Вести од рубриката: СВЕТ http://www.plusinfo.mk/style/images/logo.jpg +Инфо http://www.plusinfo.mk http://www.plusinfo.mk RSS вести од рубриката: СВЕТ 2014-10-16 09:21:05 en-us <![CDATA[Бројот на природни катастрофи во 2013 е најмал во изминатата деценија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154587/Brojot-na-prirodni-katastrofi-vo-2013-e-najmal-vo-izminatata-decenija http://www.plusinfo.mk/vest/154587/Brojot-na-prirodni-katastrofi-vo-2013-e-najmal-vo-izminatata-decenija 2014-10-16 09:21:05 11Бројот на природни катастрофи во 2013 година е најмал во последната деценија, изјави во Женева Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.


Во годишниот извештај организацијата регистрира 529 такви настани во минатата година - од бури и поплави до катастрофи, причинети од небрежност или технички хаварии. Од тие несреќи биле засегнати над сто милиони луѓе во светот, главно Азијци.


Природните катастрофи со најмногу жртви минатата година се тајфунот Хајан на Филипините, во кој загинаа околу 8.000 лица, и поплавите предизвикани од монсунските дождови во Индија, кои го однесоа животот на речиси 6.100 лица.

Најтешката технолошка трагедија повторно беше во Азија, над 1.000 лица загинаа во април, кога фабрика за текстил се урна во Бангладеш.


Жртвите во тие катастрофи претставуваат вкупно над половина од загинатите во катастрофи во 2013 година, а тоа се 29.200 лица.

Извештајот на Меѓународната федерација ја анализира и улогата на културните и религиозните сфаќања за начинот, на кој реагираат на катастрофите различните заедници.


Во извештајот се наведува дека во минатата година штетите од природните катастрофи изнесувале околу 119 милијарди долари - една од најмалите суми во последите десет години.

 

 

Извор:МИА

]]>
true
<![CDATA[Високиот комесар на ОН за бегалци ја повика Европа да ги отвори границите за бегалците од Сирија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154586/Visokiot-komesar-na-ON-za-begalci-ja-povika-Evropa-da-gi-otvori-granicite-za-begalcite-od-Sirija http://www.plusinfo.mk/vest/154586/Visokiot-komesar-na-ON-za-begalci-ja-povika-Evropa-da-gi-otvori-granicite-za-begalcite-od-Sirija 2014-10-16 09:18:17 Високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутериш ги повика земјите, најмногу од Европа, да го преразгледаат законодавството, со што ќе примат повеќе Сиријци, кои бегаат од граѓанската војна во нивната земја.

Бегалската криза на Блискиот Исток е закана за светската безбедност го предупреди Гутериш во кулоарите на конференцијата на Обединети Арапски Емирати. 


Тој повика за обезбедување на легален пристап на сириските бегалци, за да не го ризикуваат животот на трговците со луѓе.

- Тоа не е само најтешката хуманитарна криза во последните децении, туку и најголема закана за регионалниот мир и безбедност, глобална закана, истакна тој.


Според ОН околу 2,7 милиони Сиријци побегнале во странство, претежно во соседните земји на Сирија, а внатрешно се раселени 6,5 милиони лица.

Гутериш рече дека секоја минута по едно дете во Арапскиот свет е принудено да го напушти својот дом.

 

 

Извор:МИА

]]>
true
<![CDATA[Косовските надлежни служби го вратија осумгодишниот Ерион од Сирија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154585/Kosovskite-nadlezhni-sluzhbi-go-vratija-osumgodishniot-Erion-od-Sirija http://www.plusinfo.mk/vest/154585/Kosovskite-nadlezhni-sluzhbi-go-vratija-osumgodishniot-Erion-od-Sirija 2014-10-16 09:16:03 На приштинскиот аеродром, синоќа пристигна осумгодишниот Ерион Сина, кој пет месеци заедно со неговиот татко Арбен беше на боиштата во Сирија.


Неговото враќање дома го овозможиле косовските власти заедно со членови на неговата фамилија. Претседателката Јахјага врз основа на нејзините уставни надлежности и во соработка со премиерот Хашим Тачи, ја одобрила акцијата на косовската тајна служба за пронаоѓање и враќање на детето во Косово.


Детето без знаење на неговата мајка, татко му Арбен го однел со себе во Сирија, каде заминал да војува за џихадистите. Пред да го земе детето со себе, сопругот Арбен  на Пранвера  и рекол дека со синот ќе оди за викенд во неговото родно село. Дури кога стигнале во Сирија и се јавиле дека се таму. Мајката Пранвера постојано апелираше да и се помогне детето да си го врати дома.


На малиот Ерион на аеродромот освен неговата мајка, добредојде му поскала и претседателката Атифете Јахјага, која ја поздравила успешната акција на косовската тајна служба за враќање на детето и им се заблагодарила на агентите од името на сите граѓани на Косово.

Таа упатила апел до сите граѓани на Косово да не се придружуваат на странски каузи, туку да придонесат за напредок и развој на нивната земја.

 

 

Извор:МИА

]]>
true
<![CDATA[Рускиот претседател Владимир Путин во посета на Белград]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154581/Ruskiot-pretsedatel-Vladimir-Putin-vo-poseta-na-Belgrad http://www.plusinfo.mk/vest/154581/Ruskiot-pretsedatel-Vladimir-Putin-vo-poseta-na-Belgrad 2014-10-16 09:08:35  

Рускиот претседател Владимир Путин пристигнува денеска во Белград за да учествува во прославата посветена на 70-годишнината од ослободувањето на Белград од фашистичката окупација и 100 години од почетокот на Првата светска војна.


Путин беше поканет од српскиот претседател Томислав Николиќ и ќе биде почесен гостин на воената парада во која ќе учествуваат и руски авиони.

Рускиот претседател ќе положи и венци на Гробот на ослободителите на Белград и на хероите од Првата светска војна. Во рамки на посетата ќе има средби со претседателот Николиќ и со премиерот Александар Вучиќ.


Руска делегација што го придружува претседателот ќе има работен ручек со колеги од Србија по што ќе биде потпишан пакет договори.

Се очекува да бидат разгледани прашања од меѓународната политика и трговско-економската соработка.


За посетатата на Путин на Беглрад акредитирани се 912 новинари.  


Во интервју за руски медиуми, Вучиќ вели дека со Путин ќе разговара за конкретни теми пред се за економската соработка и понатамошното развивање на билатералните односи во областа на енергетиката и земјоделието.


Тој вели дека Владата на Србија има за цел понатамошен развој на партнерски односи со Руската железница и реализација на нови заеднички проекти како и привлекување руски инвестиции во областа на земјоделието. Тој нагласи дека Србија нема намера да воведува санкции спрема Русија поради украинската криза. Од Брисел наведоа дека немаат проблем со посетата на Путин на Белград.


 

Извор:МИА

]]>
true
<![CDATA[ИД оствари значителен напредок во Ирак]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154579/ID-ostvari-znachitelen-napredok-vo-Irak http://www.plusinfo.mk/vest/154579/ID-ostvari-znachitelen-napredok-vo-Irak 2014-10-16 09:05:35 Групацијата „Исламска држава“ оствари значителен напредок во Ирак, изјави генералот од резервниот состав на САД и координатор на меѓународната коалиција, Џон Ален. 

 

Тој на прес-конференција во Стејт департментот истакна дека воздушните напади врз позиции на ИД во Ирак и Сирија не водат „ниту до победници, ниту до победени“.

Генералот Ален по турнејата на Блискиот Исток, каде ги посети Ирак, Јордан и Турција нагласи дека земјите од коалицијата се едногласни дека воениот аспект е важен, но не и доволен за победа врз радикалната исламистичка групација.

 

Портпаролот на Пентагон, контраадмиралот Џон Кирби изјави дека во воздушните нападите за заштита на градот Кобане, кој се наоѓа на турско-сириската граница биле убиени неколку стотици борци на ИД, но оти се уште постои опасност градот да падне во рацете на групацијата.

 

 

Извор:МИА

]]>
true
<![CDATA[Наjмалку 12 луѓе загинаа во два бомбашки напади во Могадишу]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154575/Najmalku-12-lugje-zaginaa-vo-dva-bombashki-napadi-vo-Mogadishu http://www.plusinfo.mk/vest/154575/Najmalku-12-lugje-zaginaa-vo-dva-bombashki-napadi-vo-Mogadishu 2014-10-15 22:20:29 Најмалку 12 лица загинаа, а десетици се повредени во денешните два напада извршени со автомобили-бомби во главниот град на Сомалија, Могадишу.

 

Првиот напад бил извршен во сообраќајниот „шпиц“ во северниот дел од градот. Во нападот загинаа четири лица. Бомбата најверојатно била поставена во автомобилот на висок претставник на разузнавањето, кој загинал во експлозијата.

 

Од експлозијата се оштетени неколку згради.

 

Втор автомобил-бомба експлодира неколку часови подоцна пред кафеана во близина на претседателската палата. Експлозивот бил активиран од далечина.Во нападот загинаа осум луѓе, а десетици се повредени.

 

Досега никој не презеде одговорност за нападот. Тој, меѓутоа, има карактеристики на нападите на сомалиската исламистичка група Ал Шабаб.

 


Извор: МИА

 

]]>
true
<![CDATA[Медицинската сестра заразена со ебола од Далас ќе биде префрлена во Атланта]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154573/Medicinskata-sestra-zarazena-so-ebola-od-Dalas-kje-bide-prefrlena-vo-Atlanta http://www.plusinfo.mk/vest/154573/Medicinskata-sestra-zarazena-so-ebola-od-Dalas-kje-bide-prefrlena-vo-Atlanta 2014-10-15 21:44:57 Втората медицинска сестра од Далас, која е заразена со ебола, ќе биде префрлена во Универзитетската болница Емори во Атланта, изјави министерката за здравство Силвија Баруел.

 

Директорот на Центарите за контрола и превенција на болести во САД, д-р Томас Фријдан истакна дека заразената медицинска сестра патувала со авион еден ден пред да почнат симптомите на еболата.

 

Тој посочи дека ризиците од инфицирање со ебола на другите патиници на тој лет се многу мали.
Но, поради превентива сите патници од летот се повикани на прегледи. 

 


Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[СЗО: Од ебола починаа 4.493 лица]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154567/SZO-Od-ebola-pochinaa-4493-lica http://www.plusinfo.mk/vest/154567/SZO-Od-ebola-pochinaa-4493-lica 2014-10-15 20:49:24 Бројот на починати од еболате се доближува до 4.500 лица од приближно 9.000 потврдени случаи, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

 

„До 12 октомври од заразната болест починале 4.493 луѓе, а заразени се 8.997 лица“,се посочиува во соопштението на СЗО.

 

СЗО предупредува и дека се влошува ситуацијата во трите африкански држави - Либерија,Гвинеја и Сиера Леоне. 



Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Египетски авиони нападнаа позиции на милитантите во Либија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154564/Egipetski-avioni-napadnaa-pozicii-na-militantite-vo-Libija http://www.plusinfo.mk/vest/154564/Egipetski-avioni-napadnaa-pozicii-na-militantite-vo-Libija 2014-10-15 19:59:19 Египетски воени авиони денеска бомбардира позиции на исламистичките милитантни групи во источниот либиски град Бенгази. Нападите на авионите се во рамките на операцијата против милитантите предводена од Египет, во која се вклучени и либиски копнени сили.

 

Либискиот пратеник Тарик ал Џоруши информира дека египетските авиони што ги извршиле нападите биле управувани од либиски пилоти.

 

Портпаролот на Генералштабот на Вооружените сили на Либија, полковник Ахмед ал Месмари соопшти дека либиската армија ја подржува операцијата „Достоинство на Либија“, што ја започна одметнатиот генерал Халиф Хафтар против „терористичките групи“ во градот Бенгази.

 

- Тоа е сега една од операциите на армијата - додаде Месмари.

 

Либискиот премиер Абдула ал Тани најави дека владините сили на Либија ќе се борат против „терористите“ во Бенгази се до конечната победа.

 

- Единственото нешто што ни остана, е сами да се бориме со оружје против терористите. Меѓународната заедница се откажа од поддршка на либиската армија. Подготвени сме за дијалог со легитимните претставници, но групите кои се го контролираат Бенгази се терористи - изјави Тани, додавајќи дека владата на Либија ги поздравува сите оние кои сакаат да се борат во редови на либиската армија.

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Операцијата против ИД во Ирак и Сирија наречена „Вродена решителност“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154561/Operacijata-protiv-ID-vo-Irak-i-Sirija-narechena-Vrodena-reshitelnost http://www.plusinfo.mk/vest/154561/Operacijata-protiv-ID-vo-Irak-i-Sirija-narechena-Vrodena-reshitelnost 2014-10-15 19:30:25 Американското Министерство за одбрана операцијата против џихадистичката група Исламска држава во Ирак и Сирија ја нарече „Вродена решителност“.

 

- Името на операцијата е „Вродена решителност“. Одлуката беше донесена пред неколку дена - истакна полковник Ед Томас без да наведе повеќе детали.

 

На 8 август САД почнаа да ги бомбардираат позициите на ИД прво во Ирак, а потоа во Сирија.

 

Американските воени авиони вчера и денеска извршија 18 напади врз позиции на Исламска држава во сирискиот град Кобане, соопшти Централната команда на Вооружените сили на САД.

 

Американската воена авијација изврши и пет напади врз борците на ИД во Ирак, се посочува во соопштението од Централната команда.

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Кодељи: Еди Рама не ја одлага посетата на Белград]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154558/Kodelji-Edi-Rama-ne-ja-odlaga-posetata-na-Belgrad http://www.plusinfo.mk/vest/154558/Kodelji-Edi-Rama-ne-ja-odlaga-posetata-na-Belgrad 2014-10-15 19:13:22  

 

Албанската министерка за одбрана Мими Кодељи потврди дека премиерот на Албанија Еди Рама ќе ја посети Србија на 22 октомври, пренесуваат српските медиуми.

 

Кодељи која учествува на состанокот на министрите за одбрана  на земјите членки на Американско-јадранската повелба во Будва изјави дека инцидентот на фудбалскиот натпревар Србија –Албанија во Белград  нема да влијае на претстојната посета на Рама на Белград.

 

- Одлуката да го посети Белград, после толку децении, е важен чекор за сите на Балканот, за сите нас кои сме соседи и кои можат да  помогнат едни на други на патот кон европските интеграции и НАТО. Тоа е од извонредна важност за сигурноста и иднината на нашите држави и граѓани, изјавила Кодељи за медиумите.

 

Посетата на албанскиот премиер на Србија на 22 октомври ја најави премиерот на Србија Александар Вучиќ, по состанокот на премиерите на земјите од регионот на Конференцијата за безбедност на Западен Балкан која се одржа во Берлин во август годинава. Тогаш беше соопштено дека ова ќе биде прва средба на премиерите од Албанија и Србија од 1946, значи по 68 години.

 

Амбасадорот на Германија во Србија Хајнц Вилхелм изрази жалење поради инцидентот на натпреварот и ги повика двете земји „да покажат смиреност и воздржаност“. Тој додал дека се надева дека инцидентот нема да има последици на планираната посета на Еди Рама на Белград.

 

 Пратеникот на Српската напредна странка и претседател на собраниската комисија за Косово и Метохија, Милован  Дрецун бара извинување од Албанија за инцидентот и додаде  дека злоупотреба на спортска манифестација ги доведува во прашање добрите намери на Албанија а посетата на Рама на Србија ја прави бесцелна.

 

Од друга страна, противник на приближувањето на односите на Србија и Албанија е и градоначалникот на Приштина Шпенд Ахмети, кој му порача на албанскиот премиер да не оди во Белград.

 

 

Подготвил:А.Ј.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо. 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Кина го блокира сајтот на Би-Би-Си]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154557/Kina-go-blokira-sajtot-na-Bi-Bi-Si http://www.plusinfo.mk/vest/154557/Kina-go-blokira-sajtot-na-Bi-Bi-Si 2014-10-15 19:09:12 Веб-локацијата на Би-Би-Си денеска беше блокирана неколку часа во Кина, откако на неа беше прикажан видео материјал на кој се гледа како полицајци од Хонг Конг тепаат продемократски демонстранти.

 

Мерката била преземена поради известувањето за континуираното засилување на контролата на Пекинг врз медиумите и интернетот.

 

Ова е прв ваков случај од декември 2010 година, кога веб-локацијата на Би-Би-Си беше целосно блокирана во Кина. Тогаш мерката беше во сила неколку дена по врачувањето на Нобеловата награда за мир на уапсениот кинески дисидент Ли Сијаобо.

 

Кинеската верзија насајтот на британската јавна радиотелевизија е целосно блокирана од нејзиното создавање во 1999 година, со исклучок на краткиот период од неколку месеци по повод Летните олимписки игри во Пекинг во 2008 година.

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Силен земјотрес го погоди Иран]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154555/Silen-zemjotres-go-pogodi-Iran http://www.plusinfo.mk/vest/154555/Silen-zemjotres-go-pogodi-Iran 2014-10-15 19:01:01 Земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Иран, соопшти Американскиот геофизички институт.

 

Најмалку четири лица се повредени денеска при земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, што го погоди западен Иран, соопштија иранските власти.

 

Епицентарот на земјотресот бил на 59 километри, северозападно од градот Дезфул во близина на границата со Ирак, со жариште на длабочина на 36,7 километри под површината на земјата.

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Во Далас се очекуваат нови случаи на ебола]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154554/Vo-Dalas-se-ochekuvaat-novi-sluchai-na-ebola http://www.plusinfo.mk/vest/154554/Vo-Dalas-se-ochekuvaat-novi-sluchai-na-ebola 2014-10-15 18:58:07 Властите во Далас денеска соопштија дека очекуваат нови случаи на заразени со ебола, откако беше потврдено дека  е инфицирана втора медицинска сестра, која ја лекуваше првата жртва на вирусот во САД,

 

Градоначалникот на Далас, Мајк Ролингс изјави дека зградата каде живее втората медицинска сестра е дезинфецирана, а соседите се предупредени.

 

Минатата недела во Презитеријанската болница во Далас почина Томас Ерик Данкан, кој беше првиот дијагностициран случај на хеморагичната треска предизвикана од ебола во САД.

 

Кај две жени од болничкиот персонал, кои се грижеле за Данкан, утврдено е  дека се носители на вирусот на ебола.

Здружението на медицински сестри соопшти дека Либериецот Данкан со часови престојувал на отвореното одделението за брза помош во болницата во Далас, а медицинскиот персонал повеќе дена се грижел за пациентот без соодветни заштитини мерки.

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Најмалку 21 загинати во снежна бура во Непал]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154552/Najmalku-21-zaginati-vo-snezhna-bura-vo-Nepal http://www.plusinfo.mk/vest/154552/Najmalku-21-zaginati-vo-snezhna-bura-vo-Nepal 2014-10-15 18:44:35 Дваесет и едно лице загина во снежна бура во Непал, предизвикана од циклонот што ја зафати соседна Индија, јави ДПА, повикувајќи се на локалните власти.

 

Меѓу жртвите има четворица планинари од Канада, по тројца од Израел и Полска, како и по еден индиски и виетнамски државјанин.

 

Вкупно 168 лица тргнале кон преминот Торанг Ла, во централните планини на Непал, дел од познатата патека кон врвот Анапурна, кога реонот го зафатиле силни снежни врнежи. Набрзо, на одделни места снежната покривка достигнала еден метар.

 

Спасени биле 60 лица, кои веднаш биле однесени во болницата во блиското село Џомсом, додека 19 повредени по воздушен пат биле префрлени во болниците во Катманду и Похара.

 

Меѓу спасените има петмина Германци и по четворица Израелци и Полјаци.

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Албански Грци нападнати од националисти по фудбалскиот натпревар Србија-Албанија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154550/Albanski-Grci-napadnati-od-nacionalisti-po-fudbalskiot-natprevar-Srbija-Albanija http://www.plusinfo.mk/vest/154550/Albanski-Grci-napadnati-od-nacionalisti-po-fudbalskiot-natprevar-Srbija-Albanija 2014-10-15 18:25:12 Припадници на етничкото грчко малцинство во село Дервичани во реонот на градот Ѓирокастро во јужна Албанија, доцна синоќа биле нападнати од албански националисти, објави грчкиот весник „Катимерини“.

 

Група од околу 100 лица, кои носеле албански знамиња и транспаренти со националистички пораки, со автомобили пристигнале во селото, што се наоѓа во непосредна близина на границата со Грција, и кршеле излози на продавници и паркирани автомобили, сè додека не биле спречени од полицијата.

 

Насилството во Дервичани избувнало неколку часа по прекинот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија од квалификациите за европското првенство. До прекинот дојде поради тепачка на фудбалерите, откако мал хеликопер (дрон) што бил управуван од далечина го прелета стадионот на „Партизан“ во Белград, виорејќи го албанското знаме и картата на „Голема Албанија“, во која беа вклучени територии од Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Македонија и северниот дел од Грција.

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Во Ораховац нападнат домот на православен свештеник]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154549/Vo-Orahovac-napadnat-domot-na-pravoslaven-sveshtenik http://www.plusinfo.mk/vest/154549/Vo-Orahovac-napadnat-domot-na-pravoslaven-sveshtenik 2014-10-15 18:13:08 Неколку минути по прекинот на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија во Белград, тројца Косовци извршиле вандалски напад врз српскиот дел на косовскиот град Ораховац.

