Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

Египетски авиони нападнаа позиции на милитантите во Либија

  • Објавено: 15.10.2014 19:59
  • Прочитано: 1757
  • Печати

Египетски воени авиони денеска бомбардира позиции на исламистичките милитантни групи во источниот либиски град Бенгази. Нападите на авионите се во рамките на операцијата против милитантите предводена од Египет, во која се вклучени и либиски копнени сили.

 

Либискиот пратеник Тарик ал Џоруши информира дека египетските авиони што ги извршиле нападите биле управувани од либиски пилоти.

 

Портпаролот на Генералштабот на Вооружените сили на Либија, полковник Ахмед ал Месмари соопшти дека либиската армија ја подржува операцијата „Достоинство на Либија“, што ја започна одметнатиот генерал Халиф Хафтар против „терористичките групи“ во градот Бенгази.

 

- Тоа е сега една од операциите на армијата - додаде Месмари.

 

Либискиот премиер Абдула ал Тани најави дека владините сили на Либија ќе се борат против „терористите“ во Бенгази се до конечната победа.

 

- Единственото нешто што ни остана, е сами да се бориме со оружје против терористите. Меѓународната заедница се откажа од поддршка на либиската армија. Подготвени сме за дијалог со легитимните претставници, но групите кои се го контролираат Бенгази се терористи - изјави Тани, додавајќи дека владата на Либија ги поздравува сите оние кои сакаат да се борат во редови на либиската армија.

 

Извор: МИА

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>