- 16.10.2014 09:21 Бројот на природни катастрофи во 2013 е...
- 16.10.2014 09:18 Високиот комесар на ОН за бегалци ја...
- 16.10.2014 09:16 Косовските надлежни служби го вратија...
- 16.10.2014 09:15 Седум години без Тоше
- 16.10.2014 09:14 Почина поранешниот младински...
- 16.10.2014 09:11 ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата...
- 16.10.2014 09:08 Рускиот претседател Владимир Путин во...
- 16.10.2014 09:05 ИД оствари значителен напредок во Ирак
- 16.10.2014 08:50 ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва...
- 15.10.2014 23:09 Времето утре променливо облачно со...

Кус расказ не би бил доволен да се опише актуелната реалност во Македонија
Лидија Димковска
- Прочитано: 13456
- 03.12.2013
Останатo од Лидија Димковска |
Лидија Димковска е македонска поетеса, прозаист и теоретичар на книжевноста, која од минатата недела е добитничка на наградата за литература на Европската унија за нејзиниот роман „Резервен живот“, кој неодамна излезе во второ издание на издавачката куќа „Или-или“. Престижната европска награда се доделува на годишно ниво, на писатели од 12 земји што се дел од Програмата за култура на ЕУ. Родена е во Скопје каде што завршила Филолошки факултет на катедрата за општа и компаративна книжевност, докторирала на тема романска книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт, Романија. Во моментов живее и работи во Словенија.
Досега објавила неколку книги поезија, а „Резервен живот“ ѝ е втор роман, кој влече инспирација од родната земја, политичките настани од 90-тите години и од позицијата на младиот граѓанин денес, поради што се смета за глас на својата генерација. За македонската литература вели дека се развива паралелно со современите текови во светската литература, но дека недостига државна поддршка за писателите што е согледливо и во фактот што на доделувањето на наградата во Брисел, останало празно местото резервирано за македонскиот амбасадор.
Вие сте писател што твори надвор од границите на матичната земја, но кој ја има својата родна земја како лајтмотив во творбите. Што ве тера да се навраќате на Македонија, односно што е она што мисловно ве врзува за земјава?
- За Македонија ме врзува сѐ што ме врзувало и пред да заминам: јазикот, потеклото, сите мои блиски луѓе, но и народот во целост, и не мислам само на народот од македонска националност. Сето мое животно искуство е стекнато таму. Иако заминав географски, никогаш не ја напуштив земјата во симболична смисла, туку само го раширив во границите на слободата мојот сопствен идентитет, кој е мешавина од сите мои светови: македонски, словенечки, седумгодишниот романски живот и, секако, космополитскиот во кој апсолутно верувам, живеам и пишувам.
Ако периодот пред и по распадот на Југославија служи како инспирација во книгата, што симболизираат сијамските близначки Сребра и Ѕвезда, а што нивниот живот на отфрленост?
- Одвојувањето на близначките по хируршки пат наликува на одвојувањето на републиките во поранешна Југославија: и во двата случаја тече крв, постојат смртни жртви, се случува трагедија. Независноста и сопствениот идентитет неретко мораат да поминат низ фазата на деструкција од која треба прво да заздрават за да започнат некаква нова конструкција. Тоа се случи и со земјите од поранешна Југославија, и со близначките Сребра и Злата. Животот на отфрленост е едноставно живот на непризнавање, на индивидуално непостоење во постојниот колектив.
Колку и како ќе се разликуваше вашиот роман доколку дејството се развиваше во Словенија, односно земјата каде што сега живеете?
- Најверојатно немаше да има некоја голема разлика во дејството, мислам дека приказната може да се лоцира во кој било географски простор не само од поранешна Југославија, туку и пошироко. Насекаде луѓето се соочуваат со себеси на ист начин, преку емоции, размислувања, согледби, внатрешни задлабочувања, а егзистенцијалните прашања и во Македонија и насекаде секој си ги одговара на најинтимен начин. Во тоа е автентичноста на секоја и животна и романескна приказна.
Деновиве ја примивте европската награда за литература со која се закити и Гоце Смилевски. Што мислите за состојбата во која се наоѓа македонската современа литература, во споредба со модерните текови?
- Тоа што и јас и Гоце се најдовме меѓу 12 добитници од цела Европа, и во 2010 и оваа година покажува дека македонската литература си има свое место во модерните текови. Факт е дека авторите од Македонија знаат да пишуваат, и тоа добро. Прашање е само дали земјата знае тоа да ѝ го претстави и на светската јавност. Дали ѝ е тоа воопшто и важно? Видете, на доделувањето на наградата во Брисел, столот на македонскиот амбасадор означен со неговото име остана празен. Исто така и на дописникот од Брисел. Тоа многу зборува за односот на македонските институции кон македонската литература.
Пишувавте за тоа како настаните од блиското минато на Македонија влијаат на животот на обичниот човек. Во неколку реченици, на пример во форма на кус расказ, како би го опишале влијанието на актуелните настани врз граѓаните?
- Околу 400.000 македонски граѓани ја напуштија државата во последната деценија. Мојата генерација може да се изброи на прсти. Повеќе од половина од моите пријатели и роднини се соочуваат со невработеност и сиромаштија. Скопје се претвори во град за потсмев во странските медиуми. Културата се исполитизира. Насилството меѓу младите расте. Македонците и Албанците живеат во паралелни светови. Името на земјата виси на конец. Народот виси на конец, и тн. Ако може да се пошегувам, би рекла дека кус расказ не би бил доволен за да се опише актуелната реалност во која Македонија западна, и поради внатрешната и поради надворешната политика што наводно се води за нејзино добро.
(Објавено во „Слободен печат“)
Маја Васева
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо
Објавено: 17.12.2013 10:45
Grujo:
Убаво е да се прочита една ваква вест за успехот на една наша македонка,и многу ми е мило за тоа.
Што се однесува до односот на власта кон културата,и непојавувањето на амбасадорот во Брисел,нека не ве изненадува тоа,власта се појавува само онаму каде што има интерес,во вој случај немала,па не е битен успехот и наградата на една млада поетеса на европско ниво,и неморале да се појавуваат,ако со самото појавување не успеат да пласираат порака пропаганда меѓу македонскиот народ дека ти е се најдобрите,и дека со нив светот почнува и завршува.Во Брисел нема македонски народ што ќе ги слуша.Жално но вистинито.
На поетесата и посакувам уште поголеми успеси во иднина,и да си седи тамо каде што е и каде што може да твори и работи
Објавено: 15.12.2013 16:07
Том:
Еххх.Она што власта гордо го истакнува, служи за потсмев во странство. жално но вистинито. А слепата ,неука и пред се , алчна власт забегана во своите криминални работи, поим нема што е вистина што е лага.што е вредно, што е кич.
Напиши коментар:
име:
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
порака:
|
|
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

Прочитано: 6318
Објавено: 27.12.2013 19:30
Борис:
Навистина имам многу што да кажам, но еве нешто Грујо, нешто Том, ... тие кажаа барем дел од тоа што би го кажал. Многу среќа и успех за поетесата. Попздрави