Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

Град Скопје до СДСМ: Ние интервенираме навреме на црните точки

  • Објавено: 15.10.2014 18:38
  • Прочитано: 1451
  • Печати

Град Скопје се огласи со остра реакција на обвинувањата искажани од страна на СДСМ во врска со градежните зафати за подобрување на атмосферската канализациска мрежа во Скопје што деновиве се одвиваат на повеќе локации во градот. Град Скопје вели дека обвинувањата се неосновани.

 

„Почитувани господа во СДСМ, градоначалникот Коце Трајановски не доцни со изградбата на атмосферска канализација во Скопје, како што Вие тврдите. Градот Скопје и градоначалникот Трајановски сега го исправаат она што вие 40 години не успеавте ниту да го испланирате како што треба, ниту да го димензионирате како што треба, ниту да го реконструирате или доизградите“, се вели во реакцијата, во која се појаснува што е изведено во реконструкцијата на атмосферската канализација на булеварот „Киро Глигоров“, со што, вели Град Скопје, проточноста ќе и се зголеми двојно.

 

„Како потврда за Вашето непознавање за работите што се одвиваат на терен сакаме да нагласиме дека екипите на Град Скопје и на ЈП „Водовод и канализација“ ја реконструираа атмосферската канализациска мрежа на дел од булеварот Киро Глигоров со што проточноста на атмосферските води ќе се зголеми двојно. Оваа локација на булеварот Киро Глигоров беше посочена како една од десетте црни точки во градот кои редовно се поплавуваа во текот на обилните врнежи ова лето“.

 

Деновиве се работи на подобрување на постојната канализациска мрежа и на подвозникот кај Стоковната куќа „Мост“ и на улицата Павел Шатев, кај подвозникот, порачува Град Скопје, дополнувајќи дека до крајот на годинава ќе почнат градежните работи за реконструкција и подобрување на атмосферската канализација уште на седум други локации кои беа утврдени како „црни точки“ и се поплавуваа при поројните дождови.

 

„Градот Скопје веднаш се зафати со решавање на овој проблем и во најкус временски рок изработи план и почна да гради на терен, наместо го години да ги одложува работите како што претходно беше случај со многу урбани проблеми во Скопје“, се вели во реакцијата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>