Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0
http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/miroslav grcev.jpg

Црвената октомвриска зора

  • Мирослав Грчев

  • Прочитано: 1967
  • 14.10.2014
Сподели со твоите пријатели!

Деновиве, кога светот повторно заличува на еден обесхрабрувачки растроен и насилен век, бегло ги одгледавме и харковските фашисти како еуфорично го уриваат дваесетметарскиот споменик на Ленин. Веќе одамна никој не пушта солза за Ленин, а многумина со мозоци испрани со антикомунистичка пропаганда што не знаат ништо за историската улога на неговата комунистичка револуција, гледам, им се радуваат на неговите урнатини. Ред е затоа, по повеќе од 25 години интензивен, напати хистеричен историски ревизионизам во кој се потрошени трилиони зборови за да се озлогласат комунизмот и ленинизмот како најголемите светски зла, да ја искористам оваа пригода за потсетување на значењето на оној вистинскиот, црвениот октомври 1917 година.
Иако денес во Македонија се одбегнува и спомнувањето на руската Октомвриска револуција предводена од Ленин, сепак, ниту еден образован човек не би требало да се двоуми околу фактот дека се работи за револуција над револуциите, која произведе најголеми глобални последици и влијание во модерната историја на светот. Глобалната експанзија на оваа комунистичка социјална револуција, според пишувањето на Хобсбаум, нема историски паралели уште од исламските освојувања пред 12 века. Неполни четириесет години по Лениновото доаѓање на финската станица во Петроград, третина од човештвото живееше во општествени системи што директно произлегуваа од „Десетте дена што го потресоа светот“. А, само петнаесетина години подоцна и втората третина од човештвото во своите земји ја унапредуваше социјалната правда низ социјалистички модели од друг тип, но од истото идејно извориште. Рускиот црвен октомври ги потпали практично сите комунистички, ослободителни и социјални револуции на 20 век. Тоа е така, зашто Октомвриската револуција беше замислена како екуменско случување, а не како борба за власт во расцарената Русија или како ослободител и доносител на социјализмот само во таа земја. Таа беше замислена и водена од Ленин, Троцки и другарите единствено во функција на иницијатор и спроведувач на светската пролетерска револуција, како универзален ослободител на работниците, селаните и угнетените од целиот свет.
Вистината за неговите родители би требало да му е важна на секое самосвесно суштество, па во оваа пригода морам да потсетам дека раѓањето на модерната македонска држава е една од многуте рожби на Лениновата револуција, една од екуменските креации на најголемата од сите револуции. Зашто, борбата за создавањето на ОВАА Македонија беше инспирирана, организирана, започната, водена, во крв платена и, конечно, добиена од темпларите на марксистичко-ленинската вера, од Комунистичката партија на Југославија и од македонските комунисти. Македонскиот 11 Октомври, кога пукнаа првите истрели во слава на зачнувањето на современата македонска држава, беше исто толку црвен како и рускиот 24 години порано, затоа што беше негова директна историска последица. Колку и фашизоидната пропаганда на ДПМНЕ да го маргинализира значењето на комунизмот за раѓањето на современата македонска држава и за еманципацијата на посебната македонска националност, оваа рожба е за среќа премногу добро документирана.
Историска вистина е дека во оловните времиња на експанзивниот фашизам, во мрачните триесетти години од минатиот век, Советскиот сојуз и комунистичката интернационала (и ниту една земја на либералниот капитализам, зошто тие со својата попустливост го обезбедија Хитлеровиот подем!) беа единствените одлучни и ефикасни поборници за обединување на нациите во антифашистички фронт. Факт е и дека сите воено ефикасни и масовни вооружени ослободителни движења во поробена Европа од 1941 до 1945 година, беа водени од комунистичките партии на своите земји, ќерките на рускиот црвен октомври.
Да, почитувани читатели, би требало сите да паметиме, во крвавата 1941 година, кога фашистичките сили и нивните сателити ја окупираа и распарчија првата Југославија, а поголемиот дел од денешната Македонија влезе во составот на фашистичката Обединета Б`лгарија, само југословенските комунисти беа решителни и бескомпромисни антифашисти и само во програмата на КПЈ беше беспоговорно вградена националната еманципација и државотворноста на македонскиот народ. Веќе во месец мај Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија издаде проглас до сите комунисти да се дигнат на борба против фашизмот: „Гответе се сите за последниот решителен бој (...) Застанете на чело на работниците и национално угнетените маси и водете ги во борба против фашистичките поробувачи!“. Во септември 1941 беа извршени организациските подготовки за вооружено востание во Македонија од страна на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија и беше формиран Покраинскиот штаб. Само затоа и само така почна, со првата воена акција во Прилеп, на 11 октомври, вооруженото востание со кое се зачна и од кое, неколку крвави години подоцна, се роди првата народна македонска република во историјата, со македонска национална конститутивност и со слободарски и демократски устав. Раѓањето на македонската држава во воено-стратешка смисла беше овозможено - како впрочем и светската победа над фашизмот - во најголема и пресудна мерка од Црвената армија на Советскиот Сојуз, од таа клучна победоносна рожба на Црвениот октомври.
Поради (овој пат) внатрешната фашистичка окупација на институциите на државата, врз Македонците е спуштена црната завеса на заборавот преку сеќавањата за прескапата цена што со своите животи ја платија најзаслужните херои за постоењето на Република Македонија – нашите витези на Црвениот октомври, македонските комунисти, воините кои најмногу заслужија да им креваме споменици. Живееме со мрачно перде преку нашата совест, кое ни овозможува да не пропаднеме во земја од срам додека новите окупатори - наместо на вистинските македонски херои, апостолите и светците на македонскиот комунизам и народноослободителната борба - им градат споменици на цареви, василевси и фараони, архиубијци, провинциски кољачи и други крвопијци од некое за нас ирелевантно минато. Ако некому воопшто треба да му кренеме споменик на скопскиот плоштад, тоа би требало да биде како планина високата колона на македонските херои на црвената октомвриска зора – комунистите кои ја поведоа вооружената борба против фашизмот, кои ја зачнаа и ја породија современата македонска држава. Нека ни е честит 11 Октомври!

