- 16.10.2014 09:21 Бројот на природни катастрофи во 2013 е...
- 16.10.2014 09:18 Високиот комесар на ОН за бегалци ја...
- 16.10.2014 09:16 Косовските надлежни служби го вратија...
- 16.10.2014 09:15 Седум години без Тоше
- 16.10.2014 09:14 Почина поранешниот младински...
- 16.10.2014 09:11 ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата...
- 16.10.2014 09:08 Рускиот претседател Владимир Путин во...
- 16.10.2014 09:05 ИД оствари значителен напредок во Ирак
- 16.10.2014 08:50 ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва...
- 15.10.2014 23:09 Времето утре променливо облачно со...
ХТЦ денеска во нов поход со моќна камера, нова серија телефони и нов софтвер за фотографии
- Објавено: 09.10.2014 16:53
- Прочитано: 3072
- Печати
ХТЦ, еден од глобалните лидер во технолошките иновации и дизајн, денеска ќе навести нова ера на иновации и возбудлива нова насока за индустријата, со претставување пакет на иновативни производи за фотографирање. Менувајќи го изгледот на мобилната фотографија, HTC ќе ги лансира извонредната мала камера RE, целосно новата категорија на телефони HTC Desire Eye, унапредениот софтвер за фотографирање HTC EYE Experience и колаборативната видео едитинг заедница Zoe.
- HTC уште еднаш го менува начинот на кој луѓето размислуваат за технологијата. Во 1997 година им овозможивме на луѓето да ги остават дома своите лаптопи и да ги користат моќните смартфони со џебна големина. Денес правиме сличен скок нанапред. Правејќи комбинација меѓу извонреден хардвер и ненадминат софтвер, HTC одново го креира начинот на кој размислуваме за фотографирањето. Ве извлекуваме од местото зад визирот и ве носиме онаму каде што припаѓате, во срцето на активноста - вели Питер Чоу, главен извршен директор на корпорацијата ХТЦ.
Одново креирајќи го автоматското фотографирање, RE претставува мала рачна камера којашто ви овозможува природно да го снимите и целосно да го искусите моментот, преку видео и фотографија, без ништо да ви го попречи патот. Со извонреден и единствен цилиндричен дизајн, направен така што удобно да лежи в рака, RE има вграден сензор за фаќање (grip sensor) којшто моментално ја активира камерата при земање в раце и со тоа ја елиминира потребата од копче за вклучување. Со единственото копче за затворање на блендата се овозможува со еден допир да се направат фотографиите, а со подолго притискање да се снима видео, така што нема да го испуштите моментот со пребарување по режимите.
Со висока резолуција, сензор со 16 мегапиксели целосно HD (1080p) видео снимање, леќи со агол од 146 степени и можност за правење забавени снимки и time lapse снимки, RE ќе ги фати моментите онака како што досега не сте ги виделе. RE апликацијата има далечински визир којшто ви овозможува да направите извонредна снимка и да ја гледате активноста во живо на екранот на вашиот мобилен уред, или да преминете на албумот и приказот за репродуцирање (playback) за да се движите меѓу снимките и видеата коишто веќе се зачувани на камерата.
Апликацијата автоматски сè ќе зачува на телефонот или во „облакот“ така што нема да треба да се грижите дека ќе ви снема место и дека ќе испуштите некоја снимка. Покрај тоа, во иднина, RE ќе нуди видео репродуцирање во реално време на Јутјуб. RE апликацијата ќе биде достапна и на Android и на iOS, односно на верзиите Android 4.3 и нагоре и iOS 7 и 8.
Продолжувајќи го наследството на HTC за напредни иновации кај смартфоните, денеска корпорацијата ќе го презентира новиот врвен модел во класата на HTC Desire, HTC Desire EYE. Со една од најдобрите камери поставени на предниот дел од телефонот достапни денес на пазарот, и со софтвер којшто ве сместува во фокусот и во вашето најдобро издание, HTC Desire EYE ги фаќа големите и малите моменти од животот со совршена јасност. Со предна и задна камера со 13MP коишто се водечки на пазарот и коишто овозможуваат детален квалитет на фотографиите, со можности за зумирање, сечење и печатење, HTC Desire EYE е целосно опремен за оние коишто сакаат да прават извонредни фотографии, видеа и selfie. BSI сензорите фаќаат јасни фотографии, дури и во услови на слаба осветленост, а интелигентните двојни-LED блицеви на двете камери обезбедуваат извонредни, природни тонови при уште поголемо намалување на амбиенталната светлина.
