- 16.10.2014 09:21 Бројот на природни катастрофи во 2013 е...
- 16.10.2014 09:18 Високиот комесар на ОН за бегалци ја...
- 16.10.2014 09:16 Косовските надлежни служби го вратија...
- 16.10.2014 09:15 Седум години без Тоше
- 16.10.2014 09:14 Почина поранешниот младински...
- 16.10.2014 09:11 ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата...
- 16.10.2014 09:08 Рускиот претседател Владимир Путин во...
- 16.10.2014 09:05 ИД оствари значителен напредок во Ирак
- 16.10.2014 08:50 ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва...
- 15.10.2014 23:09 Времето утре променливо облачно со...

Скопје 2014 и 101-от резервен полициски баталјон
Мирослав Грчев
- Прочитано: 3182
- 07.10.2014
Останатo од Мирослав Грчев |
Големите злостори се секогаш надвор од моќта на разбирање на луѓето. Ноторна вистина е дека по секој magnum crimen настапува општо неверување, згрозеност и потполно неразбирање на човештвото. Парадокс е дека токму тоа сеприсутно несфаќање на злосторите е суштински одраз на нашата човечност. Но, уште пошокантно е сознанието дека најстрашните злостори не се дело на поединци што се во власта на некоја нечовечка демонска сила на радикалното зло, туку на сосем обични луѓе, на армии сосем обични мали луѓе во служба на фундаменталистички религии, тоталитарни идеологии или системи. Концептот на баналноста и на најстрашните зла кои ги чинат луѓето го разви Хана Арент во нејзиното дело „Ајхман во Ерусалим“, од каде што потекнува и нејзиното суштинско откритие дека монструозните масовни злостори не ги чинат „ни изопаченици, ниту садисти, туку (...) застрашувачки нормални луѓе. (...) Таа нормалност е пострашна од сите ѕверства, зашто укажува дека овие злосторници ѕверствата ги чинеле под околности кои во потполност им оневозможувале да знаат или да чувствуваат дека чинат нешто погрешно“.
Концептот на баналноста на злото се темели на претпоставката дека изопачената општествена стварност ги тера обичните луѓе да чинат незамисливи злостори мислејќи дека чинат нешто нормално, односно не мислејќи воопшто. Бонхофер дури и пред Арент укажа на плиткоумноста на злото во својот трактат „За глупоста“, во којшто тврди дека глупавиот чини зло не размислувајќи и на тој начин практично откажувајќи се од себеси, при што „од него се создава инструмент без воља кој е способен да почини секакво зло, а истовремено да не е способен да го спознае како зло“.
Еден од секако најекстремните примери за несфатливата плиткоумност на злото односно за способноста на обичните луѓе да чинат зло без да размислуваат воопшто за своите постапки, е злогласниот германски 101 резервен полициски баталјон, кој беше задолжен за екстерминација на Евреите од Полска и од Советскиот Сојуз. Баталјонот се состоел од 500 резервисти, сосем случајни обични луѓе од сите возрасти и занимања коишто не биле мобилизирани во воена туку во позадинска служба. Овие полициски резервисти стрелајќи од непосредна близина со рачно оружје, во периодот помеѓу јули 1942 и ноември 1943 година убиле најмалку 38. 000 мажи, жени и деца, а најмалку 45 000 депортирале во Треблинка. Во просек, секој од петстоте обични луѓе лично убил 76 луѓе и деца, а пратил во смрт уште 166. Најважниот податок за 101-от резервен полициски баталјон е дека луѓето не биле присилувани да убиваат во текот на вршењето на оваа ѕверска служба, а ниту, пак, биле земани на одговорност доколку се откажувале или одбивале да ја извршат задачата. Да биде најлошо, на резервистите им било нудено да се откажат ако сметаат дека нема да бидат во состојба да ја исполнат задачата. Се откажувале помалку од 10 насто од нив, што ќе рече дека баталјонот убивал на доброволна основа, или, како што подоцна се покажа во исказите на овие обични луѓе, убивале поради тоа што сите тоа го правеле, затоа што им било незгодно да се издвојат од колективот.
