Последна промена пред 10 години | Среда 02 Април 2025 | 0 0

Влошена здравствената состојба на Диневски после 9 дена штрајк со глад

  • Објавено: 15.10.2014 14:56
  • Прочитано: 2298
  • Печати

Влошена е здравствената состојба на екс-разузнавачот Александар Диневски кој беше осуден на 4,5 години затвор во процесот „Шпион“ за Нова ТВ вели член на семејството на Диневски. Диневски штрајкува со глад од минатиот понеделник, односно од моментот кога ја прими пресудата.

 

Тој има проблеми со дишењето како и сериозни срцеви проблеми, а бара веднаш да биде ослободен од притвор. Семејството пренесува и дека Диневски веќе се обратил до Народниот правобранител и бара тој да го посети, но засега одговор оттаму нема. Бара и посета и разгледување на неговиот случај од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права, како и претставници на меѓународната заедница.

 

Преку неговото семејство до медиумите Диневски достави порака во која објаснува зошто се решил на штрајк со глад.

 

„За време на процесот беа неколку пати повредени уставните и човековите права. Сведоци на ова се обвинетите и нивните бранители, како и претставниците меѓународните организации кои ги следеа рочиштата. Како пример за ова политичка монтажа е фактот што не ми беше соодветно дозволено да ги дадам завршните зборови. Судијата ме прекина неколку пати, што е против уставните прописи и човекови права, се побунив и на крајот останав последен иако не сум последно обвинет и сам да ги давам заборовите пред обичен службеник на судот додека другите ја напуштија судницата! Против мене не изнесоа никаков докази ниту сведоци ниту пак ме имаше на материјалите од посебните истражни мерки. Јас сум повеќе од 10 години без работа и тоа говори дека не сум имал пристап до никакви информации што е и логично! Мојот сведок кој го повикав јасно и јавно кажа дека спорните документи се лично негови и дека копии од истите има со години на интернет порталите. Исто така, за време на целиот судски процес обвинителството не кажа за која странска служба сум работел и ги повикувам сега, по пресудата, да го кажат тоа доколку воопшто знаат. Како причини за овие нечовечки и крајно злобни процеси против мене ги сметам моите политички ставови како и некои мои детективски истраги“ , напиша Александар Диневски.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://image3.plusinfo.mk//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 6318

Горан Рафајловски

http://image3.plusinfo.mk//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>