Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

ВИДЕО Рама: Горд сум, Дачиќ: Ова е дело на братот на Рама

  • Објавено: 15.10.2014 12:01
  • Прочитано: 2277
  • Печати

Албанскиот премиер Еди Рама на неговиот Фејсбук профил напиша дека е горд „затоа што црвено-црните ја добија фудбалската војна“, но жали за соседите затоа што „испратија грда слика во светот“.

- Горд сум затоа што црвено-црните ја добија фудбалската војна. Но, истовремено, жалам што соседите, испратија грда слика во светот, напиша Рама на својот налог на Фејсбук.

Братот на албанскиот премиер, Орси Рама, кој е американски државјанин, беше уапсен синоќа во ВИП ложата на стадионот „Партизан“, под сомнение дека го организирал и раководел инцидентот со албанскиот банер закачен на дрон, по што натпреварот беше прекинат. Подоцна тој беше ослободен и вратен во Албанија.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека инцидентот на синоќешниот фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија во Белград е однапред испланирана провокација.

- Вакво нешто не се случило на ниту еден фудбалски натпревар и тоа е претходно подготвено. Главно прашање за мене е како ќе реагираат ЕУ и УЕФА, бидејќи ако некој од Србија го развиореше знамето на „Голема Србија“ во Тирана или Приштина, тогаш проблемот веднаш ќе беше ставен на дневен ред во Советот за безбедност на ОН. Во овој инцидент неоспорен е фактот дека е организиран од братот на албанскиот премиер, кој требаше тука да биде гостин. Ова е политичка провокација - истакна Дачиќ.

Тој додаде дека во текот на целиот вчерашен ден европски дипломати вршеле притисок да им се дозволи на албанските навивачи да влезат на стадионот, иако тие биле запрени на аеродромот и немале билети за натпреварот. Дачиќ смета дека Србија нема никаква одговорност за прекинот на натпреварот.

Политичкиот аналитичар Бранко Радун изјави денеска дека инцидентот на натпреварот Србија – Албанија е режиран со цел да се испрати порака на власта во Белград дека може да се случи хаос ако се организира парада во Белград во присуство на претседателот на Русија, Владимир Путин.

- Станува збор за нечуена провокација со цел дестабилизација на Србија и нанесување удар на власта во Белград од некои центри на Запад - истакнал Радун за Утринската програма на ТВ Пинк.

Претседателот на ФИФА СЕП Блатер се огласи на Твитер по повод инцидентот на стадионот на „Партизан“.

- Фудбалот никогаш не смее да се користи за политички пораки. Остро го осудувам тоа што се случи во Белград минатата ноќ - напиша првиот човек на ФИФА на својот Твитер профил.

Фудбалерите на репрезентацијата на Албанија беа дочекани во Тирана како херои. Играчите тврдат дека претрпеле хорор на натпреварот со Србија и дека сега очекуваат праведна одлука од УЕФА. Фудбалерот на Лацио, Лорик Цана, на една социјална мрежа напишал дека нивниот орел е слободен и дека секогаш слободно ќе лета.

Фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија, што се одигра за квалификации за учество за Европското првенство 2016, беше прекинат синоќа во 42-та минута по инцидентот со банерот со голема Албанија закачен на дрон.

 



Подготви: А.Ј.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

Објавено: 15.10.2014 12:36

provokacija:

a,sto mislat brakata samo nivnoto zname e sveto koga niv gi boli site isto mislat, a obratno...

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>