Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

ФОТО Тигарот на Путин, Кузја, осомничен за напад на кокошарник

  • Објавено: 15.10.2014 10:04
  • Прочитано: 1709
  • Печати

Тигарот кој Путин го пуштил во дивината наводно изел неколку кокошки и зад себе оставил траги од крв, своите шепи, но и пердуви од кокошките.

Кинезите го „осомничиле“ сибирскиот тигар Кузја, кој рускиот претседател Владимир Путин го пуштил во дивината, за напад на кокошарник во едно село во покраината Хеилонгјианг на северот на Кина, известуваат денес руските медиуми.
Наводно тој изел неколку кокошки и зад себе оставил траги од крв, своите шепи, но и пердуви од кокошките, јавува кинеската новинска агенција Xinhua.
Кузја го пријавиле локалните жители пред три дена кај пограничната служба.

Кузја е еден од трите тигри кои Путин ги ослободил во мај оваа година во Амурската област. На почетокот на октомври кинеските експерти известиле дека Кузја ја минал руската граница и неколку пати бил виден во покраината Хеилонгјианг. Биле поставени повеќе од 60 автоматски видео камери за да се следи неговото движење.
Во дивината живеат помалку од 500 сибирски тигри и тоа поголем дел се во источна Русија, североисточна Кина и северните делови на Корејскиот полуостров.
Сибирските тигри се загрозени бидејќи се ловат поради крзното.

Неодамна кинеските власти покренаа потрага за сибирскиот тигар Кузја, откако беше утврдено дека ја поминал руско-кинеската граница, веројатно во потрага за храна. Тигарот кој е еден од трите ретки примероци останати од неговиот вид, беше пуштен на слобода во мај во руската регија Амур во источен Сибир. Руските медиуми објавија во 2008. година дека Путин наводно спасил една телевизиска екипа испалувајќи куршум за успивање, со кој го погодил сибирскиот тигар кој бил побегнат од националниот парк.

Еколозите велат дека загрозениот амурски тигар веројатно барал подобро ловиште, но сега стравуваат за неговата безбедност.

Василиј Горобејко, заменик менаџер за природни ресурси во Русија, вели дека е загрижен поради тоа што Кина е понаселена земја и затоа што залутаниот тигар би можел да го убие некој фармер доколку случајно би дошол на имотот.

Путин ја ослободи Кузја кога имаше 19 години, заедно со уште два тигра. Кузја беше најхрабрата од нив и прва замина во дивината.

Другите два тигри, Борја, брат на Кузја и Илона, останаа во амурскиот регион.

Путин ги предводеше напорите за заштита на амурските тигри. Популацијата на овие животни во дивината е сочинета од само неколку стотици единки и не е на одржливо ниво, без интервенција на луѓето.

Подготви: K. A.

 

 

 


/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>