 

Тие извикувале „Албанија, Албанија“, фрлале стаклени шишиња врз куќите и на плоштадот пред православната црква во градот, а го скинале и српското знаме.

 

Тројцата Косовци потоа го нападнале и домот на попот, фрлајќи големи камења врз прозорците и развеале албанско знаме на неговата куќа.

 

Полицијата трага по напаѓачите.

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Оскар Писториус им давал пари на родителите на неговата убиена девојка]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154544/Oskar-Pistorius-im-daval-pari-na-roditelite-na-negovata-ubiena-devojka http://www.plusinfo.mk/vest/154544/Oskar-Pistorius-im-daval-pari-na-roditelite-na-negovata-ubiena-devojka 2014-10-15 16:00:18 Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус им давал пари за издржување на родителите на неговата убиена девојка Рева Стенкамп, беше соопштено во судот во Преторија.

Од понеделникот, во судот трае расправата, пред да биде изречена казната за Писториус, кој минатиот месец судијата во процесот,го прогласи за виновен, за ненамерно убиство на Стенкамп.

Иако судот не го прифати обвинувањето на Јавното обвинтелство за убиство со умисла, параолимпискиот спринтер сè уште се соочува со можноста да биде казнет со затвор од 15 години. Судијата, сепак, може да ја суспендира затворкста казна, со друг вид санкција.

За парите за семејството Стенкамп се разбра откако, во своето излагање, обвинителот Гери Нел, остро ја осуди понудата на Писториус до таткото и мајката на убиената девојка, нарекувајќи ги како „крвави пари“ кои родителите не ги сакаат.

Адвокатите на Писториус тогаш открија дека атлетичарот им понудил, а тие прифатле секој месец да примаат од него по шест илјади ранда (550 американски долари). Родителите на убиената Стенкамп западнале во финансиска криза и се соочувале со банкротство, по смртта на нивната ќерка Рева, па парите од Писториус им биле потребни за плаќање кирија и за месечните трошоци околу нивниот дом.

Ваквите исплати биле давани од март минатата година, веднаш по трагичниот инцидент во кој Рева беше убиена, се до септември оваа година. Договорот бил родителите да ги вратат парите кога ќе се поправи нивната финансиска ситуација.

Писториус преку своите адвокати им понудил и еднократно уште 34 илјади долари, што родителите на неговата, сега убиена девојка, ги одбиле. Атлетичарот сугерирал целиот тој аранжман да остане во тајност, но обвинителство се одлучи сето тоа да го прикаже во завршната расправа, пред определувањето на казната, како обид на осудениот Писториус, за замолчување на ожалостените родители на Стенкамп, или како откупување на гревот поради убиството.

Засега не се знае каков ефект врз определувањето на казната ќе има овој детал од односите меѓу Писториус и родителите на Рева Стенкамп, но тие во соопштение за јавноста рекоа дека ќе му ги вратат на атлетичарот сите 10.500 долари што досега ги имаат примено и се обврзаа дека против него нема да покренуваат никаква граѓанска парница.

Писториус ја уби својата девојка во февруари минатата година, во неговата вила во Преторија, пукајќи со пиштол низ вратата на бањата,мислејќи дека таму се крие провалник. И тогаш и сега, тој тврди дека пукал по грешка. Стенкамп беше манекенка и фото модел, а беше пред крај со правните студии.

Одбраната преку социјален работник кој беше повика како сведок, откри дека настојува Писториус да биде осуден на три години домашен затвор и општествено корисна работа. Ваквата изјава од обинителство беше огласена како „крајно несоодветна“ и предизвика шокираност кај родителите на убиената. Тие сметаат дека Писториус требаше да биде осуден за убиство со умисла. 

 

Извор:МИА

]]>
true
<![CDATA[Би-Би-Си : Обнова на „проруските чувства“ во Бугарија за време на предизборната кампања]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154542/Bi-Bi-Si--Obnova-na-proruskite-chuvstva-vo-Bugarija-za-vreme-na-predizbornata-kampanja http://www.plusinfo.mk/vest/154542/Bi-Bi-Si--Obnova-na-proruskite-chuvstva-vo-Bugarija-za-vreme-na-predizbornata-kampanja 2014-10-15 15:55:47 Во текот на предизборната кампања, за минатонеделните парламентарни избори во Бугарија, е збележано обновување на некогаш силните „проруски чувства“ во оваа балканска земја, забележува Би-Би-Си, повикувајќи се на кампањата на дел од бугарскте политички партии.


Во текот на кампањата некои партии, отворено, им даваа висок приорите на соработаката со Русија, додека други заговараа и приклучување на Бугарија кон Евроазиската Унија, за сметка на ЕУ, во која земјата членува од 1 јануари 2007 година, како и за сметка на припадноста во НАТО.

Актуелни министри во владата во Софија, која е на заминување, по поразот на досега владеачката социјалистичка партија, предупредуваат дека ваквата кампања на дел од бугарскте партии, создава тензии во земјата и предизвикува недоразбирања, што се рефлектираат во безбедносната политика.


Лидерот на бугарската националистичка партија Атака, Волен Сидеров, која важи за изразито проруски определена, меѓутоа, ги отфрла ваквите обвинувња. Во изјава за Би-Би-Си, Сидеров ги оквалификува критичарите на неговата политичка линија, како „американски агенти“.

Бугарија е членка на Северноатланската Алијанса и од 1 јануари 2007 година и земја-членка на ЕУ, но таа важи за земја со силни, традиционални врски со Русија, која во времето на комунизмот беше означувана како најлојалниот сојузник на Советскиот Сојуз.


Евроазиската Унија ја создава Москва и официјалното објаснување за мотивите за креирањето на една вкава заедница, не е политичко,туку економско-финансиско. Покрај Русија,во оваа унија треба да влезат уште и некои од поранешните советски републики.

Во западните медиуми и кај дел од политичарите на Западот ,создавањето на Евроазиската Унија се означува како обид за „реставрација“ на некогашниот Советски Сојуз.

Појавата на „проруски чувства“ на бугарската политичка сцена, доаѓа во време на криза во бугарско-руските односи и на „војната со зборови„ меѓу Софија и Москва. Причина за тоа се руската вмешаност во кризата во и околу Украина, како и притисокот на Москва да се забрзаат работите на гасоводот „Јужен поток“ што минува низ бугарската територија.


Бугарската Влада, под притисок на ЕУ и на САД, во август годинава го „замрзнаа“ проектот со гасоводот, но според толкувањата од Москва, работите на теренот продолжуваат.

Расправијата ескалираше понатаму, по изјавата на бугарскиот претседател Росен Плевнелиев кој ја оквалификува Русија како „националистичка и агресивна држава“ поради „вмешаноста“ на Москва во кризата во Украина, што предизвика гнев во руската политичка јавност.

 

Извор:МИА

 

]]>
true
<![CDATA[Олси Рама: Немам ништо со инцидентот со леталото]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154539/Olsi-Rama-Nemam-nishto-so-incidentot-so-letaloto http://www.plusinfo.mk/vest/154539/Olsi-Rama-Nemam-nishto-so-incidentot-so-letaloto 2014-10-15 15:47:24 Олси Рама, братот на албанскиот премиер кој е осомничен дека стои зад инцидентот на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија, пристигна денеска во Тирана и демантираше дека е поврзан со тој случај.


- Немам ништо со леталото...не разбирам од каде е таа приказна, изјави Олси Рама по доаѓањето во Тирана.

По инцидентот вчера тој беше приведен на стадионот околу 40 минути, а потоа пуштен. Рама ги оквалификува како „спекулации“ на српски медиуми дека тој го организирал инцидентот и оти управувал со леталото.


- Не сум ниту апсен ниту приведен. Кога се случи инцидентот ситуацијата стана хаотична и полицијата сите ги претресуваше. Им го покажав американскиот пасош и камерата. Тоа траеше неколку минути, тврди Рама кој во Тирана пристигна со делегација на албанската репрезентација. Селекцијата на аеродромот Ринас ја дочекаа неколку министри и неколку илјади навивачи. 

 

 

Извор:МИА

]]>
true
<![CDATA[Преговорите меѓу Северна и Јужна Кореја завршија без резултат]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154537/Pregovorite-megju-Severna-i-Juzhna-Koreja-zavrshija-bez-rezultat http://www.plusinfo.mk/vest/154537/Pregovorite-megju-Severna-i-Juzhna-Koreja-zavrshija-bez-rezultat 2014-10-15 15:35:36 Преговорите меѓу високи воени претставници на Северна и Јужна Кореја, кои се одржаа на пограничниот пункт Панминџонг, завршија без резултат.

Портпатолот на јужнокорејското Министерство за одбрана изјави дека двете страни не успеале да постигнат договор за важни прашања, како што се судирите во регионот на поморската граница во Жолтото Море. 

Јужна Кореја и предложи на Северна Кореја да се организираат преговори на ниво на заменици-министри за надворешни работи на 30 октомври, изјави претставник на Владата во Сеул. Јужна Кореја се согласила преговорите да се одржат на севернокорејската страна на граничниот премин во демилитаризирана зона, која ги дели двете држави.

Сеул овој предлог го даде уште во понеделникот, но одговор од Пјонгјанг се уште нема.

 

 

ИЗвор:МИА

]]>
true
<![CDATA[САД нудат 45 милиони долари за пронаоѓање на осум членови на Ал каеда]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154518/SAD-nudat-45-milioni-dolari-za-pronaogjanje-na-osum-chlenovi-na-Al-kaeda http://www.plusinfo.mk/vest/154518/SAD-nudat-45-milioni-dolari-za-pronaogjanje-na-osum-chlenovi-na-Al-kaeda 2014-10-15 14:32:51 САД предложија денеска вкупно 45 милиони долари награди за наоѓање на осум лидери на терористички организации, меѓу кои е и шефот на групата „Ал каеда на Арапскиот полуостров“.


Стејт департментот е подготвен да плати десет милиони долари за секоја информација, која ќе доведе до утврдување на местоположбата на шефот на таа група Насер ал Вахиши и за седум други лидери на вооружената група, се наведува во коминике на програмата „Награди за правда“, на Стејт департментот.


Вахиши беше назначен во 2013 година за заменик лидер на мрежата Ал каеда, Ајман ал Завахири. 

Вашингтон тврди дека групата се обидела да разнесе авион на американски авиопревозник на 25 декември 2009 година, дека стои зад самоубиствен напад извршен во мај 2012 во јеменската престолнина Сана, во кој загинаа над сто лица, и е причина во 2013 година да бидат времено затворени дваесетина американски амбасади во регионот.

 
  
„Ал каеда на Арапскиот полуостров“ го злоупотребува слабеењето на централната власт во Јемен поради бунтот против поранешниот претседател Али Абдула Салех.


