Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

ГАЛЕРИЈА 75,8 проценти од анкетираните Центарци против изградба на десеткатница на Водно

  • Објавено: 12.10.2014 12:44
  • Прочитано: 3534
  • Печати

Мнозинството граѓани ја подржуваат иницијативата на градоначалникот Жерновски за распишување на референдум за битните прашања за граѓаните на општина Центар. На прашањето: „Градоначалникот на Центар најави одржување на референдуми за битни прашања и одлуки за општината. Дали сметате дека ова би била добра пракса?“, огромно мнозинство од испитаниците од дури 76,2 проценти смета дека таквата пракса би била добра, 15,2 проценти смета дека тоа не би била добра пракса, додека 8,6 проценти од граѓаните не дале одговор.


68,1 процент од граѓаните се изјасниле дека би гласале против поставување на барокна фасада на ГТЦ, 22,1 процент би гласале за поставување на барокна фасада, 8,8 проценти  уште не знаат како би гласале или одбиле да одоговорат, додека 1 процент рекле дека нема да гласаат на референдумот. Притоа, интересен е фактот дека 37 проценти од оние што се изјасниле дека гласаат за ВМРО-ДПМНЕ се против барокната фасада на ГТЦкоја е проект на ВМРО-ДПМНЕ.


Слична е поддршката за градоначалникот во одлуката да не се гради десеткатницата на Водно која предизвика бурни реакции во јавноста. На прашањето:Дали залагањето на градоначалникот Жерновски да се спречи изградбата на десеткатницата на Водно вие го подржувате или не го подржувате 75,8 проценти од граѓаните се изјасниле дека го подржуваат Жерновски во напорите да се спречи оваа градба, само 11,7 проценти рекле дека не го подржуваат градоначалникот,  односно сметаат дека десеткатницата треба да се гради, додека 3,6 проценти не се запознаени со случајот или не дале одговор. Притоа, интересен е фактот дека дури 53 проценти од оние што се изјасниле дека гласаат за ВМРО-ДПМНЕ се против десеткатницата која е проект на ВМРО-ДПМНЕ, а само 22 проценти од испитаниците се за нејзина изградба.


Истражувањето за потребите на општина Центар било извршено минатиот викенд  на 4 и 5 октомври 14 и го реализирала агенцијата „Рејтинг“ на репрезентативен примерок од 850 испитаници-жители и гласачи на општината. Податоците се собирале по пат на телефонско интервју, а стандардната статистичка грешка во рамките на општиот примерок изнесувала 3,3 проценти.





Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>