- 16.10.2014 09:21 Бројот на природни катастрофи во 2013 е...
- 16.10.2014 09:18 Високиот комесар на ОН за бегалци ја...
- 16.10.2014 09:16 Косовските надлежни служби го вратија...
- 16.10.2014 09:15 Седум години без Тоше
- 16.10.2014 09:14 Почина поранешниот младински...
- 16.10.2014 09:11 ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата...
- 16.10.2014 09:08 Рускиот претседател Владимир Путин во...
- 16.10.2014 09:05 ИД оствари значителен напредок во Ирак
- 16.10.2014 08:50 ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва...
- 15.10.2014 23:09 Времето утре променливо облачно со...

Партија што избира кандидат под директива „одозгора“, не е демократска
Јове Кекеновски
- Прочитано: 3488
- 20.02.2014
Останатo од Јове Кекеновски |
Една партија која себеси се декларира и етикетира како демократска, не смее да дозволи победата на некој од кандидатите на Конвенцијата да е резултат на строго селектирани и избрани делегати, кои ќе треба да гласаат по наредба или директива, вели професорот Јове Кекеновски, кој засега е единствениот познат кандидат што ќе се обиде да влезе во трката за шеф на државата како претставник на ВМРО-ДПМНЕ. Негов идеален профил на претседател би бил оној што би ја имал обединувачката моќ на Хелмут Кол, цврстата рака на Владимир Путин или на Маргарет Тачер, харизмата и реториката на Барак Обама и продорноста, моќта на убедувањето како и екзекутивноста на Ричард Холбрук.
Oбјавен е конкурсот на ВМРО-ДПМНЕ, на кој ќе пријават кандидати за претседател за претстоjниот конгрес. Вие вашата кандидатура ја најавивте многу порано. Зошто?
- Кандидатура ја најавив уште во февруари, а официјално ја објавив на 13 декември минатата година, на мојата претконвенциска промоција. Мотивите за ваквиот чекор се повеќестрани. Првата причина е фактот дека ги исполнувам условите што ги побарува Уставот на нашата држава, доволно сум стручно поткован, а со 51 година живот имам не само емпириско туку и животно искуство, кое ми дава за право јас да гарантирам, а граѓаните да бидат убедени, дека функцијата претседател ќе ја извршувам совесно, коректно, стручно и успешно, притоа максимално штитејќи ги македонските државни и национални интереси, симболизирајќи и промовирајќи го посакуваното државно единство како на внатрешен така и на надворешен план. Втората причина е моето незадоволство од начинот на кој досега оваа функција се извршуваше од страна на сите досегашни претседатели. Имавме претседател што ,,ронеше солзи и молеше да не го оставаат сам“, имавме претседател што го нарекуваа ,,граѓанинот Трајковски“, имавме претседател ,,лицето Б.Ц“ и претседател што остана длабоко во сенка на партијата што го кандидираше.
Веќе алармиравте дека во партијата почнале лобирања против вас. Мислите ли дека ќе се овозможат фер и демократски услови за да гласаат по сопствено убедување делегатите на конгресот, или како што беше и во кандидатурата на Иванов, партискиот лидер во последен момент ќе реши кој ќе биде кандидатот за претседател, а делегатите ќе гласаат по негова директива?
- Лобирања имало и ќе има, и тоа никој не може да го спречи. Меѓутоа, доколку тоа лобирање доаѓа од првите луѓе во партијата, тоа го нарушува принципот на демократичност, коректност и е неетичко. Тоа дава лоша слика во јавноста и го нарушува единството во партијата. Една партија што себеси се декларира и етикетира како демократска, не смее да дозволи победата на некој од кандидатите на Конвенцијата да е резултат на строго селектирани и избрани делегати, кои ќе треба да гласаат по наредба или по директива дадена ,,одозгора“ или, пак, дадениот глас за некој од кандидатите да е резултат на притисоци, закани и уцени, кои ќе дојдат од поединци или од помали групи. Исто така, за да може јавно да се покаже и да се види демократскиот капацитет на партијата како и културата на однесување и гласање, потребно е во целост да се запази тајноста на гласањето, т.е. секој од делегатите да гласа зад параванот, а не гласачкото ливче да се пополнува јавно пред другите делегати, сѐ со цел меѓусебно да си докажуваат дека си ја исполниле евентуално дадената директива.
Дали реално постои консензуалниот кандидат што го бара ДУИ и сметате ли дека ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне на нивното барање.