Програмата „Награди за правда“ е создадена во 1984 година по нападите од 1983 година во Бејрут и Кувајт. Досега за таа цел се исплатени 125 милиони долари на 80 информатори, чии искази довеле до апсења или убиства на десетици лица, прогласени за терористи од Стејт департментот.

 

Извор:МИА

 

]]>
true
<![CDATA[Вучиќ: Србија не планира да воведе санкции против Русија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154512/Vuchikj-Srbija-ne-planira-da-vovede-sankcii-protiv-Rusija http://www.plusinfo.mk/vest/154512/Vuchikj-Srbija-ne-planira-da-vovede-sankcii-protiv-Rusija 2014-10-15 14:22:17 Србија не планира да воведе санкции против Русија, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ во ексклузивното интервју за ИТАР-ТАСС пред утрешната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Белград. 

- Никој не може да и наредува на Србија да ги разурне своите односи со Руската Федерација. Србија е слободна и независна држава, таа е на европскиот пат, но не воведе и нема да воведе санкции против Русија, истакна српскиот премиер. 

Вучиќ нагласи дека Србите имаат историски, културни и религиозни врски со Русите.

Според него тоа што се случува во југоисточна Украина претставува голема тежина, како за Украинците, така и за Русите. - Верувајте, Србите сочувствуваат за тоа, заедно со сите словенски народи. Ние се надеваме на мир, додаде Вучиќ.

Српскиот премиер истакна дека очекува со рускиот претседател да разговара за конкретни прашања за соработка во економската сфера. 

Вучиќ потсети дека ослободувањето на Белград се случило благодарение на големата поддршка на Црвената армија. - Овој настан е една од нашите најважни историски победи, додаде тој. 

Премиерот ја определи енергетиката како една од најперспективните сфери во руско-српската соработка. 

- Имаме ммногу прашања кои треба да ги решиме во областа на енергетиката. Вие знаете дека „Газпром“ е мнозински сопственик на српската компанија „Нафтена индустрија Србије“. Неопходно е да ја разгледаме иднината на нашите односи по тоа прашање, со цел се да решаваме како партнери, рече Вучиќ. 

Тој додаде дека е потребно и да се разгледа до каде стигнале работите во врска со гасоводот „Јужен поток“.

- Со Русија ние брзо и лесно се договоривме. Но не Зависи се од Србија. Не може „Јужен поток“ да почнува на границата на Србија со Бугарија и да завршува на границата на Србија со Унгарија. Тој треба да минува преку Бугарија, преку Унгарија, Австрија и сите останати земји. Што се однесува до Србија ние го направивме своето, а останатото зависи од други, истакна српскиот премиер.

 

Извор:МИА

 

]]>
true
<![CDATA[Во Тексас втор заболен од ебола]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154511/Vo-Teksas-vtor-zabolen-od-ebola http://www.plusinfo.mk/vest/154511/Vo-Teksas-vtor-zabolen-od-ebola 2014-10-15 14:19:58 Второ медицинско лице од Презвитеријанската болница во Далас е позитивно на вирусот ебола, соопшти Одделот за здравствени услуги во американската држава Тексас

Името не е соопштено, но веројатно станува збор за жена која како медицинска сестра била во тимот што бил задолжен за третман на заразениот Либериец Томас Данкан кој почина во таа болница, јавуваат американски медиуми.

Жената вчера имала зголемена температура и итно е префрлена на клиниката и изолирана. Направен и бил тест во лабораторија во Остин, на кој била позитивна на ебола, и претстои втор во федералниот Центар за контрола и превенција на болести во Атланта, во државата Џорџија.

Медицинската сестра дала податоци за тоа со кого била во контакти по што и тие лица биле ставени во изолирани соби и врз нив се вршат медицински тестови. Тоа е втор регистриран случај на пренесување на вирусот од човек на човек на територијата на САД.

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Олси Рама: Никој ништо не ми може, јас сум американски државјанин!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154505/Olsi-Rama-Nikoj-nishto-ne-mi-mozhe-jas-sum-amerikanski-drzhavjanin http://www.plusinfo.mk/vest/154505/Olsi-Rama-Nikoj-nishto-ne-mi-mozhe-jas-sum-amerikanski-drzhavjanin 2014-10-15 13:50:38 Братот на албанскиот премиер, Олси Рама, синоќа беше пуштен по приведувањето од белградската полиција поради сомнеж дека тој управувал со дронот кој провоцираше инцидент на стадионот на Партизан каде се играше квалификациската утакмица меѓу репрезентациите на Србија и Албанија, пишуваат српските и албанските медиуми.

 

Како што јавуваат медиумите тој по пуштањето изјавил дека на него никој ништо не му може затоа што он е американски државјанин.

 

Олси Рама бил приведен и задржан околу 40 минути заедно со тројца Албанци а по пуштањето веднаш со возило бил префрлен на аеродромот во Белград.

 

Албанскиот амбасадор во Србија рекол дека полицијата задржала тројца граѓани на кои им биле проверени пасошите на Соединтетите Америкаснки Држави за кои се сомнева дека управувале со далечинскиот управувач за управување со леталото кое беше пуштено над стадионот однадвор.

 

Големиот инцидент се случи во време на подобрување на односите меѓу Србоја и Албанија поради што за 22 октомври е најавена посета на Еди Рама на Белград. Оваа средба на двајцата премиери  ќе биде прва посета на албански премиер на Србија за последните 70 години.

 

 

Подготви: А.Ј.



Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо. 

 

]]>
true
<![CDATA[ОН: Светот ја губи битката со еболата]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154499/ON-Svetot-ja-gubi-bitkata-so-ebolata http://www.plusinfo.mk/vest/154499/ON-Svetot-ja-gubi-bitkata-so-ebolata 2014-10-15 13:17:02 Светот ја губи битката со еболата и не успева да го запре ширењето на оваа епидемија, предупреди синоќа високиот претставник на ОН на седницата на Советот за безбедност за епидемијата.


- Еболата има голема предност во однос на нас, рече Ентон Банбери, шеф на мисијата на ОН задолжен за координација на итниот одговор на епидемијата на ебола. 


Банбери рече дека глобалниот одговор на еболата мора да ги исполни зацртаните цели до 1 декември за да обезбеди 7.000 кревети за лекување и 500 посебно опремени тимови за погребување, но светот ќе се соочи со „ситуација без преседан, за чие решавање немаме план“. 


Банбери рече дека сега на располагање се околу 4.300 кревети за заболени, а нема доволно персонал да ги негуваат. 

Според последната проценка на СЗО, се очекува до декември во Западна Африка неделно да се регистрираат меѓу 5.000 и 10.000 нови случаи на зараза од ебола. 

Според проценката на СЗО, новиот биланс на светско ниво е 4.447 починати и 8.914 заболени, речиси само во Западна Африка. 

 

Извор:МИА

 

]]>
true
<![CDATA[Либериски пациент заболен од ебола со часови престојувал во болница во Далас без изолација]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154494/Liberiski-pacient-zabolen-od-ebola-so-chasovi-prestojuval-vo-bolnica-vo-Dalas-bez-izolacija http://www.plusinfo.mk/vest/154494/Liberiski-pacient-zabolen-od-ebola-so-chasovi-prestojuval-vo-bolnica-vo-Dalas-bez-izolacija 2014-10-15 13:03:28 Либериски пациент заболен од ебола со часови престојувал во болница во Далас без изолација, а медицинските сестри, кои го лекувале со денови работеле без соодветна заштитна опрема и биле соочени со постојано менување на протоколот, соопшти најголемиот синдинат на медицински сестри во САД.

 

Сестрите биле прунидени со фластери до ги затвораат отворите на тенките униформи, додека се грижеле за пациентот, кој имал дијареа и повраќање, изјави Дебора Бергер од синдикатот на сестрите. 

 

Сестрите од Тексашката презбитеријанска болница го лекувале Томас Ерик Данкан, првата личност во САД, на која и е дијагостицирана ебола и кој почина минатата недела.

Директорката на синдикатот на сестрите Роуз Ен Деморо изјави дека загриженост изразиле неколку сестри, но не сакаше да го прецизира нивниот број.

 

 

Извор:МИА

]]>
true
<![CDATA[Во снежна виулица во Непал загинаа тројца странски туристи и еден Непалец]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154493/Vo-snezhna-viulica-vo-Nepal-zaginaa-trojca-stranski-turisti-i-eden-Nepalec http://www.plusinfo.mk/vest/154493/Vo-snezhna-viulica-vo-Nepal-zaginaa-trojca-stranski-turisti-i-eden-Nepalec 2014-10-15 13:01:18 Четири лица загинаа во Непал, а други 14 се спасени во последен момент, од невремето,проследено со силна виулица, што зафати регион во пределот на Хималаите.


Претставник на полицијата во непалскиот главен град ,Катманду изјави дека во несреќата загинале двајца Полјаци, еден Израелец и еден Непалец кој бил меѓу водачите на групата туристи.

Меѓу спасените туристи, петмина се од Полска, четворица од Израел,а другите петмина се Германци.


Метеоролозите веруваат дека неочекуваното лошо време, проследено со силни и обилни врнежи од снег и со виулица, е резултат на „периферниот ефект“ на циклонот „Худхад“ што погоди делови од Азија.

Од ударите на овој циклон најтешко настрадаа делови од Индија, каде се регистрирани поплави, разузрнувања и човечки жртви.


Дејствувањето на „Худхад“ чија сила се намалува и циклонот полека се повлекува, се совпадна со „шпицот“ на туристичката сезона во Непал, кога бројот на странски гости е најголем.

 

 

Извор:МИА

]]>
true
<![CDATA[Поголем дел од Хрватска зафатен од силно невреме]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154490/Pogolem-del-od-Hrvatska-zafaten-od-silno-nevreme http://www.plusinfo.mk/vest/154490/Pogolem-del-od-Hrvatska-zafaten-od-silno-nevreme 2014-10-15 12:56:29 По неколку натпросечно топли денови, поројни дождови, проследени си грмотевици, силен ветер и град рано изутринава ја зафатија речиси цела Хрватска.

 

Град со големина на лешник и пороен дожд особено го погодија подрачјето на Карловац, а во градот се урнати неколку дрвја и поплавени се повеќе улици. 

 

Во предградијата на Карловац поради паѓањето на дрва и гранки врз електроинсталацијата имаше прекин на дотокот на електричната енергија, а поради невремето беа разурнати и неколку покриви. 

Во тек е санкација на штетата, а на терен се рапосредени противпожарни тимови.

 

Црвен аларм е прогласен за подрачјето на Истра и северниот дел на Јадранот поради што граѓаните треба да бидат мошне внимателни, бидејќи ситуацијата е опасна по животот, а можни се и големи штети и незгоди.

Невремето предизвика и проблеми во сообраќајот во други депови на земјата, вклучувајќо ги Загреб.

