Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

Автомобилите на Гугл ќе ја снимаат Македонија за Street View

  • Објавено: 22.09.2014 13:43
  • Прочитано: 2273
  • Печати

Гугл денеска најави дека ќе започне со фотографирање и видеоснимање по улиците и патиштата на Македонија, со цел да го подобри квалитетот на Google Maps и да собере слики за популарната опција Street View.

 

Од 29 септември, автомобили на Гугл ќе возат и ќе собираат фотографии од 360 степени во Скопје и Битола, како и во другите поголеми македонски градови - Куманово, Прилеп, Тетово, Охрид. Потоа возењето ќе продолжи со покривање на помалите градови и села, во текот на наредната година, за што јавноста ќе биде навремено известена.

 

Street View е многу популарна опција на Google Maps која беше лансирана во мај 2007 година и е веќе достапна низ 59 земји. Таа им овозможува на корисниците виртуелно да истражат и да се движат низ одредено окружување, населба или град. Опцијата е можна и во Google Earth и на мобилната верзија на Google Maps.

 

Автомобилите на Гугл ќе почнат со снимање во Скопје, по што ќе бидат опфатени и други градови и села, најинтересните места во Македонија, како и крстосници на патишта и некои патишта. Повеќе информации за зафатот може да се видат на веб страницата http://www.google.mk/maps/about/behind-the-scenes/streetview веднаш штом започне возењето.

 

Собраните фотографии ќе бидат обработени и внимателно споени, што е технолошки процес кој може да одземе неколку месеци. Потоа тиа ќе бидат објавени на Street View на Google Maps.

 

- Слушаме од многу наши корисници во Македонија дека би биле навистина возбудени да имаат Street View и во Македонија. Затоа денес сме особено среќни да го најавиме почетокот на возењето и да ги направиме убавите улици и градови на прекрасната Македонија отворени за корисниците низ целиот свет. Македонските бизниси и корисници исто така ќе уживаат во многуте бенефити на услугата - вели Амита Катри, програмски менаџер за Street View во Гугл.

 

Гугл исто така се обрати и до Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Господин Димитар Ѓеоргиевски, кој вели дека ќе даваат насоки за да се заштити приватноста.

 

- Дозволете ми да кажам дека на Google Street View услугата гледаме како на интересна можност за секој граѓанин во нашата земја да „шета” наоколу, сепак, ние како надлежни власти за заштита на личните податоци сме обврзани постојано да даваме насоки кои треба да се следат со цел да се осигура приватноста на луѓето. Веруваме дека заедничката блиска соработка и кореспонденција што ја имаме со Гугл во изминатиот период ќе резултира со помал упад на приватните работи на нашите граѓани. Ја користам оваа прилика како директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци да ја забрзам афирмативната имплементација на приватноста и регулациите за заштита на личните податоци и им посакувам на Гугл најдобар позитивен исход - вели Ѓеоргиевски.

 

Гугл е максимално посветен на одржување на приватноста во обидот на своите корисници да им овозможи различни бесплатни услуги. На сите фотографии наменети за Street View, пред да бидат објавени, ќе има замаглување на лицата и регистарските таблички. Кога фотографиитее ќе бидат достапни, луѓето ќе имаат можност да пријават слики за дополнително замаглување со кликање на опцијата „report a problem” на долниот лев агол на сликата, по што пополнуваат краток формулар каде наведуваат прецизно која слика треба да се замагли.

 

На локациите каде Street View е достапно, фотографиите може да се видат така што ќе зумирате на најниското ниво на Google Maps и ќе кликнете на Street View под табот за пребарување или пак преку влечење на портокаловото „Pegman” човече на мапата, за да се пренесе на street level. Ќе може да проверите ресторан пред да пристигнете, да направите планови за патување, да договорите локации за средби, или пак да добиете помош за домашната работа по географија. Исто така пред да заминете на одмор можете да ја проверите точната дестинација и да го пронајдете хотелот и местата околу него, како и да „извозите“ некој релација, за подоцна кога ќе управувате со автомобилот, полесно да се снајдете при возењето.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>