- 16.10.2014 09:21 Бројот на природни катастрофи во 2013 е...
- 16.10.2014 09:18 Високиот комесар на ОН за бегалци ја...
- 16.10.2014 09:16 Косовските надлежни служби го вратија...
- 16.10.2014 09:15 Седум години без Тоше
- 16.10.2014 09:14 Почина поранешниот младински...
- 16.10.2014 09:11 ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата...
- 16.10.2014 09:08 Рускиот претседател Владимир Путин во...
- 16.10.2014 09:05 ИД оствари значителен напредок во Ирак
- 16.10.2014 08:50 ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва...
- 15.10.2014 23:09 Времето утре променливо облачно со...
Претставата „Нашиот клас“ собира награди надвор, а фестивалите дома ја прескокнаа
- Објавено: 15.10.2014 14:45
- Прочитано: 2770
- Печати
Претставата „Нашиот клас“ во продукција на Театарот за деца и младинци доживеа голем успех и неверојатен прием во Крагуевац, Србија, на деветиот „Јоаким интерфест“. Жирито го закити ова дело со награда за најдобра претстава во целина, а признание доби и сценографијата која ја изработи Крсте Џидров. Публиката ја поздравила изведбата со овации и долги аплаузи, а комплименти поделиле и колегите од останатите театри, вели екипата на Театарот задоволна од сработеното.
Најголеми пофалби претставата добила од селекторот на фестивалот, Горан Цветковиќ, кој инсистирал оваа година „Нашиот клас“ да гостува во Крагуевац откако ја гледал премиерата во Скопје пред пет месеци. Селекторот, велат одговорните за оваа претстава, ѝ го дал најголемото признание велејќи дека од сите изведби на текстот кој ги проследил, оваа е неоспорно најуспешната.
Во образложението на жирито на фестивалот се вели дека „сите елементи на театарското дело се доведени до врвот, испреплетувајќи се така и толку што се претвораат во она другото. Пред нашите очи, вели жирито, костимот се претвора во актерска уметност, актерската уметност во архитектура, сценографијата во музика, музиката во збор, зборот во слика, сликата во мисла, мислата во глума“.
Како што вели режисерот, професор на Факултетот за драмски уметности (ФДУ), Владимир Милчин, образложението на жирито за двете награди вреди колку и самите награди.
- Во него се повторува реченица на нашите колеги дека ова е претстава во која сите елементи дишат заедно. Сите актери се активни од почеток до крај без оглед на тоа дали имаат или немаат текст. Таа колективна посветеност се повторуваше како лајт мотив. Никој не правеше разлика помеѓу возрасен и помлад актер, постарите делуваа како да се подмладиле – објаснува режисерот.
Тема на фестивалот во Крагуевац оваа година е „Војната во неа и околу неа“. Милчин вели дека „Нашиот клас“ точно ја погодува темата. Дејството се случува за време на Втората Светска војна во училница која функционира и како гасна комора. Приказната се осврнува на позицијата на Еврите и Полјаците во тогашните политички превирања. На прашањето како темата корелира со нашето секојдневие, режисерот вели дека не се само Евреите – Евреи, туку дека секој може да се најде во улога на жртва. Целта на уметникот, вели, е да ги воочи и на време да ги посочи епидемиите како фашизмот, расизмот и национализмот, пред да бидат изгубени човекови животи.
- Една од илузиите во кои живееше светот по Втората светска војна е дека никогаш повеќе нема да имаме погроми, антисемитизам, повампирен фашизам, но се покажа дека тоа не е вистина. Ако сакате и кај нас. Битола е град од кој најголем број Евреи се одведени во логорот Треблинка. Денеска таму се појавуваат кукасти крстови и антисемтиски пароли. Загрижува тоа што со летаргија се преминува преку овие појави и тоа може да биде крајно опасно. На ваквите појави треба да се реагира навремено за да не се прошири заканата од епидемија. Пикањето под килим е крајно неодговорно, а уметниците имаат дожност да бидат одговорни кон себе и кон општеството во кое живеат – вели режисерот.
Текстот, додава тој, е еден од најдобрите за поставување и зборува за пресвртот кога жртвата станува џелат поради своите фрустрации.
Драмскиот текст е дело на Тадеуш Слобоѓанек, а директорот на Театар за деца и младинци, Драган Довлев, вели дека ова е најбараниот текст во моментов во Европа. Додава дека „Нашиот клас“ е претстава која може да стои рамо до рамо со претставите кои не се наменети за деца.
- За прв пат во историјата на театарот сме селектирани на фестивал кој не е детски. Селекторот Горан Цветковиќ присуствуваше на премиерата и на негово инсистирање добивме покана да се натпреваруваме во официјална конкуренција за наградата. На овој начин покажавме дека можеме да се носиме рамо до рамо со театрите за возрасни – посочува тој.
Пред гостувањето на фестивалот во Србија, претставата беше изведена и на прилепскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, како и на МОТ. За искуството во Прилеп, Довлев потсетува дека од 15 доделени награди, „Нашиот клас“ не доби ниедна. На прашањето како го толкува тоа, директорот вели дека е прашање на кое треба да се произнесат организаторите на фестивалот. Сценографот, Крсте Џидров, пак, смета дека имало нелојална конкуренција. Имено, победничката претстава „Вечната куќа“ беше за прв пат во историјата на фестивалот изведена на матичната сцена во новиот театар во МНТ.
