Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

„За“ и „против“ новиот Ајфон 6

  • Објавено: 24.09.2014 13:19
  • Прочитано: 2589
  • Печати


Ако веќе го користите Ајфон 5с од пред само една година и тоа задоволство ве чинеше окулу 45.000 денари (а ако сте го земале со договор сигурно сè уште го исплаќате) најверојатно би било паметно да почекате барем уште една година додека не се појави Ајфон 6с, кога се очекува, Епл да поправи барем половина од недостатоците, како на пример 8 мегапикселенниот фотоапарат (13 мегапиксели е веќе стандард кај конкурентите) кој и така веќе го имате на вашиот „стар“ Ајфон 5с. 


Големината на екраните кај новите уреди е нелогична, бидејќи смарт-телефоните првенствено беа создадени да се користат само со една рака, поточно да можете да го користите телефонот додека се држите за држачите во автобус, додека пешачите или пак било што и да правите додека го користите телефонот, едната рака требаше секогаш да ви биде слободна. Со големината на новиот екран кај новиот Ајфон 6, едноставно, за човек со нормална должина на палец е невозможно телефонот да го користи со една рака. А поголемиот Ајфон 6 плус ќе треба да го носите во посебна торбичка или да најдете облека со специфична големина на џебови во кој што ќе можете да го сместите овој прв фаблет на Епл.

 


Кај овој производ не постои 4К снимање на видеа што е сигурно голем пропуст за смарт-телефон од високата класа.

 

Полната батерија кај Ајфон серијата од почетокот има големи проблеми со трајноста и многу е ретко да успеете да истерате цел ден со нормално користење, а да не ви треба дополна. Со тек на годините, корисниците се навикнаа на ова, па многу често овој проблем е заборавен. Ајфон 5с не направи многу да го смени овој лош тренд, а за Ајфон 6 велат дека ќе има големи подобрувања во таа област. Телефоните на некој од врвните производители имаат батерија која што трае два дена. 





Подготви: В.С.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо



/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>