Вести од рубриката: СПОРТ http://www.plusinfo.mk/style/images/logo.jpg +Инфо http://www.plusinfo.mk http://www.plusinfo.mk RSS вести од рубриката: СПОРТ 2014-10-16 09:14:19 en-us <![CDATA[Почина поранешниот младински репрезентативец Александар Којчевски]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154583/Pochina-poraneshniot-mladinski-reprezentativec-Aleksandar-Kojchevski http://www.plusinfo.mk/vest/154583/Pochina-poraneshniot-mladinski-reprezentativec-Aleksandar-Kojchevski 2014-10-16 09:14:19 Неверување, голема болка и неизмерна тага предизвика веста за ненадејната смрт на поранешниот кадетски и младински кошаркарски репрезентативец на Македонија, Александар Којчевски кој почина утрово на свои само 22 години, пишува порталот Екипа.


Александар Којчевски во текот на кошаркарската кариера настапуваше за неколку клубови во нашата земја меѓу кои Јуниор, Ангели и Торус, како и за универзитетски кошаркарски клубови во САД. Како перспективен млад кошаркар беше член на кадетската и младинската репрезентација на Македонија. Активно играше кошарка до пред две сезони.

 

]]>
true
<![CDATA[Aмбасадата на САД во Белград изрази жалење поради хулиганството на мечот Србија-Албанија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154541/Ambasadata-na-SAD-vo-Belgrad-izrazi-zhalenje-poradi-huliganstvoto-na-mechot-Srbija-Albanija http://www.plusinfo.mk/vest/154541/Ambasadata-na-SAD-vo-Belgrad-izrazi-zhalenje-poradi-huliganstvoto-na-mechot-Srbija-Albanija 2014-10-15 15:50:01 Амбасада на САД во Србија денеска изрази жалење поради насилството и хулиганството на синоќешниот натпревар Србија-Албанија во Белград.

 

- Жално е што уште еден спортски настан, стана место за манифестирање на национализмот изразен преку насилство. Спортските натпревари и слични настани не се место за хулиганство, се истакнува во соопштението на Амбасадата на САД.

 

Во врска со информации дека при инцидентите е уапсен и Орфи (Олси) Рама, брат на премиерот на Албанија Еди Рама, кој има и американско државјанство, Амбасадата на САД нагласува дека тоа нема никава врска со синоќешните настани на фудбалскиот натпревар.

 

 

ИЗвор:МИА

]]>
true
<![CDATA[Фетел не доби дозвола од Ред Бул да го тестира болидот на Ферари]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154536/Fetel-ne-dobi-dozvola-od-Red-Bul-da-go-testira-bolidot-na-Ferari http://www.plusinfo.mk/vest/154536/Fetel-ne-dobi-dozvola-od-Red-Bul-da-go-testira-bolidot-na-Ferari 2014-10-15 15:36:42 Тимот на Ред Бул не му дозволи на Себатсијан Фетел да одржи тестирање на болидот Ферари, нова екипа на германскиот возач.
- Фетел се уште е наш возач и не му дозволивме да тестира болид на Ферари. Тоа може да го стори кога ќе му заврши договорот со нас, а тоа е пет дена по крајот на последната трка сезонава, односно 28 ноември. Дури тогаш тој ќе може да тестира болиди на други екипи, соопштија од Ред Бул.
Ферари се уште официјално не го потврдил Фетел како нивни возач за следната сезона. Во план им беа пост сезонски тестови со Фетел во Абу Даби, но за сега нема да има пробни возења.

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[ФФМ активно вклучена во ФАРЕ акционата недела]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154534/FFM-aktivno-vkluchena-vo-FARE-akcionata-nedela http://www.plusinfo.mk/vest/154534/FFM-aktivno-vkluchena-vo-FARE-akcionata-nedela 2014-10-15 15:36:06 Во „Куќата на фудбалот“ денеска беше презентирана програмата за годинашната ФАРЕ акциона недела против национализмот, расизмот и дискриминацијата во европскиот фудбал. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) активно е вклучена во кампањата поддршана од Македонскиот центар за култура и развој (МЦКР).
Македонскиот центар за култура и развој како кординатор на ФАРЕ активностите во соработка со ФФМ преку медиумска кампања ќе ја промовира ФАРЕ неделата против национализмот, разисмот и дискриминацијата во фудбалот.
Во деновите за одигрување на мечевите од редовните кола од првата и втората македонска фудбалска лига фудбалерите ќе излезат на терените со транспаренти со пораки против расизмот и национализмот во фудбалот.
- ФФМ дава целосна поддршка на сите активности поврзани со фер-плејот и борбата против насилствата, национализмот и расизмот на фудбалските терени. Во рамки на нашето членство во УЕФА, ние како федерација сме обврзани да се грижеме за развојот на играта и за надминување на сите видови недоследности и нарушувања. ФФМ активно учествува во програмата на УЕФА против расизмот и дискриминација во фудбалот, а го истакнуваме и задоволството од соработката со МЦКР. Повикуваме сите заедно, фудбалерите, клубовите, навивачите, судиите, невладините организации и сите граѓани да придонесеме во развој на навивачката култура во нашата земја и да станеме пример за достоинствено однесување, порача в.д. Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.
Своите активности ги претстави и Нелко Нелковски, претседател на МЦКР.
- Главната цел на кампањата на ФАРЕ е да се помогнат локалните иницијативи за да се отстрани национализмот  расизмот и дискриминацијата на фудбалските стадиони. Целта на ФАРЕ е преку фудбалот да изнесат позитивни пораки,изјави Нелковски. 

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[ЕК ги поздрави српските власти за начинот на кој се справиле со ситуацијата на фудбалскиот натпревар]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154514/EK-gi-pozdravi-srpskite-vlasti-za-nachinot-na-koj-se-spravile-so-situacijata-na-fudbalskiot-natprevar http://www.plusinfo.mk/vest/154514/EK-gi-pozdravi-srpskite-vlasti-za-nachinot-na-koj-se-spravile-so-situacijata-na-fudbalskiot-natprevar 2014-10-15 14:27:56 Европската комисија ги поздрави денеска српските власти за начинот на кој се справиле со ситуацијата на вчерашниот фудбалски натпревар во Белград меѓу тимовите на Србија и на Албанија, кој беше прекинат во 42-та минута. 

 

- Според нас српските власти покажаа професионализам при справувањето со ситуацијата, изјави Маја Коцијанчич, портпарол на високиот претставник за  надворешна политика и безбедност на Европската унија, Кетрин Ештон.

 

- Разочарани сме од тоа што се случи. Не ги прифаќаме забелешките на некои медиуми дека ЕУ е вмешана во тој инцидент. Политиката не треба да се користи за провокации на стадионите, додаде Коцијанчич. 

 

Фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија, што се одигра за квалификации за учество за Европското првенство 2016. беше прекинат синоќа во 42-та минута по инцидентот со албанското знаме. 

Братот на албанскиот премиер, Орфи Рама беше уапсен синоќа во ВИП ложата на стадионот „Партизан“, под сомнение дека го организирал и раководел со инцидентот со албанското знаме, по што натпреварот беше прекинат. Подоцна тој беше ослободен и вратен во Албанија.

 

Извор:МИА

 

]]>
true
<![CDATA[Платини ја осуди политичката заднина на инцидентот во Белград]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154513/Platini-ja-osudi-politichkata-zadnina-na-incidentot-vo-Belgrad http://www.plusinfo.mk/vest/154513/Platini-ja-osudi-politichkata-zadnina-na-incidentot-vo-Belgrad 2014-10-15 14:26:57 Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА) Мишел Платини денеска изјави дека е длабоко растажен поради настани во Белград минатата ноќ, кога беспилотно летало со знамето на Голема Албанија предизвика инциденти и прекин на натпреварот Србија – Албанија.
- Фудбалот треба да зближува луѓе и политиката не треба да се меша во нашиот спорт, потенцира Платини.
Првиот човек на УЕФА за настаните на стадионот на Партизан рече дека нема никакво оправдување и дека за нив нема прошка.
Натпреварот меѓу Србија и Албанија, во квалификациите за Европското првенство 2016 беше прекинат пред крајот на првото полувреме. 

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[ФОТО “Шверцери“ од Скопје на ФБ: ние управувавме со дронот во Белград]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154488/FOTO-Shverceri-od-Skopje-na-FB-nie-upravuvavme-so-dronot-vo-Belgrad http://www.plusinfo.mk/vest/154488/FOTO-Shverceri-od-Skopje-na-FB-nie-upravuvavme-so-dronot-vo-Belgrad 2014-10-15 12:50:01 Навивачи на албанската репрезентација од Скопје, кои ја пратат репрезентацијата на Албанија, објавиле слика на ФБ и тврдат дека тие стојат зад инцидентот кој се случи синоќа на утакмицата помеѓу фудбалските репрезентации на Србија и Албанија во Белград. Тие на социјалната мрежа појаснуваат како управувале со дронот кој го носеше банерот на т.н. голема Албанија.

