Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

Мир: Кежаровски мора да биде ослободен од домашен притвор

  • Објавено: 15.10.2014 14:38
  • Прочитано: 2062
  • Печати
Мирослава Бурнс

Македонија со својот пад за 82 места на индексот на слобода на изразување е реткост, тврди извршниот директор на „Репортери без граници,“ Кристијан Мир.

 

- Иако во Македонија има реформи, демократската слика што се дава како прозорец, не е доволна за да покрие многу од нарушувањата на слободите. Томислав Кежаровски и Зоран Божиновски се многу тажни симболи за овие тешки прекршувања. Знаејќи дека случајот Кежаровски ќе дојде на Апелација на 24 октомври, ние продолжуваме да бараме веднаш и без услови да биде ослободен од домашен притвор, бидејќи тој само си ги извршуваше своите легитимни права и бидејќи куќниот притвор е некомпатибилен со меѓународните закони кои македонската влада вели дека ги респектира. Постои само еден исход, а тоа е на 24 октомври да се прифати неговата жалба и да биде ослободен без никакви последици по него. Ако неговата жалба не биде прифатена, ќе продолжиме со глобален јавен притисок. Ова го ветувам - рече Мир на денешната трибина „Слобода на говорот и медиумите во Македонија - предизвици и решенија“ што се одржа во Скопје, во организација од „Цивил“.

 

Мир додаде дека во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, жестоко се критикува широката злоупотреба на законите за клевета и навреда како закана за слободата на изразување. Мир ја охрабри Европската комисија, во следниот извештај за напредокот на Македонија, да ги наведе со имиња новинарите и медиумите што се казнувани зашто си ја вршат работата, меѓу кои ги наведе Кежаровски и „Фокус“.


- И колку што ми е познато, Македонија не се откажала од политичката желба да пристапи кон ЕУ. Многу битна задача за македонската влада е да ги исполни барањата за полноправно членство во ЕУ, а не да се враќа назад. Македонија мора да прифати потполна слобода на печатот во согласност со меѓународните стандарди, да престане да ги заплашува медиумите и новинарите, да се овозможи транспарентност за рекламите и да се каже во јавноста како се влијае врз медиумите и новинарството - препорача директорот на меѓународната организација која се грижи за слободата на изразување. 

 

Директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска, истакна дека не е задоволна од зборовите кои се користат во последниот извештај за напредокот, изготвен од Европската комисија. 

 

- За случајот Кежаровски, ние не зборуваме само како за типичен случај на повреда на правото на слобода на изразување, туку за политички затвореник. Извештајот во ниедна прилика не истакна дека меѓу многуте политички затвореници има и новинари. Да не се лажеме, Томислав Кежаровски е политички затвореник - посочи Пировска, додавајќи дека Европскиот суд за човекови права во повеќе наврати одлучувал во корист на новинари и во случаи кога тие навредувале функционери, само затоа што стандардот налага политичарите да бидат изложени на поостра критика. 

 

- Не е само дека државата ги контролира и ги користи медиумите за политички цели, ние имаме и неефективно судство и доминантна извршна власт. Проблемот не е само во тоа што медиумите се под шака на власта, туку станува збор и за селективно судство под влијаение на извршната власт - додаде Пировска.

 

За законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, таа додаде дека е донесен за да се зајакнат цензурата и автоцензурата во медиумите.

 

- Ако се согласуваме дека законот за медиуми ни е добар, тогаш се согласуваме со се што ни се случува - додаде Пировска. 


Кочо Андоновски од ЛГБТИ Центарот за поддршка со лични примери портретираше дека маргинализираните заедници не можат да си го најдат местото на медиумите.

 

- Бидејќи во Македонија има уставни измени, а ние како заедница немаме пристап до мејнстрим медиумите, решивме да настапуваме на локалните медиуми. Договоривме 10 интервјуа во 3 дена и тоа беше доволно, зборот да се рашири и веќе четвртиот ден не можевме да договориме ниеден медиум на локално ниво. Па така Прилеп излезе дека е Њујорк, и ни рекоа дека до средината на ноември се пребукирани и немаат ни 5 минути за нас во програмата. А во Кавадарци ни рекоа дека „не поддржуваат обратни и ако сака Кочо да дојде да зборува како што зборува владата тогаш може, а ако не, ништо“ - рече Андоновски.


Новинарот Ацо Кабранов вината за лошата состојба во новинарството и во медиумите ја лоцираше во самите новинари.

 

- Живееме во двоглав режим предводен од Груевски и Ахмети и премногу молчиме. Сами сме си виновни за ова што ни се случува. Уште повеќе се затвораме во своите гета и секој си навива за своето - рече Кабранов.

 

Активистот Петрит Сарачини го посочи постојаното етикетирање на критичките новинари, кои освен тоа се и постојано тужени и осудувани додека оние во медиумите со провладина уредувачка политика не се тужени или нивните случаи се во некоја фиока. 


- Освен тоа, постои и една „црна мамба“ која ги јаде содржините што новинарите ги подготвуваат. Може да се случи утре воопшто да не излезе текстот во весник. А морковот што се користи во редакциите е корупцијата на новинарите - дециден беше Сарачини.


Новинарот Синиша Станковиќ го изрази своето разочарување од постојаното зборување на јавни дебати и трибини и непреземање ништо на терен. 

 

- Ако на 24 октомври пресудата за Кежаровски не биде таква каква што сакаме, баш ме интересира што ќе направат новинарите. Мора сами нешто да направиме, на пример да се обидеме преку новиве медиуми да создадеме мрежа на освестување - порача Станковиќ.

 

Тој ги спореди посетите на меѓународните експерти со „инфузија“ која им дава кураж на новинарите во Македонија 2-3 дена за потоа апатијата да продолжи.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


 

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>