Вести од рубриката: ЗДРАВЈЕ http://www.plusinfo.mk/style/images/logo.jpg +Инфо http://www.plusinfo.mk http://www.plusinfo.mk RSS вести од рубриката: ЗДРАВЈЕ 2014-10-15 14:27:54 en-us <![CDATA[Што наследуваме од мама, а што од тато?]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154515/Shto-nasleduvame-od-mama-a-shto-od-tato http://www.plusinfo.mk/vest/154515/Shto-nasleduvame-od-mama-a-shto-od-tato 2014-10-15 14:27:54 На кого ќе наликува бебето е најмалку важно. Во оптек се наоѓаат милијарди комбинации, а стручњаците тврдат дека секое дете единствено и неповторливо. Додека наслушнувате како клоца во мајчиниот стомак, идните родители често размислуваат за тоа на кого ќе наликува нивното бебето. Дали ќе има темна кадрава коса на тато или светла и рамна како мама? Дали ќе биде високo, ќе има прчлесто носе, долги прсти? (читај повеќе)

 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[Не фрлајте ја тестенината кога ќе се излади, добра е за вашето здравје]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154435/Ne-frlajte-ja-testeninata-koga-kje-se-izladi-dobra-e-za-vasheto-zdravje http://www.plusinfo.mk/vest/154435/Ne-frlajte-ja-testeninata-koga-kje-se-izladi-dobra-e-za-vasheto-zdravje 2014-10-15 13:12:13 Сварената и изладена тестенина содржи отпорен скроб кој влијае поволно на вашето здравје, тврдат научниците.

Познато е дека скробот е материја која се наоѓа во продуктите како компирите и лебот. Меѓутоа постои разлика помеѓу обичен и отпорен скорб. Кога го конусмирате белиот леб или тестетнините, нормалниот скроб се претвора во шеќер и речиси еднакво брзо исто како кога ќе испиете исто количество на шеќер од засладените напитоци.

Тоа е поради тоа што нормалниот скорб содржи синџир на гликоза која во организмот се раствора во шеќер. Ако овој шеќерот не согори, се претвора во маснотија.

Друг проблем е што оваа храна на тој начин може неповолно да влијае на нивото на инсулинот во крвта. 

Од друга страна пак отпорниот скроб не се разложува тлку брзо во организмот. Така глукозата влегува во крвта поскоро и не го подига нивото на инсулинот, а долго време останувате сити.

Покрај тоа, отпорниот скроб поволно влијае на варењето, делува превентивно на срцевите заболувања и го намалува крвниот притисок, вели докторката Денис Робертсон од универзитетот Сари. Отпорниот скроб се наоѓа во бананите, некои мешунки и во суровиот овес.

Што се однесува до тестенините, нивото на отпорниот скроб се зголемува кога тие ќе се сварат и ќе се изладат. Поради тоа сварената тестенина па и варениот компир, кога ќе се изладат не треба да ги фрлате. Оваа храна содржи повеќе отпорен скроб па долго време ќе бидете сити, а нивото на шеќерот ќе го држи под контрола, советува стручњаци.

 

Подготви:Б.В.

 

 

]]>
true
<![CDATA[Откријте што значи бенката што ја имате на вашето лице или тело]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154304/Otkrijte-shto-znachi-benkata-shto-ja-imate-na-vasheto-lice-ili-telo http://www.plusinfo.mk/vest/154304/Otkrijte-shto-znachi-benkata-shto-ja-imate-na-vasheto-lice-ili-telo 2014-10-15 10:46:41 Позицијата на бенката на телото зборува за карактерот на човекот, состојбата на умот, здравјето и иднината. Кинезите го користат тоа знаење во медицината и веруваат дека „чи“ или енергијата во телото е поактивна во различни периоди. Кулминацијата на таа енергија се манифестира како здрава бенка.

 

Кинезите веруваат дека позицијата на бенката на телото може томови да каже за човекот, затоа прочитајте дали ќе се пронајдете во некој дел од текстот.

 

Чело

 

Бенката на средината на челото открива некого кој има проблеми со авторитетот и не се снаоѓа добро со надредените или со родителите. Бенката на страна карактеризира фокусираност и енергичност. 

 

Веѓи

 

Ако бенката е под веѓите, тоа симболизира богатство или изобилство. Бенката која се сокрива е знак на уште поголемо богатство. Кога е над веѓата значи дека во животот ве очекува постојано снабдување со пари. Очни капаци

Бенката на очните капаци симболизира дисхармонија со семејството и постојано губење пари. Ако е под окото, тогаш упатува на преемоционална личност. 

 

Образи


Бенката на образите е обележје на осамени луѓе и оние кои не можат да се смират за да основаат семејство. Ако бенката се наоѓа близу до носот, како кај Мерилин Монро, тоа може да упатува на несреќа.

 

Уши

 


Во кинеската астрологија, ушите го означуваат карактерот, па затоа бенка на ушите се поврзува со добра личност со добра репутација. Внатре во увото значи долг живот, на врвот симболизира интелигенција, а кога има бенки на двете уши, тоа е знак на влијание.

 

Нос

 

Бенката на врвот на носот укажува на љубовни проблеми и нестабилност, додека онаа на мостот на носот симболизира неволји. Оваа бенка исто така се поврзува со воркохолиците. Бенката на страна се поврзува со луѓе кои се добри со пари.

 

Брада

 

Кога бенката е на брадата, тоа симболизира тврдоглавост и упорност, но се поврзува и со желбата за промена или патување.

 

Усни

 

Ако бенката е над горната усна, оваа позиција се поврзува со привилегиран живот. Бенката под долната усна е знак дека вашите деца ќе бидат успешни во животот.

 

Врат

 

Вратот во кинеската астрологија се поврзува со духовниот и телесниот живот. Бенката на тоа место го прекинува дотокот на енергијата и може да означува разочарување. Ако е на средината на вратот, тогаш се поврзува со див карактер и личност која може да ги повреди блиските луѓе.

 

Раце

 

Бенката на подлаткицата укажува на сочувствителни луѓе, а на надлактицата – добра снаодливост со пари.

 

Гради

 

Симбол на моќ, висока позиција во општеството или во професијата. Ако се наоѓа на брадавиците, тоа значи дека децата ќе ви бидат успешни во животот.

 

Стомак

 

Колку е поблизу до папокот, толку повеќе среќа во животот ќе имате.

 

Дланки

 

Овие бенки укажуваат на вешти луѓе кои можат добро да заработуваат.

 

Грб

 

Луѓето кои имаат бенка на грбот најчесто носат тежок товар во животот. Тие напорно работат, затоа успехот им е извесен, но им треба повеќе време за да го постигнат.

 

Нозе

 

Бенка на бутовите е знак кој ги открива луѓето кои се одлични во кревет и сакаат да експериментираат. На листовите е знак на спортски проблеми, а на колената на пари.

 

Стапала

 

Бенката на стапалата се поврзува со добар водач и добри дела.

 

Задник

 

Бенката на овој дел од телото се поврзува со обилна храна и здравје. Таа симболизира добра репутација и великодушна желба за помош на другите.

 

Подготви: K. A.

 

]]>
true
<![CDATA[Зошто не треба облеката да ја сушите на радијатор]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154379/Zoshto-ne-treba-oblekata-da-ja-sushite-na-radijator http://www.plusinfo.mk/vest/154379/Zoshto-ne-treba-oblekata-da-ja-sushite-na-radijator 2014-10-15 08:50:42 Доаѓа зима, а облеката најлесно се суши на радијатор. Меѓутоа, веројатно на голем број луѓе им е познато дека тоа не е добра идеа. Откријте зошто?

 

Шкотски истражувачи од Архитектонскиот факултет во Шкотска заклучиле дека во многу домови има премногу влага, а тоа е поради сушењето на облеката во становите. Токму ова сушење е одговорно за дури 30 отсто од таа влага. Три четвртини од стотина испитани домови имале влага, грини и зголемена концентрација на мувла.Секако дека ваквиот воздух ќе предизвика појава на астма и слични алергии, особено кај децата.

 

Вкупно 87 отсто домови во Глазгов, во кој студијата е спроведена, ја сушат гардеробата во куќата на студено време, од кои две третини од нив облеката ја сушат на радијатор.Тоа ја зголемува количината на влага, а подоцна и до проблеми со дишните патишта.

 

- Луѓето гледаат како да искористат што повеќе можни радијатори и останати грејни тела во текот на зимата, а не размислуваат дека е неопходно и проветрување во тие студени денови - објаснил Колин Портеоус, водач на студијата.

 

Неговиот тим решението го пронашол во воведувањето на заеднички простории за сушење во зградите се со цел да се ублажи овој проблем.

 

Истражувачите предупредиле и дека честото вдишување неквалитетен воздух и мувла доведуваат до воспаление и алергиски реакции, особено астма.

 

Симптомите на инфекција на дишните органи со мувла и загадениот воздух вклучуваат кашлица, константен замор, иритација на очите, грлото и кожата, глаболката или мачнина.

 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[Опасна грешка која ја правите по одењето во тоалет]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154308/Opasna-greshka-koja-ja-pravite-po-odenjeto-vo-toalet http://www.plusinfo.mk/vest/154308/Opasna-greshka-koja-ja-pravite-po-odenjeto-vo-toalet 2014-10-14 20:38:16 Една од првите работи кои во животот ја учиме е дека рацете треба да се измијат со сапун по употреба на тоалетот.

 

Сепак, многумина и понатаму не го практикуваат миењето на рацете. Една американска студија открила дека многумина не ја одржуваат правилно хигиената на рацете по одењето во тоалет.

 

Истражувачите откриле дека мажите се значително понеуредни од жените. Тие се поопуштени кога е во прашање миењето на рацете, бидејќи не сметаат дека се извалкале по контактот со својот пенис.

 

Според една студија од 2013 година, 70 отсто од луѓето признале дека понекогаш ги мијат рацете само со вода, не користејќи сапун, додека 81 отсто не ги измиле рацете по користење на јавен тоалет. И тука мажите биле понеуредни: само 60 отсто од мажите секогаш ги миеле рацете по одењето во јавен тоалет, во споредбна со 74 отсто од жените.

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[Ова мора да го прочита секој родител за да има среќно и здраво дете]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154290/Ova-mora-da-go-prochita-sekoj-roditel-za-da-ima-srekjno-i-zdravo-dete http://www.plusinfo.mk/vest/154290/Ova-mora-da-go-prochita-sekoj-roditel-za-da-ima-srekjno-i-zdravo-dete 2014-10-14 14:19:32 Родителите се должни своето дете да го растат во среќна и здрава околина, па овие неколку интересни предлози ќе ви помогнат вашето дете секогаш да биде среќно и насмеано. (читај повеќе)

 

 

]]>
true
<![CDATA[Нов метод: Потребен ви е само јогурт да проверите дали имате рак!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154296/Nov-metod-Potreben-vi-e-samo-jogurt-da-proverite-dali-imate-rak http://www.plusinfo.mk/vest/154296/Nov-metod-Potreben-vi-e-samo-jogurt-da-proverite-dali-imate-rak 2014-10-14 12:31:50 Научници од Институтот за технологија во Масачусетс дошле до еден едноставен метод за откривање на ракот и тоа само со јогурт и тест на урината.

 

Професорот Сангита Батија успеа да ги развие молекулите кои се однесуваат како биомаркери за откривање на клетките на ракот на дебелото црево. Доколку тие молекули се испијат со јогурт, тие го наоѓаат патот до клетките на ракот, каде што ензимите се растураат до ситни честички и ги исфрлаат од телото преку урината.

 

Сè што е тогаш потребно да направите е да земете едно мало парче хартија и да ги соберете сите честички.

 

Поранешните методи за откривање на ракот вклучувале внесување на тие молекули со инјекција, а новата метода го отстранила инванзивниот дел на со модифицирање на бактериите во јогуртот.

 

Тестирањето е направено врз лабораториски глувци, а во клиничките тестирања кај луѓето оваа метода се покажа како едноставна и поевтина за откривање на оваа тешка болест.

 

Според американското здружение за борба против ракот (ACS), дури 40 отсто од луѓето со рак на дебелото црево имаат рана дијагноза за болеста, поради ниските нивоа на испитувањата.



 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[Против секое сало посебен „куршум“]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154294/Protiv-sekoe-salo-poseben-kurshum http://www.plusinfo.mk/vest/154294/Protiv-sekoe-salo-poseben-kurshum 2014-10-14 10:48:01 Иако многу нутриционисти тврдат дека тврдокорните масти на телото не можат да се отстранат ниту со урамнотежана исхрана ниту со вежбање, британскиот лекар Макс Томлинсон во својата лондонска клиника за слабеење, овој проблем го решава со оригинален пристап. Таложењето на мастите и појавата на сало на одредени делови на телото зависи од хормоните, а проблемите настануваат кога тие ќе се нарушат. Затоа, во зависност од тоа дали салото се таложи на стомакот, задникот, нозете, грбот или рацете, потребна е соодветно вежбање, промени на животниот стил и начин на исхрана.