 

„Шверцерите“  под слоганот „Дела, не само зборови“, се пофалиле како од надвор пред очите на 30 илјади присутни Срби на натпреварот и пред очите на телевизиските гледачи управувале со беспилотното летало над стадионот на “Партизан“ пред крај на првото полувреме од фудбалската утакмица која поради инцидентот се прекина.

 

Како последица на инцедентот на стадионот прво завојуваа играчите па навивачите на стадионот и на крај заврши со нереди, протести  во Тирана, Виена, во српските градови или со прослави, во Тирана, на Косово, во Македонија во Тетово и Струга.

 

Но, во меѓувреме се појавил и извесен Денис Башиќ кој на својот Фејсбук профил објавил фотографија од дронот и тврди дека „сепак, се’ тргна од Тузла“.

 

 

Подготви: А.Ј.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

]]>
true
<![CDATA[Кожув и Куманово почнуваат нова сезона во БИБЛ лигата]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154485/Kozhuv-i-Kumanovo-pochnuvaat-nova-sezona-vo-BIBL-ligata http://www.plusinfo.mk/vest/154485/Kozhuv-i-Kumanovo-pochnuvaat-nova-sezona-vo-BIBL-ligata 2014-10-15 12:49:11 Македонските претставници во БИБЛ лигата Кожув и Куманово денеска ќе почнат со натпреварите во новата сезона од ова натпреварување.
Гевгеличани на стартот на домашен терен ќе играат со Морнар од Бар. Почетокот на натпреварот е во 19 часот.
Куманово првиот дуел го игра во Пеќ против истоимената домашна екипа. Почетокот на овој натпревар е во 19 часот и 30 минути.
Инаку, вчера се одиграат првите два натпревара Сигал Приштина – Влазнија 85:59 и Рилски спортист – Сутјеска 78:68. 

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Почна продажбата на влезниците за натпреварот Металург - Кил]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154486/Pochna-prodazhbata-na-vleznicite-za-natprevarot-Metalurg---Kil http://www.plusinfo.mk/vest/154486/Pochna-prodazhbata-na-vleznicite-za-natprevarot-Metalurg---Kil 2014-10-15 12:47:31 Македонскиот ракометен шампион Металург денес ги пушти во продажбата поединечните билети за натпреварот од Лигата на шампионите против германскиот претставник Кил. 
Влезниците се продаваат во продажните салони на “ОНЕ”, во Скопје и низ Македонија, како и онлајн на www.karti.com.mk
Сите оние кои ќе купат онлајн влезници, истите ќе можат да ги заменат на билетарта на СЦ Борис Трајковски на денот на оддржување на натпреварот од 15 часот.
Цените во зависнот од местото се движат од 200 до 500 денари.
Од денес започнува и промената на дополнетително купените блок влезници за пластифицирани картички. Промената ќе се врши до петок од 10 до 15 часот во просториите на РК Металург во СРЦ „Борис Трајковски“.
Натпреварот Металург – Кил ќе се одигра на 18 октомври (сабота) со почеток во 21 часот.

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Капело казнет поради ремито со Молдавија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154487/Kapelo-kaznet-poradi-remito-so-Moldavija http://www.plusinfo.mk/vest/154487/Kapelo-kaznet-poradi-remito-so-Moldavija 2014-10-15 12:44:55 Фудбалскиот сојуз на Русија парично го казни селекторот Фабио Капело поради нерешениот резултат со Молдавија.
Русите беа големи фаворити пред овој дуел, но не успеаја да го освојат трите бода играјќи нерешено 1:1.
Капело овој неуспех ќе го чини 2,8 милиони евра или четири месечни плати. Италијанецот со 700 илјади евра месечен приход е најплатениот селектор на светот.
Договорот на Капело му истекува на лето 2018 година. По лошото издание на руската репрезентација на Мундијалот во Бразил, дури и неколку политичари реагираа за преиспитување на примањата на Капело, а дел од нив побараа и негова смена.
Русија во ЕУРО квалификациите е во Г групата. По три кола е втора со 5 бодови, еден помалку од лидерот Австрија. 

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО Рама: Горд сум, Дачиќ: Ова е дело на братот на Рама ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154475/VIDEO-Rama-Gord-sum-Dachikj-Ova-e-delo-na-bratot-na-Rama- http://www.plusinfo.mk/vest/154475/VIDEO-Rama-Gord-sum-Dachikj-Ova-e-delo-na-bratot-na-Rama- 2014-10-15 12:01:58 Албанскиот премиер Еди Рама на неговиот Фејсбук профил напиша дека е горд „затоа што црвено-црните ја добија фудбалската војна“, но жали за соседите затоа што „испратија грда слика во светот“.

- Горд сум затоа што црвено-црните ја добија фудбалската војна. Но, истовремено, жалам што соседите, испратија грда слика во светот, напиша Рама на својот налог на Фејсбук.

Братот на албанскиот премиер, Орси Рама, кој е американски државјанин, беше уапсен синоќа во ВИП ложата на стадионот „Партизан“, под сомнение дека го организирал и раководел инцидентот со албанскиот банер закачен на дрон, по што натпреварот беше прекинат. Подоцна тој беше ослободен и вратен во Албанија.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека инцидентот на синоќешниот фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија во Белград е однапред испланирана провокација.

- Вакво нешто не се случило на ниту еден фудбалски натпревар и тоа е претходно подготвено. Главно прашање за мене е како ќе реагираат ЕУ и УЕФА, бидејќи ако некој од Србија го развиореше знамето на „Голема Србија“ во Тирана или Приштина, тогаш проблемот веднаш ќе беше ставен на дневен ред во Советот за безбедност на ОН. Во овој инцидент неоспорен е фактот дека е организиран од братот на албанскиот премиер, кој требаше тука да биде гостин. Ова е политичка провокација - истакна Дачиќ.

Тој додаде дека во текот на целиот вчерашен ден европски дипломати вршеле притисок да им се дозволи на албанските навивачи да влезат на стадионот, иако тие биле запрени на аеродромот и немале билети за натпреварот. Дачиќ смета дека Србија нема никаква одговорност за прекинот на натпреварот.

Политичкиот аналитичар Бранко Радун изјави денеска дека инцидентот на натпреварот Србија – Албанија е режиран со цел да се испрати порака на власта во Белград дека може да се случи хаос ако се организира парада во Белград во присуство на претседателот на Русија, Владимир Путин.

- Станува збор за нечуена провокација со цел дестабилизација на Србија и нанесување удар на власта во Белград од некои центри на Запад - истакнал Радун за Утринската програма на ТВ Пинк.

Претседателот на ФИФА СЕП Блатер се огласи на Твитер по повод инцидентот на стадионот на „Партизан“.

- Фудбалот никогаш не смее да се користи за политички пораки. Остро го осудувам тоа што се случи во Белград минатата ноќ - напиша првиот човек на ФИФА на својот Твитер профил.

Фудбалерите на репрезентацијата на Албанија беа дочекани во Тирана како херои. Играчите тврдат дека претрпеле хорор на натпреварот со Србија и дека сега очекуваат праведна одлука од УЕФА. Фудбалерот на Лацио, Лорик Цана, на една социјална мрежа напишал дека нивниот орел е слободен и дека секогаш слободно ќе лета.

Фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија, што се одигра за квалификации за учество за Европското првенство 2016, беше прекинат синоќа во 42-та минута по инцидентот со банерот со голема Албанија закачен на дрон.

 



Подготви: А.Ј.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

]]>
true
<![CDATA[Карл Билд: Неодговорна провокација во Белград]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154479/Karl-Bild-Neodgovorna-provokacija-vo-Belgrad http://www.plusinfo.mk/vest/154479/Karl-Bild-Neodgovorna-provokacija-vo-Belgrad 2014-10-15 11:56:47 Карл Билд, министер за надворешни работи на Шведска, остро го осуди инцидентот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија кој се одржа синоќа во Белград.

- Неодговорна провокација на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија. Се надевам дека двајцата премиери ќе ја увидат потребата за унапредување на билатералните односи, напиша синоќа Карл Билд на Твитер по повод инцидентот, кој го предизвикаа албанските навивачи на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија.

 



Подготви: А.Ј.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

]]>
true
<![CDATA[Џудо федерацијата на Македонија на 28 октомври го одбележува „Светскиот ден на џудото“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154468/Gzudo-federacijata-na-Makedonija--na-28-oktomvri-go-odbelezhuva-Svetskiot-den-na-gzudoto http://www.plusinfo.mk/vest/154468/Gzudo-federacijata-na-Makedonija--na-28-oktomvri-go-odbelezhuva-Svetskiot-den-na-gzudoto 2014-10-15 11:23:40 Традиционално, Македонија, џудо федерацијата на Македонија и џудо клубовите од земјата и годинава ќе се вклучуваат во одбележувањето на Светскиот ден на џудото, 28 октомври. 

Годинашниот фокус ќе биде насочен кон „честта“ (Honour), тема која што беше одбрана со гласање на фејсбук профилот на интернационалата џудо федерација. 

