Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

ФОТО На Вароша на Кипар некогаш летувале светски фаци, а денес втерува страв во коски

  • Објавено: 15.10.2014 22:19
  • Прочитано: 1724
  • Печати

Медитеранот оoбично асоцира на туризам, сино море , карпи и луксузни хотели. Меѓутоа еден град ја уништува сликата и буквално изгледа како да е замрзнат во времето. Станува збор за градот Вароша во северен Кипар.

Веќе четири децении овој град е целосно празен. Овде како живот да запрел. Затоа и не чуди што го нарекуваат „градот на духовите“. Меѓутоа можеби токму поради тоа  е посебна дестинација на Медитеранот.

Вароша отсекогаш била ексклузивно место. Некогаш важела за едно од најпосетените места на светот. Бил богат со хотели, а тогаш се случило нешто неочекувано. Како одеднаш да потонал. Градот е напуштен во 1970-тите години. Сепак ќе остане како дестинација која ги угостила холивудските ѕвезди како Елизабет Тејлор, Брижит Бардо, Ричард Бартон и Ракел Велч.

Zа време на туристичкиот бум започнале масовно да се градат хотели, но многу од нив останале недовршени. За жал како што тоа обично е случај, и тука е вмешана политиката. По турската инвазија на Кипар во јуни 1974 година целото место бил заградено.

Вароша набргу станала „жртва“ на конфликт помеѓу Грција и Турција. Иако локалното население не било принудно избркано сепак луѓето доброволно го напуштиле градот.Кога Турците ја превзеле контролатанад градот, го опкружиле со ограда и официјално забраниле луѓето да се вратат во него. Меѓународните политички органи се обиделе да се договорт со жителите на Вароша и да им допуштат да се вратат во своите домови, но без успех. 

Колку било незаконско бил кој да влезе во Вароша покажува фактот што Турците ставиле ограда околу целиот град во 1974 година. Така и дозволиле на војската да убијат сите што ќе се обидат да влезат таму. Тоа го правеле за да ги спречат Грците од Кипар да се вратат во градот. Очигледно е дека сето тоа се однесувало и на туристите од другите делови на светот.

 

Подготви:Б.В.

 


 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>