Салото на половината кое се прелива од панталоните, а го има и на долниот дел од грбот, може да биде знак за хормонални проблеми со инсулинот, кој го регулира нивото на шеќер во крвта. Исхраната која вклучува слатки го тера телото да лачи повеќе инсулин, а гликозата се таложи во телото, особено  на подрачјето на колковите. За да се смири производството на инсулин, треба да го контролирате нивото на јаглехидрати и шеќер во исхраната. Треба да се избегнува алкохол, бел леб, слатки, чипс, засладени житни снегулки и газирани пијалаци. Најдобар избор се продуктите богати со антиоксиданти како цимет, каранфилче, куркума, чили, брусница, брокула и зелен чај. Рибиното масло, мултивитамините, магнезиумот, цинкот и исхраната богата со влакна ќе го забрзаат губитокот на сало од тие места.

Мастите наталожени во подрачјето на градникот може да биде добар показател за забавено работење на тироидеата. Оваа жлезда ја регулира брзината на телото која ги троши калориите од храната, а одредени производи го влошуваат тој проблем. Тука спаѓаат кељот, зелката, репката, сојата, спанаќот, брокулата и јагодите. Во овој случај е потребно да се интензивира внесувањето на јод и селен во организмот преку лук, кафеав ориз, кромид, туна, ослич, пивски квасец и жито од цело зрно.

Вишокот на женскиот хормон естроген го поттикнува создавањето на маснотии на задникот и нозете. Затоа, јадете повеќе овошје, зеленчук и жито, а намалете го консумирањето алкохол, кофеин (кафе) и таблетите против болки бидејќи го попречуваат црниот дроб при регулирање на нивото на естроген.

Поголемите наслаги на сало на стомакот можат да укажуваат на проблеми со адреналински жлезди кои го произведуваат хормонот кортизол. Долготрајниот стрес предизвикува зголемено ниво на шеќер во крвта, кој пак влијае на растот на нивото на холестерол и таложење на сало на стомакот. Сето заедно доведува до ризик од срцев удар.

Прва важна работа е да се потрудите да го контролирате нивото на шеќер во крвта со исфрлање на калоричните продукти. Друга важна работа е да јадете почесто, редовно и во мали оброци. Пробиотиците ќе ја олеснат варењето, а житото ќе му даде чувство на ситост на телото.

Секс за убави раце. Ако имате маснотии на надлактиците практикувајте повеќе секс, советуваат стручњците. Редовниот сексуален живот му праќа на телото сигнали кои помагаат во регулирањето на тестостеронот, а исто влијание има и вљубеноста. Овие маснотии најчесто се таложат поради опаѓањето на нивото на тестостерон во организмот, што е типично за жените кои влегуваат во менопауза. Зголемете го консумирањето на рибино и ленено масло, како и на авокадо кои се потребни за производство на овој хормон.

 

Подготви: К. А.

 

]]>
true
<![CDATA[Продукти кои ги прочистуваат белите дробови од цигарите]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154285/Produkti-koi-gi-prochistuvaat-belite-drobovi-od-cigarite http://www.plusinfo.mk/vest/154285/Produkti-koi-gi-prochistuvaat-belite-drobovi-od-cigarite 2014-10-14 09:15:37 Ракот на бели дробови е една од водечките причини за смрт од карцином во светот и од него во најголем број заболуваат токму оние кои секојдневно уживаат во вдишувањето на чадот.


Лекарите поради тоа на сите пушачи им препорачуваат едноставно да се откажат од таа нималку добра навика. Ако веќе пушите, потрудете се барем да го намалите ризикот од заболување од рак. Постојат различни начини да ги исчистите белите дробови од катранот и токсините и така да го намалите ризикот од појава на инфекции. 

 

Одредени продукти секако можат да ви помогнат да ги прочистите дишните органи. Запамтете дека белите дробови не можете целосно да ги исчистите со овие продукти, но барем во одредена мера можете да се ослободите од токисините и со самото тоа да ја намалите шансата од добивање рак. Со тоа на ум, ви донесуваме листа од неколку продукти кои ќе ви помогнат во чистењето на белите дробови.

 

Пченка шеќерка

Овој продукт содржи бета-криптоксантин за кој се смета дека ги штити белите дробови од карцин бидејќи претставува силен антиоксидант. Од друга страна, имајте на ум дека повеќето пченки шеќерки на полиците во продавниците се, всушност, ГМО, па консумирајте ги само оние за кои сте сигурни дека потеклото им е 100 отсто природно.

Селен

Станува збор за навистина моќен антиоксидант кој може да се најде во разни видови риба како туна, лосос и бакалар, но и во јагнешкото, јајцата и житарките. Секако, ви препорачуваме да се држите до јајцата и житарките и да ги избегнувате продуктите од животинско потекло.

Кромид

И лукот и кромидот содржат состојки кои имаат антиканцерогено дејство. Кромидот помага во спречување на многу болести, меѓу кои се инфекции и рак на белите дробови. Интересно е тоа дека кај лицата кои веќе имаат карцином го спречува растот на нови канцерогени клетки.

Ѓумбир

Ова е една силна состојка за исфрлување на токсините од белите дробови. Можете да пиете чај од коренот од ѓумбир со што ќе си го олесните дишањето, а парче ѓумбир можете да изедете со оброкот.

Портокали

Освен што се познат извор на витамини, портокалите исто така содржат и криптоксантин кој превентивно дејствува против ракот на белите дробови.

Коприва

Оваа билка е преполна со железо, а многу е корисна и како состојка за дезинфекција на белите дробови и борба против инфекции.

Чај од борови иглички

Овој чај традиционално се кроисти за чистење на устата и грлото, но може да ви биде и добар сојузник во борбата против рак на белите дробови, како и за превенција.

 

Подготви: К. А.

 

]]>
true
<![CDATA[Како да го заштитите детето од зарази]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154253/Kako-da-go-zashtitite-deteto-od-zarazi http://www.plusinfo.mk/vest/154253/Kako-da-go-zashtitite-deteto-od-zarazi 2014-10-13 15:19:59 За да го спречите детето по кој знае кој пат да добие воспаление на увото, грлото или некоја заразна болест, ви донесуваме попис на местата на кои децата се најизложени на бактерии. (читај повеќе)

 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[Русите до 2018 година ќе „печатат“ бубрези за трансплантација]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154199/Rusite-do-2018-godina-kje-pechatat-bubrezi-za-transplantacija http://www.plusinfo.mk/vest/154199/Rusite-do-2018-godina-kje-pechatat-bubrezi-za-transplantacija 2014-10-13 14:46:45 Руските научници планираат до 2018 година да „отпечатат“ човечки бубрег, кој може да се користи за трансплантација. Бубрегот ќе биде испечатен на првиот руски биопечатач, а првин ќе се создаде компјутерски модел за идниот орган со сите негови анатомски карактеристики на ткивото.

Потоа од изворните клетки на пациентот ќе седобиваат т.н. сфероиди - конгломерати на клетките. Тоа ќе биде „градежен материјал“ за ткивото или органот.

Биопечатачот кој е направен во Русија има должина на печатење од еден микрометар.

Ниту една странска машина нема таков густ печат. Тој е само еден од единствените руски „know how“, истакнува извршниот директор на лабораторијата „3 D Bioprinting solutions“, Јусеф Хесуани.

Главната предност на рускиот биопечатач е можност да се користат сите методи на печатењето. Тој овозможува печатење и на клетки, сфероиди и биогел.

Притоа печатачот содржи пет „млазници“. Две се предвидени за сукцесивно истискување на полимерен хидрогел, а останатите служат да вметнат различни видови на клетки  во биогелот, со нивно комбинирање во различни варијанти. Подоцна отпечатената конструкција се сместува во био-ректор кој е исполнет со потребни хранливи материи. Тука се одвива сраснувањето на клетките и истовремено испирање на биогелот кој повеќе не е потребен.

За разлика од странските машини, руската технологија овозможува добивање на скоро идеална сличност со природните органи. Првиот руски биопечатач засега работи во пробен режм. Меѓутоа во март 2015 година му престои „шпечатење“ на функционална штитна жлезда, со минијатурни димензии.

Веќе во 2018 година руските научници имаат намера да отпечатат човечки бубрег кој ќе може да се пресадува.

 

Подготви:Б.В.

 

 

]]>
true
<![CDATA[Жените кои не доживуваат оргазам се енергетски вампири?!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154184/Zhenite-koi-ne-dozhivuvaat-orgazam-se-energetski-vampiri http://www.plusinfo.mk/vest/154184/Zhenite-koi-ne-dozhivuvaat-orgazam-se-energetski-vampiri 2014-10-13 09:28:43 Периодот во 1920-тите години   бил многу необично време за општеството,  па така се сметало дека жените кои не можеле да доживеат оргазам му ја крадат енергијата на мажот. Најголемо влијание врз општеството имал крајот на Првата светска војна.

Жените за првпат смееле да ги покажат своите колена во јавноста, а тоа можеле да го направат додека гласаат. Тогаш се сметало дека пушењето во бременоста може да биде полезно за бебето. Спермата тогаш добила значајна улога во литературата, како што е случајот во книгата „Женственост и брак“. Во оваа книга се советува : „Жените мора да разберат дека семето на мажот е течност која дава живот и доаѓа од креативниот орган на мажите. Таа има голема вредност во изградувањето на неговото тело и дури сега знаеме колку спермата е навистина драгоцена.“

Асексуалките биле непожелни

Во истата и многу популарна книга жените кои малку се интересирале за сексот се обвинуваат за емоционални вампири: „Кај сексуалните интимности, доаѓа до опуштање на драгоценото семе и губење на енергијата. Ако нема сексуален одговор кај жената, таа ја краде енергијата на мажот. Дури и ако таа се согласи на секс, но само за да ја исполни својата должност, виталноста на мажите повтроно страда“.

Некои вагини мирисаат

Во 1920-тите години се појавиле првите производи кои гарантираат свеж и примамлив мирис на вагината. Испирање на вагината со такви препарати, се сметало за метод на контрацепција но набргу прераснало во ритуал за разубавување. Во недостиг на овие производи, жените користеле раствор од оцет и вода, па дури и некои антисептички препарати.

Губење невинист за седум дена

Истотака жената требало да ја изгуби невиноста за седум дена откако ќе влезе во брак, гласи едно од предупредувањата кои стојат во книгата на Вилијам Робинсон – „Секс знаење за мажите“. Според овој автор, мажите треба да бидам многу нежни со девиците, па мажот кој виситнски ја сака својата жена нежно ќе ја „зеде“ нејзината девственост, а тоа може да трае и до седум дена.

Не мислете на грди работи

Некои од советите од тоа време биле многу бизарни сметаат социолозите. Во книгата „Рефлектор на здравјето – наука еугеника“, на бремените им се советувало да не размислуваат за грди луѓе кои ги познаваат или кои ќе ги сретнат. Непријатните мисли може трајно да му наштетат на бебето, а треба да се избегнуваат повреди, болести и било какви стравови.

Подготви:Б.В.

 

 

]]>
true
<![CDATA[Работи кои треба да ги избегнувате за да имате здрав и длабок сон]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154032/Raboti-koi-treba-da-gi-izbegnuvate-za-da-imate-zdrav-i-dlabok-son http://www.plusinfo.mk/vest/154032/Raboti-koi-treba-da-gi-izbegnuvate-za-da-imate-zdrav-i-dlabok-son 2014-10-12 13:59:57 Проблемот со спиењето понекогаш е последица на стресниот стил на живот, а понекогаш едноставно е резултат на навиките кои го нарушуваат нашиот природен биоритам.

Токму како што хигиената е половина здравје, така и одредени навики се пат до  добриот сон.

Ова се десет брзи и едноставни совети кои би требало да ги усвоите доколку сакате да бидете одморени и наспиени секој ден. Обидете се да се држите до овие едноставни правила кои бараат само малку дисциплина.

- Избегнувајте да спиете помалку од седум или повеќе од девет часа.

- Во кревет одете без својот мобилен телефон и доколку го носите со себе, задолжително вклучете го во „airplane mood“.

- Никако не одете да спиете со таблет или лаптоп во рацете.

- Забрането е проверување на електронска пошта барем неколку часа пред да си легнете.

- Не гледајте телевизија барем еден час пред да одите во кревет.

- Забранета е консумација на кофеин осум часа пред да одите на спиење.

- Избегнувајте консумација на алкохол три часа пред спиењето.

- Во креветот треба да им забраните пристап на домашните миленици.

- За викенд не важи друг распоред. Будете се секогаш во исто време.

