Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

ГАЛЕРИЈА „Судска палата“ од полн погодок стана тотално промашување

  • Објавено: 13.10.2014 14:06
  • Прочитано: 9951
  • Печати
Маја Васева

Поради бројните оштетувања и дефекти во катната гаража „Судска палата“ кај зградата на МРТ, објектот е извесно време ставен вон функција, а од Општина Центар се надеваат дека градежната фирма „Бетон“ ќе ги санира штетите. Катната гаража „Судска палата“ е инвестиција на Општината, а пуштена е во употреба во февруари 2013 година, пред одржувањето на локалните избори. Периодов објектот е надвор од употреба поради влага, лошо поставена инсталација, прокиснување на плафонот и поради тоа што на некои места ѕидот се распаѓа.



На последната седница на општинскиот Совет, претседавачот Мирослав Шиповиќ му постави прашање на градоначалникот, Андреј Жерновски, зошто граѓаните не можат да ги паркираат таму своите автомобили.



- Слушнавме дека се увидоа грешки при изградбата, но какви се наодите. Знам дека е стапено во контакт со изведувачот. Зошто објектот не е во функција откако беше пуштен во употреба со сите манифестации? - праша претседавачот.



На неговото прашање одговори службеник од Општината кој рече дека фирмата изведувач треба да ги санира штетите во следниот период.


- Врнежите направија голема штета во сите катови и во електриката, внатрешно и надворешно. Причините се знаат, лоша изведба на кровот, на изолацијата. Сепак, објектот е сè уште под гаранција, стапивме во контакт со „Бетон“ и наскоро треба да започне реконструкцијата – рекоа општинските служби.



Оваа катна гаража не заживеа ниту по отворањето и често пати зјаеше празна. Малкумина ги користеа паркинг местата, а остана неискористен и деловниот простор кој требаше да ја отплати инвестицијата. Општината неколку пати се обидуваше да го направи просторот поатрактивен и ја намалуваше цената за изајмување, но и покрај тоа не успеваше да најде заинтересирани фирми. Една година по отворањето на објектот, се испостави дека инвестицијата доживеала фијаско и дека не била добро калкулирана. Изградбата чинеше 5,6 милиони евра од кои дел се обезбедија преку комерцијални кредити кои сè уште се отплаќаат.



ДГ Бетон АД Скопје ја заврши изградбата на катната гаража на почетокот од минатата година. Нејзината површина е 16.625 квадратни метри. Има приземје, пет ката и подземно ниво со 497 паркинг места. Од нив, 24 се наменети за лица со хендикеп. Исто така има паркинг места за велосипеди, мотори и за хибридни возила. Објектот располага и со деловен простор, кој зафаќа 15 проценти од вкупната провршина.



На отворањето присуствуваа премиерот, Никола Груевски, министерот за финансии, Зоран Ставрески и тогашниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ.



- Освен паркинг простор и решение за соообраќајните проблеми, катната гаража има и соодветен деловен простор што ѝ дава поголема вредност и можност за подобро финансирање и самоодржливост во иднина. Со еден збор, оваа катна гаража е полн погодок како за институциите, така и за граѓаните - рече Груевски.

 

Фото: Премиерот, министерот и градоначалникот на отворање на објектот во февруари 2013 година


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

Објавено: 14.10.2014 13:31

jas:

Nekako mirisa deka ke ima prenamena na mnogute "katni garazi" vo......hoteli,delovni objekti i dr.,a komunaliite se plateni po druga tarifa.Znaci golema dobivka vo start.Ili ke se doplati razlika od platenite do noviot iznos na kominaliite?

Објавено: 13.10.2014 20:49

jovana:

a koja katna garaza zaziveja ili raboti so poln kapacitet NIEDNA !!!!

Објавено: 13.10.2014 19:23

arh.:

Nie sme karikatura od drzava . Site garazi se cista finansiska dupka, koja ja plakame site nie. Ova mu sluzi samo na premierot za secenje lenti ...

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>