Темата „Чест“ е наследник на „Упорност“ (Perseverance), „Џудо за сите“ (Judo for all) и „Почит“ (Respect), теми кои изминатите три години го одбележаа денот на тренерите, навивачите, џудистите и сите оние кои ја чуствуваат пасијата на еден од најпрактикуваните светски спортови. 

Светскиот ден на јудото (#WorldJudoDay) и годинава ќе се одбележи на 28 октомври, денот на кој е роден основачот на џудото, Јигоро Кано. Денес, повеќе од 20 милиони луѓе од целиот свет секојдневно тренираатџудо, а Интернационалната џудо федерација брои повеќе од 200 национални федерации и пет континентални сојузи. 

Светскиот ден на џудото има за цел да ги покаже спортските вредности, но и да докаже дека џудото е повеќе од спорт. Џудото е образовна алатка која може да им помогне на луѓето да живеат заедно и да се почитуваат еден со друг.

Целта е да се зголеми бројот на џудисти во целиот свет и да помогнеме да се промени животот на луѓето со користење на моќта на џудо.

По повод светскиот ден на џудото, председателот на интернационалната џудо федерација, господинот Мариус Визер, изјави:

- Драги џудисти и вљубеници во џудото, по повод Светскиот ден на џудото би сакал да ги повикам сите џудисти и џудо заедници во светот да ги следат, бранат и промовираат олимпискиот дух и вредности кои се исто така вредности на нашиот спорт. Би сакал да повикам на единство и солидарност и преку енергијата и духот на џудото да ја зголемиме нашата заедница и да изградиме подобар свет.

Двојниот олимписки освојувач на бронзен медал, бразилецот Леонардо Гиљеиро има своја дефиниција за годинашната тема „ЧЕСТ“: Чест значи карактер, почит и интегритет. Во џудото, овие именки се повеќе од зборови, бидејќи честа е основа на која џудото е изградено“.

Членот на американскиот тим, бронзениот олимпиец Џим Брегман кој во 1964 во Токио го освои првиот медал за соединетите американски држави во џудо, вели: „За мене честта значи покажување почит и восхит кон човештвото, земјата и универзумот. 

- Почитта значи смиреност, благодарност, великодушност и разбирање на вредноста на сите нешта. Земјата е сина точка, нашите животи се минливи искра, универзумот е, добро, бесконечен и можеби, можеби, на крајот непознат за нас -  вели 72-годишниот Брегман, кој годинава слави 50-годишнина од своето учество на Олимписките игри во Токио.

 

]]>
true
<![CDATA[Ивановиќ: Беше договорено да доиграме, УЕФА прифати, Албанците не]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154464/Ivanovikj-Beshe-dogovoreno-da-doigrame-UEFA-prifati-Albancite-ne http://www.plusinfo.mk/vest/154464/Ivanovikj-Beshe-dogovoreno-da-doigrame-UEFA-prifati-Albancite-ne 2014-10-15 10:53:02 Бранислав Ивановиќ , капитенот на српската репрезентација не сакаше да ги коментира деталите за синоќешниот инцидент, но рече дека во разговор со судијата и претставниците од УЕФА беше договорено натпреварот да продолжи.
- Бевме спремни да го доиграме натпреварот. Тоа го договоривме и со службените лица. Сепак Албанците изјавија дека ниту физички ниту психички не се подготвени да продолжат. Ние сакаме да играме фудбал, а за се друго има одговорни кои ќе донесат одлука. За време на инцидентот бевме со играчите на Албанија, истакна Ивановиќ.
Натпреварот Србија – Албанија синоќа во Белград не го дочека својот крај откако во 42.минута на стадионот се појави летало на далечински управувач на кое беше закачено знаме на голема Албанија. 

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Цана: Не тепаа и не можевме да продолжиме]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154463/Cana-Ne-tepaa-i-ne-mozhevme-da-prodolzhime http://www.plusinfo.mk/vest/154463/Cana-Ne-tepaa-i-ne-mozhevme-da-prodolzhime 2014-10-15 10:52:24 Капитенот на фудбалската репрезентација на Албанија Лорик Цана за синоќешниот инцидент рече дека е предизвикан од српските навивачи кои нанеле повреди на дел од неговите соиграчи и поради тоа не биле во можност да го продолжат мечот.
- Дојдовме да играме фудбал, но бевме физички нападнати од српските навивачи и затоа не сакавме да се вратиме на терен. Сакавме само да го земеме знамето и се ќе беше под контрола, ама обезбедувањето не спречи влегување на терен на дел од навивачите. И јас и некои мои соиграчи имаме повреди и не можевме да продолжиме, изјави Цана.
Албанскиот капитен го посочи неговиот српски колега Бранислав Ивановиќ како позитивен пример.
- Капитенот Ивановиќ е позитивен пример за однесување. Тој и пред натпреварот дојде кај нас и ни рече дека ова е само фудбалски натпревар, нагласи Цана. Исходот од прекинатиот натпревар Србија – Албанија поради појавувањето на леталото со знамето на Голема Албанија ќе биде познат по состанокот на надлежните комисии на УЕФА.

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Албански навивачи ја опколиле Амбасадата на Србија во Тирана]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154452/Albanski-navivachi-ja-opkolile-Ambasadata-na-Srbija-vo-Tirana http://www.plusinfo.mk/vest/154452/Albanski-navivachi-ja-opkolile-Ambasadata-na-Srbija-vo-Tirana 2014-10-15 10:15:12 Албански навивачи ја опколија српската Амбасада во Тирана по инцидентот кој изби вчера на вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија што се играше во Белград.  

 

Натпреварот беше прекинат откако на теренот влета летало со банер на „голема Албанија“. 



Под сомнение дека организирал и раководел со тој инцидент, беше уапсен, па пуштен Олси Рама, брат на албанскиот премиер Еди Рама, кој имал американски пасош, објави Блиц.


Очевидци за весникот тврдат дека Рама за време на приведувањето покажал американски пасош и изјавил: - Јас сум американски државјанин и ништо не ми можете. Кај Рама (45) бил пронајден далечински управувач со кој лично управувал со беспилотното летало кое го носело знамето.


Заедно со Рама биле приведени и останатите членови на албанската делегација која седела во ВИП ложата на стадионот. И тие се пуштени на слобода бидејќи „ не било можно да се обезбеди бранител поради штрајкот на адвокатите“. Обвинителството дополнително ќе одлучи како да постапува по тој случај.


Инциденти синоќа се регистрирани и во Виена каде Албанци кршеле излози од угоистителски објекти на Срби. Австриската специјална полиција, како што јавуваат локалните медиуми спречила поголеми судири меѓу Албанците и Србите во тој град. 

 

Извор:МИА

]]>
true
<![CDATA[Прекин во Белград, победа за Португалија во Копенхаген]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154444/Prekin-vo-Belgrad-pobeda-za-Portugalija-vo-Kopenhagen http://www.plusinfo.mk/vest/154444/Prekin-vo-Belgrad-pobeda-za-Portugalija-vo-Kopenhagen 2014-10-15 09:45:23 Дуелот меѓу Србија и Албанија што синоќа се играше во Белград не го дочека својот крај откако во 42.минута дојде до инцидент на теренот. Летало со далечинско управување се појави на Стадионот „Партизан“ со знаме на кое беше исцртана карта на голема Албанија. По ова имаше немили сцени меѓу играчите, а на теренот влегоа и навивачи. Судијата Мартин Еткинсон го прекина мечот, а подоцна во консултации со делегатот реши дека неможе да се продолжи.

На дербито на синоќешните квалификациски дуели за ЕУРО 2016, Португалија со голот на Кристијано Роналдо во последната минута (90+5) ја победи Данска во Копенхаген.

Резултати и табели:

Д група:  Полска – Шкотска 2:2, Германија – Република Ирска 1:1, Гибралтар – Грузија 0:3.Табела: Полска 7, Р.Ирска 7, Германија 4, Шкотска 4, Грузија 3, Гибралтар 0.

Е група: Сан Марино – Швајцарија 0:4.Табела:  Англија 9, Словенија 6, Литванија 6, Швајцарија 3, Естонија 3, Сан Марино 0.

Ф група: Фарски Острови – Унгарија 0:1, Финска – Романија 0:2, Грција – Северна Ирска 0:2.Табела: Северна Ирска 9, Романија 7, Унгарија 4, Финска 4, Грција 1, Фарски Острови 0.

И група: Данска – Португалија 0:1, Србија – Албанија прекината.Табела: Албанија 4, Данска 4, Португалија 3, Србија 1, Ерменија 1.

