- 16.10.2014 09:21 Бројот на природни катастрофи во 2013 е...
- 16.10.2014 09:18 Високиот комесар на ОН за бегалци ја...
- 16.10.2014 09:16 Косовските надлежни служби го вратија...
- 16.10.2014 09:15 Седум години без Тоше
- 16.10.2014 09:14 Почина поранешниот младински...
- 16.10.2014 09:11 ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата...
- 16.10.2014 09:08 Рускиот претседател Владимир Путин во...
- 16.10.2014 09:05 ИД оствари значителен напредок во Ирак
- 16.10.2014 08:50 ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва...
- 15.10.2014 23:09 Времето утре променливо облачно со...

Љубчо, не биди Шарло на денешната опозиција!
Бранко Героски
- Прочитано: 5898
- 12.10.2014
Останатo од Бранко Героски |
Вклучувајќи се во полемиката на „Фокус“ за „партизанските работи“, помеѓу Стојан Андов и генералот Тодор Атанасовски, Љубчо Георгиевски го задева Атанасовски, прашувајќи го зошто раководството на Комунистичката партија на Македонија во 1941 година донело одлука да се приклучи кон Бугарската комунистичка партија и дали тоа било само приватна одлука на тогашниот генерален секретар Методија Шаторов - Шарло. Љубчо допрашува зошто партизанското движење во Македонија било најслабо во споредба со другите краишта на Југославија и зошто КПЈ морала кај нас да испраќа инструктори на чело со Темпо.
Историјата, се разбира, одамна има одговори на овие прашања. Колебливоста на „пробугарските македонски комунисти“, како што ги нарекува Љубчо, е последица на Сталиновите игри и на влијанието на БКП. Тие игри кусо време го пасивизираат антифашистичкиот отпор во Македонија, но трајно го убиваат во Бугарија. КПМ, приклучувајќи се кон отпорот на КПЈ, ќе стане дел од антифашистичката епопеја во Југославија и во Европа, додека бугарските комунисти дефинитивно ќе се маргинализираат, а Бугарија од фашистите, како што е познато, ќе ја ослободува Црвената армија. Да останеше Македонија во тоа квинслишко друштво, нема дилеми дека и таа ќе беше ослободена од Сталин и ќе останеше под неговата чизма уште половина век, како и Бугарија, а Македонците веројатно ќе беа претопени во Бугари.
Не знам дали сум во право, но имам впечаток дека зборувајќи за Шарло и за шарловизмот, на еден чуден начин, Љубчо Георгиевски ја проектира сопствената ролја на македонската политичка сцена денес. Да се потсетиме. Во неколку последователни изборни циклуси, гласовите на неговата ВМРО-Народна на речиси необјаснив начин завршуваат на контото на ВМРО-ДПМНЕ. Да помисли човек дека КМП пак тајно се приклучила кон БКП! А сите ние сме убедени дека Љубчовата партија тежи барем 60.000 гласови. Сега, пак, во екот на политичката криза, Георгиевски се труди да биде „конструктивен“ и да предложи „компромис“ што не е тоа – тримесечно учество на опозицијата во извршната власт и потоа избори. Простете, но мене ова ми личи на Шарловска колебливост што води во ќорсокак. Ако СДСМ прифати било каков аранжман со ВМРО-ДПМНЕ, без цврст договор за промена на политичкиот амбиент, на изборите ќе помине слично како што поминува ВМРО - Народна. Тоа е идејата?
Признавам дека Љубчо е еден од најотворените собеседници со кои сум разговарал и дека го доживувам како демократ и личен пријател. Од таа позиција, се чувствувам слободен јавно да му се обратам и да му кажам некои работи што ми се чинат важни.
Љубчо пријателе, од историјата, на која често се повикуваш, треба да научиме дека колебливоста и компромисерството не се секогаш добар избор, а особено ако не се поткрепени со принципи и визионерство. Ова ти го кажувам јас, кој постојано се залагам за компромиси и тврдам дека и сегашната политичка криза меѓу СДСМ мора да се оконча со компромис. Ти, пак, многу подобро од мене би требало да знаеш да направиш разлика меѓу плоден и гнил компромис. Твојата уникатна и бескомпромисна политичка позиција во 1990-1991 година, Македонија да стане независна држава, беше од пресудно значење тогашното државно раководство да се ослободи од својот страв од Белград. Кризата во односите меѓу Скопје и Белград се реши со неизбежниот компромис, но на принципиелни основи – не се правеше пазар со цврстата определба Македонија да стане самостојна држава. Гнил компромис ќе беше да влеземе во некаква скратена федерација, а имаше и такви идеи. Здрав компромис потем ќе беше ти да решеше да ја делиш власта со Албанци, за да станеш премиер, како што мораше да биде според изборниот резултат на првите избори.