- Не практикувајте физичка активност три дo четири часа пред спиење.
 

Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[Како да се детоксифицирате: Во цревата можеби имате дури 15 килограми отрови]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154077/Kako-da-se-detoksificirate-Vo-crevata-mozhebi-imate-duri-15-kilogrami-otrovi http://www.plusinfo.mk/vest/154077/Kako-da-se-detoksificirate-Vo-crevata-mozhebi-imate-duri-15-kilogrami-otrovi 2014-10-12 09:21:17 Познато е дека за ослободување од многу болести доволно е да се исчистат цревата од слузта на фекалните наслаги и други паразити.

За 70 години низ нашите црева поминуваат 100 тони храна и 40.000 литра течности, што доведува до заклучок во стомакот да се наталожат 15 килограми фекални наслаги, токсичен отпад.

Тие ја трујат крвта и му нанесуваат на организмот непоправлива штета.Фактот дека цревата за замастени сведочат честите остипации, нарушениот металоболизам, дијабетесот, прекумерната и недоволната тежина, болестите на бубрезите и црниот дроб, болестите поврзани со слухот и видот, лошата состојба на кожата, косата и ноктите, како и другите болести, почнувајќи од артиритисот до ракот.

Со помош на клистер може да се исчисти само мал дел од дебелото црево односно 40 до 50 сантиметри, а третманот на испирање на цревата со помош на специјалните апаратури е скап, долготраен и не е безопасен за цревната микрофлора.

Консумирањето една до три лажици од ленено семе во рок од три недели целосно го чисти дебелото и тенките црева од долгогодишната слуз, фекалните наслаги , паразитите, со целосно зачувување на цревната микрофлора.

Има позитивно влијание на регулацијата на тежината и согорување на масните наслаги. Исто така позитивно влијае на регулацијата на липидниот метаболизам. Брашното од ленено семе може да се апсорбира и да ги елиминира токсините во организмот и да го намали нивото на холестерол во крвта.

Овој лек ќе ви помогне доколку имате гастритис, колитис, чир на желудникот и во дванаесетпалачното црево, болести на уринарниот тракт, циститис, прекумерна тежина и нарушен метаболизам.

Наместо доручек три недели користете ја оваа смеса:Првата недела консумирајте една лажица лелено брашно помешано со 100 милилитри кефир.

Втората недела земајте по две лажици ленено брашно помешано со 100 милилитри кефир и третата недела земајте три лажици ленено брашно помешано со 150 милилитри кефир.

Купете ленено семе и ситно сомелете го. Не правете резерви за повеќе денови. Најдобро е секое утро да се зема свежа порција. Задолжително пијте најмалку две литри вода на ден. Чистење на цревата на ваков начин може да го правите еднаш годишно.

 

Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[На секои шест месеци менувајте нов дезодоранс]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154048/Na-sekoi-shest-meseci-menuvajte-nov-dezodorans http://www.plusinfo.mk/vest/154048/Na-sekoi-shest-meseci-menuvajte-nov-dezodorans 2014-10-11 14:00:02 Потењето е природен начин  телото да се лади и да ги исфрла штетните материи, а дерматолозите препорачуваат дезодорансот да се менува на секои шест месеци, бидејќи телото се навикнува на него и повеќе не реагира.

Тие објаснуваат дека разните видови на потење како она што е предизвикано од стрес, топлина или вежбање, имаат карактеристичен хемиски сотав па така на пример „мирисот на стресот“ може да е прилично непријатен, пишува порталот „Плива“.

Најдобар начин за спречување на непријатните мириси под пазувите се дезодорансите , а ако личноста е алергична може сами да си направите  средство од разни масла и екстракти со антибактериско делување.

Жолитите дамки на облеката се појавуваат поради реакцијата на алуминиумот со потта, ткаенината или детергентот за алишта и затоа непоходно е внимателно да се прочита декларацијата на дезодорансот.

Дерматолозите истотака предупредуваат да не се претерува со антибактериските сапуни и купки. Тие сметаат дека дезодоранските за мажите и жените се маркетнишки трики бидејќи нивниот состав е ист а единствена разлика е пакувањето и мирисот.

 

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[Дeцата од најрана возраст треба да се дружaт со спротивниот пол]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154041/Decata-od-najrana-vozrast-treba-da-se-druzhat-so-sprotivniot-pol http://www.plusinfo.mk/vest/154041/Decata-od-najrana-vozrast-treba-da-se-druzhat-so-sprotivniot-pol 2014-10-11 12:00:44 Нормално е децата на предучилишна возраст и во пониските одделенија да сакаат да се дружат само со својот пол.

Меѓутоа, ако се опкружени само со девојчиња или со момчиња ги усвојуваат сите стереотипи за тој пол, што подоцна се одразува и врз емотивниот живот. Затоа родителите треба да ги охрабруваат машко-женските пријателства.


Важно е децата од мали да се навикнат на друштво едни на други затоа што како повозрасни побрзо ќе воспостават контакти и нема да бидат несигурни.


Децата тежнеат кон генерализација за појасно да ги разберат возрасните, па им е „зацртано“ дека сината боја и топката се за момчиња, а црвената боја и куклите за девојчиња.

Родителот треба да им помогне да излезат од тој „калап“, да купуваат разнобојна облека, ѕидовите да ги бојадисаат ги во жолта, во зелена, во портокалова боја, да купуваат играчки со кои сите ќе можат да играат.


Родителите треба да го поттикнат детето да смисли игри кои ги вклучуваат двата пола.
Кога најмладите деца го воспостават моделот машко-женски односи, полесно ќе склопуваат пријателства и поуспешно ќе функционираат во емотивните врски. 

 

]]>
true
<![CDATA[Не ги правете овие грешки кога појадувате]]> http://www.plusinfo.mk/vest/154022/Ne-gi-pravete-ovie-greshki-koga-pojaduvate http://www.plusinfo.mk/vest/154022/Ne-gi-pravete-ovie-greshki-koga-pojaduvate 2014-10-11 09:51:14 Појадокот е најважниот оброк во текот на денот па затоа потрудете се да ги избегнувате следните грешки по секоја цена.


Го прескокнувате појадокот

Ова е класична грешка и луѓето прибегнуваат кон неа поради недостигот на време или надевајќи се дека така побрзо ќе ослабнат. Ако веќе немате време , подгответе си го појадокот претходната вечер или макара одлучете што ќе јадете наутро.

Јадете премногу

Општо е познато дека појадокот би требало да биде најобилниот оброк во текот на денот, но тоа не значи дека треба да се фрлите на храната како да не сте јаделе со денови, а особено не да се прејадувате со нездрави продукти.

Секој ден јадете исто

Знаеме дека е исклучително практично само да ставите корнфлејкс во чинија и да ги прелиете со млеко, но на тој начин на своето тело ќе му ги ускратите потребните  витамини и минерали. Ако веќе немате време наутро, испланирајте си го преку викенд менито во кое ќе бидат вклучени разновидни продукти, овошје и зеленчук.

По завршување на појадокот пиете вода или овошен сок

Веројатно веќе знаете дека ќе му направите голема услуга на вашиот организам ако добро го соџвакате секој залак пред да го проголтате. Меѓутоа ако по оброкот испиете чаша вода, сок, кафе или чај , значително ќе го успорите варењето на храната.

Јадете набрзина на нога

Повеќето луѓе се будат 15 минути до половина час пред да излезат од дома, и попат ќе купат некое печиво кое го јадат набрзина на пат кон работа. Оваа нездрава навика не само што негативно влијае врз желудникот, туку постојат шанси дека многу брзо повторно ќе огладните и ќе претерате со својот ручек.

 

Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[Се грижите ли премногу за своето дете?]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153972/Se-grizhite-li-premnogu-za-svoeto-dete http://www.plusinfo.mk/vest/153972/Se-grizhite-li-premnogu-za-svoeto-dete 2014-10-10 15:19:48 Одгледуваме генерации, кои мора да се соочуваат со многу опасности, почнувајќи од средби со деца, кои им ја земаат ужинката во училишниот двор, возачи кои не ги почитуваат сообраќајните знаци, до такви кои нудат дроги… (читај повеќе)

 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[Вијаграта не им помага на мажите со ниско ниво на тестостерон]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153917/Vijagrata-ne-im-pomaga-na-mazhite-so-nisko-nivo-na-testosteron http://www.plusinfo.mk/vest/153917/Vijagrata-ne-im-pomaga-na-mazhite-so-nisko-nivo-na-testosteron 2014-10-10 13:12:39 Резултатите од најновото истражување покажале дека вијаграта не им помага на мажите со ниско ниво на тестостерон.

Додека голем број пациенти кои имаат нарушување на ерекцијата трошат многу пари за вијагра, уролозите тврдат дека нивниот вистински проблем се крие во ниското ниво на тестостерон.

Еректилната дисфункција (импонтенција) е најчест сексуален проблем поради кој мажите бараат лекарска помош, а која влијае на 40 отсто од мажите постари од 40 години.Покрај тоа експертите утврдиле дека секој петти маж со еректилна дисфункција има и недостиг на тестостерон.

- Ниското ниво на тестостерон е поврзано со зголемен ризик од дијабетес и смрт предизвикана од кардиоваскуларни болести. Затоа раното дијагностицирање е многу важно во превенција на овие болести. Им советувам на мажите на кои вијаграта не им делува да се јават кај лекар, бидејќи ако се покаже дека е проблем ниското ниво на тестостерон, вијаграта и сличните препарати сами по себе нема да помогнат - изјавува британскиот уролог, Џефри Хакет.

 

Подготви:Б.В.

 

 

]]>
true
<![CDATA[Совршена храна за слабеење]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153915/Sovrshena-hrana-za-slabeenje http://www.plusinfo.mk/vest/153915/Sovrshena-hrana-za-slabeenje 2014-10-10 10:45:40 Наполнете го желудникот со здрави и хранливи производи кои овозможуваат контрола на нападот на гладот и ја намалуваат можноста за прејадување.

Докажано е дека нискокалоричните производи се добро дефиниран план за слабеење.

Нутриционистите ви препорачуваат совршени нискокалорични производи кои ќе ве заситат, а притоа ќе се ослободите од вишокот килограми.

 

Портокали. Еден голем портокал содржи 86 калории. Консумирајте неколку парчиње од ова овошје богато со витамин Ц, калциум и калиум.

Наместо вештачки сокови, направете си природен сок од портокали. На тој начин организмот ќе го наградите со природни влакна кои се важни за губење на килограмите.

 

Печено јаболко со цимет. Едно големо јаболко со половина лажичка цимет содржи 110 калории. Оваа вкусна комбинација е идеална за контролирање на копнежот по слатките. Јаболките се совршени за контролирање на гладот, додека циметот се смета за една од тајните состојки за поефектно согорување на калориите. Притоа, влакната од овошјето и циметот ќе го намалат лошиот холестерол.

 

Кисели краставици. Краставиците содржат малку калории. Киселите краставици можат да го потиснат гладот, па затоа секогаш нека ви бидат при рака. Верувале или не, полна тегла со краставички содржи само 50 калории. 

 

Немасно сирење. Нема потреба да ги елеминирате млечните производи од исхраната доколку сакате да ослабнете. Половина шолја свежо сирење содржи 80 калории, а можете да го комбинирате со разни салати. Калциумот со кој изобилува сирењето е важен за здравиот процес на согорувањето калории.

 

Кекси од ориз. Ако сакате да го намалите внесот на калории, одлучете се за овие здрави грицки. Еден кекс не содржи повеќе од 35 калории, а претставува одличен начин како да го скротите гладот.

 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[Производи со дејство на антибиотик]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153898/Proizvodi-so-dejstvo-na-antibiotik http://www.plusinfo.mk/vest/153898/Proizvodi-so-dejstvo-na-antibiotik 2014-10-10 09:20:15 Вклучувајќи ги продуктите и билките кои содржат својства на антибиотик во исхраната, можете да го зајакнете својот имунолошки систем и да му помогнете да се одбрани од заразите. Ова не значи дека не би требало да ги земате антибиотиците кои ви ги препишал лекарот, но употребата на некои производи ќе ја намали потребата од вештачките антибиотици.

 

Кромид и лук


И двата производи содржат антибактериски својства, а се користат за лекување на бројни заболувања, почнувајќи од поблаги болести до посериозни здравствени тегоби. Соединенијата на сулфурот во кромидот и лукот се клучни елементи за антибиотските својства. Во една студија, лукот бил тестиран против инфекции од стафилокока, а резултатите покажале дека тој штити од заразните честички и го намалува интензитетот на воспалението.

 

Мед

 

Овој сладок деликатес се користел како антибактериски третман многу пред да се развијат синтетичките антибиотици во културите ширум светот, против рани и болести. Медот содржи ензим кој го спречува растењето на поедини бактерии. Кинеската медицина верува дека медот го чисти црниот дроб од отрови и помага во лекувањето на чир на желудникот.