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Братот на албанскиот премиер ослободен по сослушувањето]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154445/Bratot-na-albanskiot-premier-osloboden-po-soslushuvanjeto http://www.plusinfo.mk/vest/154445/Bratot-na-albanskiot-premier-osloboden-po-soslushuvanjeto 2014-10-15 09:43:19 Олси Рама, братот на албанскиот премиер Еди Рама заедно со уште три лица со кои беа приведени по синоќешниот инцидент во Белград на фудбалскиот натпревар Србија – Албанија, е пуштен на слобода и се наоѓа на пат кон Тирана, јавуваат српските медиуми.
Олси Рама беше осомничен за организирање и раководење на инцидентот со албанското знаме после кој натпреварот беше прекинат.
- Амбасадорот на Албанија кажа дека три лица се задржани и ним им се проверуваат пасошите. Се појавија информации дека нивното приведување е поврзано со сомневањето дека едно од тие лица кај себе го криело далечинскиот управувач преку кој се насочувал леталото со знамето, е наведено во некои албански медиуми.
Олси Рама на натпреварот дошол со американски пасош. Натпреварот го следеше од ВИП ложата на стадионот на Партизан.

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Антиќ постигна девет поени против Мајами]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154447/Antikj-postigna-devet-poeni-protiv-Majami http://www.plusinfo.mk/vest/154447/Antikj-postigna-devet-poeni-protiv-Majami 2014-10-15 09:41:21 Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ се врати на теренот по повредата на носот и на дуелот со Мајами ноќеска одигра нешто повеќе од 11 минути и постигна девет поени. Атланта оствари победа од 109:103 на гости, а во вториот и третиот период „јастребите“ постигнаа 72 поена.
Антиќ кој играше со заштитна маска, постигна една тројка, а немаше промашување во ударите за два поена и од линијата за слободни, каде имаше учинок 2 од 2 од двете позиции. Притоа имаше и три скокови и една украдена топка.
Во победничката екипа најефикасен беше Пол Милсап со 23 поени, а кај Мајами Крис Бош реализираше 22.

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Натпреварот Србија - Албанија нема да продолжи]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154426/Natprevarot-Srbija---Albanija-nema-da-prodolzhi http://www.plusinfo.mk/vest/154426/Natprevarot-Srbija---Albanija-nema-da-prodolzhi 2014-10-14 23:41:38 Натпреварот меѓу Србија и Албанија на стадионот на Партизан во Белград нема да продолжи, објави официјалниот спикер.

 

Натпреварот беше прекинат поради инцидентот пред крајот на првото полувреме, кога албанските навивачи го прелетуваа албанското знаме закачено на хеликоптерче на далечинско управување. Фудбалер на Србија го симна, а албанските фудбалери физички го нападнаа.


Братот на албанскиот премиер Еди Рама е уапсен на стадионот Партизан во Белград, поради предизвикување инцидент со знамето на Голема Албанија, објавија вечерва српските медиуми. Орфи Рама е уапсен во ВИП ложата на стадионот под сомнение дека го организирал и раководел инцидентот со знамето после кој беше прекинат фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Србија и Албанија.

 

 

]]>
true
<![CDATA[Братот на Еди Рама уапсен поради хеликоптерчето со знамето]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154425/Bratot-na-Edi-Rama-uapsen-poradi-helikoptercheto-so-znameto http://www.plusinfo.mk/vest/154425/Bratot-na-Edi-Rama-uapsen-poradi-helikoptercheto-so-znameto 2014-10-14 23:33:20 Братот на албанскиот премиер Еди Рама е уапсен на стадионот Партизан во Белград, поради предизвикување инцидент со знамето на Голема Албанија, објавија вечерва српските медиуми.

Орфи Рама е уапсен е вечерва во ВИП ложата на стадионот под сомнение дека го организирал и раководел инцидентот со знамето после кој беше прекинат фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Србија и Албанија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[ВИДЕО + ГАЛЕРИЈА Скандали на фудбалскиот меч меѓу Србија и Албанија во Белград]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154424/VIDEO--GALERIJA-Skandali-na-fudbalskiot-mech-megju-Srbija-i-Albanija-vo-Belgrad http://www.plusinfo.mk/vest/154424/VIDEO--GALERIJA-Skandali-na-fudbalskiot-mech-megju-Srbija-i-Albanija-vo-Belgrad 2014-10-14 23:07:15 Скандали на фудбалскиот меч меѓу Србија и Албанија во Белград. По прекинот поради инцидентот пред крајот на првото полувреме, албанските навивачи го прелетуваа албанското знаме закачено на хеликоптерче на далечинско управување. Фудбалер на Србија го симна, а албанските фудбалери физички го нападнаа.


Српски навивач успеа да се втурне и пред камерата на РТС и директно во телевизискиот пренос да го навреди премиерот Александар Вучиќ.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[Стерлинг ја продолжува верноста кон Ливерпул]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154392/Sterling-ja-prodolzhuva-vernosta-kon-Liverpul http://www.plusinfo.mk/vest/154392/Sterling-ja-prodolzhuva-vernosta-kon-Liverpul 2014-10-14 15:33:39  Репрезентативецот на Англија и фудбалер на Ливерпул Рахим Стерлинг најверојатно ќе потпише нов договор со својот клуб, јавуваат англиските медиуми.
- Потребно е да се договорат уште некои детали и ќе потпишам нов договор со Ливерпул, ако не се случи нешто непредвидено. И ова треба да се случи во брзо време, изјави Стерлинг. 
Младиот фудбалер веќе има одиграно повеќе од 50 натпревари во црвениот дрес на Ливерпул и стана стандарден репрезентативец на Англија.
Во новата сезона тој постојано е меѓу стартерите на менаџерот на Брендан Роџерс.
Се предвидува дека неделната плата за Стерлинг ќе биде околу 100.000 фунти.
Инаку, за играчот на Ливерпул интерес пројавија и шпанските екипи Реал Мадрид и Барселона, како и премиерлигашот Челзи. 

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[ЕУ и УЕФА потпишаа договор за заедничка борба против сите зла во фудбалот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154388/EU-i-UEFA-potpishaa-dogovor-za-zaednichka-borba-protiv-site-zla-vo-fudbalot http://www.plusinfo.mk/vest/154388/EU-i-UEFA-potpishaa-dogovor-za-zaednichka-borba-protiv-site-zla-vo-fudbalot 2014-10-14 15:21:56 Европската комисија и Европската федерација на фудбалски асоцијации (УЕФА) денеска во Брисел потпишаа договор за соработка за следните три години, јави дописникот на МИА од Брисел.
Во присуство на претседател на Еврокомисијата, Жозе Мануел Баросо, еврокомесарката за спорт Андрула Василиу и првиот човек на УЕФА, Мишел Платини потпишаа договор за партнерство со кое двете институции се обврзаа да работат редовно и заедно на материјален и конструктивен начин за прашања од заеднички интерес, како што е интегритетот на спортот, почитување на човековите права и достоинство, недискриминација и солидарност.
Договорот меѓу Брисел и европската „куќа на фудбалот“ е наменет за зајакнување на позитивниот имиџ на спортот, посебно фудбалот, а со цел овие две институции целосно да сго искористат својот потенцијал во сите области на економскиот и социјалниот живот.
- Овој договор е значаен чекор во нашата соработка со УЕФА, која е важен партнер на Европската комисија во дијалогот со светот на спортот. Задоволна сум што за време на мојот мандат во Комисијата се зајакнати врските со УЕФА во широк спектар на прашања кои влијаат на фудбалот. Нашата цел отсекогаш била да се одржи стабилноста во светот на професионалниот спорт, да се има почитување и се да биде во согласност со правото на ЕУ. Ние сме посветени на максимизирање на влијанието што спортот може да го има врз општеството како катализатор за социјални промени во области како што се подобрување на здравјето, неформално учење и родовата еднаквост, порача еврокомесарката Василиу.
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, пак, изјави дека овој аранжман за соработка е доказ дека врската на европската фудбалска асоцијација со официјален Брисел е посилна од кога и да е и дека се интензивира борбата за заштита на етиката во спортот и промоција на добро владеење.
Според Платини, работејќи заедно, Унијата и УЕФА ќе овозможат фудбалот да ги надмине многуте предизвици со кои се соочува, без разлика дали тоа е дискриминацијата, местењето натпревари, сопственост од трета страна или насилство.
- УЕФА и Европската комисија ќе соработуваат и во промоцијата на грасрут-фудбалот и во имплементацијата на процесот на финансиски фер-плеј, кој ќе обезбеди фудбалот да може да расте и да напредува во годините што доаѓаат. Многу сум горд на овој аранжман за соработка и верувам дека тоа доаѓа во клучно време за европскиот фудбал, порача челникот на УЕФА.
Областите на соработка меѓу ЕУ и УЕФА покрива најголем дел од предизвиците со кои се соочува современиот спорт, како што се: корупцијата, местењето натпревари, финансиската нестабилност, допингот, насилството и расизамот. Покрај тоа, договорот е насочен и кон други прашања од помал медиумски интерес, но од големо значење, како што е промоција на образованието и обуката во фудбалот и преку фудбалот.
УЕФА, исто така, се обврзаа активно да придонесе за Европската недела за спорт, која првпат ќе се одржи во септември 2015 година. 

