- 16.10.2014 09:21 Бројот на природни катастрофи во 2013 е...
- 16.10.2014 09:18 Високиот комесар на ОН за бегалци ја...
- 16.10.2014 09:16 Косовските надлежни служби го вратија...
- 16.10.2014 09:15 Седум години без Тоше
- 16.10.2014 09:14 Почина поранешниот младински...
- 16.10.2014 09:11 ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата...
- 16.10.2014 09:08 Рускиот претседател Владимир Путин во...
- 16.10.2014 09:05 ИД оствари значителен напредок во Ирак
- 16.10.2014 08:50 ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва...
- 15.10.2014 23:09 Времето утре променливо облачно со...
Оскар Писториус им давал пари на родителите на неговата убиена девојка
- Објавено: 15.10.2014 16:00
- Прочитано: 1666
- Печати
Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус им давал пари за издржување на родителите на неговата убиена девојка Рева Стенкамп, беше соопштено во судот во Преторија.
Од понеделникот, во судот трае расправата, пред да биде изречена казната за Писториус, кој минатиот месец судијата во процесот,го прогласи за виновен, за ненамерно убиство на Стенкамп.
Иако судот не го прифати обвинувањето на Јавното обвинтелство за убиство со умисла, параолимпискиот спринтер сè уште се соочува со можноста да биде казнет со затвор од 15 години. Судијата, сепак, може да ја суспендира затворкста казна, со друг вид санкција.
За парите за семејството Стенкамп се разбра откако, во своето излагање, обвинителот Гери Нел, остро ја осуди понудата на Писториус до таткото и мајката на убиената девојка, нарекувајќи ги како „крвави пари“ кои родителите не ги сакаат.
Адвокатите на Писториус тогаш открија дека атлетичарот им понудил, а тие прифатле секој месец да примаат од него по шест илјади ранда (550 американски долари). Родителите на убиената Стенкамп западнале во финансиска криза и се соочувале со банкротство, по смртта на нивната ќерка Рева, па парите од Писториус им биле потребни за плаќање кирија и за месечните трошоци околу нивниот дом.
Ваквите исплати биле давани од март минатата година, веднаш по трагичниот инцидент во кој Рева беше убиена, се до септември оваа година. Договорот бил родителите да ги вратат парите кога ќе се поправи нивната финансиска ситуација.
Писториус преку своите адвокати им понудил и еднократно уште 34 илјади долари, што родителите на неговата, сега убиена девојка, ги одбиле. Атлетичарот сугерирал целиот тој аранжман да остане во тајност, но обвинителство се одлучи сето тоа да го прикаже во завршната расправа, пред определувањето на казната, како обид на осудениот Писториус, за замолчување на ожалостените родители на Стенкамп, или како откупување на гревот поради убиството.
Засега не се знае каков ефект врз определувањето на казната ќе има овој детал од односите меѓу Писториус и родителите на Рева Стенкамп, но тие во соопштение за јавноста рекоа дека ќе му ги вратат на атлетичарот сите 10.500 долари што досега ги имаат примено и се обврзаа дека против него нема да покренуваат никаква граѓанска парница.
Писториус ја уби својата девојка во февруари минатата година, во неговата вила во Преторија, пукајќи со пиштол низ вратата на бањата,мислејќи дека таму се крие провалник. И тогаш и сега, тој тврди дека пукал по грешка. Стенкамп беше манекенка и фото модел, а беше пред крај со правните студии.
Одбраната преку социјален работник кој беше повика како сведок, откри дека настојува Писториус да биде осуден на три години домашен затвор и општествено корисна работа. Ваквата изјава од обинителство беше огласена како „крајно несоодветна“ и предизвика шокираност кај родителите на убиената. Тие сметаат дека Писториус требаше да биде осуден за убиство со умисла.
Извор:МИА
![]() Последни коментари (вкупно: 0) |
Прочитај ги сите коментари: |
Напиши коментар:
име:
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
порака:
|
|
Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
-
Бројот на природни катастрофи во 2013 е најмал во изминатата деценија
објавено: 16.10.2014 09:21
Бројот на природни катастрофи во 2013 година е најмал во последната деценија.