 

 

Извор:МИА

]]>
true
<![CDATA[Разговарајте со вистински лекари преку Гугл]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154480/Razgovarajte-so-vistinski-lekari-preku-Gugl http://www.plusinfo.mk/vest/154480/Razgovarajte-so-vistinski-lekari-preku-Gugl 2014-10-15 12:01:35 Сите корисници на интернет барем еднаш при пребарувањата ги впишале симптомите на болеста, која ја чувствуваат. Раководството на Гугл, свесно за овој факт им понуди на корисниците можност да разговараат со вистински лекар преку видео врска. 

 

Овој сервис се уште е во фаза на развој, но главната идеја е секој кој ќе впише некој симптом, да добие можност да разговара со лекар. Со кликањето ќе се активира видео повик и ќе добиете слободен лекар, со кој можете да се посоветувате околу својот проблем.

 

Разговорот е дел од поголем сервис, кој се вика Хелпоутс и вклучува експерти од различни области, кои можете да ги прашате за некој совет.

 

Извор:МИА

 

]]>
true
<![CDATA[Прераспоредени полицајците кои нападнале демонстрант во Хонг Конг]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154459/Prerasporedeni-policajcite-koi-napadnale-demonstrant-vo-Hong-Kong http://www.plusinfo.mk/vest/154459/Prerasporedeni-policajcite-koi-napadnale-demonstrant-vo-Hong-Kong 2014-10-15 10:43:19 Министерот за внатрешни работи на Хонг Конг, Лаи Тунг Квок денеска изјави дека се преместени на други работни места полицајците кои, како што се гледа на една видео снимка, физички го нападнале еден продемократски демонстрант за време на акцијата за растерување на демонстрантите од тунел.


Тој истакна дека полицајците се преместени на други работни места, а полицијата спроведува истрага за овој инцидент.

Локален телевизиски канал прикажал снимка на која се гледа како околу шест полицајци фаќаат еден маж, го легнуваат на земја и го удираат.


Демонстрантите во Хонг Конг синоќа се судрија со полицијата и поставија барикади во тунелот во близина на зградата на локалната Влада, проширувајќи ја на тој начин својата зона на протести, откако претходно полицијата успеа да ги отстрани блокадите во некои други улици. 

Учесниците во протестите го блокирале тунелот, поставувајќи гуми, метал и бетонски плочи.


Демонстрантите кои бараат слободни избори во 2017 година во Хонг Конг и оставка на актуелниот лидер Леунг Чун-јинг, пред повеќе од две недели ги блокираа главните улици во оваа поранешна британска колонија, што предизвика незадоволство кај жителите, посебно кај возачите и патниците на јавниот превоз.

 

 

Извор:МИА

]]>
true
<![CDATA[Научници: Луѓе на Марс би починале по 68 дена]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154458/Nauchnici-Lugje-na-Mars-bi-pochinale-po-68-dena http://www.plusinfo.mk/vest/154458/Nauchnici-Lugje-na-Mars-bi-pochinale-po-68-dena 2014-10-15 10:40:23 Храбри волонтери подготвени во еден правец да заминат на Марс, како што предвидува холандската фондација Mars One, би починале по 68 дена, соопштија научници.

Пет студенти од престижниот Институт за технологија во Масачусетс дошле до тој заклучок по анализи на научни податоци достапни за проектот населување на Марс според кој ќе се сними во живо риалити шоу.


- Првиот човек би починал од гушење по 68 дена престој на Марс, се вели во истражувањето објавено на 35 страници анализа. Земени биле предвид графички податоци и математички формули за ресурси за кислород, храна и технологија предложени како доволни за таа мисија. Во студијата се вели дека растенијата кои би се одгледувале на црвената планета, би произведувале премногу кислород додека се уште не е развиена технологија за воспоставување рамнотежа во атмосферата на Марс.


Покрај тоа, доселениците се повеќе би зависеле од испораки од Земјата и тоа би чинело најмалку 4,5 милијарди долари. Таа сума би се зголемувала со испраќање и други лица.

Mars One е проект на Холанѓанецот Бас Лансдроп со цел до 2024 година на Марс без можност за враќање на Земјата да се испрати прв тим од четворица волонтери.

Холандската фондација во септември имаше повеќе од 200.000 кандидати за проектот ТВ-риалити шоу на црвената планета.


Фондацијата по првите испитувања одбрала 1.058 луѓе меѓу кои 586 мажи и 472 жени со просечна старост од 35 години.

- До 2015 година меѓу шест и десет тимови од по четири луѓе ќе имаат подготовки за заминување, наведува Фондацијата.

Прво ќе биде испратена најдобро подготвената екипа која на лице место треба да пронајде извор на кислород, вода и да почне да засадува растенија. Вториот тим ќе биде испратен во 2028 година. Целиот проект на Фондацијата чини повеќе од 6 милијарди долари.

 

Извор:МИА

 

]]>
true
<![CDATA[Марк Цукерберг донираше 25 милиони долари за борба против еболата]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154455/Mark-Cukerberg-donirashe-25-milioni-dolari-za-borba-protiv-ebolata http://www.plusinfo.mk/vest/154455/Mark-Cukerberg-donirashe-25-milioni-dolari-za-borba-protiv-ebolata 2014-10-15 10:22:56 Основачот на социјалната мрежа Фејсбук Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан, објавија денеска на социјалната мрежа дека донирале 25 милиони долари за центрите за контрола и превенција на болести за помош во борба против еболата.


- Епидемијата на ебола го достигна критичниот момент. Од вирусот досега се заразени 8.900 луѓе, но болеста брзо се шири и се верува дека за неколку месеци, доколку ништо не се преземе во борбата против болеста, би можела да зафати милион луѓе и повеќе, наведе Цукерберг.


Тој истакна дека е потребно, во кус рок, вирусот на ебола да биде ставен под контрола, за да не се шири повеќе и да прерасне во светска здравствена криза против која ќе мора да се бориме со децении, како што е ХИВ. 

 

 

Извор:МИА

]]>
true
<![CDATA[Обама со европските лидери ќе разговара за епидемијата на ебола]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154446/Obama-so-evropskite-lideri-kje-razgovara-za-epidemijata-na-ebola http://www.plusinfo.mk/vest/154446/Obama-so-evropskite-lideri-kje-razgovara-za-epidemijata-na-ebola 2014-10-15 09:39:30 Претседателот на САД Барак Обама денеска преку видео конференциска врска ќе разговара со лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Италија за епидемијата на ебола во Западна Африка, како и други меѓународни прашања, соопшти Белата куќа.


Обама со европските лидери ќе разговара и за борбата против „Исламска држава“ во Ирак и во Сирија, и напорите да се поттикне Русија да го применува договорот од Минск за прекин на огнот во Украина. 

 

 

Извор:МИА

]]>
true
<![CDATA[Ограбувале во Белгија, пленот го носеле во Албанија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154438/Ograbuvale-vo-Belgija-plenot-go-nosele-vo-Albanija http://www.plusinfo.mk/vest/154438/Ograbuvale-vo-Belgija-plenot-go-nosele-vo-Albanija 2014-10-15 09:21:53 Во соработка, албанската и белгиската полиција денеска разбија опасна криминална банда, која била активна во Белгија, чија специјалност била тешки кражби и разбојништва.


Акцијата била рализирана, во истовреме, во населбата „Дуда“ во северниот албански град Скадар, во која учествувале припадници на специјалната единица за брзи интервенции „Ренеа“ како и во и белгискиот Луевен.

Белгиската полиција уапсила 15 лица, од нив 13 Албанци меѓу нив и една жена, како и двајца белгиски државјани.


Нивните албански колеги, по наредба на судот, при контрола на неколку објекти во споменатата населба во Скадар, заплениле 150 илјади евра во готово, четири автомати, два пиштола и една пушка, 50  скапи часовници, златен накит, три луксузни автомобили и два мотора.


Членовите на оваа криминална банда ограбувале во Белгија, но украдената стока ја носеле во Албанија каде и ја продавале. Акцијата следела по двегодишна истрага.

 

 

Извор:МИА

]]>
true
<![CDATA[Здравствениот синдикат во Либерија го прекина штрајкот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154437/Zdravstveniot-sindikat-vo-Liberija-go-prekina-shtrajkot http://www.plusinfo.mk/vest/154437/Zdravstveniot-sindikat-vo-Liberija-go-prekina-shtrajkot 2014-10-15 09:17:19 Здравствениот синдикат во Либерија објави синоќа дека го прекинува националниот штрајк со кој стотици заболени од ебола беа без медицински третман.

- Добивме повици од целиот свет да го прекинеме штрајкот, изјави генералниот секретар на синдикатот Џорџ Вилијамс.


- Религиозни и политички лидери, Либеријци од дијаспората како и меѓународната јавност не повикаа да мислиме за нашите болни браќа и сестри. Ние ги послушавме нивните повици, додаде тој.


Во понеделникот здравствените работници во Либерија упатија закани дека ќе ги остават стотиците пациенти без медицинска грижа ако не се исполнат нивните барања за подобри услови за работа, заштитни тимови и зголемени плати. Тие протестираат дека продолжуваат да работат без основно заштитна облека и не добиваат адекватни компензации како и дека многумина се заразиле и починале од болеста.

 

 

Извор:МИА

]]>
true
<![CDATA[Седумдесет и шест луѓе биле во контакт со починатиот од ебола пациент во САД]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154436/Sedumdeset-i-shest-lugje-bile-vo-kontakt-so-pochinatiot-od-ebola-pacient-vo-SAD http://www.plusinfo.mk/vest/154436/Sedumdeset-i-shest-lugje-bile-vo-kontakt-so-pochinatiot-od-ebola-pacient-vo-SAD 2014-10-15 09:14:07 Вкупно 76 здравствени работници во САД можно е да имале контакт со пациентот од Либерија кој почина минатата недела во болница во Далас, соопштија американските санитарни власти.


До моментот само еден човек е заразен со смртоносниот вирус - 26-годишна медицинска сестра која вчера рече дека се чувствува подобро.

Првично властите соопштија дека 48 луѓе имале контакт со Томас Данкан пред тој да биде хоспитализиран на 28 септември.


- Вкупно 76 луѓе имале контакт со заболениот човек и поради тоа посебно се надгледува нивната здравствена состојба, изјави д-р. Томас Фридан, директор на Центарот за контрола и превенција од заразни болести.


- Новата ризична група ги вклучува сите кои влегувале во неговата болничка соба, како и оние што вршеле анализа на неговата крв, додаде тој.