 

Зелка

 

Заедно со брокулата, кељот и карфиолот, зелката е долго позната по своите лекувачка моќ. Една од причините е нејзината моќ во борбата против ракот, а другата лежи во изобилството со витаминот Ц. Сокот од зелка се препорачува за лекување на стомачните чирови. Доколку страдате од чир во стомакот, консумирајте сок од свежа зелка, два до три пати дневно, меѓу оброци во текот на две недели. Во него можете да додадете малку мед.

 

Зачини

 

Постојат многу зачински билки со својство на антибиотик, така што наведените зачини можете да ги користите на дневна или неделна база. „Антибиотици“ меѓу зачините се: мајчина душичка, босилек, рузмарин, оригано, ким, каранфилче, ловоров лист, чили пиперка, ѓумбир, сенф, магдонос и анис.

 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[Како да го подготвите детето на одвојување од вас ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153836/Kako-da-go-podgotvite-deteto-na-odvojuvanje-od-vas---- http://www.plusinfo.mk/vest/153836/Kako-da-go-podgotvite-deteto-na-odvojuvanje-od-vas---- 2014-10-09 14:54:03 Станува збор за нормална развојна фаза, иако таа може да биде исцрпувачка и за детето и за мајката.
Стравот од одвојување од родителите или сепарациска анксиозност е нормална и природна реакција на детето. (читај повеќе)

 

 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[Одговор на петте најнезгодни прашања за сексот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153607/Odgovor-na-pette-najnezgodni-prashanja-za-seksot http://www.plusinfo.mk/vest/153607/Odgovor-na-pette-najnezgodni-prashanja-za-seksot 2014-10-09 13:02:34 Секој од нас има некои дилеми и прашања кога станува збор за сексот, но многумина од нас се плашат да ги постават.

Еве одговор на петте најчести сексуални прашања.

 

1. Дали може да се спречи миризбата на вагината?


Лактозата многу помага по ова прашање. Пијте многу јогурт и млеко, но доколку миризбата е интензивна и непријатна, посетете гинеколог, можеби станува збор за инфекција.

 

2. Како да се избегнат звуците што излегуваат од вагината?


Оној непријатен звук којшто го испушта вагината за време на сексот, не може да се избегнат. Доколку ви е толку непријатно, водете љубов во пози каде жената е врз мажот, а најсигурна е мисионерската поза. Избегнувајте „кучешки стил“, во таа поза најчесто се јавуваат непријатните звуци.

 

3. Во порно-филмовите, двојките од вагинален преминуваат кон анален или орален секс. Дали тоа е безбедно и во реалниот живот?


Доколку го правите тоа, задолжително измијте ги интимните делови. Така многу лесно е пренесуваат бактерии, па мора да внимавате да не пренесете некоја инфекција на устата или вагината.

 

4. Порно-ѕвездите кои ги обожава вашиот партнер воопшто не наликуваат на вас. Дали треба ли да се загрижите?


Кога станува збор за порно-актерките, мажите убаво знаат дека се работи само за фантазија. Не грижете се доколку актерката има огромни гради, за разлика од вас, или доколку има совршено тело. Вашиот партнер ужива во сексот со вас, инаку сигурно не би биле заедно.

 

5. Дали е нормално да се фантазира за некој друг за време на сексот?


Околу 50 отсто од жените и 75 отсто од мажите фантазираат за време на сексот. Тоа е здраво за одржување на активниот сексуален живот и во никој случај не значи дека партнерот не ве сака.

 

]]>
true
<![CDATA[Што со вишокот кожа по наглото губење на килограмите?]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153606/Shto-so-vishokot-kozha-po-nagloto-gubenje-na-kilogramite http://www.plusinfo.mk/vest/153606/Shto-so-vishokot-kozha-po-nagloto-gubenje-na-kilogramite 2014-10-09 10:22:36 Многу лица по наглото губење на килограмите имаат проблем со вишокот опуштена кожа, која претставува естетски проблем, исто како и претераната дебелина. Освен што жените по породувањето го имаат тој проблем, вишокот опуштена кожа се поврзува со неконтролираното и нагло губење на килограми по интензивни диети или дури по оперативни зафати за намалување на желудникот поради претерана телесна тежина.

Кај бавното и здраво губење на килограми нема такви проблеми, бидејќи кожата има време полека да се адаптира на новата телесна форма. Идеално би било кога телото неделно би губело од 500-800 грама. Таа брзина на губење на килограми не би требало да остави никакви траги на кожата.

ШТО, ВСУШНОСТ, СЕ СЛУЧУВА СО КОЖАТА?

Кај лица кои нагло губат над 25 килограми за кратко време, речиси секогаш може да се очекува вишок опуштена кожа на некои делови на телото, како што се стомакот и долниот дел од грбот, надлактиците, колковите, вратот, односно на делови на телото кои имале најмногу наталожени маснотии и најмногу изгубиле во краток период.
Но, и возраста, како и генетиката до одредена мера играат улога во прилагодување на кожата. Имено, помладите лица со подобри генетски предиспозиции имаат поголеми шанси кожата во некое догледно време да се „стисне“ во нивните пропорции. Кај лицата постари од 30 години, односно 35 години, таа можност е намалена, всушност, процесот трае многу подолго или ако не се реши со одредени естетски зафати никогаш не исчезнува во целост.
Исто така, на количината на кожата која останува по губењето на килограмите, влијае и нејзината природна еластичност, општата состојба и здравјето на организмот, па така и на кожата, како и тоа колку долго телото имало преголема телесна тежина, поради која кожата се растегнала. Колку покусо време некое лице имало преголема тежина, толку се поголеми шансите кожата да се врати во нормала, односно да се намали на потребната големина.

ГРИЖАТА ЗА ТЕЛОТО Е ГРИЖА И ЗА КОЖАТА

Доколку имате проблеми со вишок опуштена кожа, постојат одредени трикови со кои својата кожа можете да ја доведете во многу подобра состојба.

Вежбајте – Ниту еден траен и целосно задоволувачки резултат не може да се постигне без вежбање, а еден од начините да ја зацврстите кожата е зголемување на тонусот на мускулите со кревање тегови. Притоа, не мислиме дека мора да станете светски првак во боди билдинг, за да ги пополните сите празнини, но сигурно опуштената кожа ќе се намали со зголемување на мускулната маса. Не заборавајте дека вежбањето е добро за организмот, па тоа ќе ја намали можноста за повторно дебелеење, а здравиот спортски живот ќе ви пружи многу предности, а тоа е и поздрава кожа и подобра еластичност.

Пијте многу вода – Сите знаеме дека кожата сака вода, а за да ја одржите здрава и еластична, исфрлете ги токсините од организмот и овозможете и природно зацврстување. Консумирајте барем две литри вода днево, а летно време и повеќе.

Масажа – Во проблемот со опуштена кожа може многу да помогне масажа, бидејќи таа ја враќа еластичноста на кожата. Исто така, масажа на дневна база ќе помогне во развојот на мускулите. Купете кремови и масла за масирање, кои ќе помогнат вашата кожа да се нахрани одвнатре, што ќе помогне во постигнување на саканиот резултат. Ако на почетокот не сте сигурни што да направите, побарајте помош во салоните за нега на кожа, каде стручни лица ќе ви помогнат во првите чекори за намалување на вишокот кожа. Подоцна и самите ќе знаете да ги продолжите третманите дома. Купете проодукти богати со витамин Е, потоа на база на глицерин, масло од бадеми, косос. Туширајте се само со гелови за туширање кои во себе содржат природни масла.

Редовни пилинзи – Познато е дека со пилинг на кожата се отстрануваат површинските мртви клетки, а со тоа се поттикнува и нејзино брзо регенерирање. Деловите на телото со вишок кожа третирајте ги со лесен пилинг три пати на ден, што ќе овозможи побрзо обновување на кожата, а притоа и нејзино собирање. Не заборавајте по пилингот да нанесете хранлива хидратантна крема.

Здрава прехрана и прехранбени додатоци – Храна со малку заситени масти, шеќери, како и многу витамини и минерали ќе помогне за општо здравје на телото, но и на кожата. Купете витамински додатоци во исхраната посебно наменети за кожа, што дополнително ќе помогне за поздраво и побрзо регенерирање на кожата. Јадете храна богата со омега-3 масни киселини, кои имаат посебно влијание на здрава кожа и ги намалуваат кожните воспалителни процеси.

Запомнете дека се работи за многу бавен процес, а на некои жени засекогаш ќе остане тој несреќен вишок на кожа. Но, ако веќе сте ослабеле многу килограми, значи дека во себе имате волја уште малку да се потрудите околу вашата кожа. Но, овој процес веројатно ќе биде подолг од самото губење на килограми, затоа бидете трпеливи. Побарајте помош во салони за убавина или, пак, кај дерматолог, а на крај секогаш можете да се одлучите за операција за остранување на вишок кожа, ако другите методи не помогнат или нема да бидат задоволителни.

 

Подготви: K. A.

]]>
true
<![CDATA[Ова се десет симптоми кои покажуваат дека старееме]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153601/Ova-se-deset-simptomi-koi-pokazhuvaat-deka-stareeme http://www.plusinfo.mk/vest/153601/Ova-se-deset-simptomi-koi-pokazhuvaat-deka-stareeme 2014-10-08 15:21:16 Како што и кожата ја губи својата еластичност во текот на годините, така и непцата со тек на време почнуваат да се повлекуваат. Како што се повлекуваат непцата, така забите изгледаат поиздолжени. Непцата почнуваат да се собираат по навршените 40 години.

Првите бели влакна се еден од очигледните знаци дека старееме. Меѓутоа постојат уште некои работи кои се јасни показатели дека годините не стасуваат.

Гласот на мажот станува повисок, а гласот на жената опаѓа

Како што и кожата ја губи својата еластичност во текот на годините, така и непцата со време почнуваат да се повлекуваат. Како што се повлекуваат непцата, така забите изгледаат поиздолжени.

Гласот на старите главно е со послаб интензитет, тоа е поради тоа што стареењето ги погодува и гласните жици. Така, гласот на мажот станува повисок, особено кога ќе наполни 70 години, а гласот на жената станува потивок.

Дебелеење

По 50-тата година и мажите и жените почнуваат да се дебелееат. Тоа се случува на само поради тоа што сме физички помалку активни, туку и поради тоа што ги губиме мускулите што го забавува метаболизмот.

Почесто киваме

Луѓето во средни години сè почесто добиваат алергии. Тие почесто се алергичи на полен и слични супстанции и предизвикуааат иритација на носот, чешање и кивање. Постојат неколку теории зошто тоа се случува, а една од нив е причината дека со годините ни слабее имунолошкиот систем. Друга причина која би можела ова да го предизвика е загадување на воздухот поради тоа што има повеќе алергии на кои не сме отпорни.

Бенки

Доколку забележите кафеани и темни дамки и испупчувања по телото, тоа не се бенки иако многумина така мислат. Тоа се, всушност, старечки брадавици. Неретко можат да почнат да чешаат и да се воспалат. Во секој случај, штом ги забележите јавете се кај лекар.

Ушите, носот и стапалата стануваат поголеми

За разлика од коските и мускулите, нашите уши, нос и стапалата растат дури и кога старееме. Ушите се направени од флексибилно сврзувачко ткиво, благодарејќи на што растат сè додека не умреме. Стапалата се зголемуваат и шират со годините поради тоа што лигаментите кои ги поврзуваат со ситни коски, губат на еластичност.

Будење со главоболка

Ако после неколку часа спиење се разбудите со главоболки или имате главоболки по краткото спиење, тоа значи дека стареете. Овој вид на главоболка е, всушност, тип на болка на темето и ги погодува оние кои имаат над 60 години.

Јасно видлив пулс

Кај постарите жени пулсот е јасно видлив на вратот. Жените поради остеопораозата и староста губат на висината, и со самото тоа им се намалува и вратот, поради што артериите се повидливи и поистакнати.

Насолзени очи

Постарите лица имаат насолзени очи, а неретко солзите им се слеваат низ лицето без никаква причина. Меѓутоа, со годините солзните канали престануваат да функционираат како што треба, па не ги сушат солзите. Поради тоа солзите се собираат во очите, односно очите стануваат насолзени.

Алергија од сапун, гребење во грлото и често станување во текот на ноќта поради мокрење, исто така се јасни знаци дека ве стигнува староста.

