- 16.10.2014 09:21 Бројот на природни катастрофи во 2013 е...
- 16.10.2014 09:18 Високиот комесар на ОН за бегалци ја...
- 16.10.2014 09:16 Косовските надлежни служби го вратија...
- 16.10.2014 09:15 Седум години без Тоше
- 16.10.2014 09:14 Почина поранешниот младински...
- 16.10.2014 09:11 ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата...
- 16.10.2014 09:08 Рускиот претседател Владимир Путин во...
- 16.10.2014 09:05 ИД оствари значителен напредок во Ирак
- 16.10.2014 08:50 ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва...
- 15.10.2014 23:09 Времето утре променливо облачно со...
ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата Германија кои правеле монструозни злосторства!
- Објавено: 16.10.2014 09:11
- Прочитано: 3641
- Печати
Во Германија во времето на Хитлер, женската убавина била предмет на државна политика и расистичка идеологија, која строго го одредила идеалот на ариевската женственост: „најубавите” Германки ги правеле најлошите злосторства, а повеќето од нив крајот на војната го дочекале на слобода.
Првите жени кои влегле меѓу злосторничките, иронично, биле професионални негувателки. Тоа биле медицински сестри, кои немилосрдно убивале ментално заостанати личности, според планот на ариевската доктрина.Една од нив била Паулина Неислер, од „болницата за евтаназија“ на југот од Германија.
Била задолжена за селекција. Секој ден бирала по 70 „пациенти“ и ги праќала во смрт во гасна комора. Велела дека „таквата смрт и не е толку лоша, бидејќи не боли“.Од друга страна, Хитлеровиот проглас за жените гласел „Kinder, Kuhe, Kirhe” (деца, кујна, црква), меѓутоа по злосторствата жените биле рамо до рамо со машките злосторства. И не делувале само во Германија.
Венди Ловер, американска историчарка и авторка на книгата „Хитлерова фурија: Германските жени на наци полињата на смрт“ пишува дека најмалку половина милион млади жени се ставиле на располагање на колонизацијата во Полска, Украина, делови од Русија... Наредби за убиства можела да издаде и секретарка. Знаеле се за размерите на масакрот, но ги затворале очите.
Во книгата се споменува и Лизелоте Мејер. Заедно со својот шеф, голем нацист, учествувала во „забави со пукање“! Имено, монструозно уживале „во ловот“ на Евреи и ги убивале „од разонода“ и спорт. Мејер добила можност да одлучува за живот и смрт. Животот им го спасила на својата фризерка и на уште една жена која и плетела џемпер.За размерите на човечка монструозност говори и случајот на Лизел Вилхаус, сопруга на командант на логор. Имено, таа седела на тераса во куќата и пукала во затворениците.
Секретарката на Јохан Алватер отишла уште подалеку со својот болен ум. Во импровизирана болница во Украина знаела да одбере некое дете и да го турне од третиот кат. Во книгата пишува дека знаела да ги намами децата, а кога малите би ја отвориле устата пукала во нив.Авторката Венди Ловер забележува дека повеќето жени никогаш не биле осудени затоа што биле пуштани со изјавата дека биле „невини секретарки“.
Германската убавица, русокосата 23-годишна домаќинка Ерна Петри, се враќала дома од продавница, кога нешто и го привлекло вниманието. Шест мали, речиси голи момчиња, стоеле преплашени покрај патот. Ерна била сопруга на нацистички офицер и знаела дека децата биле Евреи, кои побегнале од возот за логор. Тоа што се случило подоцна е една од најмонструозните случки дотогаш.
Ерна, тогаш мајка на две деца, им пришла на момчињата, ги нахранила и смирила. Им влеала доверба и потоа сите заедно ги одвела во шума. Ги поредила, извадила пиштол и на сите им пукала во тилот. Најмладото дете имало шест години, најстарото 12, пишува Венди во едно од најпотресните дела за крвавата историја.
Вера Штахли Вохлауф пристигнала во Полска во 1942 година, за да му се придружи на сопругот Џулијус. Висока 175 сантиметри, тешка 80 килограми, „со округла глава, синоока, русокоса, со рамен нос“, - ова бил нацистичкиот идеал за женственост, во кој Вера совршено се вклопувала. Според тој критериум, убавината била производ на здрава исхрана и занимавање со спорт, а не на козметика. Германските девојки и жени не требале да ги лакираат ноктите, да ги кубат веѓите, да носат кармин, да ја бојадисуваат косата или да бидат преслаби, особено не смееле да изгледаат како холивудските глумици.
Кога Вера дошла во Полска за да го помине медениот месец со својот сопруг, станала активна учесничка во злосторствата. Офицерот Вохлауф добил задача во текот на два дена да го уништи гетото Мидзирзец-Подласки со 11.000 Евреи кои требало да ги депортираат во злогласниот логор Треблинк. Како што подоцна сведочеле очевидци на страотниот масакр, Вера Вохлауф, тогаш во вториот месец од бременоста, преку својот летен фустан облекла војничко палто и капа. За разлика од останатите жни, не стоела на страна туку кружела меѓу жртвите мавтајќи со камшикот.