-
Високиот комесар на ОН за бегалци ја повика Европа да ги отвори границите за бегалците од Сирија
објавено: 16.10.2014 09:18
Високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутериш ги повика земјите, најмногу од Европа, да го...
-
Косовските надлежни служби го вратија осумгодишниот Ерион од Сирија
објавено: 16.10.2014 09:16
На приштинскиот аеродром, синоќа пристигна осумгодишниот Ерион Сина, кој пет месеци заедно со неговиот...
-
Рускиот претседател Владимир Путин во посета на Белград
објавено: 16.10.2014 09:08
Рускиот претседател Владимир Путин пристигнува денеска во Белград за да учествува во прославата посветена...
-
ИД оствари значителен напредок во Ирак
објавено: 16.10.2014 09:05
Групацијата „Исламска држава“ оствари значителен напредок во Ирак
-
Наjмалку 12 луѓе загинаа во два бомбашки напади во Могадишу
објавено: 15.10.2014 22:20
Досега никој не презеде одговорност за нападот.
-
Медицинската сестра заразена со ебола од Далас ќе биде префрлена во Атланта
објавено: 15.10.2014 21:44
Директорот на Центарите за контрола и превенција на болести во САД, д-р Томас Фријдан истакна дека...
-
СЗО: Од ебола починаа 4.493 лица
објавено: 15.10.2014 20:49
„До 12 октомври од заразната болест починале 4.493 луѓе, а заразени се 8.997 лица“,се посочиува во соопштението...
-
Египетски авиони нападнаа позиции на милитантите во Либија
објавено: 15.10.2014 19:59
Либискиот премиер Абдула ал Тани најави дека владините сили на Либија ќе се борат против „терористите“ во...
-
Операцијата против ИД во Ирак и Сирија наречена „Вродена решителност“
објавено: 15.10.2014 19:30
Американските воени авиони вчера и денеска извршија 18 напади врз позиции на Исламска држава во сирискиот...
-
Кодељи: Еди Рама не ја одлага посетата на Белград
објавено: 15.10.2014 19:13
Албанската министерка за одбрана Мими Кодељи потврди дека премиерот на Албанија Еди Рама ќе ја посети...
-
Кина го блокира сајтот на Би-Би-Си
објавено: 15.10.2014 19:09
Ова е прв ваков случај од декември 2010 година, кога веб-локацијата на Би-Би-Си беше целосно блокирана во Кина....
-
Силен земјотрес го погоди Иран
објавено: 15.10.2014 19:01
Епицентарот на земјотресот бил на 59 километри, северозападно од градот Дезфул во близина на границата со...
-
Во Далас се очекуваат нови случаи на ебола
објавено: 15.10.2014 18:58
Градоначалникот на Далас, Мајк Ролингс изјави дека зградата каде живее втората медицинска сестра е...
-
Најмалку 21 загинати во снежна бура во Непал
објавено: 15.10.2014 18:44
Меѓу жртвите има четворица планинари од Канада, по тројца од Израел и Полска, како и по еден индиски и...
-
Албански Грци нападнати од националисти по фудбалскиот натпревар Србија-Албанија
објавено: 15.10.2014 18:25
Група од околу 100 лица, кои носеле албански знамиња и транспаренти со националистички пораки, со автомобили...
-
Во Ораховац нападнат домот на православен свештеник
објавено: 15.10.2014 18:13
Тие извикувале „Албанија, Албанија“, фрлале стаклени шишиња врз куќите и на плоштадот пред православната...
-
Оскар Писториус им давал пари на родителите на неговата убиена девојка
објавено: 15.10.2014 16:00
Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус им давал пари за издржување на родителите на неговата убиена...
-
Би-Би-Си : Обнова на „проруските чувства“ во Бугарија за време на предизборната кампања
објавено: 15.10.2014 15:55
Во текот на предизборната кампања, за минатонеделните парламентарни избори во Бугарија, е збележано...
-
Олси Рама: Немам ништо со инцидентот со леталото
објавено: 15.10.2014 15:47
Олси Рама, братот на албанскиот премиер кој е осомничен дека стои зад инцидентот на фудбалскиот натпревар...
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

Прочитано: 6318