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[Промени на градите кои не смеете да ги игнорирате: грутки, алергија, бенка]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153681/Promeni-na-gradite-koi-ne-smeetedagi-ignorirategrutki-alergija-benka http://www.plusinfo.mk/vest/153681/Promeni-na-gradite-koi-ne-smeetedagi-ignorirategrutki-alergija-benka 2014-10-08 12:40:42 За многумина од нас, градите се едноставно тука, поради што често ги занемаруваме. За голем број жени, градите се последното место на кое би правеле преглед без да почувствуваат болка или некоја чудна промена. (читај повеќе)

 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[Колку шеќер содржи вашиот омилен алкохолен пијалaк]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153603/Kolku-shekjer-sodrzhi-vashiot-omilen-alkoholen-pijalak http://www.plusinfo.mk/vest/153603/Kolku-shekjer-sodrzhi-vashiot-omilen-alkoholen-pijalak 2014-10-08 10:55:43 Само еден литар пиво содржи над девет лажички шеќер, што е далеку над препорачаната дневна количина шеќер за возрасни.

Експертите од Светската здравствена организација препорачуваат дека мажите не треба да консумирааат над осум лажички или 32 грама шеќер дневно, додека за жени се доволни шест лажички или 24 грама шеќер дневно.

Љубителите на џин тоник треба да знаат дека еден литар од овој пијалак содржи пет и пол лажички шеќер, додека светлото пиво содржи три и пол лажички.

Количината шеќер во виното зависи од сортата, па така слаткото вино има поголема концентрација на шеќер од чаша суво бело вино.

Голема чаша црвено вино има само четвртина лажичка шеќер, додека вареното вино содржи дури 11 лажички шеќер.

Вотката, џинот и вискито имаат минимални траги на шеќер, освен ако не се мешаат со газирани пијалаци, додека една чаша ликер има околу четири лажички шеќер.

Една доза суво шери има четвртина лажичка шеќер, во споредба со слаткото шери кое содржи околу две лажички.

Затоа додека уживате во вашиот омилен пијалак не заборавајте шеќерот што се крие во него да го вброите во дневниот број на внесени калории. 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[Најдобра диета за намалување на салото од стомакот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153602/Najdobra-dieta-za-namaluvanje-na-saloto-od-stomakot http://www.plusinfo.mk/vest/153602/Najdobra-dieta-za-namaluvanje-na-saloto-od-stomakot 2014-10-08 08:50:50 Факт е дека не е можно да се изгуби вишокот сало од стомакот без намалување на вкупните телесни масти.

Обемните истражувања покажаа дека она што е најдобро за брзо намалување на салото од стомакот е комбинација на урамнотежена изхрана и специфични вежби.

Пример Мени

Појадок: филџан мусли прелиени со млеко

Ужина: суви бадеми, ореви, лешници до 50 г

Ручек: За ручек можете да изедете месо колку што сакате и тоа риба, пилешко без кожа, телешко, јагнешко, а од свинско само стек без маст. Месни преработки избегнувајте.

Дозволено е да се земе интегрален или ржен леб. Месото можете да го подготвите на кој било начин, но одбегнувајте секојдневно пржење на храната.

Ужина: еднo јаболкo, крушка, праска, грст јагоди, малини, а банани одбегнувајте.

Вечера: бистра супа од зеленчук без тестенини, сардина или туна со исцедено масло, парче интегрален леб. Може и супа од зеленчук без тестенини, чаша јогурт, парче интегрален леб или супа од зеленчук без тестенини, две тврдо варени јајца, домати.

Поради вежбањето и монотоната исхрана, пијте витаминско-минерални таблети.

Дополнителни совети

Никогаш не вечерајте барем три часа пред одењето во кревет.

Не јадете слаки и грицки.

Не пијте пиво, газирани пијалаци и зашеќерени овошни сокови.

Не јадете бел леб. 

 

Подготви: K. A.

]]>
true
<![CDATA[ГАЛЕРИЈА Најмоќните реклами за подигнување на свеста за ракот на дојка!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153484/GALERIJA-Najmokjnite-reklami-za-podignuvanje-na-svesta-za-rakot-na-dojka http://www.plusinfo.mk/vest/153484/GALERIJA-Najmokjnite-reklami-za-podignuvanje-na-svesta-za-rakot-na-dojka 2014-10-07 18:40:57 Октомври е месец за борба против ракот на дојка и многу компании на некој начин учествуваат во кампањата, па како поддршка ги менуваат своите реклами, логоа или производи. Фактите гласно говорат дека секоја жена треба да биде добро информирана за оваа честа болест, бидејќи никоја од нас не е имуна. На светско ниво, ракот на дојка е најчестиот карцином кај жените. Инциденцата на ракот на дојка е во пораст. 

Порталот Boredpanda по тој повод издвои 15 моќни и досетливи кампањи кои се борат против оваа опасна болест.

Фотографиите порачуваат жените редовно да си ги проверуваат градите со цел навреме да ги забележат и најмалите промени.

Подготви: K. A.

 

 


]]>
true
<![CDATA[Пет продукти кои не трпат подгревање]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153481/Pet-produkti-koi-ne-trpat-podgrevanje http://www.plusinfo.mk/vest/153481/Pet-produkti-koi-ne-trpat-podgrevanje 2014-10-07 14:10:14 Подгревањето храна генерално не се препорачува, бидејќи повеќето продукти во себе содржат соединија кои со подгревањето стануваат штетни поточно токсични, истакнуваат нутриционистите. Меѓу оние кои спаѓаат во ризична група бидејќи со повторната обработка ги губат хранливи својства и ензими.

Спанаќ, цвекло, целер и репка – содржи нитрати, кои под дејство на микроорганизми и топлина создава  нитрозамини, соединенија кои се многу штетни и канцерогени. Спанаќот е со најголем ризик  во оваа група, и секогаш внесувајте го  во строго свежа форма.

Печурки -  поради нивните протеини лесно го менуваат составот и стануваат  штетни. Најдобро е само да ги загреете малку при готвење на температура до 70 степени.

Компири  исто така, припаѓаат на групата на отровна храна по греење. Компирот со подгревање може да ги изгуби своите хранливи својства. Последните истражувања покажаа дека најздрав е компир кој е варен, но разладен. Всушност, со ладење  на компирот се зголемува отпорниот скроб, која има пробиотик дејство.

Месо – со затоплување месото за нашето тело станува непознато, поради промените во протеините. Кога протеините се загреваат долго време на високи температури, се менува на нивната структура и на тој начин се непрепознатливи за нашето тело, тешко сварливи и на тој начин токсични.

Високо-ризична храна кои не трпи подгревање е онаа која инаку се обработува на ниски температури, како што е живина, варена и чадена риба (лосос, скуша, бакалар), сурови или недоволно готвени ракови и школки, млечни производи и храна направена со млеко, сирење и јајца. За јадења со овие состојки подгревање не треба да биде опција.

Подгревање трпат следните видови храна – намирници кои содржат цели зрна, најмалку губи хранлива вредност и составот при подгревање остана релативно непроменет. Тука се вклучуваат: ориз, просо, амарант, јачмен, и овес.

Совет:

- подгревање супа се толерира ако го отстраните месото и зеленчукот и ја греете течноста само, оваа постапка се препорачува и за чорби. Не го подгревајте целиот лонец постојано бидејќи тоа е опасно Подгрејте само онолку колку што ќе консумирате тогаш. Загревање, ладење па загревање е многу штетно.

- Вода која е провриена е идеален начин за греење на месо и риба, бидејќи на овој начин поволната температура ги загрева, но не предизвикува формирање штетни супстанции во храната.

 

Подготви: K. A.

 

]]>
true
<![CDATA[Докажано: Пациентите повеќе ги сакаат докторките]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153477/Dokazhano-Pacientite-povekje-gi-sakaat-doktorkite http://www.plusinfo.mk/vest/153477/Dokazhano-Pacientite-povekje-gi-sakaat-doktorkite 2014-10-07 11:34:04 Пациентите од двата пола се повеќе склони да ги прифатат советите кои им ги дава лекар од женски пол, покажало истражувањето на француските научници од универзитетот во Тулуз.

 

Тие повеќе ги слушале докторките отколку нивните машки колеги, посебно кога советите биле поврзани за исхраната, вежбањето и контролата на телесната маса.

 

Оваа појава била дополнително изразена кај пациентките, покажале наодите собрани од 585 пациенти и пациентки, 27 лекари од општа пракса од двата пола во три француски регии.

 

Наодите од поранешните студии покажале дека докторките се поуспешни во воспоставувањето однос на соработка со пациентите од двата пола, додека нивните машки колеги се повеќе склони во воспоставувањето однос кој обележува доминација.

 

Покрај тоа, докторките биле поуспешни и при разговорот за личните проблеми на пацинтите од двата пола.

 

 

Подготви: K. A.

]]>
true
<![CDATA[ГАЛЕРИЈА Пред и потоа: Девојките кои ја победија анорексијата]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153474/GALERIJA-Pred-i-potoa-Devojkite-koi-ja-pobedija-anoreksijata http://www.plusinfo.mk/vest/153474/GALERIJA-Pred-i-potoa-Devojkite-koi-ja-pobedija-anoreksijata 2014-10-07 10:02:18 Анорексијата, булимијата и компулсивното прејадување се, пред сè, психички болести, и покрај тоа што првенствено се манифестираат физички.

http://magazin.net.hr/zdravlje/prevencija/foto-bili-su-hodajuci-kosturi-a-gledajte-ih-sad

Покрај тоа што младите девојки и момчиња, кои се најчесто погодени токму од овој проблем, тешко е да се гледаат имајќи го предвид нивниот болно слаб изглед, уште полоши се последицитие по здравјето, бидејќи ови болести, дури и по излекувањето, оставаат трајни последици. Смртноста без лекување се појавува во 20 отсто случаи, додека по лекувањето потполно закрепнување доживуваат 60 отсто од пациентите. Ова се животните приказни на неколку од тие среќници кои ќе ве остават зачудени.

 

Хајли Вајлд е девојка на која лекарите ѝ предвиделе уште максимум 10 дена живот, по осумгодишната битка со анорексија. Нејзината тежина била сериозно мала, поради што често била во болница. Но, нејзината мајка била онаа која не се откажала. Со тек на време таа успеала да ѝ ја врати рамнотежата во исхраната на Хајли. Хајли со тек на време останала бремена и благодарение на новите прехранбени навики успеала да роди здраво машко дете, па денес се колне дека никогаш нема да се врати на онаа болна тежина, поради својот син, но и поради себе. 


 

Кај Џо Томпсон анксиозноста и нарушувањето во исхраната се појавиле на возраст од 11 години. На 17 години, лекарите и дале само уште 48 часа живот. Џо решила да веднаш да се вработи на место каде ќе гледа како луѓето јадат, надевајќи се дека апетитот ќе и се врати. Додека работела во „Мкдоналдс“, се вљубила во менаџерот кој ја поддржал и настојувал да јаде. Денес имаат 2 деца, и покрај тоа што се плашеле дека нејзината болест ќе влијае на плодноста.

 


Четиригодишната битка на Рејчел Џонстон ја довела до 28 килограми телесна маса. Оваа 20-годишна девојка тврди дека развила нарушување во исхраната откако сонувала за идеално тело по примерот на познатите модели. Денес е многу поздрава и посреќна, а со нејзината мајка се бори списанијата да престанат да ги фотошопираат телата на моделите, за да не се повтори нејзината судбина кај другите млади девојки.

 

Хитер Франкс во еден момент била толку слаба и изгладнета, што лекарите сакале по секоја цена да ја задржат во болница. Но, едно патување во Дизни и го променило животот. Кога седнала во ресторанот, сфатила дека никој од присутните не знае за нејзиниот проблем, па решила да касне малку пица. По ова јадење се присетила колку вкусна може да биде храната и целиот нејзин живот се променил, па почнала да јаде и ја постигнала здравата тежина.

 

Лорен Бејли во еден момент тежела само 22 килограми, како резултат на анорексијата со која се борела 10 години. Лорен поминувала и по 10 часа дневно во пешачење за да го спречи дебелеењето, а откако поминал подолго време во болница, најпосле одлучила дека е време за промена. Денес таа е здрава девојка и се надева дека со својата животна приказна ќе може да им помогне и на другите да ја победат оваа болест.

 

Кејт Панчер развила висок степен на анорексија откако нејзиното момче и се заканило дека ќе ја остави ако се здебели. За среќа, потоа се запознала со многу подобар маж, кој и помогнал така што и купил 2 броја поголема венчаница. До денот на свадбата, таа морала да се здебели за да и стои венчаницата. Одлучна дека сака да се омажи за мажот од нејзините соништа, Кејт се здебелила, изгледала и се чувствувала прекрасно во венчаницата, а набргу и родила здраво девојче.

 

 

Стресот во училиштето го поттикнал Метју Бут да заврши во рацете на анорексијата, која буквално му го сопрела срцето. Откако забележал како неговата страшна состојба влијае на неговата мајка, одлучил дека ќе се сконцентрира на своето подобрување. Набрзо, почнал да вежба и да води план на исхрана. Денес, Мејту е здраво и силно момче полно самодоверба.


