Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

Грејната сезона започна без проблеми

  • Објавено: 15.10.2014 12:45
  • Прочитано: 1774
  • Печати
Рада И. Маневска

Грејната сезона за граѓаните кои се топлат на парно започна без вообичаените проблеми. Компаниите снабдувачи со топлинска енергија на првиот ден од грејната сезона немаа дефекти, но имаа проблеми со објектите кои не платиле електрична енергија. Граѓаните, пак, не се пожалија што радијаторите утрината беа млаки, а потоа поради повисоката надворешна температура и исклучени.

 

- Досега нема информации за дефекти. Екипите кои треба да интервенираат се на терен и ќе реагираат на секој повик од граѓаните- велат од ЕЛЕМ.

 

Од Топлификација „Скопје Север“ пак покрај добриот старт на греењето, велат дека имаат проблем со објектите кои не ги подмириле сметките за електрична енергија и поради тоа утрово не им испорачаа топлинска енергија.

 

- Имаме проблем со три објекти кои не ги платиле сметките за електрична енергија, а и во неколку други, кои поради немање управител и Заедница на сопственици не можат да се договорат  за приклучување на топлификационата мрежа. Имено, дел од станарите повторно сакаат да се приклучат на парното, но немаат дозвола од своите состанари. Имаме и неколку објекти кои допрва треба да ги приклучиме, но тие сè уште немаат вградено инсталација. во моментот кога ќе го сторат тоа, ние сме подготвени да ги приклучиме на мрежата - вели директорот на Топлификација „Скопје Север“, Игор Поповски.

 

Од компаниите снабдувачи со топлинска енергија потсетуваат дека иако официјално е почната грејната сезона, топлината ќе се испорачува зависно од надворешните временски услови.

 

- Греењето ќе се прилагодува на надворешните температури. Во потоплите часови од денот нема да се испорачува, но како температурата ќе се спушта греењето ќе се приклучува - појаснуваат од компаниите кои тврдат дека редовно ја мерат температурната разлика.




Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

Објавено: 15.10.2014 14:46

XXX:

зарем почна грејната сезона?!
Во наша зграда сеуште нема греење!!!!!!

Објавено: 15.10.2014 13:16

ivan:

haha bez problemi, pa poglednete go skopje, prst pred oko ne se gleda.

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>