 

 

Извор:МИА

]]>
true
<![CDATA[Варварите се зад нашите порти]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154432/Varvarite-se-zad-nashite-porti http://www.plusinfo.mk/vest/154432/Varvarite-se-zad-nashite-porti 2014-10-15 08:44:14 Претседателот Обама со одлуката да употреби сила против насилните екстремисти на Исламска држава, несвесно влезе во неприлика. Тоа што го прави е повеќе од игра со судбината на две преполовени земји - Ирак и Сирија - чии општества беа столчени од болка долго пред Американците да се појават на хоризонтот. Обама повторно зачекори – разбирливо неподготвен - во хаосот на една цела цивилизација што беше разурната, пишува Хишам Мелем во Политико.

Арапската цивилизација, како што ја знаевме, веќе ја нема. Арапскиот свет денес е понасилен, нестабилен, фрагментиран и управуван од екстремизмот - екстремизмот и на владетелите и на оние во опозиција - отколку кога било по падот на Отоманската империја пред еден век. Сите надежи на модерната арапска историја се предадени. Ветувањето за политичка еманципација, враќањето на политиката, реставрацијата на човековото достоинство како предвесник на почетокот на арапските востанија – отстапи пред граѓанските војни, етнички, секташки и регионални поделби и реафирмација на апсолутизмот во своите воени и атавистичка форми. Со сомнителен исклучок на застарените монархии и емирати во Заливот - кои во моментов одолеваат на плимата од хаосот - и можеби Тунис, не остана друг препознатлив легитимитет во арапскиот свет.

Дали е некакво изненадување што, како и штетниците кога преземаат еден руиниран град, наследниците на оваа самоуништена цивилизација се нихилистичките убијци од Исламска држава? И дека нема никој друг освен Американците и западните земји кој може да го исчисти огромниот неред што го направивме ние, Арапите, од нашиот свет?

Ниту една парадигма или теорија може да објасни што тргна наопаку во арапскиот свет во минатиот век. Не постојат јасни причини за колосалните неуспеси на сите идеологии и политички движења што го зафатија арапскиот регион: арапскиот национализам, независно дали во форма на следбеници на Баас или на Насер; разни исламистички движења; Арапски социјализам; рентиерска држава и алчни монополи, кои оставија како наследство низа растурени општества. Никој не може да ја објасни теоријата на маргинализација на Египет, некогашен центар на политичката и културна гравитација во арапскиот Исток и неговото краткотрајно и бурно експериментирање со мирни политички промени пред да се врати назад под воена власт.

Ниту пак поимот „антички секташки омрази" е соодветен да се објасни застрашувачката реалност дека по должината на фронтот кој се протега од Басра од уститето на Персискиот Залив до Бејрут на Медитеранот постои скоро константно крвопролевање меѓу Сунитите и Шиитите - јавна манифестација на епска битка за геополитичка надмоќ и контрола каде се спротиставени Иран, шиитската велесила, против Саудиска Арабија, сунитската велесила со нивните подржувачи.

Не постои едно единствено сеопфатно објаснување за таа таписерија на ужасот во Сирија и Ирак, каде што во последните пет години, повеќе од четврт милион луѓе загинале, каде што познати градови како Алепо, Хомс и Мосул го почувствуваа модерниот терор од хемиското оружје на Асад и бруталното насилство на Исламска држава. Како можеше Сирија да се распарчи и да стане како Шпанија во 1930-те - арена во која Арапите и муслиманите повторно ги бијат битките на нивните стари граѓански војни? Војната која сирискиот режим ја води против цивилите во областите кои се под контрола на опозицијата е комбинација на употреба на скад ракети, противпешадиски барел бомби и средновековни тактики против градови и населби, како што се опсада и глад. За прв пат од Првата светска војна, Сиријците умираат од неухранетост и глад.

Приказната на Ирак во последните неколку децении е хроника на претскажување на смртта. Бавната смрт започна со судбоносната одлука на Садам Хусеин да го нападне Иран во септември 1980. Ирачаните од тогаш живеат во чистилиште и оттогаш секоја војна раѓа друга. Во сред овој хаос, американската инвазија во 2003 беше само катализатор кој дозволи насилниот хаос да продолжи во полна сила.

Политичката, секташката и етничката поларизација во Сирија и Ирак се толку длабоки што тешко е да се види како тие некогаш важни земји би можеле да бидат обновени како унитарни држави. Во Либија, 42-годишното владеење на Муамер ал Гадафи со терор придонесе за политичка пустош во земјата и раздробување на и така слабото единство. Вооружените фракции што ја наследија исцрпената земја ја однесоа на патот на повторно растурање, и повторно очекувано, на племенски делови и региони. Јемен ги има сите состојки на пропадната држава: политички, секташки, племенски север-југ поделби, на економски влошена позадина и исцрпена вода за пиење која може државата да ја претвори во првата земја во светот која ќе остане без вода за пиење.

Бахреин одржува кршлив статус кво со силата на оружјето на се поголемите соседи, пред се, Саудиска Арабија. Либан, каде доминира Хезболах, веројатно најмоќниот неофицијален политички актер во светот - пред појавата на Исламска држава - може да биде вовлечен целосно во вртлогот на интереси на повеќе страни во граѓанската војна во Сирија - режимот на Асад, Иран и Хезболах како негов поддржувач, и секако Исламската држава.

А спореден производ на разорувањето на националната безбедност на државите и заживеаниот исламизам предизвика бавна смрт на космополитизмот кој ги одликуваше големите градови од Блискиот Исток како Александрија, Бејрут, Каиро и Дамаск. Александрија некогаш беше центар на учењето и на мултикултурни задоволства („ноќе, тој е како реминисценција на Париз" - напиша Марк Твен во книгата „Innocents Abroad"). Денес Александрија е жариште на политичкиот ислам, без некогаш големата грчко-египетска заедница која избега од градот заедно со другите неарапски и немуслимански заедници. Бејрут, во минатото познат како најлиберален град во Левантот, се бори да задржи минимално количество на отвореност и толеранција додека Хезболах го притиска да стане Техеран на Медитеранот.

Во текот на последните неколку децении, исламистите во регионот вршеа притисок и ги поттикнуваа жените да носат велови, мажите да покажуваат знаци на религиозност, и суптилно или не-толку-многу суптилно ги заплашуваа неконформистичките интелектуалци и уметници. Египет денес е лишен од добри универзитети и истражувачки центри, но затоа се објавуваат беззначајни весници полни со ксенофобија и хипер национализам. Каиро веќе не е водечки во производство на провокативни и креативни филмови како што режираше критички настроениот режисер Јусеф Чахине уште пред 60 години. Денес египетското општество не може да толерира литературни и интелектуални личности како Таха Хусеин, кој беше врвен арапски интелектуалец од 1920 до неговата смрт во 1973, поради неговиот скептицизам за исламот. Египетското општество не може денес да прифати личности како големата дива Асмахан (1917-1944) која му пееше на својот сакан „мојата душа, моето срце, и моето тело се во твојата рака". Во денешен Египет, пејачки (chanteuse) како Асмахан би биле прогонувани и протерани од земјата.

***

Џихадистите на Исламска држава, со други зборови, не се појавија од никаде. Тие се појавија од гнилиот расходуван брод - она што беше останало од трошната цивилизација. Тие се ужасна манифестација на тешка болест кој ја погоди арапската политичка култура, која беше во стагнација, репресивна и патријархална по децении авторитарно владеење, што доведе до катастрофален пораз во војната во 1967 со Израел. Поразот одекна како погребни камбани за оживување на арапскиот национализам и препород на политичкиот ислам, кој сам се проектираше како алтернатива на посекуларните идеологии што доминираа во арапските републики по Втората светска војна. Ако арапскиот пад беше проблемот, тогаш „исламот е решение", велеа исламистите и во тоа веруваа.

Во суштина, двете политички струи - арапскиот национализам и исламизам - се водени од атавистички импулси и регресивен поглед на животот кој е втемелен во најголем дел во митологизираното минато. Многу исламисти, вклучувајќи го и египетското Муслиманско братство (кој беше извор на тие групи) – експлицитно или само како наговестување – се уште се во непрекинат обид да го воскреснат стариот отомански Калифат. Уште порадикалните салафисти - копнеат за враќање на пуританските денови на пророкот Мухамед и неговите придружници. За повеќето исламисти, демократијата значи само владеење на мнозинството и владеењето на шеријатскиот закон кој ја кодифицира родовата нееднаквост и дискриминација против немуслиманите.

И ајде да се соочиме со суровата вистина: нема докази дека исламот во неговите различни политички форми е компатибилен со модерната демократија. Од Авганистан под режимот на Талибанците до Пакистан и Саудиска Арабија и од Иран до Судан, нема исламистички ентитет за кој може да се каже дека е демократски или дека применува добро владеење. Краткото владеењето на Муслиманското братство во Египет под претседателство на Мохамед Морси не беше исклучок. Братството се обиде да ја монополизира власта, да ја прогонува и заплашува опозицијата и ја водеше земјата кон опасен ќорсокак пред насилниот воен удар да го заврши краткото експериментирање со исламистичка власт.

Арапските националисти, како и исламистите, особено Баатистите, беа фиксирани на „ренесансата" на големото арапско минато, кое некогаш цветаше во познатите градови Дамаск, Багдад, Каиро и Кордоба во Ал Андалуз, сега Шпанија. Овие националисти сметаа дека арапскиот јазик и култура (и во помала мера исламот) беа доволни да се обединат различните ентитети со различни нивоа на социјален, политички и културен развој. Тие негираа дека живеат во многу поразличен свет. Оние малцинства што не го прифаќаа приматот на арапскиот идентитет беа дискриминирани, без државјанство и основни права, како и во случај на Курдите во Ирак кои биле подложени на масовни репресии и убиства во геноцидни пропорции. Под маската на арапскиот национализам се појавија модерните арапски деспоти, Садам, Гадафи, фамилијата Асад. Но, овие луѓе живееја во прекрасна самотија, одвоени од сопствениот народ. Репресијата и заплашувањето на општествата со кои владееја беа болно сумирани од надарениот сириски поет Мухамед ал Магут: „Влегувам во нужник со мојата лична карта во рака".

Диктаторите, секогаш непопуларни, ја отворија вратата за подемот на исламистите кога се покажаа како некомпетентни како монарсите кои ги заменија.Тоа се случи по поразот на Египет на Насер и Сирија под Баас, од Израел во 1967. Од тој момент арапската политика почна да се анимира од разни исламистички партии и движења. Диктаторите, во очај да ја задржат својата намалена моќ, само станаа побрутални во 1980-тите и 90-тите. Но исламистите продолжија да се враќаат во нови и различни форми и ограноци, за да бидат уништени, повторно уште посилно.

