- 16.10.2014 09:21 Бројот на природни катастрофи во 2013 е...
- 16.10.2014 09:18 Високиот комесар на ОН за бегалци ја...
- 16.10.2014 09:16 Косовските надлежни служби го вратија...
- 16.10.2014 09:15 Седум години без Тоше
- 16.10.2014 09:14 Почина поранешниот младински...
- 16.10.2014 09:11 ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата...
- 16.10.2014 09:08 Рускиот претседател Владимир Путин во...
- 16.10.2014 09:05 ИД оствари значителен напредок во Ирак
- 16.10.2014 08:50 ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва...
- 15.10.2014 23:09 Времето утре променливо облачно со...
Останатo од Мерсел Биљали |
Прославата на стогодишнината од албанската независност и Денот на знамето очигледно дека во крајно фокусирана верзија ја исфрли на површина најреалната слика во сферата на меѓуетничките односи во земјава. Генерална оценка е дека двете најголеми заедници се движаат кон тоа што се нарекува психолошка разделба. Сите анализи кои беа направени во постконфликтниот период покажуваа една рапидна кохезивна атмосфера на меѓуетнички план. Во 2006 година, дури 50 проценти од Албанците имале разбирање за чувствата на Македонците во однос на името. Исто така, и кај Македонците имаше големи промени во нивните перцепции во полза на поддршка на Рамковниот договор - од 17 отсто во 2002 година, до 53 отсто во 2006 година.
Но, што се случи, зошто возот ни тргна во спротивна насока?
Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, работите многу се сменија. Уште од старт, ова партија даде до знаење дека ќе стави „мораториум“ врз меѓуетничките прашања, дури ќе врши и некава ревизија. Тоа наиде на голема поддршка кај нејзините рурални симпатизери, во стилот „да, токму така треба со Шиптарите“. Набрзо таквиот сигнал го фатија и некои поодминати кадри во врвот на МАНУ, па опасната игра беше спремна да почне. Во меѓувреме, националистичките структури на власт ги раздвижија и дел од младите навивачи, за да помогнат во создавањето на потребната атмосфера. Така се случи Нерези, што веќе требаше да биде аларм за власта дека состојбата сериозно се усложнува. Но, таа ги затвори очите и ги затна ушите. Тоа беше зелено светло за да почне хистеријата на стадионите за „клетите Шиптари“, за „Гоцевата раца“, по што уследи „умрете каури“ и низата инциденти по автобуси. Ракоментата триумфална атмосфера беше шлагот на торатата, кулминација на многу опасни појави, поддржани од еден докрај неодговорен режим.
Власта, на директен или индиректен начин, ја потпомагаше омразата. Старото знаме што го покриваше целиот плоштад беше сенка, за да му биде пријатно на ирационалното, а да изгори рационалното. Сега заедниците се натпреваруваат кој ќе вее пограндиозно знаме. Врв на налудничавоста беше проектот “Скопје 2014”, потпомогнат од многубројни апсурдни закони, како што беше, на пример, законот за наталитетот. На важните јавни манифестации никогаш соодветно не се отсликуваше мултиколоритот на државата, туку етноцентричноста и монорелигизмот.
Сето тоа тивко создаваше големо незадоволство, претворено во негативна енергија и прашање на време беше кога таквата енергија ќе избие на површина.
За чудо, сето тоа ДУИ го гледаше индиферентно. На шега, еден мој пријател вака ја искоментира таквата состојба. “ ВМРО секој ден ќе фрлеше по некоја бомба во дворот на ДУИ, а тие не можеле да возвраќаат ни со петарди. Сѐ додека некој не им намигна да уфрлат атомска бомба”.
Шегата настрана, но факт е дека првите луѓе од власта во континуитет испраќаа пораки за тоа кој е газда во куќата. Тоа мошне негативно се одрази во албанската јавност. И не е случајно што кај албанската популација премиерот стои на најниските можни скалила. Но, него тоа не го загрижува, дури изгледа му годи. На албанската заедница не ѝ беше отстапена ниту една од трите главни функции во државата, што значеше порака дека Албанците се второстепени, во време кога во Словенија за градоначалници добиваат Србин и африкански црнец, кога во Белата куќа во втор мандат претседател станува црнец, а ги има само 12 отсто. Сето тоа создаде мнение дека Албанците во државата се туѓ и непожелен елемент. Дури и оној мал број странски инвестиции во земјава, беа насочени само кон источниот дел на државата.
Манипулација со спорот за името беше посебна приказна. Иако цело време власта се повикуваше на идентитетот, таа изгледа имаше сосема друга намера. Можеби со тоа требаше да се одржи во кондиција национал-романтизмот и да се сокрие грабежот на векот.Исто така, со блокирањето на евроинтеграциите, се урна и главниот кохезивен столб меѓу заедниците. Уште пред три години Фрчовски укажа на опасноста од ваква игра. Сосема очекувано е дека кога Албанија се движи со брзи чекори напред, дека тоа како магнетно поле ќе ги привлече и овдешните Албанци, кои се многу разочарани од лошото владеење во Македонија. Партизацијата на институциите и тешката дискриминација врз партиска основа, продуцираше дополнителни незадоволства, кои пак вентилот го бараа во националното.
Од друга страна, немаше некое големо разбирање за другите идентитети во државата, особено не за албанскиот идентитет. Тоа со декади виси како табу тема. Треба да се сфати дека ако целата држава се држи во грч состојба, повикувајќи се на светоста на еден идентитет, дека и другите си имаат свој идентитет. кој исто така за нив е света работа. Ако ниедна буква од името на државата не се менува, наводно поради идентитетски прашања, треба да разбереме дека едни други луѓе ги боли што не се викат со нивното име, туку се именуваат „заедница кое е повеќе од 20 отсто“. Мора да ги разбереме сите идентитетски чувства. Секое сатанизирање на дугиот идентитет е повеќекратно штетно. Тогаш имаме серизен проблем со прифаќањето на основните универзални вредности на едно демократско општество. Дефинитивно, државата може да опстои и конечно да тргне напред само со кршење на сите табуа, до ниво ништо што припаѓа на другите индентитети да не сме да нѐ иритира. Напротив, сите заеднички треба да го негуваме. Само така можеме да опстанеме. А тоа е можно само ако почнеме со сосема спротивна политика од оваа досегашната.
Сите ние треба да се потстетиме дека токму самопрогласените патриоти ги уривале нивните држави. Тоа ѝ се случи и на една силна предвоена Германија. И на една силна Србија. И на многу други држави. Затоа, веднаш треба да престанеме со политичките манипулации и да се посветиме на развојот. Оти сме меѓу последните во светот. Да се посветиме на проблемите на обичниот човек. Оти, за време на ваквиот седумгодишен „патриотизам“ од државата трајно си замина над 200.000 граѓани од сите заедници. За седум години го дуплиравме надворешниот долг, а четири пати го зголемивме внатрешниот. А ниеден продуктивен проект на виделина. Само со принципиелна политика ќе можеме да тргнеме кон развојот, кој е круцијален за тоа дали ќе опстои државата.
Напиши коментар:
име:
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
порака:
|
|

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

Прочитано: 6319