- 16.10.2014 09:21 Бројот на природни катастрофи во 2013 е...
- 16.10.2014 09:18 Високиот комесар на ОН за бегалци ја...
- 16.10.2014 09:16 Косовските надлежни служби го вратија...
- 16.10.2014 09:15 Седум години без Тоше
- 16.10.2014 09:14 Почина поранешниот младински...
- 16.10.2014 09:11 ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата...
- 16.10.2014 09:08 Рускиот претседател Владимир Путин во...
- 16.10.2014 09:05 ИД оствари значителен напредок во Ирак
- 16.10.2014 08:50 ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва...
- 15.10.2014 23:09 Времето утре променливо облачно со...

Сирија нема каде да бега
Драган Милосављевиќ
- Прочитано: 2307
- 25.09.2014
Останатo од Драган Милосављевиќ |
Привидното примирје во Украина, чија првенствена цел е да ја прикрие внимателната подготовка за неминовно продолжение на агонијата во која ни крив ни должен е втурнат украинскиот народ од двете страни на замислената воена линија, овозможува светот набрзина да го сврти своето внимание кон, во суштина, најголемата трагедија во досегашниот тек на дваесет и првото столетие. На војната во Сирија, се разбира. Пред некој ден оваа неверојатно брутална, уништувачка војна, која ја претвори Сирија од пристојна блискоисточна држава во една од најцрните и најтажни приказни на нашето време, и формално влезе во нова, американска фаза. Згрозени и истовремено исплашени од неверојатните мутации на некогаш надежните опозициски борци во сирискиот конфликт, американските политички челници одлучија дека е подобро тие први да нападнат отколку да чекаат „Исламската држава“ да ги нападне нив. Овој начин на решавање на проблемите наоколу, нема збор, досега им одеше од рака на господата што ги застапуваат интересите на американскиот народ, но мора да се напомене дека нивните успеси главно се остваруваа во борба со конвенционални армии на држави со неспоредливо помали капацитети од американските.
Тоа овој пат не е случај. Како прво „Исламска држава“ воопшто не е држава според традиционалното значење на овој збор и како второ нејзината армија во малку нешта, или речиси воопшто не наликува на современите војски со кои „јенките“ досега се пресметуваа. Нејзиниот состав главно го сочинуваат религиозни фанатици, кои сосем сериозно се готови да гинат во името на Бога, или барем во името на оние што тврдат дека тргнале да го создаваат неговото царство. Има меѓу нив, нормално, и голем број платеници, кучиња на војната и разно-разни авантуристи, како и манијаци, родени садисти довлечкани од сите меридијани и соблазнети од можноста слободно да убиваат други луѓе без притоа да мораат да одговараат ниту пред човечките ниту пред божјите судови. Барем така веруваат. Во секој случај, војната со нив ќе биде тешка и неизвесна, посебно поради фактот дека САД, барем засега, одбиваат во првите борбени редови да ги испратат своите специјалци и своите платенички кучиња, и наместо нив очекуваат работата да ја завршат постојните сили на теренот: во Ирак Курдите и деморализираната ирачка армија, а во Сирија непостојната „демократска и умерена опозиција“, бидејќи како што е познато, Вашингтон и воопшто Западот одбива да го прифати за макар привремен сојузник сирискиот претседател Башар ал Асад.
Ова, всушност, може да биде најконтроверзниот момент во целата игра наречена „борба против теористичката исламска држава“ бидејќи многумина веруваат дека тоа ќе биде само параван за одличната можност САД и сојузниците да се пресметаат со ним спротиставениот сириски претседател. Притоа ваквиот став не го делат само независни интелектуалци и добри познавачи на сирискиот проблем, туку на него се осврнуваат и официјални претставници на сериозни земји, меѓу кои и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Претпоставувам дека на просечниот македонски читател не му е лесно да се снајде во лавиринтот на блискоисточната криза и овој текст сигурно нема да му „ги отвори очите“, но дури и најмалата помош во разјаснување на сликата не може да биде на одмет. Во Сирија три ипол години трае граѓанска војна со веќе над 200.000 жртви. Од едната страна на барикадите се бори владината армија поткрепена од разни полулегални формации и од шиитското движење Хезболах од соседен Либан. На спротивната страна се наоѓа едно крајно нехомогено друштво, чија првенствена цел, барем на почетокот, беше уривање на режимот на Башар ал Асад. Но, тоа друштво во меѓувреме се подели и започна со меѓусебни пресметки. Постои, но сега веќе е крајно слаба и нерелевантна вооружената сила на таканаречената - демократска опозиција, која во 2011 години почна револуција против повеќедецениското авторитарно владеење на семејството Асад и на партијата Баат. Постојат десетици ако не и стотици исламистички групи, радикални движења и вљубеници во ликот и делото на покојниот Осама бин Ладен, кои борбата против Асад одлучија да ја капитализираат преку создавање мали независни територии каде што нивните самопрогласени водачи ќе ја играат улогата на судии, поротници и џелати за секој што ќе одбие да им се покорува. Меѓу нив најистакната е групата Ал Нусра, која доби и службена легитимација како сириски претставник на Ал Каеда.
И „демократската опозиција“ и најголемиот дел од разно-разниве радикали, добиваа или сѐ уште добиваат поддршка во борбата против Асад како од западните така и од блискоисточните земји, првенствено од заливските монархии и од Турција. Понатаму, постои и веќе светски е позната групата „Исламска држава“, на чие чело се наоѓа „калифот“ со кодно има Абу Бакр ал Багдади, која има фантастични аспирации најпрво да создаде строго шеријатска држава на територијата на денешните Ирак и Сирија, потоа таа „држава“ да се прошири врз целиот Блиски Исток, следствено врз сите мнозински муслимански земји и како финален резултат и врз целиот свет. И момците сериозно работат на случајот. Иако се главни во борбите со регуларната сириска армија, иако беа подмолно нападнати од довчерашните сојузници, односно од повеќето други исламистички движења, фанатиците од ИД не само што се одржаа, не само што ги разбија „предавниците“ во сопствените редови туку и се проширија врз навистина огромни територии во Сирија и во Ирак.
Русија не се откажува од своето влијание пред сѐ преку Сирија и Иран, но поради грижите околу Украина сѐ потешко се носи со таа улога. Кина се држи на дистанца иако е јасно дека се солидаризира со Русија, а истовремено сѐ повеќе ги засилува односите со Иран. Саудиска Арабија го менува курсот веројатно исплашена за сопствената судбина, додека Турција и покрај тоа што е голем сојузник на САД, срамежливо им подава рака на Русија и на Кина. Египет сѐ уште се мачи со сопствените проблеми иако е прашање на време кога ќе се вмеша во големата игра. Несреќните Либан и Палестина никој ништо не ги прашува. Британија и Франција се занесуваат дека се важни додека Германија е нешто повнимателна. САД е хегемон и се обидува да управува со целиот процес.
Во меѓувреме, сирискиот народ гине, гладува или се раселува. „Исламска држава“ се шири, сече глави и воведува средновековни закони на освоените територии. Светскиот полицаец наводно повикан од загрижените соседи, промптно интервенира за да ја спаси планетата од новото најголемо зло. Другите можеби имаат некаква шанса, но Сирија едноставно нема каде да бега.
(Објавено во „Слободен печат“)
![]() Последни коментари (0)коментари |
Прочитај ги сите коментари: |
Напиши коментар:
име:
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
порака:
|
|
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

Прочитано: 6318