Годината 1979 беше пресвртниот момент за политичкиот ислам. Исламска револуција експлодира во Иран, делумно предизвикана од децениската поддршка од Запад на корумпираниот шах. Советскиот Сојуз изврши инвазија врз Авганистан и група крволочни зилоти ја окупираа две недели Големата џамија во Мека. По овие катаклизмични настани политичкиот ислам стана поатавистички во своите сунитски манифестации и повоинствен во своите шиитски манифестации. Саудиска Арабија, со цел да го зацврсти својот фундаменталистички „вехабистички" етос, стана построга во примената на исламскиот закон и ја зголеми финансиската помош за ултраконзервативните исламисти и нивните училишта низ светот. Исламизацијата на војната во Авганистан против советската окупација - проект организиран и финансиран од САД, Саудиска Арабија, Египет и Пакистан предизвика тектонски промени во политичката карта на Јужна Азија и на Блискиот Исток. Војната во Авганистан беше огнено крштевање на терористичките групи како египетската исламска група Ал Каеда од која се изроди групата Исламска држава.

Оваа децениска борба за легитимност помеѓу диктаторите и исламистите подразбираше дека во востанијата на Арапската пролет кои започнаа во почетокот на 2011 нема други политички алтернативи. Имаше само Сцила на националната безбедност на државите и Харибда на политичкиот ислам. Секуларистите и либералите, додека си играа водечка улога во раната фаза на египетското востание, беа маргинализирани подоцна од страна на исламистите кои, поради нивното политичко искуство како старо движење, победија на парламентарните и претседателски избори. За регион лишен од реален општествен живот тоа претставуваше значителна потешкотија за поделените и не многу искусни либерали и секуларисти за да формираат одржливи политички партии.

Затоа никој не треба да биде изненаден зошто исламистите и остатоците од државната безбедност доминираа во Египет по падот на Хосни Мубарак. Сепак, востанието го отстрани од врвот на политичката пирамида Мубарак и некои од неговите поданици - но остатокот од репресивната структура, кон која Египќаните се однесуваат како кон „длабока држава" (војската, безбедносниот апарат, судството, државните медиуми и одредени економски интереси), остана негибната. По неуспешниот експеримент на Муслиманското братство, со крвавиот државен удар во 2013 се затвори кругот и придонесе Египет да се врати под контрола на пензиониран генерал.

Во денешниот Ирак, исто така, неуспехот на таканаречените авторитарци - неодамна сменетиот премиер Нури ал Малики придонесе за подемот на исламистите. Исламската држава го искористи отуѓеното арапско сунитско малцинство, кое се чувствува маргинализирано и обесправено во Ирак каде доминираат шиитите за прв пат во својата историја и кои се под значително влијание на Иран.

Речиси секој муслимански период, вклучувајќи го и просветителскиот, е оспорен од страна на групите кои се залагаат за стриктно држење до правилата на строг, пуритански и апсолутистички ислам. Тие имаат различни имиња, но се водени од истите фанатични, атавистички импулси. Големиот град Кордоба, еден од најнапредните градови во средновековна Европа, беше опустошен и ограбен од една таква група (Ал Мурабитун) во 1013, која ги уништила величествените палати и нејзината славна библиотека. Во 1920-тите движењето Икван во Арабија (нема врска со египетското движење) беше толку фанатично што основачот од Саудиска Арабија, кралот Абдул Азиз ал Сауд, кој соработувал со нив на почетокот, мораше подоцна да ги уништи. Во поново време, таков вид групи се Талибанците, групата на Ал Каеда и Исламска држава.

Да, погрешно е, како што некои паушално се обидуваат, сите исламистички групи да се стават на куп, иако сите се конзервативни на различни степени. Како терористички организации, Ал Каеда и Исламска држава се различни од Муслиманското братство, конзервативно движење што се откажа од насилството пред години, иако површно го практикувале во минатото.

Сепак, повеќето од овие групи припаѓаат на исто семејно дрво и сите тие потекнуваат од цивилизациските болки на Арапите. Групата Исламска држава, како и Ал Каеда, е болест создадена од болното арапско политичко тело. Неговите корени се длабоко во пустинските предели на измачениот арапски свет кој како бесцелно да се тетеравеше низ мракот. Децении и генерации Арапи поминаа за да дојдат до оваа најниска точка. Ќе биде потребно долго време тие да се опорават -​​ тоа сигурно нема да се случи во мојот живот. На мојата генерација Арапи и беше кажано од двете страни и од арапските националисти и од исламистите, дека човек треба да остане зад ѕидините за да го брани „арапскиот свет" од бројни варвари (империјалисти, Ционисти, Советите) кои притискаат на портите. Малкумина не има кои знаеме дека варварите се веќе внатре зад портите, го зборуваат нашиот јазик и добро се утврдени во градот.

 

(Хишам Мелем е шеф на вашингтонското биро на сателитскиот канал Ал-Арабија, со седиште во Дубаи. Тој, исто така, е дописник за Аннахар, еден од водечките либански дневни весници.)

 

Подготви: А.Ј.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Тирана на нозе по инцидентот во Белград]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154429/Tirana-na-noze-po-incidentot-vo-Belgrad http://www.plusinfo.mk/vest/154429/Tirana-na-noze-po-incidentot-vo-Belgrad 2014-10-15 01:23:22 Главниот плоштад во Тирана е веќе неколку часа исполнет со знамиња, извици и скандирања од граѓани кои излегоа на улиците по инцидентот на фудбалскиот натпревар во Белград откако се степаа фудбалерите од албанската и српската репрезентација по што се вмешаа и навивачи. Неколку минути потоа улиците во Тирана веќе почнаа да се полнат со граѓани кои ги веат црвените знамиња и кои скандираат „Победа“.

Во главниот град на Албанија се слави инцидентот кој во Белград е сфатен како провокација. До физичката пресметка меѓу фудбалерите дојде откако знаме со граници на голема Албанија се развеа над теренот прикачено на летало управувано со далечинско. Фудбалер од српската репрезентација го фати знамето и го откина, по што беше нападнат од албански фудбалери.

Во Тирана во моментов е еуфорично и воопшто не се намалува возбудата како што одминува ноќта. Илјадници луѓе го преплавуваат плоштадот и улиците, а сообраќајот е закочен. Сограѓани кои се нашле таму вечерва велат дека луѓе се качуваат на возилата, пеат песни и скандираат „fuck serbians“.

-Сите се на улица, апсолутно сите. Носат знамиња, центарот на градот е црвен од знамиња. Сега пеат „Fitore“ (Победа) – пренесуваат српските медиуми.

Се претпоставува дека провокацијата со знамето во Белград е направена од гневни албански навивачи во знак на протест затоа што не им беше дозволено да присуствуваат на натпреварот. Сепак, се шпекулира дека вмешан во ова бил и братот на албанскиот премиер Еди Рама.

 

Вечерашниот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на двете земји се одржуваше за квалификација на EURO 2016. Поради инцидентот натпреварот беше прекинат после првото полувреме, а фудбалерите испратени во соблекувална. 


Прославата од Албанија вечерва се пренесе и во македонските градови Тетово и Струга.

 

подготви: М.В.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

]]>
true
<![CDATA[Заразата се шири, секоја недела од ебола ќе заболуваат по 10.000 луѓе!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154423/Zarazata-se-shiri-sekoja-nedela-od-ebola-kje-zaboluvaat-po-10000-lugje http://www.plusinfo.mk/vest/154423/Zarazata-se-shiri-sekoja-nedela-od-ebola-kje-zaboluvaat-po-10000-lugje 2014-10-14 22:29:13 За два месеца секоја недела од ебола ќе заболуваат 10.000 луѓе, а смртноста би можела да се зголеми на 70 отсто, предупреди Светската здравствена организација, пишува „Хафингтон пост“.


Во изминатите неколку недели се појавуваа по 1.000 нови случаи небола неделно. До сега во Западна Африка се регистрирани 8.914 случаи со зараза од вирусот на ебола, а починати се 4.447 луѓе.


Според Светската здравствена организација, бројот на случаи на ебола во Западна Африка е најверојатно за два пати повисок од официјално пријавените. Заменикот-генерален директор на СЗО, Брус Ајлвард, вели дека официјалниот број на смртни случаи од ебола се зголемил на 4.447, а речиси сите се од Западна Африка, додека бројот на наводни случаи се зголеми на 8.900. 

 

СЗО планира 70 отсто од заразените да се стават во изолација, што би можело да ја спречи понатамошната ескалација на епидемијата.

 

Подготви: Б.И.



Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[Во Романија претседателот и премиерот партал се прават]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154422/Vo-Romanija-pretsedatelot-i-premierot-partal-se-pravat http://www.plusinfo.mk/vest/154422/Vo-Romanija-pretsedatelot-i-premierot-partal-se-pravat 2014-10-14 21:47:29 Романскиот претседател Трајан Басеску во текот на предизборната кампања го обвини премиерот Виктор Понта дека е поранешен шпион, а тој пак го отфрли ваквото тврдење како „лага“, возвраќајќи дека шефот на државата „има психички проблем“.

 

Претседателските избори во Романија ќе се одржат за три недели, а актуелниот премиер Понта важи за главен фаворит.

 

- Виктор Понта мора да признае дека во периодот меѓу 1997 и 2001 година бил таен агент на СИЕ (Романска надворешна разузнавачка служба), истакна Басеску.

 

Тој, исто така, го обвини социјалдемократскиот премиер дека лажел за своето минато и го прекршил Уставот со тоа што во времето кога бил обвинител работел како шпион.

 

Извор: МИА

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[Во Бразил уапсени 55 луѓе поради илегални абортуси]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154421/Vo-Brazil-uapseni-55-lugje-poradi-ilegalni-abortusi http://www.plusinfo.mk/vest/154421/Vo-Brazil-uapseni-55-lugje-poradi-ilegalni-abortusi 2014-10-14 21:37:50 Бразилската полиција денеска соопшти дека разбила мрежа на нелегални болници за абортус и притоа уапсила 55 лица, меѓу кои лекари, адвокати и полицајци. Уште 20 луѓе се осомничени дека биле вмешани во овој криминал и по нив е издаден налог за апсење.


Абортусот во Бразил е дозволен само во случај бременоста да го загрозува животот на мајката или ако е резултат на силување. Не постојат точни податоци за бројот на абортуси во земјата, но проценките на експертите се дека годишно се извршуваат меѓу 800.000 и милион абортуси.


Според соопштението на полицијата, оваа група ги вршела абортусите дури и кај жени кои биле во поодмината бременост, а неодамна две жени починале за време на интервенциите. Осомничените ги вршеле абортусите „на нехигиенски места со што го загрозувале здравјето на жените“.

 

Истрагата траела 15 месеци и полицијата сослушала 80 отсто жени од вкупно 2.000 за кои е утврдено дека посетиле некоја од нелегалните болници.