 

Објавено во „Слободен печат“

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

 

Објавено: 15.10.2014 10:42

avgust:

Првиот Македонски ЛИТЕРАТУРЕН (писмен) јазик е основан по успешната победа врз фашизмот.
Се рабира дека и пред тоа се ЗБОРУВАЛ, преку различни диалекти, ама не се употребувал како писмен јазик.
Пред ревиолуцијата во Македонија бил ПИСМЕН јазик или БУГАРСКИОТ или СРПСКИОТ!

Објавено: 15.10.2014 06:07

do avgust:

Makedonskiot jazik se zboruval i koga nemalo makedonska drzhava.

Објавено: 14.10.2014 20:53

Берија:

Знав дека професоров е интелектуалец левичар и тоа good one, но ваквиот негов панегирик на воениот комунизам ме остави подзинат. Ако јас сум жртва на антикомунистичката хистерична пропаганда, тогаш морам да забележам дека тој е жртва на комунистичката пропагандна центрифуга, која очигледно дека и од неспорно умни луѓе може да направи некритички апологети.Професоре, каква врска има оценката на Хобсбаум за глобалната експанзија на воениот комунизам, со неговата вистинска природа и последиците од таа општествена непогода. И по 25 години од неговата катаклизма и консензуално во светски рамки прифатената оценка за него како за тоталитарен систем кој предизвика повеќе жртви од фашизмот, сеуште оперирате со догматските ленинистичко-сталинистички мистификации и со нашиве локални соц-реалистички митови. За момент се почувствував како да сум на забрзан скоевски курс во 50-тите години.

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>