Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

Жените кои не доживуваат оргазам се енергетски вампири?!

  • Објавено: 13.10.2014 09:28
  • Прочитано: 2651
  • Печати

Периодот во 1920-тите години   бил многу необично време за општеството,  па така се сметало дека жените кои не можеле да доживеат оргазам му ја крадат енергијата на мажот. Најголемо влијание врз општеството имал крајот на Првата светска војна.

Жените за првпат смееле да ги покажат своите колена во јавноста, а тоа можеле да го направат додека гласаат. Тогаш се сметало дека пушењето во бременоста може да биде полезно за бебето. Спермата тогаш добила значајна улога во литературата, како што е случајот во книгата „Женственост и брак“. Во оваа книга се советува : „Жените мора да разберат дека семето на мажот е течност која дава живот и доаѓа од креативниот орган на мажите. Таа има голема вредност во изградувањето на неговото тело и дури сега знаеме колку спермата е навистина драгоцена.“

Асексуалките биле непожелни

Во истата и многу популарна книга жените кои малку се интересирале за сексот се обвинуваат за емоционални вампири: „Кај сексуалните интимности, доаѓа до опуштање на драгоценото семе и губење на енергијата. Ако нема сексуален одговор кај жената, таа ја краде енергијата на мажот. Дури и ако таа се согласи на секс, но само за да ја исполни својата должност, виталноста на мажите повтроно страда“.

Некои вагини мирисаат

Во 1920-тите години се појавиле првите производи кои гарантираат свеж и примамлив мирис на вагината. Испирање на вагината со такви препарати, се сметало за метод на контрацепција но набргу прераснало во ритуал за разубавување. Во недостиг на овие производи, жените користеле раствор од оцет и вода, па дури и некои антисептички препарати.

Губење невинист за седум дена

Истотака жената требало да ја изгуби невиноста за седум дена откако ќе влезе во брак, гласи едно од предупредувањата кои стојат во книгата на Вилијам Робинсон – „Секс знаење за мажите“. Според овој автор, мажите треба да бидам многу нежни со девиците, па мажот кој виситнски ја сака својата жена нежно ќе ја „зеде“ нејзината девственост, а тоа може да трае и до седум дена.

Не мислете на грди работи

Некои од советите од тоа време биле многу бизарни сметаат социолозите. Во книгата „Рефлектор на здравјето – наука еугеника“, на бремените им се советувало да не размислуваат за грди луѓе кои ги познаваат или кои ќе ги сретнат. Непријатните мисли може трајно да му наштетат на бебето, а треба да се избегнуваат повреди, болести и било какви стравови.

Подготви:Б.В.

 

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>