Извор: МИА

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[Крај на епидемијата на ебола во Сенегал и во Нигерија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154420/Kraj-na-epidemijata-na-ebola-vo-Senegal-i-vo-Nigerija http://www.plusinfo.mk/vest/154420/Kraj-na-epidemijata-na-ebola-vo-Senegal-i-vo-Nigerija 2014-10-14 21:26:51 Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека донела одлука да прогласи крај на епидемијата на ебола во Сенегал и Нигерија, јави ДПА

 

- Активното следење ќе продолжи и ако не биде регистриран ниту еден нов случај на ебола, СЗО ќе може да прогласи крај на епидемијата во Сенегал на 17 октомври, бидејќи ќе минат 42 дена последниот регистирран случај на болеста. Истото важи и за Нигерија на 20 октомври, се наведува во соопштението на Организацијата.

 

СЗО информира и дека донела одлука да ги подели земјите погодени од смртоносниот вирус на ебола во две групи. Во првата група се Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја, додека во втората се Нигерија, Сенегал, САД и Шпанија.

 

Податоците за епидемијата во Нигерија и Сенегал веќе подолго време се непроменети, со вкупно 20 заболени, од кои осум починаа во Нигерија и еден во Сенегал. 

Извор: МИА

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[Демонстрантите во Хонг Конг поставиле барикада во тунел]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154419/Demonstrantite-vo-Hong-Kong-postavile-barikada-vo-tunel http://www.plusinfo.mk/vest/154419/Demonstrantite-vo-Hong-Kong-postavile-barikada-vo-tunel 2014-10-14 21:18:26 Демонстрантите во Хонг Конг вечерва се судрија со полицијата и поставија барикади во тунелот во близина на зградата на локалната Влада, проширувајќи ја на тој начин својата зона на протести, откако ова утро полицијата успеа да ги отстрани блокадите во некои други улици. 

 

Учесниците во протестите го блокирале тунелот, поставувајќи гуми, метал и бетонски плочи. Една од главните улици во Хонг Конг е отворена денеска за сообраќај, откако полицијата успеала да ги отстрани барикадите поставени од демонстрантите.

 

Стотици полицајци употребиле чекани и тестери за да ги размонтираат барикадите во близина на владините канцеларии и финансискиот центар на Хонг Конг. Таксистите се заканија дека ќе ги отстранат барикадите доколку тоа до среда не го направат самите демонстранти.

 

Демонстрантите кои бараат слободни избори во 2017 година во Хонг Конг и оставка на актуелниот лидер Леунг Чун-јинг, пред повеќе од две недели ги блокираа главните улици во оваа поранешна британска колонија, што предизвика незадоволство кај жителите, посебно кај возачите и патниците на јавниот превоз. 

Извор: МИА

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


]]>
true
<![CDATA[На аеродромите во САД почнува проверката против ебола кај патниците]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154416/Na-aerodromite-vo-SAD-pochnuva-proverkata-protiv-ebola-kaj-patnicite http://www.plusinfo.mk/vest/154416/Na-aerodromite-vo-SAD-pochnuva-proverkata-protiv-ebola-kaj-patnicite 2014-10-14 19:54:22 Американските царински и здравствени власти на аеродромите во Вашингтон, Чикаго, Атланта и Њујорк од четврток ќе почнат да ја мерат температурата на патниците од Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја, пренесоа американските медиуми.

 

Според властите, проверките даваат уште едно ниво на заштита против ширењето на еболата.

 

Здравствените власти ќе користат термометри, кои ја мерат температурата без допир, за откривање на болни патници.

 

Проверките почнаа во саботата на меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк.

 

Центарот за контрола и спречување на болестите соопшти дека од четврток ќе почнат проверки на аеродромите „Далс“ во Вашингтон, „О`Хеар“ во Чикаго, „Либерти“ во Њујорк и „Хартсфилд-Џексон“ во Атланта.

Основачот на Фејсбук, Марк Зукерберг, и неговата сопруга Присила Чан подарија 25 милиони долари за борба со еболата. Парите ќе бидат искористени од Центарот за контрола и спречување на болестите во напорите за справување со епидемијата во Гвинеја, Сиера Леоне, Либерија и на други места низ светот, каде еболата претставува закана.

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Курдски борци почнаа штрајк со глад поради нивното приведување во Турција]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154415/Kurdski-borci-pochnaa-shtrajk-so-glad-poradi-nivnoto-priveduvanje-vo-Turcija http://www.plusinfo.mk/vest/154415/Kurdski-borci-pochnaa-shtrajk-so-glad-poradi-nivnoto-priveduvanje-vo-Turcija 2014-10-14 19:50:19 Над сто курдски борци од опколениот сириски град Кобане почнаа штрајк со глад во знак на протест против нивното приведување од страна на турските власти, додека ја преминувале сириско-турската граница за да заминат на лекување во Турција.

 

Анкара ги сомничи овие курдски борци дека имаат врски со бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК).

 

Според турскиот пратеник на курдската Демократска партија на народите, приближно 160 членови на главната партија на сириските Курди - Демократската унија, веќе девет дена се приведни во спортска сала во Суруч, во близина на сириската граница и затоа почнале штрајк со глад.

 

- Тие се приведени без никакво обвинение - изјави пратеникот Ибрахим Ајхан.

 

Други стотина членови на Демократската унија, мажи и жени, кои беа приведени од турските власти при нивниот влез од Кобане на турска територија, во меѓувреме се ослободени, додаде пратеникот. Тој прецизира дека повеќето од нив повторно заминале да се борат во Сирија.

 

Локален турски претставник, кој побарал анонимност, изјави дека овие лица биле приведени за рутинска проверка на нивниот идентитет. Изворот посочи дека веќе извесно време сите кои пристигнуваат од сириската страна на границата се или членови на воружените курдски милитантни групи во Сирија или на Курдската работничка партија (ПКК). Тој рече дека во случајов станува збор да безбедноста на земјата.

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Турција по германски модел ќе се справува со насилните демонстанти]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154414/Turcija-po-germanski-model-kje-se-spravuva-so-nasilnite-demonstanti http://www.plusinfo.mk/vest/154414/Turcija-po-germanski-model-kje-se-spravuva-so-nasilnite-demonstanti 2014-10-14 19:47:15 Турската Влада најави дека ќе ги користи искуствата од германското кривично законодавство во давањето поголеми овластувања на безбедносните сили во справувањето на насилните протести.

 

Ваквата најави следи по насилните демонстрации во последните неколку дена, организирани од страна на Курдите поради одлуката на Анкара да не учествува во воената интервенција против ИД кај сирискиот град Кобане, при што загинаа 35 лица.

 

Турскиот вицепремиер Булент Аринч, по седница на Кабинетот, соопшти дека Владата ги ревидирала плановите за реформите во областа на внатрешната безбедност, се со цел да воведе построги мерки за спречување на манифестациите на уличното и вандалско насилство.

 

Аринч изјави дека Владата донела одлука да ги разгледа мерките кои се спроведуваат во ЕУ и да ја прифати праксата од земјите-членки на Унијата, со приоритет на Германија.

 

Тој истакна дека плановите на Анкара се во согласност со реформите за усогласување на турското законодавство со нормите на ЕУ.

 

Извор. МИА

]]>
true
<![CDATA[Вершбоу: Системoт за противракетна одбрана на НАТО не е закана за Русија]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154412/Vershbou-Sistemot-za-protivraketna-odbrana-na-NATO-ne-e-zakana-za-Rusija http://www.plusinfo.mk/vest/154412/Vershbou-Sistemot-za-protivraketna-odbrana-na-NATO-ne-e-zakana-za-Rusija 2014-10-14 19:35:47 Романската база за противракетна одбрана (ПРО) Девеселу и системот за противракетна одбрана на НАТО не претставуваат никаква закана за Русија, изјави денеска заменик - генералниот секретар на Алијансата, Александар Вершбоу.

 

- НАТО и Русија одамна се согласија дека постои закана од ширењето на балистичките ракети. НАТО треба да се заштити, а истото го прави и Русија. И покрај сите докази, Русија одбива да види дека системот за ПРО ја зголемува регионалната безбедност и е насочена кон закани што не се поврзани со Русија - рече Вершбоу.

 

На 10 октомври командата на европската база за ПРО во Девеселу беше преземена од Воената морнарица на САД. Во текот на последната година, поранешната романска воздухопловна база беше одново опремена за да почне инсталирањето на системот за ПРО.

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Црна Гора размислува за основање интернет провајдер]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154410/Crna-Gora-razmisluva-za-osnovanje-internet-provajder http://www.plusinfo.mk/vest/154410/Crna-Gora-razmisluva-za-osnovanje-internet-provajder 2014-10-14 19:29:00 Црногорската Влада размислува за основање сопствен интернет провајдер, со цел граѓаните да добијат подобар и поевтин интернет, соопшти Агенцијата за електронски комуникации на Црна Гора.

 

Црногорците плаќаат најскап интернет во регионот и Европа, бидејќи државата пред 10 години, со продажбата на Телекомот на новиот сопственик му обезбеди монополска позиција на пазарот.

 

Владата пред неколку дена побара од компанијата „Црногорски Телеком“, која е во сопственост на „Дојче Телеком“, да ги намали цените на интернетот просечно за 35 центи.

 

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Зоран Секулиќ изјави дека цените се поскапи во однос на регионот и ЕУ, бидејќи државите имаат повеќе интернет провајдери и можност за купување интернет во странство, потврдувајќи ја намерата на државата да создаде интернет провајдер во своја сопственост.

 

Намалувањето на цената на интернетот ќе важи од почетокот на декември оваа година и ќе биде на ниво на цените во регионот и земјите од ЕУ.

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Протест на српските адвокати пред Владата во Белград]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154409/Protest-na-srpskite-advokati-pred-Vladata-vo-Belgrad http://www.plusinfo.mk/vest/154409/Protest-na-srpskite-advokati-pred-Vladata-vo-Belgrad 2014-10-14 19:18:30 Неколку десетици адвокати денеска протестираа пред зградата на Владата во Белград поради неисполнетите барања поврзани со зголемените надлежности на нотарите. Протестот беше наречен „час на молкот“.

 

- Адвокатите ќе го повторуваат протестот на молкот сè додека не се исполнат нивните барања. Ако нам, адвокатите, може без борба да ни се земе нешто, утре на народот може да му се земе се - изјави адвокатот од Белград, Душан Братиќ.

 

Српските адвокати протестираат повеќе од еден месец што во голем степен ја блокира работата на правосудните органи.

 

Адвокатите оценуваат дека нивната професија е загрозена поради новиот закон за нотарски услуги, со кој се зголемени надлежностите на нотарите. Тие протестираат и поради висината на данокот што треба да го плаќаат.

 

Белградските адвокати штрајкуваа и 15 дена на почетокот од летото - од 18 јуни до 2 јули, кога беше договорено да се формира владина комисија која ќе ги разгледа нивните барања. Но, бидејќи комисијата не беше формирана, адвокатите од цела Србија на 10 септември го обновија штрајкот.

 

Извор: МИА

]]>
true