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Стотина Албанци го најавија своето присуство во Белград, Србите се закануваат со апсења]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154377/Stotina-Albanci-go-najavija-svoeto-prisustvo-vo-Belgrad-Srbite-se-zakanuvaat-so-apsenja http://www.plusinfo.mk/vest/154377/Stotina-Albanci-go-najavija-svoeto-prisustvo-vo-Belgrad-Srbite-se-zakanuvaat-so-apsenja 2014-10-14 14:40:23 И покрај договорот меѓу Фудбалските сојузи на Србија и на Албанија да нема гостински навивачи на нивните меѓусебни дуели, стотина навивачи на албанската репрезентација го најавија своето присуство на вечерашната средба во Белград.
- Албанскиот сојуз се согласи да не дозволи организирано водење на навивачи, па ние билети ќе набавиме во Белград. Таму ќе не има стотина од нашата група. Ќе ги носиме нашите препознатливи црвено-црни маици. Не се плашиме. Нека не уапсат, изјави Алберт Кастрати, водачот на навивачката група на Приштина.
Албанските медиуми тврдат дека и други навивачи на Албанија, од јужниот дел на Србија ќе направат обид да присуствуваат на натпреварот прогласен од висок ризик.
Од друга страна, Комесарот за безбедност на ФС на Србија Миливој Мирков потенцира дека секој навивач на Албанија кој ќе успеа да стигне до стадионот од страна на службите за одржување на редот ќе биде отстранет и процесиран за понатамошна постапка.
На социјалните мрежи веќе се појавија фотографии со навивачи од пред стадионот на Партизан во Белград кои носат албански обележја.
Вечерашниот натпревар во Белград меѓу Србија и Албанија од квалификациите за ЕУРО 2016 ќе почне во 20 часот и 45 минути.

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Дел Боске заминува по ЕУРО 2016]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154361/Del-Boske-zaminuva-po-EURO-2016 http://www.plusinfo.mk/vest/154361/Del-Boske-zaminuva-po-EURO-2016 2014-10-14 13:10:03 Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Висенте Дел Боске денеска најави дека тој го напушти кормилото на по завршувањето на Европското првенство во Франција 2016.
Актуелниот договор на Дел Боске со Шпанскиот фудбалски сојуз истекува во 2016 година.
- Сигурно е дека нема да го продолжам договор. Во секој случај, кога ќе го стигнеме во Франција, ќе видиме. Теоретски, тоа е мојата цел засега, рече Дел Боске за шпанското Радио Национал. Дел Боске, кој во декември, полни 64 години, беше избран за селектор во јули 2008 година, по што Шпанија го освои шампионатот на Европа.
Тој со оваа репрезентација ја освои титулата светски шампион 2010 во Јужна Африка и европски првак пред две години.
Шпанија на последното Светско првенство ова лето во Бразил доживеа фијаско, бидејќи беше елиминирана уште по првата фаза.
Во моментов во квалификациите за ЕУРО 2016  е на делба на второто место во групата Ц со еден пораз од Словачка и два победи - против Луксембург и Македонија.

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Цибона бесна на АБА лигата]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154360/Cibona-besna-na-ABA-ligata http://www.plusinfo.mk/vest/154360/Cibona-besna-na-ABA-ligata 2014-10-14 13:09:24 Раководството на кошаркарскиот клуб Цибона која е актуелен шампион во АБА лигата побара итен состанок со челниците на регионалното натпреварување, откако го доживеаја третиот последователен пораз сезонава.
Претседателот на хрватската екипа Александар Петровиќ незадоволен од судењето на синоќешниот дуел со Мега Визура излезе со тврдење за судиска неправда нанесена кон Цибона.
- Не смеам да го коментирам судењето, но можам да изјавам дека побаравме експертиза. Во петок или сабота ќе имаме состанок со раководството на АБА лигата на кој ќе ги изнесеме сите грешки кон нас, како и тенденциозните одлуки на судиите на наша штета. Сакаме да покажеме каков третман има Цибона, па тие нека се изјаснат што мислат. На три натпревари ни се досудени веќе седум технички грешки, а неверојатно на средбата со Мега во второто полувреме домаќините изведоа 20, а ние само три слободни фрлања, потенцира Петровиќ.
Токму бројот на слободните фрлања на синоќешниот натпревар беа уште една од причините „цибоси“ да побараат експертиза. На целиот натпревар Мега Визура изведе 38 наспроти 16 слободни фрлања досудени за загрепчаните. 

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Со 15 години, Одегорд најмалд фудбалер во квалификациите]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154344/So-15-godini-Odegord-najmald-fudbaler-vo-kvalifikaciite http://www.plusinfo.mk/vest/154344/So-15-godini-Odegord-najmald-fudbaler-vo-kvalifikaciite 2014-10-14 11:24:24 Мартин Одегорд од Норвешка влезе во историјата на европскиот фудбал како најмлад фудбалер, кој настапил во квалификациите во сениорскиот состав на својата репрезентација. На синоќешниот дуел Норвешка – Бугарија (2:1) Одегорд во игра влезе во 64.минута наместо Матс Дели.
Одегорд е роден на 17 декември 1998 година. Настапува за екипата на Стромгодсет. Ова за младиот Норвежанец е втор натпревар за сениорската селекција откако во август годинава настапи на пријателскиот натпревар против Обединетите Арапски Емирати.
Со добрите игри во дресот на својот клуб Одегорд веќе го привлече вниманието на фудбалските гиганти: Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Барселона. 

 

Извор МИА

 

]]>
true
<![CDATA[Реванш осминафинални дуели од Купот на Македонија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154343/Revansh-osminafinalni-dueli-od-Kupot-na-Makedonija http://www.plusinfo.mk/vest/154343/Revansh-osminafinalni-dueli-od-Kupot-na-Makedonija 2014-10-14 11:24:14 Шест реванш натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија ќе се одиграат денеска, додека другите два поради репрезентативци во екипите се презакажани за 21 и 22 октомври.
Во Тетово ќе има двојна програма, бидејќи своите дуели ќе ги играат Ренова и Тетекс.

Распоред на натпреварите:
Ренова – Гостивар (4:1 прв натпревар),
Тетекс – Шкупи (1:1),
Напредок – Кожуф (0:2),
Еуромилк – Силекс (1:1)
Дрита – Победа (1:1),
Брегалница – Хоризонт Турново (0:0).
Почетокот на дуелот Ренова – Гостивар е во 12 часот, а сите други почнуваат во 15 часот.
На 21 октомври играат: Работнички – Пелистер (0:0), а дуелот Вардар – Шкендија (1:2) се играа на 22 октомври.

 

Извор МИА
 
 
 

]]>
true
<![CDATA[Флоренс МВП на колото]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154328/Florens-MVP-na-koloto http://www.plusinfo.mk/vest/154328/Florens-MVP-na-koloto 2014-10-14 09:54:44 Џејмс Флоренс од екипата на Задар е најкорисниот кошаркар во третото коло на регионалната АБА лига.
25-годишниот Американецот во победата над Левски оствари индекс на успешност 31, со ефект од 30 поени, пет асистенции, четири украдени топки и скокови.
Само еден индексен поен од МВП признанието го делеше Никола Јокиќ од Мега Визура.
Во ТОП 5 за 3.коло се најдоа и Бобан Марјановиќ од Црвена Звезда (25 инд. поени), Малком Реј од Крка (24) и Ненад Миљеновиќ од Мега Визура (24).

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Робен играч на Бундес лигата за септември]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154327/Roben-igrach-na-Bundes-ligata-za-septemvri http://www.plusinfo.mk/vest/154327/Roben-igrach-na-Bundes-ligata-za-septemvri 2014-10-14 09:53:01 Фудбалерот на Баерн Минхен Арјен Робен е прогласен за најдобар играч во Германското фудбалско првенство за месец септември.
Холанѓанецот минатиот месец одигра само два натпревара во Бундес лигата, не постигна гол ниту асистенција, но беше избран за најдобар.
Сезонава во четирите првенствени настапи трипати се запиша во листата на стрелците, а имаше и две асистенции. 

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Трет пораз за АБА шампионот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154326/Tret-poraz-za-ABA-shampionot http://www.plusinfo.mk/vest/154326/Tret-poraz-za-ABA-shampionot 2014-10-14 09:52:17 Актуелниот шампион во регионалната кошаркарска АБА лига, тимот на Цибона го претрпе третиот пораз во исто толку одиграни натпревари сезонава. Синоќа во Сремска Митровица поуспешна од загрепската екипа беше Мега Визура со резултат 78:74.
За српскиот претставник ова беше втора победа.
Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром во неделата загуби од Будуќност ма гости со 96:69.
Резултати на другите натпревари од оваа рунда: Шолнок – Игокеа 63:60, Цедевита – Партизан 70:50, Црвена Звезда – Олимпија 73:65, Крка – Металац 89:59 и Задар – Левски 86:75.
Табела: Црвена Звезда 6 бода, Крка 6, Будуќност 6, Шолнок 5, Унион Олимија 5, Задар 5, Мега Визура 5.