- ДУИ ја пропушти шансата јавно да каже дали сака партиски или граѓански консензуален кандидат за претседател. Обидот да му наметнат на ВМРО-ДПМНЕ кандидат за претседател кој е ,,посакуван“ односно е кандидат по нивна ,,мера“ и со таков кандидат да се оди на Конвенција, мислам дека е недозволиво мешање во внатрешните работи на партијата, и оттаму партија и членство што држи до својот интегритет, секако дека треба да го одбие таквиот предлог. Друго е прашањето кандидатот што ќе победи на партиската конвенција, тие да го поддржат на изборите, без притоа да истакнат свој кандидат за претседател.
Кои би биле вашите приоритети за надворешната политика и каков е вашиот став во однос на промената на името да државата?
- Секако дека прв и најважен приоритет е да се исправи големата неправда што ни е нанесена на сите нас со нашиот прием во ОН под привремено име, со наметнатата и прифатена обврска да преговараме за промена на сопственото име. И затоа, под итно ќе мораме заеднички да ја покажеме нашата цврста политичка волја и да изградиме заеднички став за поведување нова постапка во ОН за користење на нашето неотуѓиво и со ништо неограничено меѓународно правно-признато право да носиме и да употребуваме име по сопствен избор. Во тој контекст, ние мораме сите заеднички да изградиме соодветна и ефикасна правна и политичка стратегија, и со сите сили да лобираме кај државите што нè признаа под нашето уставно име, сѐ со цел да ја елиминираме евентуалната колебливост и сомнеж кај некои од нив како и да го зацврстиме нивниот став дека признавањето под нашето уставно име е дефинитивно завршена и затворена работа. Тука секако дека претходно ќе мораме да ја надминеме меѓуетничката недоверба и нетрпеливост на внатрешен план, меѓуетничките тензии да бидат архивирани во кутијата на заборавот, како и да изградиме систем на доверба и меѓусебна поддршка со сите наши соседи. Паралелно мора да тече евроатлантскиот процес како и заложбата конечно да изградиме современа и професионална дипломатија. Во таа насока заедно со владата ќе направиме сериозна ревизија на работата и компетентноста на нашите амбасадори.
Кој е вашиот став во однос на спорт за името?
Што се однесува до името, јас децидно и јасно кажувам дека преговорите за името се надвор од сите цивилизациски, морални и правни норми и длабоко навлегуваат во областа на неотуѓивите права од причина што изборот на името на една држава е во строга, внатрешна јурисдикција на граѓаните на таа држава. Кога јас, лично, би се прашувал, одамна би ги прекинал преговорите, меѓутоа тоа повлекува и други консеквенции кои се резултат на свесното или несвесното однесување (знаење или незнаење) на оние што преговарале за наш прием во ОН во далечната 1992-1993 година, кога прифатиле два дополнителни неправни услови за прием, и затоа ние ќе мораме и понатаму да преговараме, притоа јасно определувајќи ги македонските црвени линии, но, во меѓувреме, со правни и политички средства во процедура да ја исправиме оваа историска неправда и конечно да го затвориме овој нечовечки, неправен и беспредметен спор наметнат од нашиот јужен сосед. Мими П. Шушлеска
(Објавено во Слободен печат)
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо.
Објавено: 27.02.2014 09:42
artist:
Ti si bil profesor, ama ne si gi naucil nestata, neznaes kako upravuva tvojot partiski lider! Dali si zalutal megu niv ili ti e tamu mestoto, nikako da odgonetnam.
Објавено: 21.02.2014 22:00
do kekenoski:
GOS KEKENOSKI makedonija e zemja so politicki zatvorenici ;toa go kaza stejpdeparmentot i mnogu drugi medjunarodni faktori deka sudstvoto e podparol na VMRO-DPMNE.partijata i pisuva presudite primerot so BRATOT LJUBE vas poranesen golem partiski sorabotnik .zosto javno ne kazuvate deka ako te izberat za presedatel ke go iskoristis ustavnoto pravo da go oslobodis BRATOT LJUBE.
Напиши коментар:
име:
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
порака:
|
|
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

Прочитано: 6318
Објавено: 27.02.2014 12:30
битола:
Сигурно не мислите сериозно, кога зборувате за демократски избор на кандидат за председател на државата.Во партијата каде и за прием на хигиеничари, потребен е амин одкомитетите, сигурно дека за ова работно место ке биде потрбна согласност од вождот.Се надевам дека на сите се повеќе ќе ви станува се појасно со какво водство си имаме работа.