Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

Од утре парно, додека е потопло - само наутро и навечер!

  • Објавено: 14.10.2014 11:30
  • Прочитано: 2198
  • Печати
Рада И. Маневска

Грејната сезона за граѓаните кои се греат на парно официјално треба да започне утре и ќе трае до 15 април идната година. Според правилата на снабдување со топлинска енергија, радијаторите на граѓаните треба да бидат затоплени во периодот од 06 до 21 часот во текот на денот и да се обезбеди температура на греење од 19 до 21 степен Целзиусов.

 

Трите снабдувачи со топлинска енергија БЕГ, ЕЛЕМ Енергетика и Топлификација Скопје Север велат дека се подготвени да ја почнат сезоната навреме, но ги потсетуваат граѓаните на обврската да ги проверат радијаторите и да ги платат сметките за струја за да можат да се вкличат пумпните станици.

 

Според правилата за снабдување со топлинска енергија, граѓаните или управителите, односно Заедницата на сопственици, треба да извршат проверка на исправноста на грејните тела и на инсталацијата во зградите во период од 15 мај до 15 септември, за да може да се обезбеди непречена испорака на топлинска енергија во грејниот период. 

 

Со оглед на високите дневни температури, компаниите снабдувачи со топлинска енергија, најавуваат дека е можно радијаторите да бидат топли замо во утринските и ноќните часови.

 

Со стартувањето на сезоната, стартува и обврската на граѓаните кои се откажале од парното да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија и изнесува околу 1.000 денари. 

 


 Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>