Подготви: K. A.

]]>
true
<![CDATA[12 продукти кои го чистат црниот дроб ]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153472/12-produkti-koi-go-chistat-crniot-drob- http://www.plusinfo.mk/vest/153472/12-produkti-koi-go-chistat-crniot-drob- 2014-10-07 08:45:39 Црниот дроб е еден од најважните органи, бидејќи тој ги преработува сите токсини кои се внесуваат во организмот. Природната детоксикација е најдобар начин за одржување здрав црн дроб.

Треба да се пие барем два литра вода дневно, да се дише длабоко и да се биде опуштен. Потребно е три минути туширање со топла, а веднаш потоа 30-тина секунди со студена вода, бидејќи тоа го подобрува крвниот притисок и врши мала детоксикација.

Одличен начин за одржување на здрав црн дроб е секое утро да се пие топла вода со лимон, но без шеќер.

Јапонските научници откриле дека авокадото содржи соединенија кои го штитат црниот дроб од оштетување.

Мрсната и пржена храна, нездравите пијалаци, алкохолот и лековите се главни непријатели на црниот дроб кој во нашиот организам има улога на филтер и го чисти од штетните материи. Но, токму поради значајната функција која ја има, црниот дроб може да биде исклучително оптоварен што може да предизвика здравствени проблеми.

Имајќи предвид дека тој е поврзан со нашиот нервен систем, заболениот црн дроб нема да ни задава болка и со самото тоа тешко е болеста да се открие. Но, добрата вест е дека тој се регенерира и речиси секоја штета може да се исправи.

ПРОИЗВОДИ КОИ ГО ЧИСТАТ ЦРНИОТ ДРОБ:

1. Лук - поттикнува создавање ензим кој му помага на телото да ги исфрли отровните материи. Додавањето малку лук при готвењето или во салата е добро бидејќи ги активира ензимите и природниот штит на црниот дроб.

2. Цитруси - изобилуваат со витамин Ц, силни антиоксиданти кои му помагаат на црниот дроб побрзо да ги апсорбира штетните материи

3. Цвекло и морков - двата продукти се богати со флавоноиди и бета-каротен. Ја стимулираат работата на црниот дроб

4. Зелен чај - силен антиоксидант кој го чисти организмот. Зелениот чај го чисти црниот дроб од токсини и го штити од замастување

5. Зелен лиснат зеленчук - спанаќ, кељ, блитва и зелена салата се полни со хлорофил и се многу влијателни неутрализатори кои ги исфрлаат отровните материи од крвотокот

6. Ананас - преполн е со витамин Ц и дејствува како природен деуретик кој го ослободува телото од токсини

7. Нане - листовите од нане се богати со флаваноиди кои дејствуваат како силен антиоксидант

8. Ѓумбир - многу моќен антиоксидант кој го забрзува метаболизмот и помага да се исфрлат маснотиите од телото

9. Ореви - содржат големо количество омега-3 масни киселини кои ја забрзуваат детоксикацијата на организмот

10. Зелка - токму како и брокулите, зелката силно дејствува на ензимите кои ја регулираат работата на црниот дроб.

11. Магдоносот ги отстранува тешките метали, со што значително се олеснува работата на црниот дроб.

12. Куркумата е, исто така, добра за природна детоксикација, бидејќи таа не само што штити, туку и ја подобрува регенерацијата на клетките на црниот дроб.

Подготви: K. A.

]]>
true
<![CDATA[Прочитајте го потресното писмо на едно дете чии родители се разведуваат]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153362/Prochitajte-go-potresnoto-pismo-na-edno-dete-chii-roditeli-se-razveduvaat http://www.plusinfo.mk/vest/153362/Prochitajte-go-potresnoto-pismo-na-edno-dete-chii-roditeli-se-razveduvaat 2014-10-06 14:03:48 Неговите родители се разведуваат, но тој одлучил на најдобриот начин да ги потсети дека не страдаат само тие, туку и нивното дете. Неговото емотивно писмо брзо стана хит на интернет, а неговите трогнувачки зборови допреа до секој родител кој го прочитал. 

Покажувајќи дека децата и тоа како ги чувствуваат последиците од разводот, ова дете во зборови ги претворило сите свои емоции. 

 

„Драги мамо и тато, знам дека страдате. И јас страдам. Се чувствувам како да се хранам со вашата тензија, стравот и шокот. Иако сум млад и не можам вербално да опишам што ни се случува во нашите животи, го чувствувам влијанието. Срцето ми се крши секој пат кога треба да се откажам од некој родител. Моето чувство на сигурност исчезна.

 

Ве молам не претпоставувајте дека сум отпорен. Не претпоставувајте дека животот ќе ми биде ист како претходно и дека ќе продолжам исто да ве сакам. Јас сум човечко суштество, исто како и вие. Моите потреби се исти како и вашите. Ми треба љубов, внимание, грижа, стабилност, доследност, наклонетост, разбирање, трпение и најмногу да бидам сакан.

 

Кога се карате за мене и кога ме ставате во центарот на вашите расправии, ми праќате порака дека победата во кавгата е поважна од мојот живот. Учам од вас дека подобро е да се биде во право отколку да се биде сакан. Ме учите дека ме направила личност која е невозможно да се сака и која не е во ред и дека и јас некако сум погрешен.

 

Можеби не го разбирате ова денес, а јас сум толку мал што не ни размислувате за мојата иднина, но заради вас имам поголеми шанси и самиот да се разведам... Мојата сигурност е ваша работа.

Без вас и вашата заштита, нема кој да ме брани од светот.

Еден ден, овој почетен шок ќе избледи. Но, тоа какви родители бевте во текот на оваа криза никогаш нема да избледнее. Или ќе ја чувствувам вашата смисла за несебичност, поддршка и заштита, или ќе имам лузна на срцето со порака во која пишува: „Добрите работи им се случуваат на добрите луѓе. Јас мора да сум лош.““, напишало детето.

Подготви: K. A.

]]>
true
<![CDATA[Начинот на кој спиеме предизвикува брчки]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153352/Nachinot-na-koj-spieme-predizvikuva-brchki http://www.plusinfo.mk/vest/153352/Nachinot-na-koj-spieme-predizvikuva-brchki 2014-10-06 13:10:49 За младоликиот тен и изглед исклучително е важен добриот и квалитетниот сон. Тоа вклучува задолжителни 8 часа сон кои овозмможуваат кожата да се регенерира и одмори, но и начинот на кој спиете.

Кај многу жени виснатата кожа и брчките се појавуваат токму поради начинот на кој спијат, а со оглед на тоа дека тие исти движења се повторуваат секоја ноќ, многу жени сами несвесно го уништуваат својот изглед.За кожата е најлошо спиењето на страна и на стомак бидејќи така секоја ноќ го „збрчкуваме лицето“ на перницата цели 8 часа, предупредуваат стручњаците.

Поради таквото спиење брчките се создаваат на подрачјето околу очите, носто и на обрзаите, но и на градите. За убавиот изглед секојдневно треба да се потрудите и да научите да спиете на грб, а ако не можете да се одвикнете од спиењето на страна, барем запијте додека лежите на грб.

Може да користите и голема перница која ја користат бремените жени па на него да ја префрлите тежината од рамениците и трупот, тоа ќе ви помогне лесно да заспиете, а сепак лицето нема да биде притиснато на перницата. Уште еден старински совет кој секако помага е спиењето на сатенска перница.

Лицето на сатенот едноставно лизга, додека на памукот се збрчкува.

Подготви:Б.В.

 

]]>
true
<![CDATA[ГАЛЕРИЈА Што јадат децата во училиштата ширум светот]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153335/GALERIJA-Shto-jadat-decata-vo-uchilishtata-shirum-svetot http://www.plusinfo.mk/vest/153335/GALERIJA-Shto-jadat-decata-vo-uchilishtata-shirum-svetot 2014-10-06 10:08:08 По болничката храна низ фотографии и прикажувањата што јадат пациентите во болниците ширум светот, сга имате можност да ѕирнете во менијата на училишните кујни.

 

Во Јапонија, на пример, на децата во училиштата им служат пржена риба, мисо супа со компири, ориз, а сето тоа е сервирано со млеко, додека во Франција за ручек учениците јадат помфрит и пилешки медаљони со карфиол и салата од тестенини, со парче торта.

 

Во Израел, пак, децата јадат фалафел, со јогурт и сос од краставици, додека на менито на момчињата и девојчињата од Англија се наоѓа грашок, печени компири, колач и крм од ванила.

 

Финските ученици во оброкот имаат салата, пилешко во кари, пудинг, боранија и морков, послужено со млеко. Во Украина на децата им даваат супа, парче леб, пилешка салама и паста. Додека, пак, во Барселона, Шпанија училишното мени се состои од паста со сос од домати, пржена риба, салата, парче леб и јаболко..

 

Подготви: K. А.

 

Јапонија

 

Тексас

Јапонија

 

 


Јужна Кореја

Шангај

 

Израел

Финска

Чешка

 

Бразил

Украина

 

Шпанија

 

Сингапур

Велика Британија

Индија

Франција

Шведска

 

 

Подготви: K. A.

]]>
true
<![CDATA[Пицата не е од Италија? Што е вистина, а што заблуда за пицата!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153334/Picata-ne-e-od-Italija-Shto-e-vistina-a-shto-zabluda-za-picata http://www.plusinfo.mk/vest/153334/Picata-ne-e-od-Italija-Shto-e-vistina-a-shto-zabluda-za-picata 2014-10-06 08:53:05 Пицата спаѓа меѓу најпопуларните јадења во светот. Некаде има и свој празник, а во Америка дури цел октомври е посветен на ова превкусно јадење. Ако и вие спаѓате меѓу љубителите на пица, тогаш морате да ги знаете следните вистини и заблуди поврзани со неа.

 

Пицата е италијанско јадење

 

Се смета дека пицата, каква што ја знаеме денес, за прв пат е направена во Неапол, но уште старите Грци јаделе печено тесто на кое се ставаат зеленчук, сирење, зачини...

 

Пицата спаѓа меѓу евтините јадења

 

Да, доколку не нарачате пица од 1.000 долари која се прави во еден ресторан во Њујорк, со кавијар и јастог.

 

Најпопуларни се пиците со сирење

 

Статистиката вели дека пиците со додатоци и преливи се продаваат повеќе отколку оние стандардните со сирење и домати.


Пицата не се јаде доколку сте на диета

 

Се јаде, но не со моцарела и пршута, на пример, туку со додатоци од зеленчук: пиперки, домати, модар патлиџан и слично.

 

Пицата не е вкусна ако се излади


Оној што го вели тоа не спаѓа во вистинските љубители на пица!

 

Подготви: K. A.

]]>
true
<![CDATA[Еве зошто нè боли желудникот во есен]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153309/Eve-zoshto-n-boli-zheludnikot-vo-esen http://www.plusinfo.mk/vest/153309/Eve-zoshto-n-boli-zheludnikot-vo-esen 2014-10-05 16:26:06 Со доаѓањето на студените денови кај многу пациенти се изразени симптомите на гастристисот. Поголемиот број на желудочни тегоби можат да се ублажат, но пред се, треба да се внимава на исхраната.

 

Луѓето кои имаат чир на желудникот, во овој период од годината, почесто се јавуваат кај лекари, жалејќи се на болки, печење и мачнина во желуднидкот, потекување и губиток на апетитот.

 

Лекарите ве советуваат што да превземете за ублажување и спречување на дигестивните тегоби настанати поради воспалението и оштетувањето на слузокожата на желудникот.

 

Внимавајте на исхраната, односно почесто треба да јадете помали оброци и да избегнувате зачинета, мрсна и кисела храна. Јадењата не смеат да бидат премногу врели или студени, а треба да се приготвуваат со малку масти, без запршка.

 

Не се препорачуваат големи количини млеко, а пикантните зачини, многу сол, лутата приперка е најдобро да се избегнуваат. Чоколадата и производите кои содржат ментол (бомбоните, гумите за џвакање), исто така, го иритираат желудникот. Освен тоа, треба да се избегнува земањето големи дози витамин Ц.

 

На слузокожата на желудникот поволно делуваат бананите, маслиновото масло, медот, немасните сирења, киселото млеко, јаболката, компотите, сувото овошје, бисквитите, пудингот, благите чаеви, минералната вода.Во текот на оброкот е дозволено пиење течности во мали количини, По обилниот оброк се препорачува едночасовен одмор.

 

Треба да ги избегнувате пијалаците кои се најголеми производители на киселината: млекото, пивото, алкохолните пијалаци, кафето (на празен желудник), газираните сокови.

 

Избегнувајте ги антивоспалителните антиревматици, а против болки користете парацетамол.

 

Ослободете се од стресот, поминувајте повеќе време во природа, практикувајте спорт подобро организирајте го времето, бидејќи тоа го намалува стресот.

