Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

За селење во новиот барокен објект Финансии ќе потроши 30.000 евра

  • Објавено: 15.10.2014 11:20
  • Прочитано: 2405
  • Печати
Маја Васева

Министерството за финансии веќе почна да го користи канцеларискиот простор во новата зграда кај поранешена „Југобанка“, а за селењето од поранешните простории во „НИП Нова Македонија“ Министерството е во план да потроши 1,8 милиони денари. Зградата доби барокна фасада, но и ново име „Палата 23-ти Октомври“.

 

Според склучениот договор со скопска фирма за транспорт и шпедиција, триесетте илјади евра треба да бидат потрошени за транспорт на опремата и на документите.


„Транспорт и селидба на опрема и документација за потребите на Министерството, која ќе се врши заради потребата од преселба во новиот објек“, стои во описот за набавката.

Тендерот вклучува услуги за копнен транспорт и транспорт со блиндирани возила од поранешните простории кои се оддалечени околу 500 метри, а договорот е склучен на времетраење од 12 месеци.

Палатата на Финансии беше официјално отворена на крајот од август. Во неа освен Министерството, деловен простор ќе добие и Управата за имотно правни работи, како и Бирото за јавни набвки. Инвестицијата за доградба на карабината на поранешна „Југобанка“ ја чинеше државата околу 15,5 милиони евра. 

 



Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

Објавено: 15.10.2014 13:16

перо:

Razlikata e vo toa sto na podolg rok ako gledas za da ima pari da se renovira studenski dom primer posle 20-30 namesto da davaat pari za kirija nasive institucii ke dadat za studenski dom.

Објавено: 15.10.2014 12:09

jas:

ministerot na race danego nosat

Објавено: 15.10.2014 12:02

Milco:

Зарем има некоја реална потреба да се трошат народни пари за барокни згради ,што му фали на постојните згради ,па дури и водовод и канализација во барок ,а онаму студентските домови се во руина и во крајно нечовечки услови ,но неограничени се човечката глупост и вселената.

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>