Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

Не фрлајте ја тестенината кога ќе се излади, добра е за вашето здравје

  • Објавено: 15.10.2014 13:12
  • Прочитано: 2077
  • Печати

Сварената и изладена тестенина содржи отпорен скроб кој влијае поволно на вашето здравје, тврдат научниците.

Познато е дека скробот е материја која се наоѓа во продуктите како компирите и лебот. Меѓутоа постои разлика помеѓу обичен и отпорен скорб. Кога го конусмирате белиот леб или тестетнините, нормалниот скроб се претвора во шеќер и речиси еднакво брзо исто како кога ќе испиете исто количество на шеќер од засладените напитоци.

Тоа е поради тоа што нормалниот скорб содржи синџир на гликоза која во организмот се раствора во шеќер. Ако овој шеќерот не согори, се претвора во маснотија.

Друг проблем е што оваа храна на тој начин може неповолно да влијае на нивото на инсулинот во крвта. 

Од друга страна пак отпорниот скроб не се разложува тлку брзо во организмот. Така глукозата влегува во крвта поскоро и не го подига нивото на инсулинот, а долго време останувате сити.

Покрај тоа, отпорниот скроб поволно влијае на варењето, делува превентивно на срцевите заболувања и го намалува крвниот притисок, вели докторката Денис Робертсон од универзитетот Сари. Отпорниот скроб се наоѓа во бананите, некои мешунки и во суровиот овес.

Што се однесува до тестенините, нивото на отпорниот скроб се зголемува кога тие ќе се сварат и ќе се изладат. Поради тоа сварената тестенина па и варениот компир, кога ќе се изладат не треба да ги фрлате. Оваа храна содржи повеќе отпорен скроб па долго време ќе бидете сити, а нивото на шеќерот ќе го држи под контрола, советува стручњаци.

 

Подготви:Б.В.

 

 

Објавено: 15.10.2014 13:53

makedonka:

Tochno deka Amyla se pretvora vo jagleni hidrati,a jaglenite hidrati potoa vo masti no ne so tolkava brzina.kompirot mozat da go konsumiraat i shekjkerashite isto kako shto bez nikakvi shteti mozat da go konzumiraat i medot no normalno da e chist i toa so cimet ako go zemaat ke im go namali i shejkerot vo krvta.Makaroni,shpageti i kompirot drzat sitost na podolgo vreme.

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>