 

 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[Есенските плодови лек за 101 болест]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153299/Esenskite-plodovi-lek-za-101-bolest http://www.plusinfo.mk/vest/153299/Esenskite-plodovi-lek-za-101-bolest 2014-10-05 14:55:54 Сочните, воденести плодови како лубеница, диња, праски, краставици, домати, пиперки, кои се автентични за летните сончеви денови, сега веќе се заменети со поскробни високоенергетски есенски плодови, како грозјето, смоквите, јаболките, крушите, јаткастите плодови, но и силни зеленчукови коренасти плодови - цвекло, морков, најразлични видови трупки. 

 

Природата е стар мудрец! Таа ги дарува своите плодови во согласност со временските прилики. Во есента ги имаме на располагање оние плодови кои се заштитници на нашето здравје и кои недостатигот на сончева топлина ја компензираат со нивната високата енергија. Затоа во раните есенски денови, за да се заштитите од секакви вирусни и бактериски напади, студот, треба секојдневно да внесувате свежи есенски овошни и зеленчукови плодови, велат нутриционистите.

 

Тие нагласуваат дека посебно внимание заслужуват библиската смоква и кралевите на овошјето, грозјето и јаболкото.

 

Смоквата е овошје кое може да се користи преку целата година. Во овој есенски период е достапна свежа, но природата дозволува да се користи и во сушена форма преку целата година. Со стотици години наназад смоквата се препорачува за лекување на опстипација, хемороиди, болести на црниот дроб, чиреви и за обновување на енергијата и виталноста.

 

Многу истражувања покажаа дека смоквата има и антиканцерогено дејство посебно кога станува збор за рак на желудник. Грозјето како и јаболкото се крунисани како кралеви на овошјето. Грозјето го има во повеќе видови во однос на бојата, вкусот, намената.

 

Едно е сигурно дека секој вид на ова овошје дава силна енергија и го чисти телото од многу отрови, ја регулира столицата, ги чисти бубрезите и црниот дроб, помага кај болести на белите дробови и коските, лекува хемороиди (бело суво грозје), херпеси, дејствува како антикоаулант кај полицитемија и тромбоза.

 

Особено добро за човековиот организам е црвеното грозје, бидејќи тука важи правилото што е потемно, тоа е поздраво. Ова грозје има силна супстанца - антиоксидантот ресвератрол која дејствува против стареење на клетките, рак, вируси.

 

Важно да се напомене е дека треба да се јадат и семките од грозјето бидејќи тие ги штитат периферните крвни садови. Грозјето внимателно треба да го консумираат дијабетичарите. За грозјето да се ослободи од пестициди потребно е 10-15 минути да отстои во вода со јаболков оцет и малку сол, а потоа убаво да се измие.    

 

Јаболкото е овошје со кое треба да го почнеме, но и да го завршиме денот. Една стара поговорка вели „ако изедеш јаболко пред спиење и наутро ќе го донесеш  лекарот до просјачки стап“. Со својата висока алкалност успева да ги неутрализира  вишокот киселини во телото кои предизвикуваат гихт, ревматизам, болести на црниот дроб, жолчката, нервниот систем, кожни заболувања и состојби на автонитоксикација (самотруење). 

Ако се јадат две до три јаболки во денот можат да го намалат лошиот холестерол (ЛДЛ), а да го зголемат нивото на добриот (ХДЛ) кој е заштитник на срцето. Оваа количина на јаболки го регулира крвниот пртисок, но и нивото на шеќерот во крвта. 

 

Јаболкото се јаде на празен желудникНајдобро е јаболкото да се јаде со кората, ако не е прскано, бидејќи тука е пектинот - целулозно влакно кое е главниот лек за намалување на лошиот холестерол. Јаболкото е најдобро кога се консумира свежо, на празен желудник бидејќи тогаш си ја врши функцијата на добар лек. Заради заштита од настинки и вируси во овој есенски период може да се користи цеден сок од јаболко, портокал или лимон. 

 

Подготви: К. А.                   

]]>
true
<![CDATA[Се роди првото дете од мајка со трансплантирана матка]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153260/Se-rodi-prvoto-dete-od-majka-so-transplantirana-matka http://www.plusinfo.mk/vest/153260/Se-rodi-prvoto-dete-od-majka-so-transplantirana-matka 2014-10-05 11:14:18 Шведските лекари соопштија дека за првпат во светот жена со пресадена матка родила бебе, пренесоа американските медиуми.


На триесет и шестгодишната жена минатата година ѝ била трансплантирана матка од една блиска семејна пријателка. Таа минатиот месец добила здраво машко бебе, иако предвреме се породила, а сега и двајцата се дома и се во добра здравствена состојба.


Не се наведува името на мајката и каде таа живее.


Доктор Матс Бранстром изјави дека бебето е неверојатно и дека воопшто не плаче.


Бранстром е професор по акушерство и гинекологија на универзитетот во Гетеборг и клиниката за ин-витро оплодување во Стокхолм и раководител на овој научен проект.


Деталите за случајот ќе бидат објавени наскоро во медицинското списание „Лансет“. 

 

Извор: МИА

]]>
true
<![CDATA[Седум совети за избор на вистински партнер]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153166/Sedum-soveti-za-izbor-na-vistinski-partner http://www.plusinfo.mk/vest/153166/Sedum-soveti-za-izbor-na-vistinski-partner 2014-10-04 09:16:28 Изборот на „сродна душа“ е клучен за среќен брак. При изборот на партнер важна улога играат многу фактори, а најмногу внимание е потребно да се посвети на оние кои ви се најважни.

Партнер со кој се согласувате

Многу е важно да најдете некој со кој се согласувате и лесно пронаоѓате теми за разговор. На тој начин ќе бидете во можност заедно да работите некои работи и да разговарате, а да не ви биде здодевно.

Партнер со еднакви интереси

Ако изверете некој кој има многу исти интереси како и вие, тоа е голама предност. Вашите интереси не мораат да бидат во целост еднакви, но основните секако треба.

Интелект

Ако сте опуштена личност, а вашиот партнер баш и не е, премногу се грижи за работата, кариерата и слично, тоа е закана за вашиот брак. Пред да изберете партнер, анализирајте го начинот на кои двајцата размислувате и ги сфаќате работите.

Стандарди

При изборот на партнер морате да ги земете предвид своите стандарди, но и стандардите на вашето семејство. Во ред е да се избере некој кој не е со ист општествен статус како вашиот, но таа личност да не е целосно спротивна од тоа.

Почитување

Јасно е дека не можете да го поминете животот со некој кој не ве почитува вас, вашите соништа, цели и личноста. Поради тоа, изберете некој кој ќе ве цени до крајот на животот.

Доверба

Важно да се избере личност на која можете да ѝ верувате. Не можете да имате среќен брак ако не си верувате еден на друг.

Поминувајте го времето заедно

Како што е важно времето да го поминувате заедно, клучно е да бидете со личноста која со задоволство ви го посветува своето време и во чие друштво сакате да бидете.

Подготви: K. A.

]]>
true
<![CDATA[Чувството за мирис ја предвидува должината на животниот век]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153113/Chuvstvoto-za-miris-ja-predviduva-dolzhinata-na-zhivotniot-vek http://www.plusinfo.mk/vest/153113/Chuvstvoto-za-miris-ja-predviduva-dolzhinata-na-zhivotniot-vek 2014-10-03 15:24:02 Мерењето на чувството на мирис кај постарите улуѓе може да им помогне на лекарите да одредат колкави се шансите таа личност да биде жива во следните пет години, покажале резултатите од најновото истражување.

Во истражувањето во кое учествувале 3.000 возрасни луѓе, 39 проценти од нив со најслабо чувство за мирис починале во следните пет години, во споредба со оние 10 отсто кои правилно ги идентификувале мирисите. Научниците велат дека губењето на сетилото за мирис директно не ја предизвикува сртта, но може да биде занк за предупредување.

Истражувачите од Универзитетот од Чикаго побарале од лицата на возраст од 57 до 85 години да учествуваат во краткиот тест на мириси кој вклучувал идентификување на посебни мириси нанесени на врвото на молив.

Меѓу понудените мириси биле мирис на пеперминт, риба, портокал, роза и кожа. Пет години подоцна 39 отсто од испитаниците кои имале најнизок резултат починале во однос на оние 19 отсто со умерен резултат и 10 проценти со одличен резултат.

Наспроти фактот дека во предвид се земени ставки како што се годините, исхраната, пушењето, сиромаштијата и општото здравје, истражувачите утврдиле дека оние со најлошо чувство за мирис се во поголема опасност.

Професорот Џајант Пинто изјавил дека начниците утврдиле дека губењето на сетилот за мирис е како канаринец во рудник за јаглен.

- Тоа не значи директна причина за смртта туку е ран предзнак на системот за предупредување. Ова е брз и евтин начин да се идентификуваат најзагрозените пациенти - изјавил Пинто, водечки истражувач на овој прокет, пренесува „Би-би-си“.

Иако не се знае точната поврзаност помеѓу годините на живот и сетилото за мирис, научниците веруваат дека намалената спосбност за идентификација на мирисите наговестува помала регенрација или обнова на клетките во целото тело, бидејќи здравото сетило за мирис делумно зависи од постојаното обновување на клетките во носот. Влошувањето на сетилото за мирис може да послужи како показател за изложеност на загадување и бактерии.

 

Подготви:Б.В.

 

 

 

]]>
true
<![CDATA[Спиењето врз животинска кожа ги штити децата од астма]]> http://www.plusinfo.mk/vest/153046/Spienjeto-vrz-zhivotinska-kozha-gi-shtiti-decata-od-astma http://www.plusinfo.mk/vest/153046/Spienjeto-vrz-zhivotinska-kozha-gi-shtiti-decata-od-astma 2014-10-03 10:19:54 Доколку во првите три месеци од животот децата спијат врз животинска кожа, значајно им се намалува ризикот за заболување од астма во подоцнежниот период, тврдат германските научници. 


Експертите истражувале 2.400 деца родени во 1989 година и притоа откриле дека до шестата година оние кои спиеле на животинска кожа имале 79 отсто помалку напади на астма од оние кои не го правеле тоа.
Дури и на 10-годишна возраст ризикот за астма бил 41 процент помал во споредба со оние кои како бебиња спиеле на памучна покривка за постела.


- Веќе долго време е познато дека децата кои растат на фарми поретко заболуваат од астма и алергии - изјавил пулмологот Андреас Хелман, додавајќи дека „се претпоставува оти раниот и постојан контакт со одредени бактерии во сеното, сламата и свежото млеко го намалува ризикот од овие болести“.


Според тоа, еден од изворите на тие микроби е и животинската кожа, иако научниците се уште точно не одредиле за кои бактерии станува збор.


Со спиење на животинска кожа градските деца би можеле да стекнат заштита од астма и алергии, која селските деца ја стекнуваат во директен контакт со животните, истакнуваат германските експерти.

 

Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[Крај пред почетокот: Поради овие грешки врските ви пропаѓаат уште на почеток]]> http://www.plusinfo.mk/vest/152959/Kraj-pred-pochetokot-Poradi-ovie-greshki-vrskite-vi-propagjaat-ushte-na-pochetok http://www.plusinfo.mk/vest/152959/Kraj-pred-pochetokot-Poradi-ovie-greshki-vrskite-vi-propagjaat-ushte-na-pochetok 2014-10-02 14:56:49 Доколку сакате да откриете како да го избркате секое момче што подалеку од вас, прочитајте го овој корисен водич. Најверојатно веќе ги знаете сите чекори и често ги користите.

 

Сигурно барем еднаш ви се случило следново сценарио: Сте излегле на состанок еднаш или два пати со некое момче и само што сте започнале да размислувате кон што води тоа, тој веќе побегнал.

Доколку ова сценарио ви се повторува тогаш можеби правите грешки кои секој би го натерале да побегне. Еве што може да го натера и најзагреаното момче да се предомисли.

 

Сакате работите да одат премногу брзо 

Една работа е да го посакувате тоа, на секој му е дозволено, но друго е да го форсирате. Ако сте една од оние очајнички на кои од погледот им тече желбата за долга, стабилна врска – голема е веројатноста дека ќе ги преплашите повеќето момчиња. Тие умеат да го „намирисаат“ притисокот и се плашат од такви девојки.

 

Зборувате за поранешниот 

 

Знаеме дека имате поранешно момче, знае и тој, но верувале или не, вашето поранешно момче не е некој за кого вашето потенцијално момче сака да слуша. Секако, не треба да глумите дека ова ви е прв состанок, но пред да го спомнете поранешниот избројте до 10.