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Холандија совладана од Исланд]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154325/Holandija-sovladana-od-Island http://www.plusinfo.mk/vest/154325/Holandija-sovladana-od-Island 2014-10-14 09:51:39 Репрезентацијата на Исланд го направи најголемото изненадување на синоќешните дуели од квалификациите за ЕУРО 2016 совладувајќи ја трето пласираната селекција од Светското првенство Холандија со 2:0. Стрелец на двата гола беше Гилфи Сигурдсон. 
Најубедливата победа на синоќешните дуели ја оствари Хрватска, дома против Азербејџан.
Резултати и табели:
А група: Исланд – Холандија 2:0, Летонија – Турција 1:1, Казахстан – Чешка 2:4.Табела: Исланд 9 бодови, Чешка 9, Холандија 3, Летонија 2, Турција 1, Казахстан 1.
Б група: Босна и Херцеговина – Белгија 1:1, Велс – Кипар 2:1, Андора – Израел 1:4.Табела: Велс 7, Израел 6, Белгија 4, Кипар 3, Босна и Херцеговина 2, Андора 1.
Х група: Хрватска – Азербејџан 6:0, Малта – Италија 0:1, Норвешка – Бугарија 2:1.Табела: Хрватска 9, Италија 9, Норвешка 6, Бугарија 3, Малта 0, Азербејџан 0.
Денеска се играат девет натпревари исто така од третото коло со кои ќе заврши оваа фаза од квалификациите, а двојките се: Полска – Шкотска, Германија – Република Ирска, Гибралтар – Грузија (Д група), Сан Марино – Швајцарија (Е група), Фарски Острови – Унгарија, Финска – Романија, Грција – Северна Ирска (Ф група), Данска – Португалија, Србија – Албанија (И група).

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Чешка ја оствари третата победа во квалификациите за ЕП 2016]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154297/Cheshka-ja-ostvari-tretata-pobeda-vo-kvalifikaciite-za-EP-2016 http://www.plusinfo.mk/vest/154297/Cheshka-ja-ostvari-tretata-pobeda-vo-kvalifikaciite-za-EP-2016 2014-10-13 21:02:10 Во првиот денешен натпревар од квалификациите за Европското првенство 2016 година, селекцијата на Чешка славеше победа против Казахстан со 4:2.

На средбата одиграна во Астана, а во рамките од А групата, фудбалерите на Чешка до триумфот третиот триумф во квалификациите дојдоа со головите на: Доклак (13-минута), Лафата (42), Крејци (56) и Нецид (88). За Казахстан головите ги постигнаа, Тагирберген (27) и Логвиненко (90).

Покрај Чешка, досега во квалификациите максимален учинок (победи) имаат и репрезентациите на: Англија, Словачка, Полска, Р. Ирска, С. Ирска, Хрватска и Италија.

Покрај овој дуел вечерва во терминот од 20 часот и 45 минути ќе се играат уште осум натпревари.

Група А: Казахстан - Чешка 2:4 , Исланд - Холандија и Летонија – Турција. 
Табела: Чешка 9, Исланд 6, Холандија 3, Латвија 1, Казахстан 1 и Турција 0.

Група Б: Андора – Израел, Босна и Херцеговина – Белгија, Велс – Кипар.
Табела: Велс 4, Белгија 3, Израел 3, Кипар 3, БиХ 1 и Андора 0

Група Х: Хрватска – Азербејџан, Малта – Италија и Норвешка – Бугарија. 
Табела: Италија 6, Хрватска 6, Норвешка 3, Бугарија 3, Азербејџан 0 и Малта 0.

 

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Одбраната предлага „домашен затвор“ за Оскар Писториус]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154279/Odbranata-predlaga-domashen-zatvor-za-Oskar-Pistorius http://www.plusinfo.mk/vest/154279/Odbranata-predlaga-domashen-zatvor-za-Oskar-Pistorius 2014-10-13 18:32:04 Одбраната во судскиот процес против јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус на денешната прва расправа околу изрекувањето на казната, побара најпопуларниот спортист во Јужна Африка да не биде затворен, туку да биде казнет со три години домашен затвор.

 

Барањето на одбраната го образложи офицерот за осудените на условни казни, кој беше повикан од адвокатите на Писториус. Тој рече дека покрај домашниот затвор, параолимпискиот спринтер би требало да биде осуден и со извршување на општествено корисна работа.

 

Обвинителот во процесот Гери Нел остро реагираше на ваквото барање на одбраната, нарекувајќи го „шокирачки несоодветно“ за стореното дело.

 

Писториус беше прогласен за виновен на крајот од судскиот процес што заврши минатиот месец. Судијата во процесот пресуди дека тој е виновен за ненамерно убиство на својата девојка Рева Стенкамп, но го отфрли барањето на јавното обвинителство спортистот да биде осуден за намерно и смислено убиство.

 

Од ваквата пресуда остана незадоволно обвинителството кое го чека изрекувањето на казната, за да одлучи дали да се жали на пресудата. Гневна беше и реакцијата на семејството и најблиските на Стенкамп, кои сметаат дека Писториус треба да одговара за убиството на нивната ќерка.

 

Познатиот спортист се уште се соочува со можноста да биде осуден до 15 години затвор, иако неговите адвокати не веруваат во затворска казна, затоа што законите на земјата предвидуваат дека судијата може и да ја суспендира казната или дури и да определи само парично санкционирање.

 

Судијата при изрекувањето на пресудата,сепак, го означи однесувањето на Писториус како „небрежно и несовесно“, кога пукал во својата девојка низ затворената врата на бањата во неговата вила во Преторија.

 

Инцидентот се случи на Свети Валентин минатата година, во доцните вечерни часови, откако двојката се вратила од прославата на празникот на вљубените. Писториус по трагичниот случај, а и на судењето, тврдеше дека пукал во Стенкамп по грешка, мислејќи дека во бањата има провалник.

 

Изрекувањето на казната е одложено за наредните денови.

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Баерн минатата сезона оствари приход од 528 милиони евра]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154268/Baern-minatata-sezona-ostvari-prihod-od-528-milioni-evra http://www.plusinfo.mk/vest/154268/Baern-minatata-sezona-ostvari-prihod-od-528-milioni-evra 2014-10-13 15:48:39 Германскиот фудбалски клуб Баерн Минхен во текот на сезоната 2013/14 оствари рекордна заработка од 528 милиони евра.
Спорд пишувањето на списанието „Фокус“ баварскиот клуб првпат во историјата забележал добивка поголема од пола милијарда евра.
Во однос на сезоната 2012/13 Баерн ги зголемил приходите за 95,2 милиони евра или повеќе од 22%.
Баварците по склучувањето на договорот за инвестирање со фирмата „Алијанц“ ги намали долговите на 110 милиони евра. Долговите на клубот поврзани со обновата на стадионот би можеле да се исплатат во текот на следните 10 години, иако првично се предвидуваше дека тоа ќе се случи за 25 години.
Пригодите на Баерн Минхен исто така се зголемени и од продажба на клупски реквизити. Минатата сезоната продадени се 1,2 милиони дресови, или повеќе од вкупниот број продаден дресови на останатите 17 клубови во Бундес лигата.

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Лампард прогласен за играч на месецот во Сити]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154267/Lampard-proglasen-za-igrach-na-mesecot-vo-Siti http://www.plusinfo.mk/vest/154267/Lampard-proglasen-za-igrach-na-mesecot-vo-Siti 2014-10-13 15:48:07 Френк Лампард е прогласен за најдобар играч на Манчестер Сити за месец септември.
Фудбалерот од средниот ред кој во Сити игра како позајмен фудбалер од Њујорк, доби 6.000 гласови или вкупно 33%. На второто и трето место се најдоа Џејмс Милнер и Давид Силва.
Лампард минатиот месец имаше забележителни настапи, а постигна и четири погодоци на средбите со Челзи, Шефилд и Хал. 

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Менез: Тешко е кога конкуренција ти е Ибрахимовиќ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154266/Menez-Teshko-e-koga-konkurencija-ti-e-Ibrahimovikj http://www.plusinfo.mk/vest/154266/Menez-Teshko-e-koga-konkurencija-ti-e-Ibrahimovikj 2014-10-13 15:47:31 Фудбалерот на Милан Жереми Менез во изјава за италијанските медиуми се осврна на својата борба за место во првиот состав на неговиот поранешен тим Пари Сен Жермен.
- Многу е тешко да се бориш за место, а конкуренција да ти биде Златан Ибрахимовиќ. Кога тој пристигна во ПСЖ двајцата игравме во нападот, а неговото присуство позитивно влијаеше на играта на целата екипа. Меѓутоа, со текот на времето морав да се натпреварувам со него за место во првиот состав, истакна Менез.
Тој признава дека бил немоќен да се бори против Ибрахимовиќ.
- Морам да признам дека не можев да се натпреварувам со него. Во секој случај имам убави спомени од ПСЖ и овој клуб секогаш ќе биде во моето срце, потенцира Менез. 