По војната, речиси на ниедна од овие жени монструми не им се судело. Кога ги апселе нивните сопрузи тие тврделе дека „немаат поим за ништо“. Глумеле дека се невини и тврделе дека не знаат или не се сеќаваат на ништо, па така проаѓале неказнето.
Подготви: К. А.
![]() Последни коментари (вкупно: 0) |
Прочитај ги сите коментари: |
Напиши коментар:
име:
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
порака:
|
|
Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
-
ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата Германија кои правеле монструозни злосторства!
објавено: 16.10.2014 09:11
Монструозно уживале „во ловот“ на Евреи и ги убивале „од разонода“ и спорт, им пукале на деца во тилот,...
-
ФОТО На Вароша на Кипар некогаш летувале светски фаци, а денес втерува страв во коски
објавено: 15.10.2014 22:19
Медитеранот обично асоцира на туризам, сино море , карпи и луксузни хотели. Меѓутоа еден град ја уништува...
-
ГАЛЕРИЈА Марија Шарапова заштитно лице на новиот парфем „Avon Luck“
објавено: 15.10.2014 16:05
Светски познатата тенисерка Мариjа Шарапова се приклучи кон семејството мириси на „Авон“, станувајќи...
-
ВИДЕО Вака во Кина ги третираат жените кои спијат со туѓи мажи
објавено: 15.10.2014 15:11
Лин Јао Ли (38) од Пујанг е нападната додека се враќала дома. Четири жени ја собориле на земја, ѝ ја искинале...
-
ВИДЕО+ФОТО Девојче крвави на истите места како и Исус Христос!
објавено: 15.10.2014 14:34
Индиското девојче Твинкл Двиведи (13) од градот Лукнов веќе две години плаче крв. Таа без причина крвави од...
-
ВИДЕО+ФОТО Девет месеци живеела со трупот на својот сопруг!
објавено: 15.10.2014 13:18
Во американската сојузна држава Индијана жена по име Ила Соломон е уапсена бидејќи девет месеци живеела со...
-
Најкратката приказна на светот содржи само шест зборови, но ќе ве расплаче
објавено: 15.10.2014 11:46
Најкратката приказна на светот има само шест зборови, но ќе ви го скрши срцето.
-
ФОТО Куќата во која никој не сака да живее!
објавено: 15.10.2014 10:54
Австриското министерство за внатрешни работи ќе упати пoвик до бројни адреси со цел да пронајде државна...
-
ФОТО Тигарот на Путин, Кузја, осомничен за напад на кокошарник
објавено: 15.10.2014 10:04
Тигарот кој Путин го пуштил во дивината наводно изел неколку кокошки и зад себе оставил траги од крв, своите...
-
113-годишна баба лажела за годините за да си отвори профил на Фејсбук
објавено: 15.10.2014 08:45
Ана Штоер која има неверојатни 113 години решила д аотвори профил н аФејсбук, но наишла на еден „голем“...
-
ФОТО Менува трособна куќа за Ајфон
објавено: 14.10.2014 13:56
Во Детроит се продава трособна куќа во вредност на последниот модел на Ајфон. Еден од очајните сопственици...
-
ФОТО Бугарскиот „Индијана Џоунс“ ископал вампирски гроб
објавено: 14.10.2014 12:32
Во Бугарија е пронајден уште еден гроб во кој е погребана личност за која наводно се верувало дека е вампир,...
-
ВИДЕО+ФОТО Исповед на најомразената мајка во Америка
објавено: 14.10.2014 11:37
Бренда Слеби пред седум години гостуваше во емисијата на Опра Винфри, и тогаш ја раскажа страшната приказна...
-
ФОТО Го промени полот на 81 година и стана баба!
објавено: 14.10.2014 09:57
Поранешниот воен пилот Џејмс Роуз, татко на три и дедо на четири деца, во поодминати години се подложил на...
-
Исповед на 26-годишна девица: Зошто сè уште сум невина!
објавено: 14.10.2014 08:58
Таа има 26 години и сè уште е невина! Така самата одлучила, бидејќи во сексуални односи не сака да стапи пред...
-
Поранешен питач ја пронашол жената која му помогнала и ѝ дал 131.000 евра!
објавено: 13.10.2014 15:50
Хе Ронфгенг, денес богат 38-годишен кинески претприемач, успеал пред неколку дена да ја пронајде жената на...
-
ФОТО Животните сцени претставени преку колекцијата „Лили“ на Ивана Кнез
објавено: 13.10.2014 15:16
Дизајнерката Ивана Кнез ја претстави својата најнова колекција „Лили“, инспирирана од познатата руска...
-
Маж провалил во шупа и силувал кадифено мече
објавено: 13.10.2014 14:19
Постојано слушаме вести за грабежи, убиства и силувања, но поседната вест која ja објавија британските...
-
ФОТО Ги уапсиле, па имале секс во полициски автомобил
објавено: 13.10.2014 11:58
Заменикот на шерифот привел една двојка поради возење во пијана состојба, но тие оваа прилика ја...
-
Конечно откриено: На погребот на Тито во неговиот ковчег немало труп, туку песок
објавено: 13.10.2014 10:56
Погребот на Јосип Броз Тито на 8 мај 1980 година бил всушност една големо подметнување на службата на...
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

Прочитано: 6317