- 16.10.2014 09:21 Бројот на природни катастрофи во 2013 е...
- 16.10.2014 09:18 Високиот комесар на ОН за бегалци ја...
- 16.10.2014 09:16 Косовските надлежни служби го вратија...
- 16.10.2014 09:15 Седум години без Тоше
- 16.10.2014 09:14 Почина поранешниот младински...
- 16.10.2014 09:11 ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата...
- 16.10.2014 09:08 Рускиот претседател Владимир Путин во...
- 16.10.2014 09:05 ИД оствари значителен напредок во Ирак
- 16.10.2014 08:50 ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва...
- 15.10.2014 23:09 Времето утре променливо облачно со...
Останатo од Георги Барбаровски |
Ништо не му е јасно на скрибоманот Златко Теодосиевски, кој продолжува со инфантилните конструкции. Прашува: зошто сум го „почестил со гадости“ кога тој не го спомнал моето име и презиме; со кое право „Слободен печат“ ми отстапил простор да му одговорам; зошто сум бил навреден од еден збор (шушупатки) кој немал негативна конотација, ами бил „симпатичен“; тој дури и не знаел каков е сојот пишувачи на кој му припаѓа. А врв на мудроста што ја излеа е пермутацијата на моето презиме, кога од Барбаровски триумфално прави – Барабовски! И, недоветниот, уште предлага тој да кажува на кои теми да пишува Македонски манифест!
З.Т. нема свест за тие работи. Тој е умислена величина на која и е дозволено се. Јас зборувам за одговорно пишување, зашто само тогаш јавно изнесениот став има смисла, а тој продолжува како што знае. Неговото оправдување е тоа што во написите нема факти, нема имиња, нема аргументи, не апострофира. Со еден збор - нема суштина. Тој само тресе навреди, прави алузии и не чувствува никаква одговорност за тоа што го пишува.
Вели, никој не бил спомнат со име и со презиме и немало потреба некој да му одговара. Па, тој ниту има поим што е тоа арбитрарност, ниту чувствува потреба од тоа. Навредите за него се комплимент, реата што ја шири – парфем. На тоа се слади.
Како петел на буниште се перчеше и воопшто не му пречеше кога „Слободен печат“ му ги објавуваше писанијата, а кога излезе мојот одговор, наеднаш весникот му е виновен што објавува и други. А токму за таква одговорност јас зборувам – дека обврзува правото јавно да изнесуваш ставови и судови. И тој што пишува, и тој што објавува.
Ете, за тој сој пишувачи зборувам, кои никогаш не апострофираат туку само контекстираат. За таквите на кои гневот им ги одзел и последните остатоци од разумот и во тие шуплини тие си нашле засолниште.
Објавено: 07.10.2014 14:11
Влатко Б:
Аааааа ова ќе биде во продолженија. Бокс меч Теодосиевски - Барбаровски 15 рунди
Напиши коментар:
име:
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
порака:
|
|
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

Прочитано: 6318
Објавено: 07.10.2014 17:03
egeec:
ама Теодосиевски води во бројот на удари, некако директите му се почисти а аперкатите бааги силни...очекувам во следната рунда на Барабовски да му бројат докај 30, а можеби и повеќе..