Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ цитира погрешен член на законот за да се извлече

  • Објавено: 14.10.2014 18:41
  • Прочитано: 2788
  • Печати

ВМРО-ДПМНЕ не негира дека најголем дел од фирмите сами ќе треба да си ја платат новата задолжителна ГПРС каса, иако власта најавуваше дека касата ќе биде на државен трошок, одговара СДСМ на реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на пратеникот од СДСМ, Јован Митревски.

 

„Најголемиот товар ќе падне на малите и средни претпријатија што едвај работат, за да преживеат. Власта на ВМРО-ДПМНЕ, со реакцијата, се обидува да се оправда, безобразно извртувајки дури и закон. Членот што го цитираат од Законот за персонален данок се однесува на самостојните вршители на дејност, занаетчиите, кои воопшто немаат фискални каси и данокот го плаќаат според паушално утврдена основица“, одговара СДСМ.

 

Најголемата опозициска партија порачува дека се залага за плаќање на даноците и за ГПРС каси за сите, но тие да бидат бесплатни.


„Сметаме дека фирмите треба да имаат ГПРС каси, но СДСМ бара, замената на касите со нови ГПРС каси да биде бесплатна, посебно за малите претпријатија“, се вели во реакцијата од СДСМ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

 

Објавено: 14.10.2014 19:27

Тасе:

ГПРС доаѓа од General Packet Radio Service и само начин, односно технологија на поврзување помеѓу два уреди со цел размена на информаци меѓу нив, односно ништо повеќе од конекција. Доколку постоечките фискални апарати имаат начин како да ги пренесат податоците до одредено место, тогаш инсистирањето на гпрс фискални апарати е дополнителен трошок, т.е. прашање е целисходноста на обврската.

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>