Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

Најмалиот и најлесниот принтер на светот

  • Објавено: 09.09.2014 11:39
  • Прочитано: 1987
  • Печати


Јапонскиот производител „Епсон“, деновиве го прикажа, според нив, најмалиот и најлесниот А-4 принтер на светот со име Workforce WF-100W.  


Овој принтер е наменет за мобилни работници кои што им е потребно печатење на различни локации, односно за луѓе кои не работат во канцеларии.

Со неговата тежина од само 1,6 килограми и напојување со интегрирана литиум-јонска батерија која што може да се наполни преку усб приклучок, може да биде сместен во било која поголема модерна торбичка за таблет или лаптоп.

Сандачето за листови може да се наполни со максимум 50 парчиња од А-4 форматот, а содржи две касети за мастило и резервоарче за пигмент мастило.

Се поврзува директно преку бежична конекција или како мрежен принтер и со него добивате и бесплатна принт апликација од „Епсон“.

Исто така, Workforce WF-100W ги поддржува и интернет принт сервисите на Гугл (Google Cloud Print) и на Ејпл (Apple AirPrint).


Цената ќе му биде 299 евра.




Подготви: В.С.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо









/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>