Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

Русите до 2018 година ќе „печатат“ бубрези за трансплантација

  • Објавено: 13.10.2014 14:46
  • Прочитано: 1798
  • Печати

Руските научници планираат до 2018 година да „отпечатат“ човечки бубрег, кој може да се користи за трансплантација. Бубрегот ќе биде испечатен на првиот руски биопечатач, а првин ќе се создаде компјутерски модел за идниот орган со сите негови анатомски карактеристики на ткивото.

Потоа од изворните клетки на пациентот ќе седобиваат т.н. сфероиди - конгломерати на клетките. Тоа ќе биде „градежен материјал“ за ткивото или органот.

Биопечатачот кој е направен во Русија има должина на печатење од еден микрометар.

Ниту една странска машина нема таков густ печат. Тој е само еден од единствените руски „know how“, истакнува извршниот директор на лабораторијата „3 D Bioprinting solutions“, Јусеф Хесуани.

Главната предност на рускиот биопечатач е можност да се користат сите методи на печатењето. Тој овозможува печатење и на клетки, сфероиди и биогел.

Притоа печатачот содржи пет „млазници“. Две се предвидени за сукцесивно истискување на полимерен хидрогел, а останатите служат да вметнат различни видови на клетки  во биогелот, со нивно комбинирање во различни варијанти. Подоцна отпечатената конструкција се сместува во био-ректор кој е исполнет со потребни хранливи материи. Тука се одвива сраснувањето на клетките и истовремено испирање на биогелот кој повеќе не е потребен.

За разлика од странските машини, руската технологија овозможува добивање на скоро идеална сличност со природните органи. Првиот руски биопечатач засега работи во пробен режм. Меѓутоа во март 2015 година му престои „шпечатење“ на функционална штитна жлезда, со минијатурни димензии.

Веќе во 2018 година руските научници имаат намера да отпечатат човечки бубрег кој ќе може да се пресадува.

 

Подготви:Б.В.

 

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>