може да има големо влијание на вашиот личен и професионален живот. Убавата насмевка ја поттикнува и надворешната и внатрешната убавина. 

 

Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција

КРУНА МС

ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2

1000 СКОПЈЕ

+389 2 3166919

krunams@t-home.mk

 www.krunams.com.mk


]]>
true