Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

Совршена храна за слабеење

  • Објавено: 10.10.2014 10:45
  • Прочитано: 2856
  • Печати

Наполнете го желудникот со здрави и хранливи производи кои овозможуваат контрола на нападот на гладот и ја намалуваат можноста за прејадување.

Докажано е дека нискокалоричните производи се добро дефиниран план за слабеење.

Нутриционистите ви препорачуваат совршени нискокалорични производи кои ќе ве заситат, а притоа ќе се ослободите од вишокот килограми.

 

Портокали. Еден голем портокал содржи 86 калории. Консумирајте неколку парчиње од ова овошје богато со витамин Ц, калциум и калиум.

Наместо вештачки сокови, направете си природен сок од портокали. На тој начин организмот ќе го наградите со природни влакна кои се важни за губење на килограмите.

 

Печено јаболко со цимет. Едно големо јаболко со половина лажичка цимет содржи 110 калории. Оваа вкусна комбинација е идеална за контролирање на копнежот по слатките. Јаболките се совршени за контролирање на гладот, додека циметот се смета за една од тајните состојки за поефектно согорување на калориите. Притоа, влакната од овошјето и циметот ќе го намалат лошиот холестерол.

 

Кисели краставици. Краставиците содржат малку калории. Киселите краставици можат да го потиснат гладот, па затоа секогаш нека ви бидат при рака. Верувале или не, полна тегла со краставички содржи само 50 калории. 

 

Немасно сирење. Нема потреба да ги елеминирате млечните производи од исхраната доколку сакате да ослабнете. Половина шолја свежо сирење содржи 80 калории, а можете да го комбинирате со разни салати. Калциумот со кој изобилува сирењето е важен за здравиот процес на согорувањето калории.

 

Кекси од ориз. Ако сакате да го намалите внесот на калории, одлучете се за овие здрави грицки. Еден кекс не содржи повеќе од 35 калории, а претставува одличен начин како да го скротите гладот.

 

Подготви: К. А.

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>