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Штербик со најдобра одбрана на 3 коло во ЛШ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154239/Shterbik-so-najdobra-odbrana-na-3-kolo-vo-LSh http://www.plusinfo.mk/vest/154239/Shterbik-so-najdobra-odbrana-na-3-kolo-vo-LSh 2014-10-13 14:00:46 Голманот на Вардар Арпад Штербик беше еден од најзаслужните за синоќешната победа над Рајн Некар од 28:25. Тој натпреварот го заврши со 16 успешни интервенции, а една од нив е избрана за најдобра на третото коло.
Топ 5 одбрани во 3.коло од ракометната Лига на шампиони:
1. Арпад Штербик – Вардар
2. Матијас Андерсон – Флензбург
3. Роланд Миклер – Веспрем
4. Филип Ивиќ – ППД Загреб
5. Андреас Паличка – Кил
И покрај тоа што вардарци го совладаа вицепрвакот во Бундеслигата на убедлив начин, овојпат ЕХФ не смести ниту еден ракометар од овој клуб меѓу најдобрите седум на колото.
Идеален тим:
Лево крило – Мануел Лингер (Кадетен)
Лев бек – Матје Гребиј (Монпелје)
Среден бек – Миха Зарабец (Целје)
Пикер – Александар Шевалјев (Мотор Запорожје)
Десен бек – Жолт Балог (Пик Сегед)
Десно крило – Богдан Радивојевиќ (Флензбург)
Голман – Филип Ивиќ (Загреб)
Веспрем оствари тешка победа против Монпелје изразена со само еден гол разлика, а еден од најзаслужните за таквата игра на Французите беше Матју Гребил, чии што гол е прогласен за најубав во третата рунда.
ТОП 5 голови од 3.коло во ЛШ:
1. Матју Гребил – Монпелје
2. Наумче Мојсовски – Металург
3. Кристијан Јенсен – Алборг
4. Јосип Валчиќ – ППД Загреб
5. Уве Геншхајмер – Рајн Некар. 

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Јувентус желба на Марсело]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154238/Juventus-zhelba-na-Marselo http://www.plusinfo.mk/vest/154238/Juventus-zhelba-na-Marselo 2014-10-13 13:59:33 Бразилскиот фудбалер кој настапува за Реал Мадрид денеска изјави дека негова желба е во иднина да заигра за Јувентус.
- Во моментов сум задоволен во Мадрид и не планирам да го напуштам клубот, но би сакал еден ден да заиграм во дресот на Јувентус. Мој идол уште од детството е Лилијан Тирам и отсекогаш се одушевував на неговите игри. Од сегашниот состав на Јувентус исклучително го ценам Погба, изјави Марсело.
Бразилецот е поранешен играч на Флуминезе, а од 2006 година е член на Реал за кого одиграл 278 натпревари и постигна 19 голови. Има освоено три титули во шпанската Примера, Лигата на шампионите, два национални купа, УЕФА Суперкуп и два Супекупа на Шпанија. 

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[У-21: Македонија домаќин на Романија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154215/U-21-Makedonija-domakjin-na-Romanija http://www.plusinfo.mk/vest/154215/U-21-Makedonija-domakjin-na-Romanija 2014-10-13 11:42:01 Македонската репрезентација составена од фудбалери до 21 година вечерва во контролен натпревар ја пречекува соодветната селекција на Романија.
Селекторот Благоја Милевски ќе го има своето деби на клупата на нашите надежи.
- Планот за подготовките го одработивме максимално сериозно. Тоа што ние како стручен штаб го баравме, играчите го исполнија. Ни претстои уште многу работа, но начинот на кои фудбалерите се однесуваа на тренинг кампот во Дојран ни дава надеж дека можеме до многу подобри резултати во иднина. Убеден сум дека брзо ќе се прилагодат на бараните новости, принципи и методите на работа. Тука пред се мислам на подобрување на дисциплината во играта и техничко - тактички замисли кои ќе се бараат од секој поединец кој го носи репрезентативниот дрес. Од однесувањето на играчите на подготовките и на натпреварот ќе зависи дали ќе бидат селектирани на следниот собир во ноември, изјави Милевски за веб страната на ФФМ.
За романската репрезентација Милевски истакнува дека е силна со фудбалери кои настапуваат и во италијанското првенство.
- Романија е квалитетна репрезентација, но многу позначајно за мене е начинот на кој ние ќе се спротивставиме. Треба сите да сфатиме дека за нас квалификациите започнуваат од овој натпревар. Иако е пријателски ќе бидеме сериозни во пристапот, максималмно сериозно ќе се бориме со цел успешен почеток на заедничката соработка. Ни недостасуваат повредените Илиев и Аврамовски, додека Радевски и Велковски имаа обврски кон А репрезентацијата и подоцна се приклучија во составот, ги имаме играчите од последниот квалификациски натпревар и само од нив зависи дали ќе се изборат за свое место во младата селекција и ќе бидат повикани на следните собири, дополни Милевски.
Натпреварот Македонија – Романија ќе почне во 19 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Федерер го прескокна Надал на АТП листата]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154217/Federer-go-preskokna-Nadal-na-ATP-listata http://www.plusinfo.mk/vest/154217/Federer-go-preskokna-Nadal-na-ATP-listata 2014-10-13 11:40:34 Швајцарецот Рожер Федерер по триумфот на турнирот во Шангај, го искористи и лошиот резултат на Рафаел Надал и се проби на второто место на АТП листата зад Новак Ѓоковиќ. 
Првопласираниот Ѓоковиќ има 11.510 поени, додека Федерер собра 9.080.Надал со 8.105 е на третата позиција, а зад него се Стан Вавринка со 5.385 и Давид Ферер – 4.585. Вавринка и Ферер се загрозени од Кеи Нишикори и од Томаш Бердих, кој во овој период имаат подобри резултати (Нишикори – 4.355 поени, Бердих – 4.325).
За одбележување е дека и македонскиот тенисер Томислав Јотовски го подобри својот пласман – 562 место, што е негов најдобар ранг во кариерата. Димитар Грабул е 630.место, Шендрит Деари – 1.223.место, Стефан Мицов – 1.295.место и Бесир Дургути – 1.311.место.

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Комплетирано третото коло во ракометната Лига на шампионите]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154207/Kompletirano-tretoto-kolo-vo-rakometnata-Liga-na-shampionite http://www.plusinfo.mk/vest/154207/Kompletirano-tretoto-kolo-vo-rakometnata-Liga-na-shampionite 2014-10-13 10:56:13 По одигрувањето на третото коло шест екипи имаат максимални три победи, а во таа група се наоѓа и Вардар. Пет екипи немаат ниту еден бод, а меѓу нив е и македонскиот првак Металург.
Барселона на Кирил Лазаров има три победи, а нашиот репрезентативец постигна шест голови на дуелот со Бешикташ и со 21 гол е во групата стрелци на делба на 5.место.
Резултати од 3.коло и табели:
А група: ППД Загреб - Металург 19:17, ПСЖ - Ла Риоха 32:25, Мешков Брест - Кил 24:25.Табела: ПСЖ 6 бодови, Кил 4, ППД Загреб 4, Ла Риоха 2, Мешков Брест 2, Металург 0.
Б група: Барселона - Бешикташ 35:25, Алингсас- Колдинг 19:23, Флензбург - Висла 35:28.Табела: Колдинг 6, Барселона 6, Флензбург 4, Висла 2, Алингсас 0, Бешикташ 0.
Ц група: Вардар - Рајн Некар Ловен 28:25, Веспрем - Монпеље 30:29, Чеховски Медведи - Цеље 30:35.Табела: Вардар 6, Веспрем 6, РНЛ 2, Цеље 2, Монпеље 2, Чеховски Медведи 0.
Д група: Алборг - ПИК Сегед 25:28, Киелце - Мотор 30:26, Кадетен - Данкерк 25:23.Табела: Киелце 6, ПИК Сегед 4, Алборг 3, Кадетен 3, Данкерк 2, Мотор 0. 

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Втор сезонски пораз за МЗТ во АБА лигата]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154206/Vtor-sezonski-poraz-za-MZT-vo-ABA-ligata http://www.plusinfo.mk/vest/154206/Vtor-sezonski-poraz-za-MZT-vo-ABA-ligata 2014-10-13 10:54:52 Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го забележаа вториот пораз во АБА лигата откако синоќа на гостувањето кај Будуќност во Подгорица загубија со 96:69.
Црногорскиот состав кон крајот на првата четвртина создаде двоцифрено водство кое континуирано го зголемуваше се до самиот финиш на мечот.
Иван Маринковиќ со 17 и Александар Цветковиќ со 13 поени беа најефикасни кај гостите, додека Владимир Дашиќ со 15 поени беше најефикасниот играч кај Будуќност.
Во составот на МЗТ Скопје на овој меч недостасуваше Грузиецот Ѓорѓи Цинцадзе кој поради болки во коленото не беше во можност да настапи.
Во горниот дел на табелата Црвена Звезда, Крка и Будуќност со максимални три бодови. МЗТ со една победа и два пораза е деветти. 