- Не можеме да се натпреваруваме со технологијата, со светлата и со техничката опрема. Имавме нерамноправна борба – вели сценографот.
„Нашиот клас“ и понатаму ќе биде на репертоарот на младинскиот театар, а следната изведба е во среда наредната недела.
Милчин, инаку, спрема нов проект во овој театар, но се уште е во почетна фаза на апликација за средства од Министерството за култура. Тој за сега откри само дека протагонисти ќе бидат рускиот писател Данаил Хармс и шпанскиот уметник од 18-19 век Франциско Гоја. Текстот го носи насловот „Денес не напишавме ниту еден збор“, и ќе биде оригинално дело кое ќе се развива во самиот театар.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо
![]() Последни коментари (вкупно: 0) |
Прочитај ги сите коментари: |
Напиши коментар:
име:
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
порака:
|
|
Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
-
Комедијата „Ајде да бидеме полицајци“ во кино-салите во земјава
објавено: 15.10.2014 22:03
Во насловните улоги играат Џејк Џонсон како Рајан и Дејмон Вајанс Помладиот како Џастин.
-
Турското Министерство за култура ја цензурира пиесата на Гете
објавено: 15.10.2014 16:04
Турското Министерство за култура се обиде да ја цензурира пиесата за животот на германскиот поет и...
-
Германски филмови, изложба и претстави во Кавадарци
објавено: 15.10.2014 15:28
Изложба на акварели на ликовниот уметник од Штип, Иван Сулевски, ќе биде отворена во петок во 19 часот во...
-
Претставата „Нашиот клас“ собира награди надвор, а фестивалите дома ја прескокнаа
објавено: 15.10.2014 14:45
На прашањето како темата корелира со нашето секојдневие, режисерот вели дека не се само Евреите – Евреи,...
-
„Еуролинк осигурување“ избира најдобра фотографија на тема „Емотивната страна на културата“
објавено: 15.10.2014 10:34
Љубителите на добрата фотографија, аматери и професионалци, од денеска до 15 ноември ќе можат да учествуваат...
-
Книжевни разговори со Венко Андоновски
објавено: 15.10.2014 10:26
Книжевните разговори ќе се одржат во Спомен-собата на Миладиновци, со почеток во 19.00 часот, а ќе ги води...
-
Ден на ДПМ во Куманово
објавено: 15.10.2014 09:28
Манифестацијата Ден на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи во Куманово, во петок, во 19 часот.
-
Заврши снимањето на „Три дена во септември“
објавено: 14.10.2014 13:45
Станува збор за психолошки трилер, студија на два карактера кои преку меѓусебниот однос ги разоткриваат...
-
ВИДЕО „Нашиот клас“ во режија на Милчин најдобра претстава на Јоаким интерфест во Србија
објавено: 14.10.2014 12:08
Претставата „Нашиот клас“ по текст на Тадеуш Слобоѓањек, во изведба на Театарот за деца и младинци од...
-
Продолжува проектот „Музејот – пријател на децата"
објавено: 14.10.2014 11:20
Националната установа Музеј на македонската борба – Скопје и во новата учебна година го продолжува...
-
Филхармонија в четврток со „Ах тие летни ноќи“
објавено: 14.10.2014 11:14
Македонската филхармонија, во четврток во Македонската опера и балет во 20 часот, ќе го одржи вториот...
-
„Да се истрае“ - самостојна изложба на Марија Конеска
објавено: 14.10.2014 11:00
Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во Галерија 8-Безистен во Старата скопска...
-
Изложба на Лилјана Митевска во Куманово
објавено: 14.10.2014 09:53
Изложбата „Огледало на душата“ на Лилјана Митевска ќе биде отворена во четврток во 19.30 часот во...
-
Книга за дипломатија и феминизам од Нела Ташковска
објавено: 14.10.2014 09:46
Книгата „Дипломатија и феминизам: Каде се жените во политичката медијација“ од младата авторка Нела...
-
ГАЛЕРИЈА Премиера на новата драма на Горан Стефановски режирана од Александар Поповски в четврток
објавено: 13.10.2014 18:23
Жанрот на пиесата е трагична фарса. Истовремено е трагично и комично да се гледа како луѓето, според Џојс, се...
-
ВИДЕО Скопски џез фестивал со 12 концерти годинава
објавено: 13.10.2014 15:41
Фестивалот ќе се одржи 16 до 19 октомври на повеќе локации во Скопје, и тоа во Универзална сала, Сити хол...
-
Промоција на книга за македонските Евреи од 16. до 19. век в четврток
објавено: 13.10.2014 15:24
Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија в четврток со почеток во 12 часот ќе биде...
-
Промоција на книга од Димитар Мирчев
објавено: 13.10.2014 09:51
Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ утре во 18 часот ќе се одржи промоција на книгата...
-
Изложба „Експериментален цртеж“ во Дом на АРМ
објавено: 13.10.2014 08:56
Изложбата „Експериментален цртеж 2014“ ќе биде отворена утре во 20 часот во галерискиот простор при Домот...
-
Алма Идризи на Есенскиот салон, каде учествувал и Пикасо
објавено: 12.10.2014 12:09
Алма Идризи е мултимедијален уметник чии дела се претставени преку дигиталната фотографија, сликарство,...
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

Прочитано: 6317