Сигурно погодивте, почитувани читатели, дека зборувајќи за обичните луѓе од 101-от резервен полициски баталјон, зборувам за извршителите на Големиот злостор на режимот на Груевски, таканаречениот „проект Скопје 2014“. Некој можеби ќе рече дека претерувам, дека се работи за дузина малоумни згради и стотина бездарнички скулптури и дека во „проектот“ нема масовни гробници, гасни комори и ѕверски истребувања на луѓе, па поради тоа е непримерно да го нарекувам magnum crimen и да го споредувам со најголемите парадигми на злото од 20 век. Но, „Скопје 2014“ е најголемиот злостор врз граѓаните на Македонија од нејзиното раѓање во 1944 до денес. Негови жртви се македонскиот државен и културен проект, нашата млада демократија и уставноправниот поредок; негови жртви се и нашите права и слободи, нашето достоинство и идентитет, културните и морални вредности, чувството за добро и убаво. Може да се рече дека Македонија како татковина на достоинствени и слободни граѓани по „Скопје 2014“ веќе не постои, зашто таа е сега ребрендирана од држава - во ништо, и од нација победничка во Втората светска војна - во жална глутница на умоболници со идентитетско пореметување на личноста. „Скопје 2014“ е македонскиот општествено-културен холокауст. Негови жртви се и иселените половина милион млади Македонци, а негова последица ќе биде и биолошкото исчезнување на нацијата поради нејзиното одбивање да се репродуцира во мизерни и недостојни околности. Тоа е Злостор што ни го фалсификуваше минатото, ни ја обесмисли сегашноста и ни ја украде иднината: тоа се секако доволно жртви за да се нарече Голем злостор.
Тоталното отсуство на мисла, разум или рационалност во овој владин „проект“ е уште еден аспект што го прави споредлив со Големите злостори од минатото. Неговите извршители сме небаре сите ние, обичните луѓе, коишто со активно чинење – планирање, проектирање, градење, „бранење“ и бендисување; со привидно нечинење, незаинтересираност или комплетна индиферентност; со „реалистична“ адаптибилност, „конструктивна“ критика или позерско одбивање, практично сите сме одбиле да размислуваме и да ја препознаеме чудовишноста на Злосторот што го вршиме или толерираме. Сите ние сме како потомци на резервистите од 101-от полициски баталјон: возрасни деца што одбиле да созреат за да уживаат во закрилата на неспособноста за самостојно мислење и се препуштиле на слепото извршување или на тапата и лицемерна толеранција. Практично сите ние покажавме жално отсуство на разум и човештина кога се градеше ова чудовиште од Злостор со очебијни културоцидни последици, но затоа упорно пројавуваме вишок на домаќинска грижа и толеранција за потрошените пари и вградените градежни материјали, во сите ситуации кога ќе се спомене неговото рушење и чистење од културниот простор на земјата.
Колку и да е тешко да се изговори, за „Скопје 2014“ е повеќе заслужна плиткоумноста на нашата толеранција отколку монструозното зло и глупост на неговите непосредни извршители. И затоа, ослободувањето на Македонија ќе биде можно само доколку престанеме да ја толерираме изопачената општествена стварност во која „Скопје 2014“ може физички да постои во слава на Големиот злостор роден од инцестуалната врска помеѓу злото и плиткоумноста.
Објавено во „Слободен печат“
Објавено: 08.10.2014 23:03
Партизанот:
1944 бе! Легенда, аман.
Објавено: 08.10.2014 10:33
Gargamel:
Do star komunjar - i nema potreba da go procitaat "tie",zasto "necitanjeto" im donese,a sami si go napravija,povisok standard,stanovi,kukji po lokaciite pikirani i formirani od "tranzicijskata borzuazija",bankarski smetki,kako doma taka i "ugjum",po razni Kajmani i slicni "biznis" lokacii po svetot,kako se razbira i firmi,pa ....Zatoa i ne citaat,a ako i citaat nema pozitiven efekt,ne dopira.
skopjanka - bravo za "korekcijata" toa e toa.
Profesore,konceptot na banalnosta i zloto bara "pocva",sredina za razvoj,uslovi na mentalen kod,....Ne doagja sam po sebe.Vo golema mera sme krivi,a poedinci moraat da snosat i odgovornost,za obezbeduvanje na "pozitivni" uslovi za istiot razvoj.I pored toa sto sum ateist ke recam,gospod ne ni gji donese.
Напиши коментар:
име:
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
порака:
|
|
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

Прочитано: 6318
Објавено: 13.10.2014 13:44
don:
Opsednat 2014- horor film so Drakula vo glavna uloga.Koj kje ja prezhivee proekcijata ima shansi da raskazhuva.So tekot na vremeto istiot se pretvara vo komedija.Kako posledica na dolgo gledanje eden ist film.