Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

ФОТО Невестата на Џорџ Клуни со прва работна задача во Грција

  • Објавено: 14.10.2014 21:31
  • Прочитано: 3724
  • Печати

Пред две недели Амал стана госпоѓа Клуни. Венчавката ја следеа речиси сите светски медиуми, по што следуваше купување заедничка луксузна куќа, па меден месец. После сето тоа не е нималку лесно да се вратите во реалност.

 

Со новото презиме Клуни кое јасно може да се види на страниците на нејзината лондонска адвокатска фирма успешната адвокатка Амал веќе тргнала во нови професионални победи. Во моментот се наоѓа во грција каде се состанала со грчкиот премиер Антонис Самарас и ќе се сретне со министерот за култура Констанинос Тасулас. Таа ќе ѝ помага на грчката влада во судскиот процес со Британскиот музеј за враќање на мермерните скулптури од Партенон, соопштија грчките медиуми.

 

Нејзиното доѓање во Атина привлече голем интерес во јавноста, а бројни медиуми веднаш по нејзиното доаѓање ја окупираа со прашања.А додека Амал се наоѓа на службено патување, 53-годишниот Џорџ Клуни им се доверил на пријателите дека не би имал ништо против со својата новопечена сопруга да добие дете.

 

- Ако се случи, се случи, нема да правиме ништо тоа да го спречиме – рекол славниот глумец очигледно во меѓувреме променувајќи го ставот по тоа прашање.


Се смета дека и двајцата адвокати што ја придружуваат Аламудин се експерти во случаи што се однесуваат на културно наследство. Адвокатите доаѓаат да ја консултираат владата во Атина во врска со прашањето за враќање на мермерните скулптури од Партенон, изнесувани од британскиот амбасадор во Константинопол лорд Елгин во текот на десет години од 1800 година до 1810 година, потсетува БТА.

 

Подготви: К. А.


/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>