Денес, драг мој Љубчо, кога зборуваме за компромис со кој треба да се реши политичката криза, ние не можеме да се согласиме со половични и неплодни решенија, какви што се тримесечната или шестмесечната променада на неколку сдсмовски министри или директори во барокните лавиринти на извршната власт, со крајната цел СДСМ да се одоброволи повторно да дојде на уште една изборна кланица. Ти можеби и можеш тоа да си го дозволиш, но СДСМ не може и не смее. Во градежништвото можеби и може хотел да се започне во барок и да се заврши во модернистички стил (иако, да бидам искрен, се сомневам во тоа), но во политиката така не оди - што е криво насадено, криво и ќе израсне. Има многу подобри идеи и начини како да дојдеме до компромис што ќе значи напредок на Македонија.
Љубчо пријателе, никој не ја прашува ВМРО-Народна колку од барањата на СДСМ поддржува. Изградете си вие сопствени барања, сопствена политичка позиција. Време е твојата партија да има сопствен идентитет, со кој ќе конкурира на политичкиот пазар. Мене лично ми недостасуваат енергијата, харизмата и визионерството на Љубчо Георгиевски од почетокот на деведесеттите, кои беа сржта на славното ВМРО-ДПМНЕ. Сами ти можеш да ни ги вратиш. Не биди сега Шарло на денешната опозиција! Немој ВМРО-Народна да ја приклучуваш на ова ВМРО-ДПМНЕ, како што Шарло ја приклучи КПМ кон БКП. И не нЉубчо пријателе, немој ВМРО-Народна да ја приклучуваш на ова ВМРО-ДПМНЕ, како што Шарло ја приклучи КПМ на БКП. И не нè убедувај сите да тргнеме по патот на поразот, ако веќе самиот невнимателно си кинисал по него.
Објавено: 12.10.2014 17:09
koko:
Секогаш сум спорел во коментарите со позициите на Геро и секогаш кога е Георгиевски во прашање сум бил на негова страна....уште мислам дека единствен политичар за кој вреди да се зборува и коментира... Но, Љубчо, Геро е потполно во право овој пат, остваи се, за подемократски времиња, кои ти, Геро, Јадранка, ваљда Заев.... со народот, се разбира, се надевам ќе ни ги вратите....
Објавено: 12.10.2014 16:29
Makedonec:
Chesto pati se prashuvam, dali Ljubcho, kako i Sashe Politiko, igra nekoja igra? Vo odredeni nastapi, totalno mi se nejasni i somnitelni i dvajcata. Inache, apsolutno se slozuvam so tvojot stav Gero - ovde SDSM ne smee da popushti! Ne tolku za dobroto na SDSM, koj popat moze i da nestane (shto i ne e nekoj problem), kolku za dobroto na Makedonija, koja ne smee nikako da nestane. A tie, koi go napadot vrz DPMNE smetaat za napad vrz Makedonija, neka se gonat da ne kazam kade. Pozdrav!
Напиши коментар:
име:
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
порака:
|
|
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

Прочитано: 6318
Објавено: 12.10.2014 21:37
do Gerovski:
Kolku zvuchi smeshno ona deka NP tezhela 60 000 glasovi.Ova tresenje od rakav so taa brojka e zatoa sto taka kazha Stojkov,koj ja izmisli taa brojka zaradi shokot od zatvorkata kazna.Ne mozhe eden,a ni povekjemina da ukradat 60 000 glasovi so takvi nabljuduvachi od OBSE i od opozicionite partii na izbirachkite mesta i pri broenjeto.A da kazheshe Stojkov 100 000 i ti ke kazheshe deka NP tezhi 100 000 glasovi.NP ne tezhi ni 10 000 glasovi.Vidoa vmrovcite deka NP e bugarofilska partija i zatoa ja ignoriraat.