Трите наменски микрофони го носат препознатливиот аудио квалитет на HTC на уште повисоко ниво, и обезбедуваат кристално јасен глас и видео повици без оглед на она што се случува околу вас. Комбинацијата на HTC BoomSound™ и извонредниот 5.2” Full HD дисплеј го прави HTC Desire EYE врвен мултимедијален придружник и совршен начин за гледање на вашите фотографии и видеа.
Впечатливиот, сјаен, двобоен, водоотпорен (до 30 минути на длабочина од еден метар), овој смартфон не е само елегантен, туку со него сигурно ќе го снимите вашето најдобро издание на наједноставен можен начин, со наменскиот клуч за фокус во два чекора, и снимањето со комфорен и моментален пристап до извонредни снимки, дури и само со една рака.
Со новите HTC EYE Experience и Zoe на HTC, со процесорот Qualcomm Snapdragon 801 и брзата 4G поврзаност, уредувањето и споделувањето на вашите најдобри снимки ќе биде лесно и едноставно, каде и да се наоѓате.
Меѓутоа не е во прашање само хардверот. HTC EYE Experience го носи софтверот за мобилно фотографирање на ново ниво, со единствените карактеристики коишто ќе направат да бидете во вашето најубаво светло . Носејќи ги опциите video chat и conference call на сосема ново ниво на квалитет и на перформанси, функцијата следење на ликот на HTC EYE Experience ве чува совршено во фокусот во секој момент. Може да се следат и до четворица присутни во иста просторија, при што секој лик се сече и позиционира на екранот заради максимална јасност. Уживајте во слободата и флексибилноста на сервисите како Skype без да се грижите за тоа каде точно се наоѓате вие или вашите пријатели, зашто камерата ќе ве следи сите.
HTC EYE Experience отвора нов свет на креативни можности, благодарејќи на новата функција Split Capture. Комбинирајќи ги истовремено фотографиите и видеата сликани со предната и задната камера во една фотографија или видео на поделен екран, креира ново selfie искуство, овозможувајќи ви да го документирате вашето патување и вашата реакција без да треба да се потпирате на thumbnail views. Crop-Me-In ги исекува фотографијата или видеото сликани со предната камера и ги вметнува во сцената сликана со главната камера, отворајќи можност за поекстремни и повозбудливи selfie и видеа. Оваа опција засега достапна само во HTC Desire EYЕ.
Voice Selfie ја елиминира потребата од непријатни свиткувања на раката на тој начин што ви овозможува да сликате со едноставна команда. Едноставно насмејте се веднаш штом сте ја зазеле идеалната поза и вклучете го снимањето на видеото со командите „action” или „rolling”.
Во HTC EYE Experience исто така се вклучени и популарните функции на HTC Desire 820 како што се фузијата на лик, којашто ви овозможува соединување на вашиот лик со ликот на некој ваш пријател или славна личност за комплетно оригинален изглед, и функцијата Live Makeup, со помош на која можете да го изберете посакуваното ниво на измазнување на кожата и да го погледнете резултатот во реално време пред да биде сликана фотографијата.
Со новата апликација за видео едитирање Zoe сега можете лесно да направите ремикс од вашите фотографии и видеа, создавајќи извонредни клипови од најзначајните моменти со прекрасни теми и музика, коишто можат да се споделуваат. Овозможувајќи им на пријателите да прават ремикс на нивните содржини со вашите, Zoe создава привлечни видеа од најзначајните моменти во кои сите можат да уживаат и да ги споделуваат преку омилените социјални мрежи.
Zoe 1.0 внесува флексибилност, овозможувајќи куси, средни и долги Zoe-и коишто можат да се состојат само од неколку фотографии, или пак од цели серии видео клипови, благодарејќи на новиот софтвер за содржини којшто овозможува лесно прикажување на мал број клипови, па дури и поединечни клипови, на интересен, визуелно впечатлив начин.
Целосно интегрирајќи се со RE, Zoe видеата од највпечатливите моменти автоматски се генерираат и се подготвени за споделување. Нема потреба од едитирање ниту синхронизирање со вашето PC, едноставно подигнете ги со еден допир.
Zoe 1.0 е предводник на новата генерација креативни социјална вмрежувања; сега е бесплатно достапен за Android, а подоцна годинава доаѓа за iOS.
(Комерцијален текст)
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо
![]() Последни коментари (вкупно: 0) |
Прочитај ги сите коментари: |
Напиши коментар:
име:
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
порака:
|
|
Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.
ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
-
Гугл ги брише непожелните лични податоци на Eвропјаните
објавено: 15.10.2014 13:54
Во извештајот стои дека од започнувањето на проектот „Право на заборав“ на 29 мај оваа година, компанијата...
-
Фејсбук во офанзива за превенција на болести и за поддршка на пациенти
објавено: 14.10.2014 15:46
Во изминатите неколку месеци, компанијата Фејсбук имала голем број состаноци со медицински лица и доктори...
-
Нокиа ја затвора последната фабрика за мобилни во нејзина сопственост
објавено: 10.10.2014 13:28
Компанијата Нокиа на 1 ноември 2014 ќе ја затвори последната фабрика која не беше купена од Микрософт....
-
ХТЦ денеска во нов поход со моќна камера, нова серија телефони и нов софтвер за фотографии
објавено: 09.10.2014 16:53
Продолжувајќи го наследството на HTC за напредни иновации кај смартфоните, денеска корпорацијата ќе го...
-
Леново смартфоните официјално на македонскиот пазар
објавено: 08.10.2014 21:09
Македонија е една од првите земји во Европа на чијшто пазар ќе може да се најдат паметните телефони Lenovo....
-
Кои се алтернативите на Фејсбук?
објавено: 07.10.2014 15:30
Фејсбук и неговите инвазивни апликации многу често знаат да бидат кошмар за работењето на компаниите.
-
Десетка со Виндоус
објавено: 03.10.2014 12:38
Пред неколку дена, Мајкрософт, неочекувано, го прескокна бројот 9 и ја најави новата, 10. верзија од својот...
-
Паметните табли стасаа и во Македонија
објавено: 02.10.2014 12:47
Од неодамна и на македонскиот пазар за прв пат се понудени светски познатите паметни табли Smart Boards. Тоа е...
-
Во Македонија 1,28 милиони интернет корисници и околу милион Фејсбук профили
објавено: 01.10.2014 12:27
Профил на социјалната мрежа Фејсбук имаат 963.000 македонски граѓани.
-
Фејсбук+IBM+Интел = Alibaba.com
објавено: 29.09.2014 08:50
Вредноста на кинескиот е-комерцијален гигант Алибаба од претходната недела достигна неверојатни 139...
-
Мартин Петровски направи најдобро селфи за Вип
објавено: 26.09.2014 14:04
Мартин Петровски е победник на изборот за најдобра летна селфи фотографија снимена со мобилен телефон за...
-
Инспекција ќе ги штити македонските купувачи при интернет шопинг
објавено: 25.09.2014 14:24
Македонија за неколку години ќе биде лидер во он лајн заштитата на личните податоци на граѓаните, рече Арно...
-
„За“ и „против“ новиот Ајфон 6
објавено: 24.09.2014 13:19
Ако веќе го користите Ајфон 5с од пред само една година и тоа задоволство ве чинеше окулу 45.000 денари (а ако...
-
„Оне“ од утре подарува телевизор со пакетот FIX/NET/TV SMART L
објавено: 23.09.2014 13:31
Тарифниот модел FIX/NET/TV SMART L, содржи фиксна линија со неограничени разговори кон цела „Оне“ мрежа,...
-
Автомобилите на Гугл ќе ја снимаат Македонија за Street View
објавено: 22.09.2014 13:43
Собраните фотографии ќе бидат обработени и внимателно споени, што е технолошки процес кој може да одземе...
-
„Оне“ повторно го лансира пакетот „За 100 денари, добиваш 300 денари“
објавено: 19.09.2014 13:39
Телекомуникацискиот оператор „Оне“ од денеска повторно им нуди на сите припејд корисници за 100 денари да...
-
Стаса и паметниот часовник на Ејпл
објавено: 11.09.2014 14:21
После едногодишно чекање, на истиот настан на кој го претставија Ајфон 6, Ејпл ја промовираше и конечната...
-
Ајфон 6, сега поголем и помоќен од кога било
објавено: 10.09.2014 14:48
Ејпл го задржа вниманието на целиот свет додека вчера, од Купертино, Калифорнија, со жив стриминг пренос, ја...
-
Најмалиот и најлесниот принтер на светот
објавено: 09.09.2014 11:39
Јапонскиот производител „Епсон“, деновиве го прикажа, според нив, најмалиот и најлесниот А-4 принтер на...
-
Заоблени рабови на екранот од новиот самсунг фаблет „Edge“
објавено: 05.09.2014 14:35
На официјалното претставување на новата линиja и хардвер за „Galaxy Note 4“, Самсунг без најава изненади со...
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

Прочитано: 6317