- 16.10.2014 09:21 Бројот на природни катастрофи во 2013 е...
- 16.10.2014 09:18 Високиот комесар на ОН за бегалци ја...
- 16.10.2014 09:16 Косовските надлежни служби го вратија...
- 16.10.2014 09:15 Седум години без Тоше
- 16.10.2014 09:14 Почина поранешниот младински...
- 16.10.2014 09:11 ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата...
- 16.10.2014 09:08 Рускиот претседател Владимир Путин во...
- 16.10.2014 09:05 ИД оствари значителен напредок во Ирак
- 16.10.2014 08:50 ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва...
- 15.10.2014 23:09 Времето утре променливо облачно со...
Останатo од Бранко Героски |
Сте ја слушнале ли приказната за „второто полувреме“?
Кога ВМРО-ДПМНЕ во 2001 година ја изгуби војната против тогашните „терористи“, а сегашните омилени партнери во тендерската коалиција, кога владата на Љубчо Георгиевски - во која сегашниот премиер Никола Груевски не беше шајшутка, туку министер одговорен за собирање на воениот данок! - мораше прво да се „прошири и надгради“ со СДСМ, да потпише капитулација и потоа да падне, единствената утеха на авантуристите им беше закана дека, кога и да е, ќе имало „второ полувреме“. Во кое Македонците ќе го изедначеле резултатот и потоа конечно ќе ги победеле Албанците и ќе завеле „ред“ во државата.
Таа желба за одмазда тлее веќе десет години. Повторно се распламти во последниве осум триумфални месеци, откако ВМРО-ДПМНЕ победи на јунските избори, го освои четвртото место на кошаркарското првенство во Европа, ги промовира „Гоцевата раса“ и триумфалната капија, за конечно да ги прослави успесите на ракометарите со воинствени песни за „клетите шиптари“ и со оној тажен скандал на карневалот во Вевчани. Со еден збор, вмровците јавно ја обзнанија својата желба за уште еден голем триумф, имено во натпреварот во кој првото полувреме за нив заврши неславно.
Ахметиевци не се наивни, иако глумат дека се такви. Тие многу добро знаат дека ако состојбата на теренот ескалира, на „командантите“ може да им се случи она што им се случи на асовите на ДПА и на ПДП во 2001 година - да завршат не на резервната клупа, туку во соблекувалната, испратени од својата публика со свирежи, а на теренот да истрчаат (или, подобро речено, од планина да се симнат) некои нови играчи. Според моето уверување, таа промена номенклатурата во албанскиот блок делумно беше и смислата на конфликтот во 2001 година. Затоа, интегративците сфатија дека мора да одговорат на предизвикот и да го подигнат влогот во својата валкана игра со Груевски.
Беше избран одличен повод, одличен тајминг и погодно место за тој одговор. Оној провокативен перформанс на Вевчанскиот карневал (го видовте, претпоставувам, деновиве видеото од тој перформанс, што неодговорно го објави еден портал) сериозно ги повреди чувствата на муслиманите. Премиерот Груевски се потрефи надвор од земјата, на своето инвестициско оф-роуд шоу, овој пат во Турција. А како Струга нема друга, ако некој сака да измери до каде можат да забегаат радикалите - таму има многу нервоза не само меѓу Албанците и Македонците, туку и кај Македонците муслимани, има мешетари од разни бои (тие од удбашка провиниенција, за жал, ги запознав и самиот, пред три години), а градоначалникот и локалната власт во целина, се приказна за себе.
Одговорот на „муслиманите“ беше жесток, би се рекло дури и соодветен на провокацијата. Груевски мораше панично да ја спасува ситуацијата, да го крши телефонот од Кајсере, па дури и да му нареди на својот најверен медиумски мегафон, барем една вечер да се жртвува, да го смени тонот и да ги „искара“ Вевчанци. Сепак, остана впечатокот дека груевци и ахметиевци не се способни да ја спасат ситуацијата, да го менаџираат конфликтот, доколку дојде до ескалација.
Затоа, за да си купат малку време, додека да се прегрупираат и едните и другите, во јавноста е пуштен нов спин - за сѐ е виновен Бранко! Непријатната завача да го одработи тој спин му е доделена на „специјалецот“ во ДУИ, Артан Груби, поранешниот активист на невладината “Разбуди се“, за кои само наивните поверуваа дека случајно е прешалтуван од службеник во една влијателна амбасада во актуелен пратеник од редовите на ДУИ. Груби „јавно обелодени“ дека функционери на СДСМ наводно контактирале со него, за време на немирите на скопското Кале, за да се создала криза во земјава, која потоа опозиционерите би ја искористиле политички. За оваа своја изјава, нормално, Груби веројатно ќе биде обилно пофален од провладините труби, на чело со оној кој прв дознава, нели, но тој спин нема да ја спаси ситуацијата.
Наспроти сите оптимистички очекувања, дека во овие десет години „успешно“ спроведување на рамковниот договор, сепак, се создала основа за некаков соживот, Македонците и Албанците, муслиманите и православните, овој пат им покажаа и на Груевски, и на Ахмети, а богами и на странците, дека ако бидат повикани во војна, ако се случи тоа фамозно второ полувреме, тие ќе одговорат на повикот. Народот е збудален, во масовна хипноза е, верува во митови и на оваа мизерија очајно му се потребни виновници, противници, борба и триумфи. Ако, не дај боже, пукне, има будали спремни за гинење. Македонија пак ќе се најде на работ на бездната, како пред една деценија. Оваа тендерска коалиција нема да биде способна да ја реши таа криза. Дури ни Бранко овој пат нема да може да ѝ помогне.
Ако има второ полувреме, главниот збор ќе го водат - комплетни идиоти!
Објавено: 01.05.2014 19:14
realen :
Gero se znae kako se pocnuva vojna i koj ja odobruva.Dui ,Vmro,Sdsm ne smeat da pomislat a kamoli da zapocnat takvo nesto.
Напиши коментар:
име:
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
порака:
|
|
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

Прочитано: 6318
Објавено: 06.05.2014 23:39
ostrac:
narodot ne e hipnotiziran,izgleda vie ste hipnotizirani,zamislete se malku,