 

Зборувате само за себе 

 

Не, тоа не значи дека сега е моментот кога треба да почнете да зборувате за поранешното момче. Ова значи дека морате да му дозволите и нему да каже што има да каже. И да го сослушате. Покажете интерес. Доколку само зборувате за себе, момчето ќе се почувствува како да не сте добар соговорник – и ќе биде во право.

 

Брзате со јавувањето 

 

Правилото кој прв треба да се јави е мошне недефинирано, но едно е сигурно – доколку му се јавите веднаш по првиот состанок и продолжите да му се јавувате со интензитет кој го гуши, тој најверојатно ќе заклучи дека сте очајна. 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[Пет причини зошто е добро да се јадат костени]]> http://www.plusinfo.mk/vest/152904/Pet-prichini-zoshto-e-dobro-da-se-jadat-kosteni http://www.plusinfo.mk/vest/152904/Pet-prichini-zoshto-e-dobro-da-se-jadat-kosteni 2014-10-02 13:51:03 Есента веќе прситигна, а со неа и омиленото есенски деликатес, костените. Тешко е да се оддолее на нивниот мирис низ градските улици, а овој плод меѓу другото има богата хранлива и енергетска вредност и поради тоа се препорачува на децата, спортистите, бремените жени и постарите луѓе.

Смирува

Костенот е богат со минерали, витимани од Б-комплексот, како и витамините А и Ц. Тие се сочувуваат за време на варењето на ксотените бидејќи дебелата кора го штити нивниот плод. Костенот содржи калиум, фосфор, калциум, магнезиум, сулфур, хлор, бакар, железо и манган.

Полни со витамин Ц

Во споредба со другите јаткасти плодови, костенот се разликува по тоа што има низок процент на масти, а голем процент на скроб, дури двојно од компирот. Исто така костенот е единствено јаткасто овошје кое содржи витамин Ц. Покрај бадемите и оревите, костенот не содржи глутен.

Совршен за трудниците

Костенот е многу богат со фолна киселина која обично се наоѓа во зелениот лиснат зеленчук. Фолната киселина е неопходна за раст на клетките, синтезата на ДНК и нормална работа на нервниот систем. Внесување  на храна богата со фолна киселина ги зголемува шансите за зачнување, а во текот на бременоста овозможува правилен развој на фетусот.

Го чува срцето

Костенот е богат извор на моно незаситени масти, како олеинска или палмитинска киселина. Монозаситените масти масти го штитат кардиоваскуларниот систем и помагаат во снижувањето на нивото на холестерол.Кја исфрла водата од организмот. Костенот помага кај бубрежните и стомачните тегоби, а може да се користи и за исфрлање на вишокот вода од организмот. Има и противвоспалителни својства, и е идеален за луѓето кои боледуваат од артритис и реума.

Подготви:Б.В.

]]>
true
<![CDATA[Лесна и интересна диета за вработени]]> http://www.plusinfo.mk/vest/152727/Lesna-i-interesna-dieta-za-vraboteni http://www.plusinfo.mk/vest/152727/Lesna-i-interesna-dieta-za-vraboteni 2014-10-02 10:21:16 Многу е тешко да се практикува посебен режим на исхрана ако по цел ден сте на работното место. Сепак, не ја губете надежта.

Неколку нутриционисти од САД објавија диета за вработени која ќе ви овозможи да се ослободите од гладот, а воедно и од неколкуте килограми вишок.

Понеделник

Појадок: 1 банана, 1 киви

Ручек: Салата од зеленчук и тестенини

Вечера: 250 г телешка шницла со варен зеленчук

Вторник

Појадок: 2 дл сок од морков, 2 парчиња црн леб, 20 г кравјо сирење

Ручек: 2 варени јајца, 100 г варен грашок

Вечера: Голема порција салата од зеленчук

Среда

Појадок: Шолја чај без шеќер, кроасан, путер и 10 г џем

Ручек: 150 г печен компир, 1 јаболко

Вечера: Бистра супа, 200 г бела риба, 100 г варени моркови

Четврток

Појадок: 2 дл сок од портокал, 200 г крушки

Ручек: 1 ѓеврек, 100 г домат, 100 г варено пилешко месо

Вечера: 100 г варено телешко место, 200 г цвекло

Петок

Појадок: 250 г ананас

Ручек: Салата со зеленчук и 1 варено јајце

Вечера: 100 г парче морска риба, 200 г варен грашок

 

Подготви: K. A.

]]>
true
<![CDATA[25 работи кои никој не ви ги кажува за растењето]]> http://www.plusinfo.mk/vest/152726/25-raboti-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazhuva-za-rastenjeto http://www.plusinfo.mk/vest/152726/25-raboti-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazhuva-za-rastenjeto 2014-10-01 17:56:28 Светот ќе се обиде да ви наштети. Не го дозволувајте тоа.

1. Животот ќе биде полн со разочарувања

2. И моменти на чиста радост и среќа... Моменти кога лицето ќе ве боли од смеење

3. Ќе се вљубите... и ќе биде страшно. Но, исто така ќе биде прекрасно и возбудливо

4. Ќе престанете да сакате... или некој ќе престане да ве сака

5. Ќе бидете заедно со некој кој не се однесува кон вас како што заслужувате...И ќе треба да помине време за да сфатите дека заслужувате многу повеќе од тоа што го добивате

6. И можеби нема да ја сакате личноста која ве сака вас... без оглед на тоа колку се трудите

7. Дваесеттите најмногу ќе ги поминете обидувајќи се да сфатите кој сте... А можеби и цели 30-ти или 40-ти

8. Ќе го губите вистинскиот пат и тоа често. И ќе ви треба извесно време да се вратите на колосекот

9. Некој ќе ви го скрши срцето и ќе ве боли повеќе од што може да замислите

10. Но, еден ден ќе соберете сила да продолжите понатаму

11. Мора многу да работите на себе за да се засакате самите. Тоа ќе мора до крајот на животот да го негувате

12. Можеби ќе ви треба повеќе време да сфатите дека ова тело во кое сме е единственото кое го имаме и треба да го негуваме

13. Нема сите секогаш да ја препознаат вашата големина. Еден од најголемите шокови во животот ќе ви биде кога ќе влезете во реалниот свет и ќе видите дека сте една од милион личности. Што значи дека најважната работа е сопствената големина да ја препознаете и сочувате... без оглед на сè.

14. Ќе ви се случуваат лоши работи, а нема да знаете зошто и ќе се прашувате повторно и повторно... одговор ќе нема

15. Ќе дознаете кои ви се вистинските пријатели и најчесто тоа нема да бидат истите за кои вие сте мислеле дека се

16. Луѓето за кои сте биле подготвени да ја дадете раката и сте биле сигурни дека ви се најдобри пријатели ќе ви станат целосно странци

17. Ќе грешите... повторно и повторно

18. Ќе се каете често... Нема врска колку пати сте се обиделе да не го правите тоа

19. Некогаш ќе посакате да кренете раце од се... Немојте

20. Некогаш ќе мора да признаете пораз... и тоа е во ред

21. Ќе поминете силни падови и угорнини со родителите и прилично доцна ќе сфатите колку всушност тие се прекрасни. И кога ќе сфатите ќе се обидете секоја секунда од животот да им ја разубавите

22. Луѓето ќе ве изневерат... неколку пати

23. Кога ќе застанете на своите две нозе, цврсто на земја – во тој момент кога за тоа ќе бидете способни, е тоа е најдобрата награда која може да ја добиете

24. Ќе сфатите дека секоја секунда во која сте посакале да бидете некој друг е трошење на време

25. Многумина ќе се обидат да ви наштетат, но вие морате со насмевка да ги поразите непријателите... наместо да дозволите непријателите да ја поразат вашата насмевка.

 

Подготви: K. A.

 

 

]]>
true
<![CDATA[Ова вашиот сопруг ќе го направи прекрасен татко]]> http://www.plusinfo.mk/vest/152823/Ova-vashiot-soprug-kje-go-napravi-prekrasen-tatko http://www.plusinfo.mk/vest/152823/Ova-vashiot-soprug-kje-go-napravi-prekrasen-tatko 2014-10-01 14:49:15 Помогнете му на вашиот сопруг да развие свест за родителските должности и одговорности и да стекне самодоверба во врска со подигнувањето на децата…

 

ПРУЖЕТЕ МУ ШАНСА (читај повеќе)

 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[Брадата и мустаќите зборуваат многу за мажите!]]> http://www.plusinfo.mk/vest/152725/Bradata-i-mustakjite-zboruvaat-mnogu-za-mazhite http://www.plusinfo.mk/vest/152725/Bradata-i-mustakjite-zboruvaat-mnogu-za-mazhite 2014-10-01 11:09:33 Можно е да се дознае нешто повеќе за мажите набљудувајќи ги само нивните бради и мустаќи, вели лекарот Ален Петеркин, кој има напишано три книги токму за овие „машки модни детали“.

Петеркин бил и во жири на Светскиот натпревар на бради и мустаќи, пишува „Yahoo Shine“.

 

Дводневна брада

Ова моментално е најпопуларна форма на бради и мустаќи затоа што не е ниту вистинска брада, ниту ги присилува мажите да се бричат секое утро, а изгледа добро на сите лица. Но, иако можеби не изгледа така, дури и дводневната брада бара одржување. Таквата брада и мустаќи зборува дека мажот е во чекор со модата.

 

Мустаќи

Самите мустаќи никогаш не биле идеален машки стил. Во 70-тите мустаќите без брада најчесто можеле да се видат во порнографските филмови. Како и да е, мустаќите се израз на бунтовност и јасно кажуваат дека на мажот кој ги носи не му е важно што другите мислат за него.

 

 

Густа, но одржувана брада

Сè додека брадата редновно се одржува изгледа добро на сите мажи. Оние кои имаат густа брада ја сметаат за дел од својот идентитет. Силната брада се толкува како знак на мажевност, а мажите кои ја носат се полни со тивка самодоверба кои не сакаат да се прават важни.

 

Дива брада

Овие денови „дивата“, неодржувана брада и мустаќи можат да се видат на студенти и славни личности. Во прашање е изразениот тестостерон на дело, а правилото е - што повеќе, тоа подобро. Дивата брада е израз на слобода и бунтовност.

 

Голобрадост

Петеркин верува дека трендовите на бради и мустаќи се менуваат отприлика на секои 20 години и дека целосно избричената брада наскоро ќе се врати како мода. Она што мажот го кажува со целосно избричено лице е дека не сака да се издвојува и дека сака класичен изглед.

 

Подготви: К. А.

]]>
true
<![CDATA[Ве мачи реума? Направете сами масло од лути пиперки]]> http://www.plusinfo.mk/vest/152580/Ve-machi-reuma-Napravete-sami-maslo-od-luti-piperki http://www.plusinfo.mk/vest/152580/Ve-machi-reuma-Napravete-sami-maslo-od-luti-piperki 2014-10-01 09:18:40 Болките во зглобовите знаат да бидат многу непријатни и мачни, затоа ви предлагаме да пробате еден природен рецепт против реума кој ја зголемува циркулацијата на крвта и ги ублажува болките…

Маслото се подготвува од лути црвени пиперки и одлично помага при радикулитис, миозитис, невралгија, реума и болки во зглобовите.
Маслото од лути пиперки и припаѓа на групата иритирачи и загревачки масла. Делува надразливо: ги шири капиларите, ја зголемува циркулацијата во крвта во горните делови на кожата, го зголемува витаминскиот метаболизам и делува на активирање на регенеративните процеси на епидермисот на кожата.

Состојки:


- 10 свежи црвени лути пиперки
- 2 чаши ладно-цедено маслиново масло
- стаклена тегла од 1 литар


Подготовка:

 

Пиперките измијте ги, исечете ги дршките и сомелете го во машина за мелење месо. Ќе добиете околу една чаша иситнета смеса. Ставете ја во чиста стаклена тегла и полиете ја со маслото. Оставете ја на темно место. После 7 дена исцедете ја смесата низ газа или пластична цедалка.
Смесата од пиперки можете да ја оставите во фрижидер и да ја користите како додаток во јадењата, а црвенкастото масло ќе ви користи за споменатите проблеми.


Како да го користите:

 

За почеток втријте го маслото неколку пати во текот на денот, кога имате болки во зглобовите или другите делови од телото. Откако ќе го втриете, облечете топли чорапи или хулахопки, доколку се во прашање нозете. Затоплувајте ги и другите делови од телото, во зависност од локацијата на болката - рацете, вратот, грбот. По нанесување на маслото, ќе почувствувате печење на кожата, но тоа ќе биде подносливо, дури и пријатно, бидејќи маслото длабоко ќе ја загрева кожата, без да создава изгореници.
Со тек на време можете да го менувате интензитетот на нанесување на маслото. По еден месец или два, процедурата можете да ја правите еднаш неделно, ако повторно ви се појават болки. Маслото чувајте го на темно место.

 

Подготви: К. А.

]]>
true