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Словачка и Англија со по три победи]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154205/Slovachka-i-Anglija-so-po-tri-pobedi http://www.plusinfo.mk/vest/154205/Slovachka-i-Anglija-so-po-tri-pobedi 2014-10-13 10:53:45 Репрезентациите на Словачка и на Англија се единствените две со максимални три победи во квалификациите за фудбалското ЕУРО 2016 година. Македонија во третиот натпревар го доживеа и вториот пораз. Загуби од Украина со 1:0.
Резултати и табели по 3.коло:
Ц група: Украина - Македонија 1:0, Белорусија - Словачка 1:3 и Луксембург - Шпанија 0:4.Табела: Словачка 9 бодови, Шпанија 6, Украина 6, Македонија 3, Белорусија 1, Луксембург 1.
Е група: Естонија - Англија 0:1, Литванија - Словенија 0:2.Табела: Англија 9, Словенија 6, Литванија 6, Естонија 3, Швајцарија 0, Сан Марино 0.
Г група: Австрија - Црна Гора 1:0, Русија - Молдавија 1:1, Шведска - Лихтенштајн 2:0.Табела: Австрија 7, Русија 5, Шведска 5, Црна Гора 4, Молдавија 1, Лихтенштајн 1.
Вечерва се играат девет натпревари.
А група: Казахстан – Чешка, Летонија – Турција, Исланд – Холандија.Табела: Исланд 6 бодови, Чешка 6, Холандија 3, Казахстан 1, Летонија 1, Турција 0.
Б група: Велс – Кипар, Босна и Херцеговина – Белгија, Андора – Израел.Табела: Велс 4, Белгија 3, Израел 3, Кипар 3, БиХ 1, Андора 0.
Х група: Хрватска – Азербејџан, Малта – Италија, Норвешка – Бугарија.Табела: Италија 6, Хрватска 6, Норвешка 3, Бугарија 3, Азербејџан 0, Малта 0.

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Пораз од Украина на македонските фудбалери во Квалификациите за ЕП 2016]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154178/Poraz-od-Ukraina-na-makedonskite-fudbaleri-vo-Kvalifikaciite-za-EP-2016 http://www.plusinfo.mk/vest/154178/Poraz-od-Ukraina-na-makedonskite-fudbaleri-vo-Kvalifikaciite-za-EP-2016 2014-10-13 08:57:11 Македонската фудбалска репрезентација е минимално поразена со 1:0 од Украина во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2016 година во Франција. На средбата одиграна попладнево Лвов, избраниците на Бошко Ѓуровски одиграа храбро, создадоа дузина зрели шанси за гол, но не успеаја да го совладаа расположениот украински голман Пјатов. Украинците уште од самиот почеток на натпреварот правеа притисок кон голот на Томе Пачовски.  Сепак првата голема шанса за гол ја имаше нашата репрезентација. Во 20-минута Јаховиќ на 5.мести излезе сам пред домашниот голман, но не успеа да го совлада, односно Пјатов го одбрани неговиот удар. Во 34-минута Абдурахими се обиде со удар од 25.мести, но и овој пат Пјатов успеа да одбрани. Само четири минути подоцна (38) се обиде и Адеми, но неговиот удар беше изблокиран и заврши во корнер. Во финишот на првиот дел. Уште еден обид на црвено-жолтите, овој пат на Ивановски безуспешно во 45-минута, а веќе во следната акција на спротивната страна Украина дојде во водство од 1:0 со голот на Серхиј Сидорчук. Во првата минута од второто полувреме домаќините имаа можност да зголемат на 2:0, но ударот на Јармоленко, по досудениот пенал, заврши во гредата од голот на Томе Пачовски. Украинците се обидуваа да стигнат и до втор погодок, а на спротивната голманот Пјатов спасуваше и во 74-минута по слободниот удар на Трајковски. Иако до крајот на средбата селекторот Ѓуровски фрли се на една карта, односно играше во тројца напаѓачи, сепак ни тоа не донесе резултат, бидејќи Пјатов успеа да ја сочува украинската мрежа. Покрај натпревар Украина – Македонија 1:0, во рамките од групата „Ц„  вечерва (од 20.45 часот) ќе играат, Луксембург – Шпанија и Белорусија – Словачка.  Табела: Словачка 6 бодови, Украина 6, Шпанија 3, Македонија 3, Луксембург 1, Белорусија 1.

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Вардар во групата екипи со максимален учинок]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154177/Vardar-vo-grupata-ekipi-so-maksimalen-uchinok http://www.plusinfo.mk/vest/154177/Vardar-vo-grupata-ekipi-so-maksimalen-uchinok 2014-10-13 08:55:26 Македонскиот претставник во ракометната Лига на шампионите тимот на Вардар е во групата на шест екипи (Веспрем, ПСЖ, Колдинг, Барселона, Вардар, Киелце), кои имаат максимален учинок по трите одиграни кола. „Црвено-црните“ синоќа во исполнетиот СЦ „Јане Сандански“ го победија бундеслигашот Рајн Некар Ловен со 28:25 (13:13).
По дуелот бекот на Вардар Блаженко Лацковиќ на прес конференцијата изјави: - Одигравме добар натпревар, за добра сезона. Во вториот дел на голот го имавме Штербик.
Во првиот дел и двете екипи имаа предност, но Рајн Некар Ловен беше тој што во поголемиот дел бркаше водство. На стартот од вториот дел резултатот беше 14:14 што беше седмо и последно изедначување. Вардар предводен од голманот Арпад Штербик кој „врза“ четири одбрани направи серија од 5:0, а на спротивната страна голманот на РНЛ, Никлас Ландин цели десет минути немаше интервенција. Сигурната игра продолжи до самиот финиш на задоволство на полните трибини, а во 51.минута беше и највисоката предност за Вардар – 25:18. Во финишот на дуелот гостите со серија од 3:0 го ублажија поразот.
Најефикасен беше Александар Петерсон со седум голови, а кај Вардар Матјаж Брумен постигна шест, додека по пет имаа Алекс Душебаев и Игор Карачиќ. Арпад Штербик натпреварот го заврши со 15 одбрани.
Во следното коло Вардар гостува кај Монпеље во Франција. 

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Американките првпат светски шампиони во одбојка]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154176/Amerikankite-prvpat-svetski-shampioni-vo-odbojka http://www.plusinfo.mk/vest/154176/Amerikankite-prvpat-svetski-shampioni-vo-odbojka 2014-10-13 08:53:07 Репрезентацијата на САД е победник на Светскиот одбојкарски шампионат што се играше во Италија. Американките синоќа во Милано во големото финале ја совладаа Кина со 3-1, по сетови 27:25, 25:20, 16:25 и 26:24.
За САД ова беше прва титулата на Мундијалите на кои досега имаат освојувано по две сребрени и две бронзени медали.
Кинеските кои не успеаја да го повторат успехот од 1982 и 1986 кога беа шампионките, третпат доаѓаат до сребрениот медал.
Во малото финале, Бразил ја победи домашната селекција на Италија во неизвесен меч во пет сета. Бразилките поведоа со 2-0, Италијанките изедначија на 2-2, а во решавачкиот петти сет беше 15-7 за Бразилките.
Тие по овој резултат ја освојуваат првата бронзена медала на шампионатите на кои имаат три втори места.
За најдобар играч на Мундијалот е прогласена Кимберли Хил од САД.

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Хамилтон победник на Гранд-прито на Русија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154158/Hamilton-pobednik-na-Grand-prito-na-Rusija http://www.plusinfo.mk/vest/154158/Hamilton-pobednik-na-Grand-prito-na-Rusija 2014-10-12 16:25:04 Британецот Луис Хамилтон е победник на руско Гранд при, во рамките од Формула 1 шампионатот.
Пилотот на Мерцедес, Хамилтон со супериорно возење прв ја мина целната рамина на патеката во Сочи, каде за прв пат се возеше трка за Големата награда на Русија.
Веднаш зад него трката ја заврши неговиот клупски колега и ривал за шампионскиот трофеј Нико Розберг.
Место на пиедесталот имаше и за возачот на Вилијамс, Валтери Ботас кој заврши како трето пласиран.
На три трки до крајот на шампионатот, во генералниот поредок води Хамилтон кој сега има 18 бодиви повеќе од клупскиот колега Розберг.

 

Извор МИА

]]>
true
<![CDATA[Саманта Стосур ја одбрани титулата во Осака]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154146/Samanta-Stosur-ja-odbrani-titulata-vo-Osaka http://www.plusinfo.mk/vest/154146/Samanta-Stosur-ja-odbrani-titulata-vo-Osaka 2014-10-12 14:03:50 Австралиската тенисерка Саманта Стосур е победничка на ВТА турнирот кој играше во Осака, на отвореното првенство на Јапонија кое се играше за награден фонд од 250 илјади американски долари.
Стосур која воедно беше и бранителка на трофејот од минатата година, во финалето ја победи Зарина Дијас од Казахстан, во два сета со 7-6 и 6-3.
Ова е прв трофеј сезонава за австралиската тенисерка, која воедно и по трет пат беше најдобра на турнирот во Осака, на кој за прв пат победи 2009 година.
За 30-годишната Стосур воедно триумфот во Осака е вкупно шести во нејзината кариерата на ВТА турнирите, меѓу нов и победата на Гренд слемот 2011-година кога беше најдобра на УС Опен